44
И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА ЗА ЕДУКАЦИЈА ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО 2015 ГОДИНА Врз основа на член 2 став 4 од Интерното Упатство за подготвување и спроведување на едукацијата за јавни набавки од страна на Бирото за јавни набавки, Бирото изготвува извештај за спроведените обуки, во кој се наведуваат податоци за бројот на одржаните обуки, бројот на кандидати кои ги посетувале, бројот на кандидати кои ги положиле испитот за утврдување на стекнатите знаења и други информации во однос на обуките спроведени во годината за која се однесува извештајот. Одделение за обуки - Сектор за нормативна дејност, обуки и меѓународни односи Јануари 2016 година

И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

  • Upload
    others

  • View
    12

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА ЗА ЕДУКАЦИЈА ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО

2015 ГОДИНА

Врз основа на член 2 став 4 од Интерното Упатство за подготвување и спроведување на едукацијата за јавни набавки од страна на Бирото за јавни набавки, Бирото изготвува извештај за спроведените обуки, во кој се наведуваат податоци за бројот на одржаните обуки, бројот на кандидати кои ги посетувале, бројот на кандидати кои ги положиле испитот за утврдување на стекнатите знаења и други информации во однос на обуките спроведени во годината за која се однесува извештајот.

Одделение за обуки - Сектор за нормативна дејност, обуки и меѓународни односиЈануари 2016 година

Page 2: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

СОДРЖИНА:

1. Вовед........................................................................................................................................................................................32. Правна рамка......................................................................................................................................................................33. Програма за 2014 година..............................................................................................................................................64. Годишен план за едукација за 2014 година......................................................................................................65. Одржани обуки во 2014 година............................................................................................................................... 75.1. Календар на одржани обуки и испити ...............................................................................................................85.2Обука за договорните органи....................................................................................................................................95.3Обуки за лицата кои веќе се стекнале со потврда за положен испит.............................................115.4Обука за економски оператори..............................................................................................................................136. Листи на Обучувачи......................................................................................................................................................137. Анкетни прашалници..................................................................................................................................................148. Меморандуми за соработка......................................................................................................................................179. Електронски систем за едукација........................................................................................................................ 1810.Теми за предавање........................................................................................................................................................2111.Обучувачи за јавни набавки согласно со листата на обучувачи.......................................................2112.Организација и логистичка поддршка.............................................................................................................2313.Пријавување на обука................................................................................................................................................24

2

Page 3: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

14.Писмен испит по јавни набавки........................................................................................................................... 2514.1. Испитна комисија..........................................................................................................................................2915.Евиденција на обучени лица..................................................................................................................................3016.Извештаи од секоја едукација...............................................................................................................................3017.Изработка на фактури ...............................................................................................................................................3318.Реализирани обуки надвор од програмата за едукација......................................................................3319.Програма за 2015 година............................................................................................................................................37

В О В Е Д

Бирото за јавни набавки во текот на 2015 година, согласно со своите законски надлежности наведени во член 14 - а од Законот за јавните набавки, продолжи да организира и да спроведува едукација за јавните набавки, во согласност со Законот и подзаконските акти и интерните упатства за спроведување на едукацијата.

Бирото за јавни набавки спроведува едукација за јавните набавки. Основна причина за отпочнување на оваа системска активност се напорите на Бирото да ги зајакне капацитетите на договорните органи и економските оператори за правилна примена на прописите за јавни набавки.

Владата на Република Македонија го прифати концептот на обука што го предложи Бирото од страна на Владата на Република Македонија со тоа што со Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 185/11) се пропиша задолжителна сертификација на службениците за јавни набавки кај договорните органи, односно обврска сите службеници за јавни набавки да поминат обука организирана и спроведена во Бирото за јавни набавки и за тоа да добијат соодветна потврда.

3

Page 4: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

Начинот на спроведувањето на едукацијата во 2015 година е наведен во овој Извештај. Во него се содржани податоци за бројот на одржаните обуки, бројот на кандидати кои ги посетувале, бројот на кандидати кои ги положиле испитот за утврдување на стекнатите знаења и други информации во однос на обуките спроведени во годината за која се однесува извештајот.

ПРАВНА РАМКА

Нормативни акти врз основа на кои се спроведуваше обуката во текот на 2015 се следниве:

Закон за јавните набавки (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 148/13, 160/13, 28/14, 43/14, 130/14, 180/14 и 192/15)

Правилник за програмата за спроведување едукација за јавни набавки, програмата за спроведување обука за обучувачи за јавни набавки, формата и содржината на потврдата за положен испит за лице за јавни набавки и за обучувач, како и висината на надоместокот кој го плаќаат учесниците на едукацијата (Службен весник на Република Македонија бр.90/12)

Бирото за јавни набавки согласно со член 14 став 1 алинеја 16 од законот, изготвува инструкции како интерни упатства за подготовка и спроведување на едукацијата за јавни набавки и обуката за обучувачи за јавни набавки, и истите се објавени на веб страната на Бирото, bjn.gov.mk. Бирото ги донесе следниве упатства:

Интерно упатство за подготвување и спроведување на едукацијата за јавни набавки од страна на Бирото за јавни набавки, бр. 10-241/1 од 04.02.2014 година, бр. 10 -241/2 од 27.10.2014 година, бр.11-470/1 од 19.02.2015 година

Интерно упатство за предавање на содржините пропишани со Програмата за едукација за јавни набавки од страна на обучувачите и Програмата за спроведување на обука за обучувачи за јавни набавки бр. 10-242/1 од 04.02.2014 година

Интерно упатство за работењето на членовите на комисијата за потребите на Едукацијата за јавните набавки бр. 10-2074/1 од 28.10.2014 година

Интерно упатство за начинот на организирање и спроведување на испитот за учесниците на едукацијата за јавните набавки бр. 10-240/1 од 04.02.2014 година, бр.10-240/2 од 21.07.2014 година, 10 -240/3 од 27.10.2014 година, бр. 11-2762/1 од 07.10.2015 година

Донесени се измени на процедурите поради промена на начинот на работа на Одделението:

Процедура за квалитет – Едукација за јавните набавки за договорни органи

Процедура за квалитет – Начин на работа на комисијата за спроведување на писмениот испит

Со оглед дека едукацијата за јавни набавки се реализира електронски донесен е и нов:

Начинот на спроведувањето на едукацијата во 2015

година е наведен во овој Извештај.

4

Page 5: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

Прирачник за користење на електронскиот систем за едукација (интерно) бр. 11-2111/1 од 30.07.2015 година, а претходниот прирачник е ставен вон сила.

Закон за јавните набавкиСогласно со член 14 став 1 алинеја 14 од законот, Бирото организира и

врши обука за едукација на службеници и на други стручни лица во врска со јавните набавки. Во согласност со членот 14 – а од законот, Бирото подготвува и спроведува едукација за јавни набавки. Со оглед на законската обврска од членот 29-а, според кој договорниот орган определува лице или организациски облик во чии рамки ќе се вршат и работи од областа на јавните набавки, а наведеното лице е лице кое е вработено кај договорниот орган, кое е обучено за вршење на работите од областа на јавните набавки согласно со овој закон и кое има соодветна потврда за положен испит за лице за јавни набавки, интересот за посетување на обуките во 2015 година беше голем.

Правилник за програмата за спроведување едукација за јавни набавки, програмата за спроведување обука за обучувачи за јавни набавки, формата и содржината на потврдата за положен испит за

лице за јавни набавки и за обучувач, како и висината на надоместокот кој го плаќаат учесниците

Во текот на 2015 година, обуките беа спроведени врз основа на наведениот Правилник, во рамките на кој се предвидени две програми и тоа:

- Програма за спроведување на едукација за јавни набавки, составена од два модули и тоа модул за обука на договорни орган и модул за обука на економски оператори и

- Програма за спроведување на обука за обучувачи.

Составен дел на Правилникот, каде во форма на прилози се дадени двете програми со предвиден фонд на часови. Сите обуки беа извршени во согласност со темите и насоките од Правилникот.

Интерно упатство за предавање на содржините пропишани со Програмата за едукација за јавни набавки од страна на обучувачите и Програмата за спроведување на обука за обучувачи за јавни набавки

Интерното упатство е изготвено со цел истото да им помогне на обучувачите за правилна примена и предавање на содржината од програмата за обука. Во упатството детално се наведени темите на предавање од страна на обучувачите и истите се запознати со темите со самото влегување во сила на наведеното Упатство.

Интерно упатство за подготвување и спроведување на едукацијата за јавни набавки од страна на Бирото за јавни

набавки

Бирото за јавни набавки, во месец февруари 2014 година донесе ново Интерно упатство за подготвување и спроведување на едукацијата за јавните набавки, а кое се применуваше на сите обуки кои беа спроведувани во текот на изминатата година. Со новото Интерно упатство се допрецизираа дел од одребите, што резултираше со поквалитетно организирање и спроведување на обуките.

5

Page 6: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

Интерно упатство за работењето на испитната комисија за потребите на Едукацијата за јавните набавки

Потребата од успешно организирање на обуките, како и дефинирање на работата на комисијата од членот 14 – а став 5 од законот, според кој истата ја формира директорот на Бирото, доведе до донесување на Интерно упатство во кое се наведени обврските на членовите на комисијата. Истото е врачено на членовите на испитната комисија.

Интерно упатство за начинот на организирање и спроведување на испитот на учесниците на едукацијата за

јавните набавки

Со наведеното интерно упатство во детали е опишна постапката за полагање на писмениот испит од страна на учесниците на обуките. Предвидено е истиот да биле електронски. Интерното упатство беше променето, со цел да се допрецизираат некои одредби, како и да се усогласат во Законот за правосудниот испит, а по барање на Владата на Република Македонија.

Интерни процедури за работа согласно соИСО сертификацијата

Бирото за јавни набавки се стекна со сертификат ИСО 9001:2008, согласно со кој Одделението за обуки има донесено процедури за работа, со детално опишани насоки за работа на секој вработен во одделението, како и за испитната комисија, за чие работење е донесена посебна процедура. Со истите се запознати сите членови на комисијата и сите вработени во Одделението за обуки.

Прирачник за користење на електронскиот систем за едукација

(Интерно)

Бирото почнувајќи од 2012 година, воведе и започна да го применува електронскиот систем за едукација. Во текот на 2015 година обуките и испитите по јавни набавки продолжија да се реализираат електронски. По целосното завршување и прилагодувањата на електронскиот систем, односно по целосно ставање во функција на овој систем се јави потреба од изработка на нов Прирачник во кој се бидат наведени сите функционалности на системот во рамки на апликацииите, како и улогите на лицата кои го користат системот, со цел олеснување на работата на вработените во Одделението.

Програма за 2015 година

Во месец јануари 2015 година, Одделението за обуки изготви Извештај од спроведената прoграма за едукација за јавните набавки во 2014 година во кој освен податоци за спроведените обуки од 2014 година беше изготвен и план за активностите кои Одделението треба да ги спроведе во текот на 2015

6

Page 7: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

година, при што Одделението спроведе дел од активностите кои во голема мера се однесуваа на одржување на обуките за договорни органи и зголемување на квалитетот на истите, како и спроведување на писмените испити.

Извршувањето на наведените активности се дел од овој Извештај.

Годишен план за едукација за 2015 година

На 15 јануари 2015 година, согласно со Интерното упатство, беше донесен Годишниот план за реализација на едукацијата за јавните набавки за 2015 година, бр.01-77/1 од 15.01.2015 година кој успешно се реализираше. Планот во текот на годината беше изменет седум пати, со цел додавање на нови термини за обука и промена на постоечките, кои настанаа поради зголемениот интерес на договорните органи за присуство на обуките, а особено обуките за продолжување на важноста на потврдите за положен испит по јавни набавки.

ОДРЖАНИ ОБУКИ ВО 2015 ГОДИНА

Одржани беа обуки за договорни органи (обуки за стекнување на сертификат по прв пат и обуки за ресертификација за лицата кои го имаат положено писмениот испит по јавни набавки и се стекнале со потврди, а чија важност истекува). Обуки за економски оператори не се одржаа поради тоа што немаше доволен бројна пријавени учесници. Активностите во рамки на програмата се реализираа преку предавања од обучувачи кои овластувањата ги добија во текот на 2014 година, односно го положија писмениот испит по јавни набавки по одржаната обука за ресертификација на обучувачите. Овој извештај е направен и врз основа на евалуационите листови кои учесниците секојдневно ги потполнуваа за предавањето на обучувачите, но и евалуациите кои се однесуваа на обуката во текот на целиот термин додека присуствувале на обука.

При тоа, вработените во Бирото, континуирано ја следеа обуката во сите нејзини фази, од што постојано произлегуваа предлози за нејзино надградување. Забелешките од вработените се значаен дел од овој Извештај.

7

Page 8: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

Обуки за јавни набавки41 обуки

767 учесници вкупно

Обука за лица за јавни набавки (договорни органи) - 41 обука,

767 учесници

Обука за лица кои по прв пат ја посетуваат обуката -21 обуки -

403 учесници

Обуки за лицата кои се стекнале со

потврда за положен испит - 20 обуки - 364

учесници

Обука за економски оператори - не се

одржани

8

Page 9: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

Календар на одржани обуки и испити

обука за договорни органи - 2-6 февруариобука за договорни органи (ресертификација) - 14 февруариобука за договорни органи - 16-20 февруариобука за договорни органи (ресертификација) - 21 февруари

февруари

обука за договорни органи - 2-6 мартПисмен испит 9 мартОбука за економски оператори - 9-13 мартПисмен испит 13 мартобука за договорни органи РС - 14 мартобука за договорни органи 16-20 мартПисмен испит 23 мартПисмен испит 26 мартОбука за договорни органи 30 март - 3 април

март

обука за договорни органи - РС - 4 априлиспит 6 априлПисмен испит 8 априлПисмен испит 14 априлобука за договорни органи - РС - 17априлобука за договорни органи - РС - 18 априлобука за договорни органи 20-14 априлобука за договорни органи - РС - 25 априлПисмен испит 27 априлПисмен испит 28 април

април

обука за договорни органи - 4-8 мајиспит 5 мајобука за договорни органи 11-15 мајПисмен испит 11 мајПисмен испит 14 мајобука за договорни органи РС16 мајПисмен испит 18 мајобука за договорни органи 18-22 мајПисмен испит 26 мај

мај

обука за договорни органи - 1-5 јунииспит 5 јунииспит 8 јунииспит 11 јуниобука за договорни органи РС 13 јуниобука за договорни органи 15-19 јуниПисмен испит 22 јуниПисмен испит 23 јуниОбука за договорни органи 22-26 јуни

јуни

Писмен испит 6 јулиПисмен испит 13 јулиПисмен испит 14 јулиПисмен испит 15 јули

јули

обука за договорни органи РС - 5 септемвриобука за договорни органи РС - 12 септемвриобука за договорни органи 14-18 септемвриобука за договорни органи РС -19 септемвриобука за договорни органи 21-25септември - откажанаобука за договорни органи РС -26 септемвриобука за договорни органи 28септември - 2 октомври

септември

обука за договорни органи РС - 3 октомвриобука за договорни органи 5-9 октомвриПисмен испит 5 октомвриПисмен испит 13 октомвриПисмен испит 14 октомвриобука за договорни органи РС 17 октомвриПисмен испит 19 октомвриобука за договорни органи 26- 30 октомвриобука за договорни органи РС 31 октомври

октомври

Писмен испит 2 ноемвриПисмен испит 3 ноемвриПисмен испит 6 ноемвриобука за договорни органи 9-13 ноемвриобука за договорни органи РС 14 ноемвриПисмен испит 16 ноемвриПисмен испит 20 ноемвриобука за договорни органи - РС 21 ноемвриобука за обучувачи 23-27 ноемвриПисмен испит 27 ноемвриОбука за договрни органи 30ноември - 4 декември

ноември

Писмен испит 3 декемвриобука за договорни органи РС 5 декемвриобука за договорни органи РС 12 декемвриОбуѕка за договорни органи 14-18 декемвриПисмен испит 14 декемвриПисмен испит 28 декемвриПисмен испит 29 декемвриПисмен испит 30 декември

декември

9

Page 10: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

ОБУКА ЗА ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ

На 2 февруари 2015 година, започна првата обука за договорните органи согласно со Планот за 2015 година. За организацијата на оваа едукација во текот на целата година беше задолжено Одделението за обуки во Секторот за нормативна дејност, обуки и меѓународни односи.

Термини за обука согласно Годишниот план за реализација на едукацијата, како и неговите измени беа следните:Бр.

Месец Почеток Крај Испит Поправен испит

1 февруари 02.02.2015 06.02.2015 09.03.2015 23.03.20152 16.02.2015 20.02.2015 23.03.2015 06.04.20153 март 02.03.2015 06.03.2015 06.04.2015 27.04.20154 09.03.2015 13.03.2015 08.04.2015 14.05.20155 16.03.2015 20.03.2015 27.04.2015 11.05.20156 30.03.2015 03.04.2015 11.05.2015 26.05.20157 април 20.05.2015 24.05.2015 26.05.2015 08.06.20158 мај 04.05.2015 08.05.2015 08.06.2015 22.06.20159 11.05.2015 15.05.2015 11.06.2015 06.07.2015

10 18.05.2015 22.05.2015 22.06.2015 06.07.201511 јуни 01.06.2015 05.06.2015 06.07.2015 21.09.201512 15.06.2015 19.06.2015 13.07.2015 21.09.201513 22.06.2015 26.06.2015 15.07.2015 21.09.201514 септември 14.09.2015 18.09.2015 14.10.2015 02.11.201515 21.09.2015 25.09.2015 21.10.2015 19.11.201516 28.09.2015 02.10.2015 02.11.2015 02.12.201517 октомври 05.10.2015 09.10.2015 06.11.2015 20.11.201518 26.10.2015 30.10.2015 20.11.2015 28.12.201519 ноември 09.11.2015 13.11.2015 28.12.2015 20.01.201620 23.11.2015 27.11.2015 29.12.2015 20.01.201621 30.11.2015 04.12.2015 20.01.2016 18.02.201622 декември 14.12.2015 18.12.2015 21.01.2016 19.02.2016

Сите наведени обуки за лицата кои се вработени во договорни органи, а кои ја слушаа обуката по прв пат, согласно со Годишниот план беа реализирани.

Со оглед на тоа, во текот на 2015 година Одделението за обуки - Сектор за нормативна дејност, обуки и меѓународни односи, спроведе 21 обуки согласно со донесениот план за едукација за 2015 година. Една обука е откажана. Вкупно 403 лица ја посетувале обуката. Во просек, по 20 лица учествувале на секоја од едукациите. Една од обуките, беше закажана и започната, но истата се откажа поради присуство на помал број учесници. Истата е наведена во Планот, па оттука од 22 планирани, 21 обуки се реализирани целосно.

Графичкиот преглед на одржаните обуки во последните пет години е следен:

Вкупно 403 лица ја посетувале обуката

од модулот за договорни органи

за лицата кои обуката ја

посетуваат по прв пат.. Во просек, по

20 лица учествувале на

секоја од едукациите.

10

Page 11: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

Обуки за договорни органи - за лицата кои ја посетуваат обуката по прв пат0

5

10

15

20

25

30

35

40

1816

37

1917

21

2010 2011 2012 2013 2014 2015

Во 2010 се спроведени 18 обуки, во 2011 година се спроведени 16 обуки, во 2012 се спроведени 37 обуки, во 2013 вкупно 19 обуки, во 2014 17 обуки, а во 2015 се спроведени 21 обуки за договорни органи за лицата кои по прв пат ја посетуваат обуката за јавни набавки.

Бројот на обучени лица во 2015 годна е 403. Табеларниот приказ на лица кои ја посетувале обуката во поседните пет години е следниот:

Бројот на присутни учесници на секоја од обуките во текот на 2015 година е следниот:

ОБУКИ ЗА ЛИЦАТА КОИ ВЕЌЕ СЕ СТЕКНАЛЕ СО ПОТВРДА ЗА ПОЛОЖЕН ПИСМЕН ИСПИТ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ

Бр.

Месец Почеток Крај Број на присутни

1 февруари 02.02.2015 06.02.2015 192 16.02.2015 20.02.2015 203 март 02.03.2015 06.03.2015 214 09.03.2015 13.03.2015 215 16.03.2015 20.03.2015 186 30.03.2015 03.04.2015 217 април 20.05.2015 24.05.2015 228 мај 04.05.2015 08.05.2015 199 11.05.2015 15.05.2015 1810 18.05.2015 22.05.2015 1611 јуни 01.06.2015 05.06.2015 1712 15.06.2015 19.06.2015 2113 22.06.2015 26.06.2015 2014 септември 14.09.2015 18.09.2015 2015 21.09.2015 25.09.2015 откажана16 28.09.2015 02.10.2015 2117 октомври 05.10.2015 09.10.2015 1718 26.10.2015 30.10.2015 1919 ноември 09.11.2015 13.11.2015 2020 23.11.2015 27.11.2015 1921 30.11.2015 04.12.2015 1722 декември 14.12.2015 18.12.2015 17

11

Page 12: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

Согласно со измените на законот од 2011 година, потврдите за положен испит издадени согласно со Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/07, 130/08, 97/10 и 53/11) продолжуваат да важат за периодот за кој се издадени, но не подолго од денот на влегувањето во сила на последните измени. Во текот на 2013 година, 67 лицa ја посетувалe обуката за Деловите 14 и 15 од Програмата, а останатите учесници, кои сеуште ја немаа продолжено важноста на сертификатите беа поканети повторно да учествуваат на ваквата обука и да го полагаат писмениот испит по јавни набавки и со тоа да се стекнат со потврди за положен испит по јавни набавки.

Во 2015 година, Бирото планираше дваесет обуки наменети за овие учесници, и тоа во следните термини:

Бр. Месец Датум на обука

Датум на испит

Датум на поправен испит

1 февруари 14.02.2015 13.03.2015 14.04.20152 21.02.2015 26.03.2015 28.04.20153 март 14.03.2015 14.04.2015 15.05.20154 април 04.04.2015 05.05.2015 05.06.20155 17.04.2015 27.04.2015 15.05.20156 18.04.2015 15.05.2015 23.06.20157 25.04.2015 26.05.2015 23.06.20158 мај 16.05.2015 23.06.2015 14.10.20159 јуни 13.06.2015 14.07.2015 19.10.201510

септември05.09.2015 05.10.2015 03.11.2015

11 12.09.2015 13.10.2015 16.11.201512 19.09.2015 19.10.2015 27.11.201513 26.09.2015 19.10.2015 16.11.201514

октомври03.10.2015 03.11.2015 14.12.2015

15 17.10.2015 16.11.2015 30.12.201516 31.10.2015 27.11.2015 30.12.201517 ноември 14.11.2015 14.12.2015 25.01.201618 21.11.2015 30.12.2015 25.01.201619 декември 05.12.2015 30.12.2015 25.01.2016

20 12.12.2015 25.01.2016 25.02.2016

Според прегледот, 20 обуки за обнова на знаењата биле реализирани.

Учесниците кои имаат потврда за положен испит, а чија важност истекува, беа известени за обврската да посетат обука за обнова на знаењата и полагање на испит за издавање на нова потврда, преку контактите оставени во Одделението за обуки, како и со официјални дописи до договорните органи од каде дошле. Учесниците се пријавуваа преку маил и беа вклучени на листата на учесници за посетување на обука во првиот слободен термин. Во следната табела е бројот на присутни учесници по обука:

бр месец датум Присутни учесници

1 февруари 14.02.2015 202 21.02.2015 83 март 14.03.2015 204

април04.04.2015 15

5 17.04.2015 96 18.04.2015 187 25.04.2015 198 мај 16.05.2015 19

12

Page 13: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

9 јуни 13.06.2015 1610

септември05.09.2015 17

11 12.09.2015 2112 19.09.2015 1713 26.09.2015 2214 октомври 03.10.2015 2215 17.10.2015 2116 31.10.2015 2117 ноември 14.11.2015 1918 21.11.2015 1919 декември 05.12.2015 21

20 12.12.2015 20

Вкупниот број на лица кои го посетиле овој вид на обука изнесува 364 лица.

Споредбено за изминатите години, откако се оджуваат обуките за обнова на знаењата на учесниците кои веќе се стекнале со потврда за положен испит по јавни набавки, табелата изгледа вака:

2015 година

2014 година

2013 година

2012 година

364

67

127

201

Број на присутни учесници на обука за лицата кои се стекнале со потврда за лице за јавни набавки, а која е со истечена важност

ОБУКА ЗА ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ

Бирото за прв пат во 2013 година започна со организирање и спроведување на обуки, специјализирани за економските оператори. По направеното истражување со анкетни прашалници и преку одговорите на учесниците на обуките, Бирото констатираше дека со цел давање на подетални информации на економските оператори за прашања кои се само од нивен интерес, потребно е да се осмисли и спроведе обука само за нив. Поради наведеното, во Правилникот за програмата за спроведување едукација за јавни набавки, програмата за спроведување обука за обучувачи за јавни набавки, формата и содржината на потврдата за положен испит за лице за јавни набавки и за обучувач, како и висината на надоместокот кој го плаќаат учесниците на едукацијата се предвиде модулот за еконоски оператори. Оттука, Бирото во текот на 2015 година одреди 5 термини за дводневна обука за економските оператори.

13

Page 14: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

Сепак, интересот од страна на економските оператори беше слаб, па од наведените термини, немаше реализирано ниту еден, поради недоволен број на пријавени учесници.

ЛИСТИ НА ОБУЧУВАЧИ

Бирото согласно со членот 5 став 1 од Интерното Упатство за подготвување и спроведување на едукацијата, изготви листи на обучувачи кои имаат валидна потврда за обучувачи, при што во согласност со ставовите 7 и 8 изготви посебни листи на обучувачи за предавање на деловите од програмата за едукација кои се однесуваат на лицата кои претходно се стекнале со потврда за положен испит, како и листа за модулот за економски оператори.

Во моментот на Листите на обучувачи има вкупно 41 обучувачи со положен писмен испит за обучувач по јавни набавки, од кои дел се обучувачи кои потврдите за обучувач ги стекнаа во текот на 2009та година, и од тогаш истата ја обновиле, односно ја продолжиле нејзината важност, како и обучувачи кои по прв пат се најдоа на Листата на обучувачи, а кои се стекнаа со потврда за положен испит за обучувач во текот на 2015 година.

Бројот на предавања во текот на годината како и оценувањата на обучувачите од страна на учесниците во обуката се во прилог на овој Извештај.

АНКЕТНИ ПРАШАЛНИЦИБирото за јавни набавки во текот на целата година, како и периодично,

до сите учесници на едукацијата доставува анкети прашалници во врска со задоволството од спроведените обуки и искористеноста на наученото во текот на работата.

Ваквите анкетни прашалници учесниците ги пополнуваат на крајот од секоја обука, а исто така, и по одреден период, по кој можат да утврдат дали обуката помогнала во нивната работа.

Според тоа, Одделението за обуки испрати анкетен прашалник до поголем број од учесниците на обуката и тоа кон крајот на вториот квартал од годината. Анкетата беше во хартија, преку електронска пошта и се однесуваше на учесниците на едукацијата во првите шест месеци. Во таа насока, а со цел дополнително да излеземе во пресрет на потребите за едукација, го доставивме Анкетниот лист, кој се однесува на едукациите на кои учествуваа, во кој се поставени неколку прашања за начинот на спроведувањето на обуките и рефлектирањето на истите врз нивната работа, како лица кои се стекнале со потврди за положени испити.

Одделението за обуки овие анкети ќе ги искористи во насока на проверка на досегашната успешност на едукациите, како и за подобрување на обуките во текот на следната година.

Учесниците на едукацијата кои истата ја посетуваа од септември до декември, исто така ќе добијат анкетни прашалници, во текот на 2015 годна, откако ќе можат да утврдат дали наученото на обуката е корисно во однос на нивната работа како лице за јавни набавки, комисии или одговорни лица.

14

Page 15: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

Прашањата на кои даваа одговор како и одговорите на истите се следни:

Одговор на Анкетниот прашалник доставија околу 55 учесници на обуката.

1. На прашањето Колку сте задоволни од квалитетот на обуката? 21 одговориле дека се многу задоволни, 35 задоволни, 5 делумно задоволни и 1 незадоволен.

2. На прашањето колку сте задоволни од квалитетот на обучувачите, 22 се многу задоволни, 35 задоволни, 4 делумно задоволни и 1 незадоволен.

3. На прашањето дали обуката во помогна во Вашето работење, 17 се многу задоволни, 33 се задоволни, 11 се делумно задоволни и 1 незадоволен.

27%

53%

18% 2%

Дали обуката помогна во Вашето работење

многу задоволни задоволни делумно задоволни незадоволни

4. На прашањето дали сте задоволни од квалитетот на добиеното знаење во текот на обуката, 19 се многу задоволни, 34 се задоволни, 8 се делумно задоволни и 1 незадоволен.

5. Дали бројот на поништени постапки поради битни пропусти во постапките или грешки во тендерската документација се намали после обуката, има добиено 29 позитивен одговор, 21 делумно, а 12 рекле дека бројот не се намалил.

15

Page 16: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

47%

34%

19%

Дали бројот на поништени постапки поради битни пропусти или грешки во постапките се намалил

после обуката

даделумноне

6. 42 одговориле дека направиле измени во работењето после обуката, 18 направиле делумни промени, а 2 не направиле никакви промени во работењето.

68%

29%

3%

Дали направивте измени во работењето после обуката

да делумно не

7. На 41 им се зголемило знаењето за јавните набавки после обуката, 20 делумно се зголемило знаењето, и 1 одговорил дека воопшто не го подобрил знаењето после обуката.

16

Page 17: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

66%

32%

2%

Дали се зголеми знаењето за ЈН после обуката?

многумалкувоопшто

8. Повторна обука им е потребна на 6 лица, на 16 не им е потребна обука, а 40 одговориле дека им е потребна обука само за одредени теми. Учесниците сметаат дека повторна обука им е потребна за следните теми: Евалуација, Рамковни спогодби, правна заштита, новини во законот, видови на постапки, ЕСЈН, како и за други теми од нивен интерес – изработка на тендерска документација, изготвување на одлуки, записници и извештаи во процесот на постапката и друго.

12%

12%

35%

18%

18%

6%

За која од наведените теми сакате да имате дополнителна обука?

видови на постапки рамковни спогодби новини во законот ЕСЈНЕвалуација на понудите Правна заштита Друго (наведете )

9. На прашањето дали сте задоволни од стручната поддршка/одговори/мислења добиени од обучувачите, 11 се многу задоволни, 18 се задоволни, 4 се делумно задоволнии и 1 незадоволен.

17

Page 18: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

Од горните резултати може да се заклучи дека особено позитивно е тоа што 81% одговориле дека се намалил целосно или делумно бројот на поништени постапки поради битни пропусти во тендерската документација, како и тоа дека на 66% многу им се зголемило знаењето после обуката. Особено позитивно е и тоа дека 68% направиле измени во своето работење после завршувањето на обука.

Исто така, показател дека Бирото во иднина треба да споведува и тематски обуки е фактот дека повеќе од половината анкетирани учесници одговориле дека им е потребна тематска обука.

МЕМОРАНДУМИ ЗА СОРАБОТКАВо насока на добрата соработка која Бирото за јавни набавки ја има во

континуитет со Правниот факултет Јустинијан I, а која во текот на 2014 година започна и со Економскиот факултет Скопје, и која во најголема мера се однесува на делот на едукациите за јавните набавки, со цел истата да се интензивира освен на полето на едукацијата и во други области во кои Бирото за јавни набавки, Бирото за јавни набавки предложи соработката да се прошири и со Градежниот Факултет Скопје, при што поднесе барање за потпишување на Меморандум за соработка со овој факултет.

Целта на ваквиот Меморандум ќе биде поттикнување и развивање на меѓусебната соработка и размена на знаења во областа на едукацијата врз основа на взаемна корист.

Страните на Меморандумот ќе настојуваат да поттикнат взаемно корисни образовни активности кои ќе вклучуваат лица избрани во соработничко, односно наставно-научно звање, кои ќе предаваат, спроведуваат истражувања и развиваат взаемно корисни програми и да поттикнат соработка која ќе ја олесни размената и дијалогот насочен кон образовниот менаџмент, методи, оценувањето на постигнатите резултати и истражувањето, како и да ги зајакнат административните и институционалните капацитети на договорните органи преку организирање и спроведување на специјализирани обуки за јавните набавки во областа која има допирни точки со јавните набавки и градежништвото.

ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ ЗА ЕДУКАЦИЈА

Електронскиот систем за едукација започна да работи на почетокот на 2012 година и основна намена е да се користи за најава на учесниците на обуките, оценување на обучувачите, евиденција за присуства, пополнување на евалуациони тестови, прикачување на презентациите и вежбите на обучувачите и полагање на писмениот испит.

Системот започна да се применува кон крајот на 2012 година, а во 2013 година преку овој систем се одвиваа сите обуки. Сите обуки и испити и во текот на 2015 година, целосно беа реализирани преку електронскиот систем за едукација. Со оглед на тоа дека овој начин на работа беше позитивно прифатен од учесниците на обуката, од причина што целосната организација на обуката беше поефикасна и навремена, и во текот на 2015 година, Бирото постојано го надградуваше и подобруваше овој систем со цел спроведување на поефикасни обуки. Писмениот испит се одвива целосно електронски, со што резултатите од испитот се добиваат веднаш по самото завршување на

18

Page 19: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

испитот. Во текот на 2015 година писмениот испит се полагаше 100% електронски, без полагања во хартија.

Како дополнителна помош и насока за полагањето на електронскиот испит, беше креиран и тестен испит од 10 прашања на веб страната на Бирото, каде што сите учесници можеа да видат каков е видот и типот на прашањата на писмениот испит. Бр.

Месец Почеток Крај Електронски спроведена

обука

Електронски испит

Електронски поправен

испит1 февруари 02.02.2015 06.02.2015 да Да Да2 16.02.2015 20.02.2015 да Да Да3 март 02.03.2015 06.03.2015 да Да Да4 09.03.2015 13.03.2015 да Да Да5 16.03.2015 20.03.2015 да Да Да6 30.03.2015 03.04.2015 да Да Да7 април 20.05.2015 24.05.2015 Да Да Да8 мај 04.05.2015 08.05.2015 Да Да Да9 11.05.2015 15.05.2015 Да Да Да10 18.05.2015 22.05.2015 Да Да Да11 јуни 01.06.2015 05.06.2015 Да Да Да12 15.06.2015 19.06.2015 Да Да Да13 22.06.2015 26.06.2015 Да Да да1

14 септември 14.09.2015 18.09.2015 Да Да Да15 21.09.2015 25.09.2015 Да Да Да16 28.09.2015 02.10.2015 Да Да Да17 октомври 05.10.2015 09.10.2015 Да Да Да18 26.10.2015 30.10.2015 Да Да Да19 ноември 09.11.2015 13.11.2015 Да Да Да20 23.11.2015 27.11.2015 Да Да Да21 30.11.2015 04.12.2015 Да Да Да22 декември 14.12.2015 18.12.2015 Да Да Да

1февруари 14.02.2015 Да Да Да

2 21.02.2015 Да Да Да3 март 14.03.2015 Да Да Да4 април 04.04.2015 Да Да Да5 17.04.2015 Да Да Да6 18.04.2015 Да Да Да7 25.04.2015 Да Да Да8 мај 16.05.2015 Да Да Да9 јуни 13.06.2015 Да Да Да10 септемвр

и05.09.2015 делумно2 Да Да

11 12.09.2015 Да Да Да12 19.09.2015 Да Да Да13 26.09.2015 Да Да Да14 октомври 03.10.2015 Да Да Да15 17.10.2015 Да Да Да16 31.10.2015 Да Да Да17 ноември 14.11.2015 Да Да Да18 21.11.2015 Да Да Да19 декември 05.12.2015 Да Да Да

20 12.12.2015 да Да да

1 Еден учесник од здравствени причини полагаше во хартија со фонт 20 (зголемено)2 Обучувачот е оценет во хартија бидејќи анкетата не се појавуваше за време на обука во системот

19

бр. Месец датум Електронски спроведена обука

Електронски спроведен

писмен испит

Електронски спроведен поправен

испит

Page 20: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

Електронскиот систем за едукација е наменет за спроведување на едукацијата за јавните набавки, при што на него можат да се спроведуваат обуките и писмените испити за јавни набавки. На овој систем учесниците можат да се регистрираат, да ги превземаат презентациите од обучувачите, да ги оценуваат обучувачите и да ја евалуираат целата обука, како и да го полагаат писмениот испит. Системот истoвремeно ги евидентира и присуствата на учесниците по денови, што е предуслов за полагање на испитот.

Според тоа, Бирото постапи по барањата од Владата на Република Македонија при што писмениот испит го спроведува согласно со насоките, целосно електронски.

Истовремено, Бирото набави и две камери со кои го следи и снима полагањето на писмениот испит, а во наредниот период, а Бирото ќе започне и со прикажување на снимките на веб страната на bjn.gov.mk. Процедурата за нивно поставување он лајн е во тек.

Следните подобрувања на системот беа направени:

- Опција за внесување на датум на платена фактура. На овој начин одделението за обуки при издавањето на потврдите за положен испит на учесниците на обуката, нема обврска да контактира со Одделението за финансиски прашања, туку редовно ги внесува плаќањата во електронскиот систем за едукација

- Направена е промена во апликацијата за креирање на испити, со тоа што испитните прашања автоматски се генерираат во системот и се креира тест, наместо да има човечки фактор кој ќе бира прашања. На овој начин се намалува субјективното избирање на прашања од страна на вработените, при што испитните прашања сами се генерираат од фондот на прашања, поделени во категории – јавно достапни прашања, прашања од норматива, прашања од ЕСЈН и прашања од измени на законот,

20

Page 21: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

- Преправка на сервисот за пријавување за обука преку интернет страната на БЈН и додавање во маската за обука поле со кое се означува која обука да излезе јавно на страната. Оваа функционалност е зголемена со тоа што учесниците можат само да видат дали обуката која ја избрале е за договорни органи, економски оператори или пак е обука за продолжување на важноста на потврдата за положен испит по јавни набавки.

- Направена е промена кај апликацијата која ја гледаат корисниците, при што истите можат да направат промена на своите податоци (име и презиме, меил или датум и место на раѓање)

- Изработен е нов профил за корисник што ќе пристапува само во делот за фактури во Class manager со цел полесна проверка на плаќањата по издадени фактури и нов таб „Параметри“ за пребарување со што се овозможува пребарување на фактурите по повеќе критериуми (Име и презиме, фактура платена-неплатена итн).

- Во досие на учесник (покрај кор.име и име и презиме), додадено ден и место на раѓање со цел вадење на точен извештај во случај на учесници со исто име и презиме како и прикажување на договорен орган

- Подобрување на модулот за писмен испит со визуелни олеснувања за учесниците при полагање на испитот

ТЕМИ НА ПРЕДАВАЊЕ

Обуката која се однесува на учесници од договорните органи, кои се немаат стекнато со потврда за положен испит по јавни набавки, беше поделена на три различни модули, презентирани од различни обучувачи, во временски период од една недела (започнувајќи од понеделник до петок). Содржината на модулите беше следнава :

Вовед во јавните набавки - основни принципи, правна и институционална рамка, Судир на интереси и корупција во јавните набавки

1 ден

Активности пред спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка

2 дена

Електронски јавни набавки и електронски аукции

2 дена

Обуката за оние лица на кои им истекла важноста на веќе добиените потврди за положен испит по јавни набавки, согласно со Правилникот траеше 7 часа согласно со Правилникот и се однесуваше на новините во законот и новините во ЕСЈН. Беше поделена во два оддела од кои по три и половина часови за секоја тема.

Ваквиот начин на предавање траеше во текот на целата година.

ОБУЧУВАЧИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СОГЛАСНО СО ЛИСТАТА НА ОБУЧУВАЧИ

21

Page 22: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

Едукацијата за јавни набавки ја спроведуваат сертифицирани обучувачи кои согласно со член 14-а став 2 од Законот за јавните набавки имаат потврда за обучувачи издадена од Бирото за јавни набавки. Во текот на 2015 година, веќе сертифицираните обучувачи од 2009 година и ресертифицирани во 2014 година, продолжија да обучуваат, согласно со листата на обучувачи, а истите беа поканувани по азбучен ред да предаваат различни модули од Програмата, согласно со поделбата на листите. Во текот на 2015 година, како обучувачи беа ангажирани и лицата кои го положија поисмениот испит за обучувачи по јавни нбавки во текот на 2014 година по прв пат. Обучувачите мораа задолжително да се придржуваат до Планот за Едукација при тоа, користејќи ги сите предвидени средства зауспешна реализација на материјалот од модулите (печатени материјали, презентации, проектор итн). За своето предавање беа оценувани од учсниците со оцени од 1 до 10, при што 10 е највисоката, односно 1 најниската оцена.

Оценувани беа врз основа на следниве прашања:1. Како би го оцениле обучувачот во однос на неговото познавање на

прописите за јавни набавки?2. Како би го оцениле обучувачот во однос на познавањето на темата

која ја предаваше?3. Како би го оцениле предавачот во однос на неговите практични

знаења?4. Како би го оцениле обучувачот во однос на подготовените

материјали за предавањето (презентации, вежби)?5. Како би го оцениле обучувачот во однос на неговите презентациски

вештини?6. Како би го оцениле обучувачот во однос на неговото трпение кон

учесниците?7. Колку сте задоволни од одговорите кои обучувачот ги даваше на

прашањата на учесниците?8. Колку сте задоволни од интерактивноста на наставата овој ден?9. Како би го оцениле обучувачот во однос на почитувањето на

распоредот за предавање во текот на денот? 10.Која е Вашата вкупна оценка за обучувачот?Обучувачот кој не добил преодна оцена, согласно со Интерното

упатство, односно добил оцена помала од 8,5 не може да предава во следниот нареден круг. Еден обучувач имаше пониска оцена од 6, па оттука, нема да може да предава во наредниот период се до обнова на потврдата за положен испит по јавни набавки.

Исто така, оние обучувачи кои не одговориле на поканата за обука, односно одговориле негативно, го чекаат следниот круг на предавање за да можат да предаваат.

Во прилог на Извештајот се и извештаите во пдф формат кои ги генерира електронскиот систем за едукација, со даден термин на предавање и оцена од учесниците на секој од обучувачите.

Согласно со оцените кои ги добиле обучувачите, видливо е дека учесниците во поголемиот дел биле задоволни од истите, од начинот на кој предавале и како го пренеле своето знаење и искуство за јавните набавки. Исто така, дел од обучувачите поради работни и лични причини, не предаваат на обуките. Истите се на листата на обучувачи и по нивно барање истите ќе бидат ангажирани како обучувачи во следните термини.

22

Page 23: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

Во дел од евалуациите учесниците забележале дека се задоволни од обучувачите, но имаше и одредени негативни коментари кои се однесуваа на дел од обучувачите и тоа во однос на начинот на предавањето, подготвените материјали, како и презентирањето на истите и друго.

На крајот од предавањето, на обучувачите по маил им се испраќаше и електронскиот извештај од оценувањето од учесниците, за делот од предавањето кое се однесува на денот на нивното предавање.

Средна оцена на задоволството на учесниците од предавањето на обучувачите во 2015 година е 9,38 од можна највисока 10.

Споредбено со задовоството од обучувачите од претходната година, се бележи мал пораст:

2014 година 2015 година

9.13

9.38

Среден просек на задоволството на учесниците од предавањето на обучувачите

ОРГАНИЗАЦИЈА И ЛОГИСТИЧКА ПОДДРШКА

Едукацијата за јавните набавки, како и изминатите години се одржуваше во просториите на Бирото за јавни набавки, во специјално опремена училница за предавање, која се користи исклучиво за потребите на Едукацијата. Во училницата има 22 бироа, 21 компјутери, биро за обучувачите со компјутер и проектор. Училницата ги исполнува условите за непречено спроведување на едукацијата и се наоѓа во новата зграда на Минситерството за финансии, Палата 23 Октомври, при што во рамките на зградата има опремена училница специјализирана за обуките по јавни набавки. Истата е опремена со најсовремени помагала за одвивање на програмата за едукација.

Материјалите кои ги подготвиле обучувачите, материјалите и прирачниците од Бирото и други помагала беа дистрибуирани до учесниците и тоа презентациите преку електронскиот систем за едукација, а останатите материјали (прирачници, брошури, модели на тендеска документација, модели на договори, прирачници и слично) беа режени на ЦД или на УСБ и поделени на учесниците. На овој начин е намален во голема мера трошокот на Бирото за хартија.

Учесниците имаа по две кафе-паузи од по 10 минути.

23

Page 24: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

Во текот на 2015 година беа набавени папки, тефтери и футроли, ЦД, УСБ и останат материјал кој е потребен за квалитетно одвивање на обуката.

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТермините за едукација за јавните набавки беа објавени на веб

страната на Бирото за јавни набавки. Лицата кои сакаа да учествуваат на Едукацијата испраќаа барање преку контакт формата bjn.gov.mk, на маил со барање за присуство на обуката или со официјални дописи. Можност за пријавување имаа сите, односно вработените во договорни органи, во економски оператори, но и сите останати лица кои сакаа да учествуваат на едукацијата.

ПИСМЕН ИСПИТ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ

Согласно со Планот за едукација, сите учесници имаа определено датуми за полагање на писмениот испит, и датуми за полагање на поправниот испит. Секој од учесниците беше информиран за датумот на полагањето истовремено со определувањето на терминот за едукацијата на веб страната на Бирото.

На учесниците, веднаш по завршувањето на едукацијата, им беше испраќан маил со податоци за испитот, при што повторно беа информирани за датумот и часот на полагањето.

24

Page 25: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

Во текот на годината, вработените во Бирото континуирано изготвуваа прашања за испит, а пред одржувањето на испит Одделението за обуки го креираше тестот на електронскиот систем за едукација. Прашањата беа подготвувани заедно од Секторот за нормативна дејност, обуки и меѓународни односи и Секторот за управување со електронскиот систем за јавни набавки.

Времето на полагање беше ограничено на 60 минути. Комисијата избрана од страна на директорот го спроведува испитот, го прави записникот од спроведен испит, со прилог електронски извештај од електронскиот систем за едукација. Учесниците кои го немаа положено испитот, полагаа поправен испит, согласно со датумот определен во Планот за Едукацијата.

За успешно полагање на испитот потребно е да се освојат најмалку 80% од вкупниот број на предвидени бодови. Писмениот испит го положија поголемиот дел од учесниците.

Резултатите од испитот, односно списокот со кандидати кои го положиле испитот се објавува во рок од 7 дена сметано од денот на одржување на испитот.

Вкупно испитот го положиле 255 лица од обуката за лицата кои прв пат се стекнале со потврда за положен испит, а 250 го положиле испитот за да ја продолжат важноста на сертификатот. Полагани се вкупно 69 писмени испити (испит по прв пат и поправен испит). Дел од учениците не го полагале писмениот или поправниот испит, и истото имаат можност да го направат во месец јануари или февруари 2015 година и истите не се земени предвид при сумирањето на бројката на учесници кои го положиле писмениот испит. Исто така, дел од учесниците не биле во можност да го полгаат писмениот испит, поради оправдани причини и истите ќе го полагаат писмениот испит во поправните термини со другите групи. Во текот на месец јануари и февриари 2016 година планирани се да се одржат уште 11 писмени испити кои се однесуваат на обуките во 2015 година.Ред.бр

Датум на испит Тест

1 09.03.2015 Писмен испит за група 2-6 февруари2 13.03.2015 Испит за група 14 февруари 20153 23.03.2015 Поправен испит за група 2-6 февруари 20154 23.03.2015 Писмен испит за група 16-20 февруари 20155 26.03.2015 Писмен испит за фрупа 21 февруари 2015 РС6 06.04.2015 Поправен испит за група 16-20 февруари 20157 06.04.2015 Писмен испит 2-6 март 20158 08.04.2015 Писмен испит за група 9-13 март 20159 14.04.2015 Писмен испит за група 14 март 2015 година РС10 27.04.2015 Поправен испит за група 2-6 март 201511 27.04.2015 Писмен испит за група 16-20 март 201512 28.04.2015 Поправен испит за група 21 февруари 201513 05.05.2015 Писмен испит за група 4 април 2015 РС14 11.05.2015 Поправен испит за група 16-20 март 201515 11.05.2015 Писмен испит за група 30 март-3 април 201516 14.05.2015 Поправен испит за група 9-13 март17 14.05.2015 Поправен испит за група 14 март 201518 15.05.2015 Писмен испит група 17 април 201519 15.05.2015 Писмен испит за група 18 април 201520 15.05.2015 Писмен испит за група 25 април 2015 РС

25

Page 26: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

21 26.05.2015 Писмен испит за група 20-24 април 201522 26.05.2015 Поправен испит за група 30 март- 3 април 2015 година23 26.05.2015 Поправен испит за група 4 април 201524 05.06.2015 Писмен испит за група 4-8 мај 2015 година25 08.06.2015 Писмен испит за група 11-15 мај 2015 година26 11.06.2015 Писмен испит за група 18-22 мај 201527 22.06.2015 Поправен испит за група 4-8 мај 201528 22.06.2015 Писмен испит за група 16 мај 2015 РС29 23.06.2015 Поправен испит за група 18 април 2015 РС30 23.06.2015 Поправен испит група 25 април 2015 РС31 23.06.2015 Поправен испит за група 11-15 мај 201532 06.07.2015 Писмен испит за група 30 март-3 април 201533 06.07.2015 Поправен испит за група 18-22 мај 201534 06.07.2015 Писмен испит за група 1-5 јуни 201535 13.07.2015 Писмен испит за група 15-19 јуни 201536 14.07.2015 Писмен испит за група 13 јуни РС 2015 година37 15.07.2015 Писмен испит за група 22-26 јуни 2015 година

Во втората половина на 2015 се спроведени следните писмени испити: 38 21.09.20

15Поправен писмен испит за група 1-5 јуни 2015

39 21.09.2015

Поправен испит за група 15-19 јуни 205

40 21.09.20 Поправен испит за група 22-26 јуни 2015

26

Page 27: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

1541 05.10.20

15Испит за група 5 септември РС 2015 година

42 13.10.2015

Писмен испит за група 12 септември 2015 РС

43 14.10.2015

Писмен испит за група 14-18 септември 2015

44 19.10.2015

Писмен испит за група 26 септември РС

45 19.10.2015

Писмен испит за група 19 септември 2015 РС

46 19.10.2015

Поправен испит за група 13 јуни 2015 РС

47 19.10.2015

Поправен испит за група 13 јуни 2015 Ресертификација

48 02.11.2015

Поправен испит за група 14-18 септември 2015

49 02.11.2015

Писмен испит за група 28 сеп-02 октомв 2015

50 03.11.2015

Поправен испит за група 5 септември 2015 РС

51 03.11.2015

Писмен испит за група 3 октомври 2015 РС

52 06.11.2015

Писмен испит за група 5-9 октовмри 2015г

53 16.11.2015

Поправен испит за група 12 септември 2015 Ресертификација

54 16.11.2015

Поправен испит за група 26 септември 2015 РС

55 16.11.2015

Писмен испит за група 17 октомври 2015 РС

56 20.11.2015

Писмен испит за група 26-30 октомври 2015 година

57 20.11.2015

Поправен писмен испит за група 5-9 октомври 2015 година

58 27.11.2015

Поправен писмен испит за група 19 септември 2015 година РС

59 27.11.2015

Писмен испит за група 31 октомври 2015 година РС

60 03.12.2015

Поправен писмен испит за група 28 септември-2 октомври 2015 година

61 14.12.2015

Поправен писмен испит за група 3 октомври 2015 година

62 14.12.2015

Писмен испит за група 14 ноември 2015 година РС

27

Page 28: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

63 28.12.2015

Писмен испит за група 9-13 ноември 2015 година

64 28.12.2015

Поправен писмен испит за група 26-30 октомври 2015 година

65 29.12.2015

Писмен испит за група 23-27 ноември 2015 година

66 30.12.2015

Писмен испит за група 21 ноември 2015 година РС

67 30.12.2015

Писмен испит за група 5 декември 2015 година РС

68 30.12.2015

Поправен писмен испит за група 17 октомври 2015 година

69 30.12.2015

Поправен писмен испит за група 31 октомври 2015 година РС

*Писмениот испит за учесниците од терминот 30.11-04 декември, 14-18 декември, 12 декември и 8 поправни испити ќе се одржат во месец јануари и февруари 2016

Ред. Бр.

Обука Учесници со право да го

полагаат писмениот

испит

Број на положени на писмен

испит

Број на положени на поправниот

испит

Процент на положеност

1 02.02.2015-06.02.2015 19 12 3 78,95%

2 16.02.2015-20.02.2015 20 14 4 90%

3 02.03.2015-06.03.2015 21 13 6 90,48%

4 09.03.2015-13.03.2015 21 18 3 100%

5 16.03.2015-20.03.2015 18 14 3 94,44%

6 30.03.2015-03.04.2015 21 14 4 85,71%

7 20.04.2015-24.04.2015 22 19 x 86,36%

8 04.05.2015-08.05.2015 19 12 2 73,68%

9 11.05.2015-15.05.2015 18 12 1 72,22%

10 18.05.2015-22.05.2015 16 10 1 68,75%11 01.06.2015-05.06.2015 17 8 2 58,82%12 15.06.2015-19.06.2015 21 11 3 66,67%13 22.06.2015-26.06.2015 20 10 3 65%14 14.09.2015- 18.09.2015

21.09.2015- 25.09.201528.09.2015- 02.10.201505.10.2015- 09.10.201526.10.2015- 30.10.201509.11.2015- 13.11.201523.11.2015- 27.11.201530.11.2015 - 04.12.2015

20 10 4 70%15 / / / /16 21 8 2 47,62%17 17 6 0 35,29%18 19 5 1 31,58%19 20 9 Јануари 45%20 19 8 Јануари 42,11%21 17 Јануари Февруари /

28

Page 29: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

14.12.2015- 18.12.201522 17 јануари февруари /

Табела за писмени испити за лицата кои имаат потврда за положен писмен испит по јавни набавки чија важност е истечена

Ред. Бр. Обука Учесници со право да го

полагаат писмениот

испит

Број на положени на писмен испит

Број на положени на поправниот

испит

Процент на положеност

1 14.02.2015 20 17 1 90%2 21.02.2015 12 7 3 83,33%3 14.03.2015 20 15 4 95,00%4 04.04.2015 15 5 4 60,00%5 17.04.2015 9 7 2 100%6 18.04.2015 18 6 5 61,11%7 25.04.2015 19 16 0 84,21%8 16.05.2015 19 19 x 100%9 13.06.2015 16 7 8 93,75%

10 05.09.2015 17 8 1 52,94%11 12.09.2015 21 14 2 76,19%12 19.09.2015 17 5 7 76,47%13 26.09.2015 22 20 / 90,91%14 03.10.2015 22 14 5 86,36%15 17.10.2015 21 13 / 63,64%16 31.10.2015 21 14 / 66,67%17 14.11.2015 19 10 Јануари 52,6318 21.11.2015 19 6 Јануари 31,5819 05.12.2015 21 4 февруари 19,0520 12.12.2015 20 јануари февруари /

ИСПИТНА КОМИСИЈА

Комисиите за испит работат во согласност со донесеното Интерно упатство за работењето на членовите на комисијата за потребите на Едукацијата за јавните набавки. Истото во текот на 2015 година беше променето, а соодветно на тоа и процедурата за начинот на работа. Во него се наведени обврските кои ги имаат членовите во текот на обуката и при спроведувањето на испитот.

Донесена е процедура за начинот на работа на комисијата, според која, тие ги имаат следните обврски за да го спроведе писмениот испит по јавни набавки на следниот начин:

да дојде во просторијата за полагање на испитот половина час пред започнување на испитот

согласно Извештајот од спроведена обука да утврди кој од учесниците има/нема право за полагање на испитот

29

Page 30: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

да ја оспособи училницата за нормално одвивање на испитот (да ги уклучи компјутерите и да провери дали има интернет, доколку не, да реагира до Одделението за обуки)

да го провери идентитетот на секој од учесниците, а потоа да му даде да се потпише на список за присутни на писмениот испит.

да ги извести учесниците на испитот за правилата за спсроведување на испитот во Согласност со Интерните упатства и за начинот на полагање на електронскиот систем за едукација

да им помогне на учесниците да се најават на системот (во случај да има проблем треба да го известат одделението за обуки)

да овозможат испитот да се спроведе според интерните упатства по завршувањето на испитот, сите членови на комисијата го

потпишуваат списокот да ги исклучат компјутерите по завршувањето на испитот по добиениот електронски извештај, да изготват записник од

спроведениот испит во рок од 3 дена од испитот, и истиот да го потпишат со цело име и презиме сите членови на комисјата

да го споведат поправниот писмен испит на ист начин како и писмениот испит

Кај модулот за економски оператори, комисијата не спроведува писмен испит.

ЕВИДЕНЦИЈА НА ОБУЧЕНИ ЛИЦА

Бирото води двојна евиденција на учесниците кои ја посетувале обуката и кои имаат потврди за положен испит по јавни набавки.

Првата евиденција се води електронски, во табела, која ги содржи следните податоци: Термин на спроведена обука, реден број, име на институција во која е вработен учесникот, име и презиме на учесникот, контакт телефон, контакт меил, датум на раѓање, место на раѓање, датум на положување на испитот, датум на положување на испитот од ресертификацијата после истечената важност на претходно стекнатата потврда и забелешка. Оваа табела се ажурира постојано, при што истата два пати годишно се зачувува на диск, во случај на губење на податоците.

Втората евиденција е во хартија и истата се прави преку евиденциона книга, при што наведени се сите учесници кои доаѓале на обука или положиле испит, со податоци за терминот кој го посетувале, датумот на положување на испитот, името на институцијата од која се номинирани, број на потврда, име и презиме на учесникот, а во последната графа стои потписот од учесникот со датум на подигнување на потврдата.

ИЗВЕШТАИ ОД СЕКОЈА ЕДУКАЦИЈА

Електронскиот систем за едукација започна да работи на почетокот на 2012 година и основна намена е да се користи за најава на учесниците на обуките, оценување на обучувачите, евиденција за присуства, пополнување на евалуациони тестови, прикачување на презентациите и вежбите на обучувачите и полагање на писмениот испит.

Системот започна да се применува кон крајот на 2012 година, а во 2013 година преку овој систем се одвиваа сите обуки. Со оглед на тоа дека овој

30

Page 31: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

начин на работа беше позитивно прифатен од учесниците на обуката, од причина што целосната организација на обуката беше поефикасна и навремена, и во текот на 2015 година, Бирото постојано го надградуваше и подобруваше овој систем со цел поефикасни обуки. Писмениот испит се одвива целосно електронски, со што резултатите од испитот се добиваат веднаш по самото завршување на испитот. Во текот на 2015 година писмениот испит се полагаше 100% електронски, без полагања во хартија.

Во следната табела се дадени просечните оцени на петдневните обуки, дадени од учесниците на обуките:

Бр. Месец Почеток Крај Просечна оцена на обуката

1 Февруари 02.02.2015 06.02.2015 3,472 Февруари 16.02.2015 20.02.2015 3,693 Март 02.03.2015 06.03.2015 3,244 Март 09.03.2015 13.03.2015 3,565 Март 16.03.2015 20.03.2015 3,356 Март 30.03.2015 03.04.2015 3,457 Април 20.04.2015 24.04.2015 3,068 Мај 04.05.2015 08.05.2015 3,569 Мај 11.05.2015 15.05.2015 3,55

10 Мај 18.05.2015 22.05.2015 3,5611 Јуни 01.06.2015 05.06.2015 3,8112 Јуни 15.06.2015 19.06.2015 3,1813 Јуни 22.06.2015 26.06.2015 3,7014 Септември 14.09.2015 18.09.2015 3.2415 Септември 28.09.2015 02.10.2015 3.8316 Oктомври 05.10.2015 09.10.2015 3.4717 Oктомври 26.10.2015 30.10.2015 3.3518 Ноември 09.11.2015 13.11.2015 3.8019 Ноември 23.11.2015 27.11.2015 3.7120 Ноември 30.11.2015 04.12.2015 3.6721 Декември 14.12.2015 18.12.2015 3.58

Вкупната просечна оцена од обуките за лицата кои веќе се стекнале со потврда за положен испит за лице појавни набавки изнесува 3,51.

Во следната табела се дадени просечните оцени од учесниците кои присуствувале на еднодневна обука:

Бр. Месец Датум на обука Просечна оцена на обуката

1 Февруари 14.02.2015 3,532 Февруари 21.02.2015 3,813 Март 14.03.2015 3,734 Април 04.04.2015 3,815 Април 17.04.2015 3,796 Април 18.04.2015 3,827 Април 25.04.2015 3,868 Мај 16.05.2015 3,599 Јуни 13.06.2015 3,77

31

Page 32: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

10 Септември 05.09.2015 3.4811 Септември 12.09.2015 3.7612 Септември 19.09.2015 3.9313 Септември 26.09.2015 3.9114 Октомври 03.10.2015 3.6915 Октомври 17.10.2015 3.8516 Октомври 31.10.2015 3.3817 Ноември 14.11.2015 3.8218 Ноември 21.11.2015 3.6719 Декември 05.12.2015 3.6020 Декември 12.12.2015 3.92

Вкупната просечна оцена од обуките за лицата кои веќе се стекнале со потврда за положен испит за лице појавни набавки изнесува 3,73.

Ова е споредбената табела на задоволството на учесниците од обуката, за изминатите години:

2010 2011 2012 2013 2014 20153.4

3.453.5

3.553.6

3.653.7

3.68

3.55 3.56

3.67

3.573.51

Средна оцена на организираните обуки за договорни органи (петдневни) за последните пет години

Според ваката споредба, евидентно е дека Бирото контунуирано има задоволителен среден просек над 3,5 од највисок можен просек од 4, како и тоа дека треба постојано да го подобрува организирањето на едукацијата за истата да биде на исто или повисоко ниво. Сепак, во текот на 2015 година, просекот е досега со најниско ниво иако над 3.5 од причина што учесниците немаа слободен пристап во однос на движењето низ зградата во Министервото и излегувањето и влегувањето во истото, по што поради бројните реакции, Бирото во договор со Минстерството за финансии, на крајот од годината, обезбеди 21 картичка за влез и излез од зградата, со што се очекува и зголемена оцена на целокупната обука во текот на следната година.

Од Евалуациите кои се однесуваа на целата Едукација, односно за секој од термините, може да се увидат следните работи:

1. Поделба на термините за обука по дејноста на институцијата од која доаѓаат учесниците – Учесниците побараа во иднина да се формираат групите според дејноста на институцијата од каде тие доаѓаат. Имено, не секоја институција има исти потреби за набавка, па со оглед на тоа не им се од корист примерите кои се однесуваат на предмети на набавка кои тие не ги набавуваат во текот на своето работење.

32

Page 33: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

2. Повеќе практични примери – Според изнесеното во коментарите при пополнување на анкетата, голем број од учесниците дале забелешка дека им се потребни повеќе практични примери при предавањето, бидејќи им помагаат полесно да го совладаат материјалот.

3. Специјализирани обуки – Голем дел од учесниците побараа да се организираат специјализирани обуки, односно обуки на кои ќе се предава за конкретна област од јавните набавки. На пример, рамковни спогодби, согласности од Советот за јавни набавки, начин на изработка на тендерската документација итн. Имено, ова им е потребно по посетување на петдневната обука, поради усовршување во одредена област.

4. Подолго времетраење на обуката – Учесниците кои по прв пат доаѓаа на обука сметаа дека истата прекратко трае и дека им се потребни повеќе денови за да ја совладаат материјата. Имено, според нивните забелешки, материјалот е обемен и премногу информации се содржани во петте дена на обука.

5. Поделба на обука за почетници и обука на лица со искуство – Поради тоа што лицата кои немаат искуство и прв пат се среќаваат со јавните набавки имаат различни прашања и дилеми од оние кои имаат искуство во областа, учесниците побараа во иднина обуките да се формираат на начин кој ќе ги групира оние без искуство и оние ко имаат искуство. Истото е поради непречено одвивање на обуката, односно одговарање на потребите на сите учесници.

Средна оцена на Едукацијата во 2015 година е 3,62.

ИЗРАБОТКА НА ФАКТУРИ

Одделението за обуки, по барање на внатрешната ревизија во 2014 година, започна со изготвување на фактури за посета на учесниците на едукацијата. Истите се прават на електронскиот систем за едукација, електронски и се вадат извештаи за секоја обука. Истите електронски се доставуваат до Одделението за финансиски прашања. Во 2015 година, Одделението за обуки продолжи со креирање на фактури од првата обука, и во текот на 2015 година има креирано 735 фактури (активни и сторнирани) за сите модули на обуки заедно.

Дополнителни фактури се изработени од Одделението за финансиски прашања, односно фактурите кои се однесуваат на група учесници од ист договорен орган, бидејќи електронскиот систем за едукација во делот за фактури нема опција за креирање на фактури за повеќе учесници.

РЕАЛИЗИРАНИ ОБУКИ НАДВОР ОД ПРОГРАМАТА ЗА ЕДУКАЦИЈА(Други активности на Одделението за обуки)

1. Владата на Република Македонија на својата триесет и трета седница одржана на 11.11.2014 година по точка 147 заклучи Бирото за јавни набавки, Советот за јавни набавки и Државната комисија за жалби по јавни набавки да подготват и во рок од две недели до Владата да достават акциски план за организирање на обуки за измените во Законот за јавните набавки за вработените во државната и јавната администрација.

33

Page 34: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

Постапувајќи по горенаведениот заклучок, на ден 18.11.2014 година во просториите на Бирото за јавни набавки се одржа координативен состанок на кој присуствуваа раководниот тим на Бирото за јавни набавки, членовите на Советот за јавни набавки и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки. На состанокот, меѓу другото, беше договорен и акцискиот план за спроведување на обуките.

Во периодот од 16 декември 2014 година до 27 февруари 2015 година, Бирото за јавни набавки, Советот за јавни набавки и Државната комисија за жалби по јавни набавки спроведоа обуки за договорните органи, низ седум различни градови низ Република Македонија. Ваквата обука се проведе на барање на Владата на Република Македонија,

Тема на обуката беа Измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, со посебен акцент на измените кои стапија во сила во месец септември и месец декември 2014 година, барањата на согласност од Советот за јавни набавки и работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Обуките се одржаа во времетраење од 5 часа за секоја обука, и тоа по следниот распоред:

16 декември, Штип, во просториите на Општина Штип–132 присутни учесници 22 декември, Тетово, во просториите на Општина Тетово – 32 присутни учесници 26 јануари, Неготино, во просториите на Општина Неготино - 41 присутни учесници 6 февруари, Битола, во просториите на Општина Битола - 111 присутни учесници 13 февруари, Гевгелија, во просториите на Општина Гевгелија – 53 присутни учесници 20 февруари, Охрид, во просториите на Општина Охрид - 86 присутни учесници 27 февруари, Скопје, обуката е одржана во Дом на АРМ - 203 присутни учесници (дел од учесниците не го евидентираа своето присуство)

Според тоа, обуката ја слушаа над 700 учесници од различни договорни органи. Ваквата активност беше позитивно прифатена од сите учесници на обуката.

Обуката логистички беше спроведена од Бирото за јавни набавки, при што целосната комуникација во врска со обезбедувањето на сали за одржување на обуките, контактот со договорните органи и слично, беше на товар на Бирото. Трошоците кои се однесуваа на гориво за превоз до градовите низ Република Македонија ги поделија трите институции соодветно.

Обуките беа еднодневни, со три блока презентации од претставниците на трите субјекти и со доволно време за прашања и одговори. Бирото за јавни набавки, Советот за јавни набавки и Државната комисија за жалби по јавни набавки до започнувањето на првата обука, изготвија презентации и соодветни материјали за предавањата, при што Бирото за јавни набавки изготви презентација од областа на последните измени и дополнувања на Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр. 148/13, Службен весник на Република Македонија 28/14, Службен весник на Република Македонија 43/14 и Службен весник на Република Македонија 130/14), Советот за јавни набавки изготви презентации од областа на барањата за добивање на согласност и правните основи за истите, а Државната комисија за жалби по јавни набавки изготви презентации од

34

Page 35: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

областа на правната заштита со осврт на измените на законот кои се однесуваат на начинот на работењето на ДКЖЈН.

Бирото за јавни набавки по добивањето на потврда за резервација на соодветна сала од договорните органи, на контакт електронските адреси на сите договорни органи оставени на e-nabavki.gov.mk испрати известување преку електронска пошта со времето и местото на одржување на обуките. Со тоа навремено беа известени сите договорни органи од државната и јавната администрација.

Реализирани се две обуки во 2014 година, во Тетово и Штип, а останатите пет се реализираа, согласно со планот, во 2015 година.

2.Во периодот од 24 до 26 февруари 2015 година, Бирото за јавни набавки, по барање на Државниот завод за ревизија одржа три четири часовни обуки за вработените лица во Државниот завод за ревизија. Обуката се одржа во просториите на Бирото за јавни набавки, а како предавачи на обуката беа државните службеници вработени во Бирото за јавни набавки.

Тема на обуката беа Измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, со посебен акцент на измените кои стапија во сила во месец септември и месец декември 2014 година, и новините кои се однесуваат на електронскиот систем за јавни набавки.

Обуките се одржаа по следниот распоред: 24 февруари –16 присутни учесници 25 февруари – 15 присутни учесници 26 февруари - 26 присутни учесници

Според тоа, обуката ја слушаа 57 лица од Државниот завод за ревизија. Ваквата активност беше позитивно прифатена од сите учесници на обуката. Низ конструктивни дебати, сугестии и презентирање на материјалите, обуката се реализираше успешно. Ваквата обука се одржува неколку години по ред, при што се зајакнува соработката на двете институции.

3. Владата на Република Македонија заклучи Бирото за јавни набавки да изготви и реализира акциски план за организирање на обуки за Законот за јавните набавки на институции кај кои најчесто се обжалуваат и поништуваат првостепените одлуки, односно здравствените институции, училиштата и градинките.

Постапувајќи по горенаведениот заклучок, Бирото за јавни набавки во периодот од 15 -16 април 2015 година, спроведе две еднодневни обуки за претставници од договорните органи од областа на образованието, како и за преставници од здравствени институции од неколку градови во Република Македонија, и тоа

15 април 2015 година за учесниците од училиштата и градинките и 16 април 2015 година за учесниците од здравствените институции

Во оваа насока, Бирото за јавни набавки се обрати до Државната комисија за жалби по јавни набавки и побара да достави список на институции кај кои најчесто се обжалуваат и поништуваат првостепените одлуки.

Според доставените податоци од Државната комисија за жалби по јавни набавки, Бирото за јавни набавки со официјален допис и покана за учество на обука се обрати до 14 институции од областа на образованието и 15 институции од областа на здравството, согласно со дописот од ДКЖЈН.

На обуката за договорни органи од областа на образованието одржана на 15 април 2015 година, од вкупно поканети 14 институции, присуствуваа вкупно 22 учесници, додека пак на обуката за договорни органи од областа на

35

Page 36: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

здравството одржана на ден 16.04.2015 од вкупно поканети 15 институции, присуствуваа вкупно 15 учесници.

Бирото за јавни набавки и Државната комисија за жалби по јавни набавки до започнувањето на обуката, изготвија презентации и соодветни материјали за предавањата, при што Бирото за јавни набавки изготви презентација од областа на последните измени и дополнувања на Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр. 148/13, Службен весник на Република Македонија 28/14, Службен весник на Република Македонија 43/14 и Службен весник на Република Македонија 130/14), а Државната комисија за жалби по јавни набавки изготви презентации од областа на правната заштита со осврт на согледаните неправилности во текот на спроведувањето на постапките кај секоја од групaта на институции.

Агендата за двете обуки се состоеше од предавање за Законот за јавните набавки, измените и дополнувањата на Законот и новините во ЕСЈН. Предавањето од овој дел го реализираа државни службеници од Бирото за јавни набавки. Делот од областа на најчестите грешки во спроведување на постапките забележани од ДКЖЈН, како и правилата околу правилно постапување и непрекршување на битните повреди од Законот за јавни набавки беше реализиран од страна на предавачи, претставници од Државната комисија за жалби по јавни набавки.

4. Бирото за јавни набавки на 20 април 2015 година во два печатени медиуми објави повик до заинтересираните и договорни страни кои го спроведуваат Законот за јавните набавки за учество на програмата за едукација. Имено, на 20 април 2015 година јавниот повик беше објавен во дневниот весник Вечер и во Утрински весник. Истиот ден онлајн беа отворени сите термини за обука од септември до декември месец, на кои сите договорни органи и економски оператори можат да ги пријават своите учесници на некоја од обуките кои континуирано се одржуваат. Јавниот повик кој беше објавен во два дневни весници е постојано отворен и на веб страната на Бирото за јавни набавки bjn.gov.mk со поголем број на информации потребни за обуката. 5. На ден 28 мај 2015 година, СИГМА одржа работилница за поттикнување на

иновации во јавните набавки, чија цел беше запознавање на учесниците за можностите во делот на иновациите во јавните набавки.

Еднодневната обука се одржа во Хотел ТЦЦ Гранд Плаза. На барање на СИГМА, Бирото за јавни набавки предложи повеќе институции за учество на оваа работилница и истите ги покани да присуствуваат.

Од страна на Бирото за јавни набавки беа поканети да присуствуваат следните институции: Државна комисија за жалби по јавни набавки, Град Скопје, Министерство за внатрешни работи, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за финансии, Министерство за одбрана, Министерство за транспорт и врски, Агенција за патишта, Народна банка на Република Македонија, Министерство за економија, Министерство за локална самоуправа, Државен завод за индустриска сопственост, Министерство за труд и социјална политика, Собрание на РМ, Општина Кисела Вода, Министерство за информатичко општество и администрација, Фонд за иновации и технолошки развој, Министерство за здравство и Министерство за образование и наука. Поголемиот дел од институциите го остварија учеството на работилницата, меѓу кои се најдоа и претставници од Бирото за јавни набавки. Предавањето го следеа вкупно 24 учесници.

Како предавачи на работилницата се јавија Сузи Смит, Теја Колар и Маријан Лемке. Истата се спроведе во неколку фази при што на почеток беа дефинирани иновациите и нивната важност. Во вториот дел од предавањето

36

Page 37: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

беа презентирани можните начини на инкорпорирање на иновациите во набавките, додека во третиот дел беа објаснети постапките за јавни набавки за поттикнување на иновациите со акцент на конкурентниот дијалог, како и управувањето со ризиците во набавката на иновации. Крајниот дел од предавањето се однесуваше на преткомерцијалните набавки и истото заврши со групна дискусија, односно прашања и одговори помеѓу учесниците и предавачите.

ПРОГРАМА ЗА 2016 ГОДИНА

Појдовна точка за работењето на Одделението за обуки во 2016година ќе биде Извештајот од Едукацијата спроведена на договорните органи и економските оператори за 2015 година, спроведените обуки за договорни органи, обуките за ресертификација и евалуационите листови од минатата година, како и искуствата од реализаираните и спроведени обуки и писмени испити во претходните години.

Врз основа на извршената анализа на 41 спроведена обука во текот на 2015 година, Одделението за обуки – Сектор за нормативна дејност, обуки и меѓународна соработка би требало во текот на следната година да се води по следните насоки:

ЕДУКАЦИЈА 2016

Во текот на 2016 година, потребно е да се продолжи со организирање на обуките, и тоа:

1. Едукација за договорни органи, тековна, согласно со Програмата за едукација за јавните набавки, модел за договорни органи од дел 1 до дел 13.

2. Едукација за надградба на постојните знаења за учесниците кои веќе ја посетувале едукацијата согласно со Програмата за едукација за јавните набавки, модел за договорни органи од дел 14 и дел 15.

3. Обука за економски оператори, согласно со Програмата за едукација за јавните набавки, Модул за економски оператори

Бирото, во наредниот период би требало да осмисли, организира и спроведе тематски обуки. Имено, наведеново претставува заклучок од анализата на извршените анкети во изминатите неколку години. Тематските обуки треба да се подготват по барањата на учесниците и да ги опфатат оние теми кои ќе бидат предложени од нивна страна. Секако, Бирото ќе може по сопствено видување, односно по спроведени анализи да организира тематски обуки. Бирото во следниот период ке треба да изработи и анкета чија основна намена ќе биде службениците за јавни набавки да ги специфираат темите за кои сметаат дека им е потребна дообука. Исто така, промената на Првилникот е потребна од причина што потребно е да се внесат и новите одредби од Измените и дополнувањата на законот, во програмите за предавање, кои пртходно ги немало, со цел обучувачите да ги предаваат темите и од измените на законот.

План за едукација со термини е веќе доснесен и тоа во текот на месец декември 2015 година. И истиот веќе е пополнет во првите неколку термини.

Истовремено Бирото ќе ги објави сите термини до крајот на годината на својата интернет страна. Со оглед на ваквата голема бројка на пријавени учесници, како и законската обврска која ја имаат договорните органи, планот

37

Page 38: И З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА ПРОГРАМА …bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2018/11/Izvestaj-za... · Web viewИ З В Е Ш Т А Ј ОД СПРОВЕДЕНАТА

за 2016 година во поголем дел ги опфаќа обуките за договорни органи, со што се определени повеќе вакви термини во почетокот на 2016 година.

Исто така, и обуките за обнова на знаењето на лицата кои веќе се стекнале со потврда за положен испит по јавни набавки, би требало да се продолжат да се одвиваат.

Во текот на месец јануари ќе се одржи писмениот испит за лицата кои не го полагале писмениот испит во 2015 година. Во врска со Едукацијата за надградба на постојните знаења за учесниците кои веќе посетувале едукација за јавни набавки, Бирото потребно е да ја продолжи едукацијата за двата дела од овој модул. Со оглед на тоа дека веќе има пријавени лица за учество на оваа обука, Бирото ќе ги извести истите, а сите останати ќе бидат запознати за термините за оваа обука преку објавените термини на интернет страната на Бирото.

Во текот на 2016 година ќе продолжат и обуките за економски оператори, согласно со програмата за едукација, модул за обука на економски оператори. Со цел поголемо учество на ваквите обуки, Бирото треба да изнајде начин на кој ќе ја зголеми заинтересираноста за присуство на ваквите обуки.

38