52
ВОСПИТУВАЊЕ СУПЕРИДЕИ за забава во домот Говорот на бебешкото тело Како да го толкувате? Житарки Едноставни рецепти „Зошто кожата на бебето не е розовкаста и мека?“ туку сува и прекриена со акни КРВНИОТ ПРИТИСОК ПОД КОНТРОЛА НАЈЧЕСТИ СИМПТОМИ НА БРЕМЕНОСТ ПЛУС! ИНАЕТЕЊЕ: Е, БАШ НЕЈЌАМ! МОМЧИЊА VS ДЕВОЈЧИЊА ШТЕТНИ И БЕЗБЕДНИ ЗАЧИНИ 6 факти за здраво &брзо слабеење ЈАСЛИ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГО ЗАПИШЕТЕ СЕПТЕМВРИ 2011 МАКЕДОНИЈА Број 12 • 40 ден. ДЕНАРИ 40 МОТОРИЧКИ РАЗВОЈ НА БЕБЕТО (ПЛУС ВЕЖБИЧКИ) за правилен раст Кога мама не може да дои - има шишенце!

Moja Beba MAK 12 Novo

Embed Size (px)

DESCRIPTION

bebe

Citation preview

Page 1: Moja Beba MAK 12 Novo

ВОСПИТУВАЊЕ

СУПЕРИДЕИза забава во домот

Говорот на бебешкото телоКако да го толкувате?

ЖитаркиЕдноставни рецепти

„Зошто кожата на бебетоне е розовкаста и мека?“туку сува и прекриена со акни

КРВНИОТ ПРИТИСОК ПОД КОНТРОЛА НАЈЧЕСТИ СИМПТОМИ НА БРЕМЕНОСТ

ПЛУС! ИНАЕТЕЊЕ: Е, БАШ НЕЈЌАМ!

МОМЧИЊА VS ДЕВОЈЧИЊА

ШТЕТНИ И БЕЗБЕДНИ ЗАЧИНИ

бебешкото телоКако да го толкувате?Како да го толкувате?

6факти заздраво &брзо

слабеење

Како да го толкувате?Како да го толкувате?Како да го толкувате?

ЈАСЛИШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГО ЗАПИШЕТЕ

СЕПТЕМВРИ 2011

МАКЕДОНИЈА Број 12 • 40 ден.

ДЕНАРИ40

МОТОРИЧКИ РАЗВОЈ НА БЕБЕТО(ПЛУС ВЕЖБИЧКИ)за правилен раст

Кога мама не може да дои - има шишенце!

Page 2: Moja Beba MAK 12 Novo
Page 3: Moja Beba MAK 12 Novo

МАМА НА ЗАДАЧА27 КАКО СЕ СЛУЧУВА

„ЕМОТИВНА ЗАБУНА“ КАЈ ДЕЦАТА

ИСХРАНА НА ДЕТЕТО8 ЊАМ-ЊАМ Колаж-вести за исхрана на детето10 ЖИТАРКИ ВО ИСХРАНА НА

ДЕЦАТА Изберете ги најдобрите видови, плус

рецепти!12 ИСХРАНА НА ШИШЕНЦЕ Се што треба да знаете за ова

РАЗВОЈ И НЕГА НА ДЕТЕТО16 МОТОРИЧКИ РАЗВОЈ НА

ДЕТЕТО Водич низ првите 12 месеци Супервежбички за поттикнување на

растот и развојот20 МОМЧИЊА VS ДЕВОЈЧИЊА Разлики и сличности во развојот22 ГОВОРОТ НА БЕБЕШКОТО

ТЕЛО Протолкувајте го на вистинскиот начин31 БЕЗОПАСНИ ПРОМЕНИ НА

БЕБЕШКАТА КОЖА Како да се негува проблематична кожа34 ТРГНУВАЊЕ ВО ЈАСЛИЧКИ Одговори на најчесто поставуваните

прашања од родителите

ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО24 БЕБИ-АЗБУКА Најчести тегоби на малечките

ВОСПИТУВАЊЕ НА ДЕТЕТО28 ЗАБАВА ДОМА 22 суперидеи за забава во домашни услови

Содржина Cептември 2011

Сапун од „ЛАШ“Теа Јоксимовска од Скопје

Гел за туширање од рози “Др. Хаушка“ Ангела Мишевска од Тетово

Аспиратор од „Интер конекшн груп“Димитар Трпков од Кавадарци

Ќилибарно ѓерданче „Интер конекшн груп“Наталија Бошковска од Битола

Термофорче од „Интер конекшн груп“Матеа Анкоска од Прилеп

Сет од „Цептер“ Катерина Јoрдановска од Скопје

Играчка музичка кутија „Фишер-прајс“ подарок од “Орбико“Даниел Соколовски од Неготино

Две базенчиња „Атлантик комерц“Ива Дамчевска од СкопјеАндреј Павловски од Скопје

Камионче од „Атлантик комерц“Марко Трајкоски од Кичево

Три сета од „Канбебе“Мила Анчевска од Башино село ВелесГоразд Пекевски од СкопјеАна и Матеј Јовановски од Велес

Гел за туширање од „Нивеа“Данка Ѓершова од Ѓевгелија

Книга „За подобро воспитување“ од „Матица“Лионора Којслимоска од Охрид

Книга „Магични трикови“ од „Топер“ Виола Исмаили од Тетово

Картичка од ТТК Банка Бисера Костовска од Охрид

32 Е, БАШ НЕЈЌАМ! Негативизмот – нормална развојна фаза

БРЕМЕНОСТ И ПОРОДУВАЊЕ38 10 ВООБИЧАЕНИ ЗНАЦИ

НА БРЕМЕНОСТ Најсигурен начин на утврдување на

бременоста44 КРВНИОТ ПРИТИСОК ВО

БРЕМЕНОСТА Нормалните вредности но и оние што

укажуваат на здравствен проблем

МАМИНО КАТЧЕ40 СТОПЕТЕ ГИ КИЛОГРАМИТЕ

СО ПРОШЕТКИ Наш мини-водич за брзо, здраво и

лесно слабеење

ВАШИТЕ ФОТКИ36 ШТОСНИ ФОТКИ:

Во прегратките на мама 22 ваши штосни фотки46 НАЈУБАВА НАСМЕВКА:

децата се украс на светот 99 насмеани бебиња

20 40

38

283Cептември 2011

нтер

ДОБИТНИЦИ НА ПОДАРОЦИ

ОД МИНАТИОТ БРОЈ

Page 4: Moja Beba MAK 12 Novo

УЖИВАЊЕ ВО БАЊАЊЕТО

Во „Атлантик комерц“ ќе најдете вистински чуда за игра и уживање на вашите малечки, но и сите можни реквизити потребни за убаво и интересно летување. Пиштолчиња, кофички, пераи, душеци, стегачи, перничиња, базенчиња... Ех, кога сме кај базенчињата, две од нив

се најдоа на нашите страници, а вие можете да бидете сопственик на едно од нив!

Две базенчиња подарува „Атлантик комерц“

ЗА ПРИЈАТНО ТУШИРАЊЕ

Со своите производи„Нивеа“ секогаш размислува за удобноста на мама, тато и на нивното бебе. Овој пат подарокот е за мама и служи за тоа да се чувствува поудобно и ммм... посвежо. Интимниот гел „интимо“ е

произведен со антиалергенски ефекти, па затоа мама

користејќи го него ќе се чувствува поубаво и ќе биде порасположена за своето бебе.

Подарок од „Нивеа“

ЗА ЧИСТО БЕБЕ

Хигиенски пелени, влажни марамчиња и пелена за преповивање со кои вашето бебе ќе биде чисто и средено – секогаш и секаде. Можете да ги носите со вас,

можете да ги користите дома или каде и да е – на прошетка, патување, на летен одмор. Со нив хигиената на вашето бебе секогаш ќе биде на

потребното ниво, а тоа ќе се чувствува убаво и ќе

биде среќно и задоволно.

Три сета подарува „Канбебе“

ЗА ЗАБАВА

НАПРАВИ МЕСТО ЗА НОДИ! Вака е насловен циклусот приказни за НОДИ, а она што ние ви го нудиме се НОДИ СЕ СЕЛИ и ПОБЕДНИЧКИОТ ТИМ НА ГРАДОТ НА ИГРАЧКИТЕ. Приказните за Ноди и за неговиот сладок, невин поглед ги знаат и препознаваат и најмалечките. Читајте им ги приказните за Ноди и вашите малечки ќе се дружат со Ноди, ќе заспиваат со него и ќе

влегуваат во светот на бајките.

Овие две сликовници се подарок од “Топер“!

ЗА НОВИ ЗАПЧИЊА

Ѓерданчето од 100% природен балтички килибар е традиционално докажано помагало за лесно никнување на запчињата на бебињата. Најважно е да знаете дека ѓерданчето докажано го олеснува никнувањето на запчињата. Го регулира хормоналниот статус, штити од штетните зрачења, го зајакнува имунитетот.

Едно шарено ѓерданче подарува „Интер конекшн груп“

КОЗМЕТИКА ЗА МАМА

Сите деца се гордеат со убавата и нашминката мамичка, нели? И овојпат „Цептер“ се грижи за нејзината убавина со својата квалитетна козметика. Безбојниот сјај за усни, дневниот крем за лице и

карминот во боја на презреани вишни се само дел од нивните производи, кои

и го олеснуваат животот на мама, но ќе и го

направат и многу поубав и многу поедноставен.

Еден сет подарува „Цептер“

ЗА МАЛАТА ПРИНЦЕЗА

Тоалетната вода „WinieThe Pooh“ од серијата на омилените “Disney“ производи е одлична за вашата мала трендсетерка. Препорачлива е за девојчиња над 3 години, има прекрасен природен мирис, а со неа

вашата ќеркичка ќе влезе во светот на возрасните помодарки.

Дерматолошки е тестирана и не е штетна за детската кожа.

Една тоалетна вода подарува „Орбико“

ЗА ПОЛЕСНО ДИШЕЊЕ

Аспиратор кој убедливо е број еден во светот како најпогоден за бебиња и за деца. Произведен е во Шведска, а препорачан е од врвни педијатри. Неговите карактеристики се: ефикасен, хигиенски, безбеден. Благодарение на вакуум-системот што го регулира оној што

аспирира со него, овозможено е темелно чистење на секретот од носето, а хигиенскиот филтер штити од пренос на бактерии!

Еден аспиратор подарува „Интер конекшн груп“

ВКУСНО ЗАЛАЧЕ

Производите на “Свислион“ се наменети за мама, за тато... О, овде има и пакетче „Јувитана“ кашички и сокчиња, што и нивното бебе ќе го направи среќно, задоволно и сито. А апетито може да се задоволи и со разните солени и благи грицки, што ќе ги наострат запчињата на нивното детенце!

Три пакетчиња производи подарува „Свислион“

КAКО ДО ПOДАРОК?Доколку сакате да се пријавите за подарок од која било страница каде што ќе наидете на знакот „подарок“, испратете го купонот од 6-тата страница, пополнете го со вашите податоци, доколку сакате назначете и за кој подарок се пријавувате и испратете го на нашата адреса: МОЕ БЕБЕ „Дебарца 10“, 1000 Скопје. Наградите сe подигнуваат најдоцна 60 дена од денот на објавувањето на добитниците во МОЕ БЕБЕ.

ПОДАРОЦИЗА МАМА, ТАТО И ЗА НИВНОТО БЕБЕ

ИСПРАТЕТЕ КУПОН

4 Cептември 20114

дома или каде и да е – на прошетка, патување, на летен одмор. Со нив хигиената на вашето бебе секогаш ќе биде на

потребното ниво, а тоа ќе се чувствува убаво и ќе

Три сета подарува „Канбебе“

зрачења, го зајакнува имунитетот.

вакуум-системот што го регулира оној што аспирира со него, овозможено

е темелно чистење на секретот од носето, а хигиенскиот филтер штити од пренос на бактерии!

Три пакетчиња производи подарува „Свислион“„Свислион“

Page 5: Moja Beba MAK 12 Novo
Page 6: Moja Beba MAK 12 Novo

Мојот син Андреј има шест години и ќе биде прваче. Но јас не ви се обратив за да се „жалам“ за проблемите што ме очекуваат, туку да ви кажам дека Андреј има исклучителен талент за цртање, особено за моделирање со пластелин. Откако го забележивме тоа, сите ние дома настојуваме да го поттикнуваме и да го развиваме неговиот талент.Тоа, покрај желбата да ви се обратам преку моето омилено списание, беше, всушност, целта на моето обраќање: драги мамички, следете ги желбите на вашите деца, гледајте во кој правец се развиваат нивните желби и можности и – помогнете им да се усовршуваат во тој правец.

Ве сакам, мама Бети

МАЛИ СОВЕТИ - ГОЛЕМА ПОМОШ• Доколку вашето дете не сака да заспие, замолете го сопругот да го повози во автомобилот. Завиткајте го во ќебенце, ставете го на задното седиште и по десетина минути ќе заспие „како топ“. Тогаш внимателно пренесете го во креветчето и ќе видите дека нема да се разбуди до утрото.

Ана од Струга

• Ако вашето дете не сака да спие на друго место освен дома, обидете се со следното. Кога одите на гости кај роднините, пријателите или некаде на одмор, понесете ја на пат и неговата постелнина, омилената перница или мечето (или друга омилена играчка) и проблемот ќе биде решен! Мирисот на неговите работи му дава сигурност.

Анкица од Ресен

• Кога почнавме со поцврста храна, мојата Анѓела ги одбиваше повеќето намирници. Но бев упорна во барањето вкус што ќе и се допадне. Направив пауза од неколку дена и во кои и давав само да цица, а потоа почнав повторно да и нудам овошни кашички. Ги засака јаболката, па и ги приготвував на разни начини, додавајќи и оризни снегулки. Со текот на времето моето бебе престана да се бунтува, а сега на 13 месеци, јаде речиси се. Така што, мили мои мамички, упорноста е најважна од сè!

Снежана од Охрид

да се „жалам“ за проблемите што ме очекуваат, туку да ви

ТАКА ТРЕБА!

секогаш полно со информации за младите мамички, трудниците и полно со детски насмевки од кои нема ништо поубаво. И јас имам една детска насмевка која ми ја полни душата со топлина, ми го растопува срцето, ме разнежнува како никој досега.Тоа е

насмевката на моето синче. Сега имаме 11 и пол месеци. Како вчера да беше кога тоа сончево неделно попладне за првпат го слушнав неговиот плач. Месеците минаа како секунди, секако не беше така лесно. Тука беа првите непреспани ноќи, неподносливите грчеви, долгото плачење, борбата со доењето, воведувањето на цврстата храна, никнуваа првите запчиња, првите настинки, покачената температура.Низ сите тие да ги наречам маки секако дека имаше и прекрасни моменти кои беа многу побројни првото гугање, подавање рачиња, првите-слогови ма-ма,та-та, од кои секако дека сите мајки полетуваме од радост колку и да сме свесни дека нашите најмили може сè уште не го разбираат значењето на овие зборови, првата изедена кашичка, првото бело запче иако проследено со страшни болки кога ќе блесне повредно е од секој бисер, првите, песнички кои веќе ги научивме и знаеме, првите насмевки... Сега веќе сме на пат и кон првите самостојни чекорчиња. Знам дека секоја мајка ќе се пронајде во ова, но сите на свој начин доживуваме и чувствуваме. Мили мамички првата година од животот на вашето дете е најскапоценото нешто, највредното, времето кое им го посветуваме на тие златни суштества не се мери со ниту едно богатство, со ниту едни пари, со ниту една цела преспана ноќ, тоа е време кое е дадено од Бога.

Со ова писмо сакам да се заблагодарам

“Мое Бебе“, Дебарца 10, Скопје [email protected]Пишете ни, разменувајте искуства и дружете се!

мамин клуб

НАСМЕВКАТА НА МОЈОТ СИН!Додека моите мажиња спијат (сопругот и нашето бебенце) мама седнува и го разлистува на раат најновото списание „Мое Бебе“, најдоброто и најубавото,

ИМЕ ...........................................................................................................

ПРЕЗИМЕ ...............................................................................................

ГОДИНА НА РАЃАЊЕ .....................................................................

МЕСТО, ТЕЛЕФОН ...........................................................................

ПОДАРОК ..............................................................................................

ГЛАСАМ ЗА ..........................................................................................

СЕПТЕМВРИ

Испра}ајте купони!Со купонот од оваа страница можете даги пријавувате вашите малечки за некојаод наградите со знакот ПОДАРОК! Истотака, можете да гласате за најштоснафотка или за најубава насмевка!Купонот испраќајте го на адреса:МОЕ БЕБЕ Дебарца 10 СКОПЈЕ

6 Cептември 2011

Page 7: Moja Beba MAK 12 Novo

СЕ СЛУЧИ ВО АВГУСТ

ДЕТСКА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕТО!Светската Aлијанса на акцијата за доење (WABA) во периодот од 1 до 7 август ја одбележа Светската недела нa доењето 2011. Светската недела на доењето се одбележа во 170 земји во светот, а активностите се одвиваа под слоганот „Зборувај со мене! Доењето - 3Д искуство“. Слоганот ја означи потребата од комуникацијата како трета димензија при промоција на доењето меѓу мажите и жените од сите возрасти, професии, нации и култури.Кај нас одбележувањето беше организирано од Здружението „Лулка“, заедно со Би МЕК како ексклузивен дистрибутер на производите за поддршка на доењето.

ВАШЕ ПРАШАЊЕ – НАШ ОДГОВОР

П: Мојот син има пет години и боледува од алергија

на полен, трева, кора од дрво, домашна прашина и грини. Дома ги презедовме сите мерки и состојбата се подобри, но накратко. Докторката му препиша „флондиан“, но мислам дека нема резултат. Што ни предлагате?

Соња од Кочани

О: Кај децата алергични на полен, трева, дрвја, домашна прашина и грини, не е доволно само да се преземат мерки дома туку и надвор. Пред сè, не треба многу

да излегува надвор во периодот кога поленот има најголема концентрација, треба да ги избегнувате местата со зеленило, а прозорците да ги отворате само ноќе или во раните утрински часови. За лековите, моментално за најдобар се смета „аериус“, но пред да го употребувате, задолжително посоветувајте се со алерголог.

НОВ САПУН ЗА БЕБИЊА!Колекцијата за нега „Беколино“ е збогатена со нов производ – сапун со камилица за нега на многу чувствителна кожа. Камилицата ја смирува иритираната кожа, а ши-путерот, пчелиниот восок, пантенолот и глицеринот ја хранат кожата и го спречуваат нејзиното сушење. Сапунот „Беколино“ прави заштитен слој и ја штити кожата од нови иритации, давајќи и чувство на мекост и нежност. Одличен е за секојдневна нега и хигиена!

на Вашето списание кое беше со нас во сите погоре набројани работи, ми даваше совети, инструкции што и како да се снајдам во одредена ситуација. Со нетрпение го чекам следниот број кој наедно е и Ваш 12 број , исто и моето синче прави 12 месеци следниот месец, па и вам Ви посакувам Среќен Роденден!

Ве сакаат мама Слаѓана и Мартин од Кичево

БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕТЕТО

Ќеркичката на мојата

пријателка пред две недели падна по скалите и си го скрши рачето.

Двете бевме многу

вознемирени и искрено на

никого не му посакувам таков

стрес. Ги советувам мајките што живеат во куќа на спрат да постават безбедносна ограда на врвот и на дното на скалите.

Анита, мајка на деветмесечниот Јован

ХРАБРА МАЈКАИмам ќеркичка Сара која има 23 месеци и синче Ведран од една година. Кога по втор пат останав бремена, а тоа беше само еден и пол месец по првото породување, сите ми велеа дека не сум нормална што сакам да родам уште едно дете толку бргу. Секако, имаше и такви што ме сметаа за храбра и ми честитаа на одлуката. Второто бебе го родив во јануари минатата година. Кога дојдовме од породилиштето, мојата Сара беше одушевена од братчето. Иако

Светската Aлијанса на акцијата за доење (WABA) во периодот од 1 до 7 август ја

БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕТЕТО

БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕТЕТО

БЕЗБЕДНОСТ НА

Ќеркичката ДЕТЕТО

Ќеркичката ДЕТЕТО

на мојата пријателка

пред две

Двете бевме многу

вознемирени и искрено на

никого не му посакувам таков

беше малечка, таа веќе одеше, па сè беше полесно. Ги слушав советите од вашето списание, ја оставив да учествува во сите активности поврзани со бебето, па заедно го храневме, го пресоблекувавме и го бањавме, па затоа немаше воопшто љубомора кај неа кон братчето. Го сака многу, му зборува и го гали, па кога ќе ги видам заедно срцето ми е преполно. Мојот сопруг и јас планираме уште две деца. Сакаме домот да ни биде преполн со љубов, со топлина и со детска игра, па веруваме дека со ваша помош како и досега ќе успееме да ги совладаме сите предизвици на родителството.

Мама Ивана

7Cептември 2011

Page 8: Moja Beba MAK 12 Novo

ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШСОС ОД СИРЕЊЕОвој вкусен намаз е богат со калциум, па се препорачува за деца постари од една година. Еве како се приготвува:

СОСТОЈКИ:• 30 гр путер• 30 гр брашно• 250 мл адаптирано или мајчино млеко• 50 мл меко бело сирење („фета“)

Приготвување:1. Растопете го путерот на тивок оган,

па додадете го брашното. Мешајте додека не изчезнат грутчињата.

2. Полека додавајте го млекото и постојано мешајте. Зголемете ја температурата да зоврие и веднаш намалете.

3. Додајте го сирењето и мешајте додека не се изедначи.

Како се употребува?1. Можете да го прелиете на варени

тестенини и да го послужите како главно јадење.

2. Неколку сварени цветчиња карфиол и брокула прелијте ги со сосот од сирење, посипете ги со презла и запечете ги.

3. Искористете го како прелив за варено или за динстано месо.

4. Овој сос е исклучително богат со калциум и со здрави масни киселини.

Мини-совети за квалитетна исхрана на вашето дете

ЊАМ-ЊАМДали

знаевте?Сигурно сте слушнале

за емулгаторите и за

лошите работи во врска со

нив. Сепак, има и такви кои не

се штетни и дозволени се во

производството на бебешка

храна. Тоа се: Е 322

(лецитин) и Е 471 (моно

и диглицериди).

ШТО МУ НЕДОСТИГА?Ако вашето дете често настинува, можно е да не добива доволно витамини и минерали преку исхраната. Еве како да го препознаете и да го решите проблемот.

ТОЧНО ИЛИ НЕТОЧНО?

МОРКОВИТЕ ГО ПОДОБРУВААТ ВИДОТТОЧНО! Овој зеленчук содржи бетакаротин, супстанција која во организмот се претвора во витамин А, неопходен за добар вид. Освен тоа, докажано е дека овој витамин ги спречува очните болести, како на пример катаракта.

ЗАБОРАВЕТЕ НА КРАВЈОТО МЛЕКО!

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИП: КОГА НА БЕБЕТО ДА МУ ДАДЕТЕ РИБА?Не пред да наврши една година, поради можноста од појава на алергија. Рибата е лесно сварлива, богата е со минерални соли, фосфор, јод и со витамини од групата Б.П: КАКО СЕ ПРИГОТВУВА РИБА ЗА БЕБИЊА?Ставете ја рибата во посолена вода. Пред да зоврие намалете ја температурата, па варете уште десетина минути. Откако ќе се свари, исчистете ја од кожата и од коските, зачинете ја со малку путер, неколку капки лимонов сок и со магдонос. Пунудете му ја детето со пире од компир или со блитва.П: ИМА ЛИ И ДРУГ НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ?Загрејте ја рерната. Посолете сто грама риба, намачкајте ја со 1-2 лажичиња маслиново масло и попрскајте ја со сок од лимон. Завиткајте ја рибата во фолија и печете ја десетина мин.

СУПСТАНЦИЈА КОЈА НЕДОСТИГА

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ?

РЕШЕНИЕ НА ПРОБЛЕМОТ

ЖЕЛЕЗО (го зајакнува имунитетот)

Бледа кожа и слузокожа, недостиг на енергија

Црвено месо, грав, сушени кајсии, спанаќ, блитва

РИБОФЛАВИН (витамин Б2, кој е од витално значење)

Честа појава на „ранички“ на аглите од усните, јадеж на очите

Млеко, риба, печурки

ВИТАМИН Ц (ги штити и ги обновува клетките) Чести настинки Јагоди, пиперки, цитрусно

овошје, брокули

ЦИНК (штити од инфекции)

Проблеми со кожата, оштетени сетила за мирис и за вкус

Интегрални житарки, месо, морски плодови

Во првите месеци на доенчето не му се доволно развиени заштитните функции на цревата, а исто така и бубрезите немаат капацитет ефикасно да ги елиминираат продуктите на метаболизмот. Поради тоа, бебињата кои се хранат со кравјо млеко

пред да наполнат шест месеци може да имаат разни штетни последици. Ова се однесува и на овчото и на козјото млеко, бидејќи и тие содржат мало количество фолна киселина, која е неопходна за создавањето еритроцити.

8 Cептември 2011

Текс

т: Д

ание

ла П

етре

ска

Page 9: Moja Beba MAK 12 Novo
Page 10: Moja Beba MAK 12 Novo

ЖИТАРКИТЕ во исхраната на дечињата

Сигурно многупати сте слушнале дека интегралните житарки се основа на здравата исхрана. Меѓутоа, многумина кога ќе влезат во продавница за здрава храна, не знаат кои житарки да ги изберат...

Благодарение на сложениот состав на јеглени хидрати, житарките треба да

заземат почесно место во исхраната на детето, бидејќи тие му обезбедуваат доволно енергија за сите активности. Ви претставуваме неколку видови што можете да ги пронајдете во секоја продавница за здрава храна.

СНЕГУЛКИСодржат мала количина заситени масни киселини, а некои (на пр. триците), особено оние со овошје, имаат и растителни влакна. Имаат само една „лоша“ страна – содржат шеќер.

• Прстенестите, главно, содржат помалку заситени масти од другите, но често се заладени.

• Овесните содржат мало количество шеќер, масти и сол, а содржат влакна кои го намалуваат холестеролот. Овесните снегулки речиси немаат лоши страни, освен оние во инстант-форма бидејќи содржат соин лецитин, кој може да предизвика алергија.

• Житните топчиња содржат мала количина шеќер, сол и заситени масти, а благите содржат многу шеќер. Оние што се произведени од цели зрна содржат доста растителни влакна, а малку

шеќер и сол, па затоа се одличен избор за појадок.

• Крцкавите овесни житарки содржат растворени влакна, но и многу шеќер и не постојат такви во кои не се додадени заситени масти. Триците се богати со влакна, но затоа содржат сол.

МУСЛИПрвпат се воведени во исхраната на хоспитализираните пациенти во Швајцарија, чија исхрана морала да содржи многу свежо овошје и зеленчук. Називот претставува деминутив од германскиот збор mus (пире, полутечна храна од свежо или варено овошје). Во

модерна форма почнале да се употребуваат во западните земји во 60-тите години на минатиот век, кога се појавил интересот за вегетеријанска храна. Идеални се за појадок зашто се многу вкусни и доста хранливи. Се состојат од пресуван овес и овошје, а можат да бидат суви или свежи.

• Сувите мусли се состојат од пресуван овес, парчиња разно овошје, како и јаткасти плодови и семиња. Содржат и други житарки, интегрална пченица и `ржани снегулки. Може да содржат и додатоци - мед или црно чоколадо. Се служат со млеко, јогурт,

10 Cептември 2011

Текс

т: Ј

асм

ина

Мил

ивое

ва

Page 11: Moja Beba MAK 12 Novo

РЕЦЕПТ ЗА ДОМАШНА ГРАНОЛА:• 170 гр овесни снегулки• 100 гр сончогледово семе• 100 гр бадеми (сечкани)• 50 гр пченични снегулки• 150 гр мед• 50 гр кафеав шеќер• 30 гр путер• 2 лажици арома од ванила• 200 грама суво овошје (кајсии, суво грозје, вишни...)

Измешајте ги снегулките и семето. Путерот, шеќерот, медот и ванилата загрејте ги во тенџере на оган. Кога ќе се растопи шеќерот, смесата прелијте ја врз снегулките. Добро измешајте, па додадете го сувото овошје. Тепсиче со димензии 23x33 см премачкајте го со путер и обложете го со хартија. Истурете ја смесата и распоредете ја рамномерно во плехот. Печете околу половина час на 150 степени. Печената гранола оставете ја да се излади, па дури потоа исечете ја плочки. Ова е исклучително здрава ужина за деца.

ОРИГИНАЛЕН ШВАЈЦАРСКИ РЕЦЕПТ ЗА МУСЛИ:• една лажица овесни снегулки прелиени со малку вода• една лажица лимонов сок• една лажица павлака

200 гр рендани јаболка се машаат со претходните состојки непосредно пред служење.Врз муслите можете да посипете и крупно мелени бадеми или лешници.

КАША ОД ОВОШЈЕ • еден филџан зобни снегулки• еден филџан пченкарни снегулки• еден филџан мешано сезонско овошје• еден филџан млеко

ПРИГОТВУВАЊЕ:Измешајте ги снегулките, прелијте ги со топло млеко, па откако житарките ќе го впијат млекото, додајте во кашата ситно исечкано овошје (праска, банана, рендано јаболко и сл.).

Кашичките со кои се хранат бебињата на возраст од 6 до 9 месеци не треба да се зачинуваат. Зачините нeмаат особена нутритивна вредност, но по навршувањето на 9 месеци можете да ги додавате во бебешката храна за да ѝ го подобрите вкусот. Еве кога и кои зачини смеете да ги употребувате ОД НАВРШЕНИ 8 МЕСЕЦИ

• кромид (една лажичка за оброк) • лук (најмногу едно чешне за оброк)

Забелешка: И кромидот и лукот треба да бидат термички обработени пред да се додадат во јадењето (да се издинстаат на маслиново масло).

ОД НАВРШЕНИ 9 МЕСЕЦИ • свеж магдонос, целер и ловоров лист (не повеќе од ½ лажичка за оброк)

• свежа мирудија (поради лековитоста може да се употребува и по ½ лажиче за оброк)

• ванила (во облик на екстракт)

ОД НАВРШЕНА ЕДНА ГОДИНА • цимет (иако многу лекари тврдат дека малку цимет не им штети ни на бебињата)

• ситен лук (една лажичка свеж зачин за оброк)

ОД НАВРШЕНИ 15 МЕСЕЦИ • свеж босилек, мајчина душица, рузмарин и слични билки

• мелен ѓумбир • свежо мелен коријандер • ким (2-3 зрнца) • свежи листови од нане • мелиса (лимонова трева)

ШТЕТНИ ЗАЧИНИЗачините во кои спаѓаат солта, вегетата, биберот, сенфот, оцетот и ренот, ја надразнат слузокожата на желудникот и на цревата, па најдобро е да се избегнуваат во исхраната на децата помлади од четири години. Ако готвите за целото семејство, пред да го зачините јадењето одвојте мала количина за најмладите. Запомнете дека вкусот на јадењата може да се збогати ако се додаде пармезан, павлака или бело сирење.

ЗАЧИНИбезопасни и штетни

сок или со парчиња свежо овошје.

• Свежите мусли претставуваат свежа мешавина од овесни снегулки и овошен сок, измешана со реднани јаболка. Се додаваат и свежи банани, манго, грозје, суво овошје, млечни производи (јогурт, павлака), лимонов сок и зачини (особено цимет) и сл. Не се препорачува додавање млеко бидејќи тоа бргу коагулира под влијание на

киселината од јаболката. • Гранола е назив за вид мусли од овесни снегулки, јаткасто овошје и мед. Некои содржат и суво овошје (суво грозје и смокви). Сите житарки што се содржат во муслите се од цели зрна, а содржината на овошјето е 30 проценти. Ваквиот состав обезбедува јаглени хидрати, влакна, витамини, минерали и протеини во мали количини, па затоа се погодни за вегетаријанците.

11Cептември 2011

ИСХРАНА НА ДЕТЕТО

Page 12: Moja Beba MAK 12 Novo

Сè за исхраната со шишенцеПовторуваме по којзнае кој пат: мајчиното млеко е најдобра и најздрава храна за бебето. Но ако мајката нема доволно млеко или не може да дои, ќе мора да го храни своето бебе со адаптирано млеко од шишенце. Еве што сè треба да знаете во врска со тоа...

Познато е дека доењето е најдобриот начин на исхрана на бебињата. Покрај тоа, Светската здравствена

организација им налага на мајките во првите шест месеци исклучиво да ги дојат своите бебеиња. Сепак, некои мајки не можат да го прават тоа поради здравствени причини, а некои пак, веднаш се откажуваат или не се доволно упорни. Другите употребуваат шишенце кога ќе ги воведат кашичките во исхраната или се принудени на тоа поради враќањето на работното место.Една од предностите на ваквиот начин на исхрана е тоа што вашиот сопруг или кој било друг член од семејството може да го нахрани бебето кога вие нема да можете. Тоа ќе ве ослободи од обврската и од притисокот, а овозможува зближување на бебето со целото семејство. Иако хранењето со шишенце бара подолга подготовка и употреба на приборот, истовремено овозможува поголема флексибилност.

СÈ ЗА ВешТАЧКОТО МЛеКОЕдинствена храна што му одговара на бебето пред да наполни една година е мајчиното или адаптираното млеко. Мајчиното е, дефинитивно, најдобро, но и вештачки адаптираните млека се доста слични на него. Формулите се прават од кравјо млеко, но високомодифицирано, поради што ги содржи сите хранливи материи што им се потребни на бебињата. При производството од кравјото млеко се отстрануваат сите состојки кои можат да предизвикаат алергија.Млечната формула се дели на две основни категории. Првото млеко се користи за исхрана на новороденчињата до 6. месец, а од шестиот месец може да се продолжи со истото млеко, но да се додава обогатена млечна формула која содржи поголемо количество железо, витамини и минерали. Обично се произведува во форма на прашок кој се меша со превриена, па разладена вода. Во продажба може да се најде и готова

12 Cептември 2011

Page 13: Moja Beba MAK 12 Novo

Беспрекорно чистоПовеќето бебиња во првата година од животот се склони на разни стомачни тегоби. Млекото и остатоците од храната се погодно тло за развој на бактериите. Затоа, најважно е приборот за приготвување храна да биде стерилизиран.Шишенцата, цуцлите и другите садови за исхрана може да се стерилизираат со вриење во вода или, пак, во ладна вода со употреба на специјални таблети. Но, најсигурни средства се електричните или микробранови стерилизатори. По стерилизацијата проверете дали сè е беспрекорно чисто и фрлете ги деловите кои се напукнати или изгребани, бидејќи во нив се собираат бактерии.Адаптираното или измолзеното млеко и бебешките кашички чувајте ги во фрижидер во затворени садови. За излети и патувања користете шишенца за еднократна употреба. Никогаш не подгревајте ја храната повеќепати. Користете мала количина храна, а остатокот чувајте го во фрижидер.

сè за исхраната со шишенцеПовторуваме по којзнае кој пат: мајчиното млеко е најдобра и најздрава храна за бебето. Но ако мајката нема доволно млеко или не може да дои, ќе мора да го храни своето бебе со адаптирано млеко од шишенце. Еве што сè треба да знаете во врска со тоа...

формула во тетрапак, која е доста поскапа.Во западните земји, на производителите на млеко забрането им е да ги рекламираат млечните формули зашто тоа би можело да ги обесхрабри мајките да ги дојат своите бебиња, па мајките изборот го прават врз основа на препорака од пријателки, од лекар и сл. Сите млечни формули ги содржат непходните хранливи материи за бебето, но треба да се обрне внимание на екстрасостојките:• Полинезаситени масни киселини (LCP)

- важни се за развојот на мозокот на бебето.

• Нуклеотиди - го поттикнуваат имунитетот.

• Пробиотици - го поттикнуваат развојот на „добрите“ бактерии во дигестивниот систем.

Ако млечната формула што сте ја одбрале не му одговара на вашето бебе, посоветувајте се со лекар пред да ја замените со друга.

ДоБро опреМете се!еве што сè ќе ви биде потребно ако решите да го храните бебето со шишенце:

шишенцА и цУцЛиНа пазарот има доста голем избор на цуцли (стандардни, со „широк“ врат, цуцли што ја регистрираат промената на температурата на млекото). Изборот е ваш. За да изберете соодветна цуцла за вашето бебе, веројатно треба да смените неколку додека не ја пронајдете таа што најмногу му одговара.Ако одлучите да го храните бебето исклучиво со вештачко млеко, треба да имате најмалку 6 шишенца и цуцли.

стериЛиЗАторШишенцата и другите садови за исхрана можете да ги стерилизирате и во ладна вода со додавање специјални таблети, но апаратите кои стерилизираат со помош на врела вода се посигурни и поедноставни.

шише-ГреЈАчАдаптираното млеко може се загрее во топла вода, но специјалните апарати за загревање се уште подобри бидејќи обезбедуваат соодветна температура. Постојат и апарати за разладување кои ја одржуваат температурата на шишенцето.

специЈАЛнА торБА ЗА шишенцАСпецијалната торба има прегради за шишенца, овозможува лесен транспорт и ја одржува оптималната температура на млекото.

шишенцА ЗА еДнокрАтнА УпотреБАПрактични се при патувања, одмори, излети и слично бидејќи се продаваат стерилизирани и по употребата се фрлаат.

сАД ЗА АДАптирАно МЛекоИма неколку прегради во кои можете однапред да ја измерите дневната количина млеко (за сите оброци), пред да излезете од дома.

Во исхраната со шишенце, добриот стерилизатор многу помага

Ако немате стерилизатор, користете четка, детергент и врела вода

13Cептември 2011

исхрАнА нА Детето

Page 14: Moja Beba MAK 12 Novo

ИСХРАНА СО ШИШЕНЦЕ: ЧЕКОР ПО ЧЕКОР

1 Пригответе ја млечната формула според даденото упатство.

2Нахранете го бебето со млеко што стоело на собна температура или загрејте го во

апарат за загревање. Млекото не треба да се загрева во микробранова печка бидејќи не се постигнува рамномерна температура, па постои опасност бебето да се изгори. Проверете ја температурата на млекото на внатрешната страна од рачниот зглоб – млекото треба да биде топло, а не врело.

3Заземете удобна положба, земете го бебето во скутот, галете го и гледајте го во очи.

4Нежно протријте ја цуцлата од бебиното обравче – тоа ќе го стимулира да ја фати

цуцлата со устето.

5Поместувајте го шишенцето за цуцлата постојано да биде полна со млеко. Ако

забележите меурчиња со воздух во цуцлата, свртете ја за да се врати воздухот во шишето. Ако случајно треба да го прекинете оброкот, внимателно ставете го прстот на неговото непце за да го сопрете цицањето. Никогаш не оставајте го бебето само додека се храни од шишенце!

6Подигнете го бебето и ставете го неговото главче на вашето рамо. Нежно потапкајте

го по грбот за да ждригне. Бебињата обично повраќаат по малку млеко, па паметно е на вашето рамо да префрлите тенка крпа. Откако ќе ждригне, повторно понудете го со млеко за да бидете сигурни дека е најадено.

ИЗМОЛЗУВАЊЕ МЛЕКОАко имате млеко, со

едноставно измолзување можете да обезбедите храна за вашето бебе доколку не сте дома. Со редовно измолзување ќе обезбедите здрави

оброци за бебето, нормален проток на млекото во вашите

дојки и шанса на семејството да учествува во грижата за малечкото.

1 Изберете време кога сте опуштени и кога ви е доволно топло. Многу мајки

велат дека протокот на млеко е најдобар наутро.

2 Седете удобно зашто измолзувањето може да трае и 45 мин.

3 Измолзувајте млеко од обете дојки. Ако ви е потребна помош, обратете се на

патронажна сестра или во советувалиште за мајки. Може да се измолзувате со раце или со специјална пумпица.

4 Измолзеното млеко чувајте го во затворени стерилни шишенца во

фрижидер (најмногу 24 часа). Замрзнатото млеко може да се чува најмногу шест месеци на -5 степени.

ИСКУСТВА НА МАЈКИТЕ„МОЕТО БЕБЕ НЕ НАПРЕДУВАШЕ“Весна, мајка на четиримесечниот Никола„Сакав да го дојам бебето, но тоа не беше можно - моето синче не можеше да повлече млеко поради деформација на јазикот. Купив пумпица која беше фантастична, зашто можев да гледам колку млеко ќе испие бебето. Патронажната сестра ми рече дека сум вистинско ,чудо’ бидејќи за пет минути испумпав 170 мл млеко! Но и покрај тоа Никола не напредуваше, па почнав да го хранам со комбинација од моето млеко и млечна формула. Едноставно, немав избор. Исхраната со шишенце има и предности – нашето

бебенце сега можат да го нахранат и татко му и баба му.

„АЊА СО ОКО НЕ ТРЕПНА“Биле, мајка на деветмесечната Ања„Приспособувањето на шишенце беше многу полесно отколку што очекував. Ја доев мојата ќеркичка првите неколку месеци и се плашев од преминувањето на шишенце бидејќи оваа транзиција секаде е претставена како доста проблематична. Но мојата Ања ни со око не трепна кога првпат ѝ понудив шишенце. Мојот совет за мајките кои се наоѓаат во ваква ситуација е да го воведуваат шишенцето постепено, почнувајќи со еден оброк дневно. Најмногу време потрошив додека пронајдов соодветна цуцла за Ања. Експериментирав некое време, но и тоа успешно го пребродивме.“

ШИШЕНЦЕ „СТЕП-АП“Доколку доењето не е можно, на бебињата им е потребен друг начин на исхрана кој е најблизок до природниот. Исуството на „Чико“ и неговото

непрекинато истражување доведоа до создавање иновативно шишенце за хранење: „степ-ап“ е единствено шишенце што ви овозможува да го храните детето на природен начин во секоја фаза

од неговиот развој. Цуцлата со искосен врв секогаш останува полна при хранењето и го спречува ризикот од грчеви, ждригање и повраќање.Шишенцето „стап-ап“ го следи растот на бебето и се развива заедно со него. Има три цуцли кои се приспособуваат на бебиното усте, а го следат и начинот на кој се храни. Бидејќи бебињата напредуваат поСТЕПено, сега „степ-ап“ е покрај нив.

ИЗМОЛЗУВАЊЕ МЛЕКОАко имате млеко, со

едноставно измолзување

оброци за бебето, нормален проток на млекото во вашите

дојки и шанса на семејството да

Овој начин на исхрана има предност – и тато

може да го нахрани бебето

исхрана кој е најблизок до природниот. Исуството на „Чико“ и неговото непрекинато истражување доведоа до создавање иновативно шишенце

за хранење: „степ-ап“ е единствено шишенце што ви овозможува да го храните детето на природен начин во секоја фаза го храните детето на природен начин во секоја фаза

14 Cептември 2011

ИСХРАНА НА ДЕТЕТО

ШИШЕНЦЕ „СТЕП-АП“Доколку доењето не е можно, на бебињата им е потребен друг начин на

непрекинато истражување доведоа до создавање иновативно шишенце за хранење: „степ-ап“ е единствено шишенце што ви овозможува да го храните детето на природен начин во секоја фаза

од неговиот развој. Цуцлата со искосен врв секогаш

Измолзувајте млеко од обете дојки. Ако

патронажна сестра или во советувалиште за

НОВО!

Page 15: Moja Beba MAK 12 Novo

за сите палави и разиграни дечиња

За вашето бебе да биде здраво и среќно, Bübchen ги користи најнежните

и најблаготворни дарови од природата: камилица, алое вера, пчелин восок, рузмарин и липа.

Кожата е нашиот најголем орган кој има неколку важни улоги во одржувањето на здравјето на секој човек во целина. За да може да ја извршува својата функција, на кожата и е потребна соодветна нега. Кога станува збор за бебешката кожа која е поосетлива од кожата на возрасните, мора да се обрне особено внимание на изборот на соодветна козметика за нега. Токму поради тоа, козметиката на Bübchen, која е произведена од природни состојки, е вистински избор за нежната детска кожа.

5 ЗОШТО И 5 ЗАТОАЕкспертот за нега на бебешката кожа Bübchen Ве советува што е добро за Вашето бебе. Одговорите на петте прашања се добиени врз основа на препораките на педијатрите, дерматолозите и мајките на најсреќните бебиња.

1Зошто моето бебе сака да го бањам со Bübchen беби-купка?

Затоа што беби-купката Bübchen содржи супстанции на камилица и рузмарин кои при бањањето се ослободуваат и го отстрануваат кожното црвенило, додека пак останатите смирувачки агенси го одржуваат балансот на чувствителната бебешка кожа. Беби-купката Bübchen

е со заштитно дејство - при чистењето на бебешката кожа ја поддржува заштитната функција на кожата преку стабилизирање на природната киселинска обвивка.

2Зошто не плаче додека му ја мијам главата и косичката?

Затоа што шампонот Bübchen со екстракт од камилица и со цвет од липа го штити бебешкото чувствително главче, а истовремено ја штити кожата на најнежен начин. Косата добива природен свиленкаст сјај и лесно се чешла.

3Зошто моето бебе гласно се смее и се радува додека го

масирам со лосион?Затоа што беби-лосионот Bübchen со растително масло ја навлажнува кожата, ја одржува нејзината еластичност и ја штити од сушење. Лесно се апсорбира во кожата и пријатно ја освежува, а активните екстракти од камилица делуваат анти-воспалително и ослободуваат од иритации. По вечерното бањање и масажата со лосион, вечерната нега ќе биде комплетна, а вашето бебе ќе има поубав и полесен детски сон.

4Зошто помирно спие откако ќе го премачкам со

козметички крем?Затоа што козметичкиот крем на Bübchen е изработен од пчелин восок и алантоин, состојки кои се добри за олеснување на иритациите на кожата. Кремот е идеален за секојдневна нега на лицето и рацете на бебето, ја прави кожата уште понежна и наедно и дава високо ефективна влажност.

5Зошто би ја избрале линијата за нега на бебиња од Bübchen?

Затоа што Bübchen на германски значи детенце. Палаво, разиграно детенце -целата филозофија на Bübchen се темели на значењето на овој збор. За Вашето бебе да биде здраво, среќно и палаво, Bübchen ги користи најнежните и најблаготворни дарови од природата: камилица, алое вера, пчелин восок, рузмарин и липа.

КолекцијаBÜBCHEN

ДОЛГОГОДИШНА ТРАДИЦИЈАВо 1961 година е основана компанијата Bübchen – Werk. Нејзиниот основач Евалд Хермес прво започнал со производство на детски чај за смирување, а подоцна производството се проширило и со други производи за нега на децата. Сите производи од оваа козметичка линија содржат природни состојки како, камилица, која има смирувачко и антивоспалително влијание, невен кој се употребува за нега на воспалена и оштетена кожа, рузмарин кој делува како антисептик и го раздвижува крвотокот, природен пчелин восок кој на кожата и дава флексибилност и еластичност, како и алантоин, Д-пантенол, витамин А и витамин Е. Потврда за нивниот квалитет се се поголемиот број на потрошувачи, многу задоволни мајки, татковци, баби и дедовци.

детски сон.

ПОДАРОКТри наши мали

читателчиња ќе добијат

на подарок по еден сет

од колекцијата, секако

за да пробаат и да се

уверат кооолку се убави!

15Cептември 2011

МБ-ПРОМОЦИЈА

Page 16: Moja Beba MAK 12 Novo

ВОДИЧ низ ФИЗИЧКИОТ РАЗВОЈ НА ДЕТЕТО

(од 1. до 12. месец)Првите 12 месеци од животот на бебето се обележани со интензивен

раст и развој според строго утврден редослед. Но, сите деца не се развиваат со исто темпо, па затоа податоците од овој текст не треба да се земат здраво за готово, туку со резерва, особено за перидот по

шестиот месец

Повеќето деца ја подигнуваат главата од третиот месец, но ако вашето дете

је крева од четвртиот, не значи дека заостанува во развојот. Некои деца самостојно почнуваат да седат од шестиот и проодуваат во деветтиот месец, а други ползат до 13. месец. Но без оглед на ваквите разлики во совладувањето на клучните вештини, и едните и другите се во рамките на нормалното. Затоа, никогаш не

споредувајте го вашето бебе со другите, туку следете го неговиот раст според неговите можности. Порано или подоцна сите бебиња совладуваат одредени вештини, па не треба слепо да се придржувате кон табелата за развој. Познавањето на текот на развојот ќе ви послужи за да ги воочите големите отстапувања во развојот (пр. ако бебето и по 9. месец не се обидува да седи), но и за да можете навреме да консултирате

лекар, што е многу важно за здравјето и за правилниот раст на вашето бебе).

1. МЕСЕЦСПАНКОВЦИВо текот на првиот месец повеќето бебења спијат 90% од времето, така што не треба да очекувате „сензационални“ движења во неговиот развој. Но кога лежат на стомаче, повеќето рефлексно ја вртат главата настрана за да го ослободат дишењето. Рацете и нозете му се свиткани во лактите и во колената, карлицата подигната од подлогата, а колената му се под стомакот. Во положба на грб, бебето обично ја врти главата на десната страна. Дланките му се стиснати, а кон крајот на првиот месец повеќето за момент успеваат да го подигнат главчето. Во тој период некои од нив успеваат да го фокусираат погледот на мајката и да произведат звуци кои личат на грагор.

2. МЕСЕЦ ПОВТОРНО СПАНКОВЦИВо положба на стомак успева да ја подигне главата и да ја задржи десетина секунди. Полека почнува да ја напушта феталната положба (положбата додека е во стомакот), па рачињата и ножињата му се помалку свиткани. Во положба на грб со поглед ги следи

јаките бои, како и движењето на мајката. Дланките му се стиснати, но палецот веќе се одвојува од тупаницата. На двомесечна возраст бебето почнува да „комуницира“ испуштајќи звуци, најчесто „а“, „у“ и „е“.

3. МЕСЕЦСМЕШКОВЦИВо текот на третиот месец бебето делумно успева да го дигне градниот кош од подлогата потпирајќи се на подлактиците. Ноженцата му се испружени, а колената благо свиткани. Во положба на грб главчето го врти на двете страни, весело реагира кога ќе види играчка со јака боја и ги подава рачињата кон неа. Дланките се веќе отворени, а се јавуваат и првите насмевки. Што се однесува до развојот на „звучните сигнали“, на оваа возраст почнуваат да произведуваат „ррр“ гласови.

4. МЕСЕЦГУГУТЧИЊАВо положба на стомак бебето успева да ги подигне главчето и градниот кош, ослонувајќи се на лактите. Кога лежи на грб, со поглед ги следи предметите пред себе и се обидува да ги дофати. Ги става играчките во уста, што укажува на координацијата „рака-уста“. На возраст од четири месеци бебето почнува да гуга извикувајќи ги гласовите „гу“

Еве ме, пристигнав!

16 Cептември 2011

Page 17: Moja Beba MAK 12 Novo

„ЧИКО“:ЗА УДОБНО БАЊАЊЕСо производите на „Чико“ бањањето и одржувањето на хигиената и здравјето на бебешката кожа е лесно. Овие производи не содржат сапун и парфеми, па погодни се и за најосетливата детска кожа. Билните екстракти со смирувачки ефекти и пријатниот мирис, бањањето го претвораат во уживање и за бебето и за родителите. Сите производи на „Чико“ се тестирани на Европскиот дерматолошки институт.

и „га“. А ако го заскокоткате, можете да очекувате гласна смеа.

5. МЕСЕЦ„ПЛИВАЧИ“Во положба на стомак бебето се потпира на полуотворени дланки, со полуиспружени раце и лакти. Доаѓа до т.н. пливање кога бебето се обидува истовремено да ги подигне рачињата и ножињата од подлогата и „балансира“ на стомачето. На оваа возраст повеќето можат да го стават ножниот палец во уста, односно ставаат во уста сè што ќе им падне в раце. Ако му понудите некој предмет, го зема. Доколку го потпрете на перниче со грбот, може да седи, но повеќето брзо се навалуваат настрана.

6. МЕСЕЦ„ПРИВРЗОЦИ“ Во положба на грб само ја подигнува главата и ги

подава рацете кон мајката, ги фаќа своите стапала и ги става во уста. Цврсто ја фаќа понудената играчка и ја префрла од една во друга рака. Ако му се понуди друга играчка, ја пушта претходната, па ја прифаќа понудената. Во положба на стомак се потпира на сосема спружените рачиња и може само да се сврти на грб. Грбните мускули му се зацврснати, но сè уште не може да седи без да се потпре. На оваа возраст бебињата можат да разликуваат познати од непознати лица. Некои реагираат со плач на непознатото лице, а некои само цврсто се „прилепуваат“ за мајката.

7. МЕСЕЦ„СНАГАТОРИ“На седум месеци бебето самостојно се врти од грб на стомак и обратно. Успева тежината да ја префрли на едната рака додека со другата ги фаќа предметите. Додека лежи на грб, си игра со стапалата, што ја потврдува координацијата меѓу рацете и стапалата. Играчките ги фаќа со прстите, а ако му се понуди друга коцка додека веќе држи една, ќе ја прифати без да ја фрли првата. На оваа возраст повеќето бебиња ги повторуваат слоговите „ба“, „да“ и „ка“ и уживаат во играта „Каде е бебето?“.

8. МЕСЕЦБРБОРКОВЦИПовеќето бебиња во осмиот месец можат самостојно

да седат со исправен грб и спремни се да ја променат положбата во која седат со помош на рацете. Бебето се смее кога го гледа својот лик во огледало, посматра што прават родителите и обожава да игра „криенка“ (мајката се скрие зад фотелјата и изненадно се појавува, на што бебето многу се радува). Некои бебиња на оваа возраст почнуваат да ползат, а повеќето од нив почнуваат да „брборат“ делејќи ги слоговите „ба-ба“, „да-да“ и слично, така што бабите и дедовците гордо потенцираат дека внучето прво нив ги спомнало.

9. МЕСЕЦ„ЛУЛАШКИ“На девет месеци бебето се „лула“ на дланките и колената и почнува да ползи „четвороножно“. Родителите оваа фаза ја нарекуваат „Што е тоа?“, зашто детето не престанува да покажува со прстот на предметите и да бара одговор како се нарекуваат. Предметите ги држи со два прста (не со цела дланка) и со нив удира по подот. Во стоечка положба, ако го придржувате за раце, стои цврсто со целото стапало.

10. МЕСЕЦЗВРКБебето постигнува координација на движењата на рацете и на нозете и веќе може да ползи на дланките и на колената. Некои бебиња можат да ползат и наназад. Ножињата им се зајакнати и веќе можат

да се држат за оградицата од креветчето. Намерно ги испушта предметите на под и чека мајката да ги подигне (ова е идеална вежба за мајката и одлична забава за бебето). Кога ќе наполни десет месеци, детето го изговара првиот збор со конкретно значење.

11. МЕСЕЦДетето самостојно се подига и стои придржувајќи се со едната рака, а со другата посега по предметите на подот. Може да чекори во место, а некои деца на оваа возраст веќе ги прават првите чекори нанапред. Се одѕива кога некој го вика, се движи кон него, му подава играчка и умее да ја фрли коцката во корпата за играчки. На забрана („не!“) реагира со прекин на одредена активност.

12. МЕСЕЦНа возраст од една година детето прави чекори нанапред, придржувајќи се со едната рака. Меѓутоа, на повеќето деца на оваа возраст полесно им е „четвороножно“ да стигнат до посакуваната цел. Тоа обично го прават со голема брзина, па потребо е нонстоп да внимавате на бебето за да не се случи незгода (бебињата не знаат каде почнуваат скалите). Додека седи на маса способно е да ги собира трошките, знае да изговори неколку предмети и да ги покаже со прст. Едногодишно дете во просек изговара пет збора со конкретно значење, а тоа е почеток на интензивниот развој на говорот.

Ураа, успеав да ја подигнам главата!

Мамичке, направи го ова ако можеш!

17Cептември 2011

РАЗВОЈ НА ДЕТЕТО

17Cептември 2011

РАЗВОЈ НА ДЕТЕТО

Page 18: Moja Beba MAK 12 Novo

Mедицинските стручњаци тврдат дека ниедно бебе не

може да премине во следна развојна фаза додека неговиот нервен систем не созрее доволно. Но, она што како родители можете да го направите е да им дадете на најмладите поддршка и поттик. Специјалистите по педијатрија откриваат како да го поттикнете психофизичкиот развој на вашето бебе со едноставни вежби и низ игра, односно како да му помогнете полесно да го совлада седењето, проодувањето и како да ја разбудите во него желбата за игра и за учење.

ПРВИ РЕФЛЕКСИПорано се мислело дека кога бебето ќе дојде на свет, многу малку разбира. Но неодамнешните истражувања потврдуваат дека новороденчињата свесно прават многу повеќе работи. При раѓањето бебето веќе има извесен број рефлекси на кои педијатарот може да ви укаже. Еден од најинтересните е рефлексот за одење. Ако бебето се држи исправено, со стапалата на цврста подлога, тоа го подига прво едното, па другото ноженце, ставајќи ги секогаш едно пред друго како да оди. Овој, како и другите примитивни рефлекси (на

пр. автоматско фаќање на кој било предмет), со време исчезнуваат - детето не може да развива свесна контрола на движењата пред тие да исчезнат.

ВЕЖБИ ЗА НАБЉУДУВАЊЕБебето сака да ги посматра предметите кои се во движење

и ужива во јаки бои. Му се допаѓа да ги гледа шарените играчки закачени над креветчето и ќе се обидува да ги дофати, па дури и да се поткрене. Тоа е ран облик на игра кој треба да се поттикнува. На пазарот постојат специјални комлети и играчки за развивање на активностите. Тие ќе му помогнат на бебето да

Како да го поттикнетеРАСТОТ & РАЗВОЈОТ на бебетоСите родители уживаат да гледаат како им растат децата. Исто така, многу се горди на секој нивни напредок и на сè што ќе научат. Сепак, често се прашуваат дали на некој начин би можеле да го забрзаат нивниот развој

Опа, уште малку, па ќе застанам на нозе!

18 Cептември 2011

Page 19: Moja Beba MAK 12 Novo

ТЕРМОФОРЧЕ “МЕЧЕ“Револуционерен термофор против грчеви кај новороденчињата. Без додатен извор на топлинска енергија, термофорчето се загрева самото и ја одржува температурата на околу 40 – 50 Целзиусови степени во времетраење од 40 минути. Се изврива и повторно е подготвено за употреба.Термофорчето помага и при болки на уво, менструални и ревматски болки, како и при сите состојби кај штопомага топлината. Доколку се стави во фрижидер ја одржува и ниската температура па помага и при мускулни повреди, отечени вени, тромбофлебити и друго. Инфо: 071 359 770.Едно термофорче подарува “Интер конекшн груп“.

оствари координација на рацете и на очите, и ќе му овозможат многу интересни доживувања.

ВЕЖБИ ВО КАДИЧКАБебето исто така би требало да си игра во кадичката за време на бањањето. Во почетокот ќе го поттикнете прскајќи го со вода на стомачето, па бебето бргу ќе научи само да се прска. Многу е важно постојано да му зборувате на вашето бебенце.

Иако не ги разбира вашите зборови, го препознава вашиот глас, а кога ќе наполни два месеца ќе почне да ви „возвраќа“. Бебето исто така ќе ужива и ако му пеете. Кај шестмесечните бебиња се забележуваат големи промени. Тежината доста им се зголемува, а дланките кои дотогаш ги држат стиснати, сега сè почесто ги отвораат. На таа возраст со

поглед ги следат лицата што се движат и уживаат во друштво.

ВЕЖБИ ЗА СЕДЕЊЕБебето кое наполнило шест месеци многу се разликува од новороденчето. Ако има добра поддршка, веќе може и да седи. Во стоечка положба, поголемиот дел од тежината го префрла на ножињата, а ако го ставите на под, ќе се тркала. На оваа возраст сака да лежи на грб и да си игра со стапалата. Исто така

СÈ ВО СВОЕ ВРЕМЕ!Секое бебе е единка само за себе. Детскиот развој не се одвива праволиниски туку со „скокови“, со периоди кога наизглед ништо не се случува. Меѓутоа во времето на тие „мирни“ фази нервниот систем се развива до точка кога се постигнува друг очигледен чекор во развојот. Сосема се нормални периодите кога детето во ништо не напрдува, но и во ништо не заостанува. Тоа не треба да ве загрижува. Но, ако сериозно заостанува на сите полиња, консултирајте лекар. Можно е и сè да е во ред – периодот во развојот само што не настапил. Меѓутоа, сите овие игри и вежби нема да имаат ефект ако бебето не ја осети вашата љубов и пожртвуваност. Само на тој начин може успешно да се развива и да стане комплетна личност.

веќе е во состојба да го држи шишенцето и другите играчки. Ако здогледа нешто што сака да го држи во раце, ги подава рачињата спрема вас. Знае кого сака, а кого не и може да негодува ако в раце го држи непознато лице. Обожава да игра криенка и гласно се смее кога повторно ќе се појавите. На оваа возраст бебето сака да ги „осети своите стапала“. Се препорачува да имате дубалче, но не треба да го оставате само во него, ниту пак, предолго. На таа возраст доста корисна за бебето е оградица. Тоа е безбедно место во кое можете да го ставите бебето додека ги вршите вообичаените домашни работи. Ставете му ги на дофат и играчките, и секако, не оставајте го предолго бидејќи во оградицата не е поттикнато да ползи или да се движи. Некои бебиња никогаш не ползат – од седење веднаш преминуваат на одење.

ВЕЖБИ ЗА КОМУНИКАЦИЈААко бебето сака да ви „каже“ нешто, одговорете му. Исто така пејте му и раскажувајте му. На бебињата особено им се допаѓаат игри кои вклучуваат и движења како на пример „таши, таши танана“ и слични. На оваа возраст бебињата го сакаат повторувањето на одредени стихови, го следат ритамот, па затоа музиката е пожелна од најмала возраст.

ПОТТИКНЕТЕ ГО РАЗВОЈОТ!Убаво осветлена детска соба со многу светлина, шарени завеси, слики и со цртежи, могу ќе му се допадне на вашето бебе. Не употребувајте премногу пастелни тонови ни во декорот ни во гардеробата. Изнесете го бебето на прошетка и не покривајте ја количката, зашто како инаку ќе го види големиот возбудлив свет што треба да го открива?!

Многу ми се допаѓа

оваа играчка!

Пастелните бои позитивно влијаат

на развојот на детето

19Cептември 2011

РАЗВОЈ НА ДЕТЕТО

Page 20: Moja Beba MAK 12 Novo

МоМчиња vs девојчињаМомчињата и девојчињата во текот на првата година од животот се

развиваат различно. Еве како се одвива нивниот најран развој

20 Cептември 2011

РаЗвој На деТеТо

Текс

т: Ј

асм

ина

Мил

ивое

ва

од РаѓањеТо до 6. Месецдевојчиња Факторот социјализација прави разлика меѓу момчињата и девојчињата уште од раѓањето. Благодарение на поинаквиот психички склоп, девојчињата почесто се смешкаат, помалку се срамежливи и воспоставувањето контакт со поглед воопшто не им претставува проблем.

МоМчињаНепосредно по раѓањето момчињата се потешки од девојчињата. Просечната разлика во килажа изнесува околу сто грама, но освен тоа, тие се и повисоки за речиси 1,2 см. Поради овој факт, голема е веројатноста побргу да застанат на ножиња и да проодат.

од 12. до 18. МесецдевојчињаВо просек прозборуваат еден месец пред машките, а во предност се и во бројот на научени зборови. За период од една година научуваат 300 зборови повеќе од момчињата.

МоМчињаНе паничете доколку вашето малечко не проговори до втората година. Иако не изговара јасни зборови, бидете уверени дека го препознава вашиот глас и ги разбира вашите разговори. Во овој период момчињата се пофокусирани на своите моторни способности, па не изненадувајте се ако прооди и без ваша помош.

од 6. до 12. МесецдевојчињаИако се сметаат за понежен пол, девојчињата се подружељубиви од момчињата. Кај машките деца е поразвиен системот за „набљудување“ и не се здружуваат тукутака со врсниците. Девојчињата се порасположени за „разговор“ со сите, додека момчињата детелно ги анализираат потенцијалните пријатели.

МоМчињаОколу 70% од момчињата на оваа возраст послабо слушаат од девојчињата. Оваа појава влијае и на нивниот понатамошен развој, па затоа жените зборуваат повеќе, а мажите погласно. Главен „виновник“ за ова е нивото на тестостерон, кој го забавува развојот на некои сетила. Но без грижи, ако детето не биде најдобар говорник, може да биде совршен математичар.

од 18. до 24. МесецдевојчињаВо овој период повеќето родители размислуваат како да ги привикнат своите најмлади на нокшир. Ако имате девојченце, можете да почнете со оваа активност! Бидејќи мочкаат и какаат во иста положба, за нив овој процес е многу поприфатлив.

МоМчињаТие, главно, „заостануваат“ зад девојчињата кога станува збор за учењето, но сето тоа е нормално. Тестостеронот не ги наведува многу да размислуваат, туку да бидат во постојано движење. Ако вашето детенце има две години, обидете се да го навикнете на нокшир. Но ако забележите дека тоа е премногу стресно за него, направете пауза, можеби сè уште не е доволно психички зрело за оваа постапка.

Page 21: Moja Beba MAK 12 Novo

21Cептември 2011

МБ-проМоција

Брендот “Okaidi” е на македонскиот пазар од декември 2003 година кога се отвори првата

продавница во Скопје. Денеска имаме 3 продавници лоцирани во центарот на Скопје (спроти Тренд), во трговскиот центар Рамстор, како и во Куманово, во трговскиот центар Сума. Станува збор за модерна и квалитетна детска облека, а она што го прави интересен овој бренд е тоа што покрај процесот на продукција и продажба, тој нуди и едукација на децата во однос на нивните права. Тенденција на брендот e современите интереси на детскиот свет да бидат имплементирани во концептот на продавниците, земајќи го предвид секогаш нивниот сензибилитет и почитувајќи го нивниот став. Тоа можете да го почувствувате како во внатрешниот амбиент на продавниците, така и во дизајнот и квалитетот на парчињата кои се во понудата на брендот. Во

производството на продуктите посебно внимание се посветува на квалитетот на материјалите од аспект на природното потекло. Секоја сезона е предизвик за создавање на модели и дизајни кои ќе ги следат модните трендови во детската текстилна индустрија, но истовремено треба да се остави и печат на оригиналност и квалитет. Затоа во продавниците на Окаиди можете да најдете комплетни комбинации со прекрасни додатоци, накит и обувки, како и висококвалитетна услуга –помош и информираност за она што е модерно и практично. Окаиди како бренд е дел од поголема групација “ IDGROUP” со заедничка цел на работење - “Со работа да се создаде подобар живот за децата што растат”. Во таа групација влегуваат брендови како “Okaidi – Good id”, ”Obaibi – Love id”, “Jakadi”, ”Veronique Delachaux”,”Oxybul”, ”Vibel”. Во Македонија се застапени дел од

окаиди – синоним за детска мода

Како француски бренд за детска мода официјално се лансира во 2000 година со 100 продавници во Франција. Денес брои преку 1200

продавници во повеќе од 65 земји низ светот овие брендови, но секако, постои интерес да бидат донесени и останатите за да се задоволат потребите на секоја мајка од моментот на нејзината бременост до 14-годишна возраст на децата.

ХуМаност и респектВо Април 2003 Okaidi како бренд го креира Okaidi world Fond’Action - фондација, со мисија да финансира активности кои ги респектираат и заштитуваат децата. Оваа фондација работи со невладини организации кои се дел од активностите за хуманитарен развој и заштита на децата во Бангладеш, Индија, Мароко, Перу.... Од оваа година Окаиди Македонија ќе биде дел од активностите на Okaidi world Fond’Action како дел од акцијата “Love Bag” во соработка со Црвен крст на Македонија.

Оваа акција е непрофитабилна и сакаме како бренд да станеме дел од социјалниот живот и заедно со Црвен крст активно да учествуваме во “годината на волонтерска работа” и на тој начин да создадеме врска меѓу муштериите и селектирани непрофитабилни организации.

доБра идеја, доБар идентитет, доБар изБорОкаиди е тука да го понуди најдоброто за сите деца, но истовремено активно учествувајќи во развојот на чувството за естетика и мода уште од најраните години. Накратко, Окаиди стана бренд број еден со единствена порака: “Okaidi good id” – добра идеја, добар идентитет, добар избор.

Текс

т: П

Р Ф

ото:

ПР

Page 22: Moja Beba MAK 12 Novo

Протолкувајте го говорот на БЕБЕШКОТО ТЕЛО

За да го разберете говорот на телото на вашето бебе, потребно е време. Ќе ви помогнеме правилно да ги протолкувате желбите на вашето малечко

Ама, таа воопшто не ме разбира...!“ Во прашање е очаен плач, кој без размислување

би им го припишале на милиони несфатени мажи. Сепак, овде станува збор за бебето кое се „жали“ на мајката, која сака да му помогне, а не знае како.Пред да се развијат говорните способности на детето, тоа на многу начини се обидува да ви каже што чувствува, мисли и што му треба. Истражувањата покажуваат дека ако се потрудите да го разберете своето дете во најраната возраст, ќе го зацврстите вашиот однос, а тоа резултира со успех и во натамoшниот живот.

ИГРАЧКА-ПЛАЧКАНовороденчињата плачат во просек по два часа дневно. Во првите неколку недели, кои за повеќето мајки се доста стресни, навистина е тешко да се препознае причината за плачењето. Како што минува времето, вие сè повеќе го запознавате своето бебе, па ќе почнете да ги идентификувате неговите желби според тонот на гласот. Наскоро ќе станете експерт за плач!„На почетокот гласот на мојата ќеркичка секогаш ми звучеше исто, но по неколку недели веќе знаев да погодам дали плаче зашто е уморна, гладна или зашто се досадува“, вели Јованка, мајка на

тригодишната Теа.Колку повеќе се зближувате со вашето бебе толку побргу ќе научите да го разбирате. Подоцна ќе сфатите дека бебето поретко плаче бидејќи однапред сте ги задоволиле неговите потреби.Во меѓувреме, ако ви се чини дека бебето плаче без престан, а не сфаќате зошто, најдобро е да ги проверите потенцијалните проблеми и да ги елиминирате еден по еден. Бебињата најчесто плачат кога се гладни, па прво понудете

му храна. Понатаму, плачат поради болка (грчеви, гасови), здодевност, влажни пелени, ако им е ладно, претопло и сл. Често, бебињата плачат зашто, едноставно, им е потребна мајчината прегратка. Ако бебето чувствува болка, тоа плаче само на еден начин: гласно и без прекин.Во понатамошниот развој бебето учи и други облици на комуникација: контакт со очите, смешкање, гугање, па плачењето се намалува. Скокоткањето и галењето

ЗА ПОДОБРО ВОСПИТУВАЊЕВОСПИТУВАЈТЕ ГИ СВОИТЕ ДЕЦА БЕЗ ПОДИГАЊЕ НА ГЛАСОТ од САРА ЌЕЈНА РЕДКЛИФ е советник за родителите. Ве учи како најдобро да постапувате со своето дете и како да ги решите дилемите на родителството. Книгата е одлична за младите родителите, бидејќи нуди повеќе од 50 совети и создава основа за здраво воспитување на децата. Со еден збор: исклучителен прирачник!Книгата е подарок од „Матица“

Оставете ме на раат, сакам да спијам!

Сè ми е во ред, среќен сум и задоволен!

22 Cептември 2011

Page 23: Moja Beba MAK 12 Novo

ЗНАЧЕЊЕ НА ГЕСТОВИТЕУчењето на значењето на гестовите може доста да ја олесни комуникацијата додека детето не биде способно јасно да се изрази. Инаку, повеќето деца разбираат повеќе знаци отколку што се способни да произведат. Учете го бебето на овој „нем“ јазик бидејќи ќе му помогне полесно да се изрази, но и да го научи значењето на зборовите и нивната правилна примена.„Андреја уживаше во игрите со гестови“, вели Даниела, мајка на двегодишната Андреја. Секојдневно и покажував нови движења кои означуваа одредена активност. Мојата ќеркичка не се фрустрираше додека зборуваше, напротив, беше среќна што ги користи рачињата за да ми каже што сака, што мисли и како се чувствува“.

го поттикнуваат бебето да комуницира со вас. Ако бебето осети дека му обрнувате внимание од најраните денови, во подоцнежниот раст и развој тоа ќе биде поотворено и посигурно во себе.

ГОВОРОТ НА ТЕЛОТОИзразите на лицето и движењата се основни начини на изразување на бебето. Ако внимателно го посматрате, ќе сфатите што сака да ви соопшти. Исплашен поглед, стиснати дланки и вкочането тело се знаци кои многу говорат. Бебето исто така изразува и радост – кога влегувате во собата или му се обраќате, весело претка со рачињата и со ножињата. Ако е уморно, бебето обично ги трие очињата, а кога е гладно, се обидува да се згрчи.Особено внимание обрнете на очињата на бебето – зениците му се шират кога нешто ќе му привече внимание. Внимателно посматрајте ги неговите очи, па бргу ќе сфатите што го интересира, на кого и како реагира.Како што растат, дечињата почнуваат да користат и различни движења и мимики за да се изразат; бебето покажува со прст на работите што ги сака или ве води на

местото каде што сака да оди. Обрнете внимание на она што се обидува да ви го каже и покажете му дека го разбирате со зборовите: „Сакаш сокче, нели?“. Малите деца го користат „основниот“ говор на телото: ако не сака да слуша како го опоменувате или го карате, детето ги покрива ушите со рачињата; ако не сака да гледа во нешто што го плаши, ги покрива очињата. Можете да откриете и ако ве лаже - инстиктивно ја покрива устата со двете рачиња за да го спречи излегувањето на „лошите“ зборови од устата.Еднакво важен е и говорот на вашето тело. Пред да почне да го разбира значењето на зборовите, вашето бебе ве разбира според движењата на вашето тело и според тонот на кој му се обраќате. Кога му се обраќате на детето, водете сметка за тоа вашите очи да бидат на исто ниво со неговите. Добра тактика е и имитирањето на неговите движења и изразите на лицето – ќе се чувствува посигурно зашто и вие „сте како него“.„Обидете се да не го дешифрирате свесно бебешкиот говор на вашето малечко“, советува Ива, мајка на тригодишниот Стефан. „Сè што треба да правите е да го поминувате времето со своето детенце, и сè ќе дојде на свое место сосема природно.“

ШТО ЗНАЧИ ГУГАЊЕТОБебињата почнуваат да гугаат околу четвртиот месец и иако звучат крајно неразбирливо, всушност ги имитираат звуците што ги слушаат. Првите разбирливи зборови ги изговараат меѓу 10. и 14. месец, но сè уште не се изразуваат правилно. Внимателно слушајте го детето и поттикнувајте го неговиот говор. Ленче, мајка на петгодишниот

Мартин, открива дека на почетокот тешко го разбирала својот син. „Сфатив дека спуштањето на негово ниво и директниот поглед е единствен начин да го разберам. Кога се сомневав дека сфаќам што сака да каже, барав да ми покаже. Тогаш Мартин ќе одиграше мала „претстава“ гестикулирајќи. Иако сето тоа изгледаше многу смешно, ни помагаше на двајцата.

ВРЕМЕ ЗА ОПУШТАЊЕКвалитетно поминатото време со бебето, без мешање

од страна, го подобрува меѓусебното разбирање. Затоа, ограничете ја бучавата (радио, ТВ) за да можете подобро да разговарате и да се слушате. И запомнете дека на вашето бебе му се потребни моменти кога сака да биде само. Постојаната интеракција може да го исцрпи бебето. Кога ќе осетите дека е уморно, оставете го да се одмори. А ако забележите дека бебето ја врти главата додека си играте со него, тоа е знак за пауза.

АКО БЕБЕТО... ВСУШНОСТ ВИ ВЕЛИ:

Си ги покрива очите со рачињата

„Премногу работи се случуваат истовремено“

Ги цица или ги грицка прстите „Ми растат запчиња“

Го врти погледот „Може малку да ме оставиш на раат?“

Ненадејно плаче со висок тон „Нешто ме боли!“

Плаче придушено, „кенкаво“ „Уморно сум“

ТОЛКУВАЊЕ НА ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО

Е, ова е премногу за мене!

Ова не ми се допаѓа... Ќе плачам!

23Cептември 2011

ВИЕ И БЕБЕТО

Текс

т: Ј

асм

ина

Мил

ивое

ва

Page 24: Moja Beba MAK 12 Novo

Повеќето новопечени родители се загрижени кога ќе здогледаат акни на лицето или, пак, хернија на препоните на своето бебенце. Лекарите направија листа од најчестите тегоби кои се јавуваат кај

бебињата во првата година од животот

AАЦЕТОНМајките често се жалат дека нивните бебиња мирисаат на ацетон. Тоа се случува кога децата имаат зголемена температура. Тогаш нивниот здив мириса на презреано овошје, а во урината имаат кетонски тела, што се последица на метаболичко нарушување (детето одбива храна) и разградени масти. Покрај мирисот на ацетон се јавува повраќање и стомачни болки.

АКНИНа челото, а понекогаш и на грбот на новороденчето, родителите забележуваат промени што наликуваат на

акните на адолесцентите. Станува збор за бебешки акни, појава на кожата што ја причинуваат половите хормони на мајката, кои преку крвта навлегуваат во фетусот и предизвикуваат засилено лачење на лојните жлезди на бебето. Не е потребна никаква интервенција бидејќи штом ќе се излачат хормоните на мајката, овие промени исчезнуваат.

АТОПИСКИ ДЕРМАТИТИСОбично се јавува во форма на егзем, а настанува поради хиперсензитивноста на кожата на различни алергени кај бебињата со атопија (наследна склоност на алергија). На кожата се појавуваат црвенило и меурчиња со течност, а сето тоа е проследено со изразен јадеж. Во хронична фаза кожата на детето е сува и рапава. Треба да се

востанови што ја предизвикало алергијата, па да се одреди соодветна терапија.

ГГАСТРОЕЗОФЕГАЛЕН РЕФЛУКСДоенчето повраќа кисела содржина со остар мирис, поради незрелоста на „вентилот“ кој го дели хранопроводникот од желудникот, па дел од исцицаното млеко се враќа во хранопроводникот. Има различни степени рефлукс кои предизвикуваат тегоби: немир, плач, воспаление на хранопроводникот, малечките не напредуваат... Овој проблем се дијагностицира со ph-метрија - релативно едноставен метод.

ГЕНИТАЛНА КРИЗА Низа физиолошки нормални појави кои настануваат поради преминувањето на хормоните од мајката на бебето. Во таа група симптоми спаѓаат: отечени брадавици, отечени полови органи, засилен секрет, па дури и малку крв во секретот на девојчињата. Сите овие симптоми не бараат никакво лекување и се повлекуваат спонтано.

ГРЧЕВИВо првите три месеци бебињата патат од болки во стомакот, кој на допир е тврд и отечен поради насобраниот воздух во

цревата. Грчевите се јавуваат без оглед на начинот на исхрана (доење или адаптирано млеко), во одреден период од денот, речиси секогаш во попладневните и вечерните часови. За методите со кои можете да му помогнете на бебето ќе читате во некој од нашите следни броеви на нашето списание.

ИИКАВИЦАВо првите денови од животот повеќето новороденчиња икаат, понекогаш и по еден час. Ова е нормална појава, а се јавува како последица на контракциите на дијафрагмата, која го дели градниот кош од стомакот. Низ неа поминува хранопроводникот, па дијафрагмата со контракции се ускладува со движењата на органите за дишење. Всушност, дишењето се одвива правилно, а икањето повеќе ги нервира родителите отколку што им пречи на бебињата.

ККОНВУЛЗИИ (ФРАС)Изненадна, временски ограничена промена на моторните активности

A З Б У К

Повеќето новороденчиња имаат акни на лицето

A

24 Cептември 2011

Page 25: Moja Beba MAK 12 Novo

на најчеститетегоби на бебињата

или однесувањето, кое е последица на абнормална електрична активност во мозокот. Причините можат да бидат различни (висока температура, инфекција, недостиг од кислород, токсини, нарушување на срцевиот ритам). Фебрилните конвулзии се јавуваат на возраст од 6. месец до 5. година и тоа по ненадеен пораст на телесната температура. Обично се наследни, а електричната активност на мозокот (ЕЕГ) кај фебрилните конвулзии е нормална како и целокупниот развој на детето.

MМЛЕЧНА КРАСТА (CRUSTA LAKTEA)Поради нерамномерното лачење на лојните жлезди кај некои бебиња се појавуваат жолтеникави лушпи, особено на мекиот дел од главчето, но може да се појават и на челото и на лицето. Важно е да се одржува хигиена на косата и да се отстрануваат лушпите зашто под нив може да се појави црвенило и воспаление. Овие промени сами исчезнуваат на тримесечна возраст.

ППОВРАЌАЊЕОва е честа појава во детскиот развој. Може да биде предизвикано од нарушувања во дигестивниот систем, но најчесто е знак на инфекција. Овие симптоми не треба да се занемарат, т.е. секогаш треба да се открие причината, без оглед дали се јавува во текот на некоја акутна болест или се повторува подолг период. ПРОЛИВ (ДИЈАРЕЈА)Елиминација на течна столица повеќепати на ден. Причините можат да бидат различни, но кај бебињата е најчесто поради инфекција од вируси што ги напаѓаат цревата или, пак, од вирусот на грип. Со проливот децата губат доста течности.

PРЕГУРГИТАЦИЈАКратко време по оброкот, без никакво напрегање, бебето повраќа мала количина млеко. Ова е нормална појава, без оглед на тоа дали бебето се храни со мајчино или со адаптирано млеко. Ако напредува нормално, не треба да ве загрижува.

CСОР (МЛЕЧНИ НАСЛАГИ)Белите наслаги на слузницата од усната шуплина на бебето се

предизвикани од претераното размножување на габата Candide albicans. Личат на засирено млеко и го прекриваат јазикот и слузокожата на образите. Се лекуваат со гел против габични инфекции. Но има и еден стар проверен метод на чистење на сорот со растворена сода бикарбона.

СОЛЗНИ КАНАЛИ, ЗАТВОРЕНИМалите каналчиња преку кои минуваат солзите од очите до носот може да бидат затворени

или стеснети по раѓањето, така што солзите се задржуваат во окото наместо да се дренираат. Бидејќи може да дојде воспаление на окото, најдобро е педијатар да го одреди начинот на лекување.

УУРИНАРНА ИНФЕКЦИЈАВоспалението на мочните канали

АОтворената фонтанела има изглед на ромб

Фебрилни конвулзии се јавуваат поради нагло зголемување на телесната температура

Ф

K

25Cептември 2011

ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО

ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО

Page 26: Moja Beba MAK 12 Novo

може да помине незабележано доколку покрај други знаци на инфекција (повраќање, немир), не дојде до пораст на телесната температура. Застојот во напредокот на детето (и ако нема бурни симптоми) може да биде резултат на воспаление на мочните канали. Ваквите инфекции се проверуваат со анализа на урината и со преглед на бубрезите. Врз основа на резултатите лекарот припишува терапија.

ФФимоза (Физиолошка)Ова е нормална појава кај новороденчињата. Нежната кожичка што го прекрива врвот на пенисот е залепена за главичката на органот и на тој начин ова подрачје е заштитено од штетното влијание на урината. Не се потребни никакви манипулации. Целосното откривање на

главичката на пенисот ќе се случи спонтано до третата година. Со погрешна манипулација на кожичката може да дојде до повреда (фимоза), па проблемот ќе мора да се лекува по хируршки пат.

ФонтанелаОтворот на главата од новороденчето има форма на ромб на кој се составуваат коските од черепот. Шевовина на бебешкото главче се отворени при породувањето и коските „преминуваат“ една преку друга приспособувајќи се на породилниот канал. Во првите месеци паралелено со растот на главата расте и фонтанелата, а потоа се стеснува и се затвора на возраст од околу осумнаест месеци (може да се затвори и порано).

Френулум на јазикот (скратен)Оваа појава често се нарекува и сраснат јазик. Нежната врска на долната површина на јазикот е кратка и задебелена, што му пречи на нормалното движење на јазикот и може негативно

да се одрази на развојот на говорот. Лекар треба да одлучи дали е потребна хируршка интервенција, која обично е лесна и едноставна.

Фебрилна состојбаЗголемувањето на температурата е нормална одбранбена реакција поради „нападите“ од вирусите и бактериите. Температурата над 37 степени не е погодна за нивно размножување, па организмот на тој начин се брани. По правило, ако температурата не порасне над 38,5 (со општа добра состојба на детето), не треба да се снижува со медикаменти. Регулацијата на телесната температура на новороденчето сè уште не е зрела, па може

да се повиши и поради прегревање (близина на грејно тело) или поради дехидрација.

Физиолошка жолтицаЖолтеникавата боја на белките на очите се јавува во првата недела од животот на новороденчето. Последица е на големото количество жолта боја во серумот што настанува поради распаѓањето на еритроцитите кои по раѓањето веќе не му се потребни на детето, а црниот дроб не успева да ги преработи. Оваа жолтица поминува сама по себе и не е потребно лекување.

ХХернија (препонска кила)Подразбира провлекување на цревната кривина низ ингвиналниот канал која може да дојде до скроталната вреќичка (тестисите) кај момчињата или до надворешниот дел од половиот орган кај девојчињата. Испакнатото место на допир е еластично. Оваа состојба најчесто се решава со хируршка интервенција за да не дојде до посериозни последици за здравјето на малечкото.

Хернија (папочна кила)Задебелување во подрачјето на папокот кој на притисок се губи. Настанува поради нецелосното затворање на папочниот прстен. Почесто се јавува кај недоносените бебиња, а исчезнува при крајот на првата година со зајакнувањето на стомачниот ѕид. Интервенција е потребна само доколку хернијата не се затвори.

уринарните инфекции често ги напаѓаат дечињата

не грижете се, икањето не ги боли бебињата!

у

и

26 Cептември 2011

зДраВје на Детето

Текс

т: Ј

асм

ина

Мил

ивое

ва

Page 27: Moja Beba MAK 12 Novo

Ako sakate va{eto dete da -go dovedete do emotivna zabuna, to-ga{ samo vikajte po ne-go...

„Odzbunete“ -gi svoite deca

Терминот „емотивна забуна“ го измислив откако запознав неколку деца кои одговараат на ваквиот опис. Еве како изгледаат тие: кога

им се обраќате со мирен и тивок глас, не реагираат зашто навикнале секогаш да се вика по нив; кога викате и им се обраќате со заповед, ве гледаат како да сакаат да ви кажат ,само викај, се навикнав на тоа и баш ми е гајле’; кога треба да се радуваат тие се муртат, а кога би требало да се намуртат, тие пркосат...

ЗОШТО САМО ЗАПОВЕД?!Седиме јас и мојот сопруг на терасата од едно кафуле покрај плажа и уживаме во прекрасната и опуштена атмосфера. Кога одеднаш, од спротивната страна на истото кафуле каде што седеше млада брачна двојка (со бебе во количка и двегодишно детенце) слушаме: „Марко, доаѓај ваму!“. Секунда подоцна: „Само ако ти дојдам!“. По две секунди: „Остави го тоа! Не допирај ја оградата! Симни се долу!...“ Рафално изговорените заповедни реченици со остар и нервозен глас, едноставно ме запрепастија. Не можев, а да не се свртам за да видам со што кутриот Марко залужи толку карање. Гледам и не ми се верува: детето седеше на скалите држејќи се со рацете за оградата (за пофалба!) и мирно гледаше пред себе. Додека таткото „урлаше“, не се ни помрдна. Веројатно, навикнало на викање...

ЗОШТО САМО ПРЕКОР?Ова не е единствен пример. Речиси секојдневно гледам арогантни родители кои се однесуваат како некој да ги натерал да

имаат дете. Како да им се товар, како некој да им ги наметнал, како да не се нивни...Млада мајка со атрактивен изглед седи на клупа и пишува пораки на мобилниот додека нејзината мала ќеркичка упорно и поставува прашања на кои не добива одговор, зашто, замисли си, мајката е зафатена е со пишување пораки. И потоа, кога малечката по којзнае кој пат дојде до неа и ѝ рече: „Мамичке, гледај ме како се лулам“, оваа избувна и се развика: „Што си ма толку досадна?! Оди лулај се и истави ме на раат!“ Девојчето се повлече како ранета птица, го спушти погледот и се згрчи на клупата до неа. А мајката? Продолжи со пишувањето пораки. Па како тогаш детето да не биде збунето?Друга мајка не пишува пораки, ама будно следи што прави нејзиното дете и на секои две-три минути вика: „Софи, немој да се валкаш!“, Софи, немој ова, немој она... Ми дојде да ја прашам дали знае да му се обрати на девојчето со друга реченица, освен со „немој“, но се воздржав и се обидов да ѝ ја пренесам пораката со сопствен пример. ЗАРЕМ НЕ МОЖЕ СО УБАВО?Му пријдов на син ми кој си играше со друго дете во песокот и ги прашав: „Момци, може ли да си играм со вас? Ме примате во друштво?“. Тие се насмевнаа и ми ја подадоа топката. Одеднаш повторно се огласи мајката од клупата: „Софи ма... погледни какво ти е фустанчето!“. Е, доста ми беше! Им се обратив на момчињата доволно гласно за да ме чуе и таа: „Другарчиња, валкајте се колку што сакате, седете на тревата и уживајте во убавиот ден!“

ПА, КАКО ДА НЕ БИДАТ ЗБУНЕТИ?Не викајте им, луѓе, на децата! Не обраќајте им се секогаш со „немој“ и не третирајте ги како да ви се домашни миленици, а не ваши потомци. Ако од мали не научат дека непримерното однесување може да се поправи со мирен разговор и со совет, исто така ќе се однесуваат спрема другите. И кога некој фино ќе им се обрати, нема да знаат да изреагираат на вистинскиот начин - ќе бидат збунети.

Va{a Ana

Мама на задача...

Cептември 2011

ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО

27

Page 28: Moja Beba MAK 12 Novo

за забава на детето

Ако времето се расипе, па не можете детето да го изведете надвор, еве неколку одлични идеи за домашна забава!

1 ЗАБАВА ЗА МЕЧИЊАТА И ЗА КУКЛИТЕОрганизирајте специјален домашен

„излет“ или забава на која ќе ги повикате сите омилени играчки на детето. Направете детски „покани“ за забава и поставете садови како „сервис“ за послужување. Патем, пејте и некоја пригодна детска песничка.

2ПОТРАГА ПО БОГАТСТВОТОСокријте некоја играчка, како

и награда за малечкото, а потоа речете му

да ја пронајде. Извикајте

„топло!“

кога ќе и се приближи и „ладно!“ ако е далеку од неа. Оваа игра е добар начин за детето да научи да следи инструкции.

3ИГРАНКАМалечките сакаат да танцуваат, што секако треба да го искористите како

повод за добра домашна забава. Тоа ќе биде добра релаксација и за малечките и за вас. Пуштете некоја динамична песна и танцувајте, поттикнувајќи го детето да ги копира вашите движења.

4ПРИКАЗНИ ЗА ДЕЦАДетето учи употребувајќи ја фантазијата, па треба да го

поттикнете да измисли приказна (секако, со ваша помош). Почнете со зборовите: „Си живееше еднаш...“, а потоа смислете воведна реченица. Детето треба да продолжи со новото „поглавје“, а потоа вие сте на ред.

5ПОТОК И КАМЧИЊАИсечете подебел картон на овални и тркалезни форми (во големина на

стапало) и поставете ги на под. Замислете дека подот е поток, а парчињата картон камења преку кои детето треба помине за да стигне до другиот брег (а да не ги „навлажни“ нозете). Покажете му на малечкото како да го прави тоа, правејќи варијанти во движењата. Оваа игра е добра за координацијата на движењата.

6НА КАМПУВАЊЕ!Помогнете му на детето да направи шатор! Сè што ви е потребно е

креветски чаршав и одредени делови од мебелот – спрострете го преку два стола, масата и на креветот. Опремете го шаторот со перниче, ужинка, сокче и со играчки. Мирот и редот во куќата се загарантирани!

7ПАРИЧКИ И СЛИКИЧКИЗемете неколку монети, врз

нив ставете лист хартија, а потоа покажете му на детето како да црта со мрсни или со дрвени боички врз нив. Искористете ја таа „сликичка“ за да го научите детето на броевите и да ги распознава парите. Исто така, овие парички може да ги искористите како пари во играта со пазарување.

8НА ПЛАЖАЗамислете дека сте на море, на прекрасна песочна плажа. Среде

соба ставете гумено базенче, наполнете го со играчки, облечете се во костими за капење (просторијата треба да биде топла), ставете шешири и јадете сладолед. Замислете дека вашето базенче е вашиот брод кој плови и кажувајте што сè гледате

22

28

7Земете неколку монети, врз Земете неколку монети, врз

За добра забава треба само малку фантазија и добра волја!

Cептември 2011

Page 29: Moja Beba MAK 12 Novo

за забава на дететона брегот – куќи, галеби, кули од песок... Па, кому е потребно сонце?

9ПОГОДИ ШТО Е!Оваа игра е забавна и едукативна, а се заснова на тоа да замислите

некој предмет со одредена боја и да кажете: „Мислам на нешто кафено во собава. Погоди што е тоа.“ Детето треба да ги наброи сите работи со таа боја додека не погоди. Така тоа вежба да ги препознае боите и формите на предметите.

10МАЛ ГОТВАЧПоминете ги дождливите денови во заедничко готвење, а потоа

изедете ги вкусните „резултати“!

АВТОСЕДИШТА „CYBEX“: ВРВНА БЕЗБЕДНОСТСпоред резултатите од тестирањето кое секоја година се спроведува во Германија, автоседиштата „Cybex“ спаѓаат меѓу најбезбедните. Современите и атрактивни модели со современ дизајн се доказ дека тимот од експерти на компанијата „Cybex“ ја нашол вистинската комбинација на квалитет и функционалност и при тоа ги исполнил сите меѓународни стандарди за безбедност. Во понудата има седишта за сите категории: „Aton“, наменет за новороденчиња, „Free“, „Freefix“, „Solution“, „Solutionfix“ за деца со тежина од 15 до 36 кг, како и „Isis“ i „Isisfix“ за дечиња тешки од 9 до 36 кг.

за забава на дететоза забава на дететоАВТОСЕДИШТА „CYBEX“:

година се спроведува во Германија, автоседиштата „Cybex“ спаѓаат меѓу најбезбедните. Современите и атрактивни модели со современ дизајн се доказ

за забава на дететоза забава на дететоАВТОСЕДИШТА „CYBEX“:

година се спроведува во Германија, автоседиштата „Cybex“ спаѓаат меѓу најбезбедните. Современите

за забава на дететоСУПЕРИДЕИ

29Cептември 2011

ВОСПИТУВАЊЕ НА ДЕТЕТО

„Не е доволно да му дадете

играчка на детето и да му

речете ,играј си’. Треба да

му посветите време и да го

научите како да се забавува.“

Page 30: Moja Beba MAK 12 Novo

Има ли нешто позабавно од облекувањето во мамината облека?

ИДЕИ ПЛУСЌЕ МУ ОВОЗМОЖИТЕ НА ДЕТЕТО ДА ГО ПРОМЕНИ ПОЗНАТОТО „СЦЕНАРИО“ И АМБИЕНТ И ДА ГО СОГОРИ ВИШОКОТ ЕНЕРГИЈА

ОДЕТЕ НА БАЗЕН. Изберете термин што најмногу ви одговара (кога не е преполно, кога нема тренинзи и сл.) Оваа активност е еднакво стимулативна и за телото и за умот.

ЗАПИШЕТЕ СЕ ВО БИБЛИОТЕКА. Ова е одличен начин детето да ги засака книгите и да дознае колку интересни работи има во детската литература.

ОДЕТЕ ВО ТЕАТАР ЗА ДЕЦА. Дури и ако ја гледале претставата на репертоарот, децата се радуваат кога одат во театар.

готова кора лиснато тесто и дозволете му на вашето малечко да ја нареди со шунка или со рендан кашкавал. Потоа свиткајте го тестото како пита и испечете го. Премногу амбициозно? Во тој случај само нека ја нареди содржината (што ви сте ја спремиле) на тестото за пица.

11ОДИМЕ ВО КИНОВнимателно избрано ДВД може навистина да ве поштеди од

нервози и од „лудилото“ на домашниот затвор кога времето е лошо. Направете атмосфера како во кино: затемнете ја собата, ставете го каучот пред ТВ-екранот и јадете пуканки.

12КРЕИРАЊЕ ЧЕСТИТКИАнгажирајте го детето само да направи честитки или покани

за роденден (без оглед кога му се паѓа). Исечете парчиња цврста хартија и со нив завиткајте ги поканите. Завиткајте ја дланката на детето во нетоксична боја и притиснете ја врз хартијата. Веднаш потоа, врз бојата посипете сенка за очи, со која честитките ќе добијат свечен изглед.

13ЦРТЕЖИ НА КАМЕНЧИЊАДодека се шетате во паркот

или, пак, покрај река, најдете неколку мали тркалезни и мазни каменчиња (а можеби и имате „сувенири“ од летувањето). Убаво измијте ги и исушете ги, а потоа дајте му ги на детето да ги наслика. Ќе ужива во самата игра, но и кога ќе ги даде како подарок.

14ДОМАШНА ПРОДАВНИЦАПоставете неколку столови

во ист ред и замислете дека се тезги во продавница/на пазар. На еден ставете чинија со овошје, на друга прехранбени производи, на трета козметика... Потоа побарајте од „вашиот продавач“ да ви помогне при изборот на производи. Можете

да користите лажни пари (или употребете ги оние од играта бр.8), што ќе му послужат како лекција за концептот на пазарење.

15СМЕШНИ ФАЦКИКупете детски бои за сликање на лицето и дозволете му на

детето да избере кој лик или животно сака да го претставува. Насликајте си ги лицата еден на друг и имитирајте ги тие ликови.

16ПОП-ИДОЛНаправете музички инструмент од лажица и од тенџере или

лимена кутија наполнете со ориз. Научете го детето да удира или да тресе во правилен ритам. Одберете песна и вежбајте за да му ја „отсвирите“ на тато.

17ПРОНАЈДИ МЕ! Кој вели дека за криенка е потребен голем простор?

Многу одамна децата си играле криенка во затворена просторија. Во оваа игра детето конструктивно ќе ја употреби сета своја енергија и ќе научи да биде мирно и тивко.

18РИД ОД ОТПАДОЦИДефинитивно најкреативниот начин за искористување

на празната амбалажа. Соберете ги кутиите од бисквити, житарки, пластични шишиња, картонски ролни од тоалет... Набавете нетоксичен лепак и бои и дозволете му на детето да ја истражи својата креативна страна правејќи различни играчки.

19СЛИКАЊЕ СО ПРСТИДетските прстиња се како создадени за сликање! Врз

подебел слој весници поставете голем бел лист хартија. Ставете неколку различни бои во пластични канчиња и дозволете му на малото да „мачка“ колку што сака!

20МОЗАИК ОД ХАРТИЈАОд старите весници исечете различни форми. Доколку

се плашите дека ниту детските ножички не се безбедни, со прсти искинете повеќе различни форми од магазините. Парчињата залепете ги на голем бел лист креирајќи различни форми (цвет, маче, куќа...) или, пак, исечете лица и тела од познатите „фаци“ и од нив правете „луди“ комбинации.

21ПЛИВАЈ ИЛИ ПОТОНИ!Задачата на вашето дете во оваа игра е да погоди дали некој

предмет ќе потоне или ќе лебди. Наполнете поголем сад со вода, а потоа изберете различни предмети: парички, лажици, сунгер, гумени играчки. Спуштете ги во водата и посматрајте што ќе се случува.

22ПОГОДИ КОЈ СУМ?Со одредени парчиња од својата и од детската

гардероба и со нивна комбинација помогнете му на вашето малечко да се претвори во друга личност: парче завеса може да биде совршен невестински вел, а мобилниот и актовката можат да бидат „реквизити“ на деловен човек... Оваа игра ја поттикнува детската фантазија!

30 Cептември 2011

ВОСПИТУВАЊЕ НА ДЕТЕТО

Текс

т: Ј

асм

ина

Мил

ивое

ва

Page 31: Moja Beba MAK 12 Novo

Крем за нежна кожаВо третата недела по раѓањето на моето бебенце

му се појави ситен осип. Бев изненадена колку брзо се ширеше, па така истрауматизирана го одведов бебето на итна помош и контактирав приватен педијатар. Заклучија дека станува збор за милии. Ми препорачаа да користам крем што содржи ациди борици. По два дена осипот исчезна.

Евица Трајкова од Свети Николе

Соодветна козметикаВо текот на првиот месец мојот син го „нападнаа“ милии. Веднаш отидов до аптека и купив крем на база на кортикостероиди зашто слушнав дека се најефикасни. За жал се користат само пет дена, во зависност од јачината на кремот. Го користевме пет дена и по еден ден пауза проблемот се повтори. Потоа почнавме да ги користиме производите „себа мед“ и сега е сè во ред, а кожата не боето бебенце е мека и чиста!

Бранкица Ацевска од Куманово

Секоја промена на кожата се лечи доколку навреме се преземат неопходните мерки.

Безопасни ПРОМЕНИна бебешката кожа

Новородените бебиња не изгледаат како оние од рекламите. Нивната кожа минува низ неколку фази на чистење при што се случуваат

разни промени. Но, нема место за паника, сите тие појави се нормални и што е најбитно – минливи

По раѓањето бебешката кожа е прекриена со желтеникаво-мрсен слој кој се нарекува vernix caseosa. Настанува под

дејство на хормоните од плацентата и служи како заштита на кожата од течноста во која се наоѓа бебето. Кај предвремено родените деца овој слој е позасилен. Ваквата „мрсна обвивка“ се отстранува со бањањето по раѓањето.

СУВА И ЗБРЧКАНА КОЖАНа децата кои се раѓаат по предвидениот термин кожата им е сува, малку збрчкана и обично се првути. По првото бањање кожата на детето станува интензивно црвена поради проширените капилари и изгледа како да е прекриена со црвен осип. По овој период кожата обично интензивно се првути, но не е потребна специјална нега. За неколку дена кожата ќе им стане мека и нежна.

МИЛИИПричина за оваа појава се токсините од организмот на мајката, кои влијаеле на кожата на плодот. На лицето, особено на носот се гледаат испакнати точки со жолтеникава боја, наречени милии. Тоа се

затнати лојни жлезди бидејќи

порите на бебешката кожа сè уште не се доволно развиени. Спонтано поминуваат за неколку недели и не бараат никаков третман.

СО ШТО ДА ЈА НЕГУВАТЕ КОЖАТА НА БЕБЕТО?Бебешката кожа е нежна и подложна е на разни иритации и дехидрација.

Затоа треба внимателно да ја негувате и внимателно да ги избирате производите за нега. За кожата на бебето најдобар е наутрален сапун без бои и мириси.

Маната на сапуните е што со нивна честа употреба се уништува природниот заштитен слој на кожата. Шампоните и пените за бањање имаат благо дејство и идеални се за употреба зашто, главно, не ги иритираат очите. Обично содржат камилица, која ги спречува воспалителните

процеси. Лосионите се попогодни за нега бидејќи ја отстрануваат сета

нечистотија и на кожата оставаат тенок слој кој не ја попречува нејзината нормална функција, а кожата станува мека и нежна. По бањањето и по чистењето со лосион, бебешкото газе и преклопите (под брадата, пазувите, меѓу ножиња) неопходно е да се намачкаат со квалитетен крем. Задачата на бебешката пудра е да го намали триењето и да го апсорбира вишокот влага. Многу педијатри не ја препорачуваат бидејќи вишокот пудра се претвора во грутчиња кои можат да предизвикаат иритација. Ако ја користите, нанесувајте ја во тенок слој и не заборавајте да уживате во негата на своето малечко.

Во третата недела по раѓањето на моето бебенце

првото бањање кожата на детето станува

капилари и изгледа како да е прекриена со црвен осип. По овој период кожата обично

Затоа треба внимателно да ја негувате и внимателно да ги избирате производите за нега. За кожата на бебето најдобар е наутрален сапун без бои и мириси.

Маната на сапуните е што со нивна честа употреба се уништува природниот заштитен слој на

процеси. Лосионите се попогодни за нега бидејќи ја отстрануваат сета

нечистотија и на кожата оставаат тенок слој кој не ја попречува нејзината нормална функција, а кожата станува мека и нежна. По бањањето и по чистењето со лосион, бебешкото газе и преклопите (под брадата, пазувите, меѓу

ПОЗИТИВНИ ИСКУСТВА2

31Cептември 2011

НЕГА НА ДЕТЕТО

Текс

т: Ј

асм

ина

Мил

ивое

ва

Page 32: Moja Beba MAK 12 Novo

E, баш НЕЈЌАМ!Мудро насочете го малото „тврдоглавче“ и не дозволувајте

негативизмот - нормална фаза во развојот низ која поминуваат сите деца - да се претвори во „кошмар“

Негативното однесување започнува во моментот

кога детето ќе го сфати значењето на зборовите „не“ и „не сакам“ (обично на двегодишна возраст). Тогаш тоа „одушевено“ го одбива секој ваш предлог – било да се работи за облекување, соблекување, бањање, станување, па дури и некои пријатни активности. Новостекнатата „вештина“ се карактеризира со напади на бес, активности спротивни на бараните или игнорирање. Ако навреме не се сфатат причините за ваквото однесување, негативизмот може да стане вистински

„кошмар“ и да потрае подолго, па дури и да стане карактерна одлика на детето.

ВО ШТО Е „ШТОСОТ“?Во овој период зборовите на детето не треба да ги сфаќате лично, зашто под „не“ често подразбира „Дали баш морам?“ или ве тестира дали навистина мислите така. Негативните одговори никогаш не мешајте ги со непочитувањето или со желбата да ви „гази на нерви“. Негативизмот е битна развојна фаза во која детето се обидува да се избори за самостојност и независност. Затоа потрудете се на ова да гледате од ведрата страна или игнорирајте го, но никако не казнувајте го. И секако, долгите расправии за

изговорените негации нема да ви помогнат, напротив, може да го продолжат траењето на периодот.

ДАЈТЕ МУ ИЗБОР Избегнувајте ги прашањата кои бараат „да-не“ одговори, зашто очекувано одговорот на вашето малечко ќе биде негативен. Наместо тоа, овозможете му да избира и прашајте го: „Сакаш јаболко или портокал за ужина?“ На овој начин кај него се создава чувство на слобода, самостојност и контрола, па полесно ќе соработува со вас. Пред бањање прашајте го дали сака да се тушира или да се бања, која играчка сака да ја понесе, со која крпа да се избрише. Додека готвите

вклучете го и него, дозволете му да избере што ќе јаде и која чинија ќе ја користи. Било да се работи за облекување, одржување на личната хигиена или за други активности, секогаш имајте неколку „или“ предлози, со кои ќе го спречите вашиот „мал негативец“ да го употреби своето „не“. Кога станува збор за активности кои воопшто не ги сака, обидете се преку игра: „Кој прв ќе ги измие рацете/нареди играчките...“. Ова ќе го сфати како голем предизвик и бргу ќе го прифати. Но кога станува збор, на пример, за одење на спиење или во градинка, на детето не нудете му избор, туку позитивно насочете го со зборовите: „Ајде да се подготвиме за...“. Трудете

32 Cептември 2011

Page 33: Moja Beba MAK 12 Novo

ИГРИ СО НЕГАЦИЈАВо периодот на негативизам децата ја користат негацијата дури и кога нешто сакаат. Во таквите ситуации искористете ги игрите „да - не“. Кога вашето малечко ќе рече „не“, вие изговорете „да“ и така неколкупати, а потоа изговарајте „не“, па набргу од другата страна ќе слушнете „да“ низ смеа. Исто така, низ прашања од типот „Сакаш ли...“ дозволете му на „малиот негативец“ да ги потроши своите одбивања, па почнете да му поставувате имагинативни прашања: „Сакаш банана? Или сакаш фанана? Или можеби кранана?“ Кога повторно ќе се вратите на бананата, одговорот веројатно ќе биде „да“. Со време вашето детенце ќе научи дека со постојаните негации ништо не постигнува, па ќе ги употребува сè поретко.

се да ги избегнувате наредбите зашто предизвикуваат негативни реакции.

СТРОГИ ПРАВИЛА – МАЛА СОРАБОТКААко поставувате строги правила и барања, вашето дете нема да биде спремно за соработка. Затоа, отфрлете ги непотребните очекувања. Одредете што ви е важно и придржувајте се до тоа. Не

настојувајте на небитни работи и не правете драма ако вашата принцеза врз паналоните ја навлече омилената сукњичка, а вашето мајсторче наместо капа сака да ја стави моторската кацига од тато. Никому нема да пречат нивните оригинални креации. Но ако надвор е минус, а вашето малечко сака да излезе со тенка маичка – тука нема преговори. Евентуално, може да го пуштите во ходникот за да го осети студот, па може и само да се врати по јакната.Децата се особено осетливи на барањето да направат нешто „веднаш“. Затоа бидете флексибилни и оставете го детето да се приспособи на новата активност. Ако е време за ручек, а тоа е среде игра, опоменете го дека смее да се забавува уште пет минути, а потоа повторно повикајте го. Кога ќе треба да си заминете од игралиште, дозволете му уште еднаш да се качи на омилената справа, па одведете го дома. Не попуштајте му зашто ако „не“ еднаш му успее, сигурно ќе се

обиде повторно да го искористи.

БИДЕТЕ ДОБАР ПРИМЕРДетето учи од вас. Негациите што ги користите во комуникацијата со него во текот на денот сведете ги на минимум и чувајте ги само за ситуации кога е загрозено неговото здравје – ако се приближува до загреан шпорет, пегла, или кога ви се оттргнува среде улица. Во другите случаи користете позитивни облици на комуникација. Ако вашето дете

бара нешто што во моментот не може да го добие, наместо да го одбиете речете му: „Да, ќе го добиеш кога...“. Исто така, кога морате да одбиете некое негово барање зашто сте зафатени, ублажете го со зборовите: „Одлична идеја, ќе си играме штом завршам...“.Запомнете дека негативизмот е краткотрајна развојна фаза низ која поминуваат сите деца, па доколку ја држите под контрола со постојани пофалби и со позитивен став, ќе трае пократко..

33Cептември 2011

ПСИХАТА НА ДЕТЕТО

Page 34: Moja Beba MAK 12 Novo

ПОАЃАЊЕ ВО ГРАДИНКА:Најчести прашања од

родителитеСептември е месец за поаѓање во градинка. Еве одговори на најчесто

поставуваните прашања на оваа тема

Невена од Кичево„Мора ли да ја изберам државната градинка која е најблиска до нашата адреса на живеење?

Не мора, но од практични причини се препорачува. Некои родители пред да го запишат детето детално анализираат повеќе градинки, па прават избор според лична процена. За некои, пак, препораката од пријателите е пресудна при изборот.

Оливера од Скопје„Имаме ли предност при уписот во својата општина?“

Молбата за прием на детето се предава во посакуваната установа и најчесто се излегува во пресрет на тие барања. Ако сместувачките капацитети не дозволуваат прием, родителите се упатуваат до најблиската установа во која има место.

Гордана од Гевгелија„Кога е вистинско време за упис на детето во градинка?“

Вистинско време е кога мајката треба да тргне на работа! Секако, ова е кажано на шега, но на некој начин е вистинито.

Родителите често не се во состојба да ги следат советите на стручњаците и често постапуваат според „барањата“ на реалниот живот. „Вистинско време“ во практиката не постои, но би требало родителите да одвојат доволно време за да го подготват малечкото за престојот во колективот.

Ирина од Тетово„Кои документи треба да се приложат при уписот во градинка?“

При уписот родителот потполнува прашалник што го добива од воспитувачките, а ги содржи основните податоци за детето. Исто така, приложува потврда за здравствената состојба на детето и за вакцинациите, и потпишува договор со градинката.

Маја од Велес„Кои лекарски прегледи треба да се направат пред запишувањето во градинка?“

Лекарскиот преглед подразбира систематски преглед од страна на педијатар. Притоа важно е да се направат лабораториски анализи (крв, урина, столица), како и испитување на брис од грло и од нос, за да се провери евентуална

инфекција. Детето може да му се придружи на колективот само ако е сосема здраво, а тоа се докажува со потврда од педијатар.

Елена од Скопје„Каква опрема треба се подготви за детето?“

Тоа зависи од возраста на детето и од договорот со надлежната воспитувачка. Главно, опремата ја сочинуваат:

шишенца, цуцли, пелени, обувки, пижами, облека и омилените играчки на детето или предмети за кои е емотивно врзано.

Анета од Тетово„Покрај воспитувачките, уште кои стручни лица работат во градинките?

Работата со деца е доста сложена и бара

34 Cептември 2011

Page 35: Moja Beba MAK 12 Novo

тимска, стручна соработка, така што покрај воспитувачките работат и медицински сестри, психолози, педагози, логопеди, соработници по физичко воспитание и др.

Даниела од Виница„Колку трае периодот на адаптацијата на детето?“

Адаптацијата е индивидуална и трае од 5 до 35 дена. Улогата на воспитувачите и на родителите е еднакво важна во овој период. Од самата подготвеност на родителот да се одвои од детето зависи и брзината на неговата адаптација. Улогата на учителките во градинка е многу важна поради прифаќањето на малечкото, соработката со родителите во смисла на меѓусебно ускладување на воспитните постапки и некои специфичности важни за процесот на адаптација.

Емилија од Кочани„Колку оброци добиваат децата и што содржат?“

Децата добиваат три оброци: појадок, ужина и ручек. Ручекот треба да им обезбеди 75% од дневните енергетски потреби и 90% протеини, витамини и минерали. Појадокот обично се состои од леб, печиво, млеко, јајца и сл. За ужина, пак, најчесто добиваат колач и сок, печиво и јогурт, компот и кекс... Се служи меѓу главните оброци. Ручекот е најобемен и се состои од чорба или супа, главно јадење, салата, овошје или десерт. Напомнуваме дека детето ќе го добие својот оброк и ако задоцни во градинка, но ако родителот нагласи дека е појадувано, не треба да се присилува да јаде повторно.

Весна од Скопје„Кое е работното време на градинките?“

Во повеќето градови работното време во државните

градинки е од 6.30 до 17 часот. Но, секоја општина би требало да има дежурна градинка со работно време од 6 до 22 часот.

Маријана од Струга„Што ако родителот задоцни по детето?“

Детето никогаш нема да остане без надзор од негувателка! Вонредните ситуации секогаш постојат и се толерираат. Главно, родителите и вработените прават договор за преземањето на детето кој мора да се почитува.

Марга од Виница„Што ако детето се повреди?“

Во случај на лесни повреди, медицинската сестра ја санира повредата на самото место и се известуваат родителите за начинот на повредата. Ако се во прашање потешки повреди (скршеници, подлабоки повреди), се известува медицинсата сестра

која укажува прва помош (имобилизација, дезинфекција на рана...) и го носи детето во најблискиот Здравствен дом. Во меѓувреме се известуваат родителите да дојдат по детето. По доаѓањето му се даваат на родителот комплетни информации и се упатува понатаму, на евентуален здравствен третман.

Билјана од Охрид„Колкава е цената за месечниот престој?“

За едно дете месечниот износ е 1.500 денари. За две деца месечниот износ се намалува за 10%, но само доколку родителите остварат право на тоа врз основа на ниски примања, за што родителите треба да обезбедат потврда.

3/4 од децата во градинка стекнуваат некоја вештина што дотогаш не ја знаеле, а дури 80% од децата на претшколска возраст знаат да пишуваат

35Cептември 2011

РАЗВОЈ НА ДЕТЕТО

Текс

т: Ј

асм

ина

Мил

ивое

ва

Page 36: Moja Beba MAK 12 Novo

Во прегратките на мама

Гораст Јосифов, Соколарци

Јана Кираковска, Скопје

Јована Јанкулоска, Скопје

Јоана Митева, ВиницаНикола Тасевски, Скопје

Филип Спирковски, Скопје

Ангела Николовска, Кратово

Владимир и Петар Зафироски, Скопје

Патриција и Клара Костадинови, Виница

Михаела Перкова, Велес

Мартин Арсоски, Кичево

Калин Стојанов, Скопје

Во прегратките на мама“Оф, бацката на мама е потопла, потопла и од...

сонцето! И повкусна од се!“

Никола Тасевски, Скопје

„Хрр, хрр... Гушката на мама служи и како креветче... Само

не галамете, ве молам!“

Гораст Јосифов, Соколарци Филип Спирковски, Скопје

„Еве вака, јас и мама, си дојдовме на музика, си

играме, си се гушкаме, и се така...“

Јана Кираковска, Скопје Ангела Николовска, Кратово

„Леле, ова сликањето било убава работа! Ајде,

еве ви една најголема насмевка од мене!“

Во прегратките на мама “Еее, после убав роденден најубава е прегратката на

мама!“

Јоана Митева, Виница Патриција

„Кажете сега, си личиме или не? Ако не сте сигурни, викнете го и тато. Ама тој не

гушка како мама...“

Филип Спирковски, Скопје

„Мислите не се плашам од кучето? А, бе, ме чува мама и затоа го

закачкам!“

Ангела Николовска, Кратово Мартин Арсоски, Кичево

„Мама, па бато и јас... Сликај тато, ајде, додека

мама гушка!“

Во прегратките на мама„Кога мама гушка, тоа е нешто нај,нај, најубаво...

Мала гушка мора да има и за дада Клара!“

Клара Костадинови, Виница

„Ммм, мамичке кој кого ќе папа, ти мене или јас тебе?“

Михаела Перкова, Велес

„Ако не знаевте досега,еве -јас сум сонцето на мама, и затоа сум толку насмеан!“

Петар Зафироски, Скопје Калин Стојанов, Скопје

„Гледате колку сме дотерани? И гушнати!

Тоа е за вашата фотка!!!“

36 Cептември 2011

ШТОСНИ ФОТКИ

Page 37: Moja Beba MAK 12 Novo

ДОБИТНИК (ЧКА)Најмногу ваши гласови 115 од фотките објавени во минатиот број, доби фотографијата објавена под број 17, Виола Исмаили од Тетово. Ги молиме родителите да се јават во Редакцијата на МОЕ БЕБЕ и да го подигнат подарокот книгата “Магични трикови“ од „Топер“.

ГЛАСАЊЕ:Гласајте за фотката што најмногу ќе ви се допадне исклучиво со купонот од стр. 6 на адреса: Дебарца 10, 1000 Скопје со назнака за „МОЕ БЕБЕ“. Најштосната фотка ќе добие убав подарок од некој од нашите спонзори.

ТЕМА ЗА НАРЕДНИОТ БРОЈ:

МОЈОТ НАЈДОБАР ДРУГАР И ЈАС! Испратете ни фотографии на кои вашето бебе ужива во друштво на своето другарче. Постаро, помладо, врсниче, не е важно колкаво е другарчето... Важно е само фотката да е интересна и штосна!

Испратете ни фотографии на кои вашето бебе ужива во друштво на своето другарче. Постаро, помладо, врсниче, не е важно колкаво е другарчето... Важно е само фотката да е интересна и штосна!

МОЈОТ НАЈДОБАР ДРУГАР И ЈАС!

Виктор и Филип Николоски, Гостивар

Миа Тодоровска, Скопје

Марко Камчевски, Прилеп

Виктор и Филип Николоски, Гостивар

„ Со мама и на крај свет, па и на Матка, само додека таа

гушка вака убаво!“

Тара Ефендилер, Скопје

Давид Јовановски, Скопје

Божица и Божидар Козовски, Виница

Миа Тодоровска, Скопје Давид Јовановски, Скопје „Половина гушка за мене, половина гушка

за тебе... И тоа еднаква половинка!!!“

„Со мама на лулање, ама само додека гушка, зашто

ако останам сам, тешко мене...“

Ана и Мила Постоловски, Гостивар

Клементина Стојмановска, Скопје

Мила Постоловски, Гостивар

„Една кукла, друга кукла, трета кукла... јас сум

најголемата кукла на мама!“

Алек Манчевски, Струмица

Давид Јовановски, Скопје Клементина Стојмановска, Скопје

„Излеговме во природа да се сликаме, ама за сликата

ни требаше една убава гушка!!!“

Матеј Думов, Струмица

Гласајте за фотката што најмногу ќе ви се допадне исклучиво со купонот од стр. 6 на адреса: Дебарца 10,

Божидар Козовски, Виница Алек Манчевски, Струмица

„Еве не и мене и мама Весна... Најголема гушка за

најштосна фотка!!!“

Ана и Мила Постоловски, Гостивар Мила Постоловски, Гостивар

„Еве една принцезичка, две принцезички и

мама... сите дотерани за забава!!!“

Филип Николоски, Гостивар Тара Ефендилер, Скопје

„Ова е прва заедничка фотка, само колку да видите

како ќе се гушкаме... А гушките следат...!“

„Мамо, ти гушкај, јас за тоа време ќе ти ги

избројам забите... Еден, два, три... !!!“

“Мама гушка дома, и на одмор, и на излет. И тоа и

мене и бато...“

37Cептември 2011

ШТОСНИ ФОТКИ

Page 38: Moja Beba MAK 12 Novo

КРАТКА ИСТОРИЈА НА ТЕСТОВИТЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ БРЕМЕНОСТ

10Најсигурни начини за утврдување на бременоста се ултразвучeн

преглед и тест на урина. Сепак, пред одењето на лекар проверете дали имате некои од наведениве симптоми...

Некои жени имаат знаци на бременост веќе неколку дена по зачнувањето, а други не чувствуваат ништо ни по

неколку недели. Ако се сомневате дека сте бремена и имате некои од наведениве симптоми, посетете го својот гинеколог.

1 МАЧНИНА И ПОВРАЌАЊЕСе претпоставува дека утринските

мачнини се последица на хормонските промени и варијацијата во артерискиот притисок во телото на трудницата. Речиси две третини од бремените жени ја имаат оваа тегоба, која обично се јавува околу четвртата недела од бременоста.

2 ПРЕОСЕТЛИВОСТ НА МИРИСИ

Може да се случи да почувствувате одбивност спрема одредени мириси

кои дотогаш ви биле пријатни. Дури 70% од трудниците изјавиле дека во првите недели од бременоста не можеле да го поднесат мирисот на кафе или на омилената храна.

3 ЗАЧЕСТЕНО МОКРЕЊЕОваа појава кај повеќето трудници

се јавува уште во првата недела од бременоста. Одеднаш ќе почнете да трчкате во тоалетот на секој час, а

1927ЖИВОТИНСКИ ТЕСТОВИВо ова време за утврдување на бременоста се користеле глувци и зајаци. На пример, ако урината од бремена жена се вбризгала во зајачица, кај неа се појавувале тумори на јајниците. За жал, ваквите тумори се утврдувале единствено преку дисекција на животното, што значело негова смрт.

1960АНАЛИЗА НА КЛЕТКИШведските научници развиле тест со кој наместо живо ткиво користеле клетки. Овој метод бил поедноставен и поевтин од претходниот, а значел и спас за зајачиците.

1966ХОРМОН НА БРЕМЕНОСТАА.Р. Миџли открил дека во урината на трудницата се наоѓа хормонот гонадотропин, кој е наречен „хормон на бременоста“. Но овој тест понекогаш не можел да го разликува гонадотропинот од лутеинот, па со тоа се грешеле и резултатите.

1970ДВЕ ЕПРУВЕТИКанадскиот лекар Вампол развил тест кој се правел за два часа, а се применувал четвртиот ден по отсуството на мензисот. Опремата се состоела од две епрувети, антисерум, суспендер, контролен серум и од пластични садови. Овој тест можел да се изведува само во лабораторија.

Хммм, ќе се појават ли двете цртички?

ваквите тумори се утврдувале

38 Cептември 2011

ВООБИЧАЕНИ знаци за бременост

Page 39: Moja Beba MAK 12 Novo

КРАТКА ИСТОРИЈА НА ТЕСТОВИТЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ БРЕМЕНОСТ

ЧУВСТВУВАТЕ ПРЕГОЛЕМ ЗАМОР?Заморот е нормална појава во првото тримесечје од бременоста, но ако е преизразен, можно е да патите од анемија, па потребен ви е додаток на железо. Анемијата се утврдува со едноставна анализа на крвта, а се спречува со исхрана богата со железо (лиснат зеленчук, кајсии, суво грозје, јајца, црвено месо). Ако тоа не ви помогне, обидете се со консумација на „феровит“. Овој тоник е во течна состојба и погоден е за сите возрасти. Особено се препорачува: • НА ДЕЦА ВО РАЗВОЈ: за апетит, за

психофизички развој• НА ЖЕНИ ЗА ВРЕМЕ НА

МЕНСТРУАЦИЈА: за надоместување на изгубената крв

• ВО БРЕМЕНОСТА: за зачувување на крвната слика, како поддршка во развојот на плодот

• НА ВЕГЕТАРИЈАНЦИ: за надоместување на железото и витамините од групата Б.

урината ќе ви добие појак мирис и боја. Но, ако при мокрењето почувствувате пецкање, задолжително посетете лекар зашто тоа може да биде знак за уринарна инфекција.

4 НАПНАТОСТ ВО ГРАДИТЕВо раниот стадиум од бременоста

повеќето жени забележуваат дека градите им станале поголеми и поцврсти. Брадавиците стануваат поосетливи, добиваат потемна боја, а вените на градите се поизразени.

5 ПОСТОЈАН ЗАМОРПоради дејството на хормоните на

бременост, високото ниво на прогестерон и зголемената телесна температура, повеќето идни мајки во раната бременост се жалат дека се исцрпени и дека им недостига сон.

6 ОТСУСТВО НА МЕНСТРУАЦИЈА

Доколку имате уреден менструален циклус, изостанувањето на месечното крварење може да укажува на бременост. Покрај тоа, повеќето жени чувствуваат болки во долниот дел од грбот, па тоа му го припишуваат на скорото доаѓање на менструацијата.

7 БЛАГО КРВАВЕЊЕДесетина дена по овулацијата и

зачнувањето некои жени имаат благо крвавење кое често се совпаѓа со терминот за менструација. Ова крвавење е резултат на всадувањето на оплодената јајце-клетка во матката.

8 ВРТОГЛАВИЦА ИЛИ НЕСВЕСТИЦА

Поради промената на сетилата за мирис

и за вкус, трудниците ненамерно ги прескокнуваат оброците, а тоа доведува до пад на шеќерот во крвта и до појава на вртоглавица, па дури и до несвестица. Ако стоите подолго време, матката врши притисок на артериите на нозете, а тоа предизвикува опаѓање на крвниот притисок, мачнина и несвестица.

9 РАЗДРАЗЛИВОСТ И НАГЛИ ПРОМЕНИ ВО

РАСПОЛОЖЕНИЕТОТу ви се плаче ту ви се смее? Типично однесување на жените во раната бременост, кое се јавува поради хормонската „бура“ во организмот, но и поради претходно наведените симптоми (мачнина, повраќање, напнатост). Па, како да не бидете раздразливи и каприциозни?

10 ЗАСИЛЕН СЕКРЕТКај многу трудници во првите

недели од бременоста се појавува густ, бел вагинален секрет. Оваа појава е нормална, но ако почувствувате јадеж или непријатен мирис, задолжително консултирајте лекар.

1976ПРВ ДОМАШЕН ТЕСТПрвиот домашен тест на пазарот се појавил под називот „е.п.т“. Се користел на следниов начин: првата утринска урина жената ја мокрела во приложена епрувета. Доколку по два часа на дното на епруветата се појавел „прстен“ од насобрани еритроцити, тоа било доказ за бременост.

1980/1990НЕМА ВЕЌЕ ЕПРУВЕТИ!Научниците измислиле индикатори кои биле многу полесни за примена. Жената требало само да се измокри на индикаторот и тој покажувал дали е бремена или не е. Зависно од производителот, позитивниот резултат бил означуван со крст или со двојна линија. Една линија значела негативен тест.

2000НАПРЕДОК!Тестовите за утврдување бременост стануваат посовремени и попрецизни. Со нивна помош бременоста се утврдувала со високопроцентна сигурност и тоа само неколку дена по

отсуството на мензисот. Називот на првиот

ваков тест бил „фрст риспонс“.

2006ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТестовите се дигитализирани и унапредени. На пазарот се појави домашен тест кој веќе ги нема цртичките, туку на неговиот дисплеј се појавува конкретен одговор „бременост“ или „нема бременост“.

НА ЖЕНИ ЗА ВРЕМЕ НА за

развојот на плодот

за

Две цртички! Ураааааа!

резултат бил означуван со крст или отсуството на мензисот. Називот на првиот

ваков тест бил

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

39Cептември 2011

БРЕМЕНОСТ И ПОРОДУВАЊЕ

Page 40: Moja Beba MAK 12 Novo

Стопете ги килограмите со – ПЕШАЧЕЊЕ!

Пешачењето е еден од најдобрите облици на рекреација за младите мајки. Секако, по цел ден сте ангажирани со доење и со

менување пелени на бебето, па не е лесно да издвоите половина час за рекреација. Но, следува охрабрувачка вест: За да се ослободите од вишокот килограми од бременоста и да ја подобрите општата кондиција, во текот на денот треба да практикувате физичка активност во кратки интервали. Ако секојдневно пешачите трипати по 10 минути, плус секојдневните обврски, ќе постигнете резултат како да сте имале полчасовен интензивен тренинг. Суштината на овој режим е да согорите повеќе калории за пократко време. За сигурно и безбедно слабеење најдобро е да вежбате два-три часа неделно. Секако, новопечените мајки не треба да се фокусираат само на телесната тежина. Имено, пешачењето може значително да го намали стресот, а позитивно влијае и на постпородилната депресија (ако се појави). Експертите за фитнес предлагаат 4 различни програми за физичка активност, кои можете да ги применувате според сопствените афинитети и расположение.

Нашиот водич за пешачење ќе ви помогне по породувањето лесно и брзо да се ослободите од вишокот килограми

40 Cептември 2011

Page 41: Moja Beba MAK 12 Novo

Стопете ги килограмите со – ПЕШАЧЕЊЕ!1. ПЕШАЧЕЊЕ ВО ИНТЕРВАЛИБРОЈ НА ПОТРОШЕНИ КАЛОРИИ: ОД 80 ДО 100, ЗА ДЕСЕТ МИНУТИ

СО БЕБЕТО ИЛИ БЕЗ НЕГО? Тргнете на шетање со бебето во количка или сами.

КАКО ДА ЈА ПРАКТИКУВАТЕ: Ова пешачење го карактеризираат две брзини на движење. Треба да почнете умерено со брзо одење една минута, а потоа забрзајте го чекорот и со тоа темпо одете уште една минута. Едноминутните интервали на умерено и брзо одење повторете ги 5 пати.

УСЛОВ ЗА КОНДИЦИЈА: При промената на интервалот на одење движете се со кратки, брзи чекори. Ако пешачите сами или со бебето во „кенгурче“, движете ги рацете горе-долу. Исто така, во текот на умерените интервали на движење не забавувајте премногу – важно е да го одржите темпото кое носи резултати.

БРЗ СОВЕТ: За да не гледате постојано на рачниот часовник, маркирајте ги своите интервали со помош на уличните светилки покрај кои поминувате. Секако, часовник ќе ви биде потребен за да регистрирате кога поминале десет минути од рекреативното пешачење.

3. БРЗО ОДЕЊЕБРОЈ НА ПОТРОШЕНИ КАЛОРИИ: 100, ЗА ДЕСЕТ МИНУТИ

СО БЕБЕТО ИЛИ БЕЗ НЕГО? Може со бебето, но поради брзиот од, тоа смее да се носи единствено во количка. Сепак, најдобро е овој облик на рекреација да го практикувате сами зашто ќе можете побрзо да одите, да ги движите рацете и да согорите повеќе калории.

КАКО ДА ЈА ПРАКТИКУВАТЕ: Потрудете се по рамен терен да одите што побрзо десет минути, без пауза и со исто темпо. Дишењето треба да биде забрзано, но внимавајте да не ви се одземе здивот или моќта на говорот.

УСЛОВ ЗА КОНДИЦИЈА: Кренете ја главата, а рамениците треба да ви бидат исправени и опуштени. Додека одите, на тлото прво спуштајте ги петите. Ако туркате количка, не наведнувајте се – грбот треба да ви биде исправен. Доколку се шетате сами, рацете движете ги напред-назад (не горе-долу), свиткани во лактите.

БРЗ СОВЕТ: За да биде ефикасна вашата активност, сконцентрирајте се на ритамот на чекорите. Во тоа ќе ви помогне ритмичното изговарање на зборовите „чекор, чекор, чекор“, што, секако, ќе го изговарате во себе. На овој начин ќе се движите со изедначен ритам. Исто така, секогаш гледајте пред себе за да можете навреме да регистрирате каква било препрека на патот.

2. ПЕШАЧЕЊЕ ПО УГОРНИЦАБРОЈ НА ПОТРОШЕНИ КАЛОРИИ: 100, ЗА ДЕСЕТ МИНУТИ

СО БЕБЕТО ИЛИ БЕЗ НЕГО? Совршен облик на шетање е ако го туркате бебето во количка, бидејќи на тој начин се зацврстуваат мускулите на нозете и на задникот. Ако се шетате без бебето, обидете се да го забрзате чекорот додека одите по угорница.

КАКО ДА ЈА ПРАКТИКУВАТЕ: Прво пронајдете го најблискиот терен каде што има угорница, па наизменично качувајте се и симнувајте се. Темпото на движење треба да биде умерено и не премногу напорно. Секако, забавете го чекорот ако по угорницата туркате количка, па забрзајте кога ќе се спуштате.

УСЛОВ ЗА КОНДИЦИЈА: Со исправен грб и со блага наваленост на предниот дел од грбот користете ги квадрицепсите, мускулите на препоните и на задникот додека се движите по угорница. Потоа, исправете го телото, но лактите и колената држете ги свиткани за да го ублажите оптоварувањето на зглобовите. Со рацете цврсто држете ја количката. Стомачните мускули мора да бидат затегнати цело време.

БРЗ СОВЕТ: Одењето по угорница нема да биде напорно ако се движите со кратки, брзи чекори. Исто така, од безбедносни причини изберете терен надвор од сообраќајната зона и водете сметка бебето да биде прописно врзано со појас во количката.

4. ПЕШАЧЕЊЕТО КАКО МЕДИТАЦИЈАБРОЈ НА ПОТРОШЕНИ КАЛОРИИ: 40, ЗА ДЕСЕТ МИНУТИ

СО БЕБЕТО ИЛИ БЕЗ НЕГО? Дефинитивно – со бебето. Вашето малечко ќе ужива во опуштеното темпо на вашите чекори, без оглед на тоа дали го носите во прегратка или во количка.

КАКО ДА ЈА ПРАКТИКУВАТЕ: Секако дека со овој вид рекреација нема да потрошите многу калории, но затоа ќе се опуштите. Движете се со бавни, кратки и рамномерни чекори и обидете се да ја „испразните“ главата од вознемирувачките мисли.

УСЛОВ ЗА КОНДИЦИЈА: Трудете се телото да го држите исправено, а не да се наведнувате нанапред. Наместо тоа, ставете ги рацете под „кенгурчето“ за да не ги оптоварувате вратот, грбот рамениците.

БРЗ СОВЕТ: Претворете ја својата прошетка во медитација така што ќе се сконцентрирате на дишењето. Вдишувајте низ нос додека не изброите до четири, а потоа лесно издишете низ уста. Ако имате повеќе слободно време, а вашето бебе ужива, шетајте 20 минути. Така ќе согорите двојно повеќе калории.

Трудете се телото да го држите исправено, а не да се наведнувате нанапред. Наместо

41Cептември 2011

МАМИНО КАТЧЕ

Page 42: Moja Beba MAK 12 Novo

Иако наведените активности спаѓаат во вежби со послаб интензитет, би било добро еднаш дневно да направите вежби за истегнување, за да избегнете воспаление на мускулите. Ви ги препорачуваме следниве:

1 ИСТЕГНУВАЊЕ НА КВАДРИЦЕПСИТЕ

Застанете со благо свиткани колена и составени стапала, и потпрете се на дрво или на клупа. Потоа клекнете и свиткајте ја само левата нога (петата да ви биде под задникот). Со левата рака придржувајте го левото стапало. Останете во оваа положба 10 секунди, па повторете ја вежбата со десната нога.

2 ИСТЕГНУВАЊЕ НА ЛИСТОВИТЕ НА НОЗЕТЕ И

НА НАТКОЛЕНИЦИТЕНаправете расчекор со левата нога (десното стапало да биде 60-80 см зад левото). Десната нога треба да биде исправена. Наведнете се и свиткајте го левото коленото (ќе почувствувате дека ви се затегнува листот на левата нога). Останете во таа положба 10 секунди. Потоа исправете ја левата нога и подигнете ги прстите од левото стапало за да ја затегнете натколеницата од левата нога. Останете во таа положба 10 секунди, а потоа повторете ја вежбата со другата нога.

3ИСТЕГНУВАЊЕ НА БЕДРАТАЗастанете покрај ѕид, но оддалечете

се од него 20-30 см. Потпрете се со левата дланка на ѕидот во висина на рамото, а потоа полека со бедрото навалувајте се кон него (дури да ве затегне). Останете 10 секунди, па повторете ја вежбата со десното бедро.

ДАЛИ СЕ ДВИЖАМ ДОВОЛНО БРЗО?Не можете да одредите дали брзината со која се движите е доволна за ефикасна вежба? Не ви е јасно што значи да се движите со 12 или 15 км на час? Едно решение е да го измерите растојанието со автомобил, а потоа да проверите колку време ви е потребно за да го пропешачите (ако се движите со брзина од 12 км/ч, за еден час треба да поминете 5-6 км). Друга опција е да набавите педометар, а трета – да бидете сигурни во својата интуиција, како за време на рекреацијата, така и по неа.

Истегнете се!

ТАЈНИТЕ ЗА СЛАБЕЕЊЕ НА ПОЗНАТИТЕ МАЈКИ:

Кејти Холмс:МЕДИТЕРАНСКА ХРАНА ПЛУС ВЕЖБИПо породувањето имав 15 килограми вишок. Освен што се хранев исклучиво со медитеранска храна (многу риба, салати, овошје, тестенини), вежбав трипати неделно по половина час и трчав двапати неделно. На овој начин успеав да се ослободам од вишокот килограми за два месеца. Естетска хирургија? Досега не ми била потребна. Но никогаш не се знае во животот што може да се случи или, зошто пак да не се промени и мислењето, нели?

Џенифер ЛопезЧЕТИРИ МИНИ-ОБРОЦИМоето дневно мени се состоеше од четири мини-оброци составени од овошје, посно месо и свеж зеленчук. Секојдневно правев вежби за истегнување и трчав на лента по половина час наутро и навечер. По шест недели успеав да ослабам 11 килограми. Естетска хирургија? Да, но сум правела само корекции на лицето. Се надевам дека со дисциплинираниот режим на исхрана нема ни да ми притрева во брзо време, но ако дојде ред, па сега, сошто да не?

42 Cептември 2011

МАМИНО КАТЧЕ

Текс

т: М

. Јур

евск

а

Page 43: Moja Beba MAK 12 Novo
Page 44: Moja Beba MAK 12 Novo

44 Cептември 2011

Кои се гранични вредности?Ако горната вредност на притисокот преминува 140, а долната 90, притисокот е превисок за трудницата и мора да се контролира. Понекогаш притисокот се зголемува во 9. месец од бременоста иако претходно имал уредни вредности. Ова е типична појава во овој период и не претставува сериозно нарушување. Но ако горната вредност на притисокот падне под 110, а долната под 60, притисокот е дефинитивно пренизок. Оваа појава во првото тримесечје е сосема нормална поради промените во организмот на жената. Иако можат да предизвикаат вртоглавица или несвестица, последиците од нискиот притисок се помалку опасни од високиот крвен притисок.

Крвниот притисоК под Контролавообичаената анализа на крвниот

притисок е една од многуте кои треба да ги направат идните мајки за да ја поминат бременоста без

проблеми. Најмалку што може да се направи е да се држат границите на крвниот притисок во нормала. Меѓутоа, не е точно мислењето дека бременоста предизвикува понизок или повисок притисок од вообичаениот. Сепак, постои наследна сколоност кон тие промени, кои се манифестираат во одредени услови поради разни причини – стрес, начин на исхрана, хормонално нарушување. Бременоста е, секако, еден од опасните периоди, а понекогаш трудниците и не се свесни за споменатите склоности. Еве зошто треба крвниот притисок да се мери на секој контролен преглед на гинеколог од самиот почеток на бременоста.

пренизоК Крвен притисоКПренискиот крвен притисок може да

предизвика вртоглавица, па дури и несвестица поради слабиот доток на крв во мозокот, особено при нагло станување или при промена на темпертурата во околината (пр. при влегување во климатизирана

Page 45: Moja Beba MAK 12 Novo

45Cептември 2011

БРЕМЕНОСТ И ПОРОДУВАЊЕ

Сувомесните производи и

намирниците богати со сол

се најголеми непријатели на крвниот притисок, па

нивната консумација НЕ им се

препорачува на трудниците.

Крвниот ПРИТИСОК под КОНТРОЛА

Крвниот притисок треба да се мери на секој преглед на гинеколог од самиот почеток на бременоста, особено доколку се појават знаци што

укажуваат дека е нарушен

просторија). Без оглед на непријатноста што ја предизвикува кај мајката, нискиот притисок во основа нема влијание врз плодот.Лекувањето е едноставно: не треба нагло да станувате од седечка или лежечка положба. Наутро по будењето треба да полежите на левата страна со главата на перница. Исто така, избегнувајте долготрајно да го оставате телото без „гориво“. Ако пред бременоста сте оделе на работа без да појадувате, со едно испиено кафенце, таа навика отфрлете ја – комплетниот или доволно обилен појадок не смее да се прескокне.

ПОВИСОК КРВЕН ПРИТИСОКВисокиот крвен притисок се јавува подмолно зашто обично не покажува никакви знаци кои би ја предупредиле трудницата, и се манифестира дури кога ќе напредне (отечени нозе и дланки, контракции на матката). Единствен начин за негово навремено откривање се редовните гинеколошки контроли. Високиот притисок не смее да се занемари и треба веднаш да се лекува, со исхрана или со лекови. Трудницата може да претрпи оштетување на црниот дроб, бубрезите или да добие гестози. Детето е во опасност – неговиот раст се забавува бидејќи не добива доволно хранливи материи и кислород преку постелката, која, пак, поради високиот притисок има слаб доток на крв.

ПОНЕКОГАШ Е ПРЕДИЗВИКАН ОД ЖЕШТИНИТЕНаглите скокови на притисокот не се секогаш резултат на наследен фактор. Тие понекогаш не се јавуваат за време на целата бременост, туку се манифестираат поради страв, замор или жештина. Во текот на летото трудниците се поосетливи на високите температури поради влијанието на хормоните (прогестеронот ја зголемува телесната температура). На ова треба да се додаде и зголемената телесна тежина која бара поголема потрошувачка на енергија. Затоа, во топлите периоди од годината трудниците треба особено да внимаваат: да избегнуваат долготрајно стоење, претерано заморување, како и посети на собири со многу луѓе во непроветрени простории. Што со летувањето? Кои климатски услови најмногу влијаат на промените на крвниот притисок? Сеедно е дали ќе се одлучите за море или за планина. Пливањето или опуштената прошетка низ шума се доста здрави активности за трудницата. Сепак, треба да се избегнуваат наглите промени во температурата. Доготрајното сончање не е дозволено особено во пладневните часови, како и капењето во ладна вода веднаш по сончањето. Исто така, забрането е изложувањето на големи разлики во надморската висина (1000-3000 метри) ако притоа телото нема доволно време да се навикне на промената.

ИСХРАНАТА ПОМАГААко трудницата пати од висок крвен притисок, многу е важно како се храни. Пред сè, треба да се намали внесот на сол зашто ја задржува водата во телото, а со тоа го зголемува притисокот. Забрането е и консумирањето на маснотии од животинско потекло (салами, путер, мрсни сирења), слатки и пржени јадења. Треба да се консумира овошје, зеленчук, посни сирења, риба (на скара или печена), житарки, тестенини и ориз – зачинети со маслиново масло. Консумацијата на течности е важна – околу два литра дневно, и тоа вода и свежи сокови.

КОГА НАРУШУВАЊЕТО СТАНУВА ОПАСНО?• Ако жената има склоност кон висок крвен притисок, во бременоста треба да го контролира за да избегне развој на гестози. Тоа е сериозно нарушување кое се јавува околу вториот или третиот месец и може да им наштети и на мајката (оштување на бубрезите или црниот дроб) и на бебето (заостанување во растот и развојот).• Како што притисокот расте над дозволените граници, тежината се зголемува, а нозете, дланките и лицето отекуваат. Со анализа во урината, пак, се открива албумин. Тогаш треба да се направат посебни анализи:- контрола на притисокот со апарат кој трудницата го носи 24 часа - мерење на циркулацијата со Доплеров метод (се утврдува протокот на крв во постелката)- редовни ултразвучни прегледи со кои се проверува растот и напредокот на плодот.Ако е потребно, се консумираат лекови за снижување на крвниот притисок, но само оние што се дозволени за бремени жени.

Текс

т: М

. Јур

евск

а

Page 46: Moja Beba MAK 12 Novo

ДЕЦАТА СЕ УКРАС НА СВЕТОТ

1 Јована Мојсовска, Скопје 5 Николче Петревски,

Охрид4 Горјан Ивановски, Скопје3 Јоана Кимова,

Долни Дисан2 Македон Илиев, Кавадарци

21 Теа Ѓуров, Виница 25 Анастасија Стојаноска,

Охрид24 Александар Пауновски, Битола23 Нина Гицова,

Кочани22 Матеј Ѓеоргиевски, Скопје

16 Михаил Петковски, Скопје 20 Јована Голчева,

Кавадарци19 Марко Маркоски, Струга18 Анѓела Темкова,

Кавадарци17 Ангел Димитриоски, Кичево

11 Стефанија Петреска, Охрид 15 Ана Илиева,

Виница14 Бобан Велјановски, Битола13 Леон Сотиров,

Скопје12 Михаела Симоновска, Скопје

6 Драгана Анѓелковска, Тетово 10 Олгица Балабанова,

Штип9 Јована Беговска, Скопје8 Сара Витановска,

Македонска Каменица7 Владимир Витановски, Македонска Каменица

46 Cептември 2011

Page 47: Moja Beba MAK 12 Novo

50 Јана Велковска, Скопје 54 Теа Јанѓеловска,

Македонска Каменица53 Драганче Ончев, Градско52 Стефан Гелдиновски,

Битола51 Јосиф Чапов, Демир Капија

70 Мартин Трпески, Брвеница Тетово 74 Ангела Китанова,

Струмица73 Филип Милошевски, Битола72 Исидора Митева,

Штип71 Тео Ѓероски, Прилеп

65 Доријан Митев Миленковски, Виница 69 Марија Спасовска,

Скопје68 Драган Ставрев, Велес67 Матеј Димовски,

Тетово66 Ева Стојаноска, Прилеп

60 Петар Радевски, Куманово 64 Теона Стојановска,

Скопје63 Христијан Миленовиќ, Росоман62 Филип Србиновски,

Битола61 Лука Васоски, Тетово

55 Александра Живковиќ, Скопје 59 Горјан Стоичов,

Скопје58 Јована Ковачевска, Скопје57 Емил и Дино Адемоски,

Скопје56 Тоше Анѓелов, Кочани

48 Cептември 2011

НАЈУБАВ СПОМЕН

Page 48: Moja Beba MAK 12 Novo

НАПОМЕНАРедакцијата на “Мое Бебе“ ве известува дека можете да испраќате фотографии од вашите малечки на нашиот имејл: [email protected] Големината на фотографиите да биде над 1 мегабајт. Со самото испраќање на фотографиите вие како родители го одобрувате нивното објавување. Тоа автоматски подразбира дека не прифаќаме евентуални законски последици.

26 Стефани Јаковлевска, Македонски Брод 30 Божидар Димитриевски,

Штип29 Аурора Ѓорѓиева, Радовиш28 Младен Стојкоски,

Прилеп27 Филип Јанев, Струмица

36 Кристијан Стојкоски, Скопје 40 Томислав Кебаковски,

Битола39 Благој Богатинов, Штип38 Меланија Павлеска,

Струга37 Матеј Јанчевски, Скопје

46 Ана Коколанска, Берово 49 Стефан Николов,

Скопје48 Симеон Николов, Скопје47 Антонела Николовска,

Алба Италија

31 Беатриче Ѓорѓиев, Радовиш 35 Илина Петревска,

Тетово34 Софија Здравевска, Кичево33 Никола Јованов,

Кавадарци32 Стефан Петрески, Охрид

41 Даниел Стојковски, Битола 45 Дарио Младеновски,

Куманово44 Ива Младеновска, Куманово43 Марко Кметовски,

Скопје42 Теодора Мегленова, Кавадрци

47Cептември 2011

НАЈУБАВ СПОМЕН

Page 49: Moja Beba MAK 12 Novo

75 Матеј Мојсовски, Скопје 76 Марија Манева,

Виница

85 Тамара Трајковска, Скопје 86 Ивана Ончева,

Градско

95 Давид Блажевски, Скопје 96 Валериа Василевска,

Битола

80 Анамарија Јовановска, Битола 81 Лора Пецова,

Делчево

90 Мелани Филипова, Кочани

79 Наталија Шекероска, Прилеп78 Мила Василевска,

Скопје77 Матеј Манев, Виница

89 Матеј Коцев, Штип88 Ена Тошеска,

Прилеп87 Илија Станковски, Скопје

99 Ана И Матеј Јовановски, Велес98 Тео Милошевски,

Велес97 Мелани Атанасова, Струмица

84 Мелани Трајковска, Скопје83 Никола Стаменковиќ,

Тетово82 Мариола Трајкоска, Прилеп

94 Горазд Милчевски, Скопје93 Андреа Стоименова,

Виница92 Антонио Насевски, Скопје91 Тамара Пигуловиќ,

Скопје

49Cептември 2011

Page 50: Moja Beba MAK 12 Novo

УПАТСТВО ЗА ГЛАСАЊЕЗначи, купонот што ќе го најдете на 7-та страница потполнете го со податоци за вас или за вашето бебе и напишете за која најубава насмевка гласате од страниците НАЈУБАВ СПОМЕН на кои се објавени фотографиите на сите бебиња или за НАЈШТОСНАТА ФОТКА.

НАЈУБАВА НАСМЕВКА

Во секој број избираме пет најубави насмевки, и тоа исклучиво на основа на вашите гласови. Гласате единствено со купонот што е објавен во МАМИН КЛУБ на страница 7 во МОЕ БЕБЕ. На првата насмевка во рамките на овој избор, ТТК БАНКА и доделува детска штедна книшка и картичка, како и подарок 1.000 денари на штедната книшка.

ВАЖНО!Истиот купон можете да го испраќате и доколку се пријавувате за подарок од која било страница каде што го има знакот ПОДАРОК!

НННААЈЈЈАЈААЈААЈА УУ ЕВВКККААКАККАК

955гласа

474гласа

229гласа

192гласа 128

гласа

Бисера Костовска, Охрид

Зорана и Ивана Крстевски, Скопје

Илина Марковиќ, Скопје

Тиаго Трпески, Скопје

Гораст Ѓоревски, Скопје

ОСНОВАЧ И ИЗДАВАЧ:„Колор медиа“ д.о.о. Скопје

Тел/фах: 02/3116-567Даночен број: 4030007002255

Адреса на Редакцијата:Дебарца 10, 1000 Скопје

Директор на компанијата:Душко Миќиќ

([email protected])

РЕДАКЦИЈАГлавна и одговорна уредничка:

Вера Андрејчин([email protected])

Заменик-уредничка:Наде Стојилковиќ

[email protected]

ЛекторИлвана Ефтоска-Мирческа

([email protected])

Маркетинг-секторТелефон: ++3892 3116-567

Маркетинг-управител на „Колор медиа“:Ивана Манасиева

([email protected])

ДИСТРИБУЦИЈА:„Свет-прес” д.o.o

Дебарца 10, 1000 Скопје1000 Скопје, Р. Македонија

Управител на дистрибуцијата:Коља Миладинов

Правен застапник:Адвокатска канцеларија

„Бегова“тел.: ++(02)32 22 325

Печати:„Колор принт“ д.о.о. Нови Сад, Србија

Логото на „Мое бебе“ е регистрирано воДржавен завод за индустриска сопственост – Скопје,

под редниот број: TM 2010/1068 od 22.9.2010

ISSN [email protected]

По лиценцата на “Colormedia internacional” d.o.oИзлегува секој 3-ти во тековниот месец

Компанијата „Колор медиа“ и Редакцијата на „Мое бебе“ не одговараат за содржините и за вистинитоста на објавените рекламни пораки ипреземените содржини од спомнатите или огласените електронски локации. Уредништвото нема одговорност за ненамерните печатни грешки. Редакцијата на „Мое бебе“ не е обврзана да ги враќа примените ракописи, фотографии и интернет-поштата, и да одговара за нив.

Забранети се репродуцирањето и користењето на печатените содржини на „Мое бебе“ во комерцијални цели без писмено одобрување од издавачот и од главната и одговорна уредничка на „Мое бебе“.

Page 51: Moja Beba MAK 12 Novo
Page 52: Moja Beba MAK 12 Novo