10
1

Весник Македониум бр.1

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: Весник Македониум бр.1

1

Page 2: Весник Македониум бр.1

2

СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ПАК ЈА ПОВИКА АЛБАНИЈА ДА ГИ

ПОЧИТУВА МАЛЦИНСТВАТА

Парламентарното собрание на Советот на Европа усвои на

2 октомври, 2014 година, извештај за Албанија,

истакнувајќи дека и покрај постигнатиот напредок,

остануваат вознемирувачки прашања како што се

непристрасноста на државните институции, независноста

на судството, корупцијата и непочитување на

малцинските права.

Според извештајот, што го изготвија известителите Григоре Петренко и Џонатан Еванс, се

истакнуваа партизираност на демократските институции, распространета корупција во

судството, отсуство на политички дијалог, односно преголем јаз меѓу власта и

опозицијата.

„Во врска со заштитата на малцинските права и борбата со дискриминацијата,

признавајќи ги притоа сите постигнувања, го повикуваме парламентот да усвои сеопфатен

закон за малцинствата, како и закон за заштита од дискриминација“, се вели во

препораките на ПССЕ. Притоа се истакнува дека Албанија ја нема ниту потпишано ниту,

пак, ратификувано Европската повелба за малцински или регионални јазици и затоа се

повикува Тирана без одлагање да ја исполни таа обврска.

Page 3: Весник Македониум бр.1

3

Александар Николоски, кој е

во Мониторинг-комитетот на

СЕ, во дискусијата посочи

дека Албанија мора да биде

поинклузивно општество не

само за политичките сили

туку и за сите етнички групи

што живеат во земјата.

Пратеникот од ВМРО-

ДПМНЕ притоа истакна две

прашања кои се поместени во

извештајот, а тоа се локалната

самоуправа, односно новата Александар Николоски (Пратеник од партијата ВМРО-ДПМНЕ

-Република Македонија.)

територијална поделба, која е на штета на македонското малцинство и дискриминацијата

на малцинствата.

- Слабост на законот за организација и функционирање на локалната самоуправа е

во тоа што не им дава на градските совети овластување над избраниот градоначалник, што

би можело да доведе до конфликти. Би сакал да ве информирам дека во Албанија постојат

општини главно населени од малцинството на етничките Македонци. Имајќи предвид

дека со законот за територијална и административна реформа се предвидува општините да

имаат најмалку 10.000 жители, тоа значи дека овие општини ќе треба да се спојат со друга

општина. Согласно со законот, доколку општините се спојат со друга општина,

Македонците се плашат дека тие ќе ги загубат своите основните малцински права бидејќи

во новите општини албанското население ќе биде доминантно – рече Николоски додавајќи

дека се надева оти законот ќе падне пред Уставниот суд на Албанија.

Албанскиот пратеник од

владејачката Социјалистичка

партија, Едуард Шалси, му

реплицира на Николоски

потенцирајќи дека

територијалната реформа и малцинствата се тема за која во

албанското општество се

зборува 20 години.

Едуард Шалси (пратеник од Социјалистичката партија во Албанија)

Page 4: Весник Македониум бр.1

4

-Македонското и грчкото малцинство ќе имаат свои општини. Ги исклучивме

главните критериуми за да ги исполниме барањата на малцинствата. Kако дел од

територијалната реформа, Пустец сега е општина на македонското малцинство – рече

Шалси, не спомнувајќи дека претходно се избришани македонските општини во Гора и во

Голо Брдо. Меѓутоа, од територијалната поделба не беа задоволни не само Македонците

туку и Грците и тие неодамна најавија дека ќе поведат постапка пред Уставниот суд

поради тоа што законот не ги почитува одредбите од конвенцијата за заштита на

националните малцинства. Наставата на јазиците на малцинствата (признаените и други)

останува несоодветна. Во некои области во кои живеат малцинства се обезбедени

функционални училишта на македонски јазик, но надвор од овие области барањата за

образование на овие јазици најчесто се одбивани од властите, посочи Александар

Николоски.

- Парламентарното собрание на Советот на Европа треба да го следи ова и да го бара од

властите и во согласност со Повелбата за регионални и малцински јазици да обезбедат

образование на македонските јазик – додаде тој.

На крајот на извештајот од страна на Парламентарното собрание се нагласува дека

ќе се продолжи да се следи спроведувањето на обврските и заложбите преземени од

страна на Албанија, додека овие проблеми не добијат позитивни одговори.

ПО ШЕСТИ ПАТ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГОРНО КРЧИШТЕ ГО

ПРОСЛАВИЈА ПРАЗНИКОТ СПАСОВДЕН

Македонците во Горно Крчиште, општина Маќеларе, традиционално по

шести пат организираа прослава на

Христијанскиот празник Спасовден. Прославата се одржа кај црквата

“Свeти Спас”, која е изградена во 1232 година и е споменик на културата,

додека за времето на Енвер Хоџа беше претворена во магацин.

Црквата “Свeти Спас”, Горно Крчиште

Page 5: Весник Македониум бр.1

5

На 13 јуни 2009 година се изврши преосветување на црквата “Свети Спас”, која со помош

на Македонците од Крчишта посебно на Лефтер Радевски и фамилија Дуковски црквата

повторно се догради.

На прославата се одржа и богослужбата

на македонски јазик каде присуствуваа

Македонци од Ербеле и Крчишта и

Македонци со потекло од овие села а

кои се населени во различни градови во

Албанија и во Македонија. Инаку

селата Крчишта и Ербеле се

македоноски села кои се наоѓаат во

Општина Маќеларе, Албанија,

оддалечени 10 километри од Дебар. Со

поделбата на Македонија во 1913 овие

села припаѓаат на Кралството СХС, а од

1925 заедно со областа Голо Брдо потпаѓаат под Албанија, а за возврат кралството СХС го

добива манастирот „Свети Наум“. Денеска во овие села се останати неколку македонски

фамилии додека останатите Македонци, како што самите кажуваат, под различни

притисоци од Албанците се преселени во други места а нивните имоти се узурпирани.

Овој притисок го чуствуваат и преостанатите македонски фамилии

останати во овие села. Иако овие Македонци се раселени низ Албанија сепак не го

забораваат своето македонско потекло и одлично го зборуваат македонскиот јазик.

ОТКРИЕНА БИСТА НА МАКЕДОНСКИОТ ПИСАТЕЛ

СТЕРЈО СПАСЕ И ОДРЖАН МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОРЕН

ФЕСТИВАЛ ПРЕСПА 2014!

На 14 август 2014 година, во село Глобочени,

општина Пустец, областа Мала Преспа, Република

Албанија, се одбележа значаен јубилеј

100 години од раѓањето на Стерјо Спасе, Македонец,

кој живееше и твореше во Албанија.

Page 6: Весник Македониум бр.1

6

Сред село Глобочени, пред голем број на Глобоченци и Македонци од Албанија и

Македонија, беше откриена бронзена биста на Стерјо Спасе.

Бистата е донација на

скулпторката Валентина

Стевановска, а леењето е на

МАКСТИЛ а.д. Скопје. На

откривањето на споменикот на

Стерјо Спасе, пригодно обраќање

имаше неговиот син Илинден

Спасе кој и денес е актуелен

писател во Албанија, како и

претставникот на Македонската

академија на науките и

умтеностите академик Блаже

Ристовски. Споменикот го открија градоначалникот на општина Пустец и најстариот

жител на селото Глобочени.

- Македонците во Албанија се

горди на животот и делото на

Стерјо Спасе, затоа што беше

достоен Македонец и автор на

повеќе дела, вградени во

албанската литература, како

значаен придонес на

Македонците во албанското

општество. Скромни сме во

одбележувањето на јубилејот, но

достојни на името на Стерјо

Спасе, – рече градоначалникот на

општина Пустец, Едмонд

Темелко, на откривањето на

споменикот.

Page 7: Весник Македониум бр.1

7

Веднаш по откривањето на споменикот на Стерјо Спасе, во негова чест, се одржа

традиционалниот Македонски фолклорен фестивал ПРЕСПА 2014, со богата културно-

уметничка програма – фолклорни групи од Мала Преспа и од цела Албанија и песни од

бардот на македонската народна песна Круме Спасовски.

На почеток на фестивалот македонската национална химна ја исполни оперската

певица Серафина Фантаузо, а Песна за Македонија рецитираше поетесата Виолета

Сековска.

На Македонскиот

фолклорен фестивал

ПРЕСПА 2014 учествуваа

фолклорни групи од

Пустец, Шулин, Леска,

Долна Горица и Туминец.

Присутните на

македонскиот фолклорен

фестивал “ПРЕСПА 2014”

ги поздавија

градоначалникот на

општина Пустец, Едмонд

Темелко, амбасадорот на

Македонија во Албанија

Стојан Карајанов, пратеничката во Собранието на Република Македонија Лилјана

Page 8: Весник Македониум бр.1

8

Поповска, пратеникот во Собранието на Република Македонија од Австралија Васко

Наумовски и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.

КОЈ Е СТЕРЈО СПАСЕ?

Стерјо Спасе е роден во село Глобочени, на 14 август, во далечната 1914 година. Стерјо

Спасе живееше како Македонец, со дела вткаени во современата албанска литература.

Стерјо Спасе е еден од најзначајните претставници во современата албанска литература.

Стерјо Спасе истовремено е еден од

најуспешните писатели во Албанија од

македонско потекло. Неговиот син

Илинден Спасе, исто така, е ценет

македонски и албански писател во

Албанија. Своето основно образование го

започнал во Корча, а го продолжил во

Елбасан. Работел како наставник во

Дервичане во близина на Ѓирокастро,

студирал педагогија на Универзитетот

Флоренца во Италија, а магистрирал во

Русија. По Втората Светска Војна, Стерјо

Спасе работи како книжевен критичар и

пишува за списанијата “Ново училиште“ и

“Популарно образование“. Пишувал и за

списанијата “Наша литература“ и

“Ноември“. Стерјо Спасе бил член на

Албанската лига на писателите и

уметниците. Починал на 13 септември 1989

година во Тирана. Стерјо Спасе својата

писателска кариера ја започнал кога

предавал како наставник во селското училиште во Дервичане во близина на Ѓирокастро на

18 годишна возраст. Во 1935 година ја напишал својата најпозната книга “Зошто“ или

позната под целосниот наслов “Од живот за живот –

зошто“. Романот “Зошто“ е напишан во вид на дневник и се фокусира на една трагична

дилема на еден млад интелектуалец во рурално место. Позначајни романи на Стерјо Спасе

се: “Зошто“ објавен во 1935 година, “Афардита“ објавен во 1944 година, “Тие беа

осамени“ објавен во 1952 година, “Афардита повторно на село“ објавен во 1954 година,

“Езерото“ објавен во 1965 година, “На женскиот сокол“ објавен во 1966 година, “Оган“

објавен во 1972 година, “Будење“ објавен во 1973 година, “Свештеничка“ објавен во 1975

година, “Или смрт или слобода“ објавен во 1978 година, “Бунтовниците“ објавен во 1983

Page 9: Весник Македониум бр.1

9

година, “Денес или никогаш“ објавен во 1989 година. Позначајни раскази на Стерјо Спасе

се: “Круна на младоста“ објавен во 1934 година, “На раката на една“ објавен во 1934

година, “Поздрав од село“ објавен во 1958 година, “Писма до мојот внук во Тирана Аријан

од Македонија и Косово“ објавен во 1975 година, а во 1995 година во превод и на

македонски јазик.

ПУСТЕЦ ОСТАНУВА ОПШТИНА, ОНИЕ ВО

ГОЛО БРДО И ГОРА СЕ УКИНУВААТ

Македонската општина Пустец во Албанија го

задржува тој статус. Но таа среќа ја немаат

општините во областите Гора и Голо Брдо населени

главно со Македонци. Тие со сите пет варијанти кои се

предлагаат од владата, се предлага припојување кон

други општини.

- Министерот за локална самоуправа Бленди Чучи пред парламентарната комисија

за територијалната реформа на денешната седница престави пет варијанти за

територијалната реформа. Во сите пет варијанти општина Пустец не се укинува и останува

посебна општина. Додека општините во Голо Брдо и Гора во сите пет варијанти се

припојуваат со повеќе општини,- рече Васил Стерјовски од македонската партија

Македонска алјанса за европска интеграција (НАЕИ), кој како претставник на

Македонците присувуваше на денешаната седница на комисијата.

Според Стерјовски, во наредните два месеца следува јавна

дебата за овие предлози и на крајот од јули парламентот ќе

гласа за новата територијална реформа. Во овој период,

нагласува тој, ќе дадеме максимум и ќе ги искористиме

сите законски процедури и да издејствуваме општините во

Гора и Голо Брдо да останат како посебни или да се

организира по една општина за секоја област.

Еќерадо Докле, Македонец од Гора кој се бори за правата

на Македонците во оваа област, е среќен што Пустец

останува како самостојна локална самоупарва.

(Васил Стерјовски-МАЕИ)

Page 10: Весник Македониум бр.1

10

-Се радувам за Пустец, зашто и тоа е една заедничка победа за Македонците. Од

секогаш, со векови областа Гора се викала Гора со седиште во Шиштавец. А сега се

припојуваме кон околија Кукс, шт ќе биде една општина.Тоа значи дека ние остауваме

едно зрно во плажа со песок, – вели Докле.

Идентичн е ставот и на Македонците од Голо Брдо,каде до сега имаа три општини

а сега сите тие се припојуваат кон Пешкопеа. Република Албанија спроведува реформа на

локалната самоуправа, со цел да се намали бројот на општините.

АЛБАНСКАТА ВЛАДА ИНВЕСТИРА 100

МИЛИОНИ ДОЛАРИ, ЗА ПУСТЕЦ НЕМА ПАРИ

Албанската влада го најави проектот “Урбана

Преродба” преку кој ќе се подржат проекти на целата

територија на Албанија од север до југ, опфаќајќи

повеќе градови како и туристички места.

Целта на овоj проект е развивање на центрите на окрузите, но и развивање на

туристичките области. Од буџетото на Албанија предвидени се 100 милиони долари за

подршка на овој проект.

Општина Пустец, иако е прогласена за туристичко подрачје, каде се наоѓа Преспанското

езеро и Националниот Парк Преспа, нема да добие ниту еден проект, иако за подобрување

на условите за живот и развој на туризмот во општина Пустец потребни се изградба на

водоводи и канализации во повеќето села во општина Пустец, асфалтирање на локални

патишта како и уредување на плажи на брегот на Преспанското езеро.