23
Тема 7 Онлајн живеење 12 часа Час број Недела број Наслов на содржината 61 31 Историја на Интернетот како средство за добивање и споделување информации/содржини 62 31 Историја на Интернетот како средство за добивање и споделување информации/содржини 63 32 Пребарување на Интернет. Селектирање и зачувување на содржини 64 32 Пребарување на Интернет. Селектирање и зачувување на содржини 65 33 Звучни/видео содржини на Интернет 66 33 Звучни/видео содржини на Интернет 67 34 Комуникација преку Интернет и безбедносни прашања во однос на Интернет комуникацијата 68 34 Комуникација преку Интернет и безбедносни прашања во однос на Интернет комуникацијата 69 35 Е-пошта 70 35 Е-пошта 71 36 Блогот како едноставен начин за поставување работи на Интернет 72 36 Блогот како едноставен начин за поставување работи на Интернет

resursi.literatura.mkresursi.literatura.mk/wp-content/uploads/2017/09/7-.docx  · Web view2017. 9. 8. · усни одговори на прашања поставени од наставник,

  • Upload
    others

  • View
    14

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: resursi.literatura.mkresursi.literatura.mk/wp-content/uploads/2017/09/7-.docx  · Web view2017. 9. 8. · усни одговори на прашања поставени од наставник,

Тема 7Онлајн живеење12 часа

Час број Недела број Наслов на содржината61 31 Историја на Интернетот како средство за добивање и споделување

информации/содржини

62 31 Историја на Интернетот како средство за добивање и споделување информации/содржини

63 32 Пребарување на Интернет. Селектирање и зачувување на содржини64 32 Пребарување на Интернет. Селектирање и зачувување на содржини65 33 Звучни/видео содржини на Интернет66 33 Звучни/видео содржини на Интернет

67 34 Комуникација преку Интернет и безбедносни прашања во однос на Интернет комуникацијата

68 34 Комуникација преку Интернет и безбедносни прашања во однос на Интернет комуникацијата

69 35 Е-пошта70 35 Е-пошта71 36 Блогот како едноставен начин за поставување работи на Интернет72 36 Блогот како едноставен начин за поставување работи на Интернет

Page 2: resursi.literatura.mkresursi.literatura.mk/wp-content/uploads/2017/09/7-.docx  · Web view2017. 9. 8. · усни одговори на прашања поставени од наставник,

ДНЕВНО ПЛАНИРАЊЕ

Час: 61Дата: Наставен предмет: работа со компјутери и основи на програмирањетоПрограмско подрачје: Тема 7 - онлајн живеењеНаставна содржина: Историја на Интернетот како средство за добивање и споделување информации/содржиниТип на час: обработкаЦели: да се запознае со историјата на Интернетот како средство за добивање и споделување информацииОчекувани исходи: објаснува што е Интернет, објаснува за што се користи и објаснува како настаналМесто на реализација: училницаФорми на работа: заедничка работа, индивидуална работаНаставни методи и техники: вербален – дијалошки метод, метод на усно излагањеНаставни средства: компјутер и телевизорСледење и вреднување (методи, инструменти и индикатори): усни одговори на прашања поставени од наставник, чек листа, објаснува што е Интернет

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ

Воведна активност:Повторуваме за апликативен софтвер – што е тоа и какви категории апликативен софтвер постојат (Апликативен софтвер се програми кои ги користи корисникот. Има разни видови на апликативен софтвер, но најкористени се: програми за обработка на текст (Microsoft Word, Open Office Writer …), програми за цртање (Microsoft Paint, Tux Paint …) програми за табеларни пресметки (Microsoft Excel, Open Office Calc …), програми за изработка на мултимедијални презентации (Microsoft Power Point, Open Office Impress…), едукативни (G-Compris, ToolKid …), игри и др.)Во наредните неколку часа ќе учиме за Интернет: неговата историја, пребарување на содржини, праќање e-mail (имејл) пораки и.т.н.Учечко - поучувачка активност: Има уште една категорија на апликативен софтвер која е многу користена – тоа се програми со чија помош можеме да следиме содржини на Интернет. Тоа се т.н. веб – прелистувачи. Ги има многу, но најпопуларни во моментов се Google Chrome (Гугл Хроум) и Mozilla Firefox (Мозила Фајрфокс). Овие веб – прелистувачи работат на разни оперативни системи како што се Windows, Linux, Android (што е оперативен систем - оперативниот систем е најважниот софтвер кој работи на компјутерот. Автоматски се стартува кога ќе го пуштиме компјутерот и управува со хардверот и софтверот. Тој овозможува да комуницираме со компјутерот. Без оперативен систем, компјутерот е бескорисен. Како што рековме, со нив пратиме содржини на Интернет.Но што е тоа Интернет? Замислете дека на гости ви дошло другарче од друга планета и ве прашало „Што е тоа Интернет“? Што ќе му одговорите ? (Интернет е светска мрежа од компјутери, кои си разменуваат податоци. Кога гледате некоја веб – страна, вие всушност гледате документ на друг компјутер, снимен на посебен начин – како што е на пр. doc за Word, mp3 за музика, jpg за слики .... форматот за Интернет документи е html).Интернетот во почетокот бил воен проект, кој служел за навремена комуникација и се викал ARPANET. Тоа било пред 50-тина години. За образовни цели, Интернет почнал да се користи пред 40- тина години. Тогаш, Интернет можеле да користат универзитетите, војската и некои други државни организации во САД (покажувам на карта или глобус каде се наоѓа САД, а каде Македонија). Обичните луѓе почнале да користат Интернет пред 30-тина години и од тогаш тој станува сè попопуларен. Денес Интернет се користи речиси во сè. Преку Интернет се информираме, праќаме e-mail, играме on- line игри, (on-line значи сè што е на Интернет), правиме разговор по Скајп и др. (наведуваат лични искуства - за што тие користат Интернет).Евалвативна активност: Повторуваме за видови софтвер (оперативен систем и апликативен софтвер) и повторуваме дека со помош на веб – прелистувачите (Chrome, Firefox…) гледаме содржини на Интернет.

Page 3: resursi.literatura.mkresursi.literatura.mk/wp-content/uploads/2017/09/7-.docx  · Web view2017. 9. 8. · усни одговори на прашања поставени од наставник,

ДНЕВНО ПЛАНИРАЊЕ

Час: 62Дата: Наставен предмет: работа со компјутери и основи на програмирањетоПрограмско подрачје: Тема 7 - онлајн живеењеНаставна содржина: Историја на Интернетот како средство за добивање и споделување информации/содржиниТип на час: обработкаЦели: да се запознае со историјата на Интернетот како средство за добивање и споделување информацииОчекувани исходи: објаснува што е Интернет, објаснува за што се користи и објаснува како настаналМесто на реализација: училницаФорми на работа: заедничка работа, индивидуална работаНаставни методи и техники: вербален – дијалошки метод, метод на усно излагањеНаставни средства: компјутер и телевизорСледење и вреднување (методи, инструменти и индикатори): усни одговори на прашања поставени од наставник, чек листа, одговара на прашања

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕВоведна активност:Дискутираме што изучувавме во тема 2 – работа со текст. Учениците во кратки црти објаснуваат за тоа што го изучувале во неа.Учечко – поучувачка активност:На ученичките компјутери во програмата Open Office Writer се запишуваат одговорите на овие прашања, во кирилични букви и без додатни форматирања:

Што е Интернет? Како со едно име се викаат сите програми со кои следиме информации на Интернет? Што сè можеме да правиме на Интернет?

Евалвативна активност:Се дискутира за историјата на Интернет од минатиот час.

Page 4: resursi.literatura.mkresursi.literatura.mk/wp-content/uploads/2017/09/7-.docx  · Web view2017. 9. 8. · усни одговори на прашања поставени од наставник,

ДНЕВНО ПЛАНИРАЊЕ

Час: 63Дата: Наставен предмет: работа со компјутери и основи на програмирањетоПрограмско подрачје: Тема 7 - онлајн живеењеНаставна содржина: Пребарување на Интернет. Селектирање и зачувување на содржиниТип на час: обработкаЦели: да умее да пронајде информација од Интернет за одредена цел со помош на клучни зборовиОчекувани исходи: пронаоѓа информација од Интернет за одредена цел со помош на клучни зборовиМесто на реализација: училницаФорми на работа: заедничка работа, индивидуална работаНаставни методи и техники: вербален – дијалошки метод, метод на усно излагање, метод на демонстрација, метод на практична работаНаставни средства: компјутер и телевизорСледење и вреднување (методи, инструменти и индикатори): усни одговори на прашања поставени од наставник, чек листа, пребарува содржини на Интернет

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕВоведна активност:Повторуваме:

Како се нарекува апликативниот софтвер кој ни овозможува да отвораме содржини на Интернет? (веб – прелистувачи)

Кои веб – прелистувачи моментално се најпопуларни? (Google Chrome и Mozilla Firefox). Дали можеме да гледаме содржини на Интернет без употреба на веб – прелистувачи? (Не).

Учечко – поучувачка активност:На денешниот час ќе се запознаеме со пребарување содржини на Интернет. Како што рековме, Интернет е место на кое можеме да дојдеме до информации за сè што нè интересира. Затоа постојат специјални веб – страни кои се нарекуваат веб - пребарувачи - search engine. Најпопуларни веб - пребарувачи во моментов се www.google.com, www.yahoo.com, www.bing.com и други. Го отвораме веб – пребарувачот со внесување на неговата адреса. Во посебно поле на веб – пребарувачот се внесува тоа што нè интересира. Веб - пребарувачот го пребарува Интернетот и ни предлага веб - страни во кои најверојатно се содржи она што го бараме. Даден е пример за пребарување веб – страни во врска со поимот „мерки за должина“ и она што веб -пребарувачот www.google.com го наоѓа за нас, користејќи го веб – прелистувачот Google Chrome.

Веб – пребарувач - се специјални веб страни кои се бават со пребарување на други веб - страни, пр. www.google.com е адреса на веб пребарувачот) ни предлага неколку веб – страни и ние треба една по една да ги отвориме, за да провериме дали во нив се наоѓа она што ни е потребно. Огромен дел од информациите се на англиски јазик. Кога пребаруваме нешто на Интернет, пожелно е тоа да го сториме користејќи што е можно помалку зборови. На пр. наместо да напишеме „кои се основните единици мерки за должина“ добро е да користиме помалку зборови и да напишеме „мерки за должина“.

Page 5: resursi.literatura.mkresursi.literatura.mk/wp-content/uploads/2017/09/7-.docx  · Web view2017. 9. 8. · усни одговори на прашања поставени од наставник,

Евалвативна активност:Дискусија:Што изучувавме на овој час?

Page 6: resursi.literatura.mkresursi.literatura.mk/wp-content/uploads/2017/09/7-.docx  · Web view2017. 9. 8. · усни одговори на прашања поставени од наставник,

ДНЕВНО ПЛАНИРАЊЕ

Час: 64Дата: Наставен предмет: работа со компјутери и основи на програмирањетоПрограмско подрачје: Тема 7 - онлајн живеењеНаставна содржина: Пребарување на Интернет. Селектирање и зачувување на содржиниТип на час: обработкаЦели: да селектира и да зачува содржинаОчекувани исходи: селектира и да зачува содржинаМесто на реализација: училницаФорми на работа: заедничка работа, индивидуална работаНаставни методи и техники: вербален – дијалошки метод, метод на усно излагање, метод на демонстрација, метод на практична работаНаставни средства: компјутер и телевизорСледење и вреднување (методи, инструменти и индикатори): усни одговори на прашања поставени од наставник, чек листа, селектира и зачувува

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕВоведна активност:Повторуваме: дали можеме да гледаме содржини на Интернет без употреба на веб – прелистувачи? На кој начин пребарувавме содржини на Интернет. На овој час ќе земеме текст или слика од веб – прелистувачот и ќе го ставиме во програма за текст.Учечко – поучувачка активност:Прашувам: Какви содржини може да има веб – страната? (текст, слики, звук и/или видеа). На овој час ќе научиме како се зачувуваат текстуални информации и/или слики од отворената веб страна. Што значи реченицата: „да се зачува текст или слика од веб страната? Тоа значи да се оформи датотека со текст или слика, која ќе биде достапна и кога нема Интернет.Ги стартуваме ученичките компјутери. Со помош на веб – прелистувачот (во овој случај Mozilla Firefox), ја отвораме веб- страната https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B0 која е статија од македонската верзија на on-line енциклопедијата Википедија за мачки. Оваа статија е погодна за овој час бидејќи содржи текст и слики.

Зачувување текст:1. Го стартуваме програмот за внес и обработка на текст, во овој случај Open Office Writer. 2. Во веб – прелистувачот, со техниката кликни-и-влечи се селектира текстот (за овој час, само првиот пасус). 3. Врз селектираниот текст, кликнуваме десен клик и одбираме Копирај.4. Влегуваме во програмата за внес и обработка на текст (Open Office Writer)5. Врз бела површина, одн. на местото каде сакаме да се појави текстот, кликнуваме десен клик и одбираме Вметни.

Со тоа е пренесен текстот од веб – прелистувачот во програмата за текст.Зачувување слика

1. Го стартуваме програмот за внес и обработка на текст, во овој случај Open Office Writer. 2. Врз сликата, кликнуваме десен клик и одбираме Копирај. Сето ова се прави во веб – прелистувачот.3. Врз бела површина или на местото каде сакаме да се појави сликата во Open Office Writer, кликнуваме десен клик и

одбираме ВметниСо тоа е пренесена сликата од веб – прелистувачот во програмата за текст.

Од сликата можеме и да оформиме датотека со слика. Со десен клик врз сликата се одбира Сними ја сликата како..., по што треба да се одбере име, локација и вид на датотеката (jpg, bmp, png …) и се одбира Зачувај.Евалвативна активност:Дискусија:Што изучувавме на овој час?

Page 7: resursi.literatura.mkresursi.literatura.mk/wp-content/uploads/2017/09/7-.docx  · Web view2017. 9. 8. · усни одговори на прашања поставени од наставник,

ДНЕВНО ПЛАНИРАЊЕ

Час: 65Дата: Наставен предмет: работа со компјутери и основи на програмирањетоПрограмско подрачје: Тема 7 - онлајн живеењеНаставна содржина: Звучни / видео содржини на ИнтернетТип на час: обработкаЦели: да се оспособи за пронаоѓање и преслушување на звучни и видео содржини на ИнтернетОчекувани исходи: пронаоѓа и следи звучни и видео содржини на ИнтернетМесто на реализација: училницаФорми на работа: заедничка работа, индивидуална работаНаставни методи и техники: вербален – дијалошки метод, метод на усно излагање, метод на демонстрација, метод на практична работаНаставни средства: компјутер и телевизорСледење и вреднување (методи, инструменти и индикатори): усни одговори на прашања поставени од наставник, чек листа, користи веб - прелистувач

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ

Воведна активност:Повторуваме:

Што е Интернет? (мрежа од меѓусебно поврзани компјутери). Што е веб – страна? (документ во HTML формат кој се наоѓа на друг компјутер). Ова прашање треба да нè доведе до

заклучок дека во светот има многу корисници на компјутери, кои ги интересираат разни работи, па Интернет е мрежа на компјутери со која можеме да дојдеме до многу и разновидни информации.

Учечко - поучувачка активност: Многу од информациите кои ги пребаруваме на Интернет можат да бидат дадени како звучен или видео запис. Што треба да направиме ако сакаме да ја слушнеме „Приказната за штурецот и мравката“? Треба да ја отвориме веб – страната на некој веб – пребарувач (на пр. www.google.com), да напишеме што нè интересира (во овој случај, пишуваме „приказна за штурецот и мравката“), кликнуваме на копчето “Google search” или притискаме enter. На екранот ќе се добие:

Активна е опцијата All, која ни прикажува сè што веб – пребарувачот нашол. Кликаме на Images за да ги видиме сите слики поврзани со овој поим, a потоа кликаме Video за да ги видиме сите видео – записи поврзани со овој поим. Со кликање на хиперлинкот (синиот текст или местото во кое курсорот ќе се претвори во раче – види слика) ги отвораме пронајдените веб – страни.Евалвативна активност: Бараме и отвораме звучен или видео – запис по избор на учениците.

Page 8: resursi.literatura.mkresursi.literatura.mk/wp-content/uploads/2017/09/7-.docx  · Web view2017. 9. 8. · усни одговори на прашања поставени од наставник,

ДНЕВНО ПЛАНИРАЊЕ

Час: 66Дата: Наставен предмет: работа со компјутери и основи на програмирањетоПрограмско подрачје: Тема 7 - онлајн живеењеНаставна содржина: Звучни / видео содржини на ИнтернетТип на час: обработкаЦели: да се оспособи за пронаоѓање и преслушување на звучни и видео содржини на ИнтернетОчекувани исходи: пронаоѓа и следи звучни и видео содржини на ИнтернетМесто на реализација: училницаФорми на работа: заедничка работа, индивидуална работаНаставни методи и техники: вербален – дијалошки метод, метод на усно излагање, метод на демонстрација, метод на практична работаНаставни средства: компјутер и телевизорСледење и вреднување (методи, инструменти и индикатори): набљудува, чек листа, користи веб - прелистувач

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕВоведна активност:Дискусија: што научивме на минатиот час?Учечко – поучувачка активност:На овој час ќе следиме звучна и видео содржина од Интернет – на веб – страната www.youtube.com ќе го гледаме цртаниот филм за мечето Умка на македонски јазик. Во соодветниот простор од веб – прелистувачот ја внесуваме адресата на веб – страната (www.youtube.com) а потоа филмот го бараме на начин прикажан на сликата.

Адреса навеб -страната

Назив на содржинатакоја ја бараме

Видеото не ни е интересно.Текстот е наруски јазик

Кликнитука

Ова е видеотокоего баравме.Текстот е на македонски јазик

Евалвативна активност:Бараме и отвораме звучен или видео – запис по избор на учениците

Page 9: resursi.literatura.mkresursi.literatura.mk/wp-content/uploads/2017/09/7-.docx  · Web view2017. 9. 8. · усни одговори на прашања поставени од наставник,

ДНЕВНО ПЛАНИРАЊЕ

Час: 67Дата: Наставен предмет: работа со компјутери и основи на програмирањетоПрограмско подрачје: Тема 7 - онлајн живеењеНаставна содржина: Комуникација преку Интернет и безбедносни прашања во однос на Интернет комуникацијатаТип на час: обработкаЦели: да умее да ги користи можностите за текстуална, аудио и видео комуникација преку ИнтернетОчекувани исходи: користи програми за текстуална, аудио и видео комуникација преку ИнтернетМесто на реализација: училницаФорми на работа: заедничка работа, индивидуална работаНаставни методи и техники: вербален – дијалошки метод, метод на усно излагање, бура на идеиНаставни средства: компјутер и телевизорСледење и вреднување (методи, инструменти и индикатори): усни одговори на прашања поставени од наставник, чек листа, користи програми за комуникација

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ

Воведна активност:Се поведува дискусија:

Што е „комуникација“ (Едниот соговорник да искаже некоја мисла, а другиот соговорник да ја разбере таа мисла) Наведете примери за комуникација (Кога двајца вршат разговор лице во лице, по телефон или по радио – врска: како

таксистот со диспечерот)Исто така, може да се комуницира преку Интернет со користење на програми за комуникација.Учечко - поучувачка активност: Модерното користење компјутер значи тој да биде приклучен на Интернет. Приклучувањето на Интернет овозможува примена на програми за комуникација. Комуникацијата може да се извршува со текст, звук или видео. Сигурно ви е познато користење на разни социјални мрежи – веб страна како Facebook, Twitter, Instagram преку веб - прелистувач (Firefox, Chrome, Opera и др.), веб – страни за имеил како Gmail и Yahoo, до кои исто така се пристапува со веб – прелистувач – (порано луѓето праќале писма по пошта и писмата стигале по извесно време. Сега луѓето праќаат писмо/имеил и таа порака стига веднаш на другиот компјутер); користење програми за комуникација како Skype (работи на сите ОС), WhatsApp (работи на Android), Viber (работи на Windows и Android) и др. каде Интернет корисниците меѓусебно комуницираат. Комуникацијата со други луѓе по Интернет значи да се има добри манири. Тоа значи:

да не се претставуваш лажно, да не кажуваш невистини, да не се закануваш некому, да не уценуваш некого, да не исмеваш некого, да не зборуваш лошо за твоите наставници, да не објавуваш слики кои те прикажуваат во негативно светло.

Учениците наведуваат други примери слични на овие. Следува практична демонстрација на модулот за разговор во реално време Gmail Chat на веб- сервисот Gmail.Услови за изведување на разговор во реално време Gmail Chat:

да си најавен на Gmail, личноста со која ќе разговараш да е најавена на Gmail, личноста со која ќе разговараш претходно да ја имаш прифатено како пријател на Gmail Chat.

Евалвативна активност: Учениците набројуваат начини на комуникација по Интернет.

Page 10: resursi.literatura.mkresursi.literatura.mk/wp-content/uploads/2017/09/7-.docx  · Web view2017. 9. 8. · усни одговори на прашања поставени од наставник,

ДНЕВНО ПЛАНИРАЊЕ

Час: 68Дата: Наставен предмет: работа со компјутери и основи на програмирањетоПрограмско подрачје: Тема 7 - онлајн живеењеНаставна содржина: Комуникација преку Интернет и безбедносни прашања во однос на Интернет комуникацијатаТип на час: обработкаЦели: да ги објаснува последиците од споделување на приватни информации на ИнтернетОчекувани исходи: ги знае и применува безбедносните прашања во однос на Интернет комуникацијатаМесто на реализација: училницаФорми на работа: заедничка работа, индивидуална работаНаставни методи и техники: вербален – дијалошки метод, метод на усно излагање, бура на идеиНаставни средства: компјутер и телевизорСледење и вреднување (методи, инструменти и индикатори): усни одговори на прашања поставени од наставник, чек листа, применува правила на безбедност

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ

Воведна активност:Се дискутира за совети од родителите, како на пр. „никогаш не зборувај со некој непознат“. Дали тоа е правило за кое има закон или пак некој друг го дава? Со каква намера ни е кажан тој совет? Заклучуваме дека тоа е правило на кое нè учат родителите, за да ја зголемат нашата безбедност. Учениците кажуваат и други примери од родителите за подобрување на нивната безбедност.Постојат и некои правила кои е добро да се почитуваат кога користиме програми за комуникација на Интернет.Учечко - поучувачка активност: Интернетот е мрежа од компјутери на светско ниво. Никако не смееме да заборавиме дека зад тие компјутери седат вистински луѓе, кои може да бидат со лоши намери кон нас.Воопшто не се бара од нас да проценуваме дали некој има или нема чесни намери, туку треба да почитуваме некои правила за безбедно користење на програми за комуникација по Интернет. Тие се:

нема да кажуваш која ти е домашната адреса, нема да кажуваш во кое училиште учиш, нема да изнесуваш приватни детали: да кажуваш каде работат твоите родители, да кажуваш како се викаат твоите

браќа и сестри и слично, нема да изнесуваш детали за своите вообичаени активности, нема да разговараш со непознати луѓе, односно никако не прифаќај да правиш разговор со непознат. Ако некој, кој не

го познаваш ти прати покана да разговарате по Интернет, треба да му кажеш на твојот родител за тоа, кој ќе знае како да го блокира „неповиканиот гостин“.

Што може да се случи ако сепак заборавиме да почитуваме некои од овие правила? Нема ништо да му недостасува на твојот компјутер, но твојата лична безбедност ќе биде загрозена. На пример, ако кажеш како изгледаш, како се викаш и во кое училиште учиш, некој со нечесни намери може да те пречека после училиште. Учениците кажуваат примери слични на овој.Евалвативна активност: Ги повторуваме правилата за безбедна комуникација по Интернет.

Page 11: resursi.literatura.mkresursi.literatura.mk/wp-content/uploads/2017/09/7-.docx  · Web view2017. 9. 8. · усни одговори на прашања поставени од наставник,

ДНЕВНО ПЛАНИРАЊЕ

Час: 69Дата: Наставен предмет: работа со компјутери и основи на програмирањетоПрограмско подрачје: Тема 7 - онлајн живеењеНаставна содржина: Е-поштаТип на час: обработка Цели: да го разбира концептот за сопствена сметка за е-пошта или слична соодветна наменаОчекувани исходи: го објаснува комуницирањето преку е-поштаМесто на реализација: училницаФорми на работа: заедничка работа, индивидуална работаНаставни методи и техники: вербален – дијалошки метод, метод на усно излагање, метод на демонстрација, метод на практична работаНаставни средства: компјутер и телевизорСледење и вреднување (методи, инструменти и индикатори): усни одговори на прашања поставени од наставник, чек листа, објаснува што е Е-пошта

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ

Воведна активност:Се поведува дискусија со прашањето

Што е „комуникација“ (Едниот соговорник искажува некоја мисла, а другиот соговорник треба да ја разбере таа мисла). Како можете да комуницирате во случај кога соговорникот е далеку од вас? (по телефон, по факс, по радио – врска и

преку пошта) Како изгледа комуникацијата со соговорник преку пошта? (пишувам писмо на хартија, го ставам писмото во коверт, на

ковертот ја пишувам адресата на примателот, на ковертот залепувам поштенска марка, писмото и ковертот ги ставам во поштенско сандаче)

Какви недостатоци има комуницирањето преку обична пошта? (треба да поминат неколку денови додека писмото да стигне до примателот и треба да поминат уште неколку денови додека добијам одговор).

Учечко – поучувачка активност:Проблемите во комуникација преку обична пошта се надминати со воведувањето на е-поштата односно праќање пораки по Интернет. Објаснувам дека почетната буква „е-“ означува нешто што се одвива по Интернет. Така, зборот „пошта“ означува класична пошта, додека зборот „е-пошта“ означува пошта по Интернет. Слично, ако зборот „банкарство“ означува купување и продавање со хартиени пари, зборот „е-банкарство“ означува купување и продавање по Интернет со пари од кредитна картичка. Што е разликата помеѓу „дневник“ и „е-дневник“?Како што во праќањето писма по класична пошта е потребно да се напише адресата на примачот, така и во праќањето пораки по е-пошта треба да се напише адресата. Сепак, класичните адреси се разликуваат од адресите на е-поштата:

Класична адреса:Андреј Андреевскиул. „Првомајска“ бр. 33

Адреса на е-пошта:[email protected]

Објаснувам дека Интернет адресата се препознава што секогаш го содржи знакот @ (кој се чита „ет“ или „мајмунче“). За градбата (структурата) на Интернет адресите, ќе учиме во наредните одделенија. Адресата на е-поштата е „уникатна“, одн. не може да има двајца или повеќе луѓе со исти адреси на е-поштата..Процесот на праќање пораки по е-пошта го илустрирам преку гледање на видео – клипот https://www.youtube.com/watch?v=BQ84_FGoDjk . Потоа се дискутира за неговата содржина.Евалвативна активност:Се објаснува значењето на зборот „е-пошта“.

Page 12: resursi.literatura.mkresursi.literatura.mk/wp-content/uploads/2017/09/7-.docx  · Web view2017. 9. 8. · усни одговори на прашања поставени од наставник,

ДНЕВНО ПЛАНИРАЊЕ

Час: 70Дата: Наставен предмет: работа со компјутери и основи на програмирањетоПрограмско подрачје: Тема 7 - онлајн живеењеНаставна содржина: - Е-поштаТип на час: обработка Цели: да го разбира концептот за сопствена сметка за е-пошта или слична соодветна намена, да користи е-пошта за комуникацијаОчекувани исходи: праќа пораки по е-пошта од заедничка сметкаМесто на реализација: училницаФорми на работа: заедничка работа, индивидуална работаНаставни методи и техники: вербален – дијалошки метод, метод на усно излагање, метод на демонстрација, метод на практична работаНаставни средства: компјутер и телевизорСледење и вреднување (методи, инструменти и индикатори): набљудување, чек листа, праќа порака по е-пошта

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ

Воведна активност:Дискутираме за концептот на е-пошта и за неговите предности во однос на класичната пошта.Учечко – поучувачка активност:На овој час ќе видиме како се праќаат е-писма. Како што во класичната пошта треба да имаме наша (домашна) адреса и на ковертот ја пишуваме адресата на оној што го прима писмото, така и во е-поштата треба да имаме наша е-адреса од која ќе ја пратиме е-пораката.За оваа цел наставникот демонстрира како се праќа е-порака. Се влегува во претходно креираната gmail сметка на www.gmail.com со клик врз SIGN IN, се внесува нашето корисничко име и лозинка (лозинката може да се спореди со клуч со кој можете да влезете дома), креираме порака со лев клик врз полето COMPOSE, се пишува пораката, се пишува адресата на примачот на пораката (не ја знаеме и нема потреба да ја пишуваме неговата лозинка – му пишуваме писмо, не му влегуваме дома), и ја праќаме со клик врз полето Send. Потоа учениците се обидуваат сами да пратат порака. Наставникот со крупни букви ги пишува на табла корисничкото име и лозинката на е-сметката.Евалвативна активност:Дискутираат што научија на овој и на претходниот час.

Page 13: resursi.literatura.mkresursi.literatura.mk/wp-content/uploads/2017/09/7-.docx  · Web view2017. 9. 8. · усни одговори на прашања поставени од наставник,

ДНЕВНО ПЛАНИРАЊЕ

Час: 71Дата: Наставен предмет: работа со компјутери и основи на програмирањетоПрограмско подрачје: Тема 7 - онлајн живеењеНаставна содржина: Блогот како едноставен начин за поставување работи на ИнтернетТип на час: обработка Цели: да се запознае со можностите за блогирањеОчекувани исходи: објаснува што е блог и блогирањеМесто на реализација: училницаФорми на работа: заедничка работа, индивидуална работаНаставни методи и техники: вербален – дијалошки метод, метод на усно излагање, метод на практична работа.Наставни средства: компјутер и телевизорСледење и вреднување (методи, инструменти и индикатори): усни одговори на прашања поставени од наставник, чек листа, објаснува што е блог

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ

Воведна активност:Дискутираме:

кои можности постојат за примена на Интернетот? што е веб – страна? кој може да создаде веб – страна?

Учечко – поучувачка активност:Учениците објаснуваат како да се дојде до информација на Интернет - повторување на изучените содржини во час број 63. Кој ги создава веб – страните кои ги посетивме? Овие веб – страни ги создаваат поединци или фирми за изработка на веб – страни. Но како да постапиме ние (не сме ни програмери, ниту имаме фирми за изработка на веб – страни) кога сакаме да објавиме некоја информација на Интернет. Нагласувам дека таа информација треба да биде достапна за сите корисници на Интернет, а не само за нашите пријатели. Блогот како посебен тип на веб – страна која можат да ја креираат и обични луѓе, а не само професионалци. Притоа, блогот се користи само за објавување информации, при што најновите информации се појавуваат најгоре на блогот.За илустрација на блог, го разгледуваме блогот за натпревари по природни науки http://prirodni-nauki-natprevari.blogspot.mk/ .. Воочуваме дека најновите информации се наоѓаат најгоре на блогот, а колку известувањето има постара дата, се наоѓа после известувањето со понова дата.Блогот не се користи само за известувања, туку и за многу други работи кои го интересираат оној што го прави блогот, на пр. блог за здрава храна, за готвење, за уметност ...Евалвативна активност:Дискутираме:

што е блог и за што се користи?; кога вие би правеле блог, за што би пишувале?

Page 14: resursi.literatura.mkresursi.literatura.mk/wp-content/uploads/2017/09/7-.docx  · Web view2017. 9. 8. · усни одговори на прашања поставени од наставник,

ДНЕВНО ПЛАНИРАЊЕ

Час: 72Дата: Наставен предмет: работа со компјутери и основи на програмирањетоПрограмско подрачје: Тема 7 - онлајн живеењеНаставна содржина: Блогот како едноставен начин за поставување работи на ИнтернетТип на час: обработка Цели: да се запознае со можностите за блогирањеОчекувани исходи: објаснува како и каде се користат алатки за блогирањеМесто на реализација: училницаФорми на работа: заедничка работа, индивидуална работаНаставни методи и техники: вербален – дијалошки метод, метод на усно излагање, метод на демонстрација, метод на практична работаНаставни средства: компјутер и телевизорСледење и вреднување (методи, инструменти и индикатори): набљудување, чек листа, користи блог за размена на мисли

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ

Воведна активност:Дискутираме за разните можност за користење на Интернет и за блогот како начин за информирање.Учечко – поучувачка активност:Постои еден посебен начин на блогирање, кое го нуди веб – страната www.padlet.com . Овој начин на блогирање може да се користи во образованието. Наставникот на падлетот кој го креира, може да постави одредено прашање (на пр. за некоја лектира), а учениците да одговараат на ова прашање.Ја отвораме страната www.padlet.com , го кликаме полето Log in и се најавуваме со нашата Gmail адреса, со facebook сметката или со сметка која веќе ја имаме. Се кликнува полето Make a padlet и креираме падлет со содржина која ќе ја одбереме.

Изглед на падлет, применет во наставата

Го гледаме видеото https://www.youtube.com/watch?v=0kcMu46wYe4 и дискутираме за неговата содржина.Евалвативна активност:Дискутираме: што изучувавме на овој час?