34
1 CEED Macedonia Business Angels Club ПРИРАЧНИК БИЗНИС АНГЕЛИ профил, инвестирање, организирање Проф. Д-р Вељанд Рамадани © CEED Macedonia Скопје, Февруари 2019

БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

  • Upload
    vuliem

  • View
    318

  • Download
    1

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

1

CEED Macedonia Business Angels Club

ПРИРАЧНИК

БИЗНИС АНГЕЛИ профил, инвестирање, организирање

Проф. Д-р Вељанд Рамадани

© CEED Macedonia

Скопје, Февруари 2019

Page 2: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

2

Содржина: 1. ВОВЕД………………………………………………………………………………………………………..3

2. ПРОФИЛ И АТРИБУТИ НА БИЗНИС АНГЕЛИТЕ..........................................3-8

3. МОТИВИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ......................................................................8-10

4. КРИТЕРИУМИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ............................................................10-13

5. ПРОЦЕС НА ИНВЕСТИРАЊЕ.....................................................................13-19

6. ЗНАЧЕЊЕ НА БИЗНИС АНГЕЛИТЕ............................................................20-21

7. MРЕЖИ НА БИЗНИС АНГЕЛИ...................................................................21-28

8. МЕРКИ ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИС АНГЕЛИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА...............28-30

9. CEED МАКЕДОНИЈА..................................................................................30-31

10. CEED MACEDONIA BUSINESS ANGELS CLUB……………………………………….31-32

Page 3: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

3

ВОВЕД

Финансирањето претставува многу важен елемент за опстанокот и развојот на малите и

средните претпријатија. Бизнис ангелите играат клучна улога во финансирањето на малите и

средните претпријатија, особено на оние кои се иновативни и со висок потенцијал за раст. Тие го

пополнуваат финансискиот јаз кој се појавува помеѓу основачите, семејството и пријателите, од

една страна и официјалните институции за ризичен капитал, од друга страна, како извори на

финансирање на малите и средните претпријатија. Групите на бизнис ангели инвестираат големи

суми на пари во претпријатијата кои се наоѓаат во раните ризични фази на развој. Тие претпочитат

да инвестираат во раната фаза на развој на малите и средните претпријатија.

Бизнис ангелите се од посебно значење за малите и средните претпријатија и поради

фактот што освен финансиска поддршка, обезбедуваат и искуства, знаења, експертиза и контакти

за ризичните бизниси. Бизнис ангелите се поединци со големо искуство во бизнисот, низ кое

стекнале богатство и знаења, и кое се спремни да им ги стават на располагање на сопствениците

на малите и средните претпријатија за започнување и развој на нивните бизниси.

Една од карактеристиките на бизнис ангелите е анонимноста. Како резултат на тоа многу

идеи остануваат нереализирани. За да се елиминира тоа, во многу земји постои тенденција за

формирање на мрежи на бизнис ангели, кои ќе помогнат во поврзувањето на бизнис ангелите и

сопствениците на малите и средни претпријатија.

ПРОФИЛ И АТРИБУТИ НА БИЗНИС АНГЕЛИТЕ

Терминот “бизнис ангели“ потекнува од Бродвеј (Broadway), кон крајот на XIX век, каде

богатите инвеститори им обезбедуваа средства на режисерите за да ја финансираат продукцијата

на нови мјузикли и драми. Покрај финансиските приноси, нивната мотивација извираше и од

љубовта кон театарот и можноста да стекнуваат пријателства со славни актери, сценаристи и

продуценти. Овие инвеститори обезбедуваа високо - ризичен капитал и беа мотивирани од

нешто поголемо од пари. Дури и денес, сценаристите, актерите, продуцентите и музичарите

често зависат од алтруизмот на другите да ги унапредуваат нивните проекти и кариери.

Покрај Бродвеј, бизнис ангелите станаа критичен извор на финансирање на ризични, но

ветувачки идеи и проекти. Само за илустрација, во 1874, Alexander Graham Bell ги искористи

средствата од бизнис ангелите за да го формира Bell Telephone; во 1903 пет бизнис ангели го

помогнаа Henry Ford, гигантот на автомобилската индустрија со 40.000 $; во 1977 еден бизнис

ангел инвестираше 91.000 $ во Apple Computer; во 1978 еден бизнис ангел го иницираше

формирањето на ланецот на продавници на Body Shop. Во поново време, многу компании како

што се Amazon.com, Apple, The Mining Company, Go2Net, Firefly и др. својот опстанок му го должат

токму на бизнис ангелите, односно нивните финансиски средства, експертиза и искуство

(Ramadani, 2009). Неколку успешни приказни се дадени во Табела 1.

Бизнис ангелите претставуваат релативно нова, но многу интересна форма на

обезбедување и инвестирање на финансиски средства во перспективни, ветувачки

претприемнички претпријатија.

Page 4: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

4

Табела 1. Улогата на бизнис ангелите во развојот на познати компании

Компанија

Бизнис ангел

Вид на бизнис

Инвестиција

Вредност во моментот на излегување

Apple Computer Непознат Компјутер.

хардвер $ 91,000 $ 154 милиони

Amazon.com

Томас Алберг On-line книжара $ 100,000 $ 26 милиони

Blue Rhino

Ендрју Филиповски

Цистерни за носење

пропаниум $ 500,000 $ 24 милиони

Lifeminders.com

Франс Кок

Интернет e-маил

потсетник $ 100,000 $ 3 милиони

Body Shop Јан

Мекглин Производи за здраво тело

£ 4,000 £ 42 милиони

Ml Laboraties Кевин

Лич Медицински

третмани £ 50,000 £ 71 милиони

Matcon Иван

Семененко Големи

контејнери £ 15,000 £ 2.5 милиони

Извор: Според Munck and Saublens, 2006, p. 65.

Во литературата постојат неколку дефиниции за бизнис ангелите, кои меѓу себе и не се

разликуваат многу. Според Фити и Рамадани (2013), бизнис ангелите de facto ги сочинуваат

поединци кои располагаат со слободни парични средства кои сакаат да ги инвестираат за

реализација на претприемнички идеи. Најчесто станува збор за пензионирани менаџери кои при

напуштање на фирмите добиле високи отпремнини, парични награди и слично, понатаму за луѓе

претприемачи и менаџери кои се збогатиле во бизнисот, но повеќе не се активни и т.н. Според

Колин Мejсон (2006) бизнис ангелите се дефинирани како богати поединци кои инвестираат свои

пари, го трошат своето време и нудат експертиза во компании кои не котираат на берза, со кои

немаат семеен однос, со надеж дека ќе остварат одредена добивка.

Значи, бизнис ангелите претставуваат приватни инвеститори, кои што во текот на

нивното активно работење стекнале богатство и искуство и се спремни тоа да го инвестираат во

нови мали и средни претпријатија со цел да им помогнат на младите претприемачи, и нормално,

да остварат профит за себе.

Бизнис ангелите обично имале успешна бизнис кариера, но сега поради старост или од

други причини не можат целосно да му се посветат на бизнисот. Во нивните мисли секогаш е

присутно мотото “сепак може уште повеќе да се заработи“. Овој нивен став секогаш со себе носи

ризик од можноста да се изгубат многу пари, но тоа нив не ги спречува да го прифатат

предизвикот.

Карактеристики на бизнис ангелите

Богати личности. Поседувањето на богатство е еден од главните предуслови за

станување бизнис ангел. На пример, во САД, бизнис ангелите инвестираат 25.000$ по зделка и

типично имаат портфолио од 7 инвестиции (Angel Capital Association, 2018). Истражувањата

потврдуваат дека еден од тројца бизнис ангели во САД имаат чиста заработка повеќе од 1 милион

$. Исто така, се потенцира дека во кругот на бизнис ангели, “неколкумина“ од нив се милионери.

Page 5: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

5

Масон и Харисон забележале дека 19% од бизнис ангелите во Велика Британија се милионери

(Mason, 2006:5).

Мажи. Студиите направени во различни земји потврдуваат дека, доминантно, бизнис

ангелите се мажи, на пример: во САД - 78%, Велика Британија - 91%, Германија - 95%, Франција –

91%, Бугарија – 77%, додека во Македонија, околу 80% се мажи (Angel Capital Association 2018,

Ramadani, 2009). Ова може да биде како резултат на малиот број на жени кои имаат создадено

успешни, претприемнички компании, или на оние кои биле или се на врвни позиции во големите

компании. Како и да е, жените бизнис ангели имаат слични карактеристики со тие на мажите и

нивниот број се повеќе расте.

Група од 40 до 65 годишна возраст. На оваа возраст се смета дека претприемачите

стекнале доволно искуство, а воедно и заработиле пари и им останува да одберат - да бидат

“ослободени од обврските“ или да станат бизнис ангели, со што ваквите личности остануваат

економски активни. Некои претприемачи во нивните 40-ти или 50-ти години често изјавуваат дека

станале бизнис ангели бидејќи многу брзо им здодеал пасивниот живот, и како што вели еден

бизнис ангел: “...и играњето голф 7 пати неделно, многу брзо станува монотонија...”

(angelinvestitor.com). Во Велика Британија, просечната возраст на бизнис ангелите е 52 години.

Попрецизно, 9% се помеѓу 18 и 34 години, 16% се помеѓу 35 и 44 години, 24% се помеѓу 45 и 54

години, 30% се помеѓу 55 и 64 години и 21% се постари од 65 години (British Business Bank and the

UK Business Angel Association, 2018:10).

Образовани. Бизнис ангелите, типично се луѓе со универзитетска диплома и/или со

професионални квалификации. Како и да е, ангелите со завршени магистерски и докторски

студии се ретки. Според многу истражувања, околу 75% од бизнис ангелите се со факултетска

диплома, а некаде околу 20% од бизнис ангелите биле запишани на факултет но не завршиле.

Инвестирање на сопствени средства. Фактот дека бизнис ангелите инвестираат

сопствени средства ги разликува од институционалните фондови на ризичен - капитал, чии

фондови доаѓаат од извори, како што се пензиските фондови, банки и различни фондации, кои

имаат законска обврска на претпазливост, односно да инвестираат во помалку ризични

инвестиции. Еве што вели Мејсон за бизнис ангелите: “Прво, бизнис ангелите не мора да

инвестираат ако не најдат соодветни, примамливи идеи и проекти; второ, ангелите можат да

донесат брзи инвестициони одлуки, зашто не одговараат никому; трето, ангелите имаат помала

потреба за финансиски и правен специјалист, така да трошоците за инвеститорот се пониски;

четврто, бизнис ангелите можат да поставуваат посебни, свои критериуми на инвестирање,

додека кај институционалните ризико капиталисти забележуваме широка лепеза на строги

критериуми кои треба да се исполнат за да се привлечат нивните средства” (Mason, 2006:140).

Ризични одлуки. Поголемиот број од бизнис ангелите имаат огромно, а често и успешно

искуство во менаџирањето на компаниите. Имајќи го ова во предвид, тие се спремни за

донесување на различни одлуки, кои во себе често сносат и голема доза на ризик. Преку

инвестирањето во нови компании, бизнис ангелите се враќаат на “стариот начин на живот“. Но,

треба да се има предвид дека, и покрај фактот што некогаш биле успешни претприемачи, или

биле на врвни позиции во големи компании, бизнис ангелите, не секогаш ги поседуваат бараните

знаења и вештини за успешно управување со компаниите.

Локално инвестирање. Бизнис ангелите преферираат да инвестираат во претпријатија

кои се наоѓаат во близина на нивниот дом, обично околу 100 - 150 км оддалеченост или 1-2 часа

возење со автомобил. Само за илустрација, во Велика Британија 67% од бизнис ангелите

инвестираат во претпријатија, кои се оддалечени до 100 миљи од нивниот дом или работно

Page 6: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

6

место, додека во Норвешка 48% (Reitan and Sorheim, 1999). Бизнис ангелите преферираат да

инвестираат во близина за да бидат во можност што почесто да се среќаваат со претприемачот и

да ја посетат фирмата во која инвестираат за да видат одблизу како напредува.

Директно инвестирање. Пристапот на инвестирање на бизнис ангелите во нови мали и

средни претпријатија е различен. Тој вклучува активно вклучување, советувања, обезбедување

на стратешки совети, работење во мрежата и во некои случаи директно преземање на одредена

функција. Поради ова, бизнис ангелите често се опишуваат како ‘средства и советувања’.

Можноста да се биде инволвиран во почетокот на некој бизнис е значаен мотив за бизнис

ангелите. Инволвирањето во самите компании, исто така ги намалува асиметричните

информации и моралниот хазард, со што се намалува и ризикот.

Компании кои не котираат на берза. Бизнис ангелите инвестираат во компании кои не

котираат на берза. Поради високиот ризик на инвестирање во нови, млади компании, повеќето

од бизнис ангелите инвестираат само 5 до 15% од нивните средства во вакви компании. На овој

начин, ако инвестициите не успеваат, а и често не успеат, загубите нема да влијаат драстично на

нивниот начин на живеење.

Профит и забава. Бизнис ангелите инвестираат со цел да реализираат профит. Меѓутоа,

голем број на истражувања потврдуваат дека забавата и уживањето што произлегуваат од

инвестициите од овој вид се многу значајни, дополнителни причини за инвестирање во ризични

идеи и проекти. Еден шкотски бизнис ангел вели: “Немојте да ме сфатите погрешно, сакам да

направам пари. Но, имам поминато доста добро во бизнисот, и би сакал да им помогнам и на

другите да го направат тоа” (аngelinvestor.com). Истражувањата укажуваат дека повеќето од

бизнис ангелите се спремни да инвестираат во бизниси кои се сметаат како корисни за

општеството, а со тоа и да реализираат добра заработка, или, едноставно сакаат да ги поддржат,

да им помогнат на младите претприемачи (Ramadani, 2012).

Успешни поединци. Повеќето од бизнис ангелите имале сопствено искуство во

започнувањето на одреден бизнис, како и во нивниот раст и развој. Mногу бизнис ангели

стекнале доволно искуство кое е потребно за започнување, управување и “жнеење“ на успешен

претприемачки потфат. Низ текот на нивните професионални кариери се имаат подготвено да ги

оценат придобивките и ризиците на перспективните инвестиции. Останатите се типично луѓе кои

биле на високи позиции во големите компании или имаат стручни, бизнис способности и се

инволвирани во претприемнички компании (сметководители, консултанти, адвокати) и се

збогатиле од високите примања кои ги добивале. Исто така, важно е да се истакне дека другите

професионалци, надвор од светот на бизнисот, како на пример лекари, стоматолози, и

вработените во јавниот сектор, поретко стануваат бизнис ангели.

Во едно истражување направено од Ван Оснабриж и Робинсон (2000) откриени се

неколку карактеристики на бизнис ангелите:

▪ Бизнис ангелите преферираат инвестиции во мали износи,

▪ Бизнис ангелите инвестираат во нови мали претпријатија,

▪ Бизнис ангелите инвестираат во сите индустриски сектори,

▪ Бизнис ангелите се пофлексибилни во однос на одлучувањето за инвестирање,

▪ При зголемување на капиталот од бизнис ангели се плаќаат помали трошоци,

▪ Бизнис ангелите ја зголемуваат вредноста на фирмите во кои инвестираат,

▪ Финансирањето од бизнис ангелите е географски дисперзирано,

▪ Добивањето на средства од бизнис ангелите има “растечки“ ефект,

Page 7: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

7

▪ Бизнис ангелите гарантираат фондови,

▪ Бизнис ангелите не избегнуваат инвестирање во претпријатија од секторот на високи

технологии.

Но, бизнис ангелите имаат и неколку недостатоци (Ramadani, 2009):

▪ Бизнис ангелите ретко обезбедуваат капитал во подоцнежните фази на развој на

фирмата. Тие инвестираат претежно во почетните фази на развој на претпријатијата;

▪ Бизнис ангелите преферираат да учествуваат и да имаат важна улога во управувањето

на фирмите во кои инвестираат, а тоа може да го принуди претприемачот да отстапи

од некои негови привилегии. Но, некои бизнис ангели може да немаат доволно

искуство во управување на фирми од областа во која функционира фирмата во која

инвестираат, и како резултат на тоа нивниот придонес може да биде под рамките на

очекувањата;

▪ Еден мал број на бизнис ангели може да се претворат во “демони“, така да преку

инвестирање во одредена фирма се обидуваат да ги реализираат само сопствените

цели, а не и на претприемачот;

Преферирани бизниси за инвестирање

Развојот на претпријатијатa се одвива во неколку фази: 1) Пред-зачеток (Pre-seed stage):

Претприемачот има идеја или проект за потенцијален профитабилен бизнис, кој треба да биде

развиен и докажан; 2) Зачеток (Seed stage): Идејата веќе се развила до таа фаза да може да се

подготви за комерцијализирање. Оваа фаза трае помалку од една година; 3) Рана фаза и почеток

(Early stage & Start-up stage): Во оваа фаза претприемачот го развива производот и почнува со

иницијални маркетинг активности. Бизнисот може да е започнат, но производот сеуште не се

продава комерцијално; 4) Експанзија (Expansion stage): Во оваа фаза претпријатието го

произведува производот и го нуди на пазарот, ја усовршува технологијата и бара нови работници.

Со континуиран висок раст може да стане јавно позната во рок од шест месеци до една година;

5) Откуп и свртување (Buy-out & Turnaround) - претпријатието може да се ликвидира или пак да

се реновира; 6) Пред појавување на берза (Pre-IPO) - претпријатието се развива добро и се спрема

да стане јавно, односно да се појави на берза.

Еден од најголемите придонеси на бизнис ангелите е тоа што тие преферираат

инвестирање во preseed, seed, start-up и early-stage претпријатија. Во Европа, 44% од бизнис

ангелите инвестирале во pre-seed фаза, 63% во seed фаза и 30% во early stage & start-up фаза

(EBAN, 2018). Во САД, 55-72% од бизнис ангелите инвестираат во start-up или early-stage

претпријатија. Слична е ситуацијата и во Велика Британија каде што 50-65% инвестираат во вакви

претпријатија. За разлика од САД и Велика Британија, во Шведска бизнис ангелите преферираат

да финансираат во подоцнежните фази на развој на претпријатијата (Рамадани, 2017).

Многу бизнис ангели преферираат early-stage претпријатија затоа што тие се

единствените претпријатија каде што бизнис ангелите можат да играат значајна, активна улога

пред тие да бидат “исфрлени“ од пазарот. Други пак, преферираат start-up и early-stage

претпријатија, затоа што тие претставуваат вистински предизвик за нив, односно претставуваат

“нешто повеќе од коцкање“.

Page 8: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

8

Многу често бизнис ангелите се поврзуваат со финансирањето на новите технологии,

односно претпријатија што се активни на полето на новите високи технологии. Меѓутоа, тоа се

само посебен вид на бизниси со висок ризик.

Во едно истражување направено во Велика Британија, на прашањето во кои сектори би

инвестирале во 2018-та година, бизнис ангелите одговориле дека би се одлучиле за: здравство,

биотехнологија, финансиска технологија (FinTech), софтвер и е-бизнис, и како што може да се

види, сите се техно-интензивни сектори (British Business Bank and the UK Business Angel Association,

2018). Инаку, бизнис ангелите потенцирале дека можат да инвестираат во сите сектори. Ова го

потврдувале поодамна и Ван Оснабриж и Робинсон (2000:65) кои забележале бизнис ангели кои

инвестирале во фабрики за градење на јахти, во изградба на хокеј арена за полупрофесионален

клуб, продавници за перење алишта и сл. Бизнис ангелите пред сè ги интересира потенцијалот за

раст, а не дејноста во којашто работи претпријатието. Бизнис ангелите се особено

заинтересирани за бизниси кои имаат висок потенцијал на раст, а не бизниси кои ќе останат мали.

Инаку, бизнис ангелите инвестираат во тие области за кои имаат знаења и вештини и каде можат

да дадат поголем придонес за развојот на фирмите.

Бизнис ангелите се подготвени да го ризикуваат својот капитал што го вложуваат во

новите компании, но за таа сметка бараат учество во идниот раст на бизнисот. Тие очекуваат, а

понекогаш тоа и се случува, развојот на бизнисот во кој што влегуваат да биде спектакуларен.

Според тоа, многу е значајно претприемачот - носител на идејата, да биде подготвен дел од

својот иден раст да го подели со бизнис ангелот/ите, затоа што во спротивно тој нема да биде

заинтересиран да инвестира кај него (Фити и Рамадани, 2013).

МОТИВИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ

Рековме дека бизнис ангелите се прилично богати луѓе, кои во текот на своето работење,

освен што стекнале големо богатство, стекнале и големо знаење и искуство во бизнисот.

Повеќето од нив биле на раководни позиции или менаџирале свои бизниси. Имајќи го предвид

тоа дека имале динамичен живот, пензионирањето или други околности што придонеле да

престанат активно да се бават со бизнис, ним им создава одредени проблеми. Тешко им е да се

адаптираат на новиот начин на живеење, односно да бидат пасивни. Тргнувајќи од ова, тие се

обидуваат да најдат можности за инвестирање за повторно да “профункционираат“. Прашањето

за тоа што ги мотивира овие луѓе пак да се вклучат во бизнисот, поточно, да инвестираат во нови

и ризични бизниси е од особено значење, чиј одговор претприемачите мора да го знаат.

Мотивите кои ги “тераат“ бизнис ангелите да инвестираат во нови, ризични идеи и проекти можат

да бидат различни, како на пример, очекувањето на високи профити, чувството за општествена

одговорност, помагањето на младите претприемачи да создаваат свои компании и сл., а некои

бизнис ангели инвестираат просто за забава и задоволство.

Во едно истражување направено од France Angels, биле евидентирани следните мотиви

за инвестирање: можноста за додавање на вредност (на своето богатство и на претпријатието во

кое инвестираат), помагање на претприемачите во создавање на свој бизнис, со своето знаење и

искуство да придонесат во остварувањето на локален економски развој, можноста за повторно

вработување, како и други мотиви (Слика 1). Нешто слично е констатирано и во друго

истражување, прикажано во Табела 2.

Page 9: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

9

Слика 1. Мотиви за инвестирање на бизнис ангелите

Извор: Според France Angels (2004)

Бизнис ангелите типично инвестираат мал дел од нивното богатство во новите мали и

средни претпријатија, така што доколку ги изгубат, тоа нема драстично да влијае врз нивниот

начин на живеење. Тие чувствуваат големо задоволство кога ќе видат дека малите претпријатија

во кои инвестираат добро работат, кога ќе видат дека претприемачот ги прифаќа нивните совети

кои што пак понатаму придонесуваат за постигнување на добри финансиски резултати. Но, мора

да се напомене - бизнис ангелите не се филантропи. Бизнис ангелите се мотивирани првенствено

од можноста за зголемување на нивното богатство, од можноста за остварување на профит од

нивните инвестиции. Повеќето истражувања потврдуваат дека бизнис ангелите просечно

очекуваат стапка на враќање од 20-30% од нивните инвестиции. Боб Бозман, генерален партнер

во Angel Investors LP, вели: “Сакам уште да заработувам. Во новите мали претпријатија гледам

можности да дојдам до добра заработка. Но, и претприемачот има придобивки од тоа. При

започнување на бизнис треба да се помине низ многу тешкотии, да се преговара со различни

луѓе. Тоа е тешко за него. Јас веќе сум поминал низ тоа и можам да му помогнам“

(www.svangel.com).

Табела 2. Мотиви за инвестирање на бизнис ангелите

Мотиви за инвестирање

Мажи N=20

Жени N=19

Да ги поддржат идните генерации на претприемачи 2.10 2.68

Лична сатисфакција од инволвирањето во претприемачки бизниси 1.45 1.47

Потенцијалот за раст 1.50 1.58

Да им помогнат на пријателите да создаваат свои бизниси 2.60 2.89

Реализираат приходи - сега или во иднина 1.80 1.95

Да го поддржат производството на производи и услуги кои се корисни за општеството

2.20 2.84

Забава 1.95 2.32

За позитивен впечаток, углед во средината во која живеат 2.60 2.89

Други не-финансиски мотиви 2.70 2.95

Даночни олеснувања 2.05 2.16

1 = многу важно, 2 = важно, 3 = не е важно

Извор: Според Harrison and Mason, 2005, р. 14.

Еден добар дел на бизнис ангели инвестираат првично поради не-финансиски мотиви.

Алтруизмот претставува клучен фактор овие бизнис ангели да инвестираат во нови

34.50%

27.00%

12.70%

10.50%

7.80%

1.90%

5.60%

Додавање вредност

Авантура/забава

Помош при создавање ново претпријатие

Придонес во локалниот економски развој

Профит

Работно место за себе

Други мотиви

Page 10: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

10

претпријатија. Тие чувствуваат обврска знаењето и искуството кое го стекнале низ текот на своето

работење да го пренесат на новите генерации претприемачи, за и овие да успеат во нивните

намери да создадат успешни бизниси и да стекнат големи богатства.

Бери Молц, познат бизнис ангел и ко-создавач на организацијата Prairie Angels вели: “Во

своето минато, како претприемач, сум постигнал големи успеси, но сум имал и неуспеси во моето

работење. Сега сакам ова искуство да им го пренесам на другите, да им помогнам на луѓето да

не ги прават грешките што сум ги правел јас. Јас сум се изгорел понекогаш, па не сакам и другите

да се изгорат. Сега сакам да се испробам како советник на младите претприемачи за да им

помогнам да го реализираат сонот“ (www.prairieangels.org).

Некои бизнис ангели просто инвестираат за да го стимулираат и развиваат

претприемништвото во регионот во кој живеат, а со тоа да создаваат и нови работни места и

економски просперитет.

Во едно истражување пак, беше евидентиран интересен случај за тоа што ги мотивира

бизнис ангелите да инвестираат во нови проекти. Некои бизнис ангели се мотивираат од некој

настан што им се случил во нивниот живот. На еден бизнис ангел му починала сопругата од рак

на дојката. Тој заедно со други бизнис ангели, негови пријатели, финансирале едно истражување

за евентуално пронаоѓање на лек против ракот (Hill and Power, 2005).

Тргнувајќи од фактот дека постојат различни бизнис ангели, така и мотивите за

инвестирање се различни. Значи, видовме дека некои бизнис ангели се мотивирани од можноста

за остварување на добивка, некои пак се мотивирани од тоа да им помогнат на други да создадат

свои претпријатија, свои успешни бизниси.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ

Да се разберат критериумите на бизнис ангелите, значи да се разберат некои правила кои

треба да ги исполнат новите мали и средни претпријатија за да привлекуваат финансиски

средства и know-how од бизнис ангелите. Бизнис ангелите инвестираат истовремено во неколку

претпријатија. При одлучувањето да се инвестира во некое претпријатие, бизнис ангелите

претпочитаат да знаат повеќе за тие претпријатија за да видат дали тие ги исполнуваат

критериумите кои се поставени од нив (Види Табела 3).

Табела 3. Критериуми за инвестирање

Критериуми Поени Рангирање

Квалитетен менаџмент 7,1 1

Потенцијал за раст 4,7 2

Производ 4,4 3

Големина на пазарот 4,3 4

Бариери за влез 4,2 5

Конкуренција 4,0 6

Стапка на враќање 3,9 7

Извор: Според Hill and Power, 2002, p. 226.

Критериумите за инвестирање, всушност ги претставуваат карактеристиките на

претпријатијата кои би можеле да ги убедат бизнис ангелите да инвестираат во нив. Како такви

се наведуваат следните:

▪ Способноста на претприемачот/менаџерскиот тим

Page 11: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

11

▪ Производот кој го нуди претпријатието

▪ Технологијата со која располага претпријатието

▪ Локацијата на претпријатието во кое се инвестира

▪ Атрактивноста на бизнис планот кој се презентира на бизнис ангелите

▪ Можноста за ко-инвестирање со други искусни бизнис ангели

▪ Можноста за директно инволвирање во процесот на одлучување

▪ Јасна стратегија за излез од претпријатието и др.

Претприемачот

За поголемиот број на бизнис ангели, претприемачот е еден од основните фактори за

привлекување на инвестиции во малите бизниси. Повеќето од нив сакаат да работат со

претприемачот подолго време за да се осигурат дека тој е компатибилен и квалификуван.

“Доколку пред вас стои човек, оценет со А, кој има идеја оценета со Б, инвестирајте во него. Но,

никогаш не инвестирајте во човек оценет со Б, иако има идеја оценета со А“ (Bygrave and Timmons,

1992:102). Значи, бизнис ангелите повеќе инвестираат во луѓе, отколку во сектори или други

фактори. Сè се врти околу луѓето и, ако тие се погрешни, бизнис ангелите не инвестираат.

Претприемачот навистина е битен фактор. Бизнис ангелите велат дека во раните фази тешко е да

се состави добар менаџерски тим, тим од неколку луѓе со посебни способности и квалификации.

Поради тоа, тие сакаат да имаат јасна слика за претприемачот, за неговата чесност, да видат со

какви способности располага, какви успеси постигнал во минатото итн. Еден претприемач за да

го убеди бизнис ангелот да инвестира во неговото претпријатие, треба да ги има следните

карактеристики (Hill and Power, 2002:79):

▪ Фокусирање: Претприемачот треба целосно да биде фокусиран на тоа што треба

да го направи за да се оствари мисијата на неговото претпријатие.

▪ Флексибилност: Кога претприемачот тргнува по некој пат, и по некое време

забележува дека оди по погрешниот, треба да биде спремен да го најде правиот пат, односно

да биде спремен да ја промени неговата стратегија на делување.

▪ Енергичност и јасна определеност за постигнување на успех: Бизнис ангелите

сакаат да видат како претприемачот “врие“ од желба да постигне успех во својата работа, има

голема желба да создаде претпријатие кое ќе прерасне во големо и успешно претпријатие.

▪ Висока интелигенција: Почнувањето нов бизнис претставува предизвик со многу

нејаснотии и проблеми. Претприемачот треба да знае да ги реши нив.

▪ Интегритет: Бизнис ангелот кога ќе слушне нешто од претприемачот, сака тоа

да биде искрено и точно. Тие не сакаат да слушаат работи кои се невистинити.

Craig Johnson oд Venture Law Group, за претприемачот вели: “претприемачот треба да

биде чесен, да има висок интегритет, голема посветеност кон работата. Исто така, претприемачот

треба да биде спремен да слуша, да биде насочен, да биде спремен да го смени неговото

однесување, неговите планови. Светот се менува рапидно. Тој мора да биде подготвен да ги

промени курсот и стратегијата, како што се менува светот и пазарот“ (www.vlg.com).

За многу бизнис ангели, битен елемент е износот на сопствени средства кој

претприемачите го инвестирале во новото претпријатие. Доколку претприемачот има

инвестирано добра сума во своето претпријатие, тогаш бизнис ангелите би можеле да

инвестираат во нив. Тоа им влева еден вид на сигурност дека претприемачот навистина е решен

да работи за да постигне успех, односно верува во својата инвестиција.

Page 12: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

12

Производот

По карактеристиките на претприемачот, битен фактор за да се привлечат бизнис ангелите

претставува производот. За да инвестираат во некој бизнис односно претпријатие, бизнис

ангелите бараат претпријатието да понуди добар производ кој е прифатлив и баран на пазарот.

Бараат производ кој може брзо да се продава, а не производи кои завршуваат на складишта.

За да биде атрактивен за бизнис ангелите, производот треба да исполни неколку

карактеристики:

▪ Треба да се продава брзо и лесно,

▪ Треба да има прифатлива цена и за производителот и за потрошувачот,

▪ Треба да биде со висок квалитет,

▪ Треба да биде конкурентен на пазарот,

▪ Треба да биде патентиран.

Претпријатијата треба да бидат насочени кон производство на производи кои ќе ги

покријат целокупните сегменти на пазарот. Заради тоа претпријатијата треба да произведуваат

такви производи кои ќе овозможат задоволување на потребите на поголем број на потрошувачи,

а со тоа и остварување на поголема добивка, со што би ги привлекле бизнис ангелите да

инвестираат во нив.

Бизнис планот

Повеќето претприемачи мислат и очекуваат дека доколку напишат добар, сеопфатен

бизнис план, ги зголемуваат шансите да добијат средства од бизнис ангелите. Претприемачите

треба на бизнис ангелите да им презентираат добар и јасен бизнис план, заради тоа што тој

претставува нивно огледало - каков бизнис план, такви претприемачи. Еден бизнис ангел вака го

коментира ова: “Сакам да видам професионално напишани бизнис планови. Колку се по

професионално напишани, толку повеќе ме привлекуваат да инвестирам. Ако примам некој

бизнис план кој содржи многу грешки или му недостасуваат неколку страници, веднаш го фрлам

во канта за отпадоци. Претприемач кој не е способен да напише и презентира добар бизнис план,

не знам како може да управува некој бизнис“ (Van Osnabrugge and Robinson, 2000:133). Но, постои

и добар дел на бизнис ангели, кои воопшто не сакат да видат и прочитаат бизнис планови. Овие

велат дека кога се пишува бизнис планот, сите се оптимисти и мислат дека претпријатието може

да успее. Повеќето од претприемачите во нивните бизнис планови дават погрешна, нереална

слика за себе си и претпријатието.

Можност за инволвирање во претпријатието

Битен фактор при донесувањето одлука да се инвестира во некое претпријатие е и

можноста за вклучување на бизнис ангелите во претпријатието. Бизнис ангелите сакаат во

претпријатието во кое инвестираат да одиграат важна улога во процесот на одлучување. Тие

сакаат стекнатото знаење и долгогодишно искуство да го пренесат во претпријатието и со тоа да

му помагаат на претприемачот во водењето на бизнисот. Во претпријатијата во кои се активно и

директно вклучени бизнис ангелите, можноста да се постигне успех е поголема.

Page 13: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

13

Можноста за ко-инвестирање

Доколку постои можност да се ко-инвестира со други бизнис ангели или други извори на

финансирање, можноста за добивање на финансиски средства од бизнис ангелите е поголема.

Бизнис ангелите мислат дека е добро да се инвестира со други поради тоа што така се намалува

ризикот при инвестирањето, а и “повеќе глави, подобро мислат“. Но, треба да се напомене дека

бизнис ангелите претпочитаат да ко-инвестираат со луѓе кои добро ги познаваат, во спротивно

не би сакале да инвестираат заедно со други.

Можноста за излез

Треба децидно да се напомене дека бизнис ангелите не се поврзуваат со претприемачите

или претпријатијата во кои инвестираат засекогаш. По некое време, обично по 5-7 години, бизнис

ангелите сакаат да излезат од претпријатијата во кои инвестирале, односно сакаат да ги вратат

своите средства заедно со добивката и да бараат нови можности за инвестирање.

Локацијата

Локацијата на претпријатието е доста битен фактор при донесувањето на одлука за

инвестирање. Бизнис ангелите претпочитаат да инвестираат во претпријатија кои се блиску од

нивното место на живеење. Обично, инвестираат во претпријатија кои се во оддалеченост од 50-

100 км или 1-2 часа возење.

ПРОЦЕС НА ИНВЕСТИРАЊЕ

Процесот на инвестирање од страна на бизнис ангелите се одвива низ неколку фази

(Слика 2). Во литературата за бизнис ангели, бројот на фазите се разликува. Кај некои автори

бројот на фази е поголем, до осум фази, каде што се вбројуваат следните: мотиви за инвестирање,

поставување на критериуми за инвестирање, барање на извори на можности за инвестирање,

почетна анализа на тие можности, детално оценување и вреднување на можностите на

инвестирање, преговарање и склучување на договор со претприемачите во чии бизниси се

инвестира, начинот на вклучување во бизнисот во кој инвестираат и дефинирање на начините на

излегување од тие бизниси (Van Osnabrugge and Robinson, 2000; Benjamin and Margulis, 2005).

Според други студии, процесот на инвестирање се состои од пет фази: барање на можности за

инвестирање, евалуација на можностите, преговарање, пост-инвестиционо инволвирање и

дефинирање на начините за излез од тие бизниси (Маson, 2006; Venture Support Systemѕ Project,

2000).

Page 14: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

14

Слика 2. Процес на инвестирање

Идентификување на извори на зделки

Многу истражувања потврдуваат дека бизнис ангелите применуваат ad hoc и ненаучен

пристап во идентификувањето на можности за инвестирање. Се претпоставува дека повеќето од

инвестициите произлегуваат од некоја случајност или среќа. Неформалните лични контакти, како

што се бизнис соработниците и пријателите, се најзначајни извори на зделки. Професионалните

контакти се помалку значајни во однос на личните контакти. Од овие извори, сметководителите

се најчести извори, додека некои бизнис ангели добиваат информации за одредени зделки од

адвокати, банкари и брокери. На тие бизнис ангели, кои што се познати во нивните заедници,

претприемачите им пристапуваат директно.

Информациите од медиумите се исто така значаен извор на зделки за одредени бизнис

ангели. Исто така, постојат и такви бизнис ангели, кои што сами “трчаат“ по зделки, односно

можности за инвестирање. Оние бизнис ангели кои што членуваат во мрежи на бизнис ангели

(Business Angel Networks) изјавуваат дека самите мрежи претставуваат значајни извори на зделки.

Кели и Хај (2003:295) забележуваат дека повеќето од активните бизнис ангели имаат помалку

доверба во т.н. “јавни” извори (сметководители, адвокати) на зделки и повеќе им веруваат на

“приватните” извори. Повеќето од нивните зделки се реферирани од извори, со кои претходно

имале долга и успешна соработка, односно од доверливи бизнис соработници и пријатели на кои

им веруваат повеќе. Eден автор во врска со ова вели: ”Доколку претприемачот е непознат за

бизнис ангелот, но бизнис ангелот го знае и му верува на изворот, тогаш ризикот е намален”

(Mason, 2006:21). Некои од изворите на зделки кои што се користат од шведските бизнис ангели,

како и нивната важност, се претставувани во Табела 4.

Page 15: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

15

Табела 4. Извори на зделки во Шведска

Извор Важност (во %)

важно неутрално Не е важно

Бизнис асоцијации 66 15 19

Лично барање на извори 59 10 31

Мрежи на бизнис ангели 57 13 29

Самите претприемачи 44 19 37

Семејство и пријатели 36 16 48

Фирми на ризико-капитал 27 14 59

Медиуми 22 20 58

Банки и брокери 22 18 60

Сметководители 22 12 66

Солицитори/Олеснувачи 20 14 66

Не-профитни организации 15 9 76

Владини организации 7 5 88

Извор: Според Mansson аnd Landström (2005).

Евалуација на зделки

Процесот на евалуација на можностите за инвестирање опфаќа во себе најмалку две

посебни фази:

▪ Почетно оценување и вреднување (почетна анализа), и

▪ Детално оценување и вреднување (детална анализа/due diligence).

Почетниот чекор на бизнис ангелите е да ги проценат инвестиционите можности во

врска со нивното ”вклопување” во нивните лични критериуми за инвестирање. Инвестиционата

можност, исто така ќе биде разгледана во однос на локацијата, колку е оддалечена од домот на

бизнис ангелот, видот на бизнисот, потребниот износ за инвестирање, како и други лични

критериуми за инвестирање. Бизнис ангелот, исто така, пред себеси ги поставува и следните

прашања: прво, “дали јас знам нешто за оваа индустрија, пазар или технологија?”, и второ ”дали

можам да додадам некоја вредност на овој бизнис?”. Јасно, способноста да се додаде вредност

е многу често функција на тоа дали бизнис ангелот има познавања за индустријата во која

планира да инвестира. Ако одговорите на двете прашања се негативни, тогаш можноста ќе биде

одбиена на самиот почеток. Бизнис ангелите почнуваат со прегледување на оние инвестициски

можности кои што донекаде ги исполнуваат нивните критериуми за инвестирање. Беше кажано

дека некои бизнис ангели очекуваат и бараат да им се достави бизнис план, сепак, во оваа фаза

тие нема да го прочитаат планот во детали. Во оваа фаза на процесот на донесувањето на одлука,

нивната цел е само да проценат дали одредената понуда вреди да се разгледува и да и се посвети

време и внимание. Оваа фаза беше детално анализирана од Мејсон и Роџерс (1997) кои,

користејќи ја т.н. анализа на вербален протокол, еден вид на експериментална техника, каде што

од субјектите (во овој случај бизнис ангелите) се бара да размислат на глас и да ја извршуваат

задачата (во овој случај оценувањето на вистинска инвестициона можност). Тие забележаа дека

бизнис ангелите во оваа фаза apriori очекуваат можноста да биде сиромашна и бараат причини

да ја одбијат. Авторите претпочитаат да се применува т.н. пристап “три удари, и ти си исклучен”,

што значи одбивањето на можностите треба да се заснова врз неколку фактори, а не само на

еден, кој се нарекува ‘“уништувач на зделката”. Пазарот и претприемачот се клучните елементи

на разгледување во оваа фаза. Помалку важни се производот/услугата и финансиските фактори.

Ангелите покажуваат значителен скептицизам за вредноста на финансиските информации

Page 16: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

16

прикажани во бизнис планот на новите претпријатија. Сепак, инвеститорите сакаат да видат дека

во инвестиционата можност постои потенцијал за значаен финансиски принос и сакаат да знаат

за што точно ќе бидат употребени нивните пари. Некои ангели можат да бидат пофлексибилни,

и се обидуваат да постават т.н. “компензациски критериуми“ како на пример - добар и ефикасен

менаџерски тим ќе биде компензација за далечната локација, додека други се по ригидни во

однос на критериумите за инвестирање.

Целта на почетната анализа е да ги отстранат “безнадежните можности” за да го

фокусираат нивното време врз можностите од коишто се гледа дека има потенцијал за “добар

бизнис“. Овие инвестициони можности ќе бидат детално анализирани. Бизнис ангелот детално

ќе го прочита бизнис планот, ќе ги анализира финансиските информации, ќе ги посети деловните

простории, ќе изврши лично истражување за да собере дополнителни информации за пазарните

можности, конкуренцијата и т.н., а исто така ќе ги анализира и процени вредностите и

способностите на претприемачот/менаџерскиот тим. Личното запознавање со претприемачите,

со неколку формални и неформални состаноци, е најважниот дел на процесот. Според Меј и

Симонс (2001:101), овој процес ”може да се состои од неколку телефонски повици, една или две

посети или состаноци, разменување на неколку документи и прашања, прашања, прашања...”.

Според ова, изгледа дека повеќето од бизнис ангелите ја истакнуваат нивната интуиција и осет,

отколку извршувањето на формална анализа - иако повеќето од искусните бизнис ангели и групи

на бизнис ангели применуваат пософистицирани пристапи.

Оваа фаза завршува кога бизнис ангелот ќе одлучи дали да преговара или не со

претприемачот за зделката. Во една студија направена во Канада, Ридинг и дp. (1993), дознаа

дека 72.6% од можностите беа отфрлени уште во почетната фаза, другите 15.9% беа отфрлени

при деталната евалуација, и како што оваа фаза оди понатаму беа отфрлени уште 6.3%, така што

кумулативната стапка на отфрлени, одбиени зделки изнесува 94.8%. Вака, бизнис ангелите

продолжуваат до фазата на преговори со само 5% од инвестиционите можности што ги добиваат

од различни извори.

Преговарање и склучување договор

Откако е завршена постапката на евалуација на можностите на инвестирање и бизнис

ангелите се решени да одат понатаму со трансакцијата, следна фаза е таа во која, бизнис ангелите

и претприемачите “седнуваат на маса“ за да преговараат за структурата на трансакцијата,

условите и начините на евентуалното инвестирање и нивно “ставање на хартија“.

Во процесот на преговарање треба да се извршат следните задачи: прво, оценување и

вреднување на претпријатието; второ, да се дефинираат точките кои се предмет на договарање

(цена на акциите, видот на акциите, бројот на акциите, тајмингот и др.) и трето, условите под кои

се инвестира (во некои случаи, и начинот на вклучување на бизнис ангелот во претпријатието во

кое се инвестира).

Причините за преговарање и потпишување договор помеѓу бизнис ангелите и

претприемачите можат да бидат различни. Една од причините е дека со тоа се обезбедува добра

основа за развојот на нивниот меѓусебен однос; второ, бизнис ангелите потпишуваат договори

за да ги заштитат нивните инвестиции; и трето, договорите ги специфицираат правата и

обврските на двете странки-се одредува што ќе се направи, од кого и за колку време.

Според многу автори, во поголемиот дел на зделки кои што достигнуваа до оваа фаза, не

беше потпишан договор за инвестирање. Најчеста причина поради која не беа направени

Page 17: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

17

инвестициите беше поврзана со вреднувањето на претпријатието или идејата - постоење на

комплетно различни гледишта помеѓу претприемачите и бизнис ангелите. Повеќето од бизнис

ангелите се жалат на тоа дека претприемачите го преценуваат своето претпријатие или својата

идеја, а ги потценуваат потенцијалните придонеси, придобивки (финансиски и нефинансиски) од

бизнис ангелите кои се потребни за раст и развој на бизнисот (Hainey и др. 2003:24). Не постои

општо прифатлив метод за вреднување на малите претпријатија. Меј и Симонс (2001:129)

забележуваат дека ”вреднувањето на една нова и мала фирма, повеќе се сведува на нагаѓање”.

Бизнис ангелите признаваат дека договорот треба да биде фер кон двете страни.

Понекогаш, договорите кои што се добри за бизнис ангелите, можат да бидат штетни за

претприемачите, а тоа не е добро. Во студијата на Мејсон и Харисон (1997), две третини од бизнис

ангелите и претприемачите сметаа дека договорот за инвестирање беше еднакво корисен,

поволен за двете страни. Половина од бизнис ангелите соопштија дека ова беше и нивна цел,

двете страни да се задоволни. Само мал број на бизнис ангели веруваа дека договорот беше

поповолен за претприемачите. Така, студијата заклучува дека во повеќето од случаите,

претприемачите не се искористени од бизнис ангелите кога се одлучуваат да бараат финансиски

средства од нив.

Во некои случаи договорите се неквалитетни, нецелосни. Постојат неколку причини за

тоа:

▪ скапо е да се напишат комплетни договори,

▪ невозможно е да се предвидат сите настани во иднина, и

▪ постоењето на асиметрични информации.

Процесот на преговарање кај бизнис ангелите трае прилично кратко. Некои бизнис

ангели преговараат помалку од една недела, а некои пак подолго. Oвој краток период на

преговарање повеќе се оправдува со тоа дека во фазата на евалуација детално се анализира

претпријатието и нема потреба многу да се преговара. Некои бизнис ангели и не им дават многу

значење на преговорите бидејќи, како што велат, во фазата на анализирање на зделките, кога ќе

видат што им се нуди, многу не се оптеретуваат со некои услови и правила. Веднаш одлучуваат

да инвестираат (Van Osnabrugge and Robinson, 2000).

Во поголемиот број на инвестиции, во фазата на преговарање се консултираат и

професионални советници, адвокати, сметководители и сл., но, тие речиси никогаш не

учествуваат директно во процесот на преговарање. Адвокатите на пример, обично го

разгледуваат, анализираат договорот, ги дават нивните мислења, но не се вклучуваат во процесот

на преговарање. Слично е и со сметководителите - можат да бидат консултирани, да се бара совет

од нив, но ретко одигруваат позабележителна улога во преговорите.

Пост-инвестиционо инволвирање – мониторинг

По завршувањето на преговорите и постигнувањето на договор за инвестирање, бизнис

ангелите треба да одлучат дали, во претпријатието во кое инвестираат, ќе се инволвираат

активно или пасивно. За тоа како бизнис ангелите се инволвираат во претпријатието, пресудни

се нивните способности, искуство, секторот во кој спаѓа претпријатието, а понекогаш и

географските аспекти (локацијата на претпријатието). Бизнис ангелите кои се искусни, имаат

големи знаења и вештини и живеат во близина на претпријатието, обично се одлучуваат за

активно инволвирање.

Page 18: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

18

Слика 3. Денови поминати во фирмите во кои инвестираат бизнис ангелите

Извор: British Business Bank and UK Business Angels Association, 2018, p.19

Сепак, поголемиот број на бизнис ангели се одлучуваат за активен мониторинг врз

претпријатието во кое инвестираат (Види Слика 3). Тоа значи дека тие често, во просек 2 пати

неделно, ќе бидат во претпријатието и ќе видат како се одвиваат работите. Со тоа мислат дека

можат да дадат поголем придонес за претпријатието и подобро можат да ги заштитат своите пари

во почетните ризични фази на развој на претпријатието. Сакаат да знаат точно како се трошат

нивните пари. “Јас не можам да седам настрана и да чекам некој извештај за постигнатите

резултати после четири месеци. Не можам да верувам никому толку време. Ме фаќа нервоза,

сакам да бидам директно инволвиран во претпријатието“ - вака го коментира ова еден бизнис

ангел (Van Osnabrugge and Robinson, 2000:188).

Бизнис ангелите кои се инволвирани активно во претпријатието во кое инвестираат,

обично заземаат некое место во менаџментот (пополнуваат некоја празнина во менаџментот)

или се ангажираат како консултанти за да можат на некаков начин да учествуваат во процесот на

одлучување. Тие обично сакаат да се “мешаат“ при избор на менаџери на претпријатието, при

избор на членови на управниот одбор, при подготовка на финансиската стратегија, маркетинг

стратегијата и друго (Venture Support System Projects, 2000:44).

Значи, покрај активното инволвирање во претпријатието во кое се инвестира, бизнис

ангелите можат да “одиграат“ и пасивна улога, што значи дека тие се инволвираат во тие моменти

кога настанал некој посериозен проблем и се бара помош од нив за решавање на тој проблем,

ситуација.

Бизнис ангелите пасивно можат да се инволвираат на следните начини:

▪ периодична ревизија на финансиските извештаи на претпријатието;

▪ место во управниот или советодавниот одбор на претпријатието.

Во врска со првиот начин на инволвирање (периодична ревизија на финансиските извештаи

на претпријатието), еден бизнис ангел вели: “Најдобро е да добиеме тримесечни извештаи за

билансот на состојбата, билансот на успех, известување за некој голем настан што се случува во

компанијата, како и извештај за нивните планови во иднина - 3 до 4 страници се доволни. Не

сакам да читам многу страници, сакам да знам само за најважните работи што се случуваат во

45%

26%

25%

4%

Помалку од 1 ден

1 ден

2-5 денови

6-7 денови

Page 19: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

19

компанијата. И ако евентаулно нешто не оди според планот, сакам да бидам известен навремено.

Не сакам да слушам дека се е О.К. а потоа да ми речат дека ни требаат уште пари за да

преживееме. Сакам да ги знам сите работи, добри и лоши“ (Hill and Power, 2002:276).

Местото во управниот одбор на претпријатијата во раните фази на развој, на бизнис

ангелите на некаков начин им дава можност да дејствуваат врз претприемачите, односно

менаџментот за да преземаат активности кои одат во прилог на двете страни, и на менаџментот

(претприемачот) и на бизнис ангелите.

Стратегии за излез

Претходно напоменавме дека бизнис ангелите не се вечно врзани зa претприемачите,

односно претпријатијата во кои инвестираат. Тие, по некој период, откако претпријатието ќе ги

помине ризичните фази на развој, одлучуваат да излезат од тоа претпријатие, да ја “жнеат“

својата добивка и да бараат нови претпријатија за инвестирање. Должината на периодот на

инвестирање во малите и средни претпријатија различни автори различно го оценуваат. Според

едни, периодот на инвестирање е четири години, според други - пет до седум години. Бизнис

ангелите истакнуваат дека поважно е да се излезе со добивка, отколку да се расправа за времето

на инволвираност, поради фактот што инвестирањето во претпријатија кои се сосема нови и не

котираат на берза се посебно ризични. Бизнис ангелите очекуваат различни стапки на враќање

на нивните инвестиции. Стапките на враќање се движат од 20 – 50%. Бигрејв и Тимонс (2002:153)

во своето истражување, направено во САД, забележаа дека тие се движат од 30 – 50%. Кај

поголемиот дел на инвестиции тие се движеа околу 30%.

Бизнис ангелите и претприемачите алтернативните стратегии за излез пожелно е да ги

дефинираат уште на почеток, или во фазата на преговарање. Бизнис ангелите, при излегување

од претпријатијата во кои инвестирале, можат да ги употребат следните стратегии за излез (exit

strategies):

▪ иницијална јавна понуда,

▪ продавање на акциите на основачите,

▪ продавање на акциите на други инвеститори,

▪ присоединување или аквизиција и др.

Во истражувањето на Мејсон и Харисон (www.babson.edu) беше констатирано дека

бизнис ангелите повеќе преферираат да ги користат мерџерите и аквизициите за да ја “жнеат“

својата добивка од инвестирањето. Вообичаено, полесно е да се најде некоја компанија која е

заинтересирана да си купи мало претпријатие поради стратешки цели. Тие го претпочитаат овој

начин на излегување од претпријатија во кои инвестирале и поради фактот што можат да ги

продадат сите акции одеднаш. Според истото истражување, стратегиите за излез од

претпријатијата во кои се инвестирало, беа употребени како што следи: аквизицијата – 43,1%;

продажба на акциите на други акционери (сопственици) – 26,4%; продажба на трета странка –

16,7%; иницијална јавна понуда – 12,6% и ликвидација на активата – 1,3%.

Page 20: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

20

ЗНАЧЕЊЕ НА БИЗНИС АНГЕЛИТЕ

Општо прифатено е дека бизнис ангелите играат значајна, витална улога во

финансирањето на малите и средните претпријатија и развојот на претприемништвото. Според

многу истражувања, бизнис ангелите и неформалниот пазар на ризико-капитал се еден од

основните предуслови за создавање на силни мали и средни претпријатија (Hisrich et al., 2017).

Значењето на бизнис ангелите за развојот на малите и средните претпријатија се гледа во

следново:

Прво, износот на финансии кои бизнис ангелите ги имаат инвестирано, или имаат намера

да ги инвестираат е доста значаен. За жал, не е можно да се утврди точниот број на бизнис ангели,

бројот на направени инвестиции или износот кој е инвестиран од нив. Ова е поради тоа што

бизнис ангелите немаат обврска да ги пријават нивните инвестиции или самите да се

идентификуваат. Беше кажано дека поголемиот број на бизнис ангелите тежнеат да ја чуваат

нивната анонимност за да не бидат “поплавени“ од претприемачи и други личности кои сакаат

да ги убедат да инвестираат или да обезбедат финансиска поддршка за нивните проекти. Според

Џефри Сол, директор на Center for Venture Research, во САД има 300.000 до 350.000 активни

бизнис ангели, кои инвестираат 30 милијарди $ годишно во 50.000 потфати. Во Велика Британија

има 20.000 до 40.000 бизнис ангели, кои инвестираат 0.5 милијарди £ до 1 милијарда £ годишно

во 3.000 до 6.000 компании. Големината на видливиот и невидливиот пазар на бизнис ангели во

Европа се зголеми на 7,3 милијарди евра во 2017 година, бележејќи раст од 9% во споредба со

2016 година. Бројот на бизнис ангелите во 2017 година во Европа беше 337.500, додека тие

инвестирале во околу 40.000 зделки (EBAN, 2018; Mason, 2006). Меѓутоа, овие пресметки на

износите инвестирани од бизнис ангелите се потценети во споредба од фактичката состојба.

Зошто? Бизнис ангелите претпочитуваат да работат во дискреција. Потоа, повеќето од бизнис

ангелите располагаат со дополнителни фондови за инвестирање, но, не можат да

идентификуваат соодветни инвестициони можности. Исто така, постои солиден број на

потенцијални, односно „девици-бизнис ангели“, кои ги имаат карактеристиките на активните

бизнис ангели, но сеуште не ја направиле својата прва инвестиција, односно немаат влезено на

пазарот. Сепак со соодветна форма на поддршка, тие можат да бидат охрабрени да влезат на

пазарот. Се проценува дека односот помеѓу потенцијалните и активните бизнис ангели е 5:1

(види повеќе: Sohl, 2003).

Финансиите од бизнис ангелите заземаат значајно место во спектарот на финансии

расположливи за растење на бизнисите. Бизнис ангелите инвестираат сами или во мала група.

Сами инвестираат помалку од 10.000 $, па, во поретки случaи до 1.000.000 $, додека како групи

на бизнис ангели инвестираат од 500.000 $ и повеќе. Во основа, инвестициите од бизнис

ангелите се прават на почетните фази на развој, бидејќи институционалните фондови на

ризичниот капитал се фокусираат на зделки во подоцнежните фази на развој (Mason, 2006).

Второ, многу претприемачи се заинтересирани за т.н. “паметни пари”, што би значело

дека бизнис ангелите во фирмите, не вложуваат само парични средства, туку и експертиза и know-

how, и поради оваа причина бизнис ангелите се “попосакувани“ од претприемачите во споредба

со другите извори на капитал.

Трето, бизнис ангелите имаат големо искуство во бизнисот. Во текот на своето

работење бизнис ангелите стекнале многу пријателства, односно создале своја мрежа на

контакти, како успешни претприемачи, банкари, осигурителни компании, сметководители и сл.

Page 21: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

21

Откако тие ќе инвестираат во малите и средните претпријатија ќе ги искористат овие контакти за

да им помогнат на претпријатија да се развиваат и остваруваат позитивни финансиски резултати,

односно ќе им овозможат “сонот да го претворат во реалност“.

Четврто, значењето на бизнис ангелите за малите и средните претпријатија е поврзано

со сукцесивноста. Доста често се случува по пензионирањето или умирањето на сопственикот на

претпријатието, eден дел од неговите наследници да не сакаат (или не умеат) да продолжат во

истиот бизнис. Според разни истражувања, околу 65% од бизнисите се во рацете на членовите од

првата генерација, а само 7% од бизнисите се водат од третата и 4% од четвртата генерација

(Hisrich and Ramadani, 2017). Во вакви случаи, бизнисот ќе опстои, доколку е успешен или има

потенцијал да биде успешен, благодарение на бизнис ангелите.

Но, треба да се нагласи дека во многу земји, вклучувајќи ја и нашата, големината и моќта на бизнис ангелите не е сеуште препознаена и доволно разбрана, иако тоа е од посебно значење за малите и средните претпријатија, претприемништвото и целокупниот економски раст и развој.

MРЕЖИ НА БИЗНИС АНГЕЛИ

Основни карактеристики на мрежите на бизнис ангели

За да го зголемат нивното значење и ефикасност, бизнис ангелите формираат и свои

мрежи. Mрежите на бизнис ангели претставуваат организации чија основна цел е да ги

поврзуваат претприемачите и бизнис ангелите или пак, тоа се организации кои го олеснуваат

процесот на поврзување на претприемачите, кои бараат финансиски средства и бизнис ангели, и

бараат претпријатија во кои би инвестирале (ЕВАN, 2018). При создавањето на структурата на

мрежите на бизнис ангелите во одредена земја, може да се употребат алтернативни стратегии

во зависност од тоа кој го иницира креирањето на мрежата.

Иницијативите за формирање на мрежите на бизнис ангелите можат да произлезат од

јавниот или од приватниот сектор, во зависност од тоа колку е развиен неформалниот пазар на

капитал. Основата за јавна интервенција во развивањето на неофицијалниот пазар на ризико-

капитал е да се создадат пазари на капитал кои приватните инвеститори не се способни да ги

создадат самите. Јавните мрежи често работат како форуми на непрофитна основа, насочени да

ги покриваат трошоците од работењето, додека приватните мрежи во голема мера вршат

активности, нудат услуги за профит. Сепак, профитната ориентација може да се промени со тек

на време. Мрежата може да биде јавна и непрофитна во првите години на постоење, но потоа

може да се развие во приватна и профитно-ориентирана мрежа. Инвестициите направени од

јавната или непрофитна мрежа на бизнис ангели се главно мали и ги вклучуваат компаниите кои

се во раните фази на развој, додека мрежите од приватниот сектор најчесто се вклучени во

поголеми зделки и компании кои се во подоцнежните фази на развој (Mason and Harrison, 1997).

Page 22: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

22

Табела 5. Развојни фази на МБА и нејзината средина

Фази на развој

Почетна фаза Фаза на раст Фаза на експанзија

Средина на МБА:

▪ јавни агенции за развој

▪ национални мрежи

▪ универзитети ▪ истражувачки институти ▪ инкубатори ▪ мрежни организации ▪ клубови на инвеститори ▪ банки ▪ адвокати

▪ независни инвеститори

▪ ризико капиталисти ▪ ко-инвеститорски

фондови ▪ фондови за почетен

капитал

Влијание на средината:

▪ поддршка и финансирање на МБА

▪ обезбедување на зделки ▪ обезбедување на

инвеститори

▪ ко-инвестирање

Извор: Според Napier (2004)

Mрежите на бизнис ангели се развивaат во три фази, вклучувајќи различни учесници и

организации на средината. Исто така, забележано е дека еволуцијата на мрежите на бизнис

ангели зависи во голема мера од поддршката од средината во која делуваат (Napier, 2004).

Во почетната фаза на развој на мрежите на бизнис ангели, во некои случаи се користи

студија на остварливост за да се оценат предностите и слабостите од поставувањето нови мрежи

на бизнис ангели, особено кога jaвните власти се вклучени во структуирањето и финансирањето

на новата мрежа. Врз основа на таа студија се идентификуваат целите и дополнителните

вредности поврзани со мрежите, а како главни целни групи за мрежата се бираат специфични

сектори или проекти. Како што може да се види во Табела 5, мрежите на почеток во голема мера

зависат од агенциите за развој и од националните организации, кои им се потребни за изградба

на потребната инфраструктура. Во ова фаза многу мал број на мрежи би можел да функционира

без поддршка на владини или други институции.

Во фазата на раст, мрежите се концентрираат на обезбедување на доволни деловни

зделки и инвеститори (бизнис ангели). Главни учесници на страна на понудата во овој процес се

универзитетите, истражувачките институции и инкубаторите, обезбедувајќи им на мрежите

повеќе или помалку проверени инвестициони можности. На страна на побарувачката се наоѓаат

организациите како клубови на ризико-капиталисти и останати локални и/или регионални бизнис

клубови. Банките, сметководствените компании и адвокатите се вклучуваат во вакви проекти во

зависност од фазата на развој во која се наоѓаат мрежите. Овие институции можат да обезбедат

не само побарувачка и понуда на ризико-капитал и спонзорства за мрежата, туку и дозволуваат

да се користи нивната инфраструктура (простории) или се домаќини на настани кои се наменети

за бизнис ангелите и претприемачите.

Во фазата на експанзија, мрежите бараат надворешни инвеститори кои се спремни да

ко-инвестираат во проектите во кои веќе инвестирале еден или повеќе од бизнис ангелите од

мрежата. Можностите за организирање во синдикати, создавањето свесност и разбирањето на

улогата на бизнис ангелите и официјалните ризико-капиталисти се основните елементи за

развивање на неофицијалните и официјалните пазари на капитал (Gullander аnd Napier, 2003).

Во Европа бројот на мрежите е во постојан раст. Во 2017 година бројот на мрежи во

Европа беше 475 (EBAN, 2018). Во однос на неколку земји од регионот и Македонија, состојбата

Page 23: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

23

е следна: Во Македонија регистрирани се 3 мрежи и 17 бизнис ангели, кои инвестирале 0,02

милиони € (што е многу помалку во споредба со 2016 година, кога биле инвестирани 1,4 милиони

€); Во Косово има само една мрежа, 17 бизнис ангели, кои инвестирале 0,6 милиони € во 15

зделки; Во Црна Гора регистрирана е 1 мрежa и 10 бизнис ангели, кои инвестирале 0,1 милиони

€ во 2 зделки; Во Бугарија регистрирани се 4 мрежи и 105 бизнис ангели, кои инвестирале 7

милиони € вo 42 зделки; Во Хрватска има само една мрежа, 24 бизнис ангели, кои инвестирале

1.1 милиони € во 4 зделки; Во Србија има само една мрежа, 55 бизнис ангели, кои инвестирале

2.4 милиони € во 22 зделки; и во Словенија има само една мрежа, 74 бизнис ангели, кои

инвестирале 2.5 милиони € во 16 зделки. Сето ова говори дека во Македонија и регионот,

ангелското инвестирање сеуште е недоволно развиен и прифатен приод за поддршка на

претприемништвото и малиот бизнис.

Организациска структура на мрежите на бизнис ангели

Заедничка цел на сите видови на мрежи е да ги поврзат бизнис ангелите со

претприемачите кои бараат финансиски средства. Иако мрежите се иницирани од различни

учесници низ земјите, утврдено е дека повеќето мрежи имаат сличен начин на организирање и

структурирање (види Слика 4). Организациската структура претставува систем на формално

пропишани и неформално развиени односи, според кои се реализираат активностите на луѓето

кои работат заедно (Шуклев, 2017). Организациската структура на мрежите на бизнис ангели ја

сочинуваат следните компоненти (Itzel et al, 2004,Gullander and Napier, 2003):

1) Ангел лидер 4) Комитети

2) Менаџер на мрежата (МБА) 5) Групи

3) Основна група 6) Подгрупи

1) Ангелот лидер - обично е искусен бизнис ангел. Тој е одговорен за развојот на мрежата

на бизнис ангели. Ангелот лидер често работи во тесна соработка со МБА менаџерот. Иако некои

задачи на ангелот лидер може да ги преземе МБА менаџерот (особено административните

задачи), многу од МБА менаџерите се “блокираат“ доколку нивниот ангел лидер ја напушти

мрежата. Еден МБА менаџер, при коментирање на улогата на лидерот, вели: “Мрежата на бизнис

ангели нема да биде во можност да функционира без ангелот лидер. Иако и самиот сум бизнис

ангел, ангелот лидер го познава подобро јазикот на останатите бизнис ангели, јазик кој јас тек

сега почнувам да го разбирам. Тој е одличен претставник на мрежата на бизнис

ангели”(www.angelexcpert.com). Ангелот лидер вообичаено поседува силна харизма и заедно со

МБА менаџерот го врши регрутирањето на нови бизнис ангели. Негова улога е да ја претставува

мрежата на бизнис ангели, како во медиумите, така и во контактите со другите мрежи и

организации.

2) МБА менаџер (промотер) - Менаџерот на мрежата може да дојде од различни

организации, како на пример од инкубатори, банки и од редот на адвокати. Задачите на

менаџерот се состојат од секретарски функции и администрирање на различни обврски во врска

со мрежата, како на пример, организирање состаноци, испраќање покани, водење евиденција за

членовите и сл. Во просек МБА менаџерот поминува околу 30 часа/месечно на своето работно

место. Во некои земји, многу менаџери се вработени со полно работно време, на пример во

инкубатори, но извршуваат и работи на менаџерот на МБА, а во други земји пак, МБА менаџерот

Page 24: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

24

е високо-квалификувана личност која е платена од мрежата на бизнис ангели со што овие

трошоци подеднакво се поделени меѓу членовите на мрежите на бизнис ангели.

3) Основна група - Основната група е сочинета од ангелот лидер, МБА менаџерот и некои

од најактивните бизнис ангели во мрежата, кои често се и блиски пријатели. Функцијата на

основната група е да го води, обезбедува и организира целосното работење на мрежата. Тие го

овозможуваат регрутирањето на бизнис ангели и ги организираат активностите во самата мрежа.

4) Комитети - Некои мрежи на бизнис ангели имаат формирано мали работни групи или

комитети во кои дискутираат за специфични теми, како на пример:

▪ како да обезбедат доволни и квалификувани приливи на инвестиции во мрежата,

▪ како да организираат активности за градење тимови (teambuilding) кај бизнис

ангелите,

▪ како да ја промовираат мрежата и да изградат свесност во јавноста за неа.

Самите бизнис ангели ги водат повеќето комитети, а се обраќаат до групата на бизнис

ангели на месечните состаноци, или кога има потреба за тоа. Бизнис ангелите со самостојното

извршување на овие задачи, во идеални услови ги намалуваат трошоците, а го зголемуваат

знаењето и ангажманот.

Слика 4. Oрганизациска структура на мрежите на бизнис ангели

Извор: Според Itzel, Rokaeus, Hoglund and Lundh, 2004, p. 12.

5) Групи на бизнис ангели - Групите на бизнис ангели се групи на инвеститори кои се

состануваат редовно и на кои им се нудат инвестициони предлози во кои тие би инвестирале.

Page 25: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

25

Големината на групите варира многу, од 15-60 членови. Групата на бизнис ангели исто така

организира настани наменети за градење тимови во кои учествуваат сите бизнис ангели со тоа

што се зголемува довербата и другарството меѓу бизнис ангелите. Некои бизнис ангели

одлучуваат да организираат состаноци кои се надвор од состаноците на групата и на тој начин

формираат т.н. подгрупи. Овие формации се значајни за бизнис ангелите и се составени од 3-4

бизнис ангели кои заедно инвестираат во специфични индустрии и региони на аd-hoc основа и

со група формирана само за една инвестиција. Овие однесувања можат да се објаснат преку

специфичните претпочитувања за локални компании, специфичните интереси во секторите или

едноставно навиката да инвестираат заедно.

6) Партнери (обезбедувачи на услуги) - Некои мрежи се во тесна соработка со

надворешни партнери или обезбедувачи на услуги, односно со банкари, адвокати, ревизори или

со сличен вид експерти. Во одредени случаи партнерите се дел од мрежата и учествуваат и во

организирањето на редовните состаноци на бизнис ангелите. Некои партнери ја обезбедуваат

групата на бизнис ангели со прилив на инвестициони можности кои произлегуваат од нивната

професионална мрежа на компании кои бараат инвестиции. Во други случаи, улогата на

партнерите е пасивна, бидејќи нивната примарна улога е да ја спонзорираат мрежата и да дојдат

во допир со нови клиенти.

7) Приватен инвеститор, “осамени волци” и други - Мрежите на бизнис ангели често се

припојуваат со други видови на инвеститори, како на пример неформалните приватни

инвеститори кои не се членови на мрежите (т.н. “осамени волци”), но можат да инвестираат како

пасивни инвеститори. Тие можат да се јават како партнери на инвеститорите во подоцнежните

фази, како на пример формалните ризико-капиталисти, кои инвестираат во компании во кои

инвестирале бизнис ангелите, но потоа решиле да ги напуштат. “Осамените волци” создаваат

големи фондови на капитал кој се спремни да го ризикуваат, но од различни причини се

одлучуваат да не се приклучат во мрежата. Наместо тоа, тие преферираат да создаваат полабави

врски со ангелите. “Осамените волци” често работат индивидуално, т.е. преферираат да

инвестираат сами или да бидат пасивни вложувачи во интересни проекти. Нема ништо

сомнително или чудно во ова однесување - некои луѓе претпочитаат да ги прават работите сами

и тоа го прават добро, други наоѓаат предност во работењето со други лица.

Тука е битно да се истакнат и бизнис ангелите кои ниту се членови на некоја мрежа, ниту

пак претставуваат ”осамени волци”. Тука се вбројуваат искусни и успешни бизнис ангели кои не

се приклучуваат на мрежите на бизнис ангели бидејќи таа може многу малку да им понуди како

поддршка, во споредба со тоа што може да им понуди на младите бизнис ангели.

Финансирање на мрежите на бизнис ангели

Една од најмногу дискутираните теми на многу конференции и семинари за бизнис

ангелите е темата како да се финансираат мрежите на бизнис ангели. Мрежите на бизнис ангели

многу зависат од спонзорства од јавни и приватни извори, а според Benchmark студијата за

мрежите на бизнис ангели на Европската Комисија потврдено е дека мрежите на бизнис ангели

многу ретко успеваат без некаква поддршка, било јавна или приватна.

Во зависност во која фаза на развој се наоѓаат мрежите на бизнис ангели, трошковните и

приходните елементи се различни (Табела 6 и 7). Во фаза на формирање на мрежите на бизнис

ангели, главните трошоци се однесуваат на следното: одржување состаноци, прес-конференции,

обезбедување канцеларии, креирање на веб-сајт, регрутирање на бизнис ангели, претприемачи

Page 26: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

26

и сл. Во исто време тешко се обезбедуваат приходи бидејќи на почеток мрежите имаат многу

малку да понудат.

Табела 6. Приходни елементи на буџетот во одреден временски интервал

Во почетна фаза По 5 години

Претприемачи 0% 20%

Бизнис ангели 0% 20%

Обезбедувачи на услуги 20% 40%

Јавна поддршка 80% 20%

Извор: Адаптирано според EBAN (www.eban.org)

Во подоцнежните фази на развој на мрежите на бизнис ангели, некои трошковни

елементи постепено се намалуваат, а приходните проекции се подобруваат. Во овие фази

мрежите ‘добиле признание’ на пазарот и корисниците станале посвесни за услугите кои ги нудат

мрежите. Се смета дека во подоцнежните фази на развој на мрежите се очекува значењето на

јавните финансирања и поддршка да се намали (Gulander and Napier, 2003).

Трошоци

Главни трошоци во работењето на мрежите на бизнис ангели претставуваат трошоците

за проверка и утврдување на квалитетот на новите деловни предлози. Според искуството од

NorBan мрежата во Шведска, овие трошоци изнесуваат во просек 3.000-4.000 ЕУР по

инвестициски проект (www.ebаn.org).

Табела 7. Пример за трошоци на регионална мрежа

Годишни трошоци (ЕУР)

Регрутирање бизнис ангели 2.700

Теаmbuilding настани 6.500

Состаноци 1.000

1 МБА менаџер - со скратено работно време (15часа/месечно) 15.000

Вкупно 25.200

Извор: Адаптирано според ЕBAN (www.eban.org)

Друга релативно голема трошковна компонента е системот на поврзување на бизнис

ангелите со претприемачите. Вакви системи постојат, но со различни степени на

софистицираност. За да се амортизираат овие инвестиции и да се покријат тековните трошоци на

системот, требаше да се пронајдат соодветни приходни извори. Останатите трошоци се

однесуваат на регрутирање на бизнис ангели, teambuilding настаните, месечни состаноци и сл.

Приходи

Мрежите на бизнис ангели, обично генерираат приходи од:

1) Членарините на бизнис ангелите и претприемачите кои се директно поврзани со

мрежите и ги користат нивните услуги, се зачудувачко ниски генератори на приходи, што може

да се објасни со нивните тешки финансиски ситуации (ова важи посебно за младите

претприемачи). Повеќето регионални мрежи не им наплаќаат на претприемачите за средбите со

Page 27: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

27

бизнис ангелите. На пример, во Белгија, мрежата WABAN, на претприемачите не им наплаќа

ништо за нивните услуги, додека бизнис ангелите плаќаат од 100-500 евра годишно (EBAN, 2005).

2) Провизија за успех која се заснова на завршените зделки помеѓу бизнис ангелите и

претприемачите, кои се во износ од 2-5%, очигледно се јавуваат како силен генератор на приходи,

но често се откажуваат поради големите напори за да се собере оваа провизија.

Понудени услуги од мрежите на бизнис ангели

Постепено низ својот развој, мрежите на бизнис ангели развиле асортиман од услуги и

активности наменети за претприемачите, бизнис ангелите, партнерите (обезбедувачите на

услуги) и околината на мрежите. Денес, услугите на одредена мрежа зависат од природата на

мрежата, бидејќи услугите кои ги нуди националната мрежа се разликуваат од услугите на

регионалните или секторски-ориентираните мрежи на бизнис ангели.

Општо земено, мрежите на бизнис ангели ги нудат следните услуги:

▪ Регрутирање на бизнис ангели,

▪ Обезбедување инфраструктура (веб-сајт),

▪ Формирање на асоцијација наменета за бизнис ангелите,

▪ Развивање модели на договори или стандардизирани договори,

▪ Поставување на етички упатства,

▪ Лобирање со владините агенции,

▪ Развивање на доволен прилив на деловни зделки,

▪ Обезбедување на директни поврзувања,

▪ Тренинзи и градење на тимови (teambuilding).

Во продолжение ќе бидат елаборирани некои од горенаведените, позначајни услуги.

Регрутирање бизнис ангели. Регрутирањето на бизнис ангели е една од најосновните

активности на мрежите на бизнис ангели. Регрутирањето бизнис ангели во мрежата може да се

врши на различни начини. Природно е на почеток да се регрутираат афирмирани бизнис ангели,

преку кои со употреба на “ефектот на снежна топка“ ќе се регрутираат и други. Друг пристап

претставува водењето на промотивна кампања преку различни списанија и настани, во кои ќе се

истакнат придобивките од членувањето во мрежите на бизнис ангели и сл. Преку овој начин се

регрутираат високо-квалитетни бизнис ангели, што е многу значајно за претприемачите, но и за

самата мрежа.

Обезбедување инфраструктура. Значајна активност за националните мрежи е да се

обезбеди пазар на бизнис ангели со доволна инфраструктура во смисла на регионални мрежи и

интернет страници за поврзување. Со обезбедување на ваква инфраструктура, националните

мрежи го развиваат пазарот.

Развивање на модели на договори или стандардизирани договори. Моделите на договори

за бизнис ангелите и претприемачите често се обезбедени од ревизорски и адвокатски компании

или од националната мрежа на бизнис ангели, така што нема потреба бизнис ангелите и

претприемачите да формулираат договори од почеток. Тие можат да ги користат овие модели

како почетна точка во преговорите. Важно е да се провери дали овие модели на договори се во

Page 28: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

28

согласност со етичките упатства на мрежата, а во некои случаи можеби треба да се консултира

адвокат за адаптација на текстот.

Обезбедување на практични поврзувања. Повеќето регионални и секторски мрежи се

фокусирани на директна инволвираност во процесот на спојување меѓу бизнис ангелите и

претприемачите. Бидејќи регионалните мрежи на бизнис ангели заземаат активна улога во

подготвувањето на состаноците меѓу бизнис ангелите и претприемачите, едукативниот дел има

голема улога во овие мрежи, т.е. подготовката на претприемачите да се сретнат со бизнис

ангелите. Во услугите што ги нудат овие мрежи се вбројуваат: креирање интернет страница за

поврзување, обука на инвеститорите и претприемачите, одржување конференции, организирање

средби со други членови, привлекување на идентични финансии со оние инвестирани од бизнис

ангелите, развој на врски со други мрежи на национално и интернационално ниво, итн.

Градење тимски дух и организирање на обука. За да се зајакне тимскиот дух и соработката

меѓу бизнис ангелите и претприемачите, мрежите на бизнис ангели овозможуваат одржување на

различни настани и активности. Меѓу некои од активностите во мрежите се заедничко одење (во

група) на бизнис ангели и претприемачи на крстарење, организирање на средби со бизнис ангели

во други градови или земји и сл. Обучувањето на бизнис ангелите е оправдано со постоењето на

голем број млади и неактивни бизнис ангели кои го сочинуваат пазарот на бизнис ангели.

Обуките можат да се состојат од програми со академски насоки вклучувајќи читање и обработки

на студии, како што обично се прави во едукативните програми за менаџери. Покрај ова,

организирањето во групи е многу значајна алатка за тренирање на помалку искусните бизнис

ангели, преку инвестирање во проекти заедно со поискусните бизнис ангели. Ваквите обуки се

многу практични и се илустрација на педагошкиот метод “учење преку правење“ (learning by

doing) што е добар пристап за многумина.

Етички кодекс. Многу важно е при создавањето на мрежата да се прифатат заеднички

етички упатства и правила од страна на сите членови на мрежата. Членовите на мрежата треба

да се изјаснат дали се согласуваат со правилата за нивно однесување, било како инвеститори или

како баратели на средства. Со цел сите членови на мрежата да ги прифатат овие упатства и

правила, тие треба да содржат многу објаснувања и да не се употребуваат зборови кои ќе

дозволат различни толкувања на правилата.

МЕРКИ ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИС АНГЕЛИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Развојот на ангелското инвестирање во земјите во транзиција е во својот зачеток и речиси

и да не постои статистичка евиденција за нивно постоење и дејствување (Ramadani et al. 2018).

Од друга страна, првичните податоци за дејствување на официјалниот ризичен капитал во земјите

во транзиција за прв пат се поместени во Transition Report: Finanace in Transition на EBRD, и таму

се дадени пречките за развој на ризичниот капитал воопшто (значи и за бизнис ангелите), кои

главно се сведуваат на:

▪ Неразвиени пазари на капитал (берзи),

▪ Мал број на домашни и странски инвеститори,

▪ Поголем ризик за инвестирање,

▪ Необучен и неискусен менаџмент,

▪ Корупција, лоша регулација, неповолен даночен третман за овој тип на инвестирање,

бирократско-административни пречки и сл.

Page 29: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

29

Ова што е кажано за земјите во транзиција во целост се однесува и за Македонија. За

промовирање на улогата и значењето на бизнис ангелите кај нас значајно е:

▪ Подигање на свеста за придобивките од ризичниот капитал, а во тие рамки и на

бизнис ангелите. Имајќи предвид дека во нашата земја многу малку се знае за бизнис ангелите,

постои потреба за организирање на семинари, работилници, советувања и сл., воведување на

наставни содржини во наставните програми на факултетите, објавување на стручни и научни

трудови, каде што на експлицитен начин ќе се објаснат сите добри и лоши страни кои

произлегуваат од овој начин на финансирање.

▪ Поттикнување на претприемништвото и малиот бизнис. Бизнис ангелите

претпочитаат да инвестираат во нови претприемнички бизниси со висок потенцијал на раст.

Обврска на нашата земја е континуирано да работи на подобрување на бизнис климата, иако во

оваа насокa се евидентирани некои подобрувања. Неопходно е да се намали корупцијата во

органите на системот, да ги скратат сложените постапки за добивање на разни дозволи и долгите

и матни судски процедури, да се олесни воведувањето и трансферот на нови технологии и сл.

Сето ова може да ја зголеми стапката на влез на нови претпријатија со висок потенцијал на раст,

и евентуално да ги привлекува потенцијалните инвеститори да инвестираат пари, искуство и

експертиза.

▪ Развивање на берзата. Бизнис ангелите инвестираат во претпријатија кои не котираат

на берза. Но, по некое време, тие претпријатија се развиваат, стануваат познати на пазарот, и до

дополнителни средства доаѓаат преку иницијални јавни понуди (листирање на берза). Бизнис

ангелите нивниот дел, нивните акции во претпријатијата во кои инвестирале, сакаат да ги

продадат. Доколку не постои развиена берза, доколку не би можеле да ги продадат акциите за

да реализираат профит од инвестирањето, тие не би биле заинтересирани да инвестираат во

нови бизниси. Што се однесува до Македонската берза на долгорочни хартии од вредност, таа се

карактеризира со мал промет и мала капитализација. Тоа е како резултат на неразвиената вкупна

економија, како и недоволното ниво на информации достапни за потенцијалните инвеститори.

Македонската берза на долгорочни хартии од вредност треба да соработува, односно да се

поврзува со другите регионални берзи (со некои од нив има потпишани меморандуми за

соработка, кои практично не се ефектуирани), да го развие “пазарот преку шалтер“ кој се

карактеризира со многу полиберални услови за влез на претпријатија, со што би се овозможило

и листинг на помали успешни претпријатија. Исто така, нашата берза треба да нуди посебен

сервис кој би ги собрал куповните и продажните цени на акции од различни дилери кои би им се

презентирал на потенцијалните инвеститори. Потоа, инвеститорите трансакцијата би ја извршеле

преку компјутер, без помошта на брокер. Врз вакви принципи работат НАСДАК, Ројтерс, Телерејт,

Блумберг, и др.

▪ Охрабрување на богатите личности да станат бизнис ангели. Во Македонија

постои една група на богати луѓе. Тие луѓе треба да се охрабрат, поттикнат, дел од нивното

богатство да го инвестираат во нови мали бизниси. Речиси во сите земји во кои функционираат

бизнис ангелите, како добар стимулатор за вклучување на богатите луѓе во ангелското

инвестирање се покажаа даночните олеснувања или целосното ослободување од страна на

владата.

▪ Обезбедување на поволна даночна политика. Речиси во сите земји во кои

функционира и е доста развиено ангелското инвестирање, како поттик за вклучување на

Page 30: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

30

институциите и богатите луѓе во овој тип на инвестирање се даночните олеснувања или

целосното ослободување од страна на владата за одреден период. Како мерка за поттикнување

на инвестициите во форма на ангелски капитал, добро би било потенцијалните инвеститори во

годината во која е направена инвестицијата целосно да се ослободат од данокот од доход и

данокот на добивка, додека данокот на добивка да се намали до 50% во наредните 2 години на

инвестицијата. Потоа, Владата може да го поттикне ангелското инвестирање и преку т.н. даночен

кредит, кој обезбедува намалување на даночните обврски на поединецот во форма на ‘денар за

денар’, што би значело дека даночниот кредит во висина од 10.000 денари ви заштедува 10.000

денари во даноци. На бизнис ангелите може исто така да им се понуди даночен кредит еднаков

на процентот од нивната инвестиција во одреден нов деловен потфат. На ваков начин, бизнис

ангелите добиваат непосредно, загарантирано враќање на своите пари во форма на даночен

кредит. Се смета дека даночниот кредит би претставил win-win-win ситуација за даночните

обврзници, новите фирми и државата (Hughes, 2010). Исто така многу земји применуваат и

даночни одбитоци, кои го намалуваат доходот на поединецот што подлежи на оданочување и

тие се еднакви на процентот на маргинална даночна категорија на истиот. На пример, ако

поединецот припаѓа во даночната категорија од 15%, одбивањето од 100.000 денари му

заштедуваат 10.500 денари во данок (0.15 x 100.000 = 10.500 денари). Вакви политики успешно

се применувале во: САД, Велика Британија, Франција, и др.

▪ Афирмација на бизнис ангелите од другите извори на финансирање. Деловните

банки, штедилниците, формалните ризико-капиталисти и другите различни фондови треба да ги

афирмираат бизнис ангелите, како специфичен и посебно значаен извор на капитал заради тоа

што тие даваат голема помош во создавањето на нови претпријатија. Овие претпријатија, откако

ќе застанат на ‘здрави нозе’, во понатамошните фази на развој ќе се обратат за финансиски

средства (кредити) кај овие извори, овозможувајќи им остварување на приходи во вид на камати,

провизии и сл.

Page 31: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

31

ЗА CEED МАКЕДОНИЈА

SEAF

Групацијата SEAF се занимава со инвестициски менаџмент и обезбедува капитал за мали и средни

претпријатија (МСП) во брзорастечките и пазарите во транзиција, каде што истите не се

поддржани од традиционалните извори на капитал. Преку нашата мрежа на инвестициски

фондови низ светот, SEAF инвестира во претприемачи кои имаат цел да изградат успешни

бизниси, со надеж дека ќе ги повратат средствата на инвеститорите и ќе придонесат за силен

равој на локалните заедници.

ОСНОВАЊЕТО НА CEED

Со повеќе од 20 години искуство во инвестирање во мали и средни претпријатија, +500

реализирани МСП инвестиции и 1000 технички интервенции во мали и средни претријатија од

пазарите во развој, SEAF одблизу ги познава предизвиците со кои претприемачите се соочуваат

во водењето на бизнисот. SEAF дојде до сознанието дека претприемачите генерално не беа

обучени за забрзан развој на бизнисот. Често им недостасуваше знаење и алатки за пристап на

нови пазари и тешко доаѓаа до капитал (финансиски средства). На претпримачите исто така им

недостасуваше поврзаност со други претприемачи кои имаа искуство со регионални и

интернационални пазари, каде го пласираа својот бизнис. CEED беше создаден за да излезе во

пресрет при надминување на ваквите и слични предизвици, преку регрутирање на успешни

претпримачи кои би им помогнале на оние кои сакаат да го прошират својот бизнис. CEED се

развиваше користејќи го моделот “peer to peer“ каде претприемачите ги споделуват своите

искуства, им помагаат на другите да ги пребродат предизвиците и да се здобијат со меѓусебна

доверба во заедницата.

ОСНОВАЊЕТО НА CEED ЦЕНТАРОТ ВО МАКЕДОНИЈА

CEED Македонија е дел од меѓународната мрежа на претприемачки центри, со канцеларии во

САД, Словенија, Бугарија, Романија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Ерменија,

Молдавија, Бангладеш, Тунис, Мароко и Танзанија.

Канцеларијата во Македонија започна со работа во 2007 година, како трет центар во регионот.

Истата година беше селектирана првата генерација на Top Class (денес Grow) претприемачи, а по

десет генерации Top Class, очекувано прерасна во бизнис клуб. Од основањето па се до денес,

повеќе од 1700 претприемачи и менаџери учествуваа во програми на размена на искуства,

менаџерски тренинг програми и беа дел од активностите од бизнис клубот.

CEED MACEDONIA BUSINESS ANGELS CLUB

CEED Macedonia Business Angels Club (CEED BA Club) е формиран во ноември 2013 година и е меѓу

првите клубови од ваков вид во Македонија.

Page 32: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

32

Од јануари 2016 година, CEED Macedonia Business Angels Club е официјално членка на Европската

мрежа на бизнис ангели – EBAN (European Business Angel Network).

Во клубот моментално членуваат 20 претприемачи кои се подготвени да инвестираат во бизнис

идеи или во постоечки бизниси, доколку идентификуваат потенцијал за раст, иновации и слично.

Првите бизнис идеи пред членовите на клубот беа презентирани на 2 април 2014 година.

По четиригодишното постоење на CEED Macedonia Business Angels Club, во декември 2014 година

е направена првата инвестиција, втората во мај 2015, третата во јуни 2016, а четвртата во јули

2017.

Во рамки на УСАИД Проектот за микро и мали претпријатија, кој го имплементираше CEED

Македонија, беше формиран фонд за ко-инвестиции со бизнис ангели. Инвестирано е во 4 бизнис

идеи и поддржана е изработка на еден прототип.

До сега се претставени 135 бизнис идеи, а се инвестирани околу 250.000 евра.

Page 33: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

33

ЛИТЕРАТУРА

Angel Capital Association (2018). The American Angel. Available at: http://www.theamericanangel.org/access-full-report (Accessed: Jan 22, 2019)

Benjamin, G. A. and Margulis, J B, (2005), Angel Capital: How to Rase Early-Stage Private Equity Financing, John Wiley & Sons, New Jersey, USA.

British Business Bank and the UK Business Angel Association (2018). The UK Business Angel Market, London.

Bygrave, W. D. and Timmons, J. A., (1992), Venture Capital at the Crossroads, Harward Business Scholl Press, Boston, USA.

EBRD (2006), Transition report 2006: Finance in Transition. European Bank for Reconstruction and Development, London.

European Business Angel Network/EBAN, (2018), EBAN Statistics Compendium European Early Stage Market Statistics, EURADA, Belgium.

European Business Angel Network/EBAN, (2005), European Directory of Business Angel Network in Europe, EURADA, Belgium.

France Angels, (2004), Business Angels Survey 2003, CDC PM, Paris.

Fiti, T. and Ramadani, V. (2013), Ndermarresia, UEJL,Tetove.

Gullander, S. and Napier, G., (2003), Handbook in Business Angels Network: Nordic Case, Stockholm School of Entrepreneurship, Sweden.

Harrison, R. T. and Mason, C. M., (2005), Does Gender Matter? Women Business Angels and the Supply of Entrepreneurial Finance in the United Kingdom, Hunter Centre for Entrepreneurship, University of Strathclyde, Glasgow.

Haines, G. H., Jr, Madill, J. J. and Riding, A. L., (2003), Informal investment in Canada: financing small business growth, Journal of Small Business and Entrepreneurship, Vol.16, No.3/4, pp. 13-40.

Hill, B. E. and Power, D. (2002), Attracting Capital from Angels- How Their Money and Their Experience Can Help You Build a Successful Company, John Wiley & Sons, Inc., New York.

Hisrich, D.R. and Ramadani, V. (2017), Effective Entrepreneurial Management. Springer, Heidelberg.

Hisrich, D.R., Petkovic, S., Ramadani, V. And Dana, L-P. (2017), Venture capital funds in transition countries: insights from Bosnia and Herzegovina and Macedonia, Journal of Small Business and Enterprise Development, Vol.23, No.2, pp.296 - 315

Hughes, A.D. (2010). Angel Investment Tax Credits: A Win-Win-Win for Taxpayers, New Ventures, and the States. Journal of Multistate Taxation and Incentives, available at: https://www.hmblaw.com/media/12578/angel_investmet_tax_credits.pdf (Accessed: Jan 21, 2019).

Itzel, E., Rokaeus, N., Hoglund, E. and Lundh, M., (2004), Differences Between Business Angels and Venture Capitalists, Stockholm Scholl of Entrepreneurship, Sweden.

Kelly, P. and Hay, M., (2003), Business Angel Contracts: The Influence Of Context. Venture Capital: An International Journal of Entrepreneurial Finance, Vol. 5, No.1, pp. 287-312.

Mason, C. M., (2006), The informal venture capital market in the United Kingdom: adding the time dimension. In: Butler, J.E., Lockett, A. and Ucbasaran, D. (eds.) Venture Capital and the Changing World of Entrepreneurship. Series: Research in entrepreneurship and management. Information Age Publishing: Greenwich, Conn., UK, pp. 137-171. ISBN 9781593114343.

Mason, C. M. and Harrison, R. T., (1997), Business angel networks and the development of the informal venture capital market in the UK: is there still a role for the public sector? Small Business Economics, Vol.9, pp. 111-123.

Mansson, N., аnd Landstrom, H. (2005), Business Angels in a Changing Economy, Venture Capital: An International Journal of Entrepreneurial Finance, Vol.8, No.4, pp. 281-301.

Page 34: БИЗНИС АНГЕЛИ - ceed-macedonia.orgceed-macedonia.org/files/2014/12/ПРИРАЧНИК-БИЗНИС-АНГЕЛИ_Manual...Бизнис н елите се од посено

34

Mason, C. M. and Harrison, R. T., (1997), Business angel networks and the development of the informal venture capital market in the UK: is there still a role for the public sector? Small Business Economics, Vol.9, pp. 111-123.

May, J. And Simons C., (2001), Every Business Needs an Angel: Getting the money you need to make your Business grows, Editions Crown.

Munck, C. and Saublens, C., (2006), Introduction to Business Angels and Business Angel Networks Activities in Europe, European Business Angel Network.

Ramadani, V., Rexhepi, G., Dana, L-P., Gerguri-Rashiti, S. and Ratten, V. (2018). Entrepreneurship in Macedonia. In Ramo Palalic, Leo-Paul Dana and Veland Ramadani (Eds), “Entrepreneurship in Former Yugoslavia: Diversity, Institutional Constraints and Prospects”, Springer, Cham. ISBN: 978-3319776330.

Рамадани, В. (2017), Системски мерки за поддршка на малите и средните претпријатија во Република Македонија, Фондација Фридрих Еберт - канцеларија Скопје, Скопје.

Ramadani, V. (2012), The importance of angel investors in financing the growth of small and medium sized enterprises, International Journal of Academic Research in Business and Social Sciences, Vol.12, No.7, pp. 306-322.

Ramadani, V. (2009), Business angels: who they really are. Strategic Change: Briefings in Entrepreneurial Finance, Vol.18, No.7‐8, pp.249-258

Reitan, B. and Sørheim, R., (1999) The informal venture capital market in Norway, Babson Park, MA, Babson College.

Saublens, C., and Reino, M., (2001), Introduction to The Activities of Regional Business Angels Networks, EBAN.

Sohl, J.E., (2003), The private equity market in the USA: Recent trends and development, Journal of Privat equity, Vol. 6, No.2 , pp. 7-17

Sorheim, R. and Landström, H., (2001), Informal Investors: A Categorisation With Policy Implications. Entrepreneurship and Regional Development, Vol.13, pp. 351-370.

Van Osnabrugge, M. and Robinson, R. J., (2000), Angel Investing: matching start-up funds with start-up companies, San Francisco: Jossey Bass.

Venture Support System Project, (2000), Angel Investitors, MIT Entrepreneurship Center.

Wetzel, W. E., (1987) The informal risk capital market: aspects of scale and efficiency, Journal of Business Venturing, Vol. 2, p. 299-313.

ЗА АВТОРОТ Вељанд Рамадани е роден на 13.8.1979 во Скопје. Во 2010 година докторирал на

Економскиот факултет во Скопје. Од 2003 год. работи во Универзитетот на

Југоисточна Европа во Тетово, каде што во 2015 год. беше избран за вонреден

професор по претприемништво и менаџмент. Автор е на околу 120 научни и

стручни трудови, како и на 20 книги објавени на албански, македонски и

англиски јазик во земјата и во странство. Негова последна книга е

“Entrepreneurial Marketing“, во коавторство со реномираниот Robert D. Hisrich,

публикувана од Edward Elgar Publishing. Д-р Рамадани е помошник-редактор

(Associate Editor) на меѓународните научни списанија International Journal of

Entrepreneurship and Small Business и World Review of Entrepreneurship, Management and Sustainable

Development. Во 2016 година ја доби наградатa Award for Excellence 2016 – Outstanding Paper, доделена од

Emerald Group Publishing, Велика Британија.