Transcript
Page 1: Д Н Е В Н А П О Д Г О Т О В К А

Д Н Е В Н А П О Д Г О Т О В К А

Предмет: Англиски јазик

Одделение: VII -3

Наставник: Анка Апостолоска

Наставна целина: UNIT-6 "WE'LL NEED A HELP"

Наставна единица: Читање со разбирање на текст на тема наука и технологија „THE SPACE RACE“

Цели на часот: - комуникативни да го разберат текстот и преку формативно оценување со помош на стратегии (грозд, зсну ) да се дојди до повратни информации колку го разбрале и сфатиле текстот. - јазични нов вокабулар: space race, space exploration launch, space shuttle, disaster, send back - цивилизациски улогата на технологијата и техниката во научните откритија и натпревар помеѓу SSSR и USA во вселенските откритија.

Воведен дел на часот: Во воведниот дел на часот преку неколку прашања пр. What`s the name of our planet ? How many planets do you know? Where are the situated ? ке дојдиме до зборот „ space“ кој ке биде основа за стратегијата „грозд“ која учениците ке ја работат во помали групи и со помпш на истата ке состават по три реченици кои ке ги презентираат (време од 6 мин.)

Главен дел на часот: Се отвораат учебниците на страна 61 и ги откриваат сликите, а потоа преминуваме на silent reading го читаат првиот дел од текстот( А,Б,С) време од 2мин.потоа секој ученик го чита примерот и ја изработува вежбата на лист хартија, ги разменуваат ливчината и секој ученик на својот партнер му ги проверува одговорите (кои претходно се напишани на табла) после тоа пак ги разменуваат ливчината и секој сам составува реченици за секој даден одговор на она што можат да се сетат со затворени книги ( време од 10мин.) Ги насочувам на вториот дел од текстот преку прашањето Do you know who are the two competitors in the space race ? за да се истакнат SSSR I USA ги прашувам и објаснувам за сликата со Armstrong, потоа учениците го читаат вториот дел од текстот (D,Е,F ) и по парови го

Page 2: Д Н Е В Н А П О Д Г О Т О В К А

пишуаат правилниот распоред на реченицата, и потоа усно ги проверуваме одговорите (време од 10мин)

Завршен дел од часот: Со помош на стратегијата ЗСНУ ( со exit list ) го завршувам часот и така ке дојдам до повратна информација.

Форма и методи:

Фронтална, групна,комбинирана,работа по парови,визуелна, читање, интерактивна метода.

Наставни средства и методи:

Учебник , слики, чек листи, табла и креда.

Активности на учениците:

Читање, пишување, разговори со и помеѓу учениците практична изведба, самопроверка и проверка на соучениците, согледување на постигнатото ниво на учење во текот на часот и мотивираноста.

Активност на наставникот:

Насочување, поучување, контрола на работата врз учениците.

Забелешка:

Постигање, потешкотии, импликации за работа.


Recommended