39
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 08 март 2012, Бр. 88 СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Стопанската комора на Македонија предлага да се олесни аплицирањето на македонските компании за проекти од европските фондови Број 88 од 08.03.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот www.mchamber.mk НАЦИОНАЛЕН ГАРАНТЕН ФОНД ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КОФИНАНСИРАЊЕ СО КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ ДА СЕ „ИСПЕГЛААТ“ НЕЈАСНОТИИТЕ Работодавачите сметаат дека утврдувањето на минималната плата беше неоходно, но... Групацијата за производство, откуп и преработка на млеко со став СУБВЕНЦИИТЕ СЕ ДОБРИ, АМА ПОТРЕБНА Е НИВНА ПРЕРАСПРЕДЕЛБА СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Osnovana 1922 Founded 1922

Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 08 март 2012, Бр. 88СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Стопанската комора на Македонија предлага да се олесни аплицирањето на македонските компании за проекти од европските фондови

Број 88 од 08.03.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

БИЗНИС ИНФОВаш деловен соработник во светот на бизнисот

www.mchamber.mk

НАЦИОНАЛЕН ГАРАНТЕН ФОНД ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КОФИНАНСИРАЊЕ

СО КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ ДАСЕ „ИСПЕГЛААТ“ НЕЈАСНОТИИТЕ

Работодавачите сметаат дека утврдувањето на минималната плата беше неоходно, но... Групацијата за производство, откуп

и преработка на млеко со став

СУБВЕНЦИИТЕ СЕ ДОБРИ, АМА ПОТРЕБНА Е НИВНА ПРЕРАСПРЕДЕЛБА

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Osnovana 1922

Founded 1922

Page 2: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 08 март 2012, Бр. 88

Чоколадна аукција на „Позитиво“, Фондацијата „Т-Мобиле за Македонија“ и „Теа Модерна“ ДОНАЦИЈА ОД 13.000 ЕВРА ЗА ДЕЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД ОД УЧИЛИШТЕТО „ДИМИТАР ВЛАХОВ“

Здружението на граѓани „Позитиво“, Фондацијата „Т-Мобиле за Македонија“ и „Теа Модерна“ ја организираа третата Чоколадна аукција. Настанот се одржа на 6 март 2012 година, во „Александар Палас“, а учествуваа и лицитираа 400 гости. Чоколадната аукција ја водеа Игор Џамбазов и Миланка Рашиќ, а учествуваше и Влатко Илиевски. Чоколадните експонати се уникатни и направени се посебно за оваа прилика. Најскапиот продаден експонат беше со почетна цена од 5500 денари, а се продаде за 22 500

денари. Средствата ќе бидат донирани за реконструкција на училиштето за деца и младинци со оштетен вид – „Димитар Влахов“ од Скопје. Чоколадната аукција е втора акција за оваа цел, во февруари се одржа аукција на слики направени од децата со оштетен вид, во галеријата „Око“. Сите слики беа продадени. Фондацијата „Т-Мобиле за Македонија“ учествуваше во донацијата со 5000 евра, обезбедена е донација од 3000 евра во Браеви машини, а од самата Чоколадна аукција и аукцијата на слики собрани се 5000 евра. Вкупниот фонд кој ќе отиде за децата од „Димитар Влахов“ е 13 000 евра. Акцијата за собирање средства за децата од училиштето „Димитар Влахов“ ја иницираа и организираа партнерски „Позитиво“, Фондацијата „Т-Мобиле за Македонија“ и „Теа Модерна“, а ја помогнаа компании и поединци од Македонија. Оваа хуманитарна аукција се одржува по трет пат и секоја година одѕивот на гости и донатори е се` поголем, како и вкупната сума за донација што зборува за се` поразвиеното чувство за социјална корпоративна одговорност на бизнис-секторот, но и на поединците.

НЕМА МЕТОДОЛОГИЈА ШТО МОЖЕ ДА ЈА ИСПЕГЛА

СВЕТСКАТА ЦЕНА НА СУРОВАТА НАФТА

П р е г о в о р и т е меѓу Владата и ОКТА околу промената на Методологијата би требало да почнат овој месец.

Станува збор за иницијатива од Владата за да се промени купопродажниот договор, за што ќе биде потребна согласност од двете страни. Значи, ќе биде релативно тешко да се натера другата страна своеволно да прифати понеповолни услови од оние кои ги има сега. Реално постојат аргументи во делот на Методологијата каде што се утврдуваат определени надоместоци што ја третираат цената. Има промени на пазарот и тука би можеле да се направат определени измени. С и м у л а ц и и т е покажуваат дека дури и ако дојде до промена во саканата насока, односно врз основа на 100 проценти реални параметри кои одговараат на сегашната економска состојба, тоа нема да направи голема разлика во крајната цена на бензините. Сепак, пресуден фактор во утврдување на цената на бензините е движењето на цената на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на доларот кон денарот. Тие

два основни параметри ја дефинираат 80 до 90 проценти конечната цена на горивата. Доколку тука има негативни или позитивни трендови, не постои таква Методологија која може да ги испегла или целосно да ги елиминира тие факти.

(М-р Владимир Пешевски, заменик на претседателот на Владата на РМ за економски прашања)

ПОЧИТУВАЊЕ НА СТРОГИТЕ „ПРАВИЛА НА ИГРА“

К о н к у р е н ц и ј а т а на пазарот е голема и за да опстоиме, мора да направиме се’ за да ги задоволиме барањата и вкусовите на купувачите. Се трудиме да ги запазиме бараните норми за квалитет и за посебна амбалажа и точно да ги запазуваме договорените рокови за истовар. Ако, на пример, во Шведска се бараат 2.000 тони лубеници спакувани во картонска кутија и со тежина исклучиво од 4 до 7 килограми, така мора и да биде. Сите големи европски трговски синџири имаат строги правила на игра кога станува збор за увоз на овошје и зеленчук. На пример, доколку стоката отстапува 10 отсто од договорениот квалитет, за толку проценти се намалува и договорениот износ на плаќање, а ако е повеќе од 10 отсто, таа воопшто и не се прима во складиштата. Имавме и такви случаи со извозот на доматите

и сливите во Србија и во Русија, затоа што кооперантите нас не’ измамија и ни подметнаа во гајбите производи со лош квалитет. Затоа, за да се заштитиме од вакви ситуации сега ние им даваме амбалажа за пакување

(Благој Витанов, директор на „Агрофруктис“)

ОЧАЈНА ИНФРАСТРУКТУРА

Каниме инвеститори цело време. Како ним да им објасниме дека имаме нефункционален пат стар 60 години. Неодамна градоначалникот на Копар ми

рече дека ќе донесе делегација од Словенија за да им покаже како изгледа пат со коцка од бивша Југославија.

(Зоран Заев, градоначалник на Струмица)

Покровители

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерна

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ДОНАЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО

Page 3: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 08 март 2012, Бр. 88

Стопанската комора на Македонија предлага да се формира Национален гарантен фонд наменет за обезбедување средства за кофинансирање неопходни за аплицирање до европските фондови, по примерот на соседните земји. Според предложеното решение кое има добиено поддршка и од Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, Националниот гарантен фонд би се формирал во рамки на Македонската банка за поддршка на развојот со цел да биде поддршка на компаниите кои аплицираат на проекти со кофинасирачки карактер за обезбедување на потребниот колатерал. На тој начин фирмите

би обезбедиле кредитни линии од комерцијалните банки и преку тоа би го обезбедиле учеството од 50 или 25 отсто за кофинасирање и аплицирање према програмите на Европската унија, истакна Стојмирка Тасевска, виш соработник на УО на Стопанската комора на Македонија на редовнатa прес-конференција (5.3.2012 година). Главна причина поради која се бара финансиска поддршка на бизнис-секторот во аплицирање на проекти од Европската унија, тргнувајќи од досегашните искуства од практикувањето на европските фондови, како и од нашите испитувања и анкети спроведени кај нашето членство, вели Тасевска е неможноста на фирмите да го обезбедат потребниот колатерал, односно сопствено учество од 50 отсто. Проблем е и недоволната информираност, но доколку се реши проблемот со обезбедувањето на учеството, сигурно е дека и самите фирми повеќе ќе се интересираат за условите за

добивање средства од фондовите. Оттука, предлогот на Стопанската комора е: • согласно Законот за контрола на државната помош, да се донесе Уредба за начинот и постапката за доделување на државна помош во форма на гаранции, како задолжителен подзаконски акт за доделување на истата и • по донесувањето на наведената Уредба, Македонската банка за поддршка на развојот да ги преземе сите активностите во обезбедувањето на сите предуслови за воведување и на овој продукт, кој се` повеќе добива на значење согласно порастот на цената на финансискиот капитал.

Како една од попроблематичните се посочува ИПАРД-програмата на ЕУ каде на почеток е потребно 100 процентно обезбедување на средствата за инвестицијата, а по нејзината целосна реализација се врши повлекување на грантот во износ од 50 отсто, информираше Стојмирка Тасевска. Ваков облик на финансиска поддршка на бизнис-секторот

веќе постои во земјите од окружувањето - во Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија и Романија. Хрватскиот фонд располага со капитал од 100 милиони евра. Бугарскиот национален гарантен фонд е формиран со европски пари преку Програмата ЦИП, а Словенечкиот нуди гаранции по кредитните линии за максимален заем од банка од 1,5 милиони евра, со каматна стапка 6 месеци ЕУРИБОР + 0,8 отсто, и гарантира за 60 отсто со микро гаранции и 80 отсто со гаранција за технологија, иновативни проекти, гаранции за нов бизнис, за развој. Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија информираше дека од 2007 година заклучно со 2013-та, на македонските компании им се достапни европските фондови од ЦИП-Програмата за конкурентност и иновативност, ФП7-Програмата за истражување и развој во интерес на малите и средни претпријатија и Компонентата 5 од ИПА или ИПАРД наменета за агро-компаниите и рурален развој. За да може Македонија да ги користи средствата од европските програми за оваа 2012 година Владата има обврска да плати влезен билет од 1,62 милиони евра или 125.881 евра за ЕИП – Екоиновации, 65.152 евра за ИКТ, 230.000 за Интелигентна енергија и 1,2 милиони евра за ФП7-програмата, објасни Аризанковска, посочувајќи дека досега искористеноста на средствата од европските фондови во земјава се движи од 8 отсто или 6,5 милиони евра за ИПАРД-програмата до 16 отсто или околу 8,5 милиони евра за Програмата за истражување ФП7. За дел од програмите засега нема реализирано ниту еден проект.

Даниела Михајловска Василевска

АКТУЕЛНО Заради олеснување на компаниите да аплицираат на проекти од европските фондови

Стопанската комора на Македонија со предлог

ФОРМИРАЊЕ НАЦИОНАЛЕН ГАРАНТЕН ФОНД

Page 4: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 08 март 2012, Бр. 88

Заради ефикасно остварување на целите и потребите на давателите и корисниците на транспортните услугиФОРМИРАНА МАКЕДОНСКА ТРАНСПОРТНА АСОЦИЈАЦИЈА

Со цел ефикасно остварување на целите и потребите на давателите и корисниците на транспортните услуги, во Стопанската комора на Македонија на 01.3.2012 година се формираше Македонската транспортна асоцијација (МТА). Оваа асоцијација, како единствена од ваков вид организациона форма на делување во Р. Македонија, покрај давателите на транспортните услуги од железничкиот, авионскиот, патниот и поштенскиот сообраќај, ќе ги обединува и корисниците на транспортните услуги, кои ќе дадат свој придонес во насока на развој на транспортот согласно потребите

на извозно ориентираните компании. Покрај конститутивниот дел, на седницата од страна на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор беа презентирани можностите за унапредување на железничките услуги согласно нивните надлежности. При тоа, беа презентирани моменталните состојби во железничкиот сообраќај, како учеството во структурата на превезена стока наспроти камионскиот превоз, проблемите и состојбите со железничкиот возен парк, обемот на реализиран превоз на стоки со железница. Согласно на податокот дека во времето на економска криза од страна на МЖ „Транспорт“ се превезува 3-4 милиони тони стока годишно, а имајќи ја предвид статистиката од пред 20 години кога биле превезувани по 10 милиони тони годишно, може да се заклучи дека голем дел од инфраструктурните капацитетите се неискористени. Во таа насока ќе се наметне и потребата за следење на трендовите во земјите од нашето

опкружување во однос на употребата на железницата, односно потенцирање на важноста на мултимодалниот транспорт во Македонија, како и следење на насоките на `Белата книга на транспортот`. Формирањето на оваа асоцијација е пред се` здружување на фирмите кои оперираат во оваа област, со цел да се надминат проблемите при работењето, како и давање мислења, сугестии и решенија за одредени законски прописи, како и унапредување и развој на дејноста. Расправајќи на седницата, присутните истакнаа дека дел од активностите на Асоцијацијата ќе бидат насочени кон разрешување на проблемите со кои се соочуваат компаниите од оваа дејност, како потребата од либерализација на услугите во железничкиот сектор, потребата од унапредување на квалитетот

на железничката услуга, носење на соодветна регулатива за комбинираниот сообраќај, развој на мултимодалните јазли за меѓусебна поврзаност и претовар на транспортираната стока како услов за функционална и ефикасна транспортна

логистика, како и прашањата за транспортната инфраструктура. Во таа насока, Асоцијацијата ќе ги разгледува и можностите за носење на стратегија која ќе услови развој на мултимодалниот концепт и транспортен систем во Република Македонија.

За претседател на Асоцијацијата е избран Иван Петровски од „Фершпед“ АД - Скопје, а согласно насоките по кои ќе работи Асоцијацијата беа избрани и двајца потпретседатели, Јане Адамчески од „Макстил“, компанијата која е една од најголемите корисници на транспортни услуги и Кире Диманоски од Македонски Железници Транспорт АД - Скопје, моментално единствен давател на железнички услуги во земјата.

Билјана Пеева-Ѓуриќ

Средба со нови членки на Стопанската комора на МакедонијаПОДРШКА ЗА СИТЕ БИЗНИС АКТИВНОСТИ

На 01.03.2012 година во Стопанската комора на Македонија се одржа средба со нови членки. Притоа, беа презентирани активностите и услугите кои што таа ги нуди. Извршниот

директор на Стопанската Комора, м-р Јелисавета Горгиева детално ги објасни сите активности, проекти и цели кон кои се стреми најстарата и најбројната стопанска асоцијација во земјава, која годинава ја прославува 90 годишнината од постоењето. Стојмирка Тасевска, виш советник на управен одбор на Стопанската комора на Македонија, пред приситните нови членки детално го објасни начинот на кој функционираат и ги сроведуваат свите проекти здруженијата кои се организирани во рамките на Комората. Љубица Нури, виш советник во Стопанската комора на Македонија, накусо објасни како да се користи веб порталот, а Елена Милеска –виш соработник, детално ја презентираше можноста за решавањето на спорови во рамки на Постојниот избран суд - арбитража, како можност која постои во Комората. Анита Митревска

Групацијата за производство, откуп и преработка на млекоСУБВЕНЦИИТЕ СЕ ДОБРИ, НО ПОТРЕБНА Е НИВНА ПРЕРАСПРЕДЕЛБА

Групацијата за производство, откуп и преработка на млеко при Стопанската комора на Македонија на 1.3.2012 година ја одржа својата седница на која беа разгледувани тековните состојби во оваа стопанска гранка. Статистичките податоци во оваа гранка покажуваат негативна тенденција и да не беа и ваквите субвенции, крајните резултати ќе беа далеку полоши. Потребна е стратегија за млекарство, но и корекции кај субвенциите, не во масата туку во прераспределбата на истите.

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

Page 5: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 08 март 2012, Бр. 88

Особено по најавата на Владата дека ќе се прави стратегија за субвенционирање за наредните три години. И структурата во примарноито производство е крајно неповолна. Најголем дел од фармерите, дури 75% се со по 1 до 5 крави наспроти само 1% од фармерите со над 100 грла. Од 550.000 хектари обработливо земјиште само 40.000 хектари или 6% е под фуражни култури додека во ЕУ тој изнесува од 35-40%. Неповолна е и структурата на земјиштето со кое располагаат домашните сточари, просекот во РМ е 1,47 ха по земјоделец наспроти статистиката дека за едно грло е потребно 0,8-1 ха. Од друга страна државата максимална површина која ја дава под концесија изнесува 10 ха за земјоделец што е крајно неповолно за големите фармери со значително поголем број на грла. Оттука, се наметнува

потребата за измена на владината одлука за распределба на државното земјиште кое се дава под концесија за земјоделците, како и владина политика на зголемување на површините под фуражни култури од минимум 20% од вкупното обработливо земјиште. Агенцијата за стоковни резерви со складирање на пченка и интервенција од страна на истата во критичните месеци, т.е. од јануари до април во значителна мерка би ја олеснила и онака крајно неповолната ситуација во производството на млеко и би обезбедила евтино и

стабилно производство во најкритичните месеци од годината. Во исто време се наметнува потребата и државата да ги зголеми површините под пченка. Правилникот за квалитет на сурово млеко кој стапи на сила од 1.01.2012 година како таков е добар, но потребно е да се одреди и за квантитет, односно минимална количина на предадено млеко, мерка која би делувала стимулативно пред се` на малите фармери. Земјишната политика не е пресуден проблем, истакнаа производителите, причините треба да се бараат во природните услови на земјата (далеку понеповолни наспроти оние во соседството), лошите услови на чување и неквалитетното производство, како и улога на државата во заштитата на домашното производство. При изработка на стратегијата која е во најава, потребно е да се стимулираат квалитетни и професионални фармери со поголем број на грла, квалитетни услови на чување и производство на млеко, како и стимулации според квалитет, но и квантитет на произведено и предадено млеко.

Васко Ристовски

Инсистирање на Регионална комора со седиште во Скопје СО ПОСЕБЕН ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА ДО РЕД ВО ПЛАЌАЊАТА

Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Скопје, под раководство на д-р Горан Рафајловски, на седницата од 29.2.2012 година, расправаше за мерките на Стопанската комора на Македонија за системска поддршка на стопанството годинава. Материјалот го презентираше Стојмирка Тасевска, советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија. Управниот одбор ги поддржа предложените мерки. При тоа, Управниот одбор посебно го потенцира барањето кое Регионалната комора со седиште во Скопје

повеќе пати го има истакнувано, а тоа е во натамошните активности на Комората да се инсистира на донесување посебен Закон за финансиска дисциплина. Во него посебно треба да се регулираат прашањата кои се однесуваат на почитување на финансиската дисциплина од страна на сите учесници во измирување на обврските во платниот промет (приватен сектор, јавен сектор и државни органи). Управниот одбор ја разгледа и ја прифати иницијативата на Град Скопје за пристапување кон меморандумот за соработка за реализација на Проектот „Скопје Креатива“, кој е насочен кон развој и поддршка на креативни индустрии кои извираат од индивидуалната креативност,

вештини и талент кои преку генерирање и употреба на интелектуалната сопственост имаат потенцијал за профит и за создавање работни места.

М-р Ацо Спасовски

Барање на Групацијата на пазари на одржаниот работен состанок со претставници на Управата за јавни приходиОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПРАВНИОТ СТАТУС НА КОРИСНИЦИТЕ НА ТЕЗГИ, ПА ПЛАЌАЊЕ ДАНОЦИ

Законот за трговија од мал обем останува приоритетно прашање за решавање на Групацијата на пазари при Здружението на комунални дејности во Стопанската комора на Македонија. Без да се донесе конкретно законско решение со кое ќе се регулира правниот статус на закупците на тезги, организаторите на пазари апелираат дека се доведува во прашање нивната егзистенција. Групацијата на пазари, во соработка со Комората на закупци на тезги, подолг период наназад бара да се донесе посебниот закон за трговија од мал обем со кој, како што велат, ќе се надминат актуелните проблеми. Прво, закупците по долги години ќе може да добијат правен статус. Исто така, преку вакво законско решение во

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

Page 6: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 08 март 2012, Бр. 88

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

голема мера ќе се легализира „сивата“ економија која според повеќето направени анализи најмногу се лоцира на зелените пазари. И, трето, многу полесно ќе се реши проблемот со дивите тезгаџии лоцирани надвор од пазарите кои претставуваат нелегална конкуренција на закупците кои работат се` во рамки на пазарите. За овој проблем Групацијата на пазари алармираше неколку години наназад. Притоа, во последно време се водат и интензивни разговори со надлежните државни институции во насока на изнаоѓање решение, бидејќи проблемот создава и негативни финансиски импликации. Работна група од Групацијата веќе оствари средба со претставници на МВР и на пазарната инспекција за да се реши проблемот со дивите тезгаџии како нелојална конкуренција на закупците на пазарите. Беа реализирани и неколку состаноци со претставници на Министерството за економија и лично со министерот Ваљон Сарачини. И покрај укажувањата за важноста за носење посебен закон за трговија од мал обем, како клучен предуслов за решавање на статусот на закупците на тезги, проблемот се` уште е актуелен. Во услови на нерешен правен статус, Закупците на тезги се соочуваат со уште еден голем проблем – неплаќањето даноци од остварен приход. За таа цел Управата за јавни приходи деновиве испорача решенија за плаќање данок до закупците на тезги, согласно списоците што организаторите на пазари ги доставуваат до УЈП по основ на склучени договори за закуп на тезги. За тезгаџиите ваквиот чекор на Управата за јавни приходи е неприфатлив и бараат одложување на плаќањето данок до изнаоѓање законско решение со кое ќе се дефинира нивниот

правен статус. Управата за јавни приходи ќе ги разгледа барањата на пазарџиите и на организаторите на пазари, а заклучокот од состанокот е во најбрз можен рок да се побара и реализира средба со министерот за економија. Целта на повторната средба со министерот е изнаоѓање решение како да се регистрираат закупците на тезги во услови кога постои владина одлука дека до влезот на Македонија во Европската унија се одлага фискализацијата на пазарите.

Даниела Михајловска Василевска

Интелигентна енергија за ЕвропаОБУКА ЗА ПРОГРАМАТА И ЗА МОЖНОСТИТЕ

На 29.02.2012 година во Стопанската комора на Македонија беше одржана обука на тема: “ИЕЕ (Интелигентна енергија за Европа) и можностите за

учество во меѓународно финансирани проекти од областа на алтернативните извори на енергија”. Обуката ja одржа Јадранка Аризанковска, сертифициран менаџмент консултант. Учесниците на обуката беа запознаени со Потпрограмата Интелигентна енергија која е во рамките на ЦИП-програмата за конкурентност и иновативност за финансирање проекти и активности коишто ќе поттикнуваат енергетска ефикасност, употреба на нови и обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност на протокот на стоки. На претставниците на компаниите им беше детално објаснета ЕУ Програмата ЦИП (Програма за конкурентност и иновативност), Потпрограмата Интелигентна енергија ИЕЕ за 2012, целите, роковите, приоритетни теми, како и колкави финансиски средства се предвидени, просечните вредности, кој е подобен да учествува, како се бараат партнери, начинот на подготовка на ИЕЕ-2 и начинот на апликација. Исто така, беа презентирани и успешни проекти од ИЕЕ (Интелигентна енергија за Европа) за периодот 2007-2010 година, а воедно беше покрената и дебата меѓу учесниците и обучувачот, со што на учесниците им беше дадена можност да добијат одговор на сите прашања поврзани со оваа проблематика. На учесниците им беа доделени сертификати за стекнати вештини и знаења на овој едукативен настан.

Анита Митревска

Page 7: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 08 март 2012, Бр. 88

МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ НА КОМОРАТА

Претставници на Стопанската комора и на градот Торино во посета на Стопанската комора на МакедонијаДОГОВОРЕНИ ИДНИТЕ ЧЕКОРИ НА СОРАБОТКА, НАСКОРО СЛЕДИ БИЗНИС-ФОРУМ ВО ИТАЛИЈА

Делегацијата од Торино и од Стопанската комора на градот (Рафаела Скалиси, раководител на Одделот за меѓународни односи на Торино, Џовани Пискеда, раководител на Одделот за меѓународна трговија при Стопанската комора на Торино и Алесандро Армандо, проект-менаџер од Урбан Центар

Метрополитан), во рамките на нивната посета на Скопје, остварија средба во Стопанската комора на Македонија (5.3.2012 година). Целта на нивната посета беше размена на искуства меѓу двата града во областа на туризмот, но и во областа на урбанизмот, и можноста да се види во каква форма би можел да се преслика успешниот модел на Торино, којшто е еден од најубавите градови во Италија . Претставникот на Урбан Центарот Метрополитано одржа кратка презентација на резултатите од предлог Проектот „Јужен Булевар – Нова оска на развојот на град Скопје“. Презентацијата од претставниците на Урбан Центар Метрополитано се однесуваше на резултатите на проектот за развој на делови на градот Скопје по оската на Јужен Булевар, со елаборација на економските и социјалните аспекти на процесот на трансформација и неговото влијание на политиките на развој на град Скопје. Со гостите беше разговарано и околу утврдување на стратешкото партнерство меѓу Скопје и Торино во развивањето на планската документација, новиот ГУП на Град Скопје и особено на институциите и инструментите за

реализација и мониторинг на економскиот и урбаниот развој на град Скопје (Урбан Центар Скопје). Во однос на контактите меѓу Комората на Торино и Стопанската комора на Македонија, постои отворена можност за соработка во насока на поврзување на бизнис-заедниците на двете земји. Од страна на Џовани Пискеда, раководител на Одделот за меѓународна трговија при Стопанската комора на Торино, беше предложено во наредниот период да се организира посета на македонска бизнис-делегација во Торино и одржување бизнис-форум со компании од неколку стопански

сектори. Претставниците на Стопанската комора на Македонија понудија торинската компанија Урбан Центар Метрополитан да се презентира пред македонската бизнис-заедница со цел поблиско запознавање со нивните проекти и изнаоѓање на локални деловни партнери.

Влатко Стојановски

Полска делегација во посета на Регионалната комора со седиште во ПрилепКОМПАНИЈА ОД ШЧЕЧИН ОТВ OРА КОНФЕКЦИЈА СО ЛОГИСТИЧКА ПОДДРШКА НА КОМОРАТА

На 29.02.2012 година во посета на Регионалната комора со седиште во Прилеп престојуваше полска делегација по препорака на Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија. Делегацијата ја сочинуваа претставници на фирмата „Фалкон“ од градот Шчечин, кои се интересираа за отворање фирма во Прилеп за производство на конфекциски производи.На гостите им беше презентирана организационата поставеност на Регионалната комора со седиште во Прилеп и на Стопанската комора на Македонија. На претставниците на полската компанија понудени им се сите услуги на Комората и логистичка поддршка за отворање на фирмата - од изнаоѓање деловен простор, па се` до посредување во избор на квалификувана работна сила за конфекцијата. Ведаш им се предложени неколку слободни деловни простори од по околу 1000 м2, за што сами ќе одлучат во договор со сопствениците. Во текот на оваа недела се очекува полската компанија да регистрира фирма и за кратко време се планира да почне со производство. На почетокот ќе бидат ангажирани 60 до 70 работнички. Гостите изразија големо задоволство од приемот и понудената логистика и се изјаснија дека ќе бидат дел од еснафот на конфекционерите во Прилеп.

Ристо Најдоски

Page 8: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 08 март 2012, Бр. 88

Премиерот м-р Никола Груевски ги смирува деловните луѓе од малите и средни бизниси во земјаваНОВИОТ КРЕДИТ ОД 100 МИЛИОНИ ЕВРАНЕМА ДА БИДЕ ПОВЛЕЧЕН

Премиерот Никола Груевски потврди дека 100-те милиони евра кредит од Европската инвестициска банка за мали и средни претпријатија нема да бидат повлечени. Груевски информираше дека во Република Македонија кредитната линија нема да биде повлечена и оти Министерството за финансии веќе работи на потребните подготовки за овој кредит, откако се појавија информации за повлекување одредени кредитни линии поради европската должничка криза. - Точно е дека се објавени информации за одредени повлекувања, но она што можам да го потврдам е дека 100-те милиони евра кредит за мали и средни претпријатија нема да бидат повлечени. Министерството за финансии работи на сите потребни подготовки за да почне повлекувањето на новите 100 милиони евра кои ќе бидат искористени за евтини кредити за нашите компании со камата која нема да биде повисока од 5 ипол отсто, при што таа камата дополнително е субвенционирана и од државата, за да може во овие тешки денови на европска

должничка криза, рецесија во Европа и крупни проблеми во ЕУ, нашите компании да го преживеат овој тежок период со ниски трошоци, да останат конкурентни на пазарот, да ги задржат вработените и да ги продолжат проектите, нагласил Груевски, а го цитира МИА. Со оглед дека во државата, како што рече, во моментот не постои поевтина кредитна линија, банкарите практично сите кредити што ги доделуваат се од оваа кредитна линија, бидејќи, како што истакна, веќе 50 милиони евра се повлечени и се при крај на нивна реализација. - Информиран сум дека практично компаниите целосно се свртеа кон овие кредити, буквално во целост, речиси 100 процентно сите кредитни линии што ги влечат ги влечат од оваа кредитна линија што ја обезбеди државата и државата дополнително ја субвенционира нејзината камата, додал премиерот.

Т-Мобиле, МПМ и ТРИЕКСКЛУЗИВНО ПРЕТСТАВЕНА БИОГРАФИЈАТАНА СТИВ ЏОБС

Т-Мобиле, МПМ и Издавачкиот центар „ТРИ“ ја претставија ексклузивно биографијата на Стив Џобс од Волтер Ајзаксон. Т-Мобиле откупи 7000 примероци од книгата кои ќе бидат во продажба во сите продавници на Т-Мобиле од 5 март 2012 година. Книгата ќе се продава по цена од 890 денари. Освен во продажба, лојалните корисници ќе можат да ја добијат

и преку програмата за лојалност Твој Клуб. Преводот е на Издавачкиот центар „ТРИ“, а промоцијата е во соработка со МПМ. Покрај во продавниците на Т-Мобиле, биографијата на Стив Џобс ќе може да се купи и во Книжарница „ТРИ“ во ГТЦ, исто така од 5 март 2012 година. - Како единствени во Македонија кои го продаваме iPhone, идејата ни беше да им овозможиме на корисниците да ја читаат на македонски јазик книгата за творецот на ова технолошко чудо. Со овој чекор излегуваме од границите на нашиот бизнис, но сме многу блиску до нашата стратешка определба – технолошките иновации, како и до задоволството на корисниците – кај кои има голем интерес за една од најчитаните книги на денешницата, која е продадена во над 5 милиони примероци. Технологијата ја менува иднината, а во случајот на Стив Џобс, речиси ја прикажува следната фаза во еволуцијата на човечката раса. Овој гест на Т-Мобиле е единствено за задоволството на нашите корисници, но и за сите граѓани, – изјави Жарко Луковски, главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија.

„Фершпед“ лани остварил нето-добивка од 2,04 милиони евраПРОДАЖБАТА НА СТРАНСКИТЕ ПАЗАРИСКОКНАЛА ЗА 34,4 ОТСТО

„Фершпед“ објави дека во 2011 остварила нето-добивка од 125,6 милиони денари, односно 2,04 милиони евра, стои во неревидираниот и неконсолидиран финансиски извештај на компанијата објавен на веб-страницата на Македонска

берза. Оваа добивка, сепак, е за 6 отсто помала во споредба со 2010 година, кога таа изнесувала 134,2 милиони денари, или 2,18 милиони евра. П р о д а ж б а т а бележи раст од 6 отсто и тоа до нивото од 4,585 милијарди денари, или 74,6 милиони евра, наспроти 4,207 милијарди денари во 2010 година. Продажбата на домашниот пазар лани била стабилна, но онаа на странскиот пазар има забележано раст од 34 отсто до нивото од 1,334 милијарди денари. Сепак, компанијата бележи и раст на оперативните расходи и тоа над 400 милиони денари што се одразува и врз бруто, а потоа и врз нето-добивката. Најголем раст на расходите има во ставките услуги, потрошени материјали, а некатегоризираните оперативни расходи се зголемени дури за трипати.

„Алкалоид“ лани со обрт од 110 милиони евра, од што две третини на странските пазариОСТВАРЕН ПРОФИТ ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА

Најголемата македонска фармацевтска компанија „Алкалоид“ објави дека лани остварила нето-добивка повисока за 7 отсто, односно 616,2 милиони денари, или 10 милиони евра, во споредба со 2010 година кога таа изнесувала 574 милиони денари, или 9,3 милиони евра.

И приходите од вкупната продажба на компанијата забележале раст. На македонскиот пазар лани „Алкалоид“ продала производи во вредност од 45,6 милиони евра, што е за 12 отсто повеќе во споредба со 2010 година. А на странските пазари, пак, продажбата порасна за 14 отсто и изнесува 64,4 милиони евра. Од вкупниот број производи и услуги на

МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА

Page 9: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 08 март 2012, Бр. 88

МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА

компанијата, 38 отсто биле продадени на домашниот пазар, а преостанатите 62 отсто во странство. Лани „Алкалоид“ во недвижности и опрема инвестирал 62,8 милиони евра, што е за 3 отсто повеќе отколку во 2010 година. Покрај тоа, компанијата реализирала и 97 нови вработувања. Инаку, во 2011 година „Алкалоид“ отвори и нова филијала во Словенија, чија цел е продажба на производите на компанијата на европскиот пазар и беше прва компанија во земјава која почна да го применува познатиот софтвер на германскиот гигант САП за планирање на ресурсите.

Три години успешно функционирање на првата електронска продавница во МакедонијаМОЖНОСТ ЗА ВИРТУЕЛНО КУПУВАЊЕ НА 3.5ОО ПРОИЗВОДИ

Просечно преку 500 посети дневно бележи веб порталот www.ex.mk на првата електронска продавница во Македонија чиј основач компанијата „Ексквизит“ веќе три години успешно работи на полето на електронска трговија во земјава, промовирајќи го новиот начин на купување преку интернет кој е многу развиен во светот. Компанијата на е-купувачите им нуди околу 3.500 најразновидни производи со можност за купување од дома и плаќање со платежни картички преку интернет или, пак, при достава на испорачаното дома. За испораката на нарачаното за територијата на Скопје наплатуваат по 100 денари за услгата.

- Ги следиме светските трендови и на своите клиенти кои ги користат нашите услуги им нудиме брзо и безбедно плаќање на производите. Комплетната услуга опфаќа и достава на порачаниот производ до вратата на нарачателот, рече Билјана Радоњанин, менаџер во „Ексквизит“ на прес-конференција, а пренесува МИА. Кога ја отворивме нашата е-продавница во 2009 година, како и во дел од 2010 година, истакна, постоеше недоверба кај купувачите, но веќе се менуваат навиките за купување преку интернет и

недовербата полека се надминува. - Интересот за е-купувањето постојано е во пораст. Продажбата во 2011 година забележа раст од 30 отсто, споредено со 2010 година, додека во првиот месец од годинава речиси го достигна резулатот од првото тромесечје од 2011 година. Заштитата при купувањето ја гарантира Процесинг центарот на Касис преку кој ние работиме. Како електронски трговци немаме никаква доприна точка со податоците на имателот на платежната картичка. Податоците се оставаат во Процесинг центарот на Касис со што се оневозможуваат какви било злоупотреби со картичките, појасни Радоњанин. Во Македонија, додаде, работат два процесинг центра, Касис и Фрст дата. Само во Касис се регистрирани околу 150 он-лајн трговци. - Преку Касис во македонските он-лајн продавници во текот на минатата година се поминати трансакции од иматели на картички во износ од околу милион евра, потенцира Радоњанин. Ексквизит е компанија, која постои три година на македонскиот пазар и која функционира во рамки на ПСМ Фондацијата. Визијата и е да стане најсигурен и најкористен веб портал за е-купување во Македонија со најголема палета на производи кои ги задоволуваат потребите на македонските е-потрошувачи. По повод третата годишнина од фунционирањето, „Ексквизит“ ја промовираше Е-Академијата која има цел да ги поттикне компаниите да почнат со интернет продажба преку организираните едукативни обуки за успешно позиционирање на интернет пазарот и стекнување на основните вештини за управување со е-продавница. - Новитетот кој го воведовме, едукативните обуки за отворање на нови е-продавници и како да се раководи со нив е резултат на нашите искуства од тригодишното работење кои сме подготовени да ги споделиме со цел поттикнување на развојот на електронската трговија во Македонија, нагласи Радоњанин и додаде дека 70-тина компании веќе ги поминале нивните обуки.

Преку ИПАРД гилотина до едноставно аплицирање за ИПАРД средстватаЕЛИМИНАЦИЈА НА „КРИТИЧНИТЕ ТОЧКИ“

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку т.н. ИПАРД гилотина ќе ги поедностави постапките за поднесување барања за средства од европските претпристапни

фондови. Оваа програма, како што најави ресорниот министер Љупчо Димовски, веќе се подготвува, а целта е да се елиминираат сите „критични точки“ кои се проблем за земјоделците при обезбедувањето на потребната документација и аплицирањето. Токму упростените процедури ќе овозможат полесно добивање на ИПАРД средствата. - Малиот број мерки од една страна и многу високите критериуми според ЕУ стандардите од друга се уште се клучниот проблем за максимално искористување на ИПАРД средствата. Министерството во изминатиот период вложи огромен напор да ја поедностави постапката за што се направија и одредени измени во Законот за земјоделско земјиште, истакна Димовски по состанокот на раководителите на телата за управување со ИПАРД од земјите на ЈИЕ, а го цитира МИА.

Тенденција на Министерството е да се искористат сите пари од ИПАРД Програмата. Нивното повлекување има одреден рок кој ќе потрае, но битно е и мора, рече Димовски, да се поднесуваат добри, издржани проекти. Засега најголем интерес за ЕУ средствата има во преработувачкиот сектор, за доопремување ладилници, проширување на погони и капацитети, како и во фармерството, особено за одгледување свињи. Македонија од септември најверојатно ќе може да користи средства од ИПАРД фондовите и за набавка на земјоделска механизација. Сигналите од Брисел на ова наше барање се позитивни. - Како аргумент на нашето барање до Европската комисија ќе ја доставиме Студијата за состојбата на земјоделската механизација во Македонија што ја изработи Техничкиот факултет во Битола. Студијата претходно ќе оди и на дополнителна авторизација на Биотехничкиот факултет во Љубљана, рече министерот. На состанок во Скопје, Македонија, како годинашен претседавач со Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG), ќе ги сумира предлозите од државите во ЈИЕ за што поефикасно и поголемо искористување на

Page 10: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 08 март 2012, Бр. 88

претпристапните ЕУ фондови. Во форма на заклучоци тие потоа ќе бидат доставени на разгледување во Брисел. Една од сугестиите ќе биде да се прошири листата мерки во ИПАРД Програмата кои засега се вкупно девет и уште на почеток, мерката техничка помош да се акредитира меѓу првите за да се избегнат проблемите во спроведувањето на ИПАРД кои секако постојат. - Искуството покажа дека Европската комисија сака да го слушне регионот, да ги слушне проблемите, успесите и сугестиите за подобрување на регулативите за подобро искористување на средствата од земјите аспиранти за влез во Унијата, посочи министерот Димовски.Според Бобан Илиќ од SWG, многу е важно што и земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ во наредниот период ќе можат да користат средства од ИПАРД. Постигнато е разбирање со ЕУ дека реформите во земјоделството не се зависни од статусот на државата во односот на евроинтеграциите и дека целиот регион треба да се придвижи напред.Освен Македонија, ИПАРД средствата недоволно ги користат и други земји меѓу кои Хрватска и Турција. Проблемот, рече Илиќ, не е домашен, туку треба да се подигне на повисоко ниво.

Во ЕК веќе се подготвува регулативата за имплементација на ИПАРД 2014 - 2020. Затоа, беше речено на состанокот, сега е моментот земјите од ЈИЕ да ги договорат своите позиции и забелешки во однос на спроведувањето на ИПАРД Програмата.

Државна финансиска поддршка за сточарскотоДОПОЛНИТЕЛНИ СУБВЕНЦИИ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ДОБИТОЧНИТЕ СТАДА

Државната финансиска поддршка за сточарското производство годинава изнесува околу 2,3 милијарди денари. Фармерите кои одгледуваат говеда ќе добиваат по 2.800 денари што е 4 отсто повеќе од лани. Според Програмата за субвенционирање, новина е воведувањето дополнителни 1.500 денари за обележани женски грла стари од една до две години кои ќе се чуваат до ноември 2012-та. За оваа мерка земјоделецот треба да има најмалку 30 говеда, односно 15 доколку фармата се наоѓа во подрачја со ограничени можности. За регистрирани и за заклани говеда во кланичните капацитети висината

на директните плаќања изнесува 1.500 денари. Дополнителна поддршка од 2.000 денари се предвидени за говедата кои не се помлади од 8 и не се постари од 18 месеци. Како лани, со по 40.000 денари ќе се субвенционира набавката на високостелни јунуци со познато потекло. Ваков тип поддршка ќе добијат фармерите кои ќе набават една до 20 јуници, 30.000 ќе добиваат за 50 говеда, а со набавката на поголем број животни субвенцијата ќе се намалува. За произведено и за продадено кравјо млеко во регистрирани капацитети, сточарите ќе добијат по 3,5 денари за литар.

МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА

Page 11: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 08 март 2012, Бр. 88

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Работодавачите сметаат дека утврдувањето на минималната плата беше неоходно, но...СО КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ ДАСЕ „ИСПЕГЛААТ“ НЕЈАСНОТИИТЕ

Утврдувањето на минималната плата во државата беше неопходно, но има одредени слабости во начинот на кој таа е конципирана, е заклучокот на учесниците на трибината „Минимална плата и пристојна работа во Република Македонија“. Работодавачите посочуваат дека нема проблем во исплатата на минималната плата, но оти има одредени нејасностии во имплементацијата на законот кои би се решиле со колективните договори. - Во имплементацијата има одредени нејасности околу примената на законот, но тоа ќе се реши со промените на општиот колективен договор и мислам дека ќе се дефинираат некои точки појасно отколку што ги дефинира Законот, рекол Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија, а пренесува МИА.

Како позитивно го оценуваат решението во Законот за грејс период од три години за прилагодување во градежништвото, текстилната и кожарската индустрија каде вработените имаат пониски примања од утврдената минимална плата. Меѓутоа, ваквото законско решение, како што истакнал Маријанчо Николов, претседател на собраниската Комисија за финансирање и буџет, не е добро и би требало Законот да важи за сите гранки со тоа што државата од буџетот би ги субвенционирала трошоците што дополнително ќе се јават кај работодавачите. Според Сојузот на синдикатите на Македонија, кои беа и поднесувачи на иницијативата за утврдување на минимална плата во државата, направен е првиот чекор и се очекува да се подобри положбата на една четвртина од вработените. - Сигурно можело и подобро,

меѓутоа ако знаеме дека 14,4 проценти од вработените, односно околу 92 илјади примаат плата до 8.000 илјади денари, тогаш може да се каже дека донесувањето на Законот за минимална плата ќе го покаже позитивниот успех што го постигнаа социјалните патнери, истакнала Лилјана Јанкуловска од ССМ. Од Синдикатот очекуваат дека секоја наредна година износот на минималната плата ќе се зголемува ако се има предвид дека висината на платата е врзана со растот на бруто-платата. Од друга страна, професорот Драган Тевдовски смета дека висината на минималната плата би требало да се усогласи со трошоците на живот како што е тоа случај во некои европски држави. Според неговото мислење, ова е она што би требало да се промени во Законот. Законот за минимална плата беше донесен минатата година, а неговата практична примена почна во јануари годинава. Трите социјални партнери се договорија висината на минималната плата да биде 8.050 денари или 130 евра со тоа што во градежништвото, кожарската и текстилната индустрија е даден грејс период од три години за приспособување.

УЈП донесе Стратешки план за периодот 2012-2014 годинаПЕТ ОСНОВНИ РАЗВОЈНИ ЦЕЛИ ЗАСОВРЕМЕНА ДАНОЧНА АДМИНИСТРАЦИЈА

Управата за јавни приходи го донесе Стратешкиот план кој ги содржи генералните насоки и мерки за периодот 2012-2014 година. Како што соопшти УЈП тој треба да обезбедат не само реализација на основната мисија и визија на институцијата, туку ќе претставуваат и темел за изградба

на современ даночен орган со висок углед и интегритет кај даночните обврзници, домашната и меѓународната јавност - доверба во професионалноста, ефикасноста, транспарентноста и услужната ориентираност. За периодот 2012-2014 година, УЈП планира пет основни развојни стратешки цели - административни капацитети, секогаш чекор напред, услужна ориентираност, организација на учење и знаење и место во меѓународната заедниц. Дел од нив претставуваат континуиран развој и надоградба на веќе воведените мерки, а дел од стратешките цели се прошируваат со нови мерки кои имаат за цел да го зајакнат капацитетот на Управата за темелно извршување основни функции со нов квалитет кој се појавува како неопходност. -Организирање на УЈП согласно потребите за зголемување на функционалната способност за спроведување на програмите. Зголемување на капацитетот на Управата за спроведување на законодавството и борба против одбегнување на плаќање даноци. Со зголемување на транспарентноста и отчетноста, работиме на изградба на нејзиниот институционален лик, стои во соопштението. УЈП продолжува да ги засилува механизмите за остварување на основната функција - обезбедување средства за финансирање на функциите на државата за задоволување на општите и заедничките потреби и остварување на планираното ниво на јавни приходи, преку развивање нови програми за намалување на сивата економија и проширување на базата за оданочување почитувајќи го основниот уставен принцип дека сите субјекти во земјата имаат исти права, но и исти обврски.

Page 12: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 08 март 2012, Бр. 88

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА Преку подобрување на услугите УЈП се стреми да обезбеди поголем степен на доброволно пријавување на даноците, односно да ја обезбедиме довербата на даночните обврзници во УЈП како професионална институција која е подготвена да им помогне и ефикасно да ги решава даночните работи. Во соопштението се наведува дека грижата за вработените и создавањето едуциран професионален кадар ќе овозможи УЈП да стане посакувано место за работа за луѓе со високи потенцијали кои ќе го вложат целиот свој капацитет во унапредувањето на работењето на Управата. - Етаблирањето на македонската даночна администрација во меѓународни рамки и размената на податоците и искуствата на меѓународно ниво ќе го забрза процесот на модернизација на УЈП и усогласување со европските практики, стои во соопштението од УЈП.

Мали пристаништа ќе се поставуваат на Охридско, Преспанско, Дојранско и Мавровско ЕзероДОПОНИТЕЛНА ПРОМОЦИЈАНА АТРАКТИВНИ МЕСТАВО ЗЕМЈАВА

Десет мали пристаништа ќе бидат поставени на Охридското, Преспанското, Дојранското и Мавровското Езеро. Целта на поставувањето на овие пристаништа е дополнителна промоција на туристичките атрактивни места во земјава и подобрување на условите во внатрешната пловидба. Ова го соопштил на прес-конференција портпаролот на Министерството за транспорт и врски, Драган Симоновски, по усвојувањето на акцискиот план од страна на Влдата. На Охридското Езеро ќе бидат поставени на плажите „Љубаништа“,

„Магнус“, „Куба Либре“ и „Немо“. Како што појасни Симоновски бидејќи станува збор за плажи кои е предвидено да бидат предмет на краткотраен закуп, поставувањето на овие пристаништа ќе претставува една од обврските за идните закупци. Огласите ќе бидат распишани од страна на Министерството во текот на овој месец. На Охридското Езеро предвидено е монтирање на уште едно мало пристаниште лоцирано на Градската плажа во Струга. - Бидејќи општина Струга ги има преземено надлежностите во делот на управување со градежното земјиште ова ќе му биде препорачано на градоначалникот на Општината, - рече Симоновски. На Преспанското Езеро и на Дојранското Езеро предвидено е поставување по две мали пристаништа. За нив оглас треба да објават Министерството за транспорт и врски и АД „ЕЛЕМ“, а на Мавровското Езеро едно за што ќе биде задолжено ЈП Национален парк „Маврово“. Станува збор за стандардни мали пристаништа, популарно познати како „понтони“ кои се често употребувани во земјите каде што има развиена внатрешна пловидба на езерата и реките. Овој вид мали пристаништа поседуваат голема стабилност и издржуваат удари на бранови до 1 метар, како и висинско поместување на водата со оглед на начинот на сидрење до 9 метри длабочина. Нивната должина во просек изнесува од 10 до 12,5 метри, а широчината 2,4 – 4 метри, со височина над водата од половина метри. Можат да бидат соодветно осветлени и опремени со мост за приод, гумени одбојници и скала за качување од вода, како и можност за поставување на пумпа за точење на гориво.

Објавен оглас за распределба на 44 хектари државно земјоделско земјиште во битолскоРОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ДО 25 МАРТ 2012 ГОДИНА

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен оглас за распределба на 44 хектари државно земјоделско земјиште во битолско. Оттаму информираат дека големината на површината на земјоделско земјиште која ќе ја добие еден понудувач ќе се утврди врз основа на неколку дефинирани критериуми во огласот како што се минимално материјално-техничка опременост и број на планирани вработувања според бизнис-планот. Почетната цена по хектар ќе се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето. За земјоделско земјиште од прва до четврта катастарска класа цената изнесува 25 евра во денарска противредност, а за земјиште од петта до осма катастарска класа 15 евра. Образецот за учество може да се подигне во подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола, а податоците за огласеното земјиште се објавени на огласна табла. Апликациите можат да се поднесуваат во рок од 20 дена од денот на објавување на јавниот оглас во дневниот печат. За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефонот 02/313-44-77 или да ја посетат веб-страницата на Министерството www.mzsv.gov.mk Право на учество имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност, да се запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства или да се регистрирани како трговец поединец. Земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи треба да им е претежна дејност или да им е потребно за вршење научно-истражувачка дејност. Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавниот оглас доколку имаат регистрирано подружници во Република Македонија. На огласот немаат право да учествуваат лицата кои ги немаат подмирено обврските по основ на закупнина за користење земјоделско земјиште во државна сопственост, правните лица за кои е отворена стечајна постапка и непрофитните организации. За подигање маслинарници, времетраењето на закупот е за период до 50 години, за лозја, овоштарници и хмељ,

Page 13: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 08 март 2012, Бр. 88

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

како и за оранжерии до 30 години, колку што изнесува и времетраењето на закупот за издавање на државното земјоделско земјиште за вршење спортско-рекреативни активности и рурален туризам. До 20 години под закуп ќе се издава земјиштето за рибници, а за одгледување други земјоделски култури и за ливади, закупот е до 15 години.

Објавен оглас за распределба на 44 хектари државно земјоделско земјиште во струмичкоПОЧЕТНА ЦЕНА ОД 15 ДО 25 ЕВРА

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен оглас за распределба на 44 хектари државно земјоделско земјиште во струмичко. Големината на површината на земјоделско земјиште која ќе ја добие еден понудувач ќе се утврди врз основа на неколку дефинирани критериуми во огласот како што се минимално материјално-техничка опременост и број на планирани вработувања според бизнис-планот. Почетната цена по хектар ќе се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето. За

земјоделско земјиште од прва до четврта катастарска класа цената изнесува 25 евра во денарска противредност, а за земјиште од петта до осма катастарска класа 15 евра. Образецот за учество може да се подигне во подрачната единица на Министерството за земјоделство во Струмица, а податоците за огласеното земјиште се објавени на огласна табла. Апликациите можат да се поднесуваат во рок од 20 дена од денот на објавување на јавниот оглас во дневниот печат. За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефонот 02/313-44-77 или да ја посетат веб-страницата на Министерството www.mzsv.gov.mk Право на учество имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност, да се запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства или да се регистрирани како трговец поединец. Земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи треба да им е претежна дејност или да им е потребно за вршење научно-истражувачка дејност. Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавниот оглас доколку имаат регистрирано подружници во Република Македонија. На огласот немаат право да учествуваат лицата кои ги немаат подмирено обврските по основ на закупнина за користење земјоделско земјиште во државна сопственост, правните лица за кои е отворена стечајна постапка и непрофитните организации. За подигање маслинарници, времетраењето на закупот е за период до 50 години, за лозја, овоштарници и хмељ, како и за оранжерии до 30 години, колку што изнесува и времетраењето на закупот за издавање на државното земјоделско земјиште за вршење спортско-рекреативни активности и рурален туризам. До 20 години под закуп ќе се издава земјиштето за рибници, а за одгледување други земјоделски култури и за ливади, закупот е до 15 години.

Page 14: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 08 март 2012, Бр. 88

СТАТИСТИКА

Обем на стоковната размена со странствоВО ЈАНУАРИ ИСТРГУВАНИ 660 МИЛИОНИ САД ДОЛАРИ

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во јануари 2012 година, изнесува 247 177 илјади САД долари, а на увозот 417 605 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 59,2 %. Трговскиот

дефицит, во јануари 2012 година, изнесува 170 428 илјади САД долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивните соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката, како и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. Во јануари 2012 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (60,9%) и земјите од Западен Балкан (21,0%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (56,2%) и земјите во развој (25,1%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Србија, Бугарија и Кина (45,6% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).

Индекси на цените на мало и на трошоците на живототОВОШЈЕТО И ЗЕЛЕНЧУКОТ НАЈМНОГУ ПОСКАПЕЛЕ

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало и индексот на трошоците на животот во февруари 2012 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100,5. Порастот на трошоците на животот од 0,5% е резултат на повисоките индекси на овошјето за 4,0%, зеленчукот за 3,8%, преработките од риба за 1,9%, мастите за 1,4%, преработениот зеленчук за 1,1%, безалкохолните пијалаци за 0,7%, свежото и киселото млеко и млечните производи за 0,3%, кондиторските производи и другите прехранбени производи за 0,2%. Во февруари, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 19,9%, нафтените деривати за 2,5%, конфекцијата за домаќинствата за 2,2%, течните горива и гасот за 1,9%, мебелот за 0,9%, облеката за 0,8%, средствата за хигиена, козметичките производи

и услугите за лична хигиена за 0,6%, садовите и приборот за домаќинствата и лековите за 0,2%.

Индекси на работниците во индустријатаВО ЈАНУАРИ ПОМАЛКУ ЗА 1,02 ОТСТО

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јануари 2012 година, во однос на јануари 2011 година, изнесува 98,.8. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2012 година, во однос на

јануари 2011 година, бележи опаѓање од 0,1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,9%. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2012 година,

во однос на јануари 2011 година, бележи пораст кај Енергија за 1,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,8 %, Капитални производи за 6,5% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,3%.

Издадени одобренија за градењеПРЕДВИДЕНА ИЗГРАДБА НА 477 СТАНОВИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2012 се издадени 169 одобренија за градење што е за 1.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 412 089 илјади денари што е за 14.7% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 126 (74,6%) се наменети за објекти од високоградба, 13 (7.7%) за објекти од нискоградба и 30 (17,7%) за објекти за реконструкција.

Page 15: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 08 март 2012, Бр. 88

Од вкупно 169 објекти, на 116 (68,6%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 53 објекти (31,4%) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 477 станови со вкупна корисна површина од 37 522 м2.

Превезени патници и стоки во четвртото тромесечје од ланската годинаЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ПРЕВОЗ НА СТОКА ОПАДНАЛ ЗА 1,1 ОТСТО

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2011 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 4 043 000, во железничкиот превоз 355 000, во градско-приградскиот превоз 19 952 000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 195 226.

Во истиот период, во споредба со четвртото тримесечје од 2010 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 6.4%, во воздухопловниот превоз за 12.0%, додека во железничкиот превоз намалувањето изнесува 1.1%.

Индекси на трошоците во градежништвотоПОВИСОКО ЗА 2,9 ОТСТО

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови

објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2011 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за четвртото тримесечје од 2010 година, се повисоки за 2.9%. Во четвртото тримесечје од 2011 година, во споредба со третото тримесечје од 2011 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1.7%, трошоците за материјали се повисоки за 2.5%, а трошоците за вработените се пониски за 0.1%. Во четвртото тримесечје од 2011 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2010 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2.9%, трошоците за материјали се повисоки за 3.8%, а трошоците за вработените се повисоки за 0.7%.

Индекси на цените во угостителствотоБЕЗ ПРОМЕНИ ВО ФЕВРУАРИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2012 година, во

споредба со јануари 2012 година, остана на исто ниво. Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2012 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1.4%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари - февруари 2012 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 1.5%, додека во однос на декември 2011 година е зголемен за 0.2%.

МУЃУНАРОДНА СТАТИСТИКА

Оптимистички бројки на Светска банкаСИРОМАШТИЈАТА ВО СВЕТОТ ПРВАТ СЕ НАМАЛУВА

Бројот на сиромашни луѓе во светот во 2008 година падна на рекорден минимум, се наведува во извештај на Светската банка, базиран на истражување со кое биле опфатени 850 домаќинства во 130 земји од целиот свет. Според критериумите на авторите на студијата, под поимот „сиромашен човек“ се подразбира лице кое живее со приходи помали од 1,25 долари на ден.

Според резултатите од студијата, во 2008 година во земјите во развој сиромашни биле 1,29 милијарди луѓе, што претставува 22 проценти од вкупната популација во овие држави. За споредба, во 1981 година сиромашни

СТАТИСТИКА

Page 16: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 08 март 2012, Бр. 88

биле 1,94 милијарди луѓе. Во соопштението на Банката се посочува дека ова е прво вакво намалување на бројот на сиромашните луѓе откако оваа меѓународна финансиска институција почнала да води евиденција за степенот на сиромаштија. - Сите држави во развој остварија значителен напредок во борбата против екстремната сиромаштија, иако оние 663 милиони луѓе кои ја надминаа границата на сиромаштија и натаму се сиромашни во однос на стандардите што важат во развиените земји, изјави шефот на истражувачкиот тим што ја изработи стуијата, Мартин Равалион. Гледано по региони, во Источна Азија и Пацификот, вклучително и Кина, во 2008 година сиромашни биле 14 проценти од вкупното население, што претставува намалување за 77 проценти во однос на 1981 година, кога овој регион имаше највисока стапка на сиромаштија во светот. Во Јужна Азија стапката на сиромаштија во периодот 1981-2005 се намалила од 61 на 36 проценти, а во периодот од 2005 до 2008 за дополнителни 3,5 процентни поени на 32,5 отсто. Во Латинска Америка и Карибите стапката на сиромаштија од 1984 до 2008 година е намалена од 14 на 6,5 проценти. Во реонот на Блискиот Исток и Северна Африка во 1981 година сиромашни биле 16,5 милиони лица, а во 2008 година нивниот број се намалил на 8,6 милиони, односно речиси три проценти од вкупното население. Бројот на сиромашни во Источна Европа и Централна Азија својот максимум го достигнал во 1999 година, кога сиромашни биле четири проценти од вкупното население, а во 2008 година оваа стапка се намалила на 0,5 отсто. Во Подсахарска Африка се бележи најмало намалување на стапката на сиромаштија и тоа од 51 отсто во 1981 на 47 проценти во 2008 година. Во извештајот се посочува дека оваа анализа се базира на податоци од 2008 година и дека резултатите во последниве години покажуваат дека и покрај глобалната економска криза, трендот на намалување на сиромаштијата продолжува.

Се зголеми невработеноста и инфлацијата во еврозонатаНА УЛИЦА 16,9 МИЛИОНИ ЛУЃЕ

Стапката на невработеност во 17 земји, кои како валута го користат еврото, во јануари се зголеми на рекордни 10,7 отсто, покажуваат најновите податоци на заводот за статистика на ЕУ, Евростат. Во соопштението се наведува дека во еврозоната во јануари биле невработени 16,9 милиони луѓе, што е 1,4 милиони повеќе во однос на истиот месец минатата година. Податоците за цела ЕУ, која брои 27 членки, покажуваат дека стапката на невработеност во јануари се зголемила на 10,1 отсто од 10 проценти во претходниот месец и 9,5 отсто во јануари 2011 година. Меѓу членките во еврозоната, најголема стапка на невработеност во јануари повторно имала Шпанија - од 23,3 отсто, а следува Грција со 19,9 проценти. Најниска стапка,

истовремено, имале Австрија (четири отсто), Холандија (пет проценти) и Луксембург (5,1 отсто). Евростат, исто така, соопшти дека стапката на инфлација во еврозоната минатиот месец се зголемила на 2,7 отсто од јануарските 2,6 проценти. Тоа е веќе 15-ти месец по ред инфлацијата во 17-члената еврозона да е повисока од целта на Европската централна банка од малку под два отсто, кои гарантираат ценовна стабилност.

Стапката на невработеност во ИталијаВО ЈАНУАРИ РЕКОРДНИ 9,2 ОТСТО

Стапката на невработеност во Италија во јануари нарасна на рекордните 9,2 отсто, од декемвриските 8,9 отсто, покажаа денеска објавените официјални статистички податоци. Тоа е највисока стапка на невработеност откако во Италија во 2004 година почна да се води евиденција на месечните податоци за

невработеност, соопшти италијанскиот Завод за статистика Истат, а пренесуваат агенциите. Сезонски прилагодените податоци покажаа дека во Италија во јануари бројот на невработени нараснал на 2,31 милион лица, што е за 2,8 отсто повеќе на месечно ниво и 14,1 отсто повеќе на годишно ниво. Стапката на невработеност меѓу младите од 15 до 24 години во јануари, исто така, нарасна, и тоа на 31,1 отсто од декемвриските 31 отсто, што е само малку пониска од рекордното ниво од 31,2 отсто, измерени во ноември 2011 година. Невработеноста во Италија е во пораст од летото, кога економијата на оваа земја почна да потклекнува под товарот на должничката криза и мерките за штедење воведени заради битката со кризата.

Во Австрија речиси седум илјади возила на плинГРАЃАНИТЕ СЕ ПРЕФРЛААТ НА ПОЕФТИНИ ГОРИВА

Во Австрија минатата година дозвола добиле 16,2 проценти повеќе возила на плин, отколку една година претходно, така што речиси седум илјади возила на тоа гориво сообраќајаат по улиците на Австрија, покажуваат податоците на австрискиот Статистички завод. Најголем пораст се случил во категоријата патнички возила, 33,3 отсто, а кај камионите е забележано зголемување од 14,9 проценти. Во Виена во 2011 година вкупно 205 еколошки возила добиле дозвола. Со тоа 34,1 процент од сите дозволи за возила на плин во Австрија отпаѓаат на Виена, а во категоријата камиони повеќе од секој втор (53,9 проценти) е пријавен во главниот град. По Виена, според бројот на дозволи следат Тирол, Горна Австрија, С а л ц б у р г , Долна Австрија, Штаерска, Форарлберг, Бургенланд, Корушка. Лицата кои во Виена ќе се одлучат да го возат своето возило на плин добиват атрактивни субвенции од илјада евра од градот Виена и претпријатието „Вин енерџи“.

СТАТИСТИКА

Page 17: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 08 март 2012, Бр. 88

ЕВРОПА Романија може да стане енергетски независна државаОТКРИЕНИ РЕЗЕРВИ ОД ОКОЛУ 100 МИЛИЈАРДИ КУБНИ МЕТРИ ПРИРОДЕН ГАС

Романија може да стане независна од енергетска гледна точка, изјави романскиот претседател Трајан Басеску, цитиран од романските медиуми. Шефот на државата неодамна го посети бродот за морски сондажи „Дипвотер чемпион“ на американската компанија Ексон Мобил, која заедно со романската Петром, прави сондажи за откривање природен гас во романското црноморско крајбрежје.

-Беа откриени резерви од околу 100 милијарди кубни метри гас и има вакви перспективи за уште неколку наоѓалишта, што ќе се истражат во најскоро време, изјави Басеску. Басеску забележа дека земјата има перспектива да постигне целосна енергетска независност, а ќе се претвори во извор на гас не само за сопствени потреби, туку и за други земји од Европа, пренесоа романските медиуми.

-Во текот на 2011 година Романија потроши 14,2 милијарди кубни метри гас, од кои 11,4 милијарди од сопствено производство и околу три милијарда од увоз. Можете да пресметате колку години ќе трае откриеното наоѓалиште без да имаме потреба да увезуваме гас, посочи шефот на државата. Басеску прецизираше дека експлоатацијата не може веднаш да почне, бидејќи се неопходни истражувања, но

посочи дека очекува таа да почне некаде околу 2015-2017 година. На 22 февруари Петром и Ексон забележа дека се откриени значителни резерви на природен гас во Црно море, а според првични оценки количеството изнесува меѓу 42 и 84 милијарди кубни метри, односно меѓу три и шест пати повеќе од годишната потреба на Романија. Петром, која е сопственост на австриската група О Ем Ви, и Ексон во 2008 година склучија спогодба за заедничка експлоатација на потенцијалните резерви на јаглероди во станицата Нептун од романското црноморско крајбрежје. Според податоците на Петром, цитирани од електронското издание на весникот „Гандул“, романскиот пазар на природен гас минатата година беше зголемен за три проценти, достигнувајќи 14,2 милијарди кубни метри.

Анализа на „Грант Торнтон“ДИРЕКТОРИТЕ ВО ЕВРОПА НЕ СЕ„ПОТРЕСЕНИ“ ОД КРИЗАТА

Раководниот кадар не е под голем стрес, без оглед на финансиската и економска криза во светот, укажува студија на консултантската фирма „Грант Торнтон“. Врз основа на анализа на повеќе од 6.000 фирми од светот, во студијата се заклучува дека шефовите, особено во Европа, најдобро се спротивставуваат на предизвиците поттикнати од светската економска криза бидејќи показателите на стрес се на ниво пониско од она во 2005 година. Бројот на раководители во европските фирми кои се погодени од стрес е намален од 40 на 22 отсто, објави „Фигаро“ пренесувајќи делови од истражувањето. Во заклучокот се вели дека под најголем удар се менаџери од Југоисточна Азија, бидејќи 44 отсто од нив изјавиле дека чувствуваат последици од стрес, додека во 2010 година таа цифра била 58 отсто. Најбезгрижни се шефовите во Данска кои покажале знаци на стрес во само пет отсто случаи, а следат финските со осум отсто.

Грчките шефови биле најнервозни - 67 отсто, потоа шпанските (37 отсто), па

италијанските (32 отсто) што јасно укажува на поврзаност меѓу влошувањето на економската криза и интензивирање на стресот на работното место.

Лидерите на ЕУ го потпишаа Договорот за стабилност, координација и управување со економската и монетарната унијаИНКОРПОРИРАЊЕ ВО ЕВРОПСКИОТ ПРИМАРЕН ЗАКОНЗА НАЈМНОГУ ДО 5 ГОДИНИ

Лидерите на државите и влади на Европската унија, на дводневниот самит во Брисел, го потпишаа Договорот за стабилност, координација и управување во економската и монетарната унија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Европската комисија го поздрави фактот што договорот останува отворен за сите, како и заложбата суштината на Договорот да се инкорпорира во Европскиот примарен закон за најмногу до 5 години. - Договорот е важен дел на нашата глобална стратегија за враќање на стабилноста во европските јавни финансии и одржување на економскиот раст, изјави председателот на Комисијата Жозе Мануел Баросо. Комисијата ќе и` даде приоритет на подготвката на подзаконските акти на оние елементи од Договорот, за кои е неопходно и соодветно. - Наспроти сите песимистички предвидувања за судбината на еврозоната, потпишаниот договор испрати порака дека Европа е способна да испорача одржлива фискална консолидација, смета Баросо. Според него, обврзувачката суштина на Договорот ќе ја зголеми дисциплината и конвергацијата меѓу земјите во Унијата.

Специјална понуда за српските туристиОХРИД ВО ПАКЕТ СО ДРАЧ

Српскиот портал за патување „СуперОдмор“ како специјална понуда во април нуди тридневно патување во Македонија и Албанија. Како што пренесува српски „Блиц“ аранжманот трае од 6 април и вклучува три ноќевања на основа полупансиони со

Page 18: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 08 март 2012, Бр. 88

автобуски превоз, при што две ноќевања се во Драч и едно во Охрид. Доколку се купи денеска се нуди наместо 138, по 129 евра. „Блиц“ посочува дека Драч е пристаниште на Јадранското Море и еден од најстарите градови во Албанија.

По престојот во Драч се тргнува кон Охридското Езеро кое е опкружено со високи планини и многубројни споменици на културата. Охрид има 365 манастири и цркви и со право го носи епитетот „Балкански Ерусалим“, пишува „Блиц“.

Србите имаат најниски плати на БалканотТРИ ПАТИ ПОНИСКО ОД СЛОВЕНИЈА

Просечната плата во Србија е најниска во регионот на Балканот, а најновото обезвреднување на српскиот динар дополнително ќе го зајакне тажниот впечаток за платите и животниот стандард, јави белградското радио Б-92.

Просечната нето плата во Србија во јануари оваа година изнесувала 36.639 динари или околу 333 евра. Истовремено просечната плата во Албанија била околу 380 евра, во Македонија 380, во Бугарија 390 евра, во Босна и Херцеговина 450 евра, во Романија 480 евра, во Црна Гора 530 евра, во Хрватска 800 евра и во Словенија 1.000 евра. Според проценката на експертите, Србите имаат најниски плати во регионот поради големиот процент на вработени во државниот сектор, големиот број пензионери, неуспешната приватизација, високата корупција, неквалитетната работа на високите државни службеници и ниската продуктивност.

Во Србија платите во државниот сектор се за 28 проценти повисоки од просечните плати во приватниот сектор, а во некои претпријатија тие се за два до трипати повисоки, како што е авиокомпанијата ЈАТ каде што примањата се погоеми за 250 проценти, „Телекомот на Србија“ за 180 проценти и „Србијагас“ за 160 проценти.

Во Албанија лани имало 18,8 отсто лоши кредитиПРИДОНЕС НА РЕЦЕСИЈАТА

Во 2011 година лошите кредити во Албанија изнесувале 18,8 отсто од сите кредити, покажуваат податоците на албанската Асоцијација на банки, цитирани од грчката агенција АНА-МПА. Се смета дека за растот на овие лоши кредити придонела рецесијата во различни сектори на албанската економија.

Банкарскиот систем е стабилен и има ликвидност на банките, се наведува во соопштението на банарската асоцијација. Во 2011 година банките во Албанија поделиле заеми во износ од 4,04 милијарди евра, што е раст од 15,3 отсто во споредба со 2010 година. Депозитите се зголемиле и изнесуваат 6,6 милијарди евра. За годинава албанската Централна банка предвидува инфлацијата да се движи меѓу два и четири проценти.

ЕВРОПА

Page 19: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 08 март 2012, Бр. 88

Економските аспекти на победата на Путин ЗАЖИВУВАЊЕ НА РУСКИТЕ ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ

Победата на рускиот премиер Владимир Путин на претседтелски избори во Русија навестува поголема стабилност на финансиските пазари во земјата и ќе овозможи нивно заживување, сметаат инвеститорите.

Извршниот директор на лондонската компанија „Просперити Kапитал Mенаџмент“, Матијас Вестман смета дека овие избори покажале оти Путин има широка поддршка во јавноста, што би требало да ги охрабри пазарите. - Се надеваме дека овие избори ќе доведат до забрзување на реформите, што ќе се одрази позитивно врз државните компании, нагласува Вестман, чија компанија поседува руски активи во вредност од околу пет милијарди долари. Тој изрази надеж дека Путин ќе ги спроведе ветувањата дадени во изборната кампања, пред се, оние за приватизација на државните компании и за спроведување на политички реформи. Експертот на брокерската компанија „ИЦВ Метропол“, Хоук Сајншајн изјави дека по одливот на капитал и падот на берзанските индекси во Русија по декемвриските парламентарни избори, сега очекува да дојде до поголем прилив на капитал во земјата. - Сега ќе видиме уште поголем прилив на капитал во Русија, бидејќи пред нас имаме шест предвидливи години, истакна Сајншајн, мислејќи на шестгодишниот мандат на Путин. Според него, инвеститорите биле вознемирени поради „можната промена на учесниците на играта“, но таа вознемиреност веќе е намалена бидејќи вчерашните избори покажале дека во

Русија нема да се случи нешто такво. Сајншајн очекува изборните резултати уште денеска да поттикнат раст на руските берзански индекси. Експертот за меѓународни зделки на „Стандар и Пурс Фајненшл Сервисис“, Алек Јанг смета дека сега Путин ќе се соочи со притисок на пазарите поради недостигот, како на политичка, така и на финансиска транспарентност. Според него, таквиот притисок ќе

резултира со подобрување на политичката и корпоративната транспарентност на Русија на долгорочна перспектива. Експертот на „Кејнел Капитал“, Иан Меккол смета дека сега ќе се создадат подобри услови за странските инвеститори во Русија. - Во воздухот лебди реформата, но таа не претставува закана за политичката состојба во земјата, нагласува Меккол.

Се подготвува договор за Транскасписки гасоводРУСИЈА И ИРАН СЕ ПРОТИВАТ НА ИЗГРАДБАТА

Азербејџан и Туркменистан подготвуваат два договора за реализација на проектот за изградба на Транскаспискиот гасовод (ТГК), кои би можеле да бидат потпишани со учество на Европската комисија, изјави азербејџанскиот министер за индустрија и енергетика Натик Алијев. - Во подготовка е тристран политички документ за поддршка на „Јужниот коридор за гас“, кој ќе го потпишат претседателите на Азербејџан, Туркменистан и на ЕК Жозе Мануел Барозо, како и меѓудржавен договор на овие две земји за изградба на ТГК, кој исто така може да го потврди еврокомесарот, нагласи Алијев. Тој додаде дека овие договори би

можеле да бидат подготвени оваа година. Проектот ТГК предвидува поставување на гасоводот по дното на Каспиското Море од Туркменистан до Азербејџан, а понатаму би можел да се приклучи и на други гасоводи во регионот. Против изградбата на ТГК се Русија и Иран, повикувајќи се на се уште нерегулираниот правен статус на Каспиското Море и големиот еколошки ризик.

Се „стега обрачот“ за странските работници ВО ЧЕШКА НЕМА МЕСТО ЗА РАБОТНИЦИВОН ОД ЕУ

Со најновите измени предложени од чешкото Министерство за труд, во земјата се намалуваат шансите за наоѓање работа на странските работниците кои доаѓаат од земјите надвор од Европската унија, јави дописникот на МИА од Прага. Од 1 јули годинава заводите за вработување, нема да смеат да обновуваат работни дозволи за работниците граѓани на земји надвор од ЕУ, кои работат на неквалификувани позиции. Неквалификувани работни места се сметаат сите позиции кои не бараат завршено средно образование. Тука спаѓа и работата на рударите, која заради тешките услови опасни по животот, се неинтересни за работниците Чесите. На овие работни места најчесто работат работници од Украина, кои сега со новите услови нема да бидат достапни за нив од едноставна причина што не се граѓани на ЕУ-членка.

Со оваа мерка, министерот за труд, Јаромир Драбек има за цел да ги врати чешките работници во рудниците и со тоа да ги намали социјалните давачки, бидејќи најчесто рударите се корисници на социјална помош. Пред неколку години, тогашниот министер за надворешни работи Иван Лангер стана познат со контроверзната кампања со која на работниците-странци во Чешка им понуди бесплатни авионски билети и џепарлак од 500 евра, ако сакаат да се вратат дома.

СВЕТ

Page 20: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 08 март 2012, Бр. 88

„Лиман брадерс“ излегува од банкрот ПОЧНА ИСПЛАЌАЊЕТО НА КРЕДИТОРИТЕ

Американската инвестициска банка „Лиман брадерс“ денеска соопшти дека излегла од банкрот, кој беше предизвикан со рекордниот долг од 639 милијарди долари, нагласувајќи дека на 17 април ќе започне со исплаќање на своите кредитори.

Со ова банката излезе од процесот на судска заштита од банкрот, кој е покренат на 15 септември 2008 година, кога „Лиман“ банкротираше и ги разниша темелите на глобалниот финансиски пазар, поттикнувајќи ја Големата рецесија. Судијата Џејмс Пек во декември го одобри планот на банката за исплата на кредиторите, а компанијата оттогаш презеде бројни чекори, кои вклучуваат продажба на имот, договори за побарувања и решавање спорови со поранешни соработници. Банката нагласи дека ќе продолжи со ликвидирање на своуте долгови под лидерство на новиот одбор на директори. Банкротот на оваа американска банка е наречен „најголем и најсложен во историјата“.

„Шкода“ ја зголеми продажбата на почетокот на годината за 11 процентиВО ЗОНА НА СТАБИЛЕН РАСТ

Чешкиот производител на автомобили „Шкода Aуто“ во првите два месеци од годинава ја зголеми продажбата на светско ниво за 11,6 проценти на 147.505 возила, со што ја продолжува

минатогодишната рекордна година. - Се наоѓаме на стабилна линија на раст, што е потврдено со повторното зголемување на испораката во првите два месеци од 2012 година, изјави во Женева претседателот на Управниот одбор на „Шкода“, Винфрид Валанд. Валанд на саемот на автомобили ја претстави новата верзија на најмалиот „Шкода“ автомобил „Ситигоу“ со пет врати, кој од минатата есен се произведува во Братислава. Најновата „Шкода“, што досега се продаваше единствено во Чешка во верзија со три врати, од мај ќе биде достапна на европските пазари во две варијанти со три и пет врати. „Шкода“ очекува „Ситигоу“, заедно со останатите модели, да помогне продажбата на возила до 2018 година да достигне 1,5 милиони автомобили. Минатата година компанијата низ целиот свет оствари продажба од 879.200 возила. Со сегашното темпо, овогодинешното производство би можло да се приближи на границата од еден милион.

Индиската „Тата“ се обидува да влезе на шведскиот пазарПОНУДА ОД 350 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА КУПУВАЊЕ НА „СААБ“

Индискиот конгломерат „Тата“ понуди 350 милиони САД долари за купување на банкротираната шведска автокомпанија „Сааб“, пишува „Фајненшел експрес“, повикувајќи се на неименуван извор близок до компанијата.

Тимот на компанијата „Тата“ за глобални преземања преговара со „Сааб“ и со приватни инвеститори за можноста шведската презадолжена компанија да ја купи британската фирма „Јагуар Ленд ровер“, која се наоѓа во сопственост на индискиот конгломерат. Официјален претставник на групата „Тата мотори“ одби да го коментира пишувањето на печатот. Минатиот месец, претставници на „Сааб“ соопштија дека најмалку четири компании излегле со понуда за преземање

на фирмата, од кои голем дел се надвор од Шведска. „Сааб“, чиј сопственик е холандската компанија „Шведски автомобили“ побара судска заштита од банкрот во декември минатата година, по серијата неуспешни преговори за продажба и спас на познатиот шведски бренд.

Раст на профитот на „Ауди“ за 69 отсто ИСПОРАЧАНИ 1,512 МИЛИОНИ МОДЕЛИ

Германската автомобилска индустрија „Ауди“, која е филијала на „Фолксваген“, соопшти дека во 2011 година остварила рекорден профит и дека може да се очекува заработката да го достигне тоа ниво и оваа година.

Компанијата објави дека нејзиниот нето профит лани пораснал за 69 проценти на годишно ниво на 4,44 милијарди евра. Оперативниот профит е зголемен за 60,1 отсто на 5,348 милијарди евра, додека продажбата пораснала за 24,4 проценти на 44,096 милијарди евра. Испораките на возлила во 2011 година се зголемени за 16,9 отсто на 1,512 милиони модели. Директорот на „Ауди“, Руперт Штадлер изјави дека компанијата уште еднаш ги надмина рекордите во испораката на возила, приходите и клучните податоци за заработка за 2011 година. - Никогаш порано не сме имале толку големо зголемување на испораките на авотмобили во една година. Заради тоа во 2011 година ќе биде забележана како најуспешна година во историјата на нашата компанија. Сакаме да продолжиме по тој пат и во 2012 година да обезбедиме поголем раст во целина, додаде Штадлер.

Пазарната вредност на „Епл“ надмина 500 милијарди долариПОТТИК ОД НОВИОТ МОДЕЛ НА „АЈПЕД“

Американскиот информатички гигант „Епл“ достигна вкупна пазарна вредност од 508 милијарди долари,

КОРПОРАЦИИ

Page 21: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 08 март 2012, Бр. 88

откако при неодамнешните тргувања на Њујоршката берза неговите акции пораснаа за 1,7 отсто достигнувајќи вредност од 544,39 долари. Последниот раст на вредноста на акциите на „Епл“ се должи на очекувањата дека компанијата наскоро ќе донесе одлука за исплата на дивиденда на своите акционери, како и на најавите дека следната недела ќе претстави нов модел на „ајпед“.

„Епл“ веќе подолго време е компанија со најголема пазарна на вредност во светот, а далеку зад неа на второто место е нафтениот гигант „Ексон Мобајл“, чија пазарна вредност изнесува 411 милијарди долари. Досега само неколку компании успеале да достигнат пазарна вредност поголема од 500 милијарди долари, но тоа беше на краток рок, по што нивната вкупна вредност се намалуваше под оваа сума. Тоа досега им успеа на „Ексон Мобајл“ во 2007 година, на „Мајкрософт“ кон крајот на 1999 и на почетокот на 2000 година, а во истиот период пазарни вредности од над 500 милиајрди долари достигнаа и „Сиско Системс“, „Интел“ и „Џенерал Електрикс“. Сегашната вредност на „Мајкрософт“ изнесува 267 милијарди долари, на „Сиско Системс“ и на „Интел“ нешто над 100 милијарди, а на „Џенерал Електрикс“ околу 200 милијарди долари.

Склучен стратешки договор меѓу „Пежо Ситроен“ и „Џенерал Моторс“ ТРАСИРАН ПАТОТ ЗА РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА

Француската автомибилска индустрија „Пежо Ситроен“ (ПСА) склучи договор за стратешко партнерство со американската компанија „Џенерал Моторс“ (ГМ), јави дописникот на МИА од Париз. Според договорот, соработката меѓу двете автомоблиски индустрии се однесува на размена на искуствата во производството на автомобили, платформите и технологиите. Со договорот ГМ сега поседува

седум проценти од капиталот на француската автомобилска групација. Двата автомобилски гиганти се надеваат дека со договорот ќе обезбедст заштеда од околу една до две милијарди евра во следните неколку години. Според некои француски медиуми, „Џенерал Моторс“ предвидува укинување на повеќе работни места, па дури и затворање на фабрики во Европа. „Џенерал Моторс“ во Европа ја поседува германската комапнија „Опел“, која се соочува со проблеми. Партнерството меѓу најголемиот светски производител на автомобили со најголемиот француски производител, треба да му озвожи на „Пежо Ситроен“ да го надополни заостанувањето на европскиот пазар. Договорот претставува и менување на стратегијата на француската компанија, која под притисок на семејството Пежо ја привилегираше технолошката соработка со БМВ, „Фиат“, „Форд“ или „Тојота“.

„Мајкрософт“ го претстави Видоуз 8НАДЕЖ ЗА УСПЕШНО КОНКУРИРАЊЕ СО „ЕПЛ“ И „ГУГЛ“ Американскиот гигант „Мајкрософт“ го промовираше својот оперативен систем „Виндоуз 8“ на Светскиот конгрес за мобилни комуникации во Барселона, со цел да се обиде успешно да им конкурира на лидерите „Епл“ и „Гугл“.

Оперативните системи се основен елемент на смартфоните, бидејќи тие им овозможуваат тие да бидат „паметни“ телефони, кои сурфаат на интернет и имаат пристап до цела вселена, како на пример

со Андроидот на „Гугл“ и ајОЕс (iOS) на „Епл“. На конгресот во Барселона, кој оваа година се одржува во отсуство на „Епл“, се чувствува зголемената моќ на „Гугл“, бидејќи повеќето нови телефони, претставени оваа година во Барселона работат под Андроид. Претставувајќи ја пред новинарите и експертите експерименталната верзија на новиот оперативен систем Видоуз 8, кој е приспособен за сите апарати - од таблети со сензорски екран до персонални компјутери, „Мајкрософт“ се заложува тие сите да го преземат овој оперативен систем.

„Интел“ напушта дел од фабриките кои ги држи со „Мајкрон“СОРАБОТКАТА ВО РАЗВОЈОТ ПРОДОЛЖУВА

Корпорациајта „Интел“, која е најголемата светска компанија за производство на полупроводници, соопшти дека ќе се одвои од дел од фабриките кои заедно ги држи со фирмата „Мајкрон“ преку заедничката компанија ИМФТ.

Станува збор за стратешки потег на „Интел“. На овој начин „Интел“ ќе ги напушти фабриките во Сингапур, како и во Вирџинија (Масачусетс), така што тие ќе му припаднат на „Мајкрон“. „Интел“, меѓутоа, ќе го задржи учеството во фабриката во Утах, која произведува „флеш“ мемории од 20 нм. Со договорот е предвидено и заедничко продолжување на развојот на „флеш“ мемориите НАНД, вклучувајќи и нови видови на меморија, но моментално не се објавени повеќе детали.

КОРПОРАЦИИ

Page 22: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 08 март 2012, Бр. 88

Димитар Богов, Гувернер на Народна банка на Република МакедонијаЕВРОПСКАТА КРИЗА НЕМА ДА ЈАРАМНОТЕЖАТА НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

Гувернерот на Народна банка Димитар Богов пред студентите на Економскиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип одржа предавање на тема „Одржување на макроекономската стабилност и економски раст во услови на должничка криза во еврозаната“. Богов истакна дека годинава најголем предизвик е европската должничка криза и со внимание се следат случувањата. Неговите очекувања се дека македонската економија ќе биде погодена, но не толку многу како во 2008 година, додека, како што рече, годинава земјава ќе има позитивен економски раст од 2,4 отсто.

- Македонската економија ќе биде помалку погоден, а затоа што во овој момент нерамнотежите на македонската економија се скоро непостоечки. Во 2008 година имавме големи нерамнотежи, висок кредитен раст над 30 проценти, кој што креираше голема приватна потрошувачка, голем дефицит во платниот биланс од над 13 отсто од бруто домашниот производ. Во овој момент сите тие нерамнотежи непостојат, дефицитот во платниот биланс е помалку од 3 отсто од БДП и нема висока приватна потрошувачка. Така што ударот кој ќе го претрпеме од кризата во ЕУ нема да предизвика нарушување на рамнотежата на македонската економија, рече Богов. Прашан дали ќе се менува курсот на денарот поради намалениот извоз на македонските производи, Богов забележа дека НБРМ останува и понатаму на политиката за стабилен курс на денарот, која во минатите 15 години даде добри резултати за одржување на макроекономската стабилност. - Така да сметаме дека тоа не е причина за неконкуретноста на македонскиот извоз, впрочем нашите анализи покажуваат дека ценовната конкуретноста е зголемена во последните 10-тина години и тука не гледаме причина зошто би ја менувале политиката на курсот, нагласи Богов. Тој додаде дека Македонија имаше пример на еднократна девалвација во 1997 година, која не даде резултати за зголемување на извозот на македонските производи.

Петр Нечас, премиер на Чешка СОЦИЈАЛНАТА ДРЖАВА Е ВО КРИЗА

Моделот на таканаречената социјална држава, според чешкиот премиер Петар Нечас, е во длабока криза поради што многу граѓани во некои европски држави влегоа во состојба на сиромаштија, јавува допосникот на МИА од Прага. Нечас ова го изјави на партискиот

собир на неговите владеачки граѓански демократи. Тој како премиер и шеф на ОДС на овој начин им одговори на критиките на опозиционите социјал демократи, според кои, владата едно зборува а друго прави. Лидерот на опозиционата ЧССД, Бохуслав Соботка тврди дека главен проблем на Чешката Република не е социјалната држава туку реформите кои ги превзема актуелната влада на Петар Нечас. -Поради грешките со намалените даноци во 2008, вели Соботка, сега Чешка се соочува со огромен дефицит во пензискиот Фонд од 40 милијарди круни или 1,6 милијарди евра. Премиерот Нечас, од своја страна, наведе дека опозицијата е дволична кога го критикува дека само тој и британскиот премиер, Дејвид Камерон, не го потпишаа новиот европски Пакт за буџетска одговорност. - Опозицијата од една страна ја подржува европската политика, а дома се залага за популистички мерки. Ние, вели Нечас, нема да го лажеме народот со големи социјални програми, а со тоа да го зголемуваме долгот на земјата. Денес сите влади во Европа и левичарски и десничарски, сепак мора да ја реформираат својата социјална политика за да одговорат на денешната реалност, изјави чешкиот премиер.

Стин Јакобсен, водечки економист на „Саксо“ банката големата финасиска инекција на ЕЦБ на европските банки ја споредува со морфиумот„БОЛКАТА“ СЕ НАМАЛУВА, АМА НЕМА ЛЕКУВАЊЕ

Големата финансиска инјекција што Европската централана банка (ЕЦБ) им ја даде на банките од еврозоната со цел да ја зголеми нивната ликвидност, е нешто како морфиум кој ја намалува болката, но не лекува, оцени водечкиот економист на „Саксо“ банката Стин Јакобсен. Тој тврди дека сумата поголема од еден билион евра, што изминатите три месеци ЕЦБ ги „внесе“ во банкарскиот сектор на еврозоната, го отвора патот за масовни шпекулации во потрага по високи приноси,

со истовремен ризик од создавање нови „меури“ на финансиските пазари. Банките од еврозоната во денешните акции на ЕЦБ од централните монетарни институции на еврозоната позајмија рекодни 529,53 милијарди евра, во рамките на вториот круг од тригодишни кредити, кои се понудени со цел да се зајакне ликвидноста на европскиот банкарски сектор. Станува збор за кредити со рок отплата од 36 месеци и со годишна каматна стапка од еден процент. Во првиот круг кредити што ЕЦБ ги понуди во декември, банките од еврозоната земаа поволни кредити во вредност од 489 милијарди евра. ЕЦБ деновиве ослободи уште една поголема доза „свежи“ европски пари, а Јакобсен истакнува дека новите кредити нема да го решат проблемот со кризата, бидејќи старите долгови се отплатуваат со помош на дополнителни задолжувања. Сепак акциите на банките на краток рок ќе растат благодарение на неограничениот пристап до средства на ЕЦБ, при што каматните стапки на кредитите на овие банки се уште се одобруваат со нешто над пет проценти. Од новата финансиска инјекција корист ќе имаат и владите, бидејќи во првото полугодие на 2012 година Европа мора да го реши проблемот со рефинансирање. Само Италија и Шпанија мораат да рефинансираат нешто повеќе од 500 милијарди евра долг, така што кредитирањето на банките теоретски ќе ја озовможи неопходната фискална консолидација. Во својата анализа Јакобсен предупредува дека постои и друга страна на медалот во вид на растечка нееднаквост и социјални тензии. Печатењето пари мора да се плати со зголемени даноци и цени на храната и на енерегенсити и влошени работни услови, со што се загрозува не само штедењето, туку се намалуваат и приходите на обичните граѓани. Експертот, исто така, предупредува дека ваквите мерки на долг рок само ги зголемуваат и продлабочуваат проблемите на банките и земјите во развој, бидејќи привремената корист во вид на ликвидност ја загрозува долгорочната перспектива за раст на економијата, продуктивноста и расположливите приходи. Глобалното внесување пари во „лабилен“ финансиски сектор, исто така влијае на цената на нафтата која доколку уште позначително поскапе, ќе почне негативно да влијае на растот на светската економија. Јакобсен тврди дека Европа сега, во суштина го повторува американското второ, т.н. квантитативно олабавување. - Целиот свет се занимава со печатење пари и политички експерименти, па можеме единствено да се надеваме дека нема да станеме очигледен пример на дефиницијата на Ајнштајн за идиот, кој го повторува истиот експеримент со надеж дека ќе добие различни резултати, заклучува водечкиот економист на „Саксо“ банката.

ПОГЛЕДИ И МИСЛЕЊА

Page 23: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 08 март 2012, Бр. 88

РЕКЛАМА

Почитувани потрошувачи,

АД „Европа“ - фабрика за чоколади, вафли и бонбони со гордост ви го презентира првиот од низата ребрендирани производи – „ЈАДРАН“ вафли. АД „Европа“ во 2011 година започна процес на ребрендирање на речиси целокупниот асортиман на производи, кој вклучуваше анализа на пазарот, и на побарувачката и желбите на потрошувачите, прибирање податоци за истите, изнаоѓање на креативни решенија и најпосле нивна реализација. Вафлите на АД „Европа“, иако се познати по својот квалитет и вкус, и како такви не бараат посебна презентација, сепак би сакале да ни дозволите накратко да ве запознаеме со нивното ребрендирање. Она со што би сакале да ги запознаеме нашите потрошувачи е дека со ребрендирањето, сите вафли се водат под брендот „ЈАДРАН“ , кој засега вклучува два вкуса, односно „Јадран“ со лешници и „Јадран“ со млеко и какао. Овие производи потрошувачите веќе може да ги најдат во сите маркети низ Македонија. Искрено се надеваме дека ќе ви се допадне оваа новина од АД „Европа“, бидејќи ние не застануваме тука и наскоро ќе ве запознаеме со уште многу ребрендирани и нови производи. Откријте ја тајната на слаткиот вкус... Секогаш ваша, АД „Европа“

Page 24: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 08 март 2012, Бр. 88

Интервју на Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Здружението на банкарството за „Радио Слободна Европа“

ДРЖАВАТА НЕ ИМ ГИ „ЈАДЕ“ КРЕДИТИТЕ НА ФИРМИТЕ

Парите кои банките ги пласираат во благајнички записи и во државни записи се главно краткорочни пари, кои не би можеле да ги дадат како станбен кредит или да ги дадат на некоја фирма за подолгорочен кредит, вели претседателот на Здружението на банкари, Ѓорѓи Јанчевски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

* Господине Јанчевски, кризата во соседна Грција создава загриженост меѓу граѓаните за можни негативни последици во работењето на дел од банките во Македонија кои имаат грчки капитал. Дали се оправдани ваквите стравувања?

- Во неколку наврати во мои изјави и од другите директори на банки и од гувернерот на Народната банка

беше кажано дека банките со странски капитал, конкретно со грчки капитал, во Македонија работат согласно Законот за банки на Република Македонија и согласно тој закон, нивната изложеност кон еден акционер, во конкретен случај не знам дали е НБГ или Алфа, не може да биде повеќе од 10 отсто од капиталот. Од Законот произлегува дека банките кои имаат странски инвеститори не се многу изложени кај матичните куќи, така што граѓаните можат да бидат сигурни, парите не се надвор, туку парите се во Македонија

и се пласирани во македонските компании и кај граѓаните.

* Дали намалувањето на каматните стапки на кредитните линии е знак дека пазарот во Македонија станува побезбеден? Кои се тие фактори кои придонесоа за ваквото намалување?

- Па, доколку се работи за странски кредитни линии, одлучувачки фактор е нели рејтингот на државата, бидејќи рејтингот го дефинира нели ризикот на државата, рејтингот на банката. Тоа што Македонија во последно време добива ниски кредитни линии, како што беше оваа од Европската инвестициона банка, на некој начин покажува дека Република Македонија, за разлика од другите земји од опкружувањето или на Западен Балкан, е во подобра ситуација, бидејќи државата не е презадолжена, имаме ниска инфлација и имаме стабилна монетарна ситуација веќе подолг период, односно скоро 17 години да кажеме има стабилна финансиска ситуација во Република Македонија. Така што, сите овие фактори на некој начин делуваат на тоа Република Македонија овие странски кредитни линии да ги добива по пониски каматни стапки.

* Што е со домашните банки?

Со домашните пари, во моментот, односно подолг период, банките се доста ликвидни. Цената на капиталот обично на домашниот пазар е дефинирана од понудата и побарувачката и од конкуренцијата, што значи ако има поголема понуда, каматните стапки ќе паѓаат. И конкуренцијата и борбата за што поголем пазарен удел на некој начин влијае и на тоа каматните стапки да паѓаат, што е некој тренд веќе втора година, особено откако паднаа цените на благајничките записи на пониско ниво. На некој начинин, тие ја дефинираат, да кажеме, и цената на капиталот во Република Македонија, тие се на накој начин и референтна каматна стапка.

* Дел од економистите сметаат дека натпреварот за клиенти меѓу државата со државните записи и Централната банка со своите благајнички записи го намалува колачот и на капиталот на банките кој е достапен за населението. Дали тоа претставува клучен фактор за достапноста на кредитите до населението и за висината на каматните стапки?

- Не, не претставува клучен фактор, бидејќи банките, парите кои ги

пласираат во благајнички записи и во државни записи, тоа се главно краткорочни пари, кои не би можеле нели да ги дадат како станбен кредит или да ги дадат на некоја фирма за подолгорочен кредит, затоа што согласно одлуките на Народната банка треба да постои избалансираност во поглед на рочноста, односно, поедноставно кажано, во зависност од рочноста на депозитите, толку може да бидат и пласманите. Што значи дека не може краткорочните средства да се пласираат на 10 години, бидејќи тоа носи одредени ризици во работењето на банката затоа што ако клиентот што ги депонирал парите во банката ги побара, а веќе тие се пласирани, банката може да има ликвидносни ризици. Така што, она што банките го пласираат во овие краткорочни хартии од вредност не влијае на тоа банките да не пласираат кај фирмите и кај населението, особено сега кога таа каматна стапка е доста ниска, односно 4 отсто. Досега ни една фирма не добила каматна стапка од 4 отсто, бидејќи пониските каматни стапки од домашни извори се нели околу 6 до 8 или 9 отсто, она што го даваме на фирмите, а кај граѓаните нели она што даваме како станбен кредит, од 6 до 10 отсто. Така што, во секој случај на банките повеќе би им одговарало да прават пласмани кај фирмите и кај граѓаните отколку да ги даваат парите во државни записи или во благајнички записи.

* Од една страна, порано имаше поплаки дека банките се премногу строги со приватниот сектор и не даваат кредити. Банките одговараа дека нема одржливи проекти кои би можеле да се финансираат со кредити затоа што се ризични. Како стои ситуацијата сега?

Добро, таа е вечна тема. Основна улога на банките е да собираат депозити и да даваат кредити. Банкарските принципи се универзални, сите банки даваат по исти принципи. Зависи од деловната политика на одредена банка дали ќе има поконзервативен пристап или пофлексибилен пристап. Поконзервативниот пристап значи подобра заштита за банката во поглед на обезбедување, во поглед на оценката на перформансите на фирмата, во поглед на оценката за проектот. Пофлексибилен простап обично имаат банки кои сакаат да го зголемат пазарниот удел и тие се пофлексибилни и со цената и со овие универзални банкарски принципи. Така што, не би се сложил со тоа дека банките не даваат кредити на фирмите, основна работа на банките е да даваат кредити. На некој начин бројките за минатата година

ПРЕНЕСЕНО

Page 25: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 08 март 2012, Бр. 88

ПРЕНЕСЕНО

кажуваат дека банките, на еден пораст на бруто домашниот производ кој се цени дека би бил некаде до 3,5 отсто, зборуваме уште за оценка на порастот, затоа што Статистика уште нема излезено со официјален податок. Банките пораснаа со 9 отсто во кредитирањето, што значи дека банките не престанале да даваат кредити, но ситуацијата глобална ја гледаме, знаеме што се случува во светот, скоро цел свет е во рецесија, освен неколку земји кои имаат некој пораст на нивните економии. Таа рецесија се одразува и на реалниот сектор,

така што и компаниите се воздржуваат од задолжување и нови кредити. На пример, ако на одредена компанија во Македонија и` се намалуваат нарачките, сигурно дека таа компанија ќе размисли дали да влезе во нови инвестициони зафати или ќе причека некои подобри времиња. Она што сега се случува во светот на некој начин влијае и на работењето на банките и на работењето на фирмите. Кога е рецесија, нормално е сите тие активности да бидат со понамален обем. Сепак, сметам дека

она што банкарскиот сектор го оствари како пораст кај кредитирањето од 9 отсто е значаен и на некој начин докажува дека банките не престанале да кредитираат и се` уште не сме толку рестриктивни како што може да се сретне во медиумите.

* Ако кризата во еврозоната се прелее во реалниот сектор во Република Македонија, дали може да се очекува намалување на кредитирањето?

- Тоа се надоврзува на она што го кажав претходно, кризата е веќе во реалниот сектор, кризата е во еврозоната како еден од најзначајните наши партнери, ќе има влијание и на реалниот сектор, тоа значи дека реалниот сектор ќе има помал обем на работење, ќе се воздржува од нови инвестиции и ќе се воздржува од задолжување бидејќи не ќе може тие

задолжувања да ги покрие во иднина ако има намален обем на работа.

* Во моментов актуелна е кампањата „Купи куќа, купи стан“. Како го проценувате ризикот од така наречени токсични кредити имајќи ја предвид инфлацијата, куповната моќ на населението?

- По мене тоа е добра кампања, бидејќи на одредена категорија на млади

луѓе им овозможува да дојдат до станови по најевтини каматни стапки. Факт е дека трендот на лоши пласмани благо се зголемува иако е, би рекол, се` уште во границите на дозволеното. Конкретно, банкарскиот сектор минатата година имаше околу 9,8 проценти НПЛ-ови, односно Non Performing Loans. Од тоа кај фирмите беше 11,1 процент, кај населението беше 7,7; во Тутунска банка ненаплатените долгови беа 7,8%, нефункционалните кредити беа 7,8 вкупно, кај фирмите беше 9,9; кај населението 4,7%. Што значи дека овие бројки укажуваат на тоа дека се`уште износот на нефункционални кредити не е толку висок за да влијае на кредитирањето на населелнието. Повеќе е прашање дали населението има уште кредитна способност да се задолжи, или што би значаело за населенето во улови на рецесија кога луѓето би ја изгубиле работата, а со тоа и кредитната способност и тоа претставува соодветен ризик за нив, така што мислам дека нема да се одрази на оваа кампања затоа што таа зафаќа еден сегмент на населението кое досега не ги исполнувало уловите за кредитирање или ја немало таа кредитна способност согласно условите на банките. Сега нели со помош на државата со двата модела на некој начин на тие луѓе им се овозможува да дојдат до кредитна способност согласно банкарските принципи и да дојдат до поеВтини станови.

* Податоците во Македонија покажуваа дека повеќе се штеди, барем како што јавуваат медиумите. Зошто е тоа така, посебно ако се има предвид инфлацијата што значи поголемо трошење и по таа логика би се очекувало подјадување на заштедите наместо нивно зголемување?

- Традиционално, Македонците се народ кој штеди, конкретно порастот на штедењето кај населението минатата година беше 9 проценти. На некој начин Македонија беше меѓу тие земји на Блаканот покрај Турција кои бележеа позитивен раст, што значи дека иако се плашевме од 2011 година, таа испадна добра за Македонија затоа што првите два квартала имаше пораст преку 5 отсто, третиот беше три и нешто, што значи дека се` уште штом имаме пораст на БДП, тоа е сигнал дека нас не не` удри толку кризата. Тоа го кажуваат овие бројки во банкарскиот сектор. Ако го немаме оној динамичен раст кога банкарскиот сектор растеше и по 30 и нешто отсто, сега се сведе на 9 отсто, на некој начин укажува дека се` уште има резерви кај луѓето и веројатно она што викаме оние пари што се под перници и тие се појавуваат од време на време.

Page 26: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 08 март 2012, Бр. 88

НОВО ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Објавено ново електронско издание ,,Сертификати за потекло - Certificates of origin’’

Европскиот информативен и иновативен центар и Стопанската комора на Македонија Ви нудат уште едно бесплатно и корисно електронско издание за меѓународните трговски документи ,,Сертификати за потекло - Certificates of origin’’

Брошурата се наоѓа на интернет страната на Enterprise Europe Network – Стопанска комора на Македонија http://www.mchamber.mk/default.aspx?lId=1&mId=40

Сертификатите за потекло се меѓународни трговски документи што се користат за да се одреди потеклото на стоките за службени, комерцијални и финансиски потреби. Секоја земја во светот го зема предвид потеклото на увезените стоки кога треба да се одреди какви права и обврски произлегуваат од стоките или, во некои случаи, дали воопшто може легално да се увезат тие стоки. Сертификатите за потекло потврдуваат дека стоките во одредена пратка се целосно добиени, произведени, изработени и преработени во одредена земја, односно земја на потекло.

Стопанската комора на Македонија има повеќедецениско искуство во издавањето на сите сертификати за потекло. Покрај другите меѓународни трговски докумeнти, Стопанската комора на Македонија сега ги издава комерцијалниот непреференцијален сертификат за потекло Certificate of origin и преференцијалниот сертификат за потекло FORM A.

Лазо Ангелевски, EEN Project officer

Page 27: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 08 март 2012, Бр. 88

Африканска сторија за нафтата и одлевањето на капиталотБОГАТИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СИРОМАШНИ ДРЖАВИ

Приказните за африканските претседатели кои префрлуваат куфери со кеш да за финансираат политички кампањи во странство во замена за политичка подршка, неодамна ги преплавија насловните страни и предизвикаа правни дискусии за незаконската акумулација на богатство. На 18 февруари, Франс 24 извести дека француската полиција го претресла апартманот на Теодоро Обианг Нгуема, претседателот на Екваторијална Гвинеја, чир семејство акумулирало огромно богатство со продавање на нафтата од неговата земја. Во 2011 година, Глобал витнес извести дека неговиот „конте“ син Теодорин Обианг, капарисал супер јахта со преубава цена од 380 милиони долари, што е три пати повеќе од буџетот на неговата земја за образование и здравје. Францускиот систем на правдата спроведува истрага и за нелегалните богатства на Али Бонго

од Габон и за Денис Сасу Нгуесо од Република Конго. Иако звучат драматично, овие стории сепак ја одразуваат длабоко всадената трагедија на африканските држави богати со ресурси. Екваторијална Гвинеја, Габон и Република Конго се меѓу најбогатите држави на континентот, со приходи по глава на жител од 8649 долари (на второ место), 4178 долари (на петто) и 1253 долари (на 15 место). Тие имаат огромни резерви на нафта, со кои Габон е на девето место, Конго на 10-то и Екваторијална Гвинеја на 11-то место на континентот. Истовремено, додека овие претседатели градат финансиски и империи во недвижности на запад, голем број луѓе во овие земји живеет во страшна сиромаштија и недостиг на основни социјални услоги, како вода за пиење, основно образование и здравствена грижа. И покрај големите приходи на Екваторијална Гвинеја од нафтата, децата родени таму имаат малку шанси да доживеат 5-годишна возраст, што е под просечното дете од субсахарска Африка. Габон и Екваторијална Гвинеја се на второ и трето место во имунизацијата против

сипаници, со 55%, односно 51 процент во моментов. Клучната причина за оваа страшна ситуација е неадекватното финансирање на јавните усуги. Габон троши три пати повеќе на сервисирање на надворешниот долг, отколку на јавното здравство (9 проценти наспроти 3 отсто). Конго троши скоро исто на јавното здравство (1,5 проценти) и на отплаќање на долгот (1,2 отсто). Глобал витнес извести дека со едномесечната потрошувачка на Денис Кристел Сасу Нгесо, синот на претседателот на Конго, може да се плати вакцинација против сипаници за 80,000 деца во земјата. Прашањето е зошто политичарите од овие земји се толку богати, додека нивните народи толку сиромашни? Една важна причина е дека приходите од природните ресурси се разграбувани од политичарите и нивните приватни партнери за да ги акумулираат личните богатства. Во Големите долгови на Африка, проценивме дека Република Конго и Габон изгубиле околу 24 милијарди и 18 милијарди долари секоја од нив, преку одлевање на капиталот во изминатите четири децении. Како додаток на разграбувањето на извозот на природните ресурси, овој одлив на капитал се финансира со надворешни позајмици кои елитите ги извлекуваат преку „револвинг врати“. Висината на извлечениот капитал од овие две земји ја надмина висината на нивниот надворешен долг од 21 милијарди долари, односно 19 милијарди долари, што ги направи „кредиторски“ земји во остатокот од светот. Вкупно во субсахарска Африка во изминатите четири децении се извлечени преку 700 милијарди долари, дури и кога повеќето од овие земји се соочуваат со огромни финансиски јазови и со тврдоглаво висока стапка на сиромаштија. Како во Екваторијална Гввнеја, во Конго и во Габон, и другите земји богати со нафта, како што се Ангола, Нигерија, Брегот на слоновата коска и во Демократска Република Конго, исто така се на врвот на скалата на одлив на капитал, а Нигерија ја предводи оваа група со 296 милијарди долари за периодот 1970-2008 година. Трагичната кохабитација на одлевање на капиталот и сиромаштијата во африканските земји богати со нафта, е резултат на дивото менаџирање на природните ресурси и надворешните позајмици од страна на африканските влади од една страна, и глобалниот банкарски систем предводен од перверзни камати, но и од првенството од едностраните стратешки интереси на дел од запдните влади од друга страна. Корумпираните африкански лидери акумулираат богатства, а африканските народи се заглибуваат

во долгови и беспомошно гледаат како нивните природни ресурси се истенчуваат без ималку доказ од нивна корист. Од друга страна, западните банкари и влади зажмируваат на крадењето на африканските ресурси и на незаконската акумулација на богатства од страна на елитите од континентот. Именувањето и покажувањето со прст кон мозоците на африканската корупција и нивните западни партнери е чекор во вистинска насока кон справувањето со крадците на африканскот богатство, и на стопирање на одлевањето на капиталот. Но потребни се посистематски стратегии за да се сопре огромната стапка од овој проблем. Клучен дел од овие стратегии е да се спроведе транспарентност во експлоатацијата на природните реурси, како и во управувањето со надворешниот долг.

Во овој контекст, африканските народи треба да преземат систематка контрола врз јавните долгови, учејќи од другите земји како што е Еквадор, која успешно го спроведе овој процес. Компетента и транспарентна имплементација на контролата врз долговите, ќе воспостави објективна основа за унилатералнп селективно справување со незаконските долгови, првенствено врз основа на домашни агенции и според британскиот и американскиот правен закон. Каао додаток на овие напори од страна на јавноста, западните влади треба да ја засилат транспарентноста во банкарскиот систем. И уште повеќе, потребите за транспарентност и пресметливост треба да се прошират и во трговујата со природните ресурси, но и во скапите луксузни добра, посебно кога таму се инволвирани политички истакнати личности. Недостатокот од јасни закони им овозможува на приватните компании да ја заштитат доверливоста на нивнте муштерии, вклучувајќи ги тука и корумпираните лидери од сиромашните земји. Зголемената транспарентност

СТРАНСКИ ПЕЧАТ

Page 28: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО28 четврток, 08 март 2012, Бр. 88

и пресметливост во меѓународните транскации, нема само да помогнат да се спречи одлевањето на капиталот и разграбувањето на африканското богатство од нивните елити, туку исто така ќе помогне и да се изградат и глобални финансиски и трговски системи кои ќе бидат поотпорни на кризи и во корист на сите.

(Труаут – Вашингтон)

Хрватските стопанственици се плашат од влезот во ЕУПРОИЗВОДСТВОТО СЕ СЕЛИ ВО СОСЕДСТВОТО!?

Хрватските стопанственици се плашат од влезот во ЕУ, бидејќи условите за работа ќе бидат потешки, а трошоците поголеми. Многумина се закануваат дека ќе го преселат своето производство во земјите во соседството

Влезот на Хрватска во Европската унија може „дебело“ да го чини нејзиното стопанство. Со оглед на тоа дека производите на хрватските компании не се познати во Европа, тамошните стопанственици дури се заканија дека ќе го преселат производството во соседството ако Владата не им обезбеди услови, да бидат конкурентни и на пазарот во ЕУ. Кога Хрватска ќе влезе во ЕУ, извозот во земјите-членки на ЦЕФТА договорот ќе биде значително поскап. Извозот во Србија ќе чини три пати повеќе, а во Македонија двојно повеќе, За Босна и Херцеговина моментно Хрватите имаат нулта царина, а со влезот во ЕУ тој трошок ќе биде 15 отсто, што ќе биде нов трошок од 10 милиони евра. - Со излез од членството на ЦЕФТА стопанството во Хрватска значително ќе биде загрозено, а тоа стопанствениците ќе ги принуди да ги затворат своите фабрики, да отпуштат работници и да се преселат во соседните земји, пишува во иницијативата на големите хрватски компании до Владата и ресорните министерства на оваа земја. Меѓу потписниците на оваа иницијатива се најголемите хрватски компании, како „Краш“, „Агрокор“, „Адрис“, „Подравка“, „Франк“, „Звечево“, „Виндија“, „Дукат“, „Гавриловиќ“... Производите на овие компании се веќе присутни на

српскиот пазар, но тука само мал број го покренаа производството. - Со излегувањето од ЦЕФТА царинските стапки на цигарите произведени во Хрватска кои се извезуваат во Србија ќе бидат зголемени од 15 на 57 отсто, вели Предраг Грубиќ од „Адрис група“. – Условите за работа ќе ни бидат многу потешки и ние во таа смисла ги обавестивме надлежните во Хрватска. Кондиторската индустрија на оваа земја предупреди дека со влезот во ЕУ извозот може да падне дури за 30 отсто. Со царина од 15 до 18 отсто на увозот од ЕУ, Хрватска увезуваше околу 54.000 тони слатки производи. Увозот веќе од 1 јули 2013 година, кога земјата ќе стане дел од европското семејство, може да порасне и за 15.000 тони. Во соседните земји оваа хрватска индустрија извезува годишни околу 30.000 тони слатки производи со ниски царини или без нив. Дури една третина од хрватскиот извоз на земјоделски и прехранбени производи оди во Босна и Херцеговина. Затоа хрватските бизнисмени сметаат дека оваа индустрија ќе биде најтешко погодена со влезот во ЕУ. (Вечерње новости – Белград)

Израел е светски лидер во науката, технологијата и економскиот развојНАЈГОЛЕМА СИЛА СЕ ЛУЃЕТО

Државата Израел постои 64 години (формирана во 1948) и актуелно брои околу 7.6 милиони жители. Се наоѓа на Блискиот Исток, во подрачје оптоварано со конфликти. Две третини од територијата е пустинско земјиште. Израел речиси и не располага со позначајни природни ресурси.

Па сепак, оваа земја, релативно мала и по население и по територија, е светски лидер во науката, технологијата и економскиот развој. Најголемата сила на Израел се луѓето, нивниот претприемачки дух и визијата дека научно-технолошките откритија се основен двигател на економскиот развој на земјата. Израелската Влада, со децении наназад, создава услови за поттикнување на претприемачкиот дух, развој на инвентивноста и апликативни научни истражувања. Како резултат на таквите политики, помеѓу останатото, Израел има најголем број компании, надвор од САД, кои се рангирани на берзата NASDAQ – повеќе од цела Европа и Азија заедно. Научни истражувања и иновативност Израел е на четврто место во светот во научната активност, сметано по бројот на научни трудови објавени по глава на жител во светски релевантни научни списанија. Кажано со други зборови, Израел има десет пати повеќе учество во вкупниот број публикувани научни трудови, отколку што е учеството на израелската популација во вкупната светска популација. Еден отсто од сите научни трудови во светот се објавени од израелски научници, што е извонреден резултат и ја илустрира силата на една релативно мала земја во меѓународната научна размена.

Во речиси сите научни области, посебно во природните и апликативни науки, кои се двигател на економскиот развој, израелските универзитети се рангирани меѓу 100-те најдобри во светот. Израел е на трето место во светот по бројот на високо образовани лица, по глава на жител. Истовремено, Израел брои 135 научници на 10.000 жители, што е најголем процент во светски рамки. Земја од 7.6 милиони жители има дадено четворица Нобеловци во природни науки. Иако е град од само половина милион жители, Тел Авив е еден од десетте технолошки највлијателни градови во светот, а реонот меѓу Тел Авив и Хаифа, каде што доминираат голем број компании од компјутерскиот бизнис и високата технологија, се нарекува израелска

СТРАНСКИ ПЕЧАТ

Page 29: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 29четврток, 08 март 2012, Бр. 88

Силиконска долина. Исто така, по САД, Израел е земја со најголема концентрација на компании од доменот на восоката технологија во светски рамки. Сите најголеми светски компании од доменот на високата технологија – почнувајќи од Микрософт и Интел - имаат свои истражувачки центри во Израел, токму како резултат на исклучителната израелска компетитивност на пазарот на работна сила во доменот на иновациите. Во одредени области, како десалинизацијата на водата и користењето на соларната енергија, Израел се смета за лидер во светски рамки. Израел, во однос на големината на своето население, има патентирано несразмерно голем број иновации кои се двигатели на економскиот развој, во земјоделието (системот за наводнување „капка по капка“), информатичката технологија, производство на обновлива енергија, медицина, фармација и сл. Во Израел се формирани повеќе од 3.850 компании во компјутерскиот бизнис, што ја рангира земјата на второ место, веднаш зад САД. Вклучување на научно технолошкиот развој и иновациите во економскиот развој Најзначајната димензија на израелскиот научно технолошки развој е во комбинацијата на иновациите и претприемништвото. На тој начин, науката и технологијата се директно во служба на економскиот развој на земјата. Стурт уп компаниите отвараат работни места и овозможуваат одржлив економски раст. Израел е на четврто место во светот по бројот на комерцијализирани

патенти по глава на жител. Практичното остварување на поврзувањето на иновациите со претприемништвото, се остваруваат преку технолошките инкубатори каде што на старт ап компаниите им се овозможуваат соодветни услови за истражување. Употребата на иновациите е присутна во сите сегменти на економската активост и е основен двигател на вкупниот развој на Израел. Една третина од вкупниот извоз на Израел отпаѓа на производи и услуги од висока технологија. Во земјоделството и водостопанството, употреба на системот „капка по капка“ во наводнувањето заштедува огромно количество вода, што за земја сиромашна со водно богатство е од посебно значење. Израелските патенти се користат за максимално редуцирање на истекување (загуба) на вода од водоводните цевки во големите урбани центри. Исто така, користењето технолошки иновации овозможува развој на исклучително високо развиено земјоделство и производство на храна, според највисоки стандарди. Употребата на компјутерска технологија во стаклениците овозможува интегрален систем на производство, при што се обезбедува за четири до пет пати повисок принос по хектар отколку што е тоа случај со производството на отворен простор. Високата технологија се користи и во зголемувањето на производството на млеко и млечни производи. Оттука, Израел, како земја која нема ниту доволно обработлива земја ниту доволно голем

сточен фонд, е во состојба целосно да ги задоволува своите потреби за храна и да остварува забележителни приходи од извоз на прехрамбени производи. Иновациите во комбинација со претпремништвото во Израел овозможуваат сметот од индустријата и од домаќинството, преку преработка, да биде ставен во функција како био-маса. Израелците се светски лидери по користење колектори за домаќинствата, со што се остварува заштеда на енергија, а притоа се користи чиста енергија од обновливи извори. Економското влијание на иновациите се согледува и преку големиот прилив на директни странски инвестиции во Израел кои се привлечени од сознанието дека можат да сметаат на високо развиена иновативна и претприемничка култура која позитивно влијае врз остварување на успешни деловни резултати. Израел, како релативно мала земја, и по територија и по население, покажува дека инвестирањето во образованието, науката и технологијата, како и поттикнувањето на иновативноста и претприемништвото, можат да изградат силен и одржлив економски раст. Клучот на успехот е во поттикнување на истражувачки проекти кои имаат апликативен карактер, односно пазарна вредност. Треба да се има предвид дека се работи сепак за долгорочен процес во кој учествуваат државата преку владини средства за поттикнување, научно-образовните институции и приватниот сектор.

СТРАНСКИ ПЕЧАТ

Page 30: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО30 четврток, 08 март 2012, Бр. 88

Назив на Проектот

Испорака на печатени материјали за мисијата на ОБСЕ во Црна Гора

Референца OSCEZ74324

Финансиска референца

MON/02/2012

Вид на набавка Услуги

Финансиер ОБСЕ

Земја Црна Гора

Објавено на 29.02.2012 година

Краен рок за апликација

26 .3. 2012 година

Сектори Комуникации, односи со јавноста

Опис на Проектот

ОБСЕ бара висок квалитет на печатени материјали (блокчиња, папки, пенкала, визит карти/

Контакти h�p://www.osce.org/montenegro

Назив на Проектот

MK-Скопје: Нафта за греење

Референца ECZ74391-земји кандидати

Финансиска референца

2012/S 41-067233

Вид на набавка Испорака

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 29.02.2012 година

Краен рок за апликација

27 .3. 2012 година

Сектори Енергетика

Опис на Проектот

1 400 000 литри нафта за греење

КонтактМинистерство за внатрешни работи на Македонија Ул Димче Мирчев бб За Ѓоко Поповски1000 Скопје Република МакедонијаTelephone: +389 23143304 +389 23143304 E-mail: [email protected]: +389 23142342 h�p://www.moi.gov.mk

Назив на Проектот

MK-Скопје:дизел гориво (EN 590

Референца ECZ74392-земји кандидати

Финансиска референца

2012/S 41-067232

Вид на набавка Испорака

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 29.02.2012 година

Краен рок за апликација

29.3. 2012 година

Сектори Енергетика

Опис на Проектот

Евродизелl D-E V..............1 400 000 литри.

КонтактМинистерство за внатрешни работи на Македонија Ул Димче Мирчев бб За Ѓоко Поповски1000 Скопје Република МакедонијаTelephone: +389 23143304 +389 23143304 E-mail: [email protected]: +389 23142342 h�p://www.moi.gov.mk

Назив на Проектот

ИФЦ - советник на Банката - услуги на Среден Исток и Северна Африка

Референца WB1218-817/12

Финансиска референца

TF094634 - A2F

Вид на набавка Услуги

Финансиер Светска банка

ЗемјаAfghanistan, Albania, Algeria, Angola, An�guaand Barbuda, Argen�na, Armenia, Azerbaijan,Bahamas, Bahrain, Bangladesh, Barbados, Belarus, Belize, Benin, Bhutan, Bolivia, Bosnia and Herzegovina, Botswana, Brazil, Bulgaria, Burkina Faso, Burundi, Cambodia, Cameroon, Cape Verde, Central African Republic, Chad, Chile, China, Colombia, Comoros, Congo (Brazaville), Congo, Democra�c Republic of the, Cook Islands, CostaRica, Croa�a, Cyprus, Czech Republic, Djibou�,Dominica, Dominican Republic, East Timor, Ecua-dor, Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea, Eritrea, Estonia, Ethiopia, Fiji, Gabon, Gambia, The, Georgia, Ghana, Grenada, Guatemala, Guinea, Guinea-Bissau, Guyana, Hai�, Honduras, Hungary,India, Indonesia, Iran Islamic Republic, Ivory Coast, Jamaica, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Kiri-ba�, Korea, North, Korea, South, Kosovo, Kuwait,Kyrgyz Republic, Laos, Latvia, Lebanon, Lesotho, Liberia, Libya, Lithuania, Macedonia, Madagascar, Malawi, Malaysia, Maldives, Marshall Islands, Mauritania, Mauri�us, Mexico, Micronesia, Fed-erated States of, Moldova, Mongolia, Morocco, Mozambique, Myanmar, Namibia, Nepal, Nicara-gua, Oman, Pakistan, Palau, Panama, Papua New Guinea, Paraguay, Peru, Philippines, Poland, Qa-tar, Romania, Russian Federa�on, Rwanda, SaintKi�s and Nevis, Saint Lucia, Saint Vincent and theGrenadines, Samoa, Sao Tome and Principe, Saudi Arabia, Senegal, Serbia and Montenegro, Sey-chelles, Sierra Leone, Slovakia, Slovenia, Solomon Islands, Somalia, South Africa, Sri Lanka, Sudan, Suriname, Swaziland, Syria, Tajikistan, Tanzania, Thailand, Togo, Tonga, Trinidad and Tobago, Tunisia, Turkey, Turkmenistan, Uganda, Ukraine, United Arab Emirates, Uruguay, Uzbekistan, Van-uatu, Venezuela, Vietnam, West Bank and Gaza, Yemen, Republic of , Zambia, Zimbabwe

Објавено на 02.3.2012 година

Краен рок за апликација

22.3.2012 година

Сектори Информатичка технологија Економски развој Финансии - банкарство

Опис на Проектот

Консултантски услуги за Банката во делот на мали и средни претпријатија

Контактh�ps://wbgeconsult2.worldbank.org/wbgec/in-dex.html

Назив на Проектот

MK-Скопје: ИПА - испорака на вакцини против беснило Дополнување

Референца EuropeAid/132272/D/SUP/MK

Финансиска референца

Вид на набавка Испорака

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 3.3.2012 година

Краен рок за апликација

4.5. 2012 година

Сектори Земјоделство - рурален развој

Опис на Проектот

Испорака на вакцини против беснило на диви животни

КонтактСектор за централно финансирање и договарање Министерство за финансии Ул. Мито Х. Јасмин бб 1000 Скопје Република Македонија. Fax +389 23231219. E-mail: [email protected] Internet: h�ps://cfcd.finance.gov.mk

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

www.mchamber.mk

Контакт М-р Ацо Спасовски

тел. 3244044факс.3244088

[email protected]

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 31: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 31четврток, 08 март 2012, Бр. 88

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 12 март 2012 година, во Стопанската комора на Македонија

еднодневен семинар„БИЗНИС ПЛАН: ИТАР ПЕЈО VIS-À-VIS

ПАЗАРНАТА ЕКОНОМИЈА!“(12 март 2012 година, 8:30-14:30 часот)Стопанска комора на Македонија, сала

3 на 3-ти кат

Дали на мојата компанија и` е потребен бизнис-план? Дали и итроштината може да се стави на парче хартија? Дали во Македонија е потребно да се користат ресурси за изработка на бизнис-план, особено кога се знае дека станува збор за мал пазар каде секој со секого се знае? Дали бизнис-планот е корисна алатка само за големите корпорации?

Одговорот на овие и уште неколку клучни прашања е клучот за успех на Вашата фирма.

Обуката е наменета за луѓе од бизнисот пред кои стојат предизвиците за управување, професионалци кои имаат мало и недоволно познавање на оваа област. Главната и единствена цел е учесниците да се стекнат со потребните теоретски знаења за оваа проблематика, а преку постојана анализа и решавање на примери со многу позначајните, практични вештини.

Фокусот на обуката е поставен на подготовката на бизнис-планови, нивното „правилно“ читање и оживотворување во практиката - области без кои не може да се замисли работата на една компанија. Предавач: проф. д-р Панче Јовановски, редовен професор. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 9 март 2012 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Контакт: Анита МитревскаТел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Елизабета Андриевска-ЕфтимоваТел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: be�@mchamber.mk

12 март 2012 година, во Стопанската комора на Македонија

БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА САЕМСКИТЕ МАНИФЕСТАЦИИ

НА НОВОСАДСКИОТ САЕМ(12.3.2012 година, 13:00 часот,

Стопанска комора на Македонија,сала 1 на 5-ти кат)

Промоција на Меѓународниот саем за земјоделство и саемите: „Lorist”, Туризам, и „HorseVille” со повластени услови за учество на македонските компании на Новосадскиот саем. Со цел поблиско запознавање со овогодинешните саемски манифестации на, Новосадскиот саем, од страна на претставници на водечката саемска куќа

во Србија, на 12 март 2012 година, во 13:00 часот, во Стопанската комора на Македонија ќе се одржи бесплатна саемска презентација пред заинтересираните македонски компании. Главен акцент на презентацијата ќе биде ставен на 79-то издание на Меѓународниот саем за земјоделие, што ќе се одржи од 12 до 18 мај 2012 година. Оваа саемска манифестација прерасна во најголем регионален саем и најважен агробизнис настан во Југоистона Eвропа со најголема и најдолга традиција. Како што се очекува, оваа година ќе настапат над 1.500 излагачи од преку 60 земји и тоа најзначајните компании од агроиндустријата, земјоделското производство, агромеханизацијата, сточарството, прехранбената индустрија и останатите пратечки сектори. Целта на презентацијата е заинтересираните македонски компании да се запознаат со условите, можностите и бенефитите од настап на Меѓународниот саем за земјоделие, како и за воспоставување нови деловни контакти и афирмација на меѓународниот пазар. Во таа прилика ќе бидат

претставени и предностите на меѓународните саеми за лов, риболов и спорт „Лорист” , Саемот за туризам и Саемот за коњи “HorseVille”. Според изразениот интерес, предвидени се билатерални разговори на компаниите со менаџментот на Новосадскиот саем. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да присуствуваат на бесплатната презентацијата, што ќе се одржи на 12 март 2012 година во Стопанската комора на Македонија, со почеток во 13:00 часот, сала 1 на 5-ти кат.

Контакт: Влатко СтојановскиТел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Ирена МојсовскаТел: 3244009Факс:3244088E-адреса: [email protected]

Семинар на 13 март 2012 година“СТЕКНУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА

СОПСТВЕНОСТ И ДРУГИТЕ СТВАРНИ ПРАВА СО ЗАПИШУВАЊЕ ВО КАТАСТЕРОТ

НА НЕДВИЖНОСТИТЕТ КАКО ЈАВНА КНИГА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА

НЕДВИЖНОСТИТЕ”(10:00 – 16:00 часот, сала 3 на 3-ти кат,

Стопанска комора на Македонија)

Со цел да им излеземе во пресрет на барањата на компаниите кои имаат бројни прашања околу примената на законските решенија кои се однесуваат на прометот со градежно земјиште и објекти, како и правото на користење, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: ”Стекнување на правото на сопственост и другите стварни права со запишување во катастерот на недвижноститет како јавна книга за запишување на правата на недвижностите “. Предавачи: Неша Петрушевска, стручен советник на директорот за нормативно и правни работи и Христина Бошнаковска, раководител на секторт за катастарски операт при Агенцијата за катастар на недвижности. Програма на семинарот: * Запишување во катастарот на недвижностите – права, правни основи за запишување, услови за запишување , видови на запишувања (укнижување, предбележување и прибележување); * Начини на востановување на катастарот на недвижноститите:

Page 32: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО32 четврток, 08 март 2012, Бр. 88

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

- сиситематско запишување; -поединечно запишување; - Запишување на недвижности со незапишани права и конверзија на податоците од катастар на земјиште во катастар на недвижности. * Спроведување промени и исправка на грешки во одржување на востановениот катасар на недвижности; * Премер на недвижности – јавно овластување пренесено во приватниот геодетски сектор; * Агенција за катастар на недвижности - надлежност и организациона поставеност според Законот за катастар на недвижности.

Сите заинтересирани учесници на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 9 март 2012 година.Цената за еден учесник изнесува 5.310 денари (4500+ДДВ) за компании членки на Стопанската комора на Македонија и 7.080 (6000 + ДДВ) за компании кои не се членки на Комората.Сите учесници ќе добијат соодветен работен материјал и на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество на истата.Контакт: Елизабета Андриевска-ЕфтимоваТел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: be�@mchamber.mk

Контакт: Анита МитревскаТел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Презентација на 14 март 2012 година, во Стопанската комора на Македонија„БИЗНИС СО НАМСА, ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

– ТЕНДЕРИ”НАМСА - АГЕНЦИЈА НА НАТО ЗА СНАБДУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ

(14 март 2012 година, во 10:00 часот, Стопанска комора на Македонија)

Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и Мисијата на Република Македонија при НАТО, ве

покануваат на презентација на тема: „Бизнис со НАМСА за јавни набавки – тендери“. Презентацијата ќе се одржи на 14 март 2012 година, со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија. Целта на презентацијата е да се запознаат македонските компании со условите на НАМСА, за тоа како да учествуваат на тендерите за јавни набавки што ги објавува НАМСА. Презентацијата претставува можност за македонските компании да воспостават деловна соработка со НАМСА - Агенцијата на НАТО за снабдување и одржување. За успешна реализација на презентацијата, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка.

Контакт: Ирена МојсовскаТел: 3244009Факс:3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Влатко СтојановскиТел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Од 16 до 19 март 2012 годин Меѓународен саем во Република

Албанија“HORECA ALBANIA EXPO 2012”

(ХОтели, РЕсторани, КЕтеринг)

Стопанската комора на Македонија, организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд со организиран превоз и сместување. Во организација на грчкиот саемски промотор „Експолајн“, за првпат во Албанија ќе се одржи специјализираната саемска манифестација „ХОРЕКА Албанија Експо 2012“. Хорека-секторот, кој го опфаќа прехранбениот и услужните сектори (хотели, ресторани, кетеринг) ќе биде претставен на овој специјализиран саем во Албанија како земја со динамичен

развој и посебно со растечки тренд во оваа специјализирана стопанска гранка. На овој Меѓународен саем се очекува да се претстават излагачи од Албанија, но и од земјите од регионот во следниве профилирани сектори: прехранбена индустрија со сите потсектори, професионална опрема за угостителство, прибор за готвење и додатоци, машини за перење и миење садови, специјализиран внатрешен и надворешен декор, текстил за домаќинство, теписи, ѕидни облоги, козметика, бањи, опрема за климатизација (ладење, греење), соларни системи, третман на вода, опрема за базени, врати и прозорци, архитектонски решенија, информацискии и комуникациски системи, хотелска и ресторанска компјутеризација, безбедносни системи, опрема за спорт и рекреација и др.

Саемот е од отворен карактер на кој се очекуваат професионални посетители и тоа: хотели, спа-центри, кафе-барови, ресторани и брза храна, пекарници, пабови и ноќни клубови, болници, големи трговски синџири, дизајнери, архитекти итн. Стопанската комора на Македонија, организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд со организиран превоз и сместување од 15 до 20 март 2012 година. Цената за изложбениот простор со стандардна опрема е 126 евра/м2 (плус ДДВ) . Трошоците за превоз и сместување се на товар на учесникот.

Контакт: Венера АндриевскаТел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Влатко СтојановскиТел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Page 33: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 33четврток, 08 март 2012, Бр. 88

Од 14 до 16 март 2012 година во Истанбул, Турција

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА КЕРАМИКА, БАЊИ, КУЈНИ “UNICERA 2012”

* Организирана посета на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско

сместување.

Во периодот од 14 до 18 март 2012 година, во Истанбул, Република Турција ќе се одржи 24. Меѓународен саем за керамика, бањи и кујни “UNICERA 2012”. Истовремено ќе се одржат неколку саемски манифестации и тоа: Меѓународен саем за осветлување, мебел и декорација -DEKOREKS и Меѓународен саем за кујни, бањи, мебел и вградени апарати - KITCHEN WORLD. Станува збор за еден од најголемите меѓународни саеми од областа на опрема за бањи, керамика и кујнски сетови, на кои свое учество ќе земат реномирани компании од поголем број земји.

На овогодинешното издание на “UNICERA” ќе бидат претставени најновите модели и иновации на: керамика, мермер, гранит, мозаик, санитарни производи, бањи, џакузи, туш-кабини, керамички хемикалии, лепила, вградени плакари, лустери, светла, рефлектори, подни светилки, декоративно осветлување, индустриско осветлување, декоративен мебел, спални соби, детски соби, трапезарии, канцеларии,маси, столчиња, клупи, мебел за градини, огледала, слики, рамки, камини, антиквитети, декоративно стакло, керамика, порцелан, метал, завеси, ролетни, декоративни предмети, декоративни зидови, тапети, гипсани калапи, паркет, теписи , украсни подни облоги, аудио визуелни системи, системи за безбедност, генератори,фитнес опрема, декоративни скали, прекривки, декоративни сепаратори, панели, зимски градини, базени, сауни, архитектура и декорација, услуги, внатрешна архитектура, дизајн компании и компании

за уредување. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „АДОНИС ГРУП“ организира посета со групен автобуски превоз на македонски компании на саемската манифестација од 14-16 март 2012 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, влезница за саемот, трансфер од хотел до саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци за саемскиот организатор „Адонис“ во износ од 125 евра по лице, со автобус (доколку е со сопствен превоз 45 евра административни трошоци), како и организационите трошоци кон Комората. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија.

Контакт: Влатко СтојановскиТел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Ирена МојсовскаТел: 3244009Факс:3244088E-адреса: [email protected]

Од 22 до 24 март 2012 година, советување во Берово

„ЦАРИНСКО ВРЕДНУВАЊЕ НА СТОКИ, КОНТРОЛА НА ВРЕДНОСТА И ПРАВИЛА ЗА

ПОТЕКЛОНА СТОКИТЕ И УТВРДУВАЊЕ НА

ПОТЕКЛОТО НА СТОКИТЕ“(Хотел „Аурора и Спа“ 5* - Берово)

Царинската вредност и прашањата поврзани со царинската вредност на стоките се многу важни области во развојот на меѓународната трговија. Договорот на Светската трговска организација и на ГАТТ за царинска вредност се единствен меѓународен систем за вреднување на стоките, што мора да биде постојано и униформно применуван од страна на сите царински управи. Потеклото на стоките претставува „економска“ националност на стоките во меѓународната трговија. Постојат два вида на потекло на стоки, непреференцијално и преференцијално потекло на стоките. Преференцијалното потекло на стоките обезбедува низа погодности за стоките што се предмет на меѓународна трговија, пред се` увоз со намалена стапка на царина или пак увоз без плаќање на царински давачки.

Цели: • да се објасни содржината и основните правила на ГАТТ договорот; • да се прошири познавањето на Договорот и да се продлабочи разбирањето за примена на Договорот, особено различните методи за утврдување на царинска вредност; • да се објасни начинот на примена на договорот и да се објаснат практичните примери; • да се објаснат содржината и основните правила за утврдување на потеклото на стоките и содржината и принципите на Протоколите за потекло на стоки и да се објаснат практични примери.

Профил на учесници: Семинарот е наменет за увозници, извозници, производители и други професионалци што се занимаваат со увоз и/или извоз, царински застапници, шпедитери, транспортери, консултанти и правни советници. Предуслови за максимална корист од оваа обука: • основно познавање на Договорот – ГАТТ за царинска вредност и/или правила за потекло на стоките; • познавање/искуство од меѓународната трговија.

За време на обуката, учесниците: •ќе ги истражуваат областите на различните методи за утврдување на царинската вредност на стоките и ќе ги подобрат вештините за утврдување на царинската вредност на стоката; • ќе ги истражуваат меѓународните услови и паритети за испорака на стоките; • ќе ги истражуваат областите, како што се стекнување на статус со потекло, кумулација на потекло, минимални операции, општо правило за толеранција, забрана за враќање на увозни давачки, принцип на територијалност, директно транспортно правило, доказ за потекло, одобрен извозник; • целосно ќе ги разберат правилата за добивање на статус на преференцијално потекло на стоката; • ќе ги истражуваат помошните алатки за правилно утврдување на

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 34: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО34 четврток, 08 март 2012, Бр. 88

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

царинсканата вредност на стоката и правилата за потекло на стоките. Обуката ќе содржи презентации, интерактивни дискусии и практични студии на случај. Предавач: м-р Златко Ветеровски, Царинска управа на Република Македонија. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 20 март 2012 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Контакт: Анита МитревскаТел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Елизабета Андриевска-ЕфтимоваТел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: be�@mchamber.mk

Од 23 до 25 март 2012 година во Тирана, Албанија

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ И КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ГРАДЕЖНИШТВО

“CONSTRUCTION EXPO 2012”

Стопанската комора на Македонија организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд со специјален попуст и со организиран превоз и сместување. Во периодот од 23 до 25 март 2012 година, во Тирана, Република Албанија ќе се одржи 12. Меѓународен саем за градежништво “CONSTRUCTION EXPO 2012’’ .

Во организација на грчкиот саемски промотор Њу Џенезис, за првпат во Албанија ќе се одржи специјализираната саемска манифестација “CONSTRUCTION EXPO 2012’’, која претходно се одржуваше во Грција и на Кипар. Станува збор за најголемиот меѓународен саем за градежништво во Албанија, на кој свое учество ќе земат реномирани домашни и странски компании од следниве сектори:• градежни материјали;

• цивилно инженерство;• високо и нискоградба;• челични конструкции;• излациони материјали;• бои и лакови;• алуминиумски системи;• уреди за климатизација;• мебел за кујни;• енергетски и соларни системи.

Истовремено, во рамките на саемската манифестација, на 23 март 2012 година ќе се одржи Меѓународна конференција за градежништво, енергетика и инфраструктура. Стопанската комора на Македонија, организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд од 100 м2, со организиран превоз и сместување од 15 до 20 март 2012 година. За македонските компании обезбеден е специјален попуст од 40% од регуларната цена за саемски настап (160 евра задолжително осигурување и 78 евра - квадратен метар со вкалкулиран попуст). Стопанската комора на Македонија организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд со организиран превоз и сместување од 22 до 26 март 2012 година. Трошоците за превоз и сместување се на товар на учесникот.

Контакт: Влатко СтојановскиТел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Ирена МојсовскаТел: 3244009Факс:3244088E-адреса: [email protected]

Од 28 март до 1 април 2012 година7. Меѓународeн гастрономски

фестивал во Република Хрватска„БИСЕР НА МОРЕТО 2012“ ВО СУПЕТАР

НА БРАЧ

Меѓународниот гастрономски натпревар „Бисер на морето“ ќе се одржи од 28 март до 1 април 2012 година, во хотелот „Кактус“ во Супетар на островот Брач во Република Хрватска. Организатор на седмата по ред традиционална манифестација и овојпат е Сојузот на готвачи од Медитеранот и европските региони со седиште во Сплит. „Бисер на морето“ претставува една од најзначајните гастрономски манифестации на Медитеранот. Во пет дена ќе се одржат: меѓународното натпреварување на професионални

готвачи и ученици-готвачи од средните угостителски училишта, гастро-изложба на најдобрите хрватски ресторани, изложба на хрватските и странски производители на храна, работилници и предавања за гастрономијата. На оваа манифестација досега имаат учествувано повеќе од 300 готвачи од деветнаесет земји и тоа: Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Австрија, Италија, Швајцарија, Словенија, Чешка, Полска, Романија, Турција, Украина, Латвија, Молодавија, Албанија, Саудиска Арабија и Русија.

Стопанската комора на Македонија и годинава организира учество на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи-натпреварувачи, ученици-готвачи и македонските компании кои би ги презентирале своите производи на заеднички бесплатен штанд. Учеството на македонските претставници е одлична можност за презентирање на македонската кујна, но истовремено и за претставување на производите на познати македонски компании на хрватскиот пазар. За сите натпреварувачи, учениците, менторите, членовите на жири-комисијата како и медиумска екипа е обезбедено бесплатно сместување.

Контакт:Венера Андриевскател: 3244 037; факс:3244 [email protected]

Од 28 до 30 март 2012 година, во Софија, Бугарија

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ,РЕЦИКЛИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО

ОТПАД

Во периодот од 28 до 30 март 2012 година, во Софија, Република Бугарија, ќе се одржи специјализирана Конференција и Меѓународен саем за енергетска ефикасност, обновливи извори,

Page 35: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 35четврток, 08 март 2012, Бр. 88

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

рециклирање и управување со отпад. Станува збор за најголем настан оваа година во Југоисточна Европа од оваа област, на којшто ќе учествуваат повеќе од 200 реномирани излагачи од над 16 земји од Европа и светот, кои ќе ги претстават најновите достигнувања и иновации од енергетска ефикасност, обновливи извори, рециклирање и управување со отпад и екологија. Истовремено ќе бидат одржани и повеќе специјализирани конференции, панел-сесии и билатерални средби со учество на врвни експерти и реномирани предавачи од неколку земји и тоа за: управување со отпадни води, рециклирање, енергетска ефикасност, биоенергија и друго. Меѓународниот саем ќе се одржи од 28-30 март 2012 година во изложбениот и конгресен центар во Софија, Бугарија. Сите регистрирани компании ќе можат да учествуваат на посочените конференции и панел-сесии, како и да остварат билатерални средби со другите учесници. Регистрацијата за учество се врши електронски, на порталот на саемскиот организатор: www.eco.viaexpo.com . Стопанската комора на Македонија организира посета на Меѓународниот саем (со бесплатен влез) и учество на конференциите за заинтересираните македонските компании со организиран автобуски превоз и хотелско сместување. Трошоците за превоз и сместување се на товар на учесникот.

Контакт: Влатко СтојановскиТел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Ирена МојсовскаТел: 3244009Факс:3244088E-адреса: [email protected]

На 2 април 2012 година, во Сараево, Босна и Херцеговина

МАКЕДОНСКО-БОСАНСКИ БИЗНИС-СРЕДБИ

Стопанската комора на Македонија заедно со Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, ве покануваат на Македонско- босански бизнис-средби, што ќе се одржат на 2 април 2012 година во Сараево, Република Босна и Херцеговина. Македонско-босанските бизнис-средби претставуваат одлична можност

за воспоставување взаемна економската соработка, за идни инвестициски можности и поголем поттик за трговска размена меѓу Република Македонија и Република Босна и Херцеговина.

Целта на овие бизнис-средби се идното и взаемно развивање на деловните односи меѓу компаниите од сите сектори, од двете земји. За успешна реализација на Бизнис-средбата, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со босанските компании, во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 15 март 2012 година.

Контакт: Ирена МојсовскаТел: 3244009Факс:3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Влатко СтојановскиТел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Семинар на 4 април 2012 година“УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОСТАПКИ

ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И Е-АУКЦИИ”( 10:00 – 15:00 часот, сала 1 на 5-ти кат,

Стопанска комора на Македонија)

Семинар за успешно учество на постапките за доделување на договори кои се водат по електронски пат (пребарување на огласи, преземање тендерска документација, поднесување понуди, дигитално потпишување) и учество на електронски аукции. Поттикнати од фактот што на голем број компании -понудувачи не им се познати последните измени и дополнувања на Законот за јавни набавки („Службен весник на РМ“ 185 од 2011 година) и најновите текови во врска со спроведувањето на јавните набавки по електронски пат и задолжителното користењето на електронските аукции – 100% во 2012 година, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар кој ќе придонесе за запознавање и

оспособување на учесниците за користење на Електронскиот систем за јавни набавки и учество на е-аукции. Предавачи: експерти од областа за електронски постапки за јавни набавки и е-аукции .

Програма на семинарот: * Закон за изменување и дополнување на ЗЈН („Сл. весник на РМ“ бр.185/11); �Портал за мали јавни набавки (задолжително објавување на малите јавни набавки); �Воведување на технички дијалог со деловната заедница; �Негативни референци; �Квалификациски системи; * Користење на ЕСЈН и е-аукции; �Креирање на кориснички профили и претставување на функционалностите на профилот на економскиот оператор; �Пребарување на објавени тендери и договори; �Задолжителни 100% е-аукции; �Дигитално потпишување на понудите; �Поднесување на понудите преку системот; �Учество на е-аукции каде критериум за доделување на договорот е најниска цена и економски најповолна понуда.

Семинарот е наменет за сите деловни субјекти (економски оператори), кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за: * лицата кои електронски ги поднесуваат понудите и учествуваат на е-аукции и * менаџментот кој одлучува за содржината на понудите. На семинарот ќе бидат разработени теми поврзани со електронските јавни набавки, како што се: * како да креирате кориснички профил; * основни функционалности на вашиот кориснички профил на системот; * како да комуницирате со договорниот орган преку ЕСЈН; * како најбрзо да добиете информација за новообјавените тендери;

Page 36: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО36 четврток, 08 март 2012, Бр. 88

* како да учествувате во постапка која се спроведува по електронски пат; * што е електронска аукција и како да учествувате на неа.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 2 април 2012 година. Учесниците е потребно да донесат свој лаптоп, затоа што обуката ќе биде интерактивна со практични вежби и примери на тестниот електронски систем за јавни набавки. Групата ќе биде ограничена на 20 учесници. Сите учесници ќе добијат соодветен работен материјал и на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество на истата.

Контакт: Елизабета Андриевска-ЕфтимоваТел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: be�@mchamber.mk

Контакт: Анита МитревскаТел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

************Од 12 до 14 април 2012 година, во

Истанбул, ТурцијаМЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА МЕДИЦИНА

“EXPOMED 2012”

* Организирана посета на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување

Во периодот од 12 до 14 април 2012 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи Меѓународниот саем за медицина , “EXPOMED 2012”. Истовремено ќе се одржат неколку саемски манифестации и тоа: • 19. Традиционален меѓународен саем за медицина, рехабилитација, технологија и опрама за болници – EX-POMED;

• 15. Меѓународен саем за лабораториска технологија и опрема

–LABTECH; • 2. Саем за термални бањи, центри за рехабилитација и опрема - EXPO THERMAL и • 2. Саем за индустриско чистење за безбедноста на здравјето - ICSM EXPO 2012. Станува збор за еден од најголемите меѓународни саеми од областа на медицината, медицинска опрема, бањи и центри за рехабилитација, на кои свое учество ќе земат реномирани компании од поголем број земји од светот. На Саемот посетителите ќе можат да ги видат најновите технолошки достигнувања и промоции и тоа: а) во делот на технологија на медицина: - електро и машински уреди и системи, високи технолошки решенија во медицинската технологија, дијагностички графички производи, медицинска дијагностичка опрема, ендоскопски и лапароскопски уреди и системи итн.; б) во делот на физиотерапијата и ортопедските производи: - ортопедски помагала и протези, физиотераписка рехабилитација, амбулантски возила, уреди и системи за хирургија, хирушки рачни алати, инвалидна опрема и уреди; в) во делот на лаборатории: - аналитичка опрема и системи, опрема за хроматографија, опрема за електрофореза, спектрофотометри, фотометри, хемиски лаборатории, лабораториски материјали итн.; г) во делот на термални бањи: - термо бањи, природно здравствени рехабилитациони центри, спа-центри, фитнес и гимнастички центри, производи и опрема за бањи, уреди за хидротерапија, уреди и опрема за масажи, опрема за естетика и убавина итн. д) во делот на индустриско чистење: - машини и опрема за индустриско чистење, хемикалии за чистење, средства за дезинфекција, медицинско собирање и уништување на медицински отпад, дератизација, чистење на подови под висок притисок, суви средства за чистење итн. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор АДОНИС ГРУП организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 12 до 14 април 2012 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, влез за саемот, трансфер од хотелот до саемот и влезница за саемот. Сместувањето е во реномирани хотели со 4 или 5 ѕвезди.

Посетителот ги покрива патните и административни трошоци од човек за саемскиот организатор „Адонис“ во износ од 125 евра со автобус (доколку е со сопствен превоз, само 45 евра административни трошоци). Уплатените средства до „Адонис“ и Стопанската комора на Македонија не се рефундираат, доколку учесниците одлучат да го откажат патувањето после истекот на рокот за пријавување. Посетата е ограничена на максимум 2 претставници од една компанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15 март 2012 година, преку пополнување на пријавниот лист што може да го превземето од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk Повеќе информации за самиот саем на веб-страната: h�p://www.tuyap.com.tr

Контакт: Влатко СтојановскиТел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Ирена МојсовскаТел: 3244009Факс:3244088E-адреса: [email protected]

На 17 април 2012 година, во Стопанската комора на Македонија

МАКЕДОНСКО-ЧЕШКИ БИЗНИС-СРЕДБИ

Стопанската комора на Македонија заедно со Чешката стопанска комора, Ве покануваат на Македонско-чешки бизнис-средби. Македонско-чешките бизнис-средби ќе се одржат на 17 април 2012 година во Стопанската комора на Македонија.

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 37: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 37четврток, 08 март 2012, Бр. 88

Бизнис-средбите претставуваат можност за спојување на македонските и чешките компании, продлабочување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Чешка, како и развивање на деловните односи меѓу компаниите од двете земји. Околу 10-тина чешки компании се заинтересирани да остварат средба со македонски компании во делот на индустријата за енергетика (разладни кули, мали хидроелектрани), потенцијални градежни компании за соработка, системи за контрола на пристапот – агенции за безбедност, дистрибутери на системи за контрола на пристапот, сигурносни кутии за безбедност во банки, агенции за безбедост, сегашни и потенцијални извозници и инвеститори во Македонија, со клиенти за договори за јавно-приватно партнерство (локална самоуправа), партнери за трговски бизнис со фотоволтаични технологии, партнери за joint-venture проекти во фотоволтаични бизниси, сопственици на земјиште погодно за градење на фотоволтаични постројки и партнери од секторот за обновлива енергија – фокусирани на фотоволтаични постројки. За успешна реализација на бизнис-средбите, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со британските компании. Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија.

Контакт: Ирена МојсовскаТел: 3244009Факс:3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Влатко СтојановскиТел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Билатерални средби и Конгрес на 3 и 4 мај 2012 година, во Турција

„ИНОВАЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА“ ВО ИСТАНБУЛ

Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија организира учество на Билатерални средби и на Конгрес на тема ,,Иновации за безбедност на храна,, во Истанбул, Турција, на 3 и 4 мај 2012 година. Билатералните средби ќе се одржат во Воениот музеј и Културен центар во Истанбул, а ќе учествуваат претставници од реалниот сектор, од јавниот сектор, НВО, експерти, истражувачи и професионалци.

На однапред договорени билатерални средби, ќе имате прилика да:

• разговарате за можностите за соработка за безбедноста на храната;

•најдете нов партнер и•воспоставите нови бизнис-односи.

Учеството на билатералните средби во Истанбул е бесплатно. На Конгресот главни теми се безбедноста на храната поврзана со растителното производство, одгледувањето на животните, рабарството, прехранбената индустрија, мрежата за снабдување со храна. Учеството на Конгресот за безбеднос на храната е со котизација. Рокот за регистрација е 5 април 2012 година. Лазо Ангелевски

На 30 и 31 март 2012 година, во Неапол, Италија

БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ И СЕМИНАР ЗА ТУРИЗМОТ

Здружението на угостителството и туризмот и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија

организираат учество на Билатерални средби и Семинар за туризмот во Неапол, Италија, на 30 и 31 март 2012 година. На 30 март 2012 година – Семинар: ,,ЕУ-политиките, програмите и мерките за туризмот (во соработка со Европската комисија) и на 31 март 2012 година – Билатерални средби меѓу пријавените италијански и меѓународни компании. Билатералните средби ќе се одржат во Mostra d’Oltremare во Неапол (хала 3б), а ќе учествуваат компании од цела ЕУ, посебно од Германија, Франција, Велика Британија, Австрија, потоа од САД, Русија, Кина, со поддршка на Италијанската национална институција за туризам и на партнерите од Enterprise Europe Network . На однапред договорени

билатерални средби, ќе имате прилика:•да разговарате за можностите за соработка во туризмот;•да присуствувате на туристичка понуда;•да ги искористите природните ресурси во регионот;•да најдете нов партнер;•да воспоставите нови бизнис-односи. Учеството на средбите во Неапол е бесплатно. Настанот ќе се фокусира на следните главни области: Incoming туристичка индустрија, Wellness и Spa туризам, Конференција и поддршка на туризмот. Рокот за регистрација е 15 март 2012 година.

Контакт:Лазо АнгелевскиТел: (02) 3244090Моб. 070 [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 38: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО38 четврток, 08 март 2012, Бр. 88

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 16 до 19 мај 2012 година,

Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна

индустрија во Косово„ЕКСПОКОС 2012“ ВО ПРИШТИНА

Стопанската комора на Македонија ве носи на Саемот за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2012“ во Приштина, Република Косово, од 16 до 19 мај 2012 година.

ЗА ИЗЛАГАЧИТЕ 15 ОТСТО ПОПУСТ НА САЕМСКИОТ АРАНЖМАН

* За посетителите на Саемот што ќе патуваат со Стопанската комора на Македонија обезбедени бесплатни влезници и бесплатен превоз.

Во периодот од 16 -19 мај 2012 година, Стопанската комора на Македонија, во соработката со CEO – Congress & Event Organiza�on, организира учество и посетана македонски компании на најголемиот Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2012“ во Приштина - Косово.

„EXPOKOS 2012“ ќе ги собере на едо место водечките локални и светски производители на: градежни материјали, градежни системи и опрема, градежни полуфабрикати, хемиски помагала за индустријата, керамика, врати и прозорци, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, обработка на метални декорации, метална и неметална опрема, обработка на масивно дрво, домашен и канцелариски мебел, бела техника, санитарен мебел, паркет и дрвени подови, куќи од дрво,

декорации од дрво, патишта, индустрија на електрична енергија, алтернативни извори на енергија како што се вода, ветер, сонце, гас, јаглен, масла, мерни инструменти и опрема, автоматика и роботика, хемиска и пластична индустрија, телекомуникации, транспортна опрема и др. Воедно,во рамките на Саемот, ќе се одржат и прес-конференции, заедничка вечера на сите излагачи, доделување на сертификати на излагачите ,а ќе се организираат и бизнис-средби, кои ќе создадат поволни услови за поттикнување на комерцијални ефекти. Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтереситраните за учествуво на Саемот како излагачи. Компаниите својот интерес за учество и посета на овој Саем можат да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 1 април 2012 година.

Контакт :Стопанската комора на Македонијаул. Димитрие Чуповски, 131000 Скопје

Контакт лице : Венера АндриевскаТел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088e-mail: [email protected]

На 30 и 31 мај 2012 година, дводневниот семинар

на Скопски саемУЧЕСТВО НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ НА ТЕНДЕРИТЕ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИ), ги поканува своите членки да земат учество на дводневниот семинар на тема: „Учество на македонските компании на тендерите на Обединетите нации“, што ќе се одржи на 30 и 31 мај 2012 година (среда), со почеток во 11:00 часот, на Скопски саем во Скопје. На семинарот претставниците на координативното тело на одделенијата за набавки на агенциите на ОН ќе ги претстават можностите за учество на македонските компании на тендерите на

Обединетите нации. Сите агенции на ОН годишно имаат набавки во износ од 23 милијарди

САД долари. Производите кои се предмет на набавка се: платна за шатори, ќебиња, основни прехранбени стоки, градежни материјали и др. Сите производи подлежат на тендерска постапка и се отворени за компаниите од сите држави-членки на ОН, што претставува одлична прилика за македонските компании кои досега не учествувале на тендерите на ОН. За време на семинарот македонските компании ќе имаат можност да се запознаат со условите и критериумите за аплицирање на тендерите на веб-страната на ОН: www.un.org/en и со можностите за нивно учество на тендерите за набавки организирани од страна на агенциите на ОН. За учество на тендерите на Обединетите нации, македонските компании треба да ги исполнуваат следниве услови за пријавување: - 3 години минимум искуство во бизнисoт и - финансиски извештај за последните 3 последователни години. За успешна реализација на семинарот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес во Стопанската комора на Македонија.

Контакт: Ирена МојсовскаТел: 3244009Факс:3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Влатко СтојановскиТел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Osnovana 1922

Founded 1922

Page 39: Бизнис ИНФО број 88 од 08.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 39четврток, 08 март 2012, Бр. 88

Компанија од Германија заинтересирана е да соработува во областа на готварството

во Република Македонија со понуда на каталози за избор на опрема и прибор за

готвење, како и врвни рецепти за готвење,Валидност до: 14.7.2012 година

Компанија од Швајцарија заинтересирана е да инвестира во изградба на бензиски

пумпи, изградба на патишта, хотели и казина и друг интерес во Република

Македонија.Валидност до: 14.8.2012 година

Компанија од Кипар заинтересирана е да инвестира во изградба на еколошки погон

за рециклирање на гума и пластика.Валидност до: 14.12.2012 година

Компанија од Црна Гора бара соработка со македонски градежни компании каде

може да најми 20 камиони-кипери за изведба на автопатот Приштина - Сува

Река кај Малешево на Косово.Валидност до: 15.9.2012 година

Компанија од Словенија бара соработка со македонски кланици за извоз на јагнешко, говедско и овчо месо на трети пазари во

арапските земји.Валидност до: 15.7.2012 година

Компанија од Белгија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман

на пластични делови во медицинската и автомобилската индустрија.

Валидност до: 16.7.2012 година

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија или застапник

за пласман на котли, дизајнирани камини за централно греење, шпорети на цврсти

горива.Валидност до: 16.7.2012 година

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за градежништво, земјодество и

индустрија.Валидност до: 16.6.2012 година

Компанија од Грција бара соработка со македонски производители на дрвени

брикети за увоз во Грција.Валидност до: 16.6.2012 година

Компанија од Србија бара соработка со македонски компании кои сакаат своите

производи да ги пласираат во Србија и Босна и Херцеговина.

Валидност до: 20.6.2012 година

Македонска компанија нуди специјализирани висококвалитетни

преведувачки услуги (писмен превод) од англиски/српски на македонски јазик, во

следниве области:превод на техничка документација

– упатства за употреба за различни видови машини и уреди; превод на документи од областа на информатичката технологија;

превод на документи од областа на правото – регулативи, директиви,

договори, записници, закони; превод на документи од областа на економијата и финансиите - тендерска документација,

сметководствени документи, финансиски извештаи; судски превод – овластен судски превод од англиски, српски,

германски, шведски, албански и турски на македонски јазик и обратно; проверка

и корекција на превод на македонски јазик - стилска и јазична обработка на

преводот и отстранување на граматичките и правописните грешки; локализација

на веб-страници на македонски јазик; титлување на филмови, серии и

документарни програми (од англиски и српски на македонски јазик). Секој превод

подлежи на проверка од најмалку еден преведувач и лектор.

Валидност до: 20.2.2013 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е да соработува со фирми во Република

Македонија кои се занимаваат со продажба на автоделови за повеќе

видови возила.Валидност до: 21.7.2012 година

Компанија од Германија заинтересирана е да соработува во областа на производство на грејни котли на дрво и течни горива во

Република Македонија.Валидност до: 21.7.2012 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на грејни печки на цврсти и течни горива, а заинтересирани се да соработуваат

со фирми кои произведуваат котли во земјава.

Валидност до: 21.8.2012 година

Компанија од Грција бара соработка со компании во Република Македонија чија

дејност е опрема за хотели и ресторани, лифтови (врати и кабини), обичи и

соларни бојлери, декоративни апликации, резервоари за сите течности, машини за производство на храна и пакување,

опрема за животниски фарми, болничка и операциона опрема и елементи за

автомобилска индустрија.Валидност до: 22.6.2012 година

Компанија од Грција бара соработка со хотели, ресторани во Република

Македонија кои би биле заинтересирани да користат мебел штоф и завеси.

Валидност до: 22.6.2012 година

Македонска компанија издава простор од 3000 м2 наменет за инвестирање за каква било намена во Крива Паланка. Просторот е делив и се наоѓа во централното градско подрачје. Има свој паркинг, вода и струја.

Валидност до: 8.02.2013 година

Македонска компанија бара соработка во областа на обновлива енергија, располага со сопствено земјиште и простор на кој може да се инсталираат фотоволтаични модули за производство на електрична енергија. Просторот е на површина од 8000 м2 и има своја трафостаница со

моќност од 1200KW.Валидност до: 8.02.2013 година

Македонска компанија издава фабрика за производство на чевли комплет

опремена за „ЛОН“-производство, што е лоцирана во близина на централното

градско подрачје (во Индустриската зона), на ул. Маршал Тито бр.7 во Крива Паланка. Опремена е со видео-надзор, портирница,

паркинг за непречен влез и излез на тешки товарни возила до 70 тона.

Фабриката е обезбедена со струја и вода, а целиот објект е со површина 2000 м2, со

можност за проширување.Валидност до: 8.02.2013 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на

Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб порталwww.mchamber.mk

Контакт:Мирјана Коцева

Е-адреса: [email protected]Тел:3244-035; Факс: 3244-088

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) [email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски