8
МАКЕДОНСКИ ДИРИГЕНТИ

Македонски диригенти

  • Upload
    bubpce

  • View
    77

  • Download
    0

Embed Size (px)

DESCRIPTION

ФИМЧО МУРАТОВСКИ е роден во Скопје на 11 август 1931г. Во 1958г. дипломирал диригирање на Музичката академија во Загреб кај професорот Хорват. Специјализирал во Санкт Петербург. Од 1959г. бил ангажиран како диригент во Операта и Балетот на МНТ и на таа должност останал до 1971г. На двапати по една година бил вршител на должноста директор на оваа институција. Од 1971г. - 1983г. бил диригент во Македонската филхармонија, во која првите седум години бил и нејзин директор. Од 1983г. - 1996г. бил наставник, редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде во два мандата бил и декан. Како диригентпоставил и диригирал повеќе од четириесет оперски и балетски дела од класичниот, современииот и домашниот репертоар. На концертниот подиум реализирал голем број симфониски и камерни дела, со посебен афинитет кон домашното творештво. Бил основач и диригент на Младинскиот и на Македонскиот камерен оркестар и диригент и уметнички раководител на Камерниот оркестар на МРТВ. Гостувал во повеќе земји во Европа и Латинска Америка. Заедно со Драгослав Ортаков е коавтор на публикацијата „Волшебниот Орфеј - 55 години македонска опера“. На Охридското лето во повеќе наврати диригирал. Во 1969г. е добитник на наградата „13 Ноември” од областа на уметноста.

Citation preview

Page 1: Македонски диригенти

МАКЕДОНСКИ ДИРИГЕНТИ

Page 2: Македонски диригенти

ФИМЧО МУРАТОВСКИ е роден во Скопје на 11 август 1931г. Во 1958г. дипломирал диригирање на Музичката академи ја во Загреб ка ј професорот Хорват. Специјализирал во Санкт Петербург. Од 1959г. бил ангажиран како диригент во Операта и Балетот на МНТ и на таа должност останал до 1971г. На двапати по една година бил вршител на должноста директор на оваа институција. Од 1971г. - 1983г. бил диригент во Македонската филхармонија, во која првите седум години бил и нејзин директор. Од 1983г. - 1996г. бил наставник, редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде во два мандата бил и декан. Како диригент

поставил и диригирал повеќе од четириесет оперски и балетски дела од класичниот, современииот и домашниот репертоар. На концертниот подиум реализирал голем број симфониски и камерни дела, со посебен афинитет кон домашното творештво. Бил основач и диригент на Младинскиот и на Македонскиот камерен оркестар и диригент и уметнички раководител на Камерниот оркестар на МРТВ. Гостувал во повеќе земји во Европа и Латинска Америка. Заедно со Драгослав Ортаков е коавтор на публикацијата „Волшебниот Орфеј - 55 години македонска опера“. На Охридското лето во повеќе наврати диригирал. Во 1969г. е добитник на наградата „13 Ноември” од областа на уметноста.

ВАНЧО ЧАВДАРСКИ - Животниот и творечки пат на диригентот (Владимирово, 3. 03. 1930 - Бризбејн 8. 12. 2001) е толку специфичен и единствен во рамките на македонскиот музички та и светската музичка репродуктивна уметност. Постојат ликови во светот на музичката уметност кои спокојно и тивко, во текот на повеќедецениска трудољубива и совесна професионална дејност, го градат својот уметнички пат, додека од друга страна постојат музички уметници кои своето уметничко кредо, тоа

долготрајно и макотрпно трагање по сопствениот творечки идентитет, го приспособуваат на животните плими и осеки, преку бурни емоционални моменти, се додека крајот на животниот пат не ги воведе во мирна и безбедна лагуна (оние што имаат повеќе среќа!), кога можат да ги сумираат резултатите и да ги собираат плодовите од поминатите премрежија што им го носел тој „Sturm and Drang“ начин на живот и уметничка дејност. Секако дека ликот и делото на Ванчо Чавдарски, во потполност се совпаѓаат со овој втор тип на музички уметнички дејци, што од друга страна, grosso modo, е типично за професијата диригент. По дипломирањето на Музичката академија во Белград, во класата на проф. Живоин Здравковиќ, Чавдарски станува стипендист на германската влада (се усовршува кај Ханс Шмит Исерштед во Хамбург). Исклучителниот талент на Чавдарски, посебно доаѓа до израз на Вториот меѓународен натпревар за млади диригенти во Ливерпул, Англија во 1962 год., каде што ја добива втората награда (првата му припаѓа на Зубин Мехта), како и при добивањето на Фордовата стипендија за студиско патување во САД, каде работи со големи диригентски имиња како што се Орманди, Лајнсдорф, Крипс и Рудолф. Во периодот 1960-1970 год. и во 1992 год., тој е диригент во Операта при МНТ, на чија сцена поставува бројни оперски дела, а во исто време, 1965-1970 година, е директор на Македонската филхармонија. После тој период, почнувајќи од 1970 год., Чавдарски ја гради својата кариера надвор од Македонија, како шеф- диригент на оркестри и оперски куќи во Австралија (Бризбејн, Мелбурн и Сиднеј), на Нов Зеланд, Тасманија...Во деценијата 1981-1991 год., тој е шеф-диригент на Симфонискиот оркестар на Радио-Телевизија Белград, со чиј ансамбл, според зборовите на критиката, остварува ѕвездени мигови, блескаво диригирајќи бројни дела од музичката литература. Последните десет години од животот, развива диригентска и педагошка активност во Азија, основач е и директор на Националниот симфониски оркестар во градот Пусан, Јужна Кореја и професор по диригирање на тамошниот Конзерваториум. За својата врвна диригентска уметност, Ванчо Чавдарски е носител на бројни домашни и странски награди, меѓу кои секако се издвојува медалот „Жан Филип Рамо“, добиен во францускиот град Дижон. Зад него останува секако и она најскапоценото - неброени аудио и ТВ снимки, преку кои ја ширеше својата диригентска мисија, но и името Македонија, како можеби најголемиот музички емисар во целокупната историја на македонската музичка култура. Како диригент, тој застанал пред пултот на некои од најголемите симфониски оркестри на светот, а постојано гостувал во бројни земји од сите континенти.

Page 3: Македонски диригенти

ТОМИСЛАВ ШОПОВ е македонски диригент и музичар чијшто долготраен и плодотворен труд е трајно втемелен во нашите современи музички збиднувања, пред се во творечкиот пат на Операта на МНТ во текот на повеќе од три децении. Во колективот на операта тој работи низа години како хор мајстор, пијанист корепетитор и оперски диригент со завиден репертоар од 45 оперски и балетски дела, како и низа вокално-инструментални творби-ораториуми, кантати и други остварувања. Долгогодишен диригент на академскиот хор “Мирче Ацев”, достојно и на високо уметничко ниво го претставувал универзитетот на настапите во странство, за кои е награден со две сребрени дипломи на музички фестивал во Германија, во 2005г. Под негово диригентство се изведени над

1000 оперско-балетски и симфониски претстави во Скопје и во странство, за чиј успех сведочат повеќе музички критичари со највисоки оценки за неговата беспоштедна творечка работа. Студирал и извесно време работел во Љубљана, бил на неколкугодишен престој во Турција. Особено се истакнува неговата голема заслуга во поставувањето и афирмацијата на музичко сценските дела од македонските автори на сцената на МОБ. Имал настапи во повеќе центри во странство, во Италија, Швајцарија, Германија, Полска, Русија, Грција, Косово.Неговата работа особено се почуствувала во финалното обликување на партитурите, бидејќи придонесувал за оформување на претставите и низ подготовка на оркестарот и на солистичкиот ансамбл. Под неговата диригрнтска палка со успех се водени претставите: Травијата, Риголето, Трубадур, Набуко, Дон Карлос, Аида, Норма, Кармен, Дон Кихот и др.

АЛЕКСАНДАР ЛЕКОВСКИ - ЛЕКАЈ бил директор на Операта и Балетот при МНТ - Скопје, директор на Македонската Филхармонија, прв диригент во Операта и Балетот во Белград, главен диригент на Хорот на Македонската Радио и Телевизија , професор на универзитетите во Скопје, Приштина и Тетово, председател на Сојузите нз Композиторите, диригентите, музичките уметници, музичките синдикати, Музичката Младина на Македонија. Тој го стекнал своето музичко образование во Скопје, Загреб и Белград, а специјјализазација со студиски престој во Рим и Милано. Со Универзитетскиот Хор Скопје ја има добиено првата награда во првата класа за мешани хорови и две втори награди на натпреварот ИНТЕРТИЕ 1982г. Миделсбург, Кливленд; „11 Октомври” на Македонија

за диригирање на Вердиевиот 'Реквием'; награда на СМУМ за Бетовеновата 'Петта Симфо-нија' и за неговата симфониска поема "Илинден"; награда на СОКОМ за неговата Кантата "Ела - Игри на Љубовта" за мешан хор; симфониски оркестар и џез квартет, награда на СОКОМ за Животно Дело 2003г. Лековски има посетено многу држави во светот и вреди да се спомене дека при неговите посети на Русија, родната земја на Чајковски, му беа доверени (како на еден од ретките гости - диригенти од светот) интерпретацијите на симфониите бр. 4 и 6, балетот "Лебедово Езеро," и "Првата Симфонија" од Д. Шостакович. Композиторот Лековски му дава посебна оригиналност на третирањето на ритамот - како инспирација од балканскиот музички фолклор кој е меѓу најбогатите во светот. Во последно време тој создава интересна синтеза со џез музиката која е негова инспирација уште од студентските денови. Така експериментално реализира за Македонската Радио-Телевизија интерпретации и на светскити хитови од Битлси во рамките на балканските ритмички структури 9/8. Вреди да се спомене дека во неговата последна оркестрација на фрагментите од операта "Порги и Бес" од Гершвин, за солисти, хор и симфониски оркестар, во завршниот дел тој го користи својот 9/8, наизменично со Гершвиновиот 4/4 метар во истата музика. Неговите "Македонски Танци" ( Бр. 1.2.3.) за симфониски оркестар биле диригирани повеќе пати со голем успех на гостувањата во Русија и Германија. Овие Танци се оценети како вредни да се споредат со Словенските Танци на Дворжак. Едно од неговитв најимпресивни дела е Кантатата " Елан-Игри на Љубовта", која по изведбата на Деновите на Македонската Музика 1993г. академикот Властимир Николовски ја нарече Нова Кармина Бурана. Оваа кантата беше дел од истоимениот балет на отворањето на јубилејното 35-то Охридско Лето 1995г. Делото се изведува како балет на либретото од авторот на музиката. Во кантатата "Елан" е карактеристична инволвираноста на џез квартетот со соло импровизации како и учеството на публиката во изведбата. На покана од Друштвото на хорски диригенти од Шведска (Гете-борг) 1985г., Лековски зеде учество као диригент-композитор и предавач на Сминарот за Македонска музика, кога беше пријатно изненаден од учесниците на семинарот со нивното

Page 4: Македонски диригенти

постојано инсистирање за повторно изведување на една негова композиција за хор со ритам секција во 9/8 (2223) метар од која покасно настана атрактивната симфониска музика - Обединети - со сопствен текст, посветен на Обединетите Нации. За време на своето гостување во Русија во 1989г. како диригент, тој одржа предавање за својата музика на покана на Друштвото на Композитори во областа Вороњеж. Еден од неговите понови трудови -"Јужни бранови" (траење 12'), по долготрајните подготовки за прв пат беше презентиран на 22 мај 1998г. во Пусан - Кореа, со Симфонискиот Оркестар на Универзитетот ДОНГ-А . "Јужни бранови" го симболизираат немирниот Балкан, со неколку фолктеми (албанска, американска, грчка корејска, македонска и српска) кои се презентирани одделно и во кулминација заедно, со соло инструментални импровизации. Диригент на оваја прва изведба во светот, беше проф, Ванчо Чавдарски, кој за Сојузот на Композитори на Македонија изјави дека во својата догогодишна пракса не памети толку голем усопх кај публиката, на еден современ композитор. Преку својата музика Лековски предлага синтеза инспирирана од балканската мело-ритмичка основа (од азиско потекло) со афро-американско влијание преку џезот и со хармонските и тонални кара-ктеристики од европската музичка традиција. Преку балетот и танцот тој исто така сугерира нови кореографски движења кои можат да откријат еден нов вид на танц. Од 2000-та година, почнувајќи да се служи со компјутерска техника за музички програми, Лековски ја интензивира композиторската делност со новите дела : Обединети - ( за солисти, хор и симфониски оркестар) посветено на О Н; Опсесија - (солисти или хор и симф. Оркестар ); базирано на средневековна тема од Ј. Кукузел; Албански Симфониски Танци ; Прелид и Фуга - Свјат (солисти - хор - симф. Орк.) со универзални религиски цитати од текстовите : латински, старославјански, византијски, арапски, будистички...;

ГЕОРГИ ЗДРАВЕВ (1938), академик, македонски диригент, универзитетски професор. Роден во 1938 г., во Битола, каде завршува основно музичко училиште во класата на наставникот Ѓорѓи Османли, со главен предмет виолина, а средно музичко училиште завршува во Скопје (1954-1959), со главен предмет виолина во класата на професор Грегорие Гировски на Теоретско-наставничкиот оддел. За време на школувањето во Скопје ангажиран е и како диригент на хоровите во средното медицинско и средното заботехничко училиште. Во 1958 г. го основа Младинскиот симфониски оркестар во Скопје и дири-гира со него две години. Во 1959 и 1960 г. изведува настава на тогашната Учителска школа „Браќа Миладиновци“, по музичка теорија, солфеж и виолина. Во 1959 г. во Битола е ангажиран како музички уредник на програмата на Радио Битола. Во истата година е иницијатор и прв диригент

на Битолскиот симфониски оркестар, со кој работи 25 години со мала пауза. Во 1964г. завршува музичка академија во Сараево на два отсека и тоа: Теоретско-наставнички оддел, со главен предмет клавир, каде завршува и методика на музичка настава кај професорката Ели Башиќ, позната и призната со својата метода во поранешната СФРЈ и во странство, и на отсекот за Композиција и диригирање, со главен предмет диригирање во отсекот на прославениот диригент, професор Младен Позаиќ. Во 1963г. - 1964г. е редовен професор во гимназијата „Јосип Броз - Тито“, Битола, каде предава музичка уметност, а од 1965г. до неговото пензионирање, изведува настава по предметот методика по музичка култура и музички инструменти во Педагошката академија во Битола и Факултетот за учители и воспитувачи, на отсеците за Одделенска настава и предучилишно воспитание. Во 1965г. на иницијатива на Георги Здравев формирано е АКУД „Даме Груев“ во Битола, чиј диригент и уметнички раководител е до денес. Во својство на реномиран македонски диригент одржува околу 30 симфониски концерти како диригент на хоровите на АКУД „Даме Груев“ и хоровите во гимназијата „Јосип Броз Тито“ - Битола. Настапува во повеќе градови во Македонија и во повеќе европски земји СССР, Чехословачка, Германија, Франција, Турција, Бугарија, Молдавија и др. Во Битола ги изведува оперите: „Орфеј и Евридика“, 1960г., концертно и во 1965г. сценска изведба во Хераклеа Линкестис, за која академикот Тодор Скаловски оценува дека е извонреден настап кој ќе се памети. Во 1967г. ја изведува операта „Севилскиот берберин“ и во 1969г. „Кавалерија Рустикана“. Благодарејќи на неговата стручност, организира: Основни организации на музичката младина на Македонија во градови: Битола, Прилеп, Титов Велес, Штип, Струмица, Кочани, Струга и Охрид. Проф. д-р Георги Здравев учествува на бројни научни собири и тоа: во 1970г. на Третиот европски балканолошки конгрес во Букурешт со труд за „За еврејската музика“, во 1972г. во Сараево на Балкански музички симпозиум „За фолклорот на Балканот“, во 1993 г. во Софија на Симпозиумот организиран од Балканската научна асоцијација и во Цариград во 1994г. - 1995г. во Текир Даг

Page 5: Македонски диригенти

и Малкара - Турција на тема: „Кемал Ататурк и музиката“. За својата долгогодишна активност добива повеќе награди и тоа: наградата „4 Ноември“ за својата педагошка, научна и уметничка дејност (1971), од гимназијата „Јосип Броз Тито“ - Битола добива „Признание“ во 1972 и 1975 г.; од Музичка младина на Југославија добива „Благодарница“, од АКУД „Даме Груев“ добива „Благодарница“ по повод 30-годишното постоење. Во 1999г. со успех го одбранува својот магистерски труд на тема „Детскиот музички фолклор во Македонија и неговото место во музичкото воспитание и образование во градинките и училиштата“ и се стекнува со научен степен магистер по методика на музичка настава. Во 2000г. успешно ја одбранува докторската дисертација под наслов „Детскиот музички фолклор кај Балканските славјански православни народи (Македонците, Бугарите и Србите)“ и се стекнува со звање доктор на педагошки науки.

ИВИЦА ЗОРИЌ е македонски диригент, роден во Белград во 1948г. Основно образование завршил во Тетово, а средно музичко училиште во Битола. Дипломирал, магистрирал и докторирал на ФМУ во Скопје, како прв Доктор од областа на интерпретација во Македонија. Во 1977г. го основа детскиот хор "Лале", а во 1981г. го основа и женскиот младински хор "Менада" во Тетово. Од 1980г. до јули 2007г. бил директор на ОМУ "Тодор Скаловски - Тетоец" од Тетово, под чие раководство учениците од оваа училиште освоиле 180 републички и 50 меѓународни награди. На репертоарот со хоровите со кои работи поставил повеќе од 450 композиции од различни стилови и епохи на 18 јазици. Во македонската и меѓународната културна јавност познат е пред се како реномиран хорски диригент. Со хоровите "Лале" и "Менада"

има остварено повеќе од 1000 настапи во земјава и странство. Како диригент со хоровите настапувал на фестивали, коцертни турнеи и конкурси во 17 земји: Албанија, Бугарија, Србија, Грција, Словенија, Турција, Романија, Италија, Австрија, Германија, Чешка, Полска, Шпанија, Шведска, Холандија, Данска и Португалија. Како учесник на меѓународните хорски натпревари во странство ги освоил следните награди: Прва награда во Добрич, Бугарија; две втори награди во Литомишл, Чешка; една прва и една втора награда во Гисен, Германија; една втора и една трета награда во Целје, Словенија; една втора и една трета награда во Превеза, Грција; две први награди и "Гран при" во Бад Ишл, Австрија. На меѓународниот хорски фестивал "Драган Шуплевски" во Скопје во 2002г. ја освои третата награда, а на фестивалот во Хајновка, Полска во 1999г. доделена му е наградата за најуспешен диригент на фестивалот. На републичкиот натпревар во Кавадарци со хоровите "Лале" и "Менада" освоил 21 прво место и 2 втори места, како и повеќе пати награда за диригент и награди за праизведба. Повеќе македонски композитори посветиле композиции за маестро Ивица Зориќ и за хоровите со кој работи. Како музички истражувач, теоретичар и педагог од областа на хорската музика учествувал со свои трудови на домашни и меѓународни собири и трибини. Во организација на Хорскиот фестивал "ТЕХО" вклучен е од самиот почеток, денес е претседател на Управниот одбор на оваа, кај нас, единствена меѓународна хорска манифестација. Како општественик во областа на културата, организирал повеќе од 1000 концерти на сериозна музика со реномирани домашни и странски уметници. Иницијатор и оснивач е на "Балканскиот хорски форум", во Тетово во 1998г. во кој членуваат преставници од Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Србија и Романија. Во 1979г. ја добива "19 Ноемвриската" награда на Тетово, во 1982г. наградата "Кирил Пејчиновиќ", во 2005г. највисоката државна награда на Македонија "11 Октомври" и во 2007г. наградата на Здужението на музички педагози за "Повеќегодишна успешна работа во областа на музичката педагогија".

САШО ТАТАРЧЕВСКИ е роден во Битола каде се здобива со основно и средно музичко образование. Дипломира и магистрира на ФМУ Скопје на катедрите за хорско и оркестарско диригирање работејќи со професорите Д.Шуплевски, Ф.Муратовски и С.Николовски. Посетува и мајсторски курсеви кај Х. Рилинг во Њујорк, Ф. Каротенуто во Рим, М. Горенштајн во Москва и М. Јуровски во Берлин. Настапувал со различни ансамбли вклучувајќи ги Македонската филхармонија, Оркестарот на МОБ, Orchestra sinfonica di ICE – Рим, Битолскиот камерен оркестар, Алеа, Битолската опера, Симфонискиот оркестар на Битолско културно лето, Солисти на

Page 6: Македонски диригенти

ФМУ, Симфонискиот оркестар на ФМУ, Хоровите “Драган Шуплевски“, “Магнолија“ од Словачка и “Стив Наумов“, вокалниот ансамбл на Танец, Мандолинскиот оркестар при МКЦ и други камерни и симфониски состави. Во моментов работи како професор на ФМУ по група предмети од областа на диригирањето и диригент на Женскиот младински хор при МКЦ. Освен на сцените низ Македонија, вклучувајќи ги и најреномираните манифестации како Охридско лето, Скопско лето, Денови на Македонска музика, Хераклејски вечери, Есенски музички свечености и многу други, има настапувано и освоено награди со различни ансамбли во Португалија, Словенија, Шкотска, Белгија, Грција, Швајцарија, Шпанија, Хрватска, Италија, Србија, Бугарија, Чешка, Турција, Полска и Русија.

АЛЕКСАНДАР ЏАМБАЗОВ е роден на 3 февруари 1937г. во с.Стапар, Војводина, македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо, Настапувал во земјава и во странство (Раденци во Словенија). Добитник е на педесетина стручни награди. Неговиот творечки опус е многу богат. Автор е на голем број детски песни. Иницијатор и долгогодишен диригент беше на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска и филмска музика: „Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“, повеќе дела од класичната музика „Рапсодија за Скопје“ - за пијано и оркестар 1966г., „Седум танцови варијации“ - за

пијано и оркестар 1977г., компонирал хорски композиции, голем број популарни мелодии.

ЗАПРО ЗАПРОВ е македонски диригент, сликар, композитор и универзитетски професор. Запров е роден во 1947г. во село Пиперево, Струмичко. Основно училиште завршил во училиште „Герас Цунев“, а средно музичко училиште во Штип. Факултет за музичка уметност завршил во Скопје, додека магистрирал на Музичката академија во Белград. Проф. Запро Запров е истакнат хорски диригент кој континуирано настапува во државава и во светот. Резултат од неговата севкупна музичка дејност се 53 меѓународни и 56 државни, врвни награди и признанија, меѓу кои и наградата „11 Октомври” за особен придонес во културата и уметноста. Зад себе има над 2500 концерти и настапи, над 1000 минути трајни аудио и видеозаписи, околу 20 радио и ТВ емисии, околу 700 изведени вокални, инструментални и вокално-инструментални дела од

врвната светска музичка литература. Основач е на Детскиот хор „Изворче”, Женскиот хор „Рустико” и Хорското Студио „Рустико”, во чиј состав се Детскиот хор „Развигорче” и Женскиот Младински Хор. Предава по преметот Основи на музичкото воспитание со методика на педагошкиот факултет во Скопје, компонира и аранжира хорска, детска и друг вид на музика.

ВАЊА НИКОЛОВСКИ ЃУМАР - Роден е во Битола 1968г. во музичко семејство. Своето музичко образование го стекнува во Македонија. Дипломира диригирање и композиција на ФМУ во Скопје, а специјализира диригирање на Конзерваториумот „ Николај Римски Корсаков“ во Санкт Петербург. Од 1996 год. активно работи како прв диригент на Операта („Травијата“, „Веселата вдовица“, „Боеми“, „Тоска“, „Набуко“, „Риголето“, „Волшебната флејта“, „ Норма“, „Трубадур“, „Кармен“, „Кавалерија Рустикана“, „Аида“, „Мадам Батерфлај“, „Фауст“, „Лучија ди Ламермур“, „ Борис Годунов„ и др.), во исто време е и редовен гостин диригент на Филхармонијата, на Воениот оркестар, на Младинскиот оркестар, на неколку хорски ансамбли... Неговиот композиторски опус е со музика за разни вокално-инструментални форми, претстави, аранжмани. По

шестгодишно отсуство од македонската музичка сцена, диригентот Вања Николовски-Ѓумар

Page 7: Македонски диригенти

на 21 јули 2007г. гостуваше на фестивалот „Охридско лето“. Ја диригираше Вердиевата „Риголето“ во изведба на Македонската опера во преполнетиот Антички театар чија изведба беше поздравена со овации. Во моментов работи на докторатот по оперско диригирање и ги подготвува „ Боеми“ и „Волшебната флејта“ со солисти и оркестар, а инаку пет години по ред настапува во една од најголемите цркви во Феникс за Божиќ, диригира со хор, солисти и оркестар.

САША НИКОЛОВСКИ - ЃУМАР е роден 1966г. во Битола. Дипломира на ФМУ на отсекот за музичка теорија и педагогија и на отсекот за композиција и диригирање кај проф. Фимчо Муратовски. Уште како студент е активен на музичката сцена - како диригент на академскиот хор "Мирче Ацев", уметнички директор и диригент на оркестарот на Музичката младина на Македонија, основач и дириген на интернационалниот оркестар "Синтезис", настапувајќи во нашата земја и надвор од неа - Крајова, Будимпешта, Сараево. Во меѓувреме бележи настапи и со Македонската филхармонија, Македонската Опера и со хорот и оркестарот на ФМУ. Во 1996г. специјализирал на конзерваториумот "Николај Римски-Корсаков" во Санкт Петербург, Русија, кај еминентните педагози Илија Мусин и Николај Кукушин. Во 1999г. ги завршува постдипломските студии на музичката

академија "Панчо Владигеров" во Софија кај проф. Васил Казанџиев. Во моментот работи како доцент на ФМУ - Скопје по предметите диригирање, оркестар и хор.

БОРЈАН ЦАНЕВ дипломирар на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија, Бугарија. Од 1999г. е редовен диригент на Македонската филхармонија, а во 2001г. специјализира на Кралскиот музички колеџ во Лондон, В.Британија. Посетува мајсторски курсeви и пракса кај диригентите Сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а подоцна му асистира на Сер Колин Дејвис во Моцартовата опера "Дон Џовани" во продукција на Кралската оперска школа. Добитник е на наградата "Аугуст Ман" за најдобар диригент на Кралскиот музички колеџ, а настапува и со Лондонскиот симфониски оркестар во рамките на мајсторскиот курс на Сер Колин Дејвис. Од 1999г. до денес, Цанев остварува бројни концерти со камерниот оркестар на Македонската филхармонија во

Македонија и странство: Рим, Париз, Истанбул, Прага, Полска и др. Во меѓувреме делува и како главен диригент на камерниот оркестар "Скопски солисти". Неговото успешно деби со Софиската филхармонија во 2004г. му носи низа концерти со најреномираниот бугарски симфониски оркестар, а од 2006г. е назначен за редовен гостин–диригент на овој оркестар. Диригира и со ансамблот на Македонската опера и балет каде ја поставува премиерата на Моцартовата опера "Волшебната флејта". Покрај овие ансамбли, Цанев настапува и со други симфониски и камерни оркестри меѓу кои: симфонискиот оркестар "Станислав Бинички" - Белград, "Симфониета" - Софија, "Синфониета" при Кралскиот музички колеџ во Лондон, Симфонискиот оркестар при ДМА "Панчо Владигеров"-Софија, Симфонискиот орекестар при ФМУ-Скопје, камерниот оркестар на "Музичка младина на Македонија", ансамблот за современа музика "Алеа", Хрватскиот камерен оркестар, Задарскиот камерен оркестар и др. Учествувал на голем број реномирани фестивали во земјава и странство, соработувајќи со реномирани солисти како Дејвид Герет, Јоханес Мозер, Иља Гринголтс, Раби Абу Калил, Моника Лесковар, Гзавие Филипс, Кристиан Фрон, Питер Лукаш-Граф, Бранимир Слокар, Серџо Тиемпо, Благој Нацоски, Ана Дурловски, Ана и Олег Кондартенко и др. Борјан Цанев има остварено гостувања во Англија, Италија, Франција, Хрватска, Србија, Бугарија, Турција, Чешка, Полска, а воедно има направено и трајни снимки за Македонската радио телевизија, Бугарското национално радио и "F.A.M.E'S - Macedonia". Тој е вонреден професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во 2010г. Сојузот на композиторите на Македонија му ја доделува наградата “Георги Божиков“ за најдобра изведба на дела од македонски автори за 2009г.

Page 8: Македонски диригенти

ОЛИВЕР БАЛАБУРСКИ имаше многу успешни концерти со многу истакнати оркестри и ансамбли, како што е симфонискиот оркестар на Кралскиот музички колеџ во Лондон-Велика Британија, Македонската филхармонија, Оркестарот на Операта на Македонскиот народен театар на Универзитетот во Торонто симфониски оркестар, опера на Народна Театарот во Белград, Ниш симфониски оркестар. Тој имаше прекрасна изведба на La Forza del Destino во Софија Националната опера и балет и Турандот во Сава центар во Белград. Исто така, тој има направено многу успешни премиери како La Forza del Destino, Боеми, Пучини, Дон Џовани, Турандот, Травијата, Кавалерија рустикана ", Аида, Тоска и др. Во 1999г. тој бил награден од

Кралскиот музички колеџ во Лондон, Велика Британија, специјализиран за симфониски репертоар учејќи од истакнатиот диригент и професор Џон Карев. По неговото враќање од Англија, тој бил назначен за уметнички директор на Операта на Македонскиот народен театар, каде тој успева значително да се зголеми буџетот и да го зголеми репертоарот на Операта. До 2004г. тој ќе биде главен диригент во истата опера. Во 2006г. ја виде можност да оди подлабоко во тајните на широкиот симфониски репертоар и ги започнува постдипломските студии за изведба на Универзитетот во Торонто, кај својот ментор и наставник, еминентниот диригент, професор Рафи Ерменин. Тој, исто така студирал кај д-р Дорин Рао на Универзитетот во Торонто, пополнувајќи ја потреба за филозофски и практичен пристап и знаење за широка вокално-инструменталната музика. Тој имал чест да активно да учествува на мастер класи од Сер Роџер Norrington и Мајкл Thilson Томас и од еден од најголемите Бах власти, Хелмут Rilling. Од септември 2008г. тој е назначен како диригент на Hart House Chamber Strings, а во ноември 2010г. тој е музички директор на Huronia Symphony Ochestra.

БИСЕРА ЧАДЛОВСКА е родена во 1978г. во Скопје. Нижото и средно музичко училиште го завршува во МБУЦ - Илија Николовски - Луј. Во 1996г. се запишува на Факултетот за музичка уметност на отсекот по диригирање во класата на професор Фимчо Муратовски. Дипломира во 2001г., во класата на проф.Фимчо Муратовски, со највисока оценка. Во текот на студиите работи и настапува со оркестарот и хорот на ФМУ, камерниот оркестар Солисти на ФМУ и Македонската Филхармонија. По завршувањето на студиите се запишува на пост-дипломски студии по симфониско и оперско диригирање на Државната музичка академија „Панчо Владигеров” во Софија, Бугарија, каде ќе магистрира во Февруари 2004г. во класата на професорите Пламен Џуров и Александар Јосифов.

Истовремено работи и со детскиот хор „Развигорче” при Младинскиот културен центар. Од Јануари 2003г. е ангажирана како хор-мајстор во Операта на МНТ. Бисера Чадловска е единствената жена - диригент во Македонија, која активно се занимава со оваа, често знаат да кажат машка професија. Зад себе има две сезони професионална кариера како диригент во Македонската опера и балет, каде што работи на поголемиот дел од оперско-балетските претстави на репертоарот. Зборува англиски, италијански и шпански и е магистер по диригирање од Академијата во Софија. Оваа енергична и успешна млада жена знае да каже за себе дека диригирањето и било предодредено од мала, дека отсекогаш се гледала себеси зад диригентскиот пулт и со стапчето в рака.

АСАН ЕРОЛ