22
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 4 ноември 2010 Банкарите во еден глас порачуваат КРЕДИТИ СЕКОГАШ ИМА ЗА ПРОФИТАБИЛНИ ПРОЕКТИ И ИДЕИ Фокусирано Број 28 од 04.11.2010 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk Членка на: ДРЖАВНИТЕ ПАРИ СЕ’ ПОВЕЌЕ ВО ФАБРИЧКИТЕ ХАЛИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Бизнис-заедницата бара буџетско поттикнување на производството и на извозот Сериозни задачи за спречување на загадувањето и намалување на граничните вредности на емисиите ИНТЕГРАЦИИТЕ ЗАВИСАТ ОД „ЧИСТЕЊЕ“ НА ИНДУСТРИЈАТА Предупредувања

Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 4 ноември 2010

Банкарите во еден глас порачуваат

КРЕДИТИ СЕКОГАШ ИМА ЗА ПРОФИТАБИЛНИ ПРОЕКТИ И ИДЕИ

Фокусирано

Број 28 од 04.11.2010 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

Членка на:

ДРЖАВНИТЕ

ПАРИ СЕ’

ПОВЕЌЕ ВО

ФАБРИЧКИТЕ

ХАЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Бизнис-заедницата бара буџетско поттикнување на производството и на извозот

Сериозни задачи за спречување на загадувањето и намалување на граничните вредности на емисиите

ИНТЕГРАЦИИТЕ ЗАВИСАТ ОД

„ЧИСТЕЊЕ“ НА ИНДУСТРИЈАТА

Предупредувања

Page 2: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 4 ноември 2010

Две децении на „макпрогрес“ од виница

ЗА ЈУБИЛЕЈОТ ДВА НОВИ ПОГОНА “Макпрогрес” од Виница го прослави 20-годишното успешно постоење и делување (28.10.2010 година). Со говор на основачот и

генерален директор на „Макпрогрес„ Александар Цветанов, беа поздравени присутните и беше објаснета економската мисија на „Макпрогрес“. Во изминатите две децении компанијата успеа да ги надмине сите пречки и бариери и со своите производи лесно да ги освои пазарите ширум светот.

За поврзаноста на компанијата и придонесот кон економскиот развој на општината зборуваше градоначалникот на Општина Виница , Емил Дончев. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, посебно ја подвлече блиската соработка меѓу најстарата и најбројната стопанска асоцијација во земјава и „Макпрогрес“. Две нови линии за производство на храна, магацински и деловен

простор се сместени во новиот деловен објект, којшто по повод јубилејот го отвори виничката компанија. Целата инвестиција вреди 3 милиони евра и се очекува дека со неа ќе се отворат 100 нови работни места.

Покровители

КРЕДИТИ ЗА СИТЕ ПРОФИТАБИЛНИ ПРОЕКТИ Банките во Република Македонија, па во тие рамки и Комерцијална банка се одраз, слика на можностите на стопанството и населението во државата. Не можете да очекувате дека во услови на стапка на невработеност поголема од 35%, сиромаштија од 30%, опаѓање на стопанската активност и пад на БДП, банките ќе бидат нешто сосема поинакво и дека ќе пливаат во средства со кои нема да знаат што да прават. Сепак, со капиталот и со депозитите со кои располага Комерцијална банка може да обезбеди соодветна поддршка на финансиските и инвестициските потреби на стопанството и населението, во рамките на законските и супервизорските стандарди за максимална кредитна изложеност кон определени коминтенти и производи. Дури и за некои поголеми инвестициски потреби, може да се обезбеди и соодветно конзорциско или заедничко учество на повеќе банки во државата. Независно од интерните лимити кои банката ги има воспоставено за максимална изложеност според определени стопански гранки, како што се лимитите за индустријата, трговијата, земјоделството и друго, банката ќе ги финансира сите проекти за кои ќе има кредитоспособен инвеститор со добра кредитна историја во работењето со банките и за проект за кој ќе се докаже економската оправданост т.е. профитабилност. Не постои инвеститор кој ги исполнува овие услови, а кој што бил одбиен од банката. Напротив, во јавноста се најгласни оние фирми и поединци кои имаат лоши или неконкурентни производствени програми, кои имаат загуби во своето работење, имаат проблеми од претходното работење со банките, при што не ги вратиле претходно одобрените кредити или ги измирувале обврските кон банките со значително задоцнување. Затоа, наводно сега бил потребен „свеж капитал„ и ќе ги надминеле сите проблеми. Такви термини како „свеж капитал„ или „истурање пари во стопанството„ во банкарството не постојат. Банките се само финансиски посредници меѓу фирмите и населението кои имаат депозити во банките и кредитокорисниците, кои со користењето на кредитот треба да обезбедат доволно приходи да ги покријат трошоците од работењето, да обезбедат соодветен профит и да ги вратат искористените кредити кон банките.

(Хари Костов, главен извршен директор на Комерцијална банка АД Скопје)

НЕ Е ТОЧНО ДЕКА БАНКИТЕ НЕ ДАВААТ КРЕДИТИ Каматите веќе почнаа да паѓаат иако паѓањето е поспоро од очекувањата на корисниците на кредитите и на јавноста. Неколку фактори влијаат на опаѓањето на каматните стапки. Една од нив е паѓањето на референтната каматна стапка која ја одредува висината на казнената каматна стапка. Додека беше висока цената на благајничките записи, како референтна каматна стапка, беше повисока казнената каматна стапка и беа високи каматите на потрошувачките кредити и минусните салда на картичките. И конкуренцијата наметнува намалување на каматната стапка на одредени кредити како што се станбените и потрошувачките, исто како и високата ликвидност која во моментов постои во банкарскиот сектор. Фирмите кои имаат добри проекти добиваат кредити. Во услови на криза фирмите не може да добијат повеќе кредити од тоа што во моментот е на располагање бидејќи би биле повеќе кредитирани од она што го дозволуваат нивните биланси. Ако има пораст од 10 отсто во кредитирањето во услови кога има стагнирачка економија тоа значи дека не е точна констатацијата дека банките не даваат кредити.

(Ѓорѓи Јанчeвски, претседател на Здружението на банкарството и прв генерален директор на НЛБ Тутунска банка)

Прослави Подвлечено

Page 3: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 4 ноември 2010

Според бизнис-заедницата, основата за водење на вкупната економска политика, секогаш се согледува преку структурата на буџетот. Одговорно водена фискална и монетарна политика мора да тргнува од една единствена стратешка цел - целосна ангажираност и активност на националната економија. Во тој контекст, висината на јавните расходи, како тековните, така и капиталните расходи и управувањето со истите, претставуваат моќна алатка на државата за поттикнување на економските активности, а со тоа и раст на вкупната економија. Поради тоа, Буџетот на Република Македонија, како најважен акт на државата, со којшто се планираат годишните приходи и расходи за финансирање на основните надлежности на буџетските корисници, бизнис-заедницата секогаш го акцептира од аспект на неговата, за стопанството најважна функција - инструмент со кој државата влијае и може да даде позитивен придонес врз економската состојба во земјата. Впрочем, последните примери на државна интервенција во развиените земји, кои се најлиберализирани економии, покажаа дека јавните расходи имаат позитивен ефект врз економскиот развој и претставуваат поттикнувач на економската активност.

ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕСТРУКТУИРАЊЕ СО ПОГОЛЕМА ЗАСТАПЕНОСТ НА РАЗВОЈНАТА КОМПОНЕНТА

Врз основа на проектираните средства за капитални расходи во износ од 372 милиони евра, со пораст од 30%, во однос на 2010 година, Предлог–буџетот за 2011 година е позитивно оценет од бизнис-заедницата, од аспект на очекуваниот соодветен пораст на истите врз економските активности во македонското стопанство наредната година. Иако тековните расходи се проектирани со пораст од 3,85%, сепак нивното намалено учество во вкупните расходи од 88,1% годинава, на 85,6% наредната година, за сметка на порастот на капиталните расходи, го означува почетокот на преструктуирање на буџетот во насока на пораст на застапеноста на развојната компонента, која интенција треба да продолжи наредните години во поголеми размери, со оглед што буџетската структура во изминативе 15 години, ни оддалеку не ја задоволува диоптријата на бизнис-заедницата во неговата развојна компонента. Во тој контекст, имајќи предвид дека улогата на јавните расходи е посебно значајна во сегашните услови на македонската економија, посебно во делот на економската политика, Стопанската комора на Македонија по примерот и праксата на другите земји, бара буџетска поддршка во износ од 20,6 милиони евра, во денарска противредност, за реализација на одредени системски мерки, во функција на пораст на економските активности во земјата и креирање нови работни места.

ПРЕДЛОЗИЗА БУЏЕТСКА ПОДДРШКА НА ОДДЕЛНИ СИСТЕМСКИ МЕРКИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА

ПРОИЗВОДСТВОТО И ИЗВОЗОТ 1. ЦЕЛОСНА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ - клучното прашање за бизнис-заедницата е целосната реализација на капиталните инвестиции, ако се земе предвид досегашната нивна искористеност, односно неискористеност. Во тој контекст, бизнис-заедницата бара предвидените буџетски пари за капитални инвестиции да се искористат во целост и зацртаните проекти за 2011 година да бидат завршени до крајот на фискалната година, за што ќе инсистира на тримесечни извештаи од носителите на проектите, со цел транспарентно следење на нивната реализација.

2. ОБЕЗБЕДУВАЊЕ БУЏЕТСКА ПОДДРШКА ВО ИЗНОС ОД 20,6 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВРЕДНОСТ, ЗА СЛЕДНИТЕ НАМЕНИ:

2.1. Да се обезбедат 10 милиони евра – ставка 462 - Субвенции за приватни претпријатија, кои преку МБПР ќе се користат за субвенционирање на каматните стапки за кредитите наменети за: - одржување на ликвидноста на извозните претпријатија; - реализација на извозни активности, за претпријатија кои над 50% од своето производство го реализираат во странство.

2.2. Да се обезбедат 5 милиони евра (во период од три години 15 милиони евра), за опремување на национални лаборатории и нивна акредитација, неопходни во инфраструктурата за проверка на квалитетот на производите во земјата.

Актуелно Бизнис-заедницата бара буџетско поттикнување на производството и на извозот

ДРЖАВНИТЕ ПАРИ СЕ` ПОВЕЌЕ ВО ФАБРИЧКИТЕ ХАЛИ

Page 4: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 4 ноември 2010

Резултатите во усогласеноста со техничките прописи на Заедницата и со европските процедури за стандардизација, метрологија, акредитација и оценка на усогласеноста, од 2001 година до сега се повидливи во донесувањето на техничките прописи (стандарди и правилници), а воедно и се формирани трите основни институции: Бирото за метрологија, Институтот за стандардизација и Институтот за акредитација на Република Македонија. Но, во развојот на неопходната инфраструктура за квалитет, како што се: лабораториите за тестирање, за калибрација, како и кај сертификационите тела (за сертифицирање производи, системи за квалитет; системи за унапредување на околината, за НАССР-системите) не се забележани позитивни движења, за чија неопходност бизнис-заедницата инсистираше перманентно. Потенцирајќи го нивниот императив од аспект на слободниот проток на стоките, зголемување на конкурентноста и предусловот за научно-технолошки развој, членките предлагаа и ставање во функција на нивните расположиви лаборатории , коишто со финансиска помош за нивно соодветно опремување, ќе ги обезбедат предусловите за нивно овластување или акредитација. Согласно наведеното, отворениот повик на Владата на Република Македонија по иницираниот Проект за унапредување на научно-истражувачката дејност и на технолошкиот развој на РМ - во делот на создавање нови специјализирани лаборатории, како и модернизација на постојните, во мај 2008 година, од наша страна беше оценет како можност за позитивно разрешување на досегашните барања на бизнис-заедницата. Стопанските субјекти, преку Комората, пријавија потенцијални лаборатории за доопремување, односно нивна акредитација за одредена специјалност. Но активностите не продолжија, застанаа само со пријавувањето до Владата на РМ. Во тој контекст се бара продолжување на истите, како најбрзо решение во градењето на потребната инфраструктура за квалитет на земјата.

2.3 - Со цел поттикнување на извозот, во ставка 462 - Субвенции за приватни претпријатија да се обезбедат 4 милиони евра за финансиска поддршка на домашните тровски фирми за изградба на два продажни капацитета (во Србија и Албанија), со најмалку 3.000 метри квадратни по објект, челична конструкција и панел систем, во кои приоритетно ќе се продаваат домашни производи. Имајќи предвид дека порастот на потрошувачката на домашниот и побарувачката на странскиот пазар соодветно влијаат врз порастот на извозот, потребно е да се направат напори нашите компании да ги однесат и директно да ги продаваат своите производи на странските пазари (по примерот на странските земји кои извезуваат кај нас национални производи и ги продаваат во своите маркети).

2.4. - Да се обезбеди еден милион евра, во рамките на Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, за субвенционирање на каматите на кредитите за откуп и преработка на земјоделски производи во 2011 година. Поради сезонскиот карактер на земјоделските производи - за 2-3 месеци да се откупи целогодишната реколта, а финалниот производ се продава во текот на целата економска година, се наметнува потребата од обезбедување на околу 40 милиони евра за наведените три земјоделски култури, и тоа: - за откуп на 90.000 тони пченица околу 11-12 милиони евра; - кај конзервната индустрија, минимум 800 милиони денари или 13 милиони евра, за годишна преработка на околу 80.000 до 100.000 тони зеленчук; - за откуп на 90.000 - 100.000 тони, од вкупно 200.000 тони годишно производство винско грозје, потребни се околу една милијарда денари или околу 16 милиони евра.

Актуелно

Барањето на Стопанската комора на Македонија за интервенции во Предлог–буџетот за 2011 година испорачани во Министерството за економија

ВО ФУНКЦИЈА НА ЗАБРЗАН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА Kлучните барања на најстарата и најбројната бизнис-асоцијација во земјава за буџетска поддршка за одделни системски мерки за поттикнување на производството и извозот во 2011 година беа испорачани во Министерството за економија, на средбата меѓу Бранко Азески и д-р Фатмир Бесими. По средбата во изјавата пред претставниците на македонските медиуми, Бранко Азески истакна дека Стопанската комора на Македонија го поддржува зголемувањето на капиталните трошоци во Предлог-буџетот за 2011 година за 30 отсто, а симболичното намалување на другите трошоци од 88,1 на 85,6 проценти, пак, го смета како почеток на градење развоен буџет за разлика од последните 15 години кога буџетите беа социјални. Тој тренд треба да продолжи и во идниот период. Во 2011 година Стопанската комора би поддржала ново задолжување на државата наменето за инфраструктурата бидејќи завршувањето на коридорите 8 и 10 и гасоводниот систем е основа за зголемување на економскиот раст на Македонија. Сакаме да видиме целосно искористување на капиталните инвестиции во наредната година, - подвлече Бранко Азески. Затоа се побарани поголема транспарентност и квартални средби со министерот за економија, за да се види дали остварувањето на капиталните инвестиции се врши со потребната динамика.

Поднесените конкретни предлози за буџетот за наредната година се во рамките

на Програмата „Три И“ - инвестиции, инфраструктура, извоз.

- Бараме Владата низ буџетот да покаже подготвеност дека со определени средства преку Министерството за економија во буџетот за 2011 година ќе го помогне и ќе го поттикне производството и извозот како клучни компоненти за забрзан економски развој на државата, - додаде Бранко Азески. Предложено е да се разгледаат петте коморски иницијативи и во текот на буџетската расправа да се усогласат со финансиската и економската политика на Владата и правилата на Светската трговска организација. - Континуираниот дијалог со бизнис-заедницата сметам дека ќе го даде својот резултат. Денеска слушнавме одредени првични идеи кои во оваа фаза на расправа за буџетот може да се покренат и да се разгледаат. Дел од предлозите се логични и одржливи, но однапред не можам да кажам дали ќе се прифатат, – истакна д-р Фатмир Бесими. - Предлозите треба да се разгледаат од страна на Владата и потоа да се види дали и што од нив може да се имплементира во буџетот за наредната година.

Page 5: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 4 ноември 2010

Ориентационо, ако просечната камата на краткорочните кредити изнесува 10%, за 12 месеци, само за камати потребни се средства во износ од околу 2,3 милиони евра. Доколку регресот изнесува 4%, износот кој треба да биде државна помош изнесува околу 900.000 евра, кој износ ни оддалеку нема да ја наруши

макроекономската стабилност, а ќе услови разрешување на откупот кај наведените производи, како најголем проблем во агроиндустрискиот комплекс.

2.5 - Да се обезбедат средства во износ од 500.000 евра, во денарска противредност, за субвенционирање на каматите на потрошувачки кредити за набавка на производи од домашен производител (производи од дрвната, текстилната, индустријата на градежни материјали и др.), со што ќе се зголеми домашната потрошувачка на домашните производи за широка потрошувачка.

2.6. - Да се обезбедат средства во износ од 100.000 евра, во денарска противредност, за исплата на извозни рефундации за извезени производи од агроиндустрискиот комплекс на нови пазари - за извозот насочен кон регионалниот пазар на Блискиот и Средниот Исток и Северна Африка. Извозните рефундации се бараат како системска мерка за пораст на конкурентноста на македонските производи на тие пазари, којашто во однос на развиените земји, кои се веќе таму со своите производи, е значително ниска. Всушност, ова е најголемиот проблем за настап на пазарите во овој регион. Во тој контекст извозните рефундации, по примерот на праксата на ЕУ, за пробивање на македонските производи на новите пазари, ќе бидат значајна помош во настапот на Блискиот и Средниот исток и Северна Африка.

2.7. - Поддршка во зачленувањето на македонски асоцијации на стопанственици во ЕУ-асоцијацијација Во рамките на Економската програма за развој на Министерството за економија, со 22.000 евра да се поддржи членството на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) во

меѓународните организации, во кои се креира европската политика во енергетскиот сектор и се разменуваат значајни искуства на стручен план, односно во две значајни меѓународни организации: EURELECTRIC (Европска асоцијација на електроиндустриите од Европа) со седиште во Брисел и во World Eneregy Council. Бенефитите од членството на МЕА во Европската енергетска асоцијација се гледаат првенствено во можноста за вклучување во паневропската интеграција за електроиндустријата, вклучување во процесот на либерализација на пазарот, придонес во креирањето на единствен европски пазар за електроенергија, а сето тоа во согласност со ориентацијата на РМ за побрзо интегрирање во ЕУ и прилагодување на работењето кон европската легислатива.

3. ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА И ОЛЕСНУВАЊЕ ДО ПРИСТАПОТ НА СТРАНСКИТЕ ПАЗАРИ ПРЕКУ МОДЕРНА ИНФРАСТРУКТУРА

Имајќи го предвид императивот од модернизацијата на патната инфраструктура во земјата за развој на приватниот производен и извозен сектор, покрај целосната реализација на планираните капитални инвестиции на тој план во 2011 година, Стопанската комора на Македонија поддржува финансирање на инфраструктурата преку задолжување во странство, или давање на истата под концесии, за реализација на утврдените приоритети

во Програмата за јавни инвестиции 2009-2011 година. Континуираното и соодветно зголемување на капиталните инвестиции во стратешките вложувања на државата, кои се од исклучително значење за развојот и модернизацијата на патната инфраструктура и енергетскиот сектор, се императиви како основни предуслови за развој на приватниот производен сектор. Притоа, приоритетна е модернизацијата на: - патната и железничката инфраструктура по Коридорот 10, пред се` поради потребата од олеснет пристап за користење на Солунското пристаниште, коешто засега е најповолната алтернатива од останатите регионални пристаништа (Бургас, Драч и Бар); - патната и железничката инфраструктура по Коридорот 8 и - изградбата на гасоводниот систем во Република Македонија.

Актуелно

Page 6: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 4 ноември 2010

Манифестации

- Штедењето е клучен столб на стабилноста на финансискиот систем и развојот на економијата. Во моментов скоро 140 милијарди денари лежат на штедните сметки на граѓаните во банките и околу 60 милијарди денари на сметките на компаниите.Значи зборуваме за капитал од 3,25 милијарди евра, кој циркулира во стопанството и се оплодува. Значењето на домашното штедење е

денес уште поголемо отколку во периодот пред светската економска криза, од причина што капиталот во светот станува се помалку достапен и поскап. Затоа, банките во РМ и сите ние можеме да бидеме задоволни – и за време на кризата се

задржа довербата на граѓаните и фирмите во банкарскиот сектор и склоноста кон штедењето. Oва го истакна м-р Зоран Ставрески, заменик претседател на Владата на РМ и министер за финансии на одбележувањето на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври во Стопанската комора на Македонија, што тредиционално го организира Здружението на банкарството (1.11.2010 година). Според неговите зборови, трендот на зголемување на штедењето го поттикнаа банките преку нудење на сигурност, стабилност, квалитетни услуги и поволни каматни стапки за населението и фирмите, посебно на денарските заштеди, а заначајна улога во тоа имаше и Централната банка преку водењето правилна политика. - Владата со своите политики и мерки во изминатиов период, исто така, влијаеше во насока на зголемување на штедењето и поддршка на стабилноста на банкарскиот сектор преку задржување на високиот степен на макроекономска и фискална стабилност, зголемување на износот на осигурените депозити на 30 илјади евра по депозит на едно физичко лице во една банка, а покрај тоа, подготви и законска одредба со која за две години се одложува оданочувањето на каматата на штедните влогови што требаше да стапи на сила на 1 јануари 2011 година, додаде м-р Зоран Ставрески. Податоците покажуваат дека депозитниот потенцијал на банките во август 2010 година е за 14,5 отсто повисоко од нивото од август претходната година, а тоа покажува дека довербата на граѓаните и фирмите во банките е голема и оти македонските граѓани имаат навика да штедат. - Постои простор за зголемување на кредитната активност на банките, бидејќи домашното штедење е најзначајниот и најквалитетен извор на средства за кредитирање на инвестициите и потрошувачката, а со тоа и на развојот на економијата. Владата во 2011 година ќе помогне во овој дел преку изразената ориентација кон странски извори на средства за финансирање на буџетот со цел домашните средства да останат во функција на развој на еконмијата преку нивно пласирање во форма на кредити за стопанството и граѓаните. Верувам дека банките ќе најдат свој интерес на профитабилна основа со финансирање добри проекти на фирмите и повеќе потрошувачки кредити за населението да го поддржат заздравувањето на економската економија, додаде

вицепремиерот. Гувернерот на НБРМ, м-р Петар Гошев истакна дека Македонија во услови на криза нема намалено нивото на заштедите како во многу други земји. За тоа, најголема заслуга имаат домаќинставата кај кои има раст на штедењето за над 17 отсто. Тоа е заради континуираната доверба од штедачите кои и во најкритичните моменти на светската криза не се откажаа од штедењето. Честитки, според гувернерот, заслужува и банкарскиот сектор кој работи стабилно и во ниеден момент од 90-тите години наваму, заедно со институциите, не дозволија Македонија да почувствува системска криза. - Битно е што и корпоративниот сектор почна да ја зголемува заштедата и што најголем дел од неа е трансфериран во кредитна активност. – нагласи м-р Петар Гошев. Ѓорѓи Јанчeвски, претседател на Здружението на банкарство и прв генерален директор на НЛБ Тутунска банка подвлече дека во 2010 година заклучно со септември штедењето бележи пораст од 10 отсто или за 210 милиони евра, а вкупните заштеди достигнале 2,229 милијарди евра. - Граѓаните пак се враќаат на денарското штедење што е резултат на макроекономската стабилност и стабилноста на курсот на денарот, а секако и на повисоките каматни стапки што ги нудат банките за денарските штедни влогови. Од вкупните штедни влогови 61 отсто се девизини депозити, а 39 отсто се денарските депозити. - спомена Ѓорѓи Јанчевски. Најголем пораст на штедењето во текот на минатата година во регионот, како што покажуваат податоците на претседателот на Здружението, бележи Србија со 14 отсто, потоа следат Македонија и Бугарија со по 8 отсто, Босна и Херцеговина со 7 отсто, а најмал раст на штедењето е забележан во Словенија и Црна Гора од 3

отсто. На свеченоста традиционално им беа врачени признанија на најдобрите шалтерски работници од банките и од штедилниците за постигнати особени резултати за 2010 година во вршењето работни задачи во доменот на работењето со населението.

Во Стопанската комора на Македонија свечено одбележан Светскиот ден на штедењето – 31 октомври

РАСТАТ ДЕПОЗИТИТЕ ЗАРАДИ ГОЛЕМАТА ДОВЕРБА ВО БАНКИТЕ

Page 7: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 4 ноември 2010

Расправи

Интегрираното спречување на загадувањето и граничните вредности на емисиите се значајни теми кои го регулираат работењето на енергетскиот сектор, но и на целата индустрија во државата, - беше истакнато на расправата што во организација на Македонската енергетска асоцијација се одржа во Стопанската комора на Македонија (27.10.2010). Целта на дијалогот на претставниците на бизнис - заедницата со заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова и со директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Фирус Мемед, е да се согледаат состојбите и проблемите на стопанските субјекти со воведувањето на барањата во областа на животната средина, неопходни за ЕУ интегрирањето на државата, но и од аспект на грижата и општествената одговорност за здрвјето на населението. Претставниците на енергетските и индустриските компании дадоа конкретни предлози и сугестии до надлежните органи за надминување на проблемите со кои се соочуваат при имплементирање на регулативите, како што се: постигнувањето на бараните гранични вредности на емисиите (азотните оксиди), особено за индустријата која користи мазут, исполнувањата на условите за добивање интегрирани еколошки дозволи во контекст на висината на потребните инвестиции во услови кога економијата се уште се чувствуваат последиците од глобалната економска криза, потоа конкретни прашања сврзани со немање детални урбанистички планови, барања за проширување на гасификацијата со цел доближување до индустриските капацитети и др. Во однос на Интегрираното спречување и контрола на загадувањето беше заклучено фирмите кои до надлежните органи имаат поднесено барање за услогласување со оперативен план и добивање на интегрирана еколошка дозвола, да пристапат, односно да продолжат со реализација на обвсрките од предложениот план. Доколку до 2014 година (рокот за добивање на дозволите) субјектот не бил во можност да реализира дел од планираните активности, да се даде можност за пролонгирање на рокот за нивно исполнување. Во Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пари кои ги емитираат стационарните извори во воздухот стопанствениците побараа да се предвиди преоден рок од најмалку три години за постигнување на бараните вредности. Ова од причина што инсталирањето на капацитетите претставува значајна инвестиција, но бара и подолг временски рок. Во следните 30 дена Македонската енергетска асоцијција ќе организира уште една средба на истата тема, на кој се очекува да се дадат подетални решенија во примената на регулативите од областа на животната средина. На состанокот ќе бидат поканети претставници на деловните банки и на консултантски фирми, со цел промовирање на кредитните линии наменети за еколошко усогласување. Претставниците на надлежните органи, заменик министерот Лепиткова и директорот на инспекторатот за животна средина, оценувајќи ја расправата како особено корисна и добар пример на соработка со бизнис заедницата, ја искажаа поготвеноста дијалогот и соработката на оваа тема да продолжи, во заеднички интерес на успешна примена на стандардите за заштита на животната средина.

З. Мешкова

Сериозни задачи за спречување на загадувањето и намалување на граничните вредности на емисиите

ИНТЕГРАЦИИТЕ ЗАВИСАТ ОД „ЧИСТЕЊЕ“ НА ИНДУСТРИЈАТА

ИНТЕГРИРАНО СПРЕЧУВАЊЕ И КОНТРОЛА НА ЗАГАДУВАЊЕТО

• Обврската произлегува од Законот за животна средина („Службен весник на РМ„ бр. 53/2005) во којшто е транспонирана Директивата на Советот на ЕУ 96/61 ЕС - основа на заедничката политика на ЕУ во областа на заштитата на животната средина од големите индустриски загадувачи. • Критериумите и роковите во коишто операторите на инсталациите ќе мора да достават барања за добивање на интегрирани еколошки дозволи или дозволи за усогласување со оперативен план се прецизирани во Уредбата за определување на инсталациите за кои се издава интегрирана еколошка дозвола, со временски распоред за поднесување оперативни планови. • Краен рок за аплицирање е 1 април 2014 година, во којшто се очекува операторите да ги достигнат барањата за усогласување на нивните инсталации со Најдобрите достапни техники (НДТ). Во Република Македонија досега се издадени вкупно 45 дозволи за интергирано спречување и контрола на загадувањето (податоци од Министертсвото за животна средина и просторно планирање). Од нив: • 13 - А дозволи за интегрирано спречување и контрола на загадувањето издадени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање; • 32 - Б дозволи за интегрирано спречување и контрола на загадувањето издадени од страна на единиците на локалната самоуправа. До крајот на оваа година, се очекува Министерството за животна средина да издаде уште 12 - А дозволи на ИСКЗ, а во процедура на разгледување се околу 23-24 барања. Прелиминарните сознанија покажуваат дека во РМ треба да се издадат - А дозволи за ИСКЗ за 150 инсталации (вклучени и компании кои имаат повеќе инсталации) и над 200 Б дозволи за ИСКЗ. Стопанската комора на Македонија продолжува со континуитетот на информирање на субјектите за потребата од воведување одржливи технологии во нивниот натамошен развој.

Бројки и факти

Специјална болница за хирушки болести „Филип Втори“ од Скопје - НОВ ДОГОВОР СО ФОНДОТ Фондот за здравствено осигурување на Македонија соопшти дека потпиша нов договор со болницата „Филип Втори“ за изведување кардио-васкуларно хируршки интервенции на товар на Фондот. Договорот е во согласност со ДСГ методологијата која предвидува плаќање на услугите според дијагнозите и процедурите што се извршуваат во здравствената установа, а осигурениците партиципираат според Скалата за партиципација со максимум до 6.000 денари. Според проценките на Фондот, со новиот договор ќе се овозможи во „Филип Втори“ месечено да се изведуваат до 30 кардио-васкуларни хируршки интервенции повеќе отколку досега.

Со договорите по ДСГ методологија на ПЗУ „Филип Втори“ и ПЗУ „Систина“, како и конкуренцијата во хируршкото лекување на кардио-васкуларните заболувања, се овозможува и во иднина сите осигуреници навремено да ги добијат неопходните кардио-васкуларно хируршки интервенции без листи на чекање, се вели во соопштението од ФЗОМ.

Покровители

Page 8: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 4 ноември 2010

Коморски активности

Презентација на Виртуелниот саем - EКСПОЛОЏИК

ШАНСА ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НОВИ ДЕЛОВНИ ПАРТНЕРИ

Во Стопанската комора на Македонија, во соработка со EКСПОЛОЏИК ДОО Македонија, на 28.10.2010 година се одржа презентација за новиот начин на презентирање на компаниите на веб-порталот: www.efair4u.com, проект наречен Виртуелен саем. Виртуелниот саем нуди можности претпријатијата и крајните потрошувачи целокупната понуда и побарувачка да ја најдат на едно место, да запознаваат нови деловни партнери, да остварат меѓусебна комуникација. На овој начин на презентација овој проект се издигнува како единствен од својот вид којшто нуди уникатни бенефиции за целокупниот деловен свет. Стопанската комора на Македонија ќе продолжи и понатаму да ја спроведува идејата на EКСПОЛОЏИК ДОО Македонија во натамошна комуникација со компаниите, за да можат компаниите да научат како

виртуелно ќе можат да се претставуваат на Виртуелниот саем на веб-порталот: www.efair4u.com. Целта на проектот е обединување на македонското стопанство кое треба да биде присутно на едно место - на порталот: www.efair4u.com.

Ирена Мојсовска

Средба со нови членки на Стопанската комора на Македонија

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КБ ПРВО ПЕНЗИСКО ДРУШТВО И НА ТАМ ПРОГРАМАТА

Стопанската комора на Македонија продолжува со доближувањето на институциите до своите нови членки, како дел од информирањето на компаниите за придобивките од зачленување во комората и организираше средба со дел од своите членки (29.10.2010 година). Присуствуваа 20-тина компании, пред се, новозачленети во најстарата и најбројната бизнис асоцијација во Македонија. На почетокот, претседателот на Управниот Одбор на КБ прво пензиско друштво, Јанко Тренкоски, се осврна на услугите на друштвото, а воедно изврши и презентација за доброволното пензиско штедење. Интересот на компаниите за новите можности на пензиско друштво, ќе биде редовна задоволени со информации во комората и во идниот период. Од страна на Маја Антовска беше извршена презентација на Бас Програмата за деловно советување достапна за македонските компании. Оваа ТАМ програма е наменета за развојни и менаџмент активности на малите и средни претпријатија во Македонија На барање на членките на Стопанската комора на Македонија средбите од овој тип ке се организираат и регионално со институции кои се од интерес на компаниите. Инаку, на средбите вообичаено Јадранка Аризанковска, директор на Дирекцијата за застапување и претставување на членките, ги запознава компаниите со придобивките и услугите кои им се достапни со самото зачленување во Стопанската комора на Македонија.

Сашо Деспотоски

Page 9: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 4 ноември 2010

Охридска банка, Сосиете Женерал груп го зголемила кредитирањето во првите три квартали од годинава за 20,4 отсто, што е четири пати повеќе од просекот во македонскиот банкарски сектор. Притоа, кредитирањето на населението е зголемено за 6 отсто, додека на стопанството дури за 30 отсто. - Тоа само покажува дека во Охридска банка, Сосиете Женерал груп, се добредојдени сите компании кои имаат добри проекти и претприемнички идеи. Ние сме меѓу најликвидните во банкарскиот сектор во Република Македонија и нашата цел не е да бидеме најголема, туку најдобра банка! Нашето пазарно учество сега е 6,5 отсто, а до 2015 година сметаме дека ќе ја достигнеме бројката од 10 отсто. Позиционирани сме како најголема средна банка во земјава, но со своите перформанси се доближуваме до големите банки, - нагласува Јитка Пантучкова, претседател на Управниот одбор на Охридска банка, Сосиете Женерал груп. - Резултатите од првите три квартали не` уверуваат дека до крајот на 2010 година ќе ги постигнеме поставените цели. Зголемен е растот и на депозитите, кои во просек до крајот на септември бележат покачување за 26,6 отсто. Порастот на депозитите на населението изнесува 6 отсто, додека кај корпоративниот сектор тие се драстично повисоки - дури за 43,3 отсто. -Растат депозитите, но и ненаплатливите кредити сега изнесуваат 5,5 отсто од нашето вкупното кредитно портфолио и тие се во нагорна тенденција. Пред да почнеме со присилна наплата на стасаните обврски, прво ги информираме клиентите и разговараме околу начините за решавање на состојбата. Во тоа го применуваме индивидуалниот пристап, - додава Јитка Пантчукова. - Генерално, посебно внимаваме на менаџирањето на ризикот во банкарското работење. Охридска банка, всушност, се обидува и максимално се вклопува во целите што ги има поставено групацијата на Сосиете Женерал груп. Според зборовите на Жан - Дидие Реиње, директор на мрежата на банки на Сосиете Женерал за

Европа и претседател на Надзорниот одбор на Охридска банка, тежнеењето е да се биде што поблиску до клиентите, да се намалат ризиците, но и да се биде во функција на вработените. Јитка Пантчуткова додава дека во септември е направен „скен“ на вработените и утврдени се оние на кои може да се смета во развојот и воопшто во напредокот на фирмата. Се` поголем број од нив одат на обуки во Париз и во други градови и земји каде што е распространета Сосиете Женерал груп. -За 2010 година во билансите на

групацијата е предвидено да се оствари профит од 3 милијарди евра. Сега е веќе извесно дека таа цел ќе биде остварена. За половина година Сосиете Женерал груп веќе бележи профит од 2,3 милијарди евра, - подвлекува Жан - Дидие Реиње. Целите за иднината се навистина амбициозни. За 2012 година Сосиете Женерал груп планира профитот да го зголеми двојно и да оствари 6 милијарди профит. Во моментов оваа банкарска групација има 13 милиони клиенти, а ќе се обидат во 2015 да го запишат и 20 милионитиот.

Саво Пејчиновски

Банкарство Охридска банка, Сосиете Женерал

ГЛАВНА ЦЕЛ – НАЈДОБРА БАНКА И ПАЗАРНО УЧЕСТВО ОД 10 ОТСТО

Стопанска банка од 1 ноември 2010 година им нуди на своите клиенти можност преку банкоматите да плаќаат сметки, да префрлуваат средства од една на друга сметка во Банката, да плаќаат рати за кредити, како и да добијат мини месечен извештај за кредитната картичка – објавува МИА. Како што информираат во Стопанска банка, услугата за корисниците е без провизии и дополнителни трошоци. „Банкомат филијалите“ ќе можат да се користат 24 часа од страна на клиентите на Банката. Според генералниот директор Глигор Бишев, со новините што ги воведува од 1 ноември Стопанска банка е меѓу првите банки во регионот со нова технологија. Новитетите, велат од банката, се одраз на трајната определба на Стопанска банка да биде модерна банка и лидер на пазарот. За тоа колку се корити електронското банкарство во Банката, Бишев рече дека го користат 25 проценти

од имателите на трансакциски сметки. Во врска со нефункционалните кредити во Стопанска банка, Бишев посочи дека тие во услови на криза е нормално да растат и оти кај нив се за 2 процента под нивото на банкарскиот сектор.

Стопанска банка меѓу првите во регионот со нова технологија

ПЛАЌАЊЕ СМЕТКИ ПРЕКУ БАНКОМАТ

Капитал Банка промотивно пласираше нови депозитни продукти за орочување во девизи со каматна стапка до 5,55 проценти. Од Банката информираат дека во промотивниот период, до 31 декември за девизни влогови орочени на 12 месеци каматната стапка за евра е 5,55 проценти, за влоговите во долари 3,75 проценти и за влоговите во швајцарски франци 2,05 проценти.

Капитал банка

НОВИ ДЕПОЗИТНИ

Page 10: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 4 ноември 2010

Нови законски прописи во Република Македонија

ПРЕДЛОГ�ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ПОЗНАЧАЈНИ ПРОПИСИ ЗА СТОПАНСТВОТО, КОИ СЕ ВО ПОСТАПКА НА ДОНЕСУВАЊЕ ВО

СОБРАНИЕТО НА РМ• Намалени глоби во Законот за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка (доставен до Собранието на 24.10.2010 година) Согласно образложението на Законот, заради подобрување на бизнис-климата и унапредување на казнената политика по барање на бизнис-заедницата, намалени се постојните износи на глобите предвидени во законите од даночната област и воведена е можноста за спроведување на постапка за едукативно укажување за определени неправилности кои се сторени за прв пат од страна на даночните обврзници, пред да се пристапи кон изрекување на прекршочна санкција. Во таа насока, заради обезбедување на транспарентност во однос на бројот на извршените контроли од страна на Управата за јавни приходи, се утврдува потребата од изготвување на квартални извештаи и нивно објавување на веб-страницата на Управата.

• Измени и дополнувања на Законот за персонален данок на доход Со претстојните измени на Законот за персоналниот данок на доход, кој е во постапка на донесување во Собранието на РМ, уредено e ослободувањето од обврската за плаќање на персоналниот данок на доход, меѓу останатото и за платите на вработените лица кај обврзникот кој е корисник на технолошкa индустриска развојна зона, во висина од 50% за период од десет години (наместо поранешните 5 години), од отпочнувањето на вршење на дејноста во зоната, под услови и постапка утврдени со закон, заради усогласување со законот за технолошки индустриски развојни зони, во кој е предвидено целосно ослободување од персонален данок на доход на платите на вработените лица за период од 10 години за корисникот на технолошкa индустриска развојна зона. Согласно образложението кон предлог-измените, и во овој закон се намалени глобите по барање на бизнис-заедницата, а исто така се укинати и некои од постојните глоби; намалени се постојните износи на глобите предвидени во законите од даночната област и извршена е категоризација на постојните прекршочни одредби. Исто така, заради стимулирање на граѓаните за вложување на своите парични средства во банките, се предлага одложување за две години на датумот за започнување на примената на одредбите со кои се предвидува оданочување со персонален данок на доход на остварените приходи во вид на камати за орочени штедни влогови и други депозити, па така, наместо до 01.01.2011 година, примената на овие одредби е одложена до 01.01.2013 година.

Елена Милевска

Уште 200 дополнителни дозволи за македонските транспортери за превоз на стоки за Словенија за 2011 година

ЦЕЛОСНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ОД 2012 ГОДИНА

Македонските превозници добија 200 дополнителни дозволи за превоз на стоки за Словенија. За 2011 година бројот на дозволите што ќе се разменат е 1000, а од 2012 година треба целосно да се либерализира превозот и да се врши без дозволи. Ова е договорено на состанокот на Мешовитата комисија за меѓународен патен сообраќај на патници и стоки меѓу Македонија и Словенија, на којшто е потпишан и Проколот за транспортните дозволи, соопштува Министерството за транпорт и врски. Дозволите, како што се наведува во соопштението, ќе важат за превоз во двете насоки, наместо како досега дозволите да важат само за превоз во една насока. - Со 1000 дозволи за 2011 година се обезбедува седумкратно поголем контингент од досегашниот, односно македонските превозници ќе имаат седум пати повеќе дозволи за користење отколку до сега, но и со променетиот режим за важење на дозволите во двете насоки, прашањето кое се однесува на недостиг на овие дозволи за македонските превозници е во целост решено, се наведува во соопштението. На состанокот е усогласен нов нацрт-текст на спогодба каде се предвидува целосна либерализација на превозот на стоки, односно превозот да се извршува без режим на дозволи. Договорено е нацрт-текстот меѓу двете делегации да биде парафиран во првиот квартал на 2011 година, а министрите за транспорт на двете земји да ја потпишат спогодбата во средината на 2011 година, со што се очекува од почетокот на 2012 година да има целосно либерален режим на превоз на стоки без дозволи меѓу Република Македонија и Република Словенија. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека континуирано се одржуваат состаноци на мешовитите комисии за меѓународен патен сообраќај со земјите со коишто Република Македонија остварува економска размена со цел дополнување на квотите на транспортни дозволи и либерализирање на превозот. До крајот на оваа година е предвидено да се одржи работен состанок со претставници од ресорното министерство од Република Чешка, каде што за првпат ќе биде усогласена нацрт-спогодба за меѓународен превоз, а со Република Австрија ќе се потпише протокол за актуелните односи во меѓународниот превоз на стоки.

Олеснувања

Page 11: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 4 ноември 2010

Статистика Индекси на цените на мало и на трошоците на живот

ЗЕЛЕНЧУКОТ СО НАЈГОЛЕМ

ПОРАСТ Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во октомври 2010 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.2, а индексот на трошоците на животот 100.3. Порастот на трошоците на животот од 0.3% е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 3.9%, цигарите за 1.8%, мастите за 1.6%, јајцата за 1.3%, млечните производи за 0.9%, свежото и киселото млеко за 0.6%, преработеното овошје

и кондиторските производи за 0.5%, другите прехранбени производи за 0.4%, производите од жито, преработките од месо и рибата за 0.2%. Во октомври, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај комунално-станбените услуги за 2.4%, обувките за 2.0%, течните горива и гасот за 1.7%, облеката за 1.0%, нафтените деривати за 0.9%, мебелот и пијалаците во ресторани и хотели за 0.3% и храната во ресторани и хотели за 0.2%. Намалување на индексот на трошоците на животот во октомври 2010 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај овошјето за 6.0% и преработениот зеленчук за 0.4%. Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано кај другите средства за образование за 0.4%, средствата за хигиена за 0.2% и останатите услуги,

неспомнати на друго место за 0.1%. Индексот на цените на мало во октомври 2010 година, во споредба со октомври 2009 година, бележи пораст од 3.3%, а трошоците на животот бележат пораст од 2.7%. Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, во октомври 2010 година изнесува 12 105 денари и во однос на претходниот месец е повисока за 0.6%.

Бруто домашен производ во 2009 (претходни податоци)

ПАД ОД 0,6 ОТСТО

Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-домашниот производ (БДП) во 2009 година изнесува 409 100 милиони денари и во однос на 2008 година бележи пад од 0.6%. Реалната стапка на раст на БДП во однос на 2008 година изнесува -0.9%. Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2009 година имаат: Преработувачка индустрија (14.1%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба (13.1%) и Земјоделство, лов и шумарство (9.7%). Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции што им служат на домаќинствата, во 2009 година во однос на 2008 година номинално опаѓа за 5.6%. Финалната јавна потрошувачка во истиот период номинално расте за 4.6%.

Во 2009 година бруто-инвестициите во структурата на БДП учествуваат со 26.2%.

Инвестиции во основни средства во 2009 (претходни податоци)

ВЛОЖЕНИ 81,8 МИЛИЈАРДИ

ДЕНАРИ Номиналното опаѓање на вредноста на инвестициите во основни средства во 2009 година, во однос на 2008 година, изнесува 5.2% Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на инвестициите во основни средства во Република Македонија во

2009 година изнесува 81872 милиони денари. Во техничката структурата на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 53.4%, машините и опремата со 42.0%, а останатите инвестиции со 4.6%. Според Националната класификација на дејностите, најголем обем на инвестиции во основни средства е реализиран во: Градежништвото 29.9%; Преработувачката индустрија 17.8%; Сообраќајот, складирањето и врски 11.9% и Снабдувањето со електрична енергија, гас и вода 11.3%. Најголем пораст во однос на 2008 е забележан во: Градежништвото, Преработувачката индустрија и Земјоделството, ловот и шумарството.

Page 12: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 4 ноември 2010

Бруто и нето плати

ПРОДОЛЖУВА РАСТОТ

Бруто-плати Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2010 година во однос на август 2009 година, зголемена за 1.5% Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2010 година, во однос на август 2009 година, изнесува 101.5. Ваквото зголемување е резултат, пред сe, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (6.6%), Преработувачка индустрија (6.0%) и Образование (4.5%). Зголемување на просечната исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Сообраќај, складирање и врски (7.1%), Снабдување со електрична енергија, гас и вода (5.6%) и Хотели и ресторани (5.0%). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2010 изнесува 30 207 денари. Во август 2010 година, 2.7% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Нето-плати Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2010 г., во однос на август 2009 г., е поголема за 3.4% Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен, во август 2010 година, во однос на август 2009 година, изнесува 103.4 Ваквото зголемување е резултат, пред сe, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (7.9%), Рударство и вадење на камен (6.3%) и Образование (6.2%). Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите:

Сообраќај, складирање и врски (7.6%), Снабдување со електрична енергија, гас и вода (5.5%) и Хотели и ресторани (4.8%). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2010 изнесува 20 541 денари. Во август 2010 година, 2.7% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

Индекси на работници во индустријата

ОПАЃА БРОЈОТ НА

ВРАБОТЕНИТЕ Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во септември 2010 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1.4%.

Бројот на работниците во секторот Вадење на руди и камен во септември 2010 година, во однос на септември 2009 година, е зголемен за 0.6%, во Преработувачката индустрија е намален за 1.5% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и вода е намален за 1.6%. Бројот на работниците во индустријата во Република Македонија во септември 2010 година во однос на просечниот број на работници од 2005 година е намален за 15.5%. Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - септември 2010 година, во однос на периодот јануари - септември 2009 година, изнесува 94.6.

Анкета за мислење на потрошувачите

ПОТРОШУВАЧИТЕ ПЕСИМИСТИ ЗА

СЛЕДНИТЕ 12 МЕСЕЦИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на индикаторот на доверливоста во октомври 2010 е намален за 3,7 процентни поени во однос на вредноста од претходниот месец. Намалувањето е резултат на неповолните очекувања за финансиската состојба на домаќинствата, економската состојба на домаќинствата, веројатноста во поглед на штедењето во следните 12 месеци, како и оценката за невработеноста. Очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето вo следните 12 месеци, во октомври 2010 се понеповолни во споредба со очекувањата од претходниот месец. Очекувањата за финансиската состојба на домаќинствата во следните 12 месеци, во октомври 2010 се понеповолни во споредба со нивните очекувања од претходниот месец, како и во однос на очекувањата од октомври 2009 година. Во октомври 2010 година домаќинствата оцениле дека економската состојба нa државата, како и невработеноста за следните

12 месеци, ќе бидат понеповолни во споредба со нивната оценка од септември 2010.

Можности

Page 13: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 4 ноември 2010

Признанија

Кредитна линија за зафати од областа на животната средина, безбедноста при работа и квалитетот и безбедноста на производи

ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ ДО 1 МИЛИОН ЕВРА ЗА МАЛИ

И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Пристапот во Европската унија и нејзините големи пазари претпоставуваат усогласување со правната регулатива за квалитет, безбедност и здравје и заштита на животната средина. Унапредувањето на стандардите во оваа сфера обезбедува конкурентна предност за вашата компанија, како во Македонија, така и меѓународно. Искористете ја можноста и придружете се кон Инструментот за поддршка на конкурентноста за мали и средни претпријатија кои поддржуваат инвестиции до 1 милион евра. Во Општина Велес, пред 50-тина заинтересирани компании од Вардарскиот регион, се одржа презентација (3.11.2010 година) на новата специјална кредитна линија во рамките на Инструментот за поддршка на конкурентноста на МСП, поддржан од Европската комисија и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Овие кредити се достапни за користење за соодветни компании преку три македонски банки според нивните кредитни политики и услови во следните 30 месеци. Кредитот е многу атрактивен за компаниите од две причини. Тој нуди можност за добивање грант во износ до 20% од износот на кредитот по комплетирање на инвестицијата и бесплатна консултантска помош во подготовката на инвестицискиот проект и кредитната апликација за банката. Малите и средни претпријатија може да го искористат заемот за сите типови инвестиции во индустриски објекти, опрема, софтвер, унапредување на системите на управување и генерално унапредување во усогласувањето со една, или повеќе директиви на ЕУ во областа на животната средина, безбедноста при работа и квалитетот и безбедноста на производите. Целосното усогласување со сите правни барања ќе биде “лиценца за работа” на македонските компании на големиот европски пазар и ќе обезбеди нивна идна конкурентност преку најдобра достапна технологија и оптимизирани процеси. Учество во програмата може да земат мали и средни претпријатија со мнозинска приватна сопственост и контрола и кои се финансиски способни да ги пресретнат критериумите за кредитно одобрување од банките-учеснички во проектот. Заинтересираните компании можат да се обратат на следната е-адреса: [email protected] .

Оглас за давање во закуп 5.375 хектари државно земјоделско земјиште ВО 17 ОПШТИНИ ДО 10 ХЕКТАРИ ЗА ЕДЕН

ПОНУДУВАЧ Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распиша јавен оглас за давање под закуп 5.375 хектари државно земјоделско земјиште во регионите на Македонски Брод, Виница, Гевгелија, Гостивар, Делчево, Дебар, Демир Хисар, Кочани, Кичево, Куманово, Крушево, Кратово, Неготино, Охрид, Пробиштип, Ресен и Чаир. Како што соопштува Министерството, максималната површина на кој може да аплицира и да добие еден понудувач е 10 хектари. Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето зависно од намената е, до 50 години за подигање маслинарници, до 30 години за подигање долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ), за спортско-рекреативни активности и за рурален туризам, до 15 години за одгледување други земјоделски култури, до 15 години за ливади и до 20 години за рибници. Право да учествуваат на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност, додека странските правни лица треба имаат регистрирано подружници во Република Македонија. Според пропишаните критериуми, на домашните и на странските правни лица или нивните подружници земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи треба да им е претежна дејност или земјоделското земјиште да им е потребно за вршење научно-истражувачки дејности. На огласот немаат право да конкурираат лица кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, ниту правни лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации. Министерството нагласува дека некомплетни и ненавремено доставени пријави нема да се разгледуваат. Со овој оглас, последен годинава, се реализира акцискиот план на Владата за продолжување на распределбата на државно земјоделско земјиште во сите региони во Македонија. Во првата половина од 2010 беа објавени огласи за речиси 17 .000 хектари во сите општини.

На меѓународната изложба ИЕНА во Нирнберг, Германија

ВРВНИ ПРИЗНАНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИНОВАТОРИ

Златен и сребрен медал освоија македонските претставници на Меѓународната изложба на идеи, пронајдоци, нови произови ИЕНА 2010, што се одржа во Нирнберг, Германија од 28 до 31 октомври. Златен медал доби пронајдувачот Владимир Филевски, за пронајдокот „Засилувач за 50/60 Х3“, а сребрен медал е доделен на Димитар Рибески, за пронајдокот “Дренажна преграда”. Пронајдокот на Филевски доби Златен медал со диплома и од Руската асоцијација за меѓународна научна и техничка соработка, а пронајдокот на Рибески специјална награда од Првиот институт на пронајдувачи и истражувачи на Исламската Република Иран. Покрај овие две награди македонските претставници добија и специјални награди како што се златен пехар со диплома од Министерството за образование, истражување, млади и спорт на Романија на пронајдувачот Андреј Тасев, за пронајдокот “Едносмерен хидрауличен телескопски амортизер“. Пехар со диплома од Турскиот патентен завод доби пронајдувачот Звонко Кузмановски, за пронајдокот “Двотактен дизел мотор со продолжена експанзија“. Сребрен медал со диплома од Здружението на пронајдувачи на Полска е доделен на пронајдувачот Мојсов Кочо за пронајдокот ”Држач за запалки со можност за закачување на кутија од цигари“. Државниот завод за индустриска сопственост, кој го организира учеството на изложбата, за своето учество и придонес во промовирањето на пронаоѓаштвото доби Диплома од Турскиот патентен завод. На изложбата учествуваа 31 земја со над 700 пронајдоци. Македонија се претстави со пет пронајдоци.

Можности

Page 14: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 4 ноември 2010

Покровители „Скопски пазар“

РАСТ НА ДОБИВКАТА „Скопски пазар“ - Скопје во својот консолидиран извештај во изминативе девет месеци има раст во речиси сите сегменти. Оваа година растот на оперативните приходи изнесува 15.808.000 денари, односно вкупните приходи се 483.756.000 денари. Лани, во истиот период, оперативните приходи беа на ниво од 467.948.000 денари. Зголемување е регистрирано и кај оперативните расходи, коишто

на 30.9.2010 година изнесуваа 465.325.000 денари или 14.661.000 денари повеќе во однос на истиот период лани. Нето-добивката на „Скопски пазар„ во третиот квартал годинава изнесува 3.261.000 денари и е за 881.000 денари повеќе во однос на ланската добивка од 2.380.000 денари.

Соработка Амбасадорот на Бразил, Вашингтон де Соуса, во посета на Стопанската комора на Македонија

КАКО ДА СЕ СМЕНИ ТРГОВИЈАТА ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ? Во рамките на церемонијата за предавање на писмата за акредитација од страна на новоименуваниот амбасадор на Федеративна Република Бразил во Република Македонија, со седиште во Софија, Н.Е. Вашингтон де Соуса, ја посети Стопанската комора на Македонија за да се запознае со можностите за унапредување на стопанската соработка. Потенцијалите и оддалеченоста на двете земји се објаснување за трговската размена на двете земји која се состојби исклучиво од увоз од Бразил во Македонија. Иако увозот е преполовен во 2009 година (61 милион САД $) во однос на 2008

година (121 милион САД $), сепак е голем бидејќи е наш трговски дефицит со таа земја. Македонија главно увезува говедско и пилешко месо и преработки, шеќер и разни видови сахарози, кафе, пити од соја, неизжилен тутун, руди од манган и концентрати, обувки од гума. Амбасадорот Вашингтон де Соуса информира дека Бразил е земја во која се слеваат многубројни странски инвестиции и дека земјата е со брзорастечка економија, чии компании засега не се заинтересирани за инвестирање вон Бразил. -Тој факт не треба да биде демотивирачки во однос на поголемо запознавање и промовирање и истражување кои македонски производи би можеле да се извезат во Бразил, - истакна Вашингтон де Соуса во разговорот со своите домаќини. Бразил е производител на мали авиони кои можат да најдат примена во регионот. Исто така, Бразил извезува конфекција во цел

свет, вклучувајќи ја и ЕУ, па треба да се испита можноста за „ЛОН„-работи во Македонија. Оваа земја увезува тутун и има неограничени потреби за вештачки ѓубрива, што е голема ставка во нејзиниот увоз. Амбасадата на Бразил ќе се ангажира за секое барање или понуда од страна на компании-членки на Комората, - порача гостинот. За идната година се договорија заеднички активности кои треба да ги доближат двете стопанства и да ја поттикнат трговската размена. Бразил ги привлекува инвеститорите со извонредно силен пазар на недвижности кој креира оптимални услови за раст на економијата. Иако првата асоцијација за Бразил е лежерен начин на живот и туризам, тоа е земја богата со нафтени резерви и био-гориво, што создава компаративни предности во развојот на производството и профит. Поради тоа, Бразил има исклучително развиен банкарски сектор, речиси неисцрпно производство на соја и огромни залихи на железна руда. Една недела пред Самитот на БРИК, во јуни 2009 година, Бразил му понуди на Меѓународниот монетарен фонд 10 милијарди САД $. Тоа беше порака за промените во бразилската економија, бидејќи Бразил дотогаш беше само барател на заеми!

Љубица Нури

Page 15: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 4 ноември 2010

Европска унија Дилеми на Естонија: Корист и (или) штета од еврото

ПОЛОВИНА ГРАЃАНИ ЗА ЕВРОПСКАТА ВАЛУТА,

ЕКОНОМИСТИТЕ СКЕПТИЦИ Раководството и јавноста во Естонија, којашто во јануари ќе стане седумнаесетта членка на еврозоната, веруваат дека еврото, како и сите форми на интеграција со западна Европа, ќе биде од корист за поранешната советска република. Владата на десниот центар на премиерот Анрус Ансип верува дека заедничките пари ќе ги поттикнат странските инвестиции и ќе ги укинат трошоците за размена на валути. Прифаќањето на еврото пред се` ќе ги зацврсти напорите на Естонија да стане полноправна членка на Европската заедница - улога којашто има најголемо значење во земјата од 1,3 милиони жители. Скептиците, главно економисти и националисти, тврдат дека економската добивка од еврото ќе биде мала или никаква и дека еврото може дури и да ги закочи напорите на Естонија да ги стигне побогатите членки на еврозоната. Од 2004 до 2007 година, економијата на Естонија растеше со стапка од осум отсто годишно, што резултираше со инфлација од 10 отсто во 2008 година. Работата стана премногу скапа и Естонија јас загуби својата конкурентност. Естонија се обврза дека ќе го преземе еврото во 2004 година, кога и` се придружи на Европската унија. Таа немаше клаузула да бира, како што имаше Велика

Британија, која се` уште ја користи фунтата. Но, бидејќи обврската нема краен рок, Естонија може да ја задржи својата круна уште некое време и да чека да види како еврото ќе се извлече од тековните проблеми. Пристапот “да се чека и да се види”, велат скептиците, на Естонија и` овозможи да ја задржи флексибилноста во економската политика и да се доближи до европскиот стандард на живеење. Евро-правилата забрануваат високи буџетски дефицити, висок степен на инфлација или прилагодување на каматните стапки по мерка на сопствената економија. Минатомесечната анкета за јавното мислење покажа дека 50 отсто од Естонците се за еврото, 38 отсто

против, а 12 отсто не можат да се одлучат. Естонија ќе биде најсиромашната членка на евро-клубот, со две третини од просечниот бруто-домашен производ (БДП) на еврозоната изразен во куповната моќ. Што е можеби уште полошо, Естонија ќе го добие еврото после најтешката рецесија низ којашто поминала досега. Во текот на 2008 година БДП опадна за речиси 14 отсто, додека стапката на невработеност надмина 18 отсто во вториот квартал на оваа година. - Треба да чекаме. Се` уште не сме подготвени, - вели Ибар Раиг, професор по економија на Универзитетот во Талин. - Проблемот е во тоа што монетарната унија е премногу рестриктивна за раст, а нашиот економски циклус не е сличен со повеќето други земји-членки, - вели тој и истакнува дека верува оти стонија треба да му се придружи на еврото, но само „во екот

на следниот циклус на раст„, или за околу шест до седум години.

ЕБОР предлага подобра рамка за инвестирање во земјоделството во Источна Европа

ОГРОМЕН НЕИСКОРИСТЕН ПОТЕНЦИЈАЛ

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) најави дека во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) и приватните трговци со житни култури, ќе побара од земјите од Источна Европа под итно да спроведат реформи со кои би се поттикнало привлекувањето приватни инвестиции во земјоделскиот сектор. Во соопштението на ЕБОР, се наведува дека во земјоделскиот сектор во Источна Европа постои огромен неискористен потенцијал, за што особено негативно влијание имаат краткорочните рестриктивни мерки што ги спроведуваат одредени источноевропски земји, како што се забраните за извоз на житни култури или воведувањето на извозни квоти. Според ЕБОР, иако ваквите мерки се краткорочни, тие сепак имаат негативни последици врз земјоделството на подолг рок, бидејќи ги намалуваат приватните инвестиции и тоа во

време кога инвеститорите треба да се убедат дека нивните вложувања се сигурни и дека правилата и прописите во трговијата во земјоделскиот сектор се предвидливи, чесни и транспарентни. Претседателот на ЕБОР, Томас Миров оцени дека некои земји, како што се Русија, Украина и Казахстан имаат огромен потенцијал да бидат глобални снабдувачи со храна, но дека тоа би можеле да го остварат само преку воведување на ефикасна рамка што ќе ги стимулира инвестициите во земјоделскиот сектор. Покрај рестриктивните мерки, како причина за малите инвестиции во земјоделството во Источна Европа, ЕБОР ги посочува и нерешените имотни односи, немањето ефикасна финансиска инфраструктура и несоодветните мерки за осигурување. Недостигот на инвестициите во источноевропскиот земјоделски сектор е главна причина поради која државите од тој регион немаат уште поголема улога на светскиот пазар на земјоделски производи. Додека во западноевропските земји просечно се произведуваат по 5,3 трони житни култури на хектар, во Украина тој просек изнесува три тони, во Русија 2,2, а во Казахстан 1,1, тони, се наведува во соопштението на ЕБОР.

Свет

Page 16: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 4 ноември 2010

Стандардните правила за употребата и процедурите на сертификатите за потекло и сертификација на меѓународните трговски документи се дизајнирани за да обезбедат едноставност и еднаквост на праксата, како и меѓу сите органи. За сертификатите за потекло: √ тоа е потврда за потекло и мора да биде во официјална форма добиена од телото за издавање на сертификатот, стопанските комори. Секој сертификат, заверена копија и пријавата мора да се, во секој поглед, во согласност со барањата на органот од кој треба да бидат издадени и мора да бидат подготвени и завршени во согласност со сите прописи, правила и инструкции од издавачот и сите упатства, правила или белешки; √ копија од фактурата во однос на извозот на стоки, наведени во сертификатот за потекло мора да се приложи во сертификатот; √ стоките мора да бидат опишани според нивниот комерцијален опис, мора да бидат исти како што се појавуваат во фактурата за извоз на стоките. Ако просторот во сертификатот е недоволен да се опишат стоките, мора: - или да се користат два или повеќе форми на сертификати во согласност со просторот кој се бара во овој случај, официјалниот број на вториот и секој натамошен сертификат кои се користат мора да бидат отстранети, а бројот на првата форма која се користи мора да биде вметнат на своето место, секоја форма е одбележана со бројот на сертификатот кој се состои од вкупно сертификати за потекло (пр. “Страница 1 од 3 страници”, “Страница 2 од 3 страници”, и др.) или цврсто и трајно да се приложи копија од фактурата за извоз, сертификат за секоја копија на сертификатот и пријавата ....... општ опис на стоката, со зборовите “во согласност со приложената сметка бр .......” мора да се додаде во просторот за опис на стоката во секоја од формите.

За извозна фактура и други документи: √ барателот може да бара сертификација на фактури со лого на декларација за потекло или друга изјава како што е наведено во условите и потребата на одредена држава. Други документи, како што се листи на пакување, извозна декларација и други документи поврзани со извозот, може да бидат проверени од Стопанската комора; √ сите документи поднесени за сертификати мора да бидат потпишани во согласност со прописите; √ стопанските комори мора да ги потврдат автентичноста на потписите на документите презентирани за сертификација; √ копии од секој документ доставен до органот за издавање на сертификатот мора да бидат доставени и да содржат потпис на лицето кое се потпишало на изворниот исказ. Второто правило се однесува на одговорноста на подносителот на барањето да се направи соодветна декларација за потекло на стоката и предмет на барањето за сертификат за потекло. Потеклото на стоките се утврдува во согласност со релевантните прописи на Европската заедница. Со цел да се обезбеди точноста на изјавата, мора да бидат исполнети следниве услови: √ барателот да ги стави на располагање за проверка од страна издавачот на сертификатот, кога е

Европски Информативен и Иновативен Центар Македонија - ЕИИЦМ

ЕВРОПСКИ СЕРТИФИКАТ ЗА ПОТЕКЛО

Page 17: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 4 ноември 2010

потребно, неговите книги и записи. Издавачот на сертификатот има право да врши увид на стоките и на какви било прашања од други компании или организации, специфицирани од страна на жалителот, кои биле вклучени во производството, примената на секој процес, обезбедувањето на стоките или дополнување. Издавачот на сертификатот ќе има право на пристап до сите дополнителни информации за кои смета дека се неопходни; √ ако стоките кои се произведени или преработени од страна на барателот, мора да ги објават деталите или на друг начин процесот изведен од него, на задниот дел на пријавата, во согласност со барањата на сертификатот; √ ако стоките не се произведени од страна на барателот, името и адресата на производителот мора да бидат наведени на задната страна на пријавата со лого. На барање за издавачот, подносителот на барањето мора да достави копија на производите или на снабдувачите, според прописот потпишана изјава за потеклото на стоките; √ во случај на повторен извоз, барателот мора да докаже дека идентификуваната стока повторно е извезена откако била претходно увезена и поддршката на неговата декларација за потекло со производство на: сертификат за потекло од надлежниот орган во земјата на извоз или копија од фактура од страна на производителот или изјава на производителот или вистинските производители на стоки, или копија од увоз за влез против која стоките се избришани од приходите и Царината, или доказ за потекло како што се бара од издавач на сертификати; √ подносителот на барањето мора да обезбеди дополнителни информации доколку издавачот смета дека е потребно.

Правило 3 - Сите апликации за сертификати за потекло, сите изјави кои се однесуваат на таквите апликации и сите изјави на фактури или други документи кои се потребни за сертификат мора да бидат потпишани од страна на директорите, имено: √ во случај на директно барање, од страна на сопственикот; √ во случај на партнерство, на компанијата - партнер; √ во случај на корпоративни тела, од страна на директорот или секретар на претпријатието.

Алтернативно, декларациите и другите документи може да бидат потпишани од страна на овластено службено лице или претставник на фирма или компанија. Во случај на официјални лица, писмо на власта потпишано од страна на сопственикот, компании- партнери, директор или секретар или правно лице, заедно со примероци на потписите на лицата, мора да бидат депонирани кај издавачот (обично во форма на официјален допис на компанијата во врска со листата на овластени потписници). Во случај на агенти, како што се превозот и препраќање агент, издавачот може да продолжи со примена врз основа на формални дописи на компанијата-барател, но ако постои сомневање за тоа дали од агентот се бара дозволата, треба да се бара писмено овластување од агентот на директорот.

Правило 4 - Во секое време, врз основа на која било изјава од страна на подносителот на барањето или на некој кој обезбедува докази за да се доведе во прашање од кое било лице или надлежен орган и барателот за веродостојноста на сертификатот, издавачот на сертификатот ќе биде комунициран за сите детали за случајот до надлежните служби. Правило 5 - Стандардните правила може од време на време да се променат, изменат или да се заменат со новите правила одобрени од страна на националната стопанска комора. Секоја модификација, промена или замена, како и датумот, од која тие се ефективни, ќе бидат познати за издавачот во писмена форма до реализација.

Правило 6 - Без разлика на сето она што е содржано во претходните правила, издавачот на сертификатот го задржува правото во секое време и без изјава за видот на причината, да се одбие да се завери сертификатот за потекло или фактурата (или друг документ) кој може да биде презентиран за проверка или сертификација.

Контакт: Лазo Ангелевски, проект-консултант, тел: (02) 3244090, [email protected]

Европски Информативен и Иновативен Центар Македонија - ЕИИЦМ

Page 18: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 4 ноември 2010

Од 10 до 13.11.2010 година во Република Бугарија

INTERFOOD & DRINK ВО СОФИЈА

Од 10 до 13 ноември 2010 година во Софија во просториите на Интер Експо Центарот ќе се одржи саемската манифестација INTERFOOD&DRINK. Во нејзиниот склоп ќе има посебни специјализирани изложби како МЕСОМАНИЈА, СВЕТОТ НА ВИНОТО, БУЛПЕК, САЛОН НА ВИНОТО И ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ. Детални информации како и пријавување (вклучително и формулари и услови за пријавување) може да се добијат на официјалната веб страна на саемот- h�p://www.iec.bg/ и воСтопанската комора на Македонија.

Контакт лице : Васко Ристовски Тел: (02) 3244014 Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

**********************

Еднодневен семинар

“ПРАВНИОТ РЕЖИМ, ПРИВАТИЗАЦИЈА И ПРОМЕТ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ”

16 ноември 2010 година (вторник)од 10-15:00 часот

Сала 4 на V кат, Стопанска комора на Македонија

Во насока на разјаснување на условите и постапката за приватизација поврзани со разрешување на прашањата поврзани состојбата на урбанистичките планови, Стопанската комора на Македонија го организира овој семинар на кој предавачи се Фиданчо Стоев и Ранко Максимовски, судии во пензија.

Сите заинтересирани за учество на овој семинар, можат да се пријават најдоцна до 12 ноември 2010 година. Попширно за Програмата на семинарот и превземање на Пријавниот лист на веб-порталот: www.mchamber.mk

Контакт: Ленче ЗиковаТел: (02) 3244054;Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Контакт: Елизабета Ефтимова Тел: (02) 3244074; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 be�@mchamber.mk

Советување

“ИНКОТЕРМС 2010, МЕЃУНАРОДНИ ТРГОВСКИ ДОКУМЕНТИ И ПОВРАТ НА

ДДВ ОД СТРАНСТВО”17-20 ноември 2010 година

Хотел „Олимп„ 4* , Златибор, Р. Србија

Во насока на еднообразното толкување на правилата во меѓународната трговија коешто ја олеснува размената и помага да се избегнат меѓународните спорови и недоразбирање меѓу партнерите, Стопанската комора на Македонија, од 17-20 ноември 2010 година, организира советување на тема: “Инкотермс 2010, Меѓународни трговски документи и поврат на ДДВ од странство”, кое ќе се одржи во Златибор (Хотел „Олимп„). Предавач: Мирко Винчетиќ, директор на Cash Back IMO и ексклузивен и генерален застапник на швајцарската Cash Back во Србија. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 5 ноември 2010 година. Подетални информации, агендата и пријавниот лист може да се најдат на веб-порталот на Стоапнската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт: Анита МитревскаТел: (02) 3244057;Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Контакт: Елизабета Ефтимова Тел: (02) 3244074; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 be�@mchamber.mk

На 12 ноември 2010 во Стопанската комора на Македонија

ДЕЛОВНИ СРЕДБИ СО КОМПАНИИ ОД СРБИЈА

Во организација на Стопанската комора на Македонија-Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, а со цел воспоставување директни контакти и запознавање со потенцијални македонски партнери, реномирани компании од Србија планираат одржување на деловни средби во Стопанската комора на Македонија. Делегацијата од Србија, предводена од EEN - Enter-prise Europe Network во Србија, е составена од 16 директорки на реномирани компании од следните области:• издаваштво• трговија • инженеринг• машинство и металопреработувачка• ракотворби• ИТ консалтинг и менаџмент • прехрамбена индустрија • едукација за wellness i SPA програми• дрвна индустрија• угостителство• графичка дејност Бизнис форумот претставува можност за унапредување на економската соработка помеѓу Република Македонија и Србија, како и за воспоставување повисоки облици на соработка и развивање на деловните односи меѓу компаниите од двете земји. За успешна реализација на настанот, првенствено е

КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ

Page 19: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 4 ноември 2010

неопходно македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со српските компании, преку пополнување на Пријавниот лист, со цел конкретна финализација на билатералните средби. Деловните средби со компаниите од Србија ќе се одржат на 12. ноември со почеток во 13 часот, во Стопанската комора на Македонија, на 5-ти кат, сала 1 . Ве молиме доколку имате интерес за учество на бизнис форумот, пополнетиот пријавен лист да ни го доставите најдоцна до 09.10.2010 година . Учеството за македонските компании е бесплатно.

Контакт: Лазo АнгелевскиТел: (02) 3244090;Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Контакт: Софче Јовановска Тел: (02) 3244060; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Еднодневен семинар

„Е�БИЗНИС СТРАТЕГИИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА И ЕФЕКТИВНОСТА

ВО РАБОТЕЊЕТО НА КОМПАНИИТЕ ВО ГЛОБАЛНОТО ОКРУЖУВАЊЕ”

17 ноември 2010 година (среда)Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3 кат

9:30-16:00 часот

Конкурентноста на македонската економија е 79-та од 139 економии. Според апсорбцијата на технологиите од страна на компаниите Македонија е на 113-то место, според софистицираност на производниот процес на 90-то место, а според софистицираноста на бизнисот на 96-то место од 139 економии во светот. (h�p://www.weforum.org/). Предавач на семинарот: - Мијалче Санта, Економски факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје. - Излагања на претставници на фирми кои имплементирале електронски бизнис. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 14 ноември 2010 година.

Поопширно на веб-порталот на Стопанската комора на Македонија, од каде што може да се преземе и пријавниот лист: www.mchamber.mk

Контакт: Ленче ЗиковаТел: (02) 3244054;Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Контакт: Елизабета Ефтимова Тел: (02) 3244074; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 be�@mchamber.mk

**********************

Од 10 до 12 декември 2010 година Меѓународeн гастрономски натпревар во Република Хрватска

„ БАКАЛАРИЈАДА“ ВО ТРОГИР Меѓународниот гастрономски натпревар „БАКАЛАРИЈАДА “ ќе се одржи од 10 до 12 декември 2010 година, во хотелот „МЕДЕНА“ и на Плоштадот Иван Павле II во Трогир, Република Хрватска. За време на 3-дневниот натпревар ќе се одржат: меѓународното натпреварување на професионални готвачи и ученици, презентации, дегустации, изложба на хрватски и странски производители на храна, работилници и предавања за гастрономијата, тркалезни маси за руралниот туризам, маслиновото масло, лукот како бренд итн. Оваа година, покрај готвачите од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Франција, ќе учествуваат и мајсторите за готвење од Македонија. Во Трогир е предвидено одржување на „Македонска вечер“ со презентирање на традиционалните народни јадења, музика и фолклор.

Стопанската комора на Македонија организира посета на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи и за македонските компании кои би ги презентирале своите производи на заеднички бесплатен штанд. Пријави во Стопанската комора на Македонија најдоцна до 29 октомври 2010 година.

Контакт лице : Венера Андриевска Тел: (02) 3244037 Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

**********************Семинар

�УСПЕШНО УЧЕСТВО НА 7. РАМКОВНА ПРОГРАМА НА ЕУ�

Скопје, петок 19 ноември 2010 година Во рамките на европскиот проект WBC-INCO.NET, Slov-enian Business & Research Associa�on, SBRA од Брисел, организирасеминар на тема: Како да се придобијат средства од 7. рамковна програма за истражување и развој на ЕУ (FP7)?. Се покануваат сите заинтересирани претставници на претпријатијата, научните установи, локалните заедници и невладините организации, да ја искористат можноста, бесплатно да се информираат за предностите на ЕУ-програмата и условите, како да бидат успешни на конкурсите. FP7 програмата ќе трае уште 3 години, меѓутоа веќе започнаа првите дискусии за предлозите за 8.OP – за што исто така ќе бидете информирани. На семинарот, покрај македонските претставници, ќе земат учество и заинтересирани од соседните земји во регионот на ЈИ Европа. Во организацијата на семинарот соработуваат ЕЦПД Регионалниот институт за развојни студии од Скопје, и Стопанската комора на Македонија, во чии простории и ќе се одржува семинарот. Работен јазик е англискиот на кој треба да се пополнат и пријавите.

КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ

Page 20: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 4 ноември 2010

Заинтересираните се повикуваат да се пријават на следната е-адреса [email protected] со копија до [email protected] до 5 ноември 2010 година.

Контакт: Ленче ЗиковаТел: (02) 3244054;Факс:(02) [email protected]

**********************

На 12.11.2010 година презентација на белгиската компанија „КОВАНЕР„ во Стопанската комора на Македонија

СОВРЕМЕН АЛАТ НА ИДНИНАТА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со македонско-белгиската компанија „Кованер Балкан„ ДООЕЛ, која е дел од белгиската компанија „КОВАНЕР„, организира презентација на рачен алат со врвен квалитет. Овој алат

наоѓа примена во градежништвото, дрвната индустрија, обработката на мермер и камен и кај занаетчиските работи. Презентацијата, на којашто ќе бидат поставени алатите и ќе биде објаснета нивната примена, ќе се изврши под мотото „Современ алат на иднината“. Предвидена е интерактивна размена на искуства и сознанија од примена на рачниот алат. Презентацијата ќе се одржи нa 12.11.2010 година, со почеток во 10:00 часот, во Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат. Од 11– до 11.30 часот ќе има коктел-пауза, а потоа се предвидени билатерални разговори. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите македонски компании заинтересирани за учество на презентацијата да го пријават своето учество најдоцна до 5.11.2010 година. Пријавниот лист може да се преземе од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт:Мирјана КоцеваЕ-адреса: [email protected]Тел:3244-035; Факс: 3244-088

**********************

На 10 ноември во Стопанската комора на МакедонијаПРОМОТИВЕН ДЕН НА ПОРТУГАЛИЈА

*ПРОМОЦИЈА, ПРЕЗЕНТАЦИИ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ СО ПОРТУГАЛСКИ КОМПАНИИ

Во насока на доближување на португалското стопанство и неговите економски потенцијали до бизнис заедницата од нашата земја и на непосредно запознавање со можностите за деловна соработка, на 10 ноември во Стопанската комора на Македонија ќе се одржи промотивен ден на Португалија. Во рамките на промотивните активности ќе се одржат и деловни средби со португалски компании. Португалската делегација, предводена од претседателот на Трговската комора на Португалија – Западен Балкан, е составена од пет реномирани компании од оваа земја членка на ЕУ и тоа: • Ibericofer, градежиштво; • Cinclus, инженеринг; • Focus Group, инженеринг; • Sua Kay, архитектонтско студио; • Parqueexpo, животна средина и урбано уредување. За време на настанот ќе биде потпишан Спогодба за соработка помеѓу Стопанската комора на Македонија и Трговската комора на Португалија – Западен Балкан. Со цел воспоставување директни контакти и

запознавање со потенцијални македонски партнери реномираната јавна португалска компанија “Паркекспо” ќе одржи презентација на низвните активности и интерес за соработка. “Паркекспо” е лидер во областа на просторното планирање и урбано уредување на јавни и приватни површини и во имплементација на проекти од животната средина. Промотивниот ден на Португалија и деловните средби со компаниите од Португалија ќе се одржат на 10-ти ноември со почеток во 11 часот, во Стопанската комора на Македонија. Учеството за македонските компании е бесплатно.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Контакт: Венера Андриевска Тел: (02) 3244037; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

**********************

КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ

Page 21: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 4 ноември 2010

На 24 и 25.11. 2010 година дводневен семинар

ФИДИК � КЛУЧ ЗА ПОЗНАВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ВО ЕУ И СВЕТОТ

�FEDERATION INTERNATIONAL DES IN�GINEUR COUNSELLE � FIDIC�

ГРАДЕЖНИШТВО И ИНЖЕНЕРИНГ 08:30 -16:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Со цел зголeмување на конкурентноста на фирмите од Македонија на меѓународните и на домашниот градежен пазар, во Стопанската комора на Македонија, ќе се одржи семинар на којшто ќе се презентираат стандардите што ги пропишува FIDIC,

кои се користат скоро во сите градежни инвестиции во светот. Најголемиот број меѓународни финансиски институции (EIB, EBRD, World Bank, Asian Bank), водечките меѓународни комерцијални банки, инвестициски фондови, како и други инвеститори, бараат инвестициските проекти да се реализираат по овие стандарди, кои даваат насоки за правење на разни видови меѓународни договори. Договори кои ги користат инженерите, правниците и менаџерите на фирмите при изведување на работите. Семинарот ќе овозможи учесниците да се стекнат со знаења

за отпочнување со работа односно проширување на знаењата за ФИДИК стандардите, кои се применуваат и на тендерите и во нашата земја. Обучувач на семинарот : м-р Живко Димов, дипл.инг. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 15 ноември 2010 година. Уучесници ќе добијат работен материјал и на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество на истата. Цената за еден учесник изнесува 4.720 денари (4000+ДДВ) за компании-членки и 7.080 денари за 1 учесник (6000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората.

Контакт: Марија Петроска Тел: (02) 3244017;Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Контакт: Ленче Зикова Тел: (02) 3244054; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

**********************

Од 2 до 5.12.2010 година, во Бурса, Република Турција

САЕМИ ЗА МЕТАЛ И ЕНЕРГЕТИКА

* Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор- АДОНИС ГРУП, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 1 до 3 декември 2010 година

Во периодот од 2 до 5.12.2010 година во Бурса, Република Турција, ќе се одржи 9-тиот традиционален Меѓународен саем за метал и енергетика:

- “BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR 2010’’ – Саем за машини за обработка на метал, за заварување, за рачен алат, пневматика и хидраулика; 8. Меѓународен саем за електрична енергија, електронска автоматизација, просветлување и комуникација-ELECO 2010; - 2. Меѓународен саем за лим, цевки и нивна обработка - BURSA SHEET METAL TECHNOLOGIES 2010 и - Бурса хардвер и безбедност на работното место-BURSA HARDWARE AND JOB SECURITY FAIR.

Станува збор за еден од најголемите меѓународни саеми за метал и енергетика, на кој свое учество ќе земат реномирани компании од повеќе земји од светот. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор- АДОНИС ГРУП, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 1 - 3 декември 2010 година. Обезбедено е бесплатно хотелско сместување со две ноќевања и вклучен доручек, трансфер од хотелот до саемот и влезница на саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци за саемскиот организатор Адонис во износ од 95 евра по лице со автобус (доколку е со сопствен превоз, само 35 евра административни трошоци). За реализација на автобускиот превоз потребно е обезбедување на минимум 17 патници. Уплатените средства до Адонис и Стопанската комора на Македонија не се рефундираат, доколку учесниците одлучат да го откажат патувањето после истекот на рокот за пријавување. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 26 ноември 2010 година (петок). Повеќе информации за саемската манифестација се достапни на веб-страната: h�p://www.tuyap.com.tr.

Контакт: Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Контакт: Војкан Николовски Тел: (02) 3244068; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

**********************Од 22 до 30 јануари 2011 година во Дизелдорф, Германија

САЕМ ЗА БРОДОВИ И ЈАХТИ “BOOT 2011”

Oд 22 до 30 јануари 2011 година, во Дизелдорф, Германија, ќе се одржи саемската манифестација , “BOOT 2011” - Меѓународен саем за бродови, јахти, и опрема”.

На oваа саемска манифестација, ќе бидат изложени најновите модели на: • бродови; • јахти; • мотори и моторна техника; •опрема за бродови и јахти; •услуги; •кајак и кану; • скијање на вода; •сурфање; •риболов и тн. Стопанската комора на Македонија организира посета на македонските компании на саемската манифестација “BOOT 2011” по претходно пополнета пријава за учество на настанот.

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004;Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ

Page 22: Бизнис ИНФО бр28 од 04112010 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 4 ноември 2010

Швајцарска компанија заинтересирана е за соработка со македонски компании кои

произведуваат делови за автомобилска индустрија

Вид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и мало

Валидност до 4.02.2011

**********

Грчка компанија бара производители на чорапи во Република Македонија кои би

произведувале по нарачка воени чорапи за пласман во Грција

Вид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и мало

Валидност до 5.06.2011

**********

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

тарана со разни вкусовиВид на соработка: Производи,

производствоОбласт на соработка : Трговија на големо

и малоВалидност до 5.12.2010

**********

Македонска компанија бара партнери за соработка за пласман на кафе,кафетерии,р

есторани и супермаркетиВид на соработка: Производи,

производствоОбласт на соработка : Угостителство

Валидност до 5.12.2010

**********

Македоска градежна компанија нуди на продажба ексклузивен нов деловен

простор во Дебар малоо-СкопјеВид на соработка: Изнајмување на деловен

просторОбласт на соработка : Трговија со

недвижниниВалидност до 5.12.2010

**********

Македонска компанија нуди на продажба ексклузивен брендиран угостителски

објект бизнис-кафетерија, во центарот на Скопје

Вид на соработка: Изнајмување на деловен простор

Област на соработка : УгостителствоВалидност до 5.12.2010

**********Романска компанија бара дистрибутер

во Република Македонија за пласман на пумпи и компресори

Вид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и мало

Валидност до 6.12.2010

**********

Македонска компанија бара дистрибутер во Европа за пласман на болнички

програм на производи во кој посебно место завземаат чаршави за заштита

на јоги од мокрење ,изработени од ПВЦ фолија и опшиени со ластик,памучни

чаршави,перници, постелнина,хирушки мантили,одела бели мантили и др.

Вид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и мало

Валидност до:30.12.2010

**********

Хрватска компанија е заинтересирана за изнаоѓање на деловен партнер од

Република Македонија заинтересиран за заедничка инвестиција во проект за производство,складирање,преработка и дистрибуција на храна во Република

ХрватскаВид на соработка: Заедничко вложувањеОбласт на соработка : Трговија на големо

и малоВалидност до:2.12.2010

**********

Компанија од Израел бара соработка со откупувачи на земјоделски производи во Република Македонија за пласман

на пазарите во ЕУ- компанијата е заинтересирана да врши откуп на 5

шлепери земјоделски производи неделноВид на соработка: Техничка соработка

Област на соработка : Трговија на големо и мало

Валидност до:2.12.2010

**********

Компанија од Црна Гора е заинтересирана да увезува конзервиран зеленчук од

Република Македонија (пиперки,краставици,лутеница,ајвар и феферони)

Вид на соработка: Техничка соработкаОбласт на соработка : Производство на

прехранбени производи,тутун и пијалоциВалидност до:3.12.2010

**********Грчка компанија побарува македонски

текстилни компании за производтсво на машки костуми по принципот на „лон„

систем.Пред потпишување на договор,

компанијата ќе испрати примероци од текстил, за изготвување на пробни костуми.

Вид на соработка: Соработка во производство - доработка

Област на соработка : производство на текстил и текстилни производи

Валидност до:31.12.2010

**********

Македонска компанија бара партнери за соработка во ЕУ за извоз на зеленчук и

овошјеВид на соработка: Производи,

производствоОбласт на соработка : Трговија на големо

и малоВалидност до:7.12.2010

**********

Албанска компанија нуди енергетски генераратори за пласман на македонскиот

пазарВид на соработка: Производи,

производствоОбласт на соработка : Дистрибуција на

електрична енергија, гас И водаВалидност до:6.10.2010

**********

Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

апарати на гас и апарати и производи за домаќинство

Вид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и мало

Валидност до:6.12.2010

**********

Индиска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

масло од синап и сусамВид на соработка: Производи,

производствоОбласт на соработка : Трговија на големо

и малоВалидност до:12.12.2010

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) 3244036факс: (02) 3244088

[email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски