24
У У К К И И М М - - Н Н А А Ц Ц И И О О Н Н А А Л Л Е Е Н Н К К О О О О Р Р Д Д И И Н Н А А Т Т О О Р Р З З А А М М Е Е Ѓ Ѓ У У Н Н А А Р Р О О Д Д Е Е Н Н Т Т Р Р А А Н Н С С Ф Ф Е Е Р Р Н Н А А Т Т Е Е Х Х Н Н О О Л Л О О Г Г И И И И , , И И Н Н О О В В А А Ц Ц И И И И И И Р Р А А З З В В О О Ј Ј Н Н И И П П Р Р О О Е Е К К Т Т И И

Univerzitetski vesnik br. 114

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Универзитетски весник број 114, издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.

Citation preview

Page 1: Univerzitetski vesnik br. 114

univerzitetski

vesnikИздание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 114, јануари 2011

УУККИИММ -- ННААЦЦИИООННААЛЛЕЕНН ККООООРРДДИИННААТТООРР ЗЗААММЕЕЃЃУУННААРРООДДЕЕНН ТТРРААННССФФЕЕРР ННАА ТТЕЕХХННООЛЛООГГИИИИ,,ИИННООВВААЦЦИИИИ ИИ РРААЗЗВВООЈЈННИИ ППРРООЕЕККТТИИ

Page 2: Univerzitetski vesnik br. 114

универзитетски весник - број 114

универзитетски

весник

Главен и одговорен уредник

ППрроофф.. дд--рр ВВееллииммииррССттоојјккооввссккии

Заменик главен и одговорен уредник

ММ--рр ИИллиијјаа ППииппееррккооссккии

Постојани соработнициККооссттааддииннаа ММооккррооввааББииљљааннаа ФФооттииннооввссккааММ--рр ММаарриијјаа ЦЦееннееввссккааТТооммииссллаавв ББаашшееввссккии

ЛекторВВеессннаа ИИ.. ЦЦввееттааннооввссккаа

Техничко уредувањеГГоорраанн ММууррааттооввссккии

Вонредна седница - Стратегија за развојна високото образование,па нов закон

148 седница - НУБ „Св. Климент Охридски“- придружна членка на УКИМ

Вонредна седница - Предлог-законот заизменување и дополннување наЗаконот за високото образование дасе повлече од натамошна постапка

• EUA - Европска асоцијација науниверзитети, Достигнувања наевропските универзитети воимплементацијата на салцбуршкитепринципи од 2005 година

• ДОГОВОР за наставна, културна инаучна соработкамеѓуУниверзитетот „Св. Кирил иМетодиј“во Скопје, РепубликаМакедонија и Универзитетот воСевилја, КралствоШпанија

Проф. д-р Петар Цветановски,декан на Градежниот факултет

... . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 2 - 3

.. . . . . . . . . . 3 - 4

.. 2 - 3

.. . . . . . . . . . . . . . . . 8 - 12

.. . . . . . . . . . 12 - 13

.. 18 - 23

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“ во Скопје, на 11 јануари 2011 година,одржа вонредна седница.

Проф. д-р Велимир Стојковски, ректор на Универ-зитетот „Св. Кирил и Методиј“, ги информираше чле-новите на Ректорската управа за потпишувањетона првите дипломи за втор циклус на студирање спо-ред Правилникот за содржината и формата на ди-пломата, упатството за подготовка на додатокотна дипломата и другите јавни исправи.

На седницата беа разгледани предлозите и забе-лешките на единиците на Универзитетот „Св. Кирили Методиј“ во Скопје по Предлог-законот за измену-

СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ, ПА НОВ ЗАКОН

Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје одржа седница на 14.1.2011година, на која ги разгледа предлозите и забелешкитена единиците на Универзитетот по Предлог-законотза изменување и дополнување на Законот за високотообразование.

Универзитетскиот сенат, расправајќи по Пред-лог-законот за изменување и дополнување на Законотза високото образование, го донесе следниов заклу-чок: Универзитетскиот сенат на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ги разгледа забелеш-ките и предлозите на единиците на Универзитетоти заклучокот на Ректорската управа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот зависокото образование и едногласно заклучи дапредложи понудениот текст на Предлог-законот дасе повлече од постапката за донесување.

ВВооннррееддннаа ссееддннииццаа ннаа РРееккттооррссккааттаа ууппрраавваа

ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗАВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД НАТАМОШНА ПОСТАПКА

ВВооннррееддннаа ссееддннииццаа ннаа УУннииввееррззииттееттссккииоотт ссееннаатт

Page 3: Univerzitetski vesnik br. 114

3универзитетски весник - број 114

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во Скопје одржа седница на 31 јануари 2011 година, на која разгледаповеќе актуелни прашања од нејзиниот делокруг на работа. При-тоа, донесе Одлука проф. д-р Моме Спасовски, проректор замеѓународна соработка и Марија Маневска, од Стручната службана УКИМ, да бидат именувани за членови на Управниот одбор наЗдравствената установа Поликлиника на Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“ во Скопје. Исто така, утврди Предлог-одлука застекнување статус придружна членка на Националната и уни-верзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје приУниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Ректорската управа донесе одлуки за давање одобрение за изве-дување високообразовна дејност од страна на визитинг-професорина Машинскиот и на Медицинскиот факултет, како и одлуки задавање согласност на лица избрани во наставно-научни звања наУниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за вршење високо-образовна дејност на други јавни универзитети, и тоа за: Меди-цинскиот факултет, Правниот факултет „Јустинијан Први“, Фи-лозофскиот факултет, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“,Факултетот за електротехника и информациски технологии, Ин-ститутот за социолошки и политичко-правни истражувања, При-родно-математичкиот факултет, Факултетот за дизајн и тех-нологија на мебел и ентериер и за Архитектонскиот факултет.Истовремено, Ректорската управа донесе Одлука за давање одоб-рение за изведување настава на Филозофскиот факултет одстрана на стручњаци од практиката.

СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ, ПА НОВ ЗАКОНвање и дополнување на Законот зависокото образование.

Во дискусијата беше констати-рано дека Предлог-законот за изме-нување и дополнување на Законотза високото образование, со пону-дените измени, е со тенденција напоткопување на автономијата наУниверзитетот, со противустав-ни решенија и поради тоа предлагаРекторската управа да побарапредлагачот да го повлече Предлог-законот од натамошна процедура.Исто така, предложи да се приста-пи кон изработка на Стратегија

за развој на високото образованиеза периодот од 2011 до 2021 година,а потоа да се формира комисија совклучување на претставници науниверзитетите, која ќе има за за-дача да работи на подготвувањенов текст на предлог-закон за висо-кото образование.

Ректорската управа едноглас-но заклучи да предложи понудени-от Предлог-закон за изменување идополнување на Законот за висо-кото образование да се повлече одпостапката за донесување ипредлага најнапред да се донесе

Стратегија, односно Програма заостварување и развој на високо-образовната дејност во РепубликаМакедонија, за периодот 2011-2021година, а потоа да се пристапикон донесување Закон за високотообразование со кој ќе се нормирацелокупната проблематика во ви-сокото образование. Универзите-тот „Св. Кирил и Методиј“ сметадека со свои кадри во изготвува-њето на двата документа задол-жително треба да учествуваатсите универзитети во РепубликаМакедонија.

Универзитетскиот сенат пред-лага да се донесе Стратегија, од-носно Програма за остварување иразвој на високообразовната деј-ност во Република Македонија запериодот 2011 – 2021 година; да сеутврди концепт за изработка нанов Закон за високото образование;да се спроведе јавна расправа науниверзитетите во Република Ма-кедонија и да се донесе нов Закон зависокото образование со кој цело-купната проблематика во високо-то образование би се нормирала ида се формира Советот за финан-сирање на високото образование.

Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје смета дека сосвои кадри во изготвувањето нанаведените документи задолжи-телно треба да учествуваат ситеуниверзитети во Република Маке-донија.

ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗАВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД НАТАМОШНА ПОСТАПКА

НУБ „СВ. КЛИМЕНТОХРИДСКИ“ - ПРИДРУЖНАЧЛЕНКАНАУКИМ

114488.. ссееддннииццаа ннаа РРееккттооррссккааттаа ууппрраавваа

Page 4: Univerzitetski vesnik br. 114

4 универзитетски весник - број 114

ИИННТТЕЕРРВВЈЈУУ ССОО

ДД--РР ВВИИККТТООРР ССТТООЈЈММААННООВВССККИИ,,

ППРРООФФЕЕССООРР ННАА ММААШШИИННССККИИООТТ

ФФААККУУЛЛТТЕЕТТ ППРРИИ

УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ „„ССВВ.. ККИИРРИИЛЛ

ИИ ММЕЕТТООДДИИЈЈ““ ВВОО ССККООППЈЈЕЕ ИИ

EEEENN ППРРООЕЕККТТ-- ММЕЕННААЏЏЕЕРР

МРЕЖАТА НАЈМНОГУ „ЛОВИ“ ТРАНСФЕР НА ТЕХНОЛОГИИПреземено од бизнис инфо на Стопанската комора на Македонија

(повеќе наWWW.MCHAMBER.ORG.MK)

1. Enterprise Europe Network во РепубликаМакедонија веќе две години е присутна прекуЕвропскиот информативен и иновативенцентар во Македонија (ЕИИЦМ). Какви серезултатите од двегодишнотоспроведување на овој проект?

Европскиот информативен и иновативен центар воМакедонија, како македонски национален конзорци-ум во рамките на Европската мрежа на претприемачи– Enterprise Europe Network, започна со работа конкрајот на март 2008 година, само еден месец по офи-цијалната промоција на мрежата во Брисел и заедно сословенечкиот конзорциум беше прв од овој вид напросторите на поранешна Југославија.

Иницијативата за основање на мрежата потекнуваод Европската комисија. Имено, во 2006 година, Ев-ропската комисија ја предложи, а Европскиот парла-

мент ја усвои Рамковната програма за конкурентности иновации – ЦИП 2007-2013. Оваа програма, во вре-менска рамка од 7 години треба да ја реализира својатаглавна цел: европските мали и средни претпријатијада го зголемат капацитетот да иновираат и на тојначин да станат поконкурентни во глобални рамки. Зареализација на таа цел, Европската комисија ги обеди-ни сите инструменти кои дотогаш ги имаше на распо-лагање. Во прв ред тоа беше обединување на мрежатаод евро-инфо центри и на мрежата од иновативнирелејни центри за трансфер на технологии. Кон овиедве основни компоненти се додаде и трета – вклучува-ње на академската научноистражувачка заедница.Така, малите и средните бизниси, покрај другото, сестекнаа и со можност да учествуваат во научноистра-жувачки проекти и да користат искуства и резултатиод научни истражувања. Со тоа претпријатијата сестекнаа со можност на едно место да наоѓаат бизнис-

ССааввоо ППеејјччииннооввссккии

Page 5: Univerzitetski vesnik br. 114

5универзитетски весник - број 114

партнери, да купуваат, да продаваат и да развивааттехнологии, да учествуваат во научни проекти и при-тоа да им биде олеснет пристапот до финансии.

Во моментов мрежата е присутна во 47 земји. Јанадминува географската територија на Европа и е при-сутна на скоро сите континенти. Неа ја сочинуваатоколу 600 организации - стопански комори, универ-зитети, владини агенции, центри за трансфер на техно-логии, технолошки паркови, национални структури заподдршка на иновации и сл. Република Македонија, соприфаќањето на ЦИП-програмата, преку партнерство-то со Европската комисија ги отвори истите можностии за македонските претпријатија. Кај нас, EnterpriseEurope Network е присутна преку конзорциумот Европ-ски информативен и иновативен центар. Конзорци-умот е составен од Универзитетот „Св. Кирил и Мето-диј“ во Скопје, Фондацијата за менаџмент и индус-триско истражување, Агенцијата за поддршка на прет-приемништво на Република Македонија и Стопанскатакомора на Македонија. Координатор на конзорциумоте Универзитетот. Управувањето, мониторингот и ева-луацијата на целата мрежа Европската комисија и гидодели на Извршната агенција за конкурентност ииновации, која за таа цел ја основа со седиште во Бри-сел. Таму ние ги доставуваме извештаите и ги усогла-суваме работните планови и програми.

Проектот во Република Македонија се одвива на истначин како и во другите земји, и тоа во три етапи: прва-та 2008-2010, втората 2011-2012 и третата крајна етапаво 2013 година. Во истата временска рамка трае иЦИП-програмата. Имајќи ја предвид новата Стратегијаза интелигентен, одржлив и инклузивен развој Европа2020, еден од важните елементи за развој на инова-тивна ЕУ ќе биде и Enterprise Europe Network, кој воиста или во слична форма ќе егзистира и по 2013 годи-на. Механизмите кои во ЕУ се градеа во континуитетповеќе од 20 години наназад, исто така во континуитетќе се надоградуваат и понатаму. Со оглед на тоа што восите тие структури влеговме како земја - новодојденец,првиот проектен период 2008-2010 за нас помина вознакот на градење на основните инструменти и меха-низми.

Во Enterprise Europe Network учествуваат претстав-ници од академската заедница, јавната администра-ција, приватните компании и фондации и од бизнис-заедницата. Една ваква мешавина е многу интереснабидејќи во себе обединува средини со различен степенна претприемништво, различни култури на дејствува-ње, различен степен на бирократизираност и разми-слување. Ова не се однесува само на Република Маке-донија, туку и на целата територија каде што е мрежатаприсутна. Затоа, првиот проектен период не само воРепублика Македонија, туку и во многу други срединикои се составен дел на ЕУ, имаше задача да ги разбиевнатрешните бариери кои различните средини ги имааедни кон други и да овозможи синергија со цел вистин-ските вредности на таа мешавина да дојдат до израз.

Имајќи ја предвид комплексноста на проектот,резултатите од двегодишното работење на Европскиотинформативен и иновативен центар во Македонијаможат да се разгледуваат од неколку аспекти: од аспектна реализација на работната програма, од економски,од евроинтегративен и од социолошки аспект.

Од аспект на реализација на работната програма вопрвите две и пол години, на ниво на конзорциум, ситечетири партнери организираа 73 настани на кои има-ше повеќе од 3000 учесници. Учествувавме на 11 наста-

ни и кампањи организирани од страна на Европскатакомисија, дадовме поддршка и одговоривме на повеќеод 1600 прашања на тема ЕУ, посетивме повеќе од 200македонски компании, направивме преку 150 предло-зи за најразлични партнерства, организиравме некол-ку брокерски настани и компаниски мисии, а во мо-ментов ги гледаме и првите договори за партнерствакои фирмите ги реализираат преку нас. Во Охрид орга-низиравме мрежна регионална конференција зарегионот на Југоисточна Европа, на која се разгледувааи усогласуваа работните програми на сите конзорци-уми од овој регион за периодот 2011-2012. Во март го-динава имавме мониторинг-посета од страна на Из-вршната агенција за конкурентност и иновации -ЕАКИ, која траеше неколку дена. Во рамките на посе-тата, Брисел детално ги провери сите аспекти на на-шето работење и ги оцени како позитивни. Потоа, предЕАКИ дадовме нова работна програма која позитивного помина процесот на евалуација и сега влегуваме воследниот проектен период 2011-2012. Од аспект нареализација на работната програма можеме да рези-мираме дека ЕИИЦМ направи добра работа затоа штоинституциите-партнери во проектот почнаа успешнода работат заеднички. Воведовме нов начин на работаи воспоставивме нови механизми кои досега не беапознати во Република Македонија. Ова пред сè се од-несува на поддршката на иновации и на трансферот натехнологии.

И од економски аспект, проектот ЕИИЦМ е оправ-дан. Тој е заеднички финансиран од Владата на Репуб-лика Македонија и од Европската комисија, кои, пак,врз таа основа изградија партнерство. Само неколкуостварени соработки преку мрежата ќе внесат поголе-ми средства отколку што е уделот на земјата во овапартнерство. Тоа финансиски го оправдува проектот.Токму таквиот однос кон работите придонесе некоидруги земји да ја препознаат вистинската вредност намрежата и во целост сами си ги финансираат активнос-тите без удел на Европската комисија (САД, Русија,Кина, Израел, Јужна Кореја, Чиле и др.).

Од евроинтегративен аспект, проектот направидобра работа затоа што отвори многу директни врскине само со Брисел и со Европската комисија, туку и сооколу 600 институции од целиот европски простор коисе влијателни фактори во бизнис-сферата, технологии-те, образованието, науката и се директни учесници икреатори на многу силни европски иницијативи. Го-лем дел од институциите кои се партнери во EnterpriseEurope Network се креатори на националните и на ев-ропските технолошки платформи и се клучен дел однационалните инфраструктури за поддршка на инова-циите. Со голем дел од нив, преку директните контак-ти кои ги остваривме, може да се учествува на европ-ски проекти кои можат да бидат финансирани кај насод претпристапните, а кај нив од структурните и кохе-зионите фондови и од фондовите за регионален развој.

Од социолошки аспект, анализата на резултатите емногу комплексна. Од еден ист тим составен од луѓе одбизнис-заедница, академска заедница и јавна админи-страција, кој дејствува во една ,,специфична” земја-кандидат, во услови на економија која предолго тран-зитира, можат да се извлечат многу интересни заклу-чоци. Од тој аспект можат да се видат многу компара-тивни слабости, но и предности на соодветните среди-ни. Токму тоа го прави овој проект да биде многу ком-плексен, но и интересен за менаџирање.

Page 6: Univerzitetski vesnik br. 114

6 универзитетски весник - број 114

2. Како ЕИИЦМконкретно им помага намакедонските компании кои сакаат да гопрошират својот бизнис во ЕУи наевропските компании да им пронајдатделовни партнери во земјава?

Нашиот проектен конзорциум дејствува воорганизиран систем, заедно со слични конзорциуми оддруги држави, на огромен економски и географскипростор. Во рамките на тој систем имаме внатрешниправила на игра, а целата мрежа е обединета во заед-нички електронски алатки за комуникација каде штосе разменуваат сите информации за бизнис-партнер-ства, технологии, учества на заеднички европски про-екти, заеднички иницијативи и сл. Ние таму комуни-цираме како партнер со партнер или како држава содржава.

Зависно од конкретниот предлог за соработка кој гоискажува клиентот, ние се обраќаме до партнерите одмрежата и од таму или земаме информации или дава-ме предлог за партнерство. Па така, доколку компанијаод Македонија сака да најде трговски партнер, го ко-ристиме контактот со стопанските комори, доколку,пак, таа сака да развива технологија, го користимеконтактот со научните центри и со центрите за транс-фер на технологии. Доколку компанијата е заинтере-сирана за легислативата во соодветна земја, тогаш гокористиме контактот кој го имаме со соодветните др-жавни институции. Доколку компанијата сака да учес-твува на европски проекти, тогаш го користиме фор-малниот контакт кој го имаме со европските институ-ции и со мрежата на контакт-точки за соодветнитепрограми.

Во минатото, евро-инфо центрите преку 20 годиниградеа електронски бази на компании за меѓународнабизнис-соработка, а иновативните релејни центри затрансфер на технологии 10 години градеа електронскибази за технолошка соработка. Enterprise Europe Net-work ги наследи овие бази и ги надгради. Тие бази пре-ку ЕИИЦМ им се достапни и на македонските компа-нии кои бесплатно можат да станат дел од нив. Начи-нот на кој тоа можат да го направат е едноставен – дадојдат во некоја институција од конзорциумотЕИИЦМ, да стапат во контакт со нашиот персонал изаедно да го направат предлогот, односно описот насоработката која ја бараат, односно ја нудат. Тој пред-лог потоа се поставува во системот и е достапен насе-каде каде што е мрежата присутна.

Од друга страна, европските компании кои иска-жале интерес за соработка во Македонија вообичаеноги делиме во две групи – оние што искажуваат интересза конкретна понуда од наша страна и нив директно гиспојуваме со соодветната фирма од државава. Ониедругите, пак, кои имаат општ интерес за соработка, ноне прецизирале конкретна македонска компанија, одатпреку каналите на институциите-партнери. Нив ги по-ставуваме на нашата веб-страница, ги даваме во наши-от електронски билтен или, пак, понекогаш одат водневниот весник „Бизнис“.

За оние компании кои сакаат да остварат директенконтакт со меѓународни компании лице во лице, ворамки на меѓународни манифестации или саеми орга-низираме брокерски настани кои се од мултилатераленкарактер. Исто така, организираме и компаниски ми-сии, при што клиенти од Македонија носиме во другадржава кај други компании на претходно договорена

основа. Тој систем на работа е досега добро познат восите кругови на стопанските комори и не е некоја но-вина, но она што системот го прави единствен е мож-носта да се стапи во контакт и со технолошки и сонаучноистражувачки центри наспроти класичното ко-морско работење.

Најважно е да истакнам дека сите услуги коиЕИИЦМ им ги дава на компаниите се бесплатни. Фи-нансиските средства доаѓаат од Европската комисија иод Владата на Република Македонија и сè што компа-ниите од нас ќе добијат нема да ги чини ништо.

3. Дали компаниите од земјава ги промовираатсвоите иновации и технологии наевропскиот пазар и како ЕИИЦМим помагада се информирааат за најновитетехнолошки достигнувања?

Интересен е фактот што во Enterprise Europe Net-work, во првите две години од своето постоење натериторијата на ЕУ најмногу соработки се остваријатокму во делот на трансферот на технологии, и покрајфактот што понудите за бизнис-соработка се далекупомногубројни. Веројатно тоа е заради фактот штооној што дава или бара технологија се врзува за кон-кретна акција во подрачје кое многу добро го познаваи е добро информиран за сите ризици поврзани соинтелектуалната сопственост, па партнерството во овојдомен е резултат на долготрајна искрена потреба.

За македонските компании, со оглед на фактот штодосега немало организирана активност за трансфер натехнологии, карактеристично е тоа што најголемиотдел од нив во првичните контакти со нас доаѓаат за даостварат трговска или бизнис-релација или, пак, сонамера да си обезбедат извори на финансирање. Делод нив немаат јасна слика кои се можностите штомрежата ги нуди. Така, честопати се случува компанијакоја кај нас дошла со желба да биде вклучена вопроектна активност која ќе и обезбеди грант, всушностда открие дека најдобриот потег за неа е да понудипартнерство или да побара технологија или машина сокоја ќе воведе нешто ново во производниот процес.Токму тоа е иновативната компонента на соработката.Радува фактот што има и компании од Македонија коисе заинтересирани за ефектуирање на своите иновациии дел од нив веќе се во нашата база на технолошкипонуди. Но, во нашата држава имаме и компании коиво себе содржат силна иновативна компонента, а за тоане се ни свесни. Моја надеж е дека во иднина, созголемувањето на степенот на информираност, ќе сезголеми и интензитетот на технолошка соработка оддоменот на иновациите.

Што се однесува до делот на информациите занајновите технолошки достигнувања, дел од тимот наЕИЦМ ги следи технолошките достигнувања во рам-ките на своите компетенции и повремено такви ин-формации излегуваат во информативниот простор којни е на располагање. Честопати во рамките на Enter-prise Europe Network се организираат манифестацииод технолошка или научна природа кои преку нас имсе достапни и на други македонски субјекти и тамуможат да се промовираат иновации и технологии, какои да се најдат партнери за применети научноистражу-вачки проекти.

Page 7: Univerzitetski vesnik br. 114

7универзитетски весник - број 114

4. Покрај стандардните, преку мрежата наЕИИЦМсе нудат и специјализирани услуги.Кои се тие услуги и дали македонските ком-пании ги користат?

Секако дека создавањето широка лепеза на специ-јализирани услуги, имајќи ги предвид сите можностикои мрежата ги нуди, е долготраен процес кој институ-циите-партнери во проектот треба да го градат со го-дини, како израз на трајни вредности. Овие услугиконзорциумот ги гради партнерски почитувајќи ја ос-новната дејност и компетенциите кои ги има секојаинституција - партнер во проектот.

Ако една фирма сака да понуди на продажба некоесвое иновативно достигнување кое претставува техно-лошка тајна, или е од уникатна природа, постои опас-ност таквото решение доколку се даде на јавна понуда,како идеја да биде украдено. Затоа, една од специја-лизираните услуги кои ги нуди ЕИИЦМ е советодавнауслуга од доменот на интелектуалната сопственост.

Многу македонски компании сакаат да учествуваатво меѓународни проекти, но немаат јасна перцепцијакако тоа да го направат. На пример, честопати сеслучува да се објави повик за учество во проект во којна пример 80% од финансирањето е во форма на грант,но грантот ќе биде затворен на крајот кога сè ќе сезаврши. Тоа значи дека субјектот кој ќе учествува вотаа активност ќе мора однапред да ја финансира целатаактивност, а потоа на крајот, кога сè ќе биде готово, дарефундира 80%. Во однос на овие проекти и извори нафинансирање даваме специјализирани советодавниуслуги на бесплатна основа за ЦИП и за ФП7, но и задругите програми бидејќи често пати начинот напријавување и проектната логика се исти.

Оние компании кои нудат технологии за трансфер,пожелно е претходно да поминат низ технолошкиаудит преку кој ќе се направи евалуација на техноло-гијата и ќе се утврди дали таа технологија е единственаи иновативна или можеби нешто слично и друг изворвеќе нуди. Технолошкиот аудит е нешто што се развиваво рамките на институцијата-партнер која за тоа екомпетентна и е на експертска основа.

Исто така, на фирмите им се достапни и низа спе-цијализирани услуги за интернационализација на нив-ната дејност. Можеби најсликовито тоа ќе се објасни соследниов пример: Компанија од Македонија сака даотвори производство во некоја странска држава, носака да направи анализа на потенцијалните добавува-чи. Има неколку земји-кандидатки, но сè уште не знаекаде, а за таква анализа треба многу време. Ние, какодел од мрежата, во тие услови можеме да помогнеметака што ќе ги контактираме релевантните партнериод тие средини и ќе добиеме листа на потенцијалникомпании- добавувачи или, пак, анализа на тековитево соодветниот сектор. Тоа многу ќе и помогне на на-шата фирма – клиент да донесе вистинска одлука и вед-наш да воспостави контакти.

Постојат многу други форми на специјализираниуслуги кои ги нудат сличните како нас конзорциумиод земјите од ЕУ, но тоа се механизми кои се градатдолги години. За наша среќа, преку партнерството вомрежата овие искуства лесно се пренесуваат кај нас.

5. Како ЕИИЦМможе да им помогне на домаш-ните компании во аплицирањето за прет-пристапните фондови, особено на малите исредните претпријатија?

Enterprise Europe Network, како што самото имекажува, е мрежа за поддршка на претпријатија и прет-ставува простор во кој институциите-партнери слобод-но комуницираат. Тоа не е мрежа од формални кон-такт-точки за претпристапни, структурни или, пак,кохезиони фондови, но со таквите мрежи лесно можатда се остварат контакти. Од тој аспект, EnterpriseEurope Network не дејствува како точка која директноможе да дава информации за претпристапните фондо-ви, ниту пак има обврска да ги следи. Претпристапни-те фондови се инструмент кој на една земја-кандидатза влез во Европската унија и стојат на располагање зада го подигне нивото во определената област и проце-сот на интегрирање да биде полесен. Затоа, доколку соовие проекти се финансираат внатрешни 100% нацио-нални активности, ние тука не можеме да помогнеме.

Но, честопати овие фондови финансираат актив-ности кои во себе содржат компонента на таканарече-на европска додадена вредност, каде што е потребно дасе направат меѓународни форми на поврзување со целда се изгради некаков капацитет од интернационаленкарактер. Тука, Еnterprise Europe Network може да на-прави многу и веќе има случаи на успешно поврзувањеза активности финансирани од ИПА-програмата запрекугранична соработка каде што наши партнери одсоседните земји повеќе пати се обраќаат со конкретнибарања за учество во проектни активости. Помошта сеодвива на следниов начин: доколку некој субјект одМакедонија има проектна идеја, ние можеме преку на-шите контакти да најдеме меѓународен партнер зазаеднички конзорциум. Познато е дека постојатнеколку места на кои различни страни даваат про-ектни идеи околу кои потоа се формира јадро од парт-нери за заедничко учество на проект финансиран одпретпристапни фондови. Ние, користејќи ја целатамрежа на контакти која ни е достапна, во тие круговиможеме да влеземе лесно.

6. Што, според Ваше мислење, е потребно да сепреземе за поголемо користење на оваа мре-жа?

Во основа, тоа се три вида на активности: активнос-ти кои зависат од конзорциумот ЕИИЦМ, активностикои зависат од нашата држава и активности кои зави-сат од Европската унија.

Како конзорциум, ние треба да обезбедиме добраинформираност за можностите кои ги нуди мрежата идобро да ги промовираме сите нејзини аспекти. На ни-во на партнери во конзорциумот треба континуиранода се надградуваат капацитетите и да се изнаоѓаат фор-ми и акции во кои заеднички ќе учествуваат сите парт-нери. На пример, со заеднички и координиран настапна Универзитетот и на Стопанската комора можат дасе постигнат многу работи за бизнис-заедницата.

Како држава во евроинтегративните процеси требадобар пат да изодиме. Колку повеќе се приближувамена тој пат, толку сите европски активности, вклучу-вајќи го и ЕИИЦМ, ќе се реализираат подобро. Но,сепак, како мал хендикеп во нашата работа е тоа што

Page 8: Univerzitetski vesnik br. 114

8 универзитетски весник - број 114

кај нас нема организирана и инсти-туционализирана поддршка на ино-вациите. Доколку имаме агенцијаза иновации, со неа ќе можеме даорганизираме многу заеднички ак-тивности кои ќе изродат меѓуна-родна соработка. Доколку имаметехнолошки паркови, ќе имаме зго-лемен број на клиенти за техно-лошка соработка кои ќе нудат тех-нологии. Доколку имаме силни тех-нолошки платформи, тие ќе созда-дат стратешки истражувачки пла-нови кои ќе поттикнат значителнанаучноистражувачка активност којаќе биде директно применета вореалниот сектор и не само што еко-номски ќе се ефектуира туку ќе пот-тикне и раст и развој на технолош-ките капацитети. Но, тоа се актив-ности на кои во многу блиска идни-на како држава ќе мораме да импосветиме внимание.

Европскиот информативен ииновативен центар во Македонија ивоопшто, Enterprise Europe Net-work, својот максимум можат да годадат доколку дејствуваат заеднич-ки и координирано со останатитеинструменти на ЦИП-от, а тоа се:финансиските инструменти наЦИП, програмата за екоиновации,програмата за иновации во областана обновливите извори на енергија– Inteligent Energy Europe, како ипрограмата за иновации во областана информатичкото општество.

За зголемување на ефикасностана Enterprise Europe Network и Ев-ропската комисија ќе треба да пре-земе определени активности. Enter-prise Europe Network стана огромнамрежа и Агенцијата мора макси-мално да ги поедностави и да гирационализира сите внатрешнипроцедури во насока на зголемува-ње на ефикасноста.

7. Какви се плановите заразвој на ЕИИЦМвоиднина?

За проектниот период 2011-2012, проектните активности насо-чени кон компаниите нема да серазликуваат во голема мера од до-сегашните. На внатреконзорци-умски план ќе настојуваме да гизајакнеме внатрешните капацитетии да развиеме нови механизми заподдршка. Императив ќе ни бидеусовршувањето на системот за внат-решна контрола на квалитетот, којцелосно ќе го усогласиме со Бри-селскиот.

EEUUAA--EEВВРРООППССККАА ААССООЦЦИИЈЈААЦЦИИЈЈАА ННАА УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТИИ

САЛЦБУРГ - 2 ПРЕПОРАКИДОСТИГНУВАЊАТА НА ЕВРОПСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ

ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА САЛЦБУРШКИТЕ ПРИНЦИПИ

ОД 2005 ГОДИНА

ЗБОГАТУВАЊЕНА САЛЦБУРШКИТЕПРИНЦИПИ

Знаењето за кое општеството има потреба, подразбира креативност ифлексибилност на истражувачкиот начин на размислување за многу раз-лични функции и кариери, исто така и на оние што се директно поврзанисо истражување. Докторатот постигнал значително признание како клучендел од овој процес.

Од оваа причина, реформата на докторските студии е во центарот наевропскиот простор за истражување и во европскиот високообразовенпростор во последните неколку години. Реформите се од витално значењеза одржлив развој на Европа и од големо значење за глобалната истражу-вачка заедница. Во суштина, Европа се појавува како глобален водич вореформирањето на докторските студии.

Салцбуршките принципи од 2005 година претставуваат клучна пре-свртница во процесот на реформите во докторските студии во Европа, какошто привлекоа нови и заеднички насоки од различните реформи штотогаш се спроведувале во европските земји.

Половина декада по салцбуршките принципи, европското тло за док-торски студии длабоко се променило. Адаптацијата и имплементацијатана принципите беа водени од страна на самите универзитети во Европа,постигнувајќи голема стручност и искуство преку овој процес.

Постигнувањата на универзитетите од Европа, во нивните различниконтексти, ја докажаа валидноста на салцбуршките принципи како основаза континуирано подобрување на докторските студии. Тие акумулирааискуство и развија практики што ветуваат, но и што ги потврдуваат избогатуваат овие принципи.

Следниве препораки се резултат од Салцбург 2-иницијативата, интен-зивна консултација со членовите на Eвропскиот совет за докторски сту-дии/EUA Council for Doctoral Education (EUA-CDE), најголемата и најсеоп-фатната организација во врска со докторските студии во Европа. Резулта-тите од консултациите беа дискутирани од страна на повеќе од 220 учес-ници на Годишниот состанок на EUA-CDE на Free University во Берлин,јуни 2010 година, претставувајќи 165 институции од 36 земји.

Препораките врз основа на оригиналните салцбуршки принципи јаафирмираат валидноста на основните принципи, давајќи им дополнител-на и конкретна содржина.

Page 9: Univerzitetski vesnik br. 114

9универзитетски весник - број 114

Препораките треба да се прочитаат како триразлични категории. Првата категорија ги зацврстуватемелите на докторатот врз основа на практиките напроектот за оригинално истражување и затоа епоразлична од првиот и вториот циклус. Втората инајголемата категорија се состои од препораки законкретно подобрување на докторските студиинаменета за универзитети, како и за оние што јаовозможуваат правната рамка за докторските студии.Третата категорија е главно наменета за засегнатитестрани надвор од универзитетот, како што сеполитичките донесувачи на одлуки и организациитеза финансиска поддршка, што вклучуваат прашања одтипот на институционалната автономија и одржливофинансирање на докторските студии.

1. ИСТРАЖУВАЊЕТО КАКО ОСНОВАИРАЗЛИКА

Во согласност со првиот салцбуршки принцип,целта на докторските студии е да се култивира истра-жувачкиот начин на размислување, да се храни флек-сибилноста на мислата, креативноста и интелектуал-ната автономност преку оригинален и конкретенистражувачки проект. Тоа е практиката на истражува-њето што го создава овој начин на размислува-ње. Докторското истражување се случува воистражувачка околина со кандидати за доктор-ски студии како колеги - истражувачи. Ова под-разбира дека институциите ги засноваат своитестратегии за докторски студии врз основа насопствениот капацитет за истражување, кри-тичната маса, разноликоста и можноста за соз-давање на инклузивни околини што ќе имовозможат на докторандите да станат активниучесници во понатамошните истражувања.

Оттука, неопходно е развојот на докторски-те студии да го следи својот пат и да не ги упо-требува истите алатки како првиот и вториотциклус.

Значењето на структурата

Структурирањето на докторските студииима за цел да создаде поддржувачка околина.Воспоставувањето на структури подразбирапреземање на институционална одговорност заобука преку истражување, како што е дефини-рано во вториот салцбуршки принцип. Доктор-ските студии се индивидуално патување иструктурите мора да му дадат поддршка наиндивидуалниот развој, при тоа не произведу-вајќи униформност или предвидливост. Цели-те на структурирањето на докторските студиимора да овозможат разнолики и инклузивниоколини за истражување со висок квалитеткако основа за докторски студии. Ова вклучувакритична маса, транспарентни процедури заприем и висок квалитет за надзор.

Структурирањето на докторските студииисто така значи достигнување на флексибилниструктури за изложување на истражувачите ворана фаза врз широк спектар од можности,обезбедувајќи личен и професионален развој,

РРЕЕЗЗИИММЕЕ

ВВоо 22000055 ббееаа ввооссппооссттааввееннии ссааллццббуурршшккииттее ппррииннццииппииввоо ббооллооњњссккииоотт ппррооццеесс,, ккааккоо оосснноовваа ннаа ррееффооррммииттее ззааддооккттооррссккии ссттууддииии.. ВВоо ппооллооввииннаа оодд ддееккааддааттаа шшттоо ппооммииннааооттттооггаашш,, ееввррооппссккииттее ууннииввееррззииттееттии ссппррооввееддооаа ммннооггууррееффооррммии ввоо оовваааа ооббллаасстт,, ооссооббеенноо ппррееккуу ввооссппооссттааввуувваањњееннаа ддооккттооррссккии ссттууддииии.. ДДооссттииггннуувваањњааттаа ии ииссккууссттввааттаа ннааууннииввееррззииттееттииттее ввоо ЕЕввррооппаа ггии ааффииррммиирраааатт ии ггииззббооггааттуувваааатт ооррииггииннааллннииттее ппррииннццииппии..

ППррееппооррааккииттее,, ккооии ввккллууччуувваааатт ссеерриијј аа ннаа ппооккааззааттееллииззаа ууссппеехх ии ппррееччккии шшттоо ттррееббаа ддаа ссее ееллииммиинниирраааатт,, ииммааааттттррии вваажжннии ппооррааккии::

ННаајј ппррввоо,, ддооккттооррссккииттее ссттууддииии ииммаааатт ппооссееббнноо ммеессттоо ввооееввррооппссккииоотт ппррооссттоорр ззаа ииссттрраажжуувваањњее ии ввоо ееввррооппссккииооттввииссооккооооббррааззооввеенн ппррооссттоорр.. ТТииее ссее ттееммееллаатт ввррззппррааккттииккааттаа ннаа ииссттрраажжуувваањњее,, шшттоо ггии ппррааввииффууннддааммееннттааллнноо ррааззллииччннии оодд ппррввииоотт ии ввттооррииоотт ццииккллуусс..

ВВттоорроо,, ккааннддииддааттииттее ззаа ддооккттооррссккии ссттууддииии ммоорраа ддааииммаааатт ппррааввоо ннаа ннееззааввиисснноосстт ии ффллееккссииббииллнноосстт ддаа рраассттааттии ддаа ссее ррааззввиивваааатт.. ДДооккттооррссккииттее ссттууддииии ссее ииннддииввииддууааллннииии ппоо ддееффиинниицциијј аа ооррииггииннааллннии.. ППааттоотт ннаа ннааппррееддооккоотт ннааииннддииввииддууааттаа ее ооррииггииннааллеенн,, оодд ггллееддннаа ттооччккаа ннаа ппррооееккттззаа ииссттрраажжуувваањњее,, ккааккоо ии оодд ггллееддннаа ттооччккаа ннааииннддииввииддууааллеенн ппррооффеессииооннааллеенн ррааззввоојј ..

ННаа ккрраајј ,, ддооккттооррссккииттее ссттууддииии ммоорраа ддаа ббииддаатт ррааззввииееннииоодд ссттррааннаа ннаа ааввттооннооммннии ии ооддггооввооррннии ииннссттииттууццииии,, шшттоо јј ааппррееззееммаааатт ооддггооввооррннооссттаа ддаа ссее ппооссввееттаатт ннааииссттрраажжууввааччккииоотт ннааччиинн ннаа ррааззммииссллуувваањњее.. ИИннссттииттууццииииттееииммаааатт ппооттррееббаа оодд ффллееккссииббииллннаа ррееггууллааттиивваа ззаа ддаассооззддааддаатт ппооссееббннии ссттррууккттууррии ии ииннссттррууммееннттии,, ккааккоо ии ддааппррооддооллжжаатт ссоо ууннааппррееддуувваањњее ннаа ееввррооппссккооттоо ддооккттооррссккооооббррааззооввааннииее..

ООввииее ппррееппооррааккии ссее ннааммееннееттии ккааккоо ссеетт ууппааттссттвваа ззааррааззннооллииккоосстт ннаа ддооккттооррссккииттее ссттууддииии ии ппррооггррааммии,, ввооссппооррееддббаа ссоо ссттааннддааррддииззиирраанн ссппииссоокк..

како и овозможување на институционална поддршказа развој на кариера и мобилност. Предавањата ќе сесметаат како поддршка на индивидуалниотпрофесионален развој на докторандите. Тие не се одсуштинска важност за структурата.

Заклучоциипрепораки од семинаротвоБолоња, „Програми задокторски студииза европското општество на знаење“

(Салцбург, 3-5февруари2005)

а) Клучната компонента од докторските обуки еунапредувањето на знаењето преку оригинално ис-тражување. Во исто време признаено е дека доктор-ските обуки мора значително да ги исполнат потребитена пазарот за вработување, што е поширок од еднаакадемија.

б) Проширување на институционалните стра-тегии и политики. Универзитетите како институциитреба да преземат одговорност за осигурување декадокторските програми и обуките за истражување штоги нудат, се осмислени да ги исполнат новите предиз-вици и да вклучат можности за соодветен професио-нален развој на кариерата.

Page 10: Univerzitetski vesnik br. 114

10 универзитетски весник - број 114

в) Важноста за разноликост. Богатата разноликостна докторски програми во Европа, вклучувајќи гизаедничките докторати, е сила која треба да биде надо-полнета со квалитет и практика.

г) Кандидатите за докторски студии како истражу-вачи во рана фаза. Треба да бидат признати како про-фесионалци со пропорционални права, кои оствару-ваат клучен придонес во создавањето на ново знаење.

д) Важната улога на надзор и проценка. Во односна индивидуалните докторски кандидати, подготовки-те за проценка треба да се темелат врз транспарентнадоговорна рамка од заеднички одговорности меѓу док-торандите, супервизорите и институцијата (и каде штое неопходно, да се вклучат други партнери).

ѓ) Достигнување на критичка маса. Програмите задокторски студии треба да бараат да постигнат критич-ка маса и треба да се подготват за различни видови наиновативни практики што се воведуваат на универзи-тетите во Европа, имајќи предвид дека различнитерешенија можат да бидат соодветни за различни кон-тексти, особено во поголеми и помали европски земји.Решенијата опфаќаат факултети во повеќе универзи-тети, до меѓународна, национална и регионална сора-ботка меѓу универзитетите.

е) Времетраење. Докторските програми треба дафункционираат во рамките на соодветен временскипериод (три до четири години со полно работно време,како правило).

ж) Промоција на иновативни структури. Да сеодговори на предизвикот на интердисциплинарнатаобука и развојот на преносливи вештини.

з) Зголемување на мобилноста. Програмите задокторски студии треба да бараат да понудат географ-ска, како и интердисциплинарна и меѓусекторска мо-билност и меѓународна соработка во рамките на инте-грирана рамка на соработка меѓу универзитетите идругите партнери.

ѕ) Обезбедување на соодветно финансирање. Раз-војот на квалитетни програми за докторски студии инивното квалитетно завршување од страна на канди-датите подразбира соодветно и одржливо финансира-ње. Кога се воспоставуваат структури, многу е важнаразноликоста што е потенцирана во третиот салцбур-шки принцип. Многу различни структури и стратегииќе ги збогатат докторските студии во Европа.

Структурите треба да се развијат на соодветно нивона управување и да не се наметнуваат на или ворамките на институцијата. Неопходно е академскиотперсонал да преземе одговорност и сопственост врзовие структури низ инклузивни процедури.

2. ПОКАЗАТЕЛИЗА УСПЕХ

2.1. Критичнамасаи критичнаразноликостДокторските студии зависат од околината за истра-

жување. Институциите мора да развијат критична масаи разноликост во истражувањето со цел да понудат док-

торски студии со висок квалитет. Критичната маса неподразбира голем број на истражувачи, туку квалитетна истражување. Во согласност со шестиот салцбуршкипринцип, европските универзитети развиле различнистратегии за да обезбедат критична маса и разноли-кост, градејќи ги нивните силни области преку фоку-сирани стратегии за истражување и вклучување вопоголеми истражувачки мрежи, соработки или регио-нални кластери.

2.2. Регрутирање, приеми статусСтруктурираните програми треба да развијат стра-

тегии за регрутирање што кореспондираат со нивнатасоодветна мисија и профил. Стратегиите за регрутира-ње треба да бидат поврзани со видливи резултати,идентификувајќи јасни профили на кандидатите коисе бараат. Ваквите профили треба да се темелат врзпаритетот на почит во спектар од различни квалитетии да овозможат еднакви можности. Во овој контекст,политиките за регрутирање треба да ги имаат предвидкритериумите како меѓународно регрутирање, родоваеднаквост, општествено потекло или различни старос-ни групи. Регрутирањето треба да го оценува потенци-јалот за истражување на кандидатите врз основа нанивниот минат труд, а најмногу потенцијалот на кан-дидатите за успех во програмата во која се примени.

Приемот во програма за докторски студии е инсти-туционална одговорност, што мора да ја опфати сил-ната вклученост на истражувачкиот персонал. Полити-ките за прием мора да бидат транспарентни и одговор-ни и треба да го одразуваат истражувањето, надзорни-от и финансискиот капацитет на институцијата. Поли-тиките за влез исто така треба да ја овозможат соодвет-ната флексибилност во изборот на супервизор. Транс-парентноста и одговорноста ќе бидат зајакнати соимање на едно назначено место за пријавување на ни-во на студии. Пријавувањата треба да се засноваат надобро дефиниран и јавен пакет на критериуми. Инсти-туциите треба да го прифатат ризикот во примање накандидати за докторски студии и да им дозволат да гопокажат својот потенцијал преку систем за следење.

Кандидатите за докторски студии треба да се пре-познаат како истражувачи во рана фаза со пропорцио-нални права и должности. Без разлика на правниотстатус, на нив треба да се гледа како на професионал-ци, како што впрочем е наведено во четвртиот салц-буршки принцип.

2. 3. НадзорКако што е нагласено во петтиот салцбуршки прин-

цип, надзорот игра важна улога. Надзорот мора дабиде колективен напор со јасно дефинирани и пишаниодговорности на главниот супервизор, на надзорниоттим, кандидатот за докторски студии, истражувачкатагрупа и институцијата, оставајќи простор за индиви-дуалниот развој на кандидатот. Овозможувањето про-фесионален развој на супервизорите е институционал-на одговорност, без разлика дали е организирана одстрана на формална обука или неформално споделу-вање на искуства меѓу наставниот кадар. За самитеинституции мора да биде приоритет развивање на за-едничка култура за надзор од страна на супервизорите,деканите на институциите и кандидатите. Супервизо-рите мора да бидат активни истражувачи.

Page 11: Univerzitetski vesnik br. 114

11универзитетски весник - број 114

2.4. РезултатиКрајниот резултат на докторските студии се истра-

жувачите во рана фаза и нивниот придонес кон општес-твото преку знаење, стручност и стекнати вештини пре-ку истражувања, како и свесност и отвореност кон дру-ги дисциплини. Резултатот од нивното истражувањемора да ја поддржува оригиналноста на истражувањетои да биде соодветно за дисеминација во рамките нанаучната заедница.

2.5. Развој накариераПоддршката на кариерата на докторандите мора да

ги земе предвид индивидуалните цели и мотивации,како и да го признае широкиот спектар на кариери задокторанди.

Додека докторандот е одговорен за сопствениотизбор на кариера, со оглед на ситуацијата на пазаротна трудот, одговорност е на самата институција даовозможи структури кои ќе го поддржуваат професио-налниот развој. Од голема важност е овозможувањетообуки за вештини што можат да се пренесат, вклучу-вајќи го разбирањето на етиката при истражувањето.Ова треба да биде приоритет за институциите кои овоз-можуваат докторски студии. Професионалниот развојна докторандите вклучува свесност за остваренитевештини преку истражување, како и свесност за широ-киот спектар на можностите за кариери. Градењетоврски со другите оддели придонесува за премостувањена комуникациската празнина со потенцијалнитеработодавци.

2.6. КредитиПрименувањето на кредитниот систем, наменет за

студентите во првиот и вториот циклус, не е основенпредуслов за воспоставување на успешни програми задокторски студии. Некои универзитети ги сметаат кре-дитите за корисни во поглед на научените компонентиод докторските студии, особено во меѓуинституционал-ните или заедничките програми за докторски студии.Сепак, кредитите немаат смисла кога се врши мерењена компонентата за истражување или на соодветнитерезултати што треба да се дисеминираат. Доколкупогрешно се применат, строгите кредитни барањаможат да бидат штетни за развојот на независнитепрофесионални истражувачи. Високото и квалитетнодокторско образование има потреба од стимулативнаоколина за истражување, водено од истражувачкиотентузијазам, љубопитност и креативност, а немотивирано од собирање кредити.

2.7. Квалитети одговорностНеопходно е да се развијат посебни системи за

осигурување на квалитет во докторските студии, врзоснова на различните мисии на институциите и што енајважно, да бидат поврзани со институционалнатастратегија за истражување. Од оваа причина, постоисилна врска меѓу проценката на истражувањето наинституцијата и проценката на средините за истражу-вање што ја формираат основата за докторските сту-дии. Проценката на академскиот квалитет на доктор-ските студии треба да се темели на рецензија и да бидечувствителна на дисциплинарни разлики.

Со цел да бидат одговорни за квалитетот на програ-мите за докторски студии, институциите треба да

развијат показатели врз основа на институционалнитеприоритети, како што се индивидуалниот напредок,нето-време на истражување, стапка на завршување,вештини за пренесување, следење на кариера и дисе-минација на резултатите од истражувањата за истра-жувачите во рана фаза, земајќи го предвид професио-налниот развој на истражувачот, како и напредокот наистражувачкиот проект.

2.8. ИнтернационализацијаСтратегиите за интернационализација треба да би-

дат средство за зголемување на квалитетот на доктор-ските студии и развивање на институционалниот капа-цитет за истражување. Интернационализацијата водокторските студии е разбрана и интерпретирана наразлични начини, почнувајќи од домашна интерна-ционализација (користејќи го интернационалниотпрофил на институцијата-домаќин, како што се интер-националните кандидати за докторски студии, наста-вен кадар, настани и истражувачи-гости), заедничкидокторски програми до меѓународни заеднички док-торски програми (заедничка и интегрирана наставнапрограма, заеднички комисии и заедничка диплома).Како што е нагласено во деветтиот салцбуршки прин-цип, докторските студии треба да ја вклучат можностаза искуства при мобилност. Изборот меѓу овие различ-ни модели на интернационализација мора да биде ко-херентен со стратегијата за истражување на институ-цијата и индивидуалните потреби на докторандот.Мобилноста на докторандите мора да биде водена одстрана на истражувачкиот проект.

3. РАСЧИСТУВАЊЕНА ПРЕЧКИТЕ

Растот на институциите што овозможуваат доктор-ски студии во Европа е доста импресивен. Многу е на-правено околу имплементирањето на реформите иконтинуирано развивање на докторските студии. Уни-верзитетите докажаа дека имаат волја и експертиза даго спроведат процесот на модернизација на докторски-те студии, а сепак сè уште се соочуваат со пречки коннивните амбиции.

3.1. ФинансирањеДесеттиот и последен салцбуршки принцип ја на-

гласува важноста за одржливо финансирање. Универ-зитетите и докторандите сè уште не се доволно финан-сиски поддржани. Докторските студии со висок квали-тет бараат посебни, соодветни и одржливи можностиза финансирање. Подготовката на успешно структу-рирана програма подразбира повеќе од финансирањегрантови или стипендии за докторанди и опрема заистражување. Стратешкото водство, структурите заподдршка и развојот на кариера имаат потреба од ре-сурси. Истото се однесува и за управувањето на физич-киот простор, каде што се лоцирани самите програми.Експериментите со нови видови на средини за истра-жување и отворени канцеларии се покажале какоефективни во создавање на инклузивни истражувачкизаедници. Владите и организациите за финансирањетреба да бидат свесни за овие потреби во нивнитеиницијативи за докторски студии.

Page 12: Univerzitetski vesnik br. 114

12 универзитетски весник - број 114

Со овозможувањето одржлива финансиска помошза програмите за докторски студии, за институциитешто ги овозможуваат овие програми и за самитедокторанди, ќе се подобри конкурентноста на европ-ските докторски студии. Доколку им се дозволи нависоко квалитетните институции за докторски студииадминистрирање на ресурси за грантови и стипендии,ќе се зајакне институционалниот капацитет и ќе сеовозможи вклучување во стратегии за флексибилнорегрутирање со цел да се привлечат најдобрите канди-дати. Моделите за финансирање што имаат за цел даго зголемат бројот на докторанди треба да го зематпредвид квалитетот и капацитетот на програмите.

3.2. АвтономијаИнституциите имаат потреба од автономија за да

можат да воспостават и воедно да бидат одговорни заразлични структури со различни стратегии и капаци-тети за истражување. Мора да се донесе автономнаодлука за употребата на посебни средства во рамкитена институцијата, во согласност со профилот на про-грамата за докторски студии и потребите на докто-рандот.

3.3. ПравнарамкаДомашните и европските правни рамки мора да им

дадат на институциите можност да се вклучат во ино-вативни програми за докторски студии, како и да гипреземат потребните институционални одговорности.

Институциите мора да бидат способни да го разви-јат својот систем за осигурување на квалитет и незави-сно зајакнување во рамките на нивните домашни рам-ки. Тие мора да имаат слобода да ги развијат своитепоказатели за квалитет што соодветствуваат со стан-дардите на индивидуалните дисциплини, како и сосевкупната институционална стратегија.

Домашното законодавство што заеднички ги регу-лира дипломите или двојните дипломи треба да серевидира за да се олесни меѓународната соработка.Целта треба да биде создавање на поголемо ниво накохерентност и транспарентност на критериумите завоспоставување на програмите со заедничка или двој-на диплома.

3.4. Меѓусекторска соработкаСите засегнати страни треба да се вклучат во мер-

ките за олеснување на соработката меѓу институциитешто овозможуваат докторски студии и вонакадемскитесектори за заедничка добивка на сите партнери. Одсуштинско значење е да се создаде свесност за квали-тетите на докторите на науки, како и да се изградидоверба меѓу универзитетите и другите сектори. Ваквадоверба се гради врз основа на формализирано, нофлексибилно истражување и соработка при обуки заистражување меѓу индустријата и високообразовнитеинституции, вклучувајќи проекти за заедничко истра-жување, индустриски докторати или слични модели.

ДОГОВОР

ЗА НАСТАВНА, КУЛТУРНА И НАУЧНА СОРАБОТКА

меѓу

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ВО СКОПЈЕ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

и

УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО СЕВИЛЈА,

КРАЛСТВО ШПАНИЈА

Проф. д-р Велимир Стојковски, ректор, во името на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,и

Проф. д-р Жоакин Лик Родригез, ректор, во името на Универзитетот во Севилја.

Двете страни настапувајќи во името на институциите што ги претставуваатизјавуваат:

1. Институциите кои го потпишу-ваат овој Договор делат заед-нички наставни и културолошкиинтереси.

2. Природата, намерата и целите

на универзитетите ги прават нај-соодветни институции за вос-поставување на канали за кому-никација, што ќе водат до разме-на на научно и културно знаење.

декември 2010

Page 13: Univerzitetski vesnik br. 114

13универзитетски весник - број 114

3. Универзитетите се институциисо сопствена правна структурашто им овозможува да склучатваков вид на договор за пости-гнување на целите кон кои сестремат.

4. Во контекст на погоре споме-натото, страните – потписничкиго нагласуваат својот интерес зареализација на наставно - на-учна и културна соработка, штоќе им овозможи да ги зајакнатсвоите академски врски со парт-нерските институции.

Двата универзитета се согласни да пот-пишат Договор за соработка под следниве:

УСЛОВИ

Прво. Партнерските универзитети се сло-жуваат да реализираат размена на наста-вен кадар и експертиза во областите наинтерес, како што се наставата, истражу-вањата и културата.

Второ. За да се постигне гореспоменатацел, страните ќе воспостават и ќе развијаткултурни и – наставнo-научни програми нагодишна основа што ќе опфатат:

• развој на заеднички истражувач-ки проекти;

• програми за постдипломски сту-дии и истражување;

• размена на професори, истра-жувачи, студенти и администра-тивен кадар;

• размена на информации за соп-ствената организација, структу-ра и евалуација на годишнитепрограми;

• предавања, семинари и симпо-зиуми вклучувајќи професориод двата универзитета;

• размена и дисеминација на пуб-ликации и референтен матери-јал;

Трето. Овој Договор може да се менува илипроширува со заедничка согласност оддвете страни, на барање на која било оддоговорните страни. Измените ќе влезатво сила од датумот за кој ќе се сложатдвете институции.

Четврто. Овој Договор станува полноваженсо датумот на потпишување од дветестрани со важност од три години иможност за продолжување, освен ако несе побара раскинување од страна наедниот или другиот универзитет во формана писмено известување три месеци предистекувањето на Договорот.

Петто. Финансирањето на активностите,определени во рамките на овој Договор,ќе зависи од средствата со кои ќерасполага секојa институција.

УНИВЕРЗИТЕТ ВО СЕВИЛЈА, КРАЛСТВО ШПАНИЈА

Р е к т о р

Проф. д-р Жоакин Лик Родригез

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

Р е к т о р

Проф. д-р Велимир Стојковски

Декември 2010

Овој Договор е потпишан и заверен со печат од претставниците на двете институции.

Page 14: Univerzitetski vesnik br. 114

14 универзитетски весник - број 114

дејност на постдипломските студии по предметите:анализа и обликување на заварени врски и конструк-ции, пресметка и конструкции во услови на динамичкооптоварување, одбрани поглавја од сигурност при про-ектирање и експлоатација и тенкоѕидни машинскиконструкции и заварени врски и конструкции.

Д-р Марјан Гаврилоски учествувал во организира-њето и работата на 20. Производен натпревар наметалците од Македонија, одржан во Кочани, во 1992година. Учествувал во подготовка и реализација накурсеви за стручно и професионално усовршување.Има изработено вкупно 7 прирачници и практикуми.Извршувал и други функции.

Д-р Марјан Гаврилоски има учествувано во 7 меѓу-народни научноистражувачки проекти, има објавено27 научни трудови, голем број идејни и главни проек-ти, експертизи, елаборати, ревизии, стручни мислења,како и други стручни трудови.

Целокупната наставна, научна и стручна работа над-р Марјан Гаврилоски е исклучително богата и успеш-

на. Неговите самостој-ни и колективни тру-дови, како по број иобем така и по квали-тет, се значајни. Вкуп-ниот научноистражу-вачки и наставно-обра-зовен опус реализиранво изминатиот период,како асистент, доценти вонреден професорна Машинскиот фа-култет-Институт за за-варување и заварениконструкции, го афир-мираат како зрел иискусен стручњак инаставно-научен ра-ботник во областа на

материјалите, заварувањето и машинските конструк-ции.

Во звањето редовен професор е избран на седни-цата на Универзитетскиот сенат одржана на 6.7.2009година.

Марјан Гаврилоски е роден на 15.4.1969 година воСкопје. Основното и средното образование го завршилво родниот град. Дипломирал на Машинскиот факул-тет во Скопје во 1991 година, на 21 година, како нај-млад дипломец од постоењето на Факултетот. Во текотна средното образование и за време на студиите билопштествено ангажиран. Во текот на студиите престо-јувал еден месец на Краковската политехника, Краков,Полска.

На Машинскиот факултет е вработен на определеновреме во 1991 година како стручен соработник воИнститутот за заварување и заварени конструкции.Истата година ги започнал постдипломските студии.Магистрирал во 1994 година со одбрана на магистер-ската тема Садови подпритисок за транс-порт на втечнети га-сови. Истата година еизбран за асистент, аво 1997 година е реиз-бран во истото звање.Во 1999 година сестекнал со научниотстепен доктор на тех-нички науки, одбрану-вајќи ја докторскатадисертација под нас-лов Истражување наоптоварувањата наротирачки багери заоценка на трајнатадинамичка јакост. Ворамките на меѓуна-родниот проект: Tempus Phare Joint European Projekt -Introduction of complex modeling systems in industrialengineering high education and continuous training ofsmall-medium enterprises professionals, JEP13571, реа-лизирал тримесечен престој во Калјари-Италија.

Во јануари 2000 година бил избран во наставно-научното звање доцент по предметите: тенкоѕидни ма-шински конструкции, пресметка на заварени кон-струкции и група предмети од областа на заварувањетои заварените конструкции. Во 2004 година бил избранво звањето вонреден професор во научната област за-варување и заварени конструкции.

Во текот на извршувањето на работните задачи билвклучен и ангажиран во наставно-образовната работа,на Институтот за заварување и заварени конструкции,во реализација на вежбите по предметите: машинскиматеријали 1, машински материјали 2, испитување назаварени врски и конструкции, заварување и заварениконструкции, заварени врски и конструкции, пресмет-ка на заварени конструкции, тенкоѕидни машинскиконструкции, проект по тенкоѕидни машински кон-струкции. Како предметен наставник подготвува иреализира настава по основни, специјални и изборнипредмети, а во рамките на додипломските студии учес-твувал како член и ментор на повеќе дипломски рабо-ти. Активно учествувал во наставно-образовната

ССооггллаасснноо ссоо ооддррееддббииттее оодд ЗЗааккоонноотт ззааввииссооккооттоо ооббррааззооввааннииее,, ккааккоо ии ннаа ССттааттууттоотт ннааУУннииввееррззииттееттоотт „„ССвв.. ККиирриилл ии ММееттооддиијј ““ ввооССккооппјјее,, УУннииввееррззииттееттссккииоотт ссееннаатт ппооччннуувваа јјќќииоодд 33 ссееддннииццаа ооддрржжааннаа ннаа 44..1111 ..22000088 ггооддииннаа ,,ддооннеессее ооддллууккии ззаа ииззббоорр ввоо ззвваањњееттоо ррееддооввееннппррооффеессоорр..

ВВоо ооввоојј ббрроојј ннаа УУннииввееррззииттееттссккии ввеессннииккќќее ббииддаатт ооббјјааввееннии ккррааттккии ббииооггррааффссккииппооддааттооцции ззаа ппррооффеессооррииттее ччии јј ииззббоорр ееииззвврршшеенн ввоо ииззммииннааттииоотт ппееррииоодд..

Д-Р МАРЈАН ГАВРИЛОСКИМАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Д-Р РИСТО ТАШЕВСКИМАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Ристо Ташевски е роден на 5.7.1961 година во Шум-перк, Чешка. Со основно образование се здобил воЧешка. Гимназија завршил во Кичево. Дипломирал наАрхитектонскиот факултет во Скопје. Добил наградаи пофалница, а по повод 30-годишнината на Факулте-тот добил и повелба. Во текот на студирањето учеству-вал со свој труд на Архитектонското биенале во Бел-град, Р. Србија.

Во 1984 година бил вработен во Одделението заурбанизам, градежништво и станбено-комунални ра-боти при Собранието на општина Кичево. Изработилдесетина проекти за индивидуални станбени згради,кафетерии и ресторани. Изработил и урбанистичкиплан за населбата Горица во Кичево.

Page 15: Univerzitetski vesnik br. 114

15универзитетски весник - број 114

Во 1987 година се вработил на Машинскиот факул-тет во Скопје, како соработник по предметите техничкоцртање, нацртна геометрија и група предмети одинженерска графика. Со звањето магистер на електро-технички науки се здобил во 1993 година, со одбранана магистерскиот труд Графичко претставување начетиридимензионални објекти. Истата година билизбран за асистент по наведените предмети. Во 1998година, со одбраната на докторската дисертација наМашинскиот факултет во Скопје под наслов Стерео-метриско моделирање и претставување на објекти, сестекнал со научното звање доктор на технички науки.Во 1999 година бил избран во звањето доцент по пред-метите нацртна геометрија, техничко цртање и групапредмети од областа на инженерската графика, а во2004 година бил избран во звањето вонреден профе-сор од областа на инженерската графика. Бил член наЈугословенското здружение за нацртна геометрија иинженерска графика (сега Меѓународно здружение занацртна геометрија и инженерска графика), а е член ина Меѓународното здружение за инженерска и компју-терска графика и дескриптивна геометрија.

Д-р Ристо Ташевски објавил повеќе трудови одобласта на инженерската и компјутерската геометријаво земјата и во странство. Дел од истражувањата се пу-бликувани или презентирани на светски реномираниконференции за инженерска и компјутерска графика(ICECGDG), ISGG, MoNGeometrija). Има објавенонаучен труд во научното списание „Facta Universitatis“.За истото научно списание рецензирал три странскинаучни трудови од областа на инженерската и компју-терската графика. Бил раководител на научноистражу-вачкиот проект „Стереометриска идентификација наоблиците и моделирање на објекти“. Во целиот периодна неговото работење на Машинскиот факултет, д-рТашевски постојано бил ангажиран со голем број ча-сови предавања и вежби од областа на нацртната гео-метрија, техничкото цртање (на повеќе факултети) иCAD. Негов постојан научен и стручен интерес се нау-ката за просторот и инженерската и компјутерскатаграфика, што го покажуваат публикуваните и презен-тирани трудови од областа на графичкото претставу-вање на 3Д и 4Д-објекти. Освен на матичниот Машин-ски факултет, држел настава и на: Електротехничкиот,Металуршкиот, Технолошкиот и Хемискиот факултетво Скопје, како и на Рударско-геолошкиот факултет воШтип. За поефикасно држење на вежбите подготвил иобјавил учебни помагала, кои ги обновувал, усовршу-вал и дополнувал. Во тој период учествувал и во изра-ботката на учебници наменети за студентите на Ма-шинскиот факултет. Во 2001 година го издал основни-от учебник „Техничко цртање и нацртна геометрија“, аво 2003 година учествувал на курсот „MechanicalAutoCAD“. Заради усовршување и поедноставување нанаставниот процес извршил промена на наставнитепрограми по предметот инженерска графика. Во 2006година објавил и учебник за средно образование.Активно учествувал во воведувањето на кредит-транс-фер системот, како и во воведувањето на овој систем напостдипломските студии на студиската програмаиндустриски дизајн и маркетинг. Д-р Ристо Ташевские исклучително квалитетен научен работник, кој по-стигнува извонредни резултати, како во научноистра-жувачката така и во наставно-образовната и стручно-апликативната дејност.

Во звањето редовен професор е избран на седни-цата на Универзитетскиот сенат одржана на 6.7.2009година.

Д-Р ДАМЕ КОРУНОСКИМАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Даме Коруноски е роден на 1.1.1963 година во Скоп-је. Основно и средно образование завршил во Скопје.За време на школувањето учествувал на бројни град-ски, републички и сојузни натпревари по математикакаде што постигнал забележителни резултати, освоју-вајќи први, втори и трети награди на сите нивоа. Ди-пломирал на Машинскиот факултет во 1988 година. Завреме на студиите бил демонстратор по математика, аучествувал и на две машинијади, освојувајќи награди.Магистерската работа под наслов Анализа и пресме-тка на напрегања и деформации од динамички то-вари со методот на конечни елементи, ја одбранил во1995 година. Од 1990 година работи на Машинскиотфакултет во Скопје при Институтот за механика какостручен соработник. Во 1993 година бил избран во зва-њето помлад асистент, а во 1996 година во звањетоасистент по група предмети од областа на механиката.Докторската дисертација под наслов Повеќефакторенприод кон избор на сопирен диск и диск сопирачка зашински возила со голема моќност, ја одбранил во1999 година. Во 2000 година бил избран во звањетодоцент по предметите статика, динамика на механиза-ционо машини и група предмети од областа на меха-никата. Во 2004 година бил избран во звањето вонре-ден професор во научната област механика и динамикана машините и механизмите.

Д-р Даме Коруноски одржувал вежби и предавањапо голем број предмети во секој семестар. Оттука ивклученоста во одржување на испити и подготвувањена задачи за испити, но и за одржување на квалифика-ционите испити на Машинскиот факултет. Во настава-та секогаш е добро подготвен и има способност своетознаење многу јасно да им го пренесе на студентите. Одизборот во звањето вонреден професор има објавено21 научен и стручен труд во домашни и странски науч-ни и стручни списанија. Со своите трудови учествувална повеќе симпозиуми во земјата и во странство.

Во звањето редовен професор е избран на седни-цата на Универзитетскиот сенат одржана на 6.7.2009година.

Д-РЉУБИЦА СТЕФАНОВАМАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Љубица Стефанова е родена во 1947 година во Стру-мица, каде што го завршила основното и среднотообразование. Дипломирала во 1971 година на Електро-машинскиот факултет, Отсек за електротехника воСкопје, како прва во својата генерација. Нејзиниот ус-пех во школувањето и наклонетоста кон применетите

Page 16: Univerzitetski vesnik br. 114

16 универзитетски весник - број 114

математички науки била забележана од раководнителуѓе на Математичкиот институт со нумерички центарпри Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје иведнаш по дипломирањето била вработена како стру-чен соработник-приправник за во 1972 година да бидеизбрана за стручен соработник на истиот Институт. Во1977 година била избрана за асистент на Математич-киот факултет, за по втората реформа на Универзите-тот да премине за асистент по група предмети од мате-матика и информатика на Машинскиот факултет воСкопје. Во ова звање последен пат е преизбрана во1998 година. Во 1972 година се запишала на постдип-ломски специјалистички студии по применета матема-тика, насока: нумеричка математика. Овие студиипрактично биле првите студии по применета матема-тика и информатика кај нас. Во реализирањето на овиестудии учествувале познати стручњаци од наведенитеобласти од наставно-научни институции во Скопје и одслични институции во Белград и Љубљана. Студиитеги завршила во 1975 година, со одбрана на специјалис-тичкиот труд Одредување на квадратурни формули соЈакобиеви тежински функции. Магистрирала со од-брана на магистерскиот труд Врска меѓу ортогонални-те полиноми со различни тежини, а докторирала во1998 година, со одбрана на докторската дисертацијаНелинеарни системи со импулсно нарушување. Во1999 година била избрана во наставното звање доцентпри Одделот за математика и информатика на Машин-скиот факултет во Скопје, а во 2004 година, за вонре-ден професор.

Во својата наставно-педагошка дејност, д-р ЉубицаСтефанова ја унапредувала и осовременувала настава-та по математика, истовремено користејќи ги најсовре-мените техничко-наставни помагала. Притоа, во мате-матичките предмети, како во вежбите така и во преда-вањата, вклучувала проблеми од применетите и тех-ничките науки со што наставата ја правела поинтерес-на и поблиска за студентите по машинство. Од врабо-тувањето па сѐ до нејзиниот избор за доцент има одр-жувано вежби по сите математичко-информатичкипредмети на Машинскиот факултет, но и на Градеж-ниот и на Електротехничкиот факултет, како и во гим-назијата „Георги Димитров“. Како доцент и вонреденпрофесор држи предавања по математика 1, матема-тика 2, компјутери и програмирање, информатичкисистеми во енергетиката, нумеричка анализа и нуме-рички методи на Машинскиот факултет. За сите пред-мети има компјутерски изработени, умножени преда-вања со збирка задачи за интерна употреба. Исто така,држи предавања на Педагошкиот факултет во Штип.На Машинскиот факултет е вклучена во изведувањетона наставата по предметите нумерички методи и мето-ди на апроксимација на постдипломските студии и вопоследните 4 години работела со над 50 постдиплом-ци. Била раководител на Одделот за математика иинформатика.

Д-р Љубица Стефанова има објавено 45 научни истручни трудови, од кои 35 се објавени во рефератитеза избор и преизбор во звањата: асистент, доцент ивонреден професор, а по изборот за вонреден профе-сор има објавено 10 научни и стручни трудови. Има ибогата општествена активност.

Во звањето редовен професор е избрана на седни-цата на Универзитетскиот сенат одржана на 6.7.2009година.

Д-Р ВЛАДО БУЧКОВСКИПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“

Владо Бучковски е роден 1962 година во Скопје.Дипломирал на Правниот фсакултет во Скопје во 1986година. За време на студирањето бил избран за демон-стратор по научната област римско право. Одреден пе-риод работел како стручен соработник во Собраниетона СРМ. Во 1988 година се вработил на Правниот фа-култет и е избран за помлад асистент по предметотримско право. Магистрирал во 1992 година со одбранана магистерскиот труд Начелото на консензуалноство римското и современото, посебно југословенскотооблигационо право. За асистент по предметот римскоправо бил избран во 1993 година. Со научниот степендоктор на правни науки се стекнал на Правниот факул-тет во Скопје, во 1998 година, со одбрана на доктор-ската дисертација Римското и современото заложноправо. Во звањето доцент по истиот предмет бил из-бран во 1999 година. Извршувал повеќе фунцкии, меѓукои: претседавач на Советот на град Скопје, министерза одбрана во Владата на Република Македонија, прет-седател на Владата на Република Македонија, прате-ник во Собранието на Република Македонија и други.

Како демонстратор, а потоа и по вработувањето ка-ко асистент на Правниот факултет, д-р Владо Бучков-ски држел вежби, а по изборот во доцентско и профе-сорско звање држел и предавања и ги спроведувалиспитите по римско право. Држел вежби и по предме-тите реторика и стилистика и реторика, на правнитестудии, односно на студиите по новинарство и на поли-тичките студии. Држел настава и спроведувал испитина постдипломските студии по римско право и приват-ноправна традиција и граѓанско право, а бил и менторпри изработката на магистерски трудови и докторскидисертации. Бил општествено активен во органите ителата на Правниот факултет.

Во периодот од последниот избор, со свои трудовиучествувал на меѓународни научни симпозиуми и кон-греси во земјата и во странство. До изборот за вонре-ден професор, д-р Владо Бучковски изработил и обја-вил 29 труда, кои биле рецензирани при неговиот из-бор за вонреден професор во 2003 година. Од изборотза вонреден професор до изборот во звањето редовенпрофесор, тој е автор или коавтор на 14 книги, стручнии научни трудови, презентирани на домашни и меѓу-народни конгреси, симпозиуми и научни трибини.Научните и стручните трудови се одликуваат со високстепен на познавање на елаборираните правни пробле-ми. Тие содржат сестрана анализа и сопствени согле-дувања на предметот на истражувањето. Предметот нанеговиот научен и стручен интерес е широк. Освен соримското право, тој се занимава со граѓанското право,правото на интелектуална сопственост и други облас-ти. Учествувал и во научноистражувачки и меѓуна-родни проекти.

Во звањето редовен професор е избран на седни-цата на Универзитетскиот сенат одржана на 6.7.2009година.

Page 17: Univerzitetski vesnik br. 114

17универзитетски весник - број 114

Д-Р ЈАДРАНКАДАБОВИЌ-АНАСТАСОВСКАПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“

Јадранка Дабовиќ-Анастасовска е родена на28.4.1963 година во Скопје. Студиите на Правниотфакултет во Скопје ги завршила во 1985 година. Во1988 година е избрана за помлад асистент. Магистер-ските студии ги завршила во 1992 година со одбрана намагистерскиот труд со наслов Задружната сопственоство Република Македонија. Со научниот степен докторна правни науки се стекнала во 1999 година, со од-брана на докторската дисертација со наслов Договоротза лиценца во споредбеното право и во правото наРепублика Македонија. На Правниот факултет гивршела асистентските должности по предметот општдел на граѓанското право, стварно право, облигационоправо, наследно право, семејно право, авторско правои право на индустриска сопственост. Во 1999 годинабила избрана за доцент, а во 2004 година, во звањетовонреден професор на научната област граѓанскоправо.

Д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска учествува воизведувањето на наставата на предметни програми наПравниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје одпрвиот и вториот циклус правни студии, студии поновинарство, на постдипломските студии по граѓанскоправо, на правосудната насока. Исто така предава ос-нови на право за проектни менаџери на постдиплом-ските студии по проектен менаџмент на Факултетот заелектротехника и информациски технологии, а наФармацевтскиот факултет, на постдипломските студиипредава здравствено законодавство, системи на здрав-ствено осигурување, меѓународни организации, меѓу-народни договори и прописи за лекови и регистрациии лиценцирање на лекови.

Д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска била продеканза меѓународна соработка и финансии, како и проде-кан за настава на правните студии. Била лидер наТЕМПУС-проектот „Кон ЕУ-стандарди за авторскоправо и сродни права“, член на Комисијата за заштитана конкуренцијата во РМ, претседател на Правнатагрупа на Организацијата на потрошувачите на РМ.Учествувала во подготовка на повеќе законски проек-ти, а била ментор и член на комисија за оцена и одбра-на на повеќе магистерски трудови и докторски дисер-тации. Учествувала на 15 семинари, обуки и конферен-ции. Била автор/коавтор на учебниците: Облигационоправо, Право на интелектуална сопственост и Авторскоправо, потоа на монографиите: Договор за лиценца -начин за водење бизнис, Финансиски лизинг - компа-ративни согледувања, потоа била автор на коментарина закони од областа на авторските права и сроднитеправа, на 7 популарни трудови (брошури), како иавтор/коавтор на 30 научни и стручни трудови презен-тирани на домашни и странски научни и стручни се-минари, симпозиуми и конгреси.

Во звањето редовен професор е избрана на седни-цата на Универзитетскиот сенат одржана на 6.7.2009година.

Д-Р ЗОРИЦА БОЖИНОВСКАЛАЗАРЕВСКАЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ

Зорица Божиновска Лазаревска е родена на25.5.1963 година во Куманово. Основното и среднотообразование го завршила во родниот град. Дипломи-рала на Економскиот факултет во Скопје, во 1986 годи-на, на планско-аналитичката насока. По дипломира-њето била ангажирана како демонстратор на предме-тот основи на сметководството, а во 1987 година билаизбрана за помлад асистент на група предмети одобласта на сметководството. Постдипломските студииги продолжила на Економскиот факултет во Белград,Р. Србија, од областа на деловната економија, насока:финансиско-сметководствена анализа. Магистриралаво 1993 година, со одбрана на магистерскиот труд натема Ревизија финансијских извештаја привреднихпредузећа у домаћој и страној теорији и пракси. Не-посредно по магистрирањето била избрана во звањетоасистент. Докторската теза на тема Концепти, сред-ства и постапки за ревизија - можност за нивна при-мена во ревизорската пракса на Република Македо-нија ја одбранила во 1999 година, на Економскиотфакултет во Скопје. Истата година била избрана возвањето доцент за предметот ревизија. Во 2004 годинабила избрана во звањето вонреден професор по пред-метите ревизија и основи на сметководството. Покрајангажманите на редовните студии била ангажирана ина постдипломските студии по сметководство и реви-зија и на постдипломските студии по е-бизнис.

Д-р Зорица Божиновска Лазаревска била ангажи-рана и со успех ги извршувала задачите на неколкупроекти, учествувала на повеќе семинари и меѓународ-ни конференции и остварила повеќе студиски престоиво странство. Меѓу поважните студиски престои сеоние во Рејкјавик-Исланд, Бриж- Белгија, Љубљана-Словенија, Париз-Франција. Од 1994 година поседувалиценца за проценител со општо овластување, од 2001година поседува сертификат за овластен ревизор, а од2006 година е член на Институтот за овластени реви-зори на Република Македонија.

Долгогодишното наставно искуство и ангажман над-р Зорица Божиновска Лазаревска, како и нејзиниотособен истражувачки интерес за актуелните тенденцииво сметководствената и ревизорската професија воРепублика Македонија, во земјите-членки на ЕУ и намеѓународно ниво, придонеле за вградување на најсо-времените знаења и информации од областа на смет-ководството и ревизијата во наставните дисциплиникои таа ги покрива на редовните и на постдипломскитестудии. Во настојувањето да ги информира студентитеза пракичните аспекти од современите ревизорски ан-гажмани, има покането повеќе реномирани домашниексперти како предавачи. Била ментор на четири од-бранети магистерски тези, а била ангажирана и какочлен на неколку комисии за одбрана на магистерскитеми. Исто така, била ангажирана во многу активностиповрзани со делокругот на нејзиното стручно и научноинтересирање.

Д-р Зорица Божиновска Лазаревска е вклучена воизготвувањето научни проекти, во пишувањето книги,

Page 18: Univerzitetski vesnik br. 114

18 универзитетски весник - број 114

статии, а со свои реферати учествувала и на бројнидомашни и меѓународни конференции, симпозиуми исоветувања. Досегашниот научен и стручен опус опфа-ќа околу 74 библиографски единици, од кои пет книги.Во периодот до нејзиниот избор во звањето вонреденпрофесор, како автор/коавтор има објавено 3 книги, 14труда, учествувала со 12 реферати на меѓународни и на

домашни конференции, на исто толку проекти, семи-нари и работилници, како и на 5 тркалезни маси и ра-ботилници.

Во звањето редовен професор е избрана на седни-цата на Универзитетскиот сенат одржана на 6.7.2009година.

Проф. д-р Петар Цветановски,декан на Градежниот факултет

СЕ ЗГОЛЕМУВА

ИНТЕРЕСОТ ЗА

СТУДИРАЊЕ

Во Извештајот за периодот од 1.10.2009 до 14.9.2010година, се презентирани активностите на Деканатот,во сите области на дејствување на Градежниот факул-тет и резултатите кои се постигнати во изминататагодина.

Главните цели и заложби во работата на Деканатотво изминатата година беа исполнувањето на утврдени-те програмски определби, успешна реализација намисијата на Факултетот и одржувањето на континуитетво развојната фаза.

Во изминатата година, на 6 октомври, го одбележав-ме јубилејот 60 години од основањето на Градежниотфакултет. По тој повод беше публикувана монографи-јата „60 години Градежен факултет”, а во амфитеатаротна Факултетот беше одржана свечена седница наНаставно-научниот совет со присуство на видни гостиод земјата и од странство.

Покажавме и докажавме дека сме Факултет со нај-долга традиција во техничките науки, со поширокопризнати вредности и остварувања и Факултет со јаснаконцепција во реализацијата на своите задачи и опре-делби.

Долго време бевме единствен Факултет кој образувакадри во областа на градежништвото. Процесот на ши-рење на високото образование, денес нè соочува соизвесна конкуренција од новоформираните универзи-тетски центри во кои, меѓу другото, се практицираат истудиски програми од областа на градежништвото.Приматот, кој денес неспорно го имаме на ова поле,должни сме да го одржиме и во иднина. Тоа можеме да

го постигнеме преку одржувањето на квалитетот настудиските програми и квалитетот на наставно-обра-зовниот процес.

Деканатот ги презема сите потребни мерки и актив-ности за иновирање на студиските програми, на мето-дите и средствата за изведување на наставата, а восогласност со современите научни достигнувања иразвојот на новите технологии.

Во извештајната година, Деканатот беше ангажи-ран на заокружување на процесот на интеграцијата наУниверзитетот, имплементацијата на донесените пра-вилници и активното учество во изработката на прео-станатите акти на Универзитетот.

Уследија и измени и дополнувања на законскатарегулатива која е од посебно значење за работата наФакултетот, Законот за високото образование и Зако-нот за градење. И во тој поглед, Деканатот презедеактивности за приспособување на актите и работата наФакултетот и брза имплементација на новите законскиодредби.

Во текот на изминатата година бевме соочени сониза објективни проблеми, со кои подолго време сесоочуваме, а кои произлегуваат од општите услови иоколности во кои се одвива високообразовната дејностна јавните универзитети.

Покрај сè, сметам дека на Градежниот факултет воизминатата година се постигнати конкретни резулта-ти, во сите сфери на дејствување, кои укажуваат декауспешно се остварува четиригодишната програма заработа на Градежниот факултет.

1. НАСТАВНО-ОБРАЗОВНАДЕЈНОСТНаставно-образовната дејност, како основна деј-

ност, имаше посебен приоритет во работата на Декана-тот.

Во изминатата академска година, првиот циклус нависокото образование го завршија, односно дипломи-раа: 61 студент на градежништво, 60 студенти на гео-дезија и 13 студенти на геотехника.

Во поглед на уписната политика, Градежниот фа-култет ги презеде стандардните пропагандни актив-ности за информирање на матурантите со можноститекои Факултетот им ги нуди. Една од поволностите коиим се понудија на матурантите беа и стипендиите од

Во согласност со Законот за високото образование иСтатутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ воСкопје, обврска на деканите на факултетите е, најмалкуеднаш во годината, до наставно-научните совети и доректорот на Универзитетот да поднесат извештај засвојата работа. Во Универзитетски весник објавувамедел од извештаите за работа на деканите, кои по својатаформа и содржина можат да бидат редактирани за оваанамена.Во овој број го објавуваме извештајот за работата надеканот на ГГррааддеежжннииоотт ффааккууллттеетт, ппрроофф.. дд--рр ППееттааррЦЦввееттааннооввссккии.

Page 19: Univerzitetski vesnik br. 114

19универзитетски весник - број 114

фондацијата за стипендирање на студенти по градеж-ништво и геодезија. Во изминатата година беа доделе-ни 6 стипендии на најуспешно запишаните студенти.Заедно со студентите кои, според критериумите нафондацијата, ги задржаа стипендиите имавме 25 сти-пендисти.

Извесен оптимизам, во препознавањето на вреднос-тите и принципите во реализацијата на студиите наГрадежниот факултет, дава бројот на запишани студен-ти во академската 2010/2011 година. Во првиот и вто-риот уписен рок се запишаа вкупно 169 студенти, 110на студиската програма по градежништво, 51 на сту-дииите по геодезија и 8 на студиите по геотехника. Воспоредба со вкупниот број на запишани студенти воучебната 2009/2010 година, се работи за зголеменинтерес за студирање на Градежниот факултет од пре-ку 50%. Треба да се нагласи дека порастот на интересотза студирање на Градежниот факултет се случува вогодина во која е евидентна општата економска криза,која се почувствува и во сферата на градежништвото.Покрај сè, загрижува релативно малиот интерес застудирање на одделни насоки на студиите по градеж-ништво и на студиите по геотехника.

Во конкурсот за упис на првиот циклус по градеж-ништво беше предвидена и дисперзирана паралелкаво Крива Паланка, за која, во двата уписни рока, не-маше пријавени кандидати. Исто така, беше дадена иможност за вонредни студии по геодезија и геотехникаво рамките на „Проектот 45“.

Вториот циклус на високото образование го завр-шија, односно магистрираа: 12 студенти на градежниш-тво, 12 студенти на геодезија и 3 студенти на геотех-ника. Во текот на извештајната година беа пријавении прифатени за изработка 42 магистерски теми, 33 настудиите по градежништво и 9 на студиите по геоде-зија.

Во академската 2009/2010 година, на вториот цик-лус се запишаа: 53 студенти на студиската програма поградежништво, 16 на студиите по геодезија и 8 на сту-диите по геотехника.

Градежниот факултет учествуваше и во наставатана интердисциплинарните студии по инженерство наживотната средина. Наставници од Факултетот беаангажирани и во изведувањето на 7 предметни програ-

ми на Архитектонскиот факултет. Дадено е и едноодобрување за покривање на настава на Државниотуниверзитет во Тетово.

За потребите на наставата извршена е набавка наинформатичка и техничка опрема, извршени се рено-вирања на лаборатории и училници, и адаптиран едополнителен училиштен простор.

Инвестирано е и во набавка на лиценциран софтверпод многу поволни услови, а одредени софтверскипакети се добиени преку спонзорство и донација. Воовој момент Факултетот, за едукативни цели,располага со современ софтвер кој овозможува даодржиме високо ниво на наставниот процес.

Продолжија активностите за подобрувањето на веб-страницата на Факултетот. Проширена е опфатностана безжичната мрежа. Со вработувањето на систем-инженер се обезбедени и кадровски предуслови за по-квалитетно и подинамично сервисирање на информа-циската технологија на Факултетот.

Ценејќи го посебното значење на практичната нас-тава во комплементирањето на теориските сознанијана студентите стекнати во едукативниот процес, беаорганизирани низа посети на интересни објекти ипроизводни погони за градежни материјали и произ-води наменети за градежништвото.

Согласно со статутарните одредби и Законот за ви-сокото образование, а во рамките на процесот на само-евалуација, од страна на Комисијата беа реализиранидве анкети на студентското мислење, на крајот од зим-скиот и летниот семестар.

Во реализацијата на наставно-образовната дејност,особено во делот на студиите од прв циклус, подолговреме сме соочени со дефицит на асистентски кадар.Часовите на вежбите се покриваат со ангажирање надемонстратори. Во зимскиот семестар беа ангажирани17, а во летниот семестар 18 демонстратори.

Од страна на Министерството за образование инаука, во 2009 година добивме согласност само за двеасистентски места, кои беа реализирани со вработу-вање на двајца млади колеги, еден на Катедрата загеотехника и еден на Катедрата за водоснабдување,канализација и мелиорации.

Page 20: Univerzitetski vesnik br. 114

20 универзитетски весник - број 114

Долгогодишната рестрикција на нови вработувањадоведе до намалување на наставниот кадар на Факул-тетот. Во моментов располагаме со 34 наставници и 21асистент, наспроти состојбата пред реформирањето настудиите кога имавме 43 наставници и 19 асистенти.Согласно со законските одредби и актуелната политикана вработувања, ваквиот тренд ќе продолжи, така што,во блиска иднина, ќе се соочиме со сериозен дефицитна наставен кадар.

2. НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТНаучноистражувачката дејност на Факултетот во

изминатата година се одвиваше преку работа на на-учноистражувачки проекти, преку индивидуална изра-ботка на магистерски трудови и докторски дисертации,учество на симпозиуми и конгреси во земјата и востранство, објавување на научни трудови во списанијаи друго.

Една од формите на научноистражувачката работасе истражувањата поврзани со изработката на доктор-ските дисертации.

Во изминатата година на Градежниот факултет од-бранети се 6 докторски дисертации, а 9 пријави заизработка на докторски дисертации се прифатени одННС на Факултетот.

Докторските студии SEEFORM, спонзорирани одгерманската агенција за меѓународна соработка DAAD,на втората генерација студенти се одвиваа според утвр-дената програма. Беа организирани и неколку средби,во Бохум, во Скопје и во Белград, со цел да се изнајдеоптимална форма за одржување на програмата заподдршка од германските универзитети во контекст сонастанатите измени на законската регулатива за орга-низирање на третиот циклус високо образование -докторски студии во земјите од регионот.

Според одредбите од Законот за високото образо-вание, процедурата за стекнување научен степен док-тор на науки требаше да се реформира во докторскистудии до 15.9.2009 година, односно во учебната2009/2010 да се стартува со студиските програми затрет циклус.

Градежниот факултет, како единица на Универзи-тетот, максимално беше ангажиран во изработката напроектите за докторски студии по градежништво игеодезија, во рамките на динамиката на организира-њето на Школата за докторски студии на Универзи-тетот.

Проектите за докторски студии беа усвоени од ННСво декември 2009, а нивни дополнувања беанаправени во март 2010. Во април 2010 година,проектите за студиски програми за трет циклус студии- докторски студии по градежништво и геодезија беаусвоени од Сенатот на Универзитетот и беа доставенидо Одборот за акредитација. Наместо акредитација ипочеток на докторските студии, Владата на РМ, на30.7.2010 година ја донесе Уредбата за нормативи истандарди за основање на високообразовни установи ивршење на високообразовна дејност, со која сенаметнаа нови критериуми и натамошно оддолжувањена почетокот на докторските студии.

Состојбата на немање форма за реализација на нау-чен степен доктор на науки, која трае повеќе од еднагодина, го нарушува континуитетот на научното напре-дување на нашите помлади колеги и го усложнуваисполнувањето на нивните обврски кои им се намет-нати со Законот за високото образование.

Министерството за образование и наука, поподолго време, распиша конкурс за финансирање нанаучноистражувачки проекти. Факултетотаплицираше со 8 проекти, од кои беше прифатен самоеден. Малиот број на проекти предвидени зафинансирање и скромната финансиска поддршка секонтинуитет на рестриктивната политика зафинансирање на научноистражувачката дејност.

Наставниците и соработниците со свои научни тру-дови учествуваа на голем број научни собири во земја-та и во странство. Учеството на овие собири е од по-себно значење за научното усовршување на наставниотперсонал, како и за афирмација на нашиот Универзи-тет и Градежниот факултет.

На полето на меѓународната соработка:• Факултетот ги започна активностите за реализа-

ција на ТЕМПУС-проектот „Формирање на новистудии за управување со недвижности во Македо-нија и Украина”. Се работи за конституирање настудиска програма од втор циклус, отворена заапликација и на дипломирани правници и еконо-мисти. Од 17 до 20 мај на нашиот Факултет бешеодржан координативен состанок на конзорциумот.

• Донесена е одлука за учество во FP7-научноистра-жувачкиот проект “Strengthening and developmentof Earth Observation activities for the environment inthe Balkan area”, скратено OBSERVE.

• Проф. д-р Катерина Доневска доби Фулбрајтовастипендија и во текот на академската 2010/2011година ќе предава на Универзитетот Боулин Гринво Охајо-САД, предмети од областа на оцената навлијанието на објектите врз животната средина.

• Во тековната година беше завршен еден COST-проект во кој учествуваше и Градежниот факултет,а беа прифатени два нови проекта, при што воедниот проект, Факултетот активно учествуваше и

Page 21: Univerzitetski vesnik br. 114

21универзитетски весник - број 114

во фазата на пријавување. Во моментот, во овиеактивности се вклучени 7 наставници и соработ-ници од нашиот Факултет, кои зедоа активно учес-тво на сите досегашни состаноци.

• Во рамките на CEEPUS-проектот, на нашиот Факул-тет реализираа едномесечен престој двајца младиколеги од партнерските универзитети од Европавклучени во проектот, а истовремено двајца нашиколеги реализираа престој во еден од центрите воЕвропа.

• Факултетот ги поддржа и преку свои претставницизеде активно учество во неколку научни собири настручни друштва и меѓународни асоцијации:- во средината на октомври, во Охрид се одржа

XIII меѓународен симпозиум на Друштвото наградежните конструктори на Р. Македонија;

- од 26 до 29 мај, во Охрид, се одржа меѓународ-ната конференција BALWOIS 2010, каде штоФакултетот беше коорганизатор;

- од 24 до 26 јуни, во Струга, се одржа 3. Симпо-зиум на Друштвото за геотехника на Р. Македо-нија, каде што, покрај другото, заедно со Комо-рата на овластени архитекти и овластени инже-нери, беше организиран и Семинар на тема„Принципи и методи на геотехнички истражу-вања, регулатива и пракса“, на кој предавањаодржаа повикани наставници од Градежниотфакултет;

- на крајот на август, поголем број наставници исоработници учествуваа на Европската конфе-ренција за земјотресно инженерство, органи-зирана од ИЗИИС.

Факултетот организираше работилници, предава-ња на современи теми, промоции и презентации напонови софтверски пакети:- од 17 до 20 мај, заедно со TAIEX и ИСРМ, беше

организирана работилница за примена на Евро-код 7, национално детерминирани параметри.Гостин на работилницата беше д-р Bernd Schupp-ener - претседател на TC250/SC7 на CEN;

- на 31 мај, гостин на нашиот Факултет беше проф.д-р Cristiano Poleto, од Државниот универзитет воМаринга - Бразил. Проф. Poleto одржа предавањена тема „Урбани седименти“;

- проф. д-р Петар Ѓоршевски од Универзитетот воОхајо, на 20 мај одржа предавање на тема: „При-мена на технологии за далечинска детекција“;

- на 14 септември, гостин на Факултетот беше еми-нентниот експерт за инженерство на животнатасредина, проф. д-р Jorg Imberger од Универзите-тот на Западна Австралија. Проф. Imberger одржапредавање на тема „Современи експерименталнитехники во физичката лимнологија“.Еден од клучните фактори за развој на научното

истражување е опременоста на лабораториите. Факул-тетот аплицираше во проектот на Министерството заобразование и наука за опремување на лаборатории надржавните универзитети. Апликациите за шестте лабо-ратории беа прифатени, а три лаборатории од странана техничката комисија се ставени во натамошна про-цедура.

Од сопствени средства набавен е ехо-сондер, за по-требите на катедрите за хидраулика и геодезија, азапочната е и постапката за набавка на дата логер -мерен инструмент за потребите на Одделот за кон-струкции.

3. АПЛИКАТИВНАДЕЈНОСТПрименувачката, односно апликативната високо-

стручна дејност, има особено значење во работата и заработата на Факултетот. Примарно, апликативнатадејност претставува непосредна врска со стопанскитесубјекти и институциите од јавниот сектор и егзактенначин за докажување на нашите стручни потенцијали.Исто така, апликативните проекти се можност застручна надградба на младите колеги, а апликативнатадејност, како приходна ставка во буџетот на Факулте-тот, е една од можностите за подобрување на матери-јално-финансиската состојба.

Page 22: Univerzitetski vesnik br. 114

22 универзитетски весник - број 114

Во изминатиот период се реализирани голем бројна проекти во сите стручни области кои ги покриванашиот Факултет. Покрај работата на проектите регу-лирани со тригодишни рамковни договори, склученисе низа нови договори со институции од јавниот сектори приватни инвеститори.

Вреди да се истакне дека Факултетот склучи дого-вори за проектирање на железнички линии во ЦрнаГора, заедно со партнери од Италија и Црна Гора, какои договор за проектирање на значајни инфраструктур-ни објекти кај нас, со кои за подолг период е обезбеденконтинуитет во дејноста на ова поле.

Интензивирањето на апликативната работа по обеми квалитет беше една од заложбите на Деканатот вочетиригодишната програма за работа. Градежниот фа-култет има најниска стапка на издвојување, спореденосо другите единици на Универзитетот, со која се стиму-лира апликативната дејност.

Инициравме, од страна на Универзитетот како прав-но лице, да се обезбедат сите потребни лиценци регу-лирани со Законот за градење. Воспоставивме принци-пи за соработка со останатите единици на Универзи-тетот при заеднички настап. Во тој поглед, на ниво наУниверзитетот, реализирани се неколку апликативниработи во кои Градежниот факултет се јавува како но-сител.

4. ИЗДАВАЧКАДЕЈНОСТВо текот на изминатата академска година на Фа-

култетот е издаден учебникот „Армиранобетонскимостови”, а одобрено е и второ издание на учебникот„Патишта - проектирање патишта”.

По повод јубилејот 60 години Градежен факултет,издадена е и Монографијата на Градежниот факултет.

Ценејќи ја важноста на учебниците во остварува-њето на наставниот процес, огромниот труд кој е вло-жен, скромните средства кои според Правилникот имсе доделуваат на авторите и севкупните проблеми сокои авторите се соочуваат во печатењето на учебници-те, Факултетот одобри дополнителни средства за фи-нансиска поддршка на издавачката дејност. Откупенисе одреден број на учебници и ставени се во фондот наБиблиотеката на Градежниот факултет.

Фондот на Библиотеката е збогатен и со одреденброј наслови од проектот на Владата на Р. Македонијаза превод на 500 учебници кои се користат на универ-зитетите во САД и во Англија. Од посебен интерес сепреводите на ФИДИК-станардите, комплет од 30 кни-ги, кои се поделени на катедрите за користење.

5. СТУДЕНТСКАОРГАНИЗАЦИЈАИСТУДЕНТСКИАКТИВНОСТИСтудентите се дел од академската заедница и спо-

ред правата кои ги имаат, тие се рамноправен чинителво наставниот процес и во работата на Факултетот.

Согласно со Законот за високото образование и Ста-тутот на Универзитетот, ССГФ се преструктурира воСтудентски парламент. Претставниците на Студентски-от парламент, согласно со Правилникот на Факултетот,учествуваат во работата на управните органи на Факул-тетот, Наставно-научниот совет и Деканатската управа.Исто така, студентите имаат претставник и во Комиси-јата за самоевалуација. Активноста на студентите воизминатата година не беше на потребното ниво. Фа-култетот очекува нивно поактивно учество во сите про-цеси на одлучување и креирање на нови решенија.

Во изминатиот период, Деканатот имаше целосноразбирање за низа барања на студентите, кои беа про-следени до управните органи на Факултетот. Барањатаповрзани со наставниот процес беа решавани од Нас-тавната комисија и на седниците на ННС, а барањата,пак, за финансиска помош беа решавани на нивнитеактивности на седниците на ДУ.

Во почетокот на април, во Врњачка Бања, Р. Србија,се одржа IV регионален собир на студентите од геотех-нолошки и геотехнички факултети ГЕОРЕКС, каде штостудентите од Градежниот факултет презентираа пове-ќе трудови под менторство на наставници и асистенти.

На крајот од април и почетокот на мај се одржаГрадежнијадата во Будва, Црна Гора. Студентите однашиот Факултет учествуваа и постигнаа добри резул-тати, како во натпреварите на знаење, така и во спорт-ските натпревари.

Нашите студенти учествуваа и на традиционалнитеУниверзитетски игри, кои секоја година се одржуваатво Охрид, каде што постигнаа забележителни резул-тати.

Треба да се нагласи и нивната ангажираност воиздавањето на Студентскиот весник НЕИМАР, кој ипокрај отежнатите услови ја одржува периодиката наиздавање.

6. МАТЕРИЈАЛНО-ФИНАНСИСКОРАБОТЕЊЕГлавни столбови врз кои се потпира финансиското

работење на Факултетот се буџетската сметка (603) накоја се депонираат средствата кои ги добиваме од МОНи буџетската сметка (788) на сопствените средства накоја се депонираат средствата од патриципации, кофи-нансирање, уплати од студенти, апликативна работа идруги помали ставки.

Со средствата од првата сметка, во согласност сонамената, беше покриен личниот доход на вработени-те, како и одреден дел од матријалните трошоци.

Од средствата на втората сметка, согласно со Стату-тот на Универзитетот, издвојуваме 5% од приходот заинтегративните функции на Универзитетот. Со остана-тите средства се покриваат авторските хонорари на

Page 23: Univerzitetski vesnik br. 114

23универзитетски весник - број 114

учесниците во апликативната работа, авторските хоно-рари за зголемен обем во наставната дејност, авторски-те хонорари на надворешните соработници, авторскитехонорари за наставата на постдипломските студии, делод материјалните трошоци и други со Правилникотрегулирани ставки. Остатокот од средствата на оваасметка се користат според одлука на управните органина Факултетот.

Дел од овие средства се насочени за зголемување навредноста на бодот, односно за зголемување на лични-от доход во износ од околу 15%.

Во текот на извештајната година, средствата од соп-ствената сметка беа насочени и кон реализација напланот за реновирање на Факултетот, купување на ин-форматичка и друга техничка опрема.

За подобрување на наставниот процес инвестираное во набавка на нови 7 LCD-проектори, 10 персоналникомпјутери, 5 ноут-бук компјутери, повеќе принтери искенери. За оваа намена, главно се користени средстваод фондот за млади кадри.

За потребите на наставата целосно се реновирани иадаптирани во училници две простории од сутеренотна северното крило, а извршени се и помали ренови-рања на просториите на лабораторијата за геодезија илабораторијата за хидротехника.

Извршена е реконструкција на дел од тоалетите ивлезната партија на Факултетот. Поставена е металнаограда на скалите во централното крило.

Комјутерскиот центар е доопремен со поставувањена ламинат и целосно средување на инсталациите запоефикасно поставување и користење на расположли-вата опрема.

Доопремени се поголем број на кабинети со канце-лариска и друга опрема, со што значително се подоб-рени условите за работа, особено на помладите колеги.

Поставени се фиксни LCD-проектори во амфитеа-тарот, салата за конференции, лабораторијата захидротехника, лабораторијата за геотехника, ренови-раните училници во сутеренот на северното крило, а сепланира да се постават и во другите наставни просто-рии.

Салата за состаноци е доопремена со нови столовии разглас, со што добивме современ простор за одржу-вање на состаноци, работилници, семинари, презента-ции и слично.

Факултетот, со средства на МОН, ја реализирашесанацијата и адаптацијата на објектот касарна во КриваПаланка, наменет за дисперзираните студии на Универ-зитетот.

Од фондот за млади кадри беа покриени дел од тро-шоците за научен престој во странство и учество нанаучни собири на помладите колеги.

7. РАБОТАНАОРГАНИТЕНАУПРАВУВАЊЕНАФАКУЛТЕТОТВо текот на изминатата година одржани се вкупно

9 седници на Наставно-научниот совет.Анализирајќи ги записниците може да се констати-

ра дека во најголема мера се разгледувани прашањаповрзани со наставата, измени и дополнувања на сту-диските програми, избори и преизбори на наставниции асистенти, пријави на магистерски трудови, усвоју-вање на извештаи на рецензентски комисии, издавањена учебници, донесување на одлуки од надлежност наННС и сл.

На 357. седница беше извршен избор на секретар наФакултетот и избор на демонстратори за зимскиот се-местар.

На 358. седница беа разгледани и усвоени измениво програмата за реализација на вториот циклус сту-дии по градежништво.

На 359. седница беа усвоени проектите за студискипрограми за трет циклус на студии.

На 361. седница беше усвоен Предлог-конкурсот зазапишување студенти на прв циклус во учебната2010/2011 година, усвоени беа предлози за научно-истражувачки проекти по конкурсот од МОН, и избра-ни беа демонстратори за летниот семестар.

На 362. седница беа усвоени дополнувањата на сту-диските програми за трет циклус - докторски студии сокритериуми за ментор.

На 364. седница беше усвоен календарот на актив-ности и неработни денови на Факултетот, и усвоен бе-ше Предлог-конкурсот за запишување студенти навтор циклус за учебната 2010/2011 година.

Во извештајниот период одржани се вкупно 7 сед-ници на Деканатската управа. Разгледувани се праша-ња од материјално-финансиското работење на Факул-тетот, одлуки за јавни набавки, завршна сметка, инвес-тиционо и тековно одржување и сл.

Исто така, разгледувани се барањата и донесени сеодлуки за парични надоместоци на вработените, какои барања на студентите за финансирање на дел од нив-ните програмски активности.

Тема на разгледување беше и кадровската состојбаи плановите за решавање на ова приоритетно праша-ње.

На Деканатската управа беше донесена и Одлука заотстапување на просторот кој го користиме на Педа-гошкиот факултет во замена за инвестициони средстваза доградба на простор над халата за испитување.

Прифатена беше и иницијативата за размена на ка-бинети и канцелариски простории помеѓу Градежниоти Архитектонскиот факултет.

Page 24: Univerzitetski vesnik br. 114

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“бул. Крсте Мисирков б.б., 1 000 Скопје, Македонија

� : +389 2 3 293 293 � : +389 2 3 293 202

� : [email protected] �: www.ukim.edu.mk