8
ПРЕДЛОГ ЗАКОН ИНТЕРВЈУ Споредба на двата закони - оној донесен во 1972 и оној од 2013 За правото на избор Адекватна едукација по прашање на контрацепцијата Весник на Матка - платформа за слободен пристап до легален абортус број 2 март 2014 илустрација: Марјан Димиќ СТАВ Д-р Бојан Митаноски Калиа Димитрова Кристина Леловац

Избор! бр.2 весник на Матка

  • Upload
    -

  • View
    254

  • Download
    0

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Втор број на Избор, весник изработен од Матка - платформа за слободен пристап до легален абортус, во рамките на програмата на иницијативата “Мое тело - мој избор“

Citation preview

Page 1: Избор! бр.2 весник на Матка

ПРЕДЛОГ ЗАКОН ИНТЕРВЈУ

Споредба на двата закони - оној донесен во 1972 и оној од 2013

За правото на избор

Адекватна едукација по прашање на контрацепцијата

Весник на Матка - платформа за слободен пристап до легален абортус

број 2 март 2014

ил

устра

ци

ја: М

ар

јан

Ди

ми

ќ

1СТАВ

Д-р Бојан МитаноскиКалиа Димитрова Кристина Леловац

Page 2: Избор! бр.2 весник на Матка

2 УВОДНИК

издавач: Матка - платформа за слободен пристап до легален абортус

уреднички тим: Борјана Мојсовска, Благица Петрова, Кристина Леловац

ГРАФИЧКИ УРЕДНИК: Игор Делов

редакција: Борјана Мојсовска, Благица Петрова, Ирена Цветковиќ, Фросина Стојковска, Искра Гешоска, Наташа Ѓорѓиевска, Марија Савовска, Јана Старделова, Јана Коцевска, Марија Матовска

Печати Печатница Серафимовскитираж: 1250 примероци

Предлог – законот за прекин на абортусот кој беше усвоен на 29 мај 2013, по второто читање ( по скратена постапка!) го осудивме како ограничувачки, дискримирачки и нетранспарентен. Советувавме, апелиравме, протестираваме да не се донесе нов закон за прекин на бременоста кој дополнително ќе го отежни пристапот до абортус и ќе ја уназади положбата на жената. Мноштво од одговорите на подржувачите на промените на постоечкиот закон е дека грото од законот останува ист, а разликите се минорни-кои постојат само за да ја зголемат безбедноста на жената. Нагласувањето на сличностите меѓу двата закони, не води до неизбежната вистина-дека впрочем нов закон бил и повеќе од потребен. Очигледно и стариот закон ги имал истите пукнатини како и овој свежо изгласаниот. Новиот закон кој треба да се креира демократски, јавно и транспаренто е далеку од она што беше предложено и конечно прифатено како нов Закон за прекин на бременоста.Споредба меѓу двата закони (оној донесен во 1972 година и оној донесен во 2013) е направена од страна на Мирјана Најчевска, професор, експерт за човекови права, на блогот „Квадратура на кругот“, каде е направена анализа на овие два закони и нивните недоследности. Според проф.д-р.Најчевска:

1 Прв проблем е скратената постапка во која се протуркува овој закон. Имено, по скратена постапка се носат промени на закони кои се од помала важност. Прашањето на абортусот е едно од најконтроверзните прашања на современиот свет, на кое се кршат копјата на религијата и концептот за човекови права. Тоа е прашање кое бара сериозна филозофска, етичка, правна и секако медицинска анализа. Такви анализи не се направени, што значи дека наместо демократска процедура, власта најдиктаторски и авторитарно го наметнува сопствениот поглед на свет и вредносен систем кој во многу елементи е спротивен на концептот за човековите права и основни слободи и ратификуваните од страна на Македонија конвенции поврзани со овој концепт. Отсуството на јавна расправа води кон единствен можен заклучок дека

ПРЕДЛАГАЧОТ ЈА УЗУРПИРА ВЛАСТА И НА НЕДЕМОКРАТСКИ НАЧИН СЕ ОБИДУВА ДА РЕГУЛИРА ОДРЕДЕНА МАТЕРИЈА. НЕДЕМОКРАТСКОТО ПОСТАПУВАЊЕ СПОРЕД УНИВЕРЗАЛНАТА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВОДИ КОН БУНТ И НЕДЕМОКРАТСКО СИМНУВАЊЕ НА

ВЛАСТОДРШЦИТЕ.

2Втор проблем е тврдењето дека законот се носи со цел внесување промени соодветни “со современиот здравствен систем и актуелните методи и принципи на лекување“. Со оглед на тоа дека немало јавна расправа во која ќе може да се слушне гласот на стручњаците од оваа област и нема ниту една референца која што би упатувала на што точно мисли предлагачот, единствен можен заклучок е дека ПРЕДЛАГАЧОТ НА ЗАКОНОТ ЛАЖЕ.

3Трето, тврдењето дека овој Закон нема импликации врз буџетот на државата, односно, нема фискални импликации, е ЛАГА. Имено според чл. 8 од законот “Трошоците за работата на второстепената комисија паѓаат на товар на Министерството за здравство.“

4Четврто, тврдењето на предлагачот дека станува збор за дополнување на законот за прекинување на бременоста (дадено во воведот на предлагачот) е ЛАГА. Имено, воопшто не станува збор за дополнување туку за сосема нов закон, што јасно произлегува од материјалот доставен до Собранието на Република Македонија.

5Петто, проблем е што во законот не се предложени промени со кои ќе се адресираат недоследностите на претходниот закон и ќе се направи текст кој ќе соодветствува на определбата на Република Македонија да стане дел од ЕУ и своето право да го гради врз основа на концептот за човекови права.

6Членот 2 од Законот според кој “Прекинување на бременоста е посебна медицинска интервенција за која слободно одлучува бремената жена“ е ЛАГА. Имено целокупниот натамошен текст на Законот е наменет токму за ограничување и оневозможување на жената слободно да одлучи за прекинувањето на бременоста.

7Ограничувањето на периодот во кој жената може да абортира на 10 недели (направено во 1976 година кога е скратен овој период од 12 на 10 недели) нема ниту медицински ниту правни оправдувања. Напротив, во многу поразвиени општества, со подобри здравствени капацитети и напредна технологија, е утврдено дека нема место за скратување

ПРЕДЛОГ ЗАКОН

на овој период, бидејќи шансите за преживување на плодот на таа возраст се минимални. Најголем број од државите го имаат прифатено периодот од 12 недели, а помал се определиле за 18 односно 24 недели.

8Ставот 2 од чл. 3 на предложениот закон според кој “Прекинување на бременоста не може да се изврши ако од прекинување на предходната бременост не поминала една година“ (задржано од претходниот закон) е спротивен на претходно утврдената слобода на одлучување на жената. Во отсуство на релевантна дискусија на стручно ниво и на релевантни стручни податоци, ова решение едноставно нема оправдување.

9Членот 5 од предлог законот според кој “Во постапката за одобрување и извршување на прекинување на бременост се обезбедува почитување на достоинството на бремената жена, на правото на приватност, информираност, прифаќање и одбивање на медицинска интервенција и на доверливост на личните и медицински податоци согласно прописите за заштита на правата на пациентите.“, е контрадикторен на останатиот текст од законот во делот за почитување на правото на приватност на бремената жена, информираноста, доверливоста на личните и медицинските податоци (види точка: 11 и 12 од овој текст)

10Одредувањето на стриктни протоколи и прецизна процедура, заедно со високите казни (25-50000 евра за правното лице, 3-5000 на одговорното лице, 5-6000 за докторот и 2-3500 евра за здравствениот работник), значат фактичко усложнување на барањето за абортус. Имено, за да се заврши целокупната постапка за добивање дозвола за абортус во рамките на утврдените 10 недели (според многу прецизните протоколи дадени во новите решенија, а избришаната одредба за итност на постапката постоечка во чл. 5 од актуелниот закон), истата треба да започне најдоцна во третата недела од зачнувањето. Ова значи дека е најдобро жената воопшто да не чека изостанување на првата наредна менструација за да се посомнева во евентуална бременост, туку после секој сексуален чин да проверува дали е бремена. Во спротивно во текот на неколку недели ќе треба: да закаже и направи ултрасонографски преглед, да ја собере сета потребна документација предвидена во чл. 9 од Законот, да достави писмено барање за прекин на бременост (кое некој треба да го разгледа и на него да одговори), да закаже средба со доктор кој “е должен да изврши советување на бремената жена за можните предности за продолжување на бременоста како и за ризиците при спроведување односно неспроведување на интервенцијата за прекинување на бременоста по здравјето и животот на жената“, да поминат најмалку 3 дена од извршеното “советување“ од страна на докторот, доколку докторот реши дека не сака да ја изврши интервенцијата, жената треба да се обрати до првостепена комисија за одобрување на прекинување на бременост (до која поднесува: потврда од специјалист гинеколог, потврда од специјалист од соодветна гранка на медицината за заболувањето на кое се повикува) и која треба да одлучи во рок од 3 дена, а не подолго од 7 дена, може да даде приговор на решението на првостепената комисија, а која исто така мора да одлучи во рок од три дена, а не подолго од 7 дена.

11Покрај невозможната мисија за собирање на целокупната документација жената е изложена и на процес на дезинформирање. Имено, исто како и во стариот закон,

докторот не е задолжен да и ги објасни на жената сите ризици (тоа значи и ризиците од раѓање на детето, односно, на бременоста, породувањето) ниту пак да и ги објасни можните предности од тоа да не се роди детето. Едностраната информација е рамна на дезинформација, а во услови на вака чувствителен период, ова значи МАНИПУЛАЦИЈА на бремената жена.

12Правото на приватност на жената и доверливоста на личните и медицински податоци се нарушени во чл. 10 од законот, со тоа што на седницата на комисијата бремената жена и НЕЈЗИНИОТ БРАЧЕН ДРУГАР треба да присуствуваат доколку бидат повикани од страна на комисијата (што е дури и засилено во однос на постоечкиот текст), и со чл. 21 каде што е предвидено советување на сопругот на бремената жена за штетноста на абортусот. Уште повеќе, здравствениот работник кој нема да го информира брачниот другар за барањето на жената да ја прекине бременоста, ќе биде казнет со глоба од: 2000 до 3500 Евра. Вмешувањето на брачниот другар веќе само по себе ја нарушува слободата на одлучување на жената, а во услови на патријархално семејство или религиозни забрани, ова може да значи потполно оневозмоување на жените да го остварат абортусот. Во предлогот на закон ми се допаѓа барањето за постоење на програми за образование на младите во кои е вметнато и запознавање со средства и методи за контрацепција. Меѓутоа крајно нејасно ми остана што се подразбира под “воспитување на младината за хумани и здрави односи меѓу половите (чл. 22 став 1). Може да се толкува навистина на различни начини. Можни последици од донесувањето на ваков закон: Засилените контролни механизми и казнената политика, без соодветно прилагодување на останатите одредби кон новите вредносни рамки на концептот за човекови права, можат да значат енормно зголемување на нелегалните абортуси (во несоодветни услови, на несоодветен начин и со тешки последици по здравјето на жените), посебно кај жените муслиманки и жените од руралните и неразвиени подрачја, како и жените со лош материјален статус. Според последните статистики, над 65000 жени умираат годишно во светот заради несоодветно направени абортуси што вообичаено се должи на рестриктивни закони. Материјално оптоварување на бремените жени кои ќе побараат услуги во соседните држави. Ослабување на позицијата на жената во семејството и нејзино натамошно опресирање, малтретирање и силување во рамките на брачната зедница.

ЗАРАДИ ОВА, ВАКВИОТ И НА ВАКОВ НАЧИН ДОНЕСЕН ЗАКОН Е ЗАКОН ЗА ЗАБРАНА НА АБОРТУСОТ И Е ПРОТИВ, А НЕ ЗА ЖЕНИТЕ.

И заради ова, ваквиот и на ваков начин предложен закон е спротивен на светските трендови:

Во најновите извештаи на ООН, забраната на абортусот е идентификувана како вид на тортура, правото на абортус постепено се издигнува на ниво на човеково право. Затоа, ајде да донесеме нов закон. По редовна процедура. Со многу јавна расправа, со земање предвид на мислењата на жените, со вистинска примена на домашното и светско искуство,и следење на стандардите на концептот за човековите права и основни слободи.

Очигледно и стариот закон ги имал истите пукнатини како и овој свежо изгласаниот.

Извор: Блог-Квадратура на кругот: http://kvadraturanakrugot.crnaovca.

mk/2013/05/29/predlog-zakon-za-prekinuvan-je-na-bremenosta-po-skratena-postapka/

Kалиа Димитрова

Page 3: Избор! бр.2 весник на Матка

Со рестриктивен закон, во земја како што е Република Македонија, постои голема шанса да се зголеми стапката на нелегални абортуси!

Д-р Бојан Митаноски

ИНТЕРВЈУ

1. Дали сметате дека со промените на Законот ќе се зголеми стапката на нелегални абортуси, особено во руралните делови на државата?

Веројатно да, затоа што кога жена ќе се одлучи за прекин на бременост тоа е одлука која е најчесто претходно размислена и конечна. Ретко кога, и покрај сето убедување тоа да не се прави, некоја пациентка ќе се предомисли. Со рестриктивен закон, во земја како што е Република Македонија, постои голема шанса да се зголеми стапката на нелегални абортуси или едноставно жените тоа да го прават во други, соседни земји со полиберални закони по тоа прашање.

2. Од Вашето искуство, по легално извршен абортус, колку жени имале проблеми со повторно забременување или со репродуктивното здравје?

Да бидам јасен, хируршкиот абортус е инвазивна процедура и како таква си носи ризик и е дефинитивно најлошата метода на избор во нешто што се нарекува планирање семејство. Постојат серија на можни компликации и ризици од кои најсериозна е перфорацијата на матката која се случува во просек кај една од 1000 жени, потоа заостанат дел од концептусот што е случај кој околу 10% жени (па е потребно повторување на зафатот), инфекции, анестезиолошки компликации итн. Најчеста доцна компликација е т.н. Ашерманов Синдром, оштетување на слузницата на матката како резултат на преагресивен зафат, а такво нешто навистина подоцна значи и проблем за повторно забременување. Важно е да се каже дека кога абортусот го прави лекар кој е соодветно обучен, во институција во која такви зафати треба да се прават, тогаш навистина сите рани и подоцнежни компликации се сведени на најмала можна мерка и навистина многу ретко се причина за проблеми за повторно забременување. Да бидеме реални, царскиот рез претставува многу поголем проблем за следно забременување и воопшто за текот на следната бременост отколку адекватно извршениот артефициелен абортус.

3. Еден од најчестите аргуме-нти/митови на опонентите на абортусот е дека жените по тоа искуство остануваат психички осакатени и цел живот се каат за таа одлука. Како би го прокоментирале ова?

Сметам дека тоа не е точно, доколку одлуката за прекин на бременост е донесена свесно и е волја на самата жена.

4. Кои се предностите и недостатоците на медика-ментозниот абортус и кој е вашиот став кон него?

MEДИКАМЕНТОЗНИОТ АБОРТУС Е УСПЕШЕН ВО НАД 90% СЛУЧАИ КОГА Е НАВРЕМЕ ПРИМЕНЕТ.

ИДЕАЛНО НЕКАДЕ ПРЕД ШЕСТАТА ГЕСТАЦИСКА НЕДЕЛА.

Медикаментозниот абортус е успешен во над 90% случаи кога е навреме применет. Идеално некаде пред шестата гестациска недела. По земањето на медикаментите текот на настаните е сличен како кај комплетниот спонтан абортус. Во околу 5% случаи потребно е сепак да се изврши класичен хируршки зафат, затоа што не се исфрла докрај целиот концептус, но и тој зафат е обично поедноставен, затоа што се елиминира помалку ткиво и помалку се оштетува слузницата на матката. Генерално, медикаментозниот абортус во голема мерка ги елиминира сите хируршки ризици на „класичниот“ абортус. Секако дека се работи за процедура која треба да биде спроведена и од соодветно обучен за тоа кадар и институција.

5. Кои мерки сметате дека најмногу ќе придонесат за намалување на бројот на неса-кани бремености?

ВО МАКЕДОНИЈА ЕДНА ОД НАЈЧЕСТИТЕ ПРИЧИНИ ЗА АРТЕФИЦИЕЛЕН АБОРТУС Е И ЕКОНОМСКАТА СОСТОЈБА НА ПОГОЛЕМ ДЕЛ НА НАСЕЛЕНИЕТО.

Адекватна едукација на населението, поготово по прашање на контрацепцијата. Во Македонија една од најчестите причини за артефициелен абортус е и економската состојба на поголем дел на населението. Алиенацијата е проблем кај развиените земји, каде алчноста по материјални добра како начин на живот, го негира самиот живот. Одговорно тврдам дека ситуацијата со женската популација во Македонија не е таква и не може да се споредуваме

со најчестите причини за артефициелен абортус во, да речеме, една Германија. Жените во Македонија сакаат да раѓаат. Да се вратам на контрацепцијата...ова е сепак 21ви век и бременоста е нешто што со современиот начин на живот, треба да се планира. Постојат многу митови во врска со методите на контрацепција и навистина е штета колку сите ние малку правиме за адекватна едукација на населението по тоа прашање, и од аспект на лекари и од аспект на пациенти.

6. Од Вашето искуство, со каков став на околината се соочуваат жените што сакаат да прекинат несакана бременост?

Зависи од тоа што подразбираме под околина...односот помеѓу индивидуата и неговата околина, поблиска или подалечна.Специфичностите на едно примитивно општество како ова нашево секако треба да се земат предвид.

7. Според Вас, дали држа-вата им нуди соодветна институционална поддршка на оние жени што ќе решат да задржат непланирана бременост и да бидат самохрани мајки?

Сметам дека државата не им нуди соодветна институционална поддршка ни на сите жени со планирана бременост. Живееме во време на криза...со децении наназад, која е сѐ поизразена. Нашата држава – тоа сме ние самите...додека сите ние не почнеме радикално да се менуваме, секој сам, индивидуално, да си дадеме рака еден на друг...сѐ дотогаш нема да создадеме услови во кои нашите деца ќе имаат можност да го достигнат својот полн човечки потенцијал и да бидат подобри луѓе од нас самите.

8. Исто така, што мислите за условите во кои се одгледуваат оние деца што се напуштаат/даваат за посвојување веднаш по раѓање?

Да бидам искрен, не располагам со доволно информации да одговорам адекватно на ова прашање.

9. Според дневникот „Вест“, неколку години по ред расте бројот на умрени доенчиња, како и бројот на мртвородени. Здравствените власти оваа состојба досега ја објаснуваа со тоа што повеќето од умрените доенчиња се предвреме родени, бидејќи мајките за време на бременоста не биле соодветно следени од гинеколог или затоа што се родиле со одредени вродени аномалии. Со оглед на овој факт, како ја доживувате кампањата за трето дете, и дополнителните рестрикции на Законот за прекинување на бременост?

Не треба да постои „кампања за трето дете“. Треба да постои кампања за деца...а тоа во нашиов случај значи да си го средиме општествово конечно. Мислам дека ова го одговорив во едно од претходните прашања...

10. Кои мислите дека ќе се финалните резултати од промените во Законот за прекин на бременост по однос на разните социјални групи, т.е. кои социјални групи на жени ќе бидат погодени од дополнителните ограничувања во пристапот до безбеден и легален абортус?

Па сигурно не оние кои располагаат со доволна количина на материјални средства, од која страна да погледате на проблемот.

3

Page 4: Избор! бр.2 весник на Матка

4

Во неформален разговор со младенче на владејачката, демохристијанска партија, бев обвинета за „кревање прашина“ околу законот против абортус, без притоа да ги разберам „вистинските“ придобивки од истиот. Започнавме дискусија, жестока и од двете страни, но од различни побуди. За жал, не успеавме да ја завршиме оти

атмосферата беше неформално-кафанска, а нашето опкружување немаше премногу толеранција за политички муабети.

Но, би ја искористила шансава да разрешам неколку дилеми околу Законот и неговото значење. Имено, една од тезите со која мојот соговорник ја оправдуваше процедурата за чекање од три дена е тврдењето дека секој од нас има право и треба да биде информиран за негативните последици од нашите одлуки. Под претпоставка дека најголемиот дел од граѓаните се запознаени само со основите на медицинската наука, потребно е државата благовремено да ги извести за несаканите последици од одредена одлука. Тоа важи и за конзумирањето алкохол и за потфат на естетската хирургија. И јас апсолутно се сложувам со тврдењето.

Постои една финеса во размислувањето која што е клучот за да разбереме зошто законов ги повредува основните права на секоја жена. Секој граѓанин има ПРАВО, но не и ОБВРСКА да биде информиран за одлуките коишто

можеби ќе имаат штетно влијание врз неговото или нејзиното здравје. Па така, кога некој купува цигари во трафика, продавачот не е должен да му одржи предавање за штетноста од цигарите, да го натера да почека 15 минути (а камоли пак 3 дена), па дури потоа да му дозволи да го купи производот којшто ќе му наштети на здравјето. Или, пак, замислете секој кој ќе посака да си го зголеми пенисот со пластична хирургија да мора да чека 3 дена пред да ја направи интервенцијата. Или, со други зборови, зошто мене не ми е оставена можноста да го прескокнам периодот од 3 дена и да го абортирам плодот уште истиот ден? Дали фактот дека државата заработува од акцизата на цигарите ги прави помалку штетни и потребата за образување на граѓаните е помалку важна?

Стеснет во ќош, мојот соговорник уште еднаш се обиде да го искористи аргументот околу образованието и како секој заслужува да биде запознаен со последиците од абортусот. И уште еднаш, се сложувам! Но, не 3 дена за време на несаканата бременост. Образованието за бременоста,

сексот и последиците мора да започне од најмали години и тоа не само како техничка област во книгите по биологија. Потребно е сеопфатно сексуално образование кое што ќе биде прилагодено на секоја возраст и ќе ги подготви идните генерации да бидат совесни, сексуални битија. (Одговорно тврдам дека мојата генерација ја нема таа карактеристика.)

Но, ниту едно прашање во општеството не е едноставно, еднострано или просто. Доколку би се вовела ваква новина, тоа би значело, меѓу останатите работи, и едукација за различните видови на контрацепција. Но, настанува уште еден парадокс: Како би ги образувале младите за орална контрацепција кога во Македонија нема ниту еден контрацептив на позитивната листа на ФЗОМ? Немојте да ме сфатите погрешно, драги мои, ова не е само проблем на демо-христијаните. Јас се уште не слушнав дека било која друга политичка опција во Македонија поддржува сексуално образование или контрацептиви на позитивна листа. Случајност или можеби одраз на македонската неинформираност?

“A woman must have money and a room of her own if she is to write fic-tion.”

Овој цитат од легендарниот есеј на Вирџинија Вулф „Нечија сопствена соба“ (A Room of One’s Own) (1929), е можеби најпрепознатлив од ова дело, и своевремено претставувал револуција, допирајќи прашања за просторот и условите во кои жената твори, создава и постои во тогашното општество. Поттикната од своето патување во тогашната патријархална средина на Кембриџ, каде Вулф ги одржала своите две предавања на тема „жената и романот“, кратко потоа го завршува овој есеј во својот болнички кревет, давајќи ѝ политичка конотација на феминистичката борба во време кога жената во Англија

конечно го добива правото за глас. Ова писмо останува да биде класично дело, каде жената го добива својот простор, израз и лик, во литературна, општествена, историска и политичка конотација.

Речиси сто години подоцна, можеме одново и одново да се повикуваме на овие зборови, и тоа во сите тие различни контексти, бидејќи потребата за простор за која пишува Вулф е вечна и безвременска.

Зборуваме за простор. Нешто што звучи апстрактно, нешто што на секој човек му е потребно, но и нешто што лесно може да се узурпира и наруши.Внимателно! Не зборуваме за формалности. Зборуваме за реални општествени односи. Општеството, неговата зрелост, подготвеност и оние едноставни, секојдневни, навидум неважни односи, разговори, ставови-тие се показателите за просторот за кој јас говорам. Постоиме во општество кое со особена леснотија менува, креира, создава правилници, амандмани, закони. Проблемот не е во склопот на букви, комбинација на зборови, интензитет на тонер и текстура на хартија. Проблемот е меѓу редовите, зад страниците, далеку под површината. Бевме сведоци на носење на нов закон за прекин на бременост, во рок од две недели! Иако медиумски бевме крчкани веќе две години, самиот чин на носење на спорниот закон се случи побрзо од предомислувањето на младиот дечко од рекламата „избери

живот“(зборувам за легендарната „вчера потрошивме 1000 денари во кафана = имаме пари за пелени “). Бевме сведоци не само на брзоплета промена на закон, туку на одземање на политичката моќ во процесот на носење одлуки на жената. Одземање на овој простор значи многу повеќе од промената на конкретниот закон. Како што кажав, законите во последно време лесно се менуваат, за жал не се ни почитуваат, но реалниот простор кој ние упорно го губиме е она што најмногу загрижува. Во оваа општествена реалност, не само што немаме „сопствена соба“, туку немаме ни сопствено пенкало. Исклучувањето на жената како најважен, одлучувачки фактор при носење на нов закон за прекин на бременоста, нѐ враќа далеку назад во борбата за политички глас. Жената денес не смее да дозволи да биде ставена на маргините на политичкиот живот, каде секогаш некој друг знае подобро и порационално за нејзиното здравје и безбедност, нејзиниот избор, нејзиниот живот. Борбата која престои не е борба само за нов закон, туку многу повеќе од тоа- се соочуваме со борба за права. А таа борба се води постојано, на секое поле, без компромиси и формалности. Еднакво со правото на глас и правото на образование и правото на абортус и припаѓа на жената и не смее да се дозволи да биде дел од ничија демографска политика.

Сите овие борби, навидум одамна добиени, очигледно како бумеренг

ни се враќаат во моментот кога ќе ги сфатиме здраво за готово. Слободата на жената да избере за себе, се загрозува во моментот кога мајчинстовото се наметнува промовирано од кампањи и реклами, наместо да доаѓа природно, спонтано, лично и интимно; како избор на самата жена. Нејзината општесвена улога се ограничува, кога 8-ми март се претвора од ден за прославување на достигнувањата на жената во екомоска, политичка и општествена смисла, во едноставно „Ден на мајката“, оставајќи ја улогата на „мајка“ да биде носечката улога на жената. Нормално, кампањите против абортус, промените во законот, општествената стигма од прекин на бременост, се едни од многуте фактори кои заедно придонесуваат кон маргинализација на улогата, местото и гласот на жената.

Собата за пишување како метафора за просторот на жената во општеството, во моментов е мала, темна и загушлива. Ни треба воздух, свежина и конечно слобода. Но таа слобода не се добива со нежно грепкање по тврдите, мувлосани ѕидови кои нѐ ограничуваат и затвораат. Слобода се добива единствено со неуморно, упорно, бесмилосно удирање во малтерот, сѐ додека не се искрши сосема. Можеби таа борба понекогаш изгледа невозможна, но ако жената за која јас зборувам реши нешто да направи-верувајте, кога-тогаш ќе биде направено!

ИВАНА ЈОРДАНОВСКА

КАЛИА ДИМИТРОВА

Борба за простор

Право или обврска?

БЛОГ пост-

Page 5: Избор! бр.2 весник на Матка

За правото на изборКристина Леловац

СТАВ

Имам 28 години. Пред две години магистрирав актерство. Вработена сум. Имам редовни, солидни месечни примања. Имам здравствено и социјално осигурување. Имам решено станбено прашање. И немам намера да раѓам деца во наредните 7-8 години. И не, воопшто не чувствувам дека сум лош човек поради тоа.

Обожавам деца. Им се восхитувам на храброста, на фантазијата, на искреноста. Сакам да поминувам време со деца, да разговарам со нив, да си играме. Знам да менувам пелени, ми успева и да ги нахранам и заспијам, така што ако затреба слободно можете да ми оставите да ви го причувам детето. Мојот најдобар другар за неполни два месеци прв пат ќе стане татко и јас едвај чекам да се роди тоа бебе. Едвај! Ете, сакам деца, ги сакам многу, само сега за сега сакам туѓи деца. Сѐ уште не сакам свои.

И тоа не ме прави лош човек. Тој мој став од мене не прави ниту ултралибералка, ниту себична кучка, ниту предавник на нацијата. Поради тоа никој нема право да ме навредува или осудува. По тоа прашање, никој не смее да ми чепка ниту по главата, ниту по срцето, ниту во гаќичките. Затоа што таа одлука е лично моја.

Сексот е единствена, неверојатно возбудлива, ослободувачка работа. Целосно ослободување од рационалноста, интензивно постоење во миг и простор до кој не допира реалноста. Што ќе рече - слобода. Но, се согласувам дека спонтаноста е важна и придонесува за квалитетот, ама исто така би трампала малку спонтаност за добри реултати на ПАП тест. Зашто романтично е кога дечко ти ќе те пренесе преку вирче од дожд, ама нема ништо романтично во тоа кога ќе ти пренесе ХПВ. Напротив, исклучително е непријатно. Супер е да си лежите гушнати и да си замислувате како ќе ви се вика бебето, ама не е супер во еден момент да морате да се откажете од сите ваши соништа и планови за животот, затоа што ви се случила непосакувана бременост која не сте успеале да ја спречите бидејќи не сте можеле да си дозволите да користите заштита или зашто законот за прекин на бременоста не ви дозволува да абортирате.

Одлуката да се има или да се нема дете е длабоко интимна одлука. Затоа кога на почетокот на летото се објави предлогот за измена на законот за прекинување на бременоста се почувствував лично, интимно погодена. Се исплашив. Се почувствував физички загрозена. Загрозено беше моето тело. Некој се дрзна моето тело да го земе во свои раце и да стопанисува со него. Да го користи за поткрепа на своите кромањонски ставови за семејството, за улогата на жената, за зачувувањето на нацијата и слични блуеници. За исполнување на своите политички агенди наменети да дефокусираат од егзистенцијалните проблеми со кои секојдневно се соочуваат најголем дел од луѓето во оваа земја, како на пример – Дали ќе имаме што да ручаме утре? Како ќе му купам на детето чизми оваа зима? Со што ќе си ги платам сметките?

ОДЛУКАТА ДА СЕ ИМА ИЛИ ДА СЕ НЕМА ДЕТЕ Е ДЛАБОКО ИНТИМНА ОДЛУКА. ЗАТОА КОГА НА ПОЧЕТОКОТ НА ЛЕТОТО СЕ ОБЈАВИ ПРЕДЛОГОТ ЗА ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА СЕ ПОЧУВСТВУВАВ ЛИЧНО, ИНТИМНО ПОГОДЕНА.

СЕ ИСПЛАШИВ.

Со донесувањето на тој закон... за кој, да ве потсетам, гласаа ЗА 23 пратенички... тоа се 23 жени од кои сигурно барем половина имаат по една ќерка или внука... со донесувањето на тој закон застрашувачки се влошува општествената, здравствената, целокупната положба на жената.

Досега се фрапиравме од податоците за последиците од безмилосните закони и обичаи поради кои жените немаат можност да се образоваат, секојдневно се изложени на семејно насилство, немаат пристап до преднатална и постнатална здравствена грижа, присилно се стерилизираат, немаат право самите да одлучат кога и за кого ќе се омажат, туку се приморани да се мажат уште пред да наполнат десет години за мажи 3-4 пати постари од нив, имаат високо ризични бремености зашто нивните детски тела сѐ уште не се подготвени да можат да носат плод, живеат во средини во кои женските новороденчиња се одземаат од мајката и се убиваат. Да, тоа се застрашувачки примери во кои „законот“ владее без да ги има предвид правата на жената.

Но сепак, законот кој владее во една покраина во Бурма, со кој на жените од една муслиманска етничка група им се забранува да имаат повеќе од две деца, и новиот закон за прекин на бременоста во Република Македонија - се во суштина многу слични. Двата закони се производ на демографски политики. Двата закони го немаат за цел подобрувањето на пристапот на жените до квалитетна здравствена грижа, ниту придонесуваат за достапноста на средствата за контрацепција. И најважно, двата закони апсолутно не ги земаат предвид женските човекови права. Двата закони присилуваат и дискриминираат. Во двата случаи законот е тој што решава, не жената. А праксата покажува дека не постои успешна здравствена иницијатива која не се потпира на човековите права.

Фокусот на програмите за планирање на семејството не треба да биде насочен кон остварување на бројки, туку кон квалитет и достапност на услугите. Да не се лажеме, формирањето комисии кои за три дена донесуваат суд за целиот понатамошен живот на една девојка не е грижа за здравјето на жената. Ако

владејачките структури продолжат да го игнорираат очигледното кршење на човековите права, резултатот ќе биде контрапродуктивен, а најзагрозените групи жени и девојки ќе останат без основното право на избор.

Истата влада, која има ваков поглед на улогата на жената и на планирањето на семејството, која предлага и потпишува ваков средновековен закон, креира стратегии во кои контрацептивите ќе бидат ставени на позитивна листа. Морам да ви признаам дека сум многу сомничава. Особено затоа што бројките говорат дека на терен не се прави ништо. Што ќе рече, државата не ги спроведува обврските што ги презела со своите стратешки документи. Во јавноста на цел глас трубат дека наша обврска е да ѝ раѓаме потомство на нацијата, дека децата се нашето најголемо богатство... се плашам дека еден ден абортусот ќе го прогласат за нелегален. Денес цената на контрацептивите е една од основните причини што младите девојки не ги користат. Како тргнало, се плашам дека еден ден тие воопшто и нема да можат да се купат на легалниот пазар со лекови.

ДОСТАПНОСТА НА МОДЕРНАТА КОНТРАЦЕПЦИЈАТА ЗА МЛАДИТЕ ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС НЕ ОВОЗМОЖУВА САМО НИВНА ЗАШТИТА ОД НЕСАКАНА БРЕМЕНОСТ, ТУКУ И ГИ ЗАШТИТУВА ОД НОВОДОНЕСЕНИОТ ЗАКОН. ИМ ОВОЗМОЖУВА ДА ПЛАНИРААТ.

Неинформираноста, како и ставот на самите гинеколози во однос на контрацепцијата се исто така неоспорни фактори за недовербата во модерната контрацепција. Па, наместо да се фрлаат пари на онакви срамни и навредливи реклами кои го стигматизираат правото во извесни околности да не станеш родител, посочуваат со прст и ги претставуваат како убијци оние кои од објективни причини го искористиле, го користат или допрва ќе бидат приморани да го искористат тоа свое право, истите можат да се вложат во едукација на младите како да се заштитат од соочувањето со таа непријатна одлука. Во охрабрувањето на младите да користат контрацепција. Во овозможувањето таа да им биде достапна. Од тоа момчињата да не мислат дека девојките тупат ако инсистираат на користење заштита при секој однос, до тоа девојките да престанат да мислат дека ако пијат анти-беби пилули ќе им пораснат мустаќи. Од тоа да не се срамат да купат кондом во супермаркет, до тоа да можат во финансиска смисла да си

дозволат редовно да земаат орални контрацептиви.

Зашто нашата правилна перцепција за контрацепцијата ни овозможува да се грижиме за своето тело, за себеси и за оние со кои сакаме да бидеме интимни, за оние што ги сакаме. Зашто постоењето и достапноста на можностите за заштита на себеси и својот партер нѐ прави сигурни, самоуверени, ни дава чувство дека на извесен начин „ги имаме работите во свои раце“, нѐ ослободува од стравовите. Само така сексот не го доживуваме како закана, туку како уживање. Достапноста на модерната контрацепцијата за младите луѓе во Македонија денес не овозможува само нивна заштита од несакана бременост, туку и ги заштитува од новодонесениот закон. Им овозможува да планираат. Да можат да уживаат, да поминат неколку години студирајќи во странство, да патуваат, да бидат безгрижни. Да бидат млади. Да станат родители кога навистина ќе се почувствуваат подготвени за тоа и кога тоа ќе биде толку силна желба и потреба што ќе бидат подготвени да направат сѐ за да ја остварат. А не затоа што нема да имаат друг излез, затоа што ќе бидат приморани, затоа што тоа ѝ го должат на нацијата.

Достапноста на модерната контрацепцијата за младите луѓе е постоење на избор. Тоа е можност за практикување на правото да избираме. А тоа е основно човеково право.

Текстот е прочитан на конференцијата „Како да им обезбедиме модерна

контрацепција на младите во Македонија“ организирана од ХЕРА по повод 28

септември, Светскиот ден за акција за пристап до безбеден и легален абортус.

Како почнав прашањето „Кога ќе раѓаш деца?“ да го доживувам како навреда!

5

Page 6: Избор! бр.2 весник на Матка

6

Писмо до нероденото детеСведоштво на една побунета женаОриана Фалачи

Книга:

Филм:

Како и во поголем дел од филмовите на Мајк Ли, и во „Вера Дрејк“ не недостасуваат потресни, длабоко емотивни сцени, сугестивни кон гледачите кои не се штедливи за солзи. Главниот лик е од оние што наликуваат на ангели: срдечни, простодушни, позитивни, насмеани, емпатични, ликови кои не покажуваат никаква омраза кон никого. Но, за таквите не е создаден светов. Тие мора да бидат казнети за својата добрина. Казнувачот во овој политички филм е државата, институција која сака на своите граѓан(к)и скапо да им ги наплаќа услугите поврзани со правото на располагање со своето тело и правото да одлучат дали ќе го родат или не бебето кое го носат во утробата.

Вера Дрејк не сака да им ја наплати таа услуга на девојките и жените кои сакаат да ја прекинат бременоста.

Кaзна за недостојните Вера Дрејк, режија Мајк Ли (2004)

KултураТаа не им поставува прашања како забремениле, со кого, зошто не внимавале или со што се занимаваат нивните родители. На тие девојки и жени им треба помош, а не морализирање, осуда, квалификации за нивните ментални капацитети или прескапо наплаќање на услугата за отстранување на фетусот, како што прават некои од овластените институционални здравствени претставници прикажани во овој филм.

„Вера Дрејк“ пред се’ е филм за едно семејство. Семејство од работничка класа кое чесно се справува со тешкиот живот. Семејство кое на државата и’ ги ставило на располагање своите машки членови кога требало да се води војна со други држави. Семејство кое среќата не ја наоѓа во онаа хедонистичка настроеност во која средната и богатата класа ја бараше во тие повоени години, туку во еудаимонистичката настроеност во која на прво место се доблестите и благосостојбата (не нужно материјалната благосостојба, туку повеќе доброто здравје и позитивниот дух) на себе и ближните. Семејство за кое не знаеме дали е религиозно, бидејќи речиси да нема религиозни алузии во оваа приказна. Бадниковата вечер, која во христијанскиот свет е еден од најсвечените настани во годината, има важно место во оваа приказна, но таа е настан кој ја добива својата свеченост повеќе врз основа на културолошката матрица, отколку на божјата посветеност.

Отстранувањето на религиозната нишка во делувањето на главниот лик во оваа приказна, која е сопруга и мајка во четиричлено семејство, е со интенција да се нагласи индивидуалната одговорност за изборот кој таа го прави со одлуката да им помага на другите, дури и тогаш кога според државните закони не смее тоа да го прави. Таа е столбот на семејството, заработува со чистење по домовите на побогатите, доаѓа на време дома да го приготви ручекот и во ниеден момент не ја губи својата насмевка во комуникацијата со останатите. Другите имаат право да бидат нерасположени ако имале лош ден на работа, но таа не. Можеме да претпоставиме колку тешко му било на ова семејство кога во војната мажот (таткото) не бил дома. Кога синот исто така со оружје заминал во друга земја, за да ги брани интересите на државата во која растел. Кога ќерката почнала да манифестира психотични симптоми.

Вера Дрејк е свесна дека ќе биде осудена од државата за тоа што им помага на девојките да ја прекинат бременоста, на начин кој медицината и законите го сметаат за ризичен, но поголемата казна за неа е осудата од семејството. Кога по дваесетина години (претпоставуваме успешна) помош во прекинување на бременоста, кај една од тие девојки ќе настапат компликации, Вера ќе биде уапсена пред очите на членовите на нејзиното семејство кои не знаеле за таа нејзина добротворна активност. Во таквиот драмски климакс малкумина ја препознаваат величината на жртвата на една личност посветена на помагањето на другите, како и благородноста на простувањето. Големи

доблести понекогаш својствени и за некои „недостојни“ клетници во овој прекрасен свет, во кој добродетелта, пожртвуваноста и филантропијата небаре се својствени само за „достоинствениците“, „благородниците“, „аристократијата“.

Посиромашните слоеви ја плаќаат скапата цена на општествените привилегии на елитата. Меѓу нив и привилегијата за пристоен здравствен третман или за добар адвокат. Се губат во институционалните лавиринти, се чувствуваат немоќни, поразени, заробени од една голема семоќна машина која не им простува. Полицајците, судиите, обвинителите можеби ќе го покажат своето човечко лице кон „грешниците“, но самите не смеат да ризикуваат и да ги прекршат строгите закони кои бараат казна за пример кон другите кои ќе се осмелат да го предизвикаат авторитетот на државата.

Режисерот, кој е и автор на сценариото, познат по својот сурово-реалистички пристап кон темите кои ги обработува, се чини дека во овој филм се потрудил да внесе некои лични приказни од времето кога растел во прилично неповолни историски мракобесија. Филмот им го посветува на својот татко, кој бил доктор, и на својата мајка, која била акушерка (бабица). Веројатно и тоа што бил дете од еврејско семејство во време кога Евреите се соочени со страшна пропаганда за божемна вина за сите зла на светот, пропаганда која имала свое влијание и во Британија, придонело многу мрачни претстави да остават свој длабок печат. Со голема помош од извонредниот фотограф Дик Поп, но и одличниот сценски и костимски дизајн во кои доминираат сивилото и темните нијанси, филмот „Вера Дрејк“ илустрира токму таква мрачна и загушувачка атмосфера. Атмосфера која шеесетина години подоцна е сосема соодветна за слични приказни од Македонија, во која владеачката елита инсистира да го врати абортусот во мрачната зона на полулегалноста, а граѓанките и граѓаните кои имаат потреба од прекин на бременоста да бидат етикетирани како убијци.

За инсистирањето на Ли на што е можно пореалистичко претставување на дејството во голема мера придонесува и посебниот пристап заснован на многу импровизации и развивање на сценариото во текот на работата со актерите. Во овој филм, на пример, само актерката која го толкува главниот лик (Имелда Стаунтон) ја знаела целата приказна, додека останатите актери ја дознавале со текот на пробите за снимање, со цел да се предизвикаат нивни поавтентични реакции, кои во самото снимање полесно ќе се репродуцираат, како нешто што пред малку го доживеале. И тоа, како и во други филмови на овој режисер, одлично функционира, бидејќи неговите актери редовно „гинат“ пред камерата, вадејќи го од своите емотивни складови она што секој врвен актер треба да го има - моќ на сугестивност и естетска контемплација.

Слаѓан Пенев

Kраток осврт

Издадена во 1975, Писмо до нероденото дете беше набрзо преведена и продавана во 27 држави и станува невообичаен светски успех. Книгата е трагичен монолог на жена (најверојатно самата авторка) која разговара со детето кое го носи во себе. Ова писмо ја отвора конторверзната тема за абортусот и за значењето на животот, поставувајќи ги тешките прашања: Дали е фер да се создаде живот, дури и ако тоа подразбира страдање? Дали би било подобро воопшто да не си роден?

Писмо до нероденото дете се занимава со вистинското значење на тоа да се биде жена: моќта да се даде живот или не. На почетокот на книгата, главната протагонистка е вознемирена од сознанието дека е бремена. Таа не знае ништо за детето, освен дека тоа целосно зависи од нејзинот избор. Создавањето човечко суштество во телото на жената е вознемирувачко. Чувството на одговорност е огромно, тоа е голем товар кој поттикнува многу рефлексии, од суштината на создавањето и животот до срамот од сопствената себичност. Кога детето би можело да избере, би одлучило да се роди, да расте, да страда или би се

вратило во топлината и сигурноста на местото каде што се создало? Новиот живот ги доведува во прашање слободата и индивидуалноста на жената – да се откаже од слободата, од работата од правото на избор? Оваа книга се занимава токму со тоа – што да се прави по големото сознание.

За авторот

Ориана Фалачи (1929–2006), италијанска новинарка, писателка и воен известувач. Учествувала како партизан во Втората светка војна и имала долга и успешна новинарска кариера. Се прославува како воен известувач и по своите интервјуа со најголемите политички лидери во шеесетите, седумдесетите и осумдесетите години. Автор е на неколку романи кои се преведувани на повеќе јазици. Фалачи, еманципирана и успешна жена во машкиот свет на меѓународната политика и военото репортерство, се одржала со својот бескомпромисен индивидуализам. Добитник е на многу новинарски и книжевни награди. Предавала на Универзитетот во Чикаго, на Јеил, Харвард и Колумбија. Умира во Фиренца од рак на белите дробови.

Ти не му припаѓаш ни на Бога, ни на државата, ни мене. Ти си припаѓаш себеси.

Сепак, па дури и како цел сама за себе, да се биде жена е толку возбудливо. Тоа е аватура што подразбира сериозна храброст, предизивк што не здосадува. Со толку многу нешта ќе се занимаваш ако бидеш жена. За почеток, ќе мораш да се бориш да докажеш дека доколку постои бог, тој може да биде и стара жена со бела коса или убава девојка. Потоа ќе се бориш да докажеш дека она што се изродило кога Ева го скинала јаболкото не е грев, туку прекрасна доблест, наречена непослушност.

Ќе ти ја наметнам истата арогнатност што мене ми ја наметнале, што и ја наметнале на мајка ми, на баба ми, на нејзината мајка и сé така наназад до првиот човек кој некогаш се родил, без разлика дали сакал или не. Најверојатно, доколку тој или таа имале шанса да избираат, би се исплашиле и би рекле. „Не, не сакам да се родам.“ Но никој не ги прашал за мислење, па се родиле и живееле и умреле откако родиле некое други без да ги прашаат, и така со милиони години сé до денес.

Многу жени се прашуваат себеси зошто да родат дете на овој свет? За да биде гладно, за да му студи, за да биде предадено и понижувано, за да умира во војна или од болести? Тие одбиваат да се надеваат дека детето некогаш ќе се насити, дека ќе се стопли, дека низ живтот ќе го следи предаденост и почит од другите, дека тоа ќе го посвети својот живтот да направи да престанат војните и болестите.“

Ти си мртов, а јас сум жива. Така жива што не се каам и не прифаќам никакви обвинувања, дури ни твојата прошка не

ја прифаќам... јас имам сила да те родам уште стотина пати и не барам помош ни од Бога ни од било кој друг.

Немате право ни да ја обвинувате, ни да ја браните бидејќи не сте но во нејзиното тело, ни во нејзината душа.

Мајчинството не е морална должност. Не е дури ни биолошки факт. Мајчинството е избор.

На оние кои не се плашат да се сомневаат на оние кои пред себе поставуваат многу „зошто?“ неуморно и по цена да страдаат и умрат На оние кои се двоумат дали да подарат живот или да го отфрлат оваа книга една жена им ја посветува на сите жени.

Page 7: Избор! бр.2 весник на Матка

Сепак, па дури и како цел сама за себе, да се биде жена е толку возбудливо. Тоа е аватура што подразбира сериозна храброст, предизвик што не здосадува. Со толку многу нешта ќе се занимаваш ако бидеш жена. За почеток, ќе мораш да се бориш да докажеш дека доколку постои Бог, тој може да биде и стара жена со бела коса или убава девојка. Потоа ќе се бориш да докажеш дека она што се изродило кога Ева го скинала јаболкото не е грев, туку прекрасна доблест, наречена непослушност.

Ќе ти ја наметнам истата арогнатност што мене ми ја наметнале, што ѝ ја наметнале на мајка ми, на баба ми, на нејзината мајка и сé така наназад до првиот човек кој некогаш се родил, без разлика дали сакал или не. Најверојатно, доколку тој или таа имале шанса да избираат, би се исплашиле и би рекле. „Не, не сакам да се родам.“ Но никој не ги прашал за мислење, па се родиле и живееле и умреле откако родиле некое други без да ги прашаат, и така со милиони години сé до денес.

Многу жени се прашуваат себеси зошто да родат дете на овој свет? За да биде гладно, за да му студи, за да биде предадено и понижувано, за да умира во војна или од болести? Тие одбиваат да се надеваат дека детето некогаш ќе се насити, дека ќе се стопли, дека низ живoтот ќе го следи предаденост и почит од другите, дека тоа ќе го посвети својот живoтот да направи да престанат војните и болестите.

Ти си мртов, а јас сум жива. Така жива што не се каам и не прифаќам никакви обвинувања, дури ни твојата прошка не ја прифаќам... јас имам сила да те родам уште стотина пати и не барам помош ни од Бога ни од било кој друг.

Драга Советка,

Во последно време јадам неконтролирано и стомакот ми е некако подуен. Чувствувам болка во долниот дел од стомакот и ми се јави ужасна вртоглавица. Проблемот е во тоа што вртоглавицата ми се појави на истиот ден кога пред точно една година последен пат имав сексуален однос. Не верувам во случајности, дали е возможно да сум бремена и ако да, како да му соопштам на Стево?

Сладоледат

Oдговор: Драга Сладоледат,

Не, не, овде дефинитивно не се работи за случајност. Тоа што вртоглавиците започнале јубилејно, јасно укажува на фактот дека во прашање е можна бременост. Прво што треба да направиш е да купиш тест за бременост. Доколку се покаже негативен итно обрати се кај гинеколог. Доколку гинекологот не ја утврди твојата блажена состојба, побарај нов матичен гинеколог. Доколку и тој не ја утврди твојата состојба тогаш мислам дека е време да побараш матичен гастроентерохепатолог.

П.С. Кажи му на Стево дека кој со ѓаоло тикви сади, книгата дно нема.

Драга Советка,

На 25 Декември поднесов барање до здравствената установа за вршење на прекинување на бременост, наскоро ќе влезам во 11 недела, а сеуште немам одговор. Молам за стручен совет!!

Жолтадуњазеленбор,

Oдговор: Драга Жолтадуњазеленбор,

Проблемот во доцнењето на одговорот е поради новогодишните и божиќните празници. Не грижи се, најверојатно ќе доцни одговорот уште максимум една недела, поради колективниот одмор на здравствените работници во ски-центарот во Банско. Но не губете надеж, препорачувам да се опуштите со чај од кантарион кој ги смирува нервите, да си пуштите некоја добра музика и да уживате во зимската идила.

Драга Советка,

Вчера дознав дека сум бремена. Проблемот е во тоа што имам само 18 години, сеуште одам на училиште и сметам дека не сум спремна за овој чекор. Те молам помогни ми да го решам овој проблем!

загрижена Ученичка18

Oдговор: Драга Ученичка18,

Бидејќи не си подготвена за овој чекор, еден од начините, како да се справиш со ситуацијата, е навремено да ја прекинеш бременоста. Велат процедурата е едноставна: прво, треба да доставиш писмено барање до здравствената установа за вршење прекинување на бременост, второ треба да поминеш низ задолжително советување кај твојот гинеколог, трето треба три дена да размислуваш за можните предности и последици за продолжување на бременоста... всушност, ова е премногу долг и комплициран процес, дај извади си бугарски пасош и обрати се во здравствена установа надвор од границиве.

Писмо до нероденото детеСведоштво на една побунета женаОриана Фалачи

ДРАГА СОВЕТКА: ЦИТАТИ:

СОВЕТНИК

Драга Советка,

Девојка ми во последно време чудно се однесува, навечер пие по литар млеко, силно хрчи, спие на грб и минимум два пати во текот на ноќта оди во WC. Проблемот е што се почесто слушам звуци од нејзиниот стомак. Би сакал да знам дали е возможно да е бремена?

Збунет Ромео и крик 21

Oдговор: Драг Ромео и крик 21

Девојка ти можеби е бремена, а можеби и не е. За да провериш, прво забрани и во името на љубовта да пие млеко пред спиење. Откако ќе заспие, сврти ја на стомак. Следно, направи и за појадок тост со кисели краставички и ако ги изеде со сласт, значи бремена е. Доколку не и се допаѓаат киселите краставички како додаток, тогаш со сигурност твојата девојка не е бремена. Внимавај, мораш да користиш домашни кисели краставички, во спротивно тестирањето може да биде неверодостојно.

1

2

3

4

Ти не му припаѓаш ни на Бога, ни на државата, ни мене. Ти си припаѓаш себеси.

Ориана Фалачи

Немате право ни да ја обвинувате, ни да ја браните бидејќи не сте ни во нејзиното тело, ни во нејзината душа.

Мајчинството не е морална должност. Не е дури ни биолошки факт. Мајчинството е избор.

7

Page 8: Избор! бр.2 весник на Матка

8