20
AMAK PRES OHRIDSKI NOVINI EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK Godina VI - Broj 110 11 Maj 2009 www.amakpres.com.mk marketing 070 / 462-362 definitivno najevtino www.don.com.mk ЕДЕН ПРОТИВ СИТЕ АЛЧЕ СО ПРОЕКТ 48 ЧАСА АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ ВО ИЗБОРНАТА ТРКА ПРАКТИЧНО БЕШЕ ЛОГИСТИЧКИ ПОДДРЖАН ОД НЕКОЛКУ ЛУЃЕ ОКОЛУ НЕГО И НЕГОВИОТ ВОЗАЧ, А ПОДДРШКАТА НА СДСМ ВО ПРАКТИКА БЕШЕ СВЕДЕНА НА МИНИМУМ. ТАКА, ТОЈ НА ИЗБОРИТЕ ПОБЕДИ БОРЕЈЌИ СЕ СО МИНИСТРИТЕ, ПРЕМИЕРОТ, ПОЛИЦИЈАТА И НЕГОВИОТ ПРОТИВ КАНДИДАТ, ДОДЕКА СДСМ ОСТАНА НА ДНОТО КАДЕ ШТО И БЕШЕ, А МОЌНОТО ВМРО ДПМНЕ ПОВТОРНО ПАДНА ВО ОХРИД. АПЛАУЗОТ НА ОТВОРЕНА СЦЕНА Е НАЈГОЛЕМА МАЃИЈА

АМАК ПРЕС 110

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

Citation preview

Page 1: АМАК ПРЕС 110

AMAK PRESOHRIDSKI NOVINI

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK

Godina VI - Broj 110 11 Maj 2009

www.amakpres.com.mkmarketing 070 / 462-362

definitivno najevtinowww.don.com.mk

ЕДЕН ПРОТИВ СИТЕ

АЛЧЕ СО ПРОЕКТ

48 ЧАСА

АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ ВО ИЗБОРНАТА ТРКА ПРАКТИЧНО БЕШЕ ЛОГИСТИЧКИ ПОДДРЖАН ОД НЕКОЛКУ ЛУЃЕ ОКОЛУ НЕГО И НЕГОВИОТ ВОЗАЧ, А ПОДДРШКАТА НА СДСМ ВО ПРАКТИКА БЕШЕ СВЕДЕНА НА МИНИМУМ. ТАКА, ТОЈ НА ИЗБОРИТЕ ПОБЕДИ БОРЕЈЌИ СЕ СО МИНИСТРИТЕ, ПРЕМИЕРОТ, ПОЛИЦИЈАТА И НЕГОВИОТ ПРОТИВ КАНДИДАТ, ДОДЕКА СДСМ ОСТАНА НА ДНОТО КАДЕ ШТО И БЕШЕ, А МОЌНОТО ВМРО ДПМНЕ ПОВТОРНО ПАДНА ВО ОХРИД.

АПЛАУЗОТ НА ОТВОРЕНА СЦЕНА Е НАЈГОЛЕМА МАЃИЈА

Page 2: АМАК ПРЕС 110

2 AMAK PRES

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецотТел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски [email protected]; Новинари: Сузана Вренцовска, Анѓела Белевска, Васе Врангалоска, Александра Ристеска

Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав СилјаноскиМаркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318

Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

Page 3: АМАК ПРЕС 110

3www.amac.com.mk/novini

ЕДЕН - ПРОТИВ СИТЕ

Победата која на изборите ја извојува старо новиот градо-началник на Охрид, Алексан-

дар Петрески се граничи со чудо. Оваа констатација стана општо прифатена по изборите и се темели на сето она што се случуваше околу него од поче-токот, па се до крајот на кампањата, а и пред тоа.Претходно во СДСМ немаа расчисте-но дали ќе одат со Александар Петре-ски или ќе настапат со некој друг чо-век. Како најспоменуван во кулоарите на партијата во тоа време беше Томис-лав Чингоски. Работите отидоа до таму што Петрески во изјава за Амак Прес Охридски Новини јавно кажа дека е подготвен да се кандидира и како не-зависен кандидат, доколку матичната СДСМ не го поддржи.Не беа малку ни оние охридски вмров-ци кои правилно успеале да го проце-

нат рејтингот на Петрески и да пре-сметаат дека доколку ВМРО ДПМНЕ го поддржи него како независен кан-дидат многу лесно ќе дојде до побе-да, веројатно уште во првиот круг. Идеја што секако не се оствари зара-ди внатрепартискиот мир во ВМРО ДПМНЕ каде повеќето од пратеници-те правеа напори да станат кандида-ти за градоначалник на Охрид.Но, не-кои од нив заради нискиот едноцифрен рејтинг беа исклучени како опција, а останатите беа жртви на внатрепарти-ски кулоарски ‘’рекла казала ‘’ борби и превирања.

СДСМ ЛЕТНА НА КРИЛАТА ОД ПЕТРЕСКИДоколку се анализираат резултатите од изборите без многу филозофија може

да се дојде до заклучок дека Алексан-дар Петрески, како човек има повеќе од двојно поголем рејтинг од неговата партија СДСМ.Листата на СДСМ предводена од Бра-нислав Трпчески на изборите освои 6 873 гласови, додека Петрески во први-от круг освои 13 783 , а во вториот круг освои 17 015 гласови. Ако се погледнат гласовите од вториот круг, тој освоил 10 142 гласови повеќе од советничката листа на СДСМ, а освоил и 3 725 гла-сови повеќе од кандидатот за претседа-тел на СДСМ Љубомир Фрчкоски. Ова наведува на заклучок дека Алексан-дар Петрески сам има повеќе од двојно поголем рејтинг од целата партиска организација на СДСМ во Охрид, па од тука и заклучокот дека практично СДСМ имаше корист од него, а не тој од СДСМ.

КАКО АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ УСПЕА ДА ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ

АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ ВО ИЗБОРНАТА ТРКА ПРАКТИЧНО БЕШЕ ЛОГИСТИЧКИ ПОДДРЖАН ОД НЕКОЛКУ ЛУЃЕ ОКОЛУ НЕГО И НЕГОВИОТ ВОЗАЧ, А ПОДДРШКАТА НА СДСМ ВО ПРАКТИКА БЕШЕ СВЕДЕНА НА МИНИМУМ. ТАКА, ТОЈ НА ИЗБОРИТЕ ПОБЕДИ БОРЕЈЌИ СЕ СО МИНИСТРИТЕ, ПРЕМИЕРОТ, ПОЛИЦИЈАТА И НЕГОВИОТ ПРОТИВ КАНДИДАТ, ДОДЕКА СДСМ ОСТАНА НА ДНОТО КАДЕ ШТО И БЕШЕ, А МОЌНОТО ВМРО ДПМНЕ ПОВТОРНО ПАДНА ВО ОХРИД.

Page 4: АМАК ПРЕС 110

4 AMAK PRES

ПОЛИТИКА

МИТРЕ, ТУНТЕ,ВОЗАЧОТ, ЛИДИЈА, СРЕЌКО И УШТЕ НЕКОЛКУ СОРАБОНИЦИ ЈА ВОДЕА КАМПАЊАТА.Низ целата кампања Петрески практич-но се бореше сам. Тој во практика има-ше поддршка само од мал дел луѓе од партијата во Охрид. Митре Велјаноски - експерт по македонски јазик и Томис-лав Тунтев, доктор на науки од обла-ста на сообраќајот. Тие беа главените стратези на неговата кампања, а логи-стички го поддржаа неколку луѓе кои постојано беа во придружба на Пе-трески. Раководството на партијата од Охрид на чело со Томислав Чингоски на прес конференција се појави еднаш, додека некоја поголема раздвиженост на партиската машинерија овој пат не беше забележана, па партијата СДСМ во Охрид како и да ја немаше во спо-редба со активностите кои ги имаше ВМРО ДПМНЕ. Тие во Охрид ја до-несоа целата Влада, министрите, а на големо се зборуваше и за активности на луѓе од полицијата. Петрески беше препуштен со скромната екипа сам да се носи со целата таа машинерија која се обидуваше да го сомеле, без при-тоа да добие реална и конкретна под-

дршка во практика од својата СДСМ. Па, од тука и во изборите се создаде ко-ваницата ‘' Еден против сите‘' пандан на слоганот на Ѓорге Иванов ‘'Еден за сите ‘' .

ФИНАНСИСКИ МИНОРНА КАМПАЊА ПОМОГНАТА ОД СПОНЗОРИ КОИ НЕ СЕ ЧЛЕНОВИ НА СДСМОсвен без масовност во членство-то и логистика Петрески на избори-те беше минорен во однос на ВМРО ДПМНЕ и во трошењето пари. Тој не изработи професионална кампања, не-говите билборди не ги дизајнираше специјална продукциска куќа .Туку тоа го направиле деца- аматери кои сеуш-те се во средно образование. Телевизи-ските спотови кои ги имаше беа дале-ку поаматерски од оние на Кирил Трен-дафилов- Нначе, и застапеноста во ме-диумите со реклами беше далеку пома-ла, како логичен резултат на средствата кои тој ги издвоил за кампања. Меди-умите практично немаа никакви дого-вори за објавување реклами со СДСМ туку тоа се направи преку спонзори-те кои ја поддржаа кампањата на Пе-трески, далеку од касите на СДСМ или фирмите на луѓето кои се во СДСМ и

сакаат да градат имиџ на партиски фи-нансиери. Тие ни денар не инвестираа во кампањата.

СДСМ ИЗГУБИ ВО ДОСЕГАШНОТО УПОРИШТЕ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ Дека победата на Александар Петрески му ја донесоа граѓаните, а не СДСМ најдобар показател е поразот во сите гласачки места во населбата Билјанини Извори каде оваа партија со години по-бедувала и се сметаше за упориште на СДСМ во Охрид . Почнувајќи од ста-ро музичко каде победи едвај со 10 гла-сови, па се до Националниот парк Га-личица каде што изгуби. Тој загуби и во гласачкото место кај КЈУБИ во Цен-тар и во општина, каде што традици-онално победувала СДСМ .Петрески победи на гласачките места Железнич-ка и Стар Град, а со гласовите од Вел-гошти значајно ја намали разликата во однос на Трендафилов . Сето ова е до-волен показател дека победата која тој ја извојува е со помош од гласовите на граѓаните, а не од партиските гласови и машинеријата на СДСМ која одамна е смалена и повеќе не живее ни на ста-рата слава.

Љупчо Таневски

Page 5: АМАК ПРЕС 110

5www.amakpres.com.mk

ВРИЕ И ВО СДСМ И ВО ВМРО ДПМНЕ

Како последица на не-остварените амби-ции и лошите ка-

дровски решенија за листи-те, како и внатре партиски-те ривалства и конфликти врие и во СДСМ и во ВМРО ДПМНЕ во Охрид.Во СДСМ конечно по де-цениски молк - гласот во јавноста го кренаа долгого-дишни членови и за првпат слободно почна да збо-руваат и да размислува-ат. Најпрво Зоран Стевоски ( кој имаше физичка пре-сметка со Томе Чингоски ) како долгогодишен член и активист на СДСМ јавно го прозва претседателот на СДСМ Охрид , Томе Чин-госки кого во интервју за ohridmagazin.mk отворено го обвини за местење избори,

фалсификување на член-ската книшка, уцени, ме-стенки, физички закани, па дур го прозва и за сексуал-ни уцени.Обвинувањата от-идоа дотаму , дека Томе Чинго го „местел“ градона-чалникот Александар Пе-трески праќајќи му луѓе со обележани пари со цел да го компромитира и отстра-ни од местото на кое е из-бран. Веднаш по писмото на Стевоски во јавноста се појави и писмото на Драги-ца Сиљаноска во кое таа об-винува за местенки на избо-рот на координаторот на же-ните на СДСМ.Во ВМРО ДПМНЕ пак со-гласно традиционалната од-лика на членовите да не молчат,се погласно се збору-ва за смена на локалното ра-

ководство и тоа по куса по-стапка. Разочарани од ре-зултатите на изборите чле-новите бараат одговорност од Борче Стефаноски, како и од целиот Општински Ко-митет. Во ВМРО ДПМНЕ се

бесни и на пратениците од Охрид, а јавно се оградува-ат и од листата за советници за која велат дека е составе-

на по роднинска линија и не-потистички пристап.Стојан Велјаноски Фир-фи исто така во интервју за ohrdmagazin.mk јавно го прозва цело раководство на локалното ВМРО ДПМНЕ

притоа не бирајќи погрдни зборо-ви пред се за пра-теникот Цвет-ко Грозданов. Тој користејќи збо-рови како ‘’ лигу-ши, кодоши, каку-ши и криминал-ци ‘’ јавно поба-ра да оди на суд за овие квалифика-ции за низ судска

постапка да ги докаже како точни.

Љ.Т.

Page 6: АМАК ПРЕС 110

6 AMAK PRES

ВМРО ДПМНЕ ПОРАЗЕНО ОД СВОИТЕ

ВМРО ДПМНЕ уште еднаш претрпе по-раз во Охрид, кој

дојде како нормална после-дица од повеќемесечното внатре партиско кодошење, местење и аферашење меѓу пратениците од Охрид кои беа најспоменувани, како кандидати за градоначал-ници. Во меѓусебното компромитирање не се из-бирале средства и мето-ди притоа потенцирајќи го нискиот едноцифрен рејтинг на некој од прате-ниците, а некои од нив за-слепени од своите амби-ции во Скопје пред висо-ките партиски тела се ос-врнувале и на приват-ниот живот на другите потенцијални кандидати, нивните приватни навики, интимата и семејствата .При тоа биле пласирани неви-стини и измислици. Вжеш-тени од амбициите на еден од потенцијалните канди-дати од притисоци не беа поштедени ни медиуми-те кои на моменти пред да се направи изборот за кан-

дидат во ВМРО ДПМНЕ беа соочени со притисо-ци да не пишуваат афирма-тивни текстови за некои од потенцијалните кандидати во ВОМРО ДПМНЕ. Таков беше и случајот кога во на-шиот весник беше објавен текстот за можноста Ани-

та Кипаризоска Крстеска да биде кандидат за градо-началник. Тогаш до нашиот медиум беа упатени пораки да не пишува повеќе ништо за ВМРО ДПМНЕ.- Анита Кипаризоска- Крстеска, Цветко Грозда-нов и Владо Стефаноски до-толку се судрија меѓусебно

што дури и прекинаа да ко-муницираат приватно. Иако седат во парламентот еден покрај друг тие и не разгова-раа, еден со друг. Ова беше за потсмев . Тоа не наве-де да се одлучиме да одиме со друг кандидат – вели за Амак Прес Охридски Нови-

ни висок партиски функцио-нер од ВМРО ДПМНЕ.

ВИДНО ОТСУСТВО НА ГРОЗДАНОВ,

КИПАРИЗОСКА И СТЕФАНОСКИ

Цветко Грозданов, Ани-та Кипаризоска и Владо Стефаноски не беа актив-но вклучени во кампањата. Од охридските пратени-ци најактивен беше Алек-сандар Николоски кој це-лата кампања ја помина во Охрид помагајќи му на Кирил Трендафилов Нан-че. Тројката во јавноста се појави еднаш, кога се про-мовираше проектот за Уни-верзитет за информатич-ки технологии, а забележа-но остана и појавувањето на пратеникот Цветко Грозда-нов на локалната НТВ кога

на средината од кампањата изјави дека не е вклучен во кампањата затоа што бил во Бугарија каде работел на проблемите со ОМО Илин-ден -Пирин што предизви-ка потсмев кај подобро упа-тените.

Љ.Т.

НОСИТЕЛОТ НА ЛИСТАТА БОРЧЕ СТЕФАНОСКИ ИЗБОРИТЕ ГИ ЗАГУБИ ВО СВОЈАТА НАСЕЛБА РАЧА. ПОРАЗ ВМРО ДПМНЕ ДОЖИВЕА И ВО ВЛАШКА МААЛА, КАДЕ ШТО

ЖИВЕЕ ПРАТЕНИКОТ ЦВЕТКО ГРОЗДАНОВ.

ПОЛИТИКА

Page 7: АМАК ПРЕС 110

7www.amakpres.com.mk

ПРОЕКТОТ 48 Е ЗАМИСЛЕН НА СЕКОЈА ПОПЛАКА ИЛИ ПРИЈАВА ОД ГРАЃАНИН Ј П КОМУНАЛЕЦ ДА ОДГОВОРИ ВО РОК ОД 48 ЧАСА

Сашо Алче, новиот в.д. директор на Комуна-лец воведува серија

новости во работењето на претпријатието. Тој од пред 2 дена е назначен за дирек-тор и започнал да прави доекипирање на службата за јавна хигиена, а го вове-де и започна со активности на новиот проект наречен 48 часа.- Тоа е моја идеја која ја имав од поодамна. Се работи за рок од 48 часа во кој служ-бите на Комуналец мора да реагираат ако има пријава или барање од граѓанин на некој проблем. Значи докол-ку некој граѓанин пријави

два депонија, смет, преврте-ни контејнери или слично, ЈП Комуналец мора да реа-гира и најкасно за 48 часа да го реши проблемот. Во овој проект нема да сме само и во него ќе се вклучат и ин-спекциските служби – вели Алче. Тој вели дека наско-ро ќе се организира и до-наторска конференција во огранизација на Комуналец и УСАИД која ќе треба да со-бере средства за реализација и имплементација на проек-тите за управување со отпад.- На конференцијата плани-раме да ги повикаме амба-садорите од земјава и да се обидеме да издејствуваме

да донираат средства за овој проект, се надеваме дека ќе се присутни Ерван Фу-ере и Филип Риекр како најзначајни амбасадори кај нас – изјави Алче.Тој вели дека јавното претпријатие нема да прет-рпи поголеми кадровски промени и дека деновиве одржувал средби со врабо-тените на кои ги сослушал нивните идеи размислувања.- Во следниот период ќе до-ставам извештај за работни-те единици Градски Пазар и Градски Гробишта бидејќи согласно новите закони овие работни единици треба да прераснат како нови прав-

ни субјекти кои ќе се засеб-ни и издвоени од Комуна-лец. Овој извештај ќе оди на разгледување во Советот и кај Градоначалникот,а по-тоа како ќе се развива пона-таму и како ќе се формираат тие нови правни субјекти ќе покаже времето – вели Алче.Новиот в.д. директор де-новиве со саксии со цвеќе ќе ги украси и канделабри-те низ градот за кои се по-рачани посебни саксии и специјални држачи на со кои цвеќиња од видот Петунија ќе се закачат на канделабри-те низ Охрид.

АЛЧЕ ВО КОМУНАЛЕЦ ВОВЕДУВА СЕРИЈА НОВИНИЛОКАЛ

Page 8: АМАК ПРЕС 110

8 AMAK PRES

ЛОКАЛ

НЕ ГИ ПЛАШАТ ПРЕКРШОЧНИ ПРИЈАВИ НА РЕД Е ЗАПЛЕНУВАЊЕ И ПОНИШТУВАЊЕ НА РОБАТА

Како печурки после дожд, во ис-тиот период како лани на ис-тите локации во централното

градско подрачје и по езерскиот кеј се појавија дивите продавачи на сувенири и брза храна. Село, весело или празни-чен панаѓур со кој се развива селски ту-ризам со овие зборови накратко може да се опише централното подрачје на Охрид во лето. Избор без вкус и ми-рис со многу зачини кои за жал се до-

бри за апетитот на малограѓаните но не и за културниот свет. Се продаваат аме-рички крофни, пица на парче, се пра-ват скари, се нудат очила, накит и дру-ги сувенири на секој чекор, иако со-гласно одлуките на секторот за урбани-зам, Државниот пазарен инспекторат и Агенцијата за храна, дозвола за работа имаат само продавачите на сладолед, пуканки, пченки и книги.“Постојано сме на терен, ги прогонува-

ме дивите продавачи кои за просторот на кој ги поставиле своите тезги нема-ат документи и дозвола од секторот за урбанизам, тие немаат подвижни фи-скални каси и не плаќаат одредена сума предвидена со законот за комунални такси, работат на диво и затоа им пи-шуваме прекршочни пријави. Бидејќи веќе ни пријавите не ги плашат а на та-ков начин ние само привремено го ре-шаваме проблемот, настојуваме во со-работка со пазарниот инспекторат во најскоро време да донесеме законска одлука со која ќе ја запленуваме ро-бата и истата ќе ја поништуваме, а од Агенцијата за храна се на ставот дека храната ќе се уништува на лице место“, вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танаскоски.Танаскоски вели дека проблемот со ди-вите продавачи на сувенири, и храна е проблем на деценијата. “Подвижните “трговци е тешко да ги отстраниш за-тоа што по инспекциската контрола тие се враќаат на истото место или бараат нова локација низ чаршијата и кејот. Продавачите со своите каравани, во Охрид доаѓаат пред почетокот на лет-ната туристичка сезона, а во тој перио-дот од 3-4 месеци најдобро им оди биз-нисот од кој егзистираат. Ангела Белевска

ДИВИТЕ ПРОДАВАЧИ НА ХРАНА И СУВЕНИРИ СТАНАА ПРОБЛЕМ НА ДЕЦЕНИЈАТА

Page 9: АМАК ПРЕС 110
Page 10: АМАК ПРЕС 110

10 AMAK PRES

INTERVJU

Анета Јованоска.Жена од на-шето секојдневие.Сопруга и мајка.Од средношколските де-

нови задоена со театарот и неговата магија. Преку Радио Охрид, Охридски-от аматерски театар, бројни проекти во образованието, до аниматор во култу-рата.Три години активен волонтер во Црвениот крст во Охрид.Децата и се најдобри другари.Зад кловнот Весел-ко се крие таа.Кога ќе „паднат маски-те “ ретки се децата кои ја препознава-ат. Таа беше дел и од фестивалот „Рас-пеано рибарче“ а зад неа се и други бројни успешно завршени проекти.Се-когаш ведра и насмеана, дружелубива.Таа не знае да запре. Поводот Анета да ја има честа, да го има првото интервју е едноставен, Анета Јованоска,како што вели самата собра храброст да режира и тоа монодрама. Премиера-та беше на 29 април во Центарот за култура „Григор Прличев“ Монодрама-та е инспирирана од романот “Небес-

ка Темјановна“ од Петре М.Андреески а во изведба на матурантката Христи-на Цветаноска.Проектот е поддржан од Црвениот крст – Охрид.

ОХРИДСКИ НОВИНИ : Кога ќе ги прашаш сите кои се успешни во некоја професија , па и во актерство-то велат „започнав како дете“.Не се сомневам Анета и твоето дружење со театарот дека датира од тогаш.

- Прва година средно.Тогаш почнав. Имав само 15 години.Тоа беше во ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ И де-неска добро се сеќавам играв во едно-чинка, една тетка која врши пртисок кај професорите да му ги поправи сите шест единци на внукот.И тогаш, како да се маѓепсав од театарот.Тие штици за кои актерите тврдат дека им значат живот се до денеска ме привлекуваат многу.

ОХРИДСКИ НОВИНИ : Вечно прашање за актерите. Од каде тол-кава концентрација на сцената, како го паметите текстот?

- Како што на еден обичен слат-кар му е потребно знаење и вежби да направи вкусна и истовремено убава на изглед торта, така и нам на актерите ( аниматорите ) потребно ние време да го научиме текстот наизуст, да созрее во нас.Актерот треба да го најде патот до ликот кој го толкува и да го извле-че максимумот од себе.Таа зависност, јас би рекла ја прави адреналинот кој ја создава возбудата.Кога ќе се излезе на сцена – нема назад. Претствата тече.Сепак она чувство додека публиката влегува и сите мигови на исчекување, се тие кои не тераат да успееме. Се-пак, дефиниивно, аплаузот е тој што ако еднаш го добиете на отворена сце-на – станува ваш сон за секогаш.

ОХРИДСКИ НОВИНИ : Дали идејата да режираш значи дека си созреала и како актер?

- Се работи за монодрамата „Морничавата исповед на една Егејка “ работена по мотиви од текстот на ро-манот „Небеска Темјановна “ од Петре М Андреески .Долго време сакав да се обидам и како режисер.Имаше многу причини кои ме одвлекуваа од таа помисла. Најважната се чини е дека немав храброст . И си го признавам тоа.Ова навистина е го-лем залак. Да ја подготвиш претста-вата и да го потпишеш твоето име.Во секој случај го прифатив предизвикот од причина што Христина – актерката која ќе ја глуми Небеска веќе го има-ше обработено текстот и тој само чека-ше да биде изведен на сцена.Улогата на режисер да речам ми беше скратена.И за среќа на премиерата се беше добро.

ОХРИДСКИ НОВИНИ : Ти беше таа што се понуди или Христина те по-вика?

- Морам да кажам дека тоа го

АПЛАУЗОТ НА ОТВОРЕНА СЦЕНА Е НАЈГОЛЕМА МАЃИЈА

АНЕТА ЈОВАНОСКА - АНИМАТОР И АКТЕР

Page 11: АМАК ПРЕС 110

www.amakpres.com.mk 15

стори мојот драг пријател Славе Ѓорѓо Димоски.Тој не одбра и мене и Хрсти-на да ја финализираме монодрамата, чиј текст е многу силен. Навистина се одбрани најморничавите, потресни парчиња од романот за Небеска во која Македонија е неизбежен мотив.

ОХРИДСКИ НОВИНИ : Ги броиш ли премиерите, улогите одиграни на сцена во Охридскиот аматерски те-атар? - Признавам, се срмам. Не знам искрено колку улоги сум одиграла.Бројката не е премногу голема, ама ги има ... Сум се нашла во „Сомнително лице “ на Нушиќ и во ред други кои секоја година ги работевме со за жал покојниот Павел Најденоски.Секоја година имавме премиера. Четири пати сум била на ДАФ фестивалот во Коча-ни.Често се случуваше да влетам во некој лик за да заменам некоја колеш-ка.

ОХРИДСКИ НОВИНИ : Колку дол-го си на сцена?

- Треба да кажам колку сум ста-ра?! – Ха , ха ,ха .Па од своите 35, од 15 години сум на сцена.

ОХРИДСКИ НОВИНИ : Сопруга , мајка. Таму е балансот?

- Кога ќе ме прашаат јас одго-варам :„Среќно омажена“.Во прекра-сен брак со Александар и му благода-рам на Бога со две, здрави деца Јован и Јаков.Православни имиња кои ги из-бравме со сопругот. Јован е седмо а Јаков трето одделение.И двајцата одат на дополнителни активности како ак-терски игри, ама не ги форсирам.

ОХРИДСКИ НОВИНИ : Интресна ми е приказната, како твојот Алек-сандар го засака театарот.

- Имам преголема поддршка од сопругот.Особено, откако ја почу-ствува таа магија на едно летување во Турција, далечната 1994 година. Во хо-телот во Анталија имаше некои театар-ски игри и ние влеговме во нив.Тој го играше Тарзан, а јас Џејн.

ОХРИДСКИ НОВИНИ .Кловнови-те постојат од памтивек.Твојот Ве-селко е меѓу првите,ако не и прв во Охрид.

- Во 2001 година имав игроте-ка за деца и самиот амбиент имаше по-треба од аниматор на децата кога се ра-ботеше за родендени и забави. Така имав и имам пријатели од Драмски од Скопје кои ми направија прекрасен ко-стим за кловн и перика. Од тој ден Ве-селко е дел од мојот живот.Знам со кого го прославив првиот роденден.Тој сега е еден голем батко и има девојка, го по-здравувам.Сега со тие деца од првите родендени се среќавам по дискотеките.Некои ме знаат,а некои не.

ОХРИДСКИ МАГАЗИН : Феноме-нот Веселко.Сведок сум тој не ги прекупира само децата.Техника или тоа „ извира од тебе “како со деца-та?

- Било која техника, која не е под-држана од срцето и од душта не е

успешна.Децата се најискрената пу-блика .Тие не трпат лаги.Кај нив не-можеш ништо да протнеш на мала вра-та.Се надевам не сум изневерила ниту едно дете.

ОХРИДСКИ НОВИНИ : Толку годи-ни насекаде, а без решение за рабо-тен однос? Последниве години си во-лонтер во Црвениот крст .

- Три години сум блиска до Црвен крст. Од јануари, годинава сум со до-говор за работа во оваа хуманитарна организација.Координатор сум на мла-дите, ама со задвоолство работам и ред други активности Јас го правам спојот во културата и хуманоста. Тоа ме пра-ви посебно среќна.

ОХРИДСКИ НОВИНИ : Професијата аниматор сеуште не е доволно разбрана кај нас во Македонија.

Page 12: АМАК ПРЕС 110

INTERVJU

- Самиот збор значи да поттикнеш не-кого на одредена активност, да го при-влечеш неговото внимание.Сум била на сцена и во театар.Сум била на плоштад за новогодишните претстави. Успешно ги анимирав и сите нив.Неколку пати бев на рибарчето, како водител.Децата ме прават многу среќна.

ОХРИДСКИ НОВИНИ : Кога ќе се собере и одземе. Што е следното?Каде ќе ја насочиш твојата огромна енергија?

-Кловнот Веселко дефинитвно оста-нува во игра.Тој е моја професија, опсесија и моја најголема љубов.Пре-ку него најмногу се полнам со енергија

со дечињата.Да се биде на нивниот најсреќен ден е нешто големо.Може-би ќе звучи грубо, ама свесна сум ќе живеам преку нивните фотографии и по моето физичко заминување од овој свет.Тие фотографии се дел од нечија животна приказна која останува во семјните албуми.За овие осум години има се и сешто. Секогаш сум се трудела да ја почуству-вам енергијата на децата за да откријам со што ќе можам да ги израдувам најмногу.Првите родендени кловнот не е за детето, туку за родителите.Па многу баби, тетки , стрини доаѓаат и се сликаат со мене.(ха,ха, ха ) .Се тру-дам да имам неколку костими, шмин-ки и сега најново сум принцеза со ро-зови коси.

ОХРИДСКИ НОВИНИ : Портретов го правиме во култниот „Аквари-ус“.Бев сведок дека успеа да го на-тераш селектрот на ДААФ актерот Нино Леви кој е во Охрид да ја види и монодрамата за Небеска.

- Благодарение на Буде мојот драг пријател стапив во контакт со Нино Леви, а телефонски и со дирек-торот на Фестивалот кои се согласија Леви да ја гледа и монодрамата. Се се случи брзо, ама се надевам дека е мож-но да патуваме во Кочани.Моите амби-ции се со монодрамата да одиме и на Битолскиот фестивал на монодрама Па, здравје боже.

ОХРИДСКИ НОВИНИ : Размислу-ваш за целосно твоја монодрама?

- Па, јас секојдневно си пра-вам монодрами во мојот живот. ( дол-го се смее Анета ) Затоа што знам мно-гу често долго да зборувам .Моите мо-нолози понекогаш можат да се напор-ни. Ама ако забележиш дека тоа што го зборуваш на тие кои се околу тебе им е интересно или уживаат, тогаш се е во ред..

Милчо Јованоски

Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобриврски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели,со најниски трошоци.

Како?Не губете го вашето драгоцено време

во размислување!Дозволете тоа да го организираат

експерти и професионалци.

Сè на едно место

ВИС ПОЈ

046 255 600www.vispoj.com.mk

Page 13: АМАК ПРЕС 110

www.amakpres.com.mk 13

„Дрога - вистина и заблуди“ е про-ектот спроведу-

ван од СВР Охрид и Црве-ниот крст во неколку оп-штини во Охридскиот ре-гион, чија цел е превентив-но и едукативно да се влијае кај младата популација и намалување на бројот на за-висниците. Во проектот се опфатени ученици од основ-ните и средните училишта и нивните родители, од регио-нот на Охрид, Струга, Киче-во и Дебар. Според портпаролот на охридската полиција, Сте-фан Димоски, бројот на за-висниците од дрога во реги-онот станува загрижувачки, а нивната старосна граница

се' повеќе се намалува. Во Охрид се евидентирани 342 лица, во Струга 125, во Ки-чево 130, а во Дебар 21 за-висник, но реалната бројка е неколкупати поголема.

Токму поради ваквата состојба се реализира про-ектот „Дрога - вистина и за-блуди“. Околу 23.000 уче-ници и над 8.000 родите-ли, колку што се опфатени со проектот, имаа можност да видат како изгледаат раз-ни видови опојни дроги. Во Охриудско- струшкиот реги-он е јавна тајна дека бројот на уживателите на дрога ра-пидно расте и многу e пого-лем од официјалната бројка. Во последниве неколку го-

дини во Западна Македонија еден од “најзагрозените“ градови кога станува збор за корисници на дрога е Де-бар, иако беше познат како место за транзит на дрогата за и од Албанија.

“ Сега, за жал, состојбата е поинаква. Најважниот фактор што влијае врз зголемување на бројот на зависниците е тоа што Де-бар е на граница и е транзи-тен град. Друг фактор е тоа што младите многу се дви-жат надвор од градот, осо-бено тие што учат во Те-тово, Охрид, Скопје, Ти-рана или Приштина, па доаѓаат во контакт со дро-гата. Слично е и со дебра-

ни што одат на привреме-на работа во странство“, смета невропсихијатарот Шкелќим Сеља.Во Охрид според надлежни-те служби, зголемувањето на бројот на корисници на опојни дроги и други нар-котични средства е резул-тат на повеќе фактори меѓу кои недоволното внимание од родителите во периодот кога нивните деца се адолес-центи (како најризична гру-па), средината и пријателите со кои детето го мину-ва најголемиот дел од денот,социјални услови и безработицата.

Ангела Белевска

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАВИСНИЦИТЕ ОД ДРОГА ВО ОХРИДСКИОТ РЕГИОН

Ка н а л и -з а ц и -о н а -

та шахта на кружниот тек кај болницата пропадна во земја. Асфал-тот околу неа испука и по-тона во цела-та должина на цевководот поставен нео-дамна.Заради не ра-ботните дено-ви и празни-ците во Про-аква не рабо-теа и никој не интервенира-ше на лице ме-сто. Местото каде што пропаѓаше асфал-тот беше само обележано и

поставен знак кој ги одвра-ти возилата да не поминува-ат .За да не пропаднат заед-

но со него во земја.Инаку, ова не е прв пат по улиците низ Охрид како по-

следица на не-квалитетни из-ведби да се соз-даде опасност сообраќајните возила да про-паднат во земја. Пред повеќе го-дини како по-следица на во-дата која исте-кувала од водо-водна цевка ка-мион пропад-на во земја на к р с то с н и ц ат а на Бул. Тури-стичка и улица-та Абас Емин. Во јули 2006 го-дина во насел-бата Радојца Новиќиќ под тркалата на шле-

пер попушти асфалтот и тој пропадна во земја .

ПРОПАЃААТ ШАХТИТЕ НА ПРОАКВАПРОПАЃААТ ШАХТИТЕ

ЛОКАЛ

Page 14: АМАК ПРЕС 110

14 AMAK PRES

KULTURA

Св е т и К л и -м е н т

бил Бугарин.Иста изврте-на приказ-на туристи-те ги очекува и за Цар Са-моил и него-вото царство.Најголем дел од охрид-ските цркви се грчки, ве-лат нивни-те водичи. И Албанци-те и Србите на свој начин „буричкаат» по македон-ското минато и територија

присвојувајќи ги за свои.На овој начин , нелегалните туристич-ки водичи непречено ги не-гираат минатото и култур-ното богатство на Охрид и Македонија. Професор док-тор Науме Мариноски од Факултетот за туризам и угостителство каде се об-разуваат туристичи води-чи вели дека состојбата е загрижувачка и просто е за неверување:„Ова го нема никаде во све-тот.Да може некој во вашата земја да зборува за култур-но - историските спомени-ци, за историското наслед-ство, дури и за природните карактеристики .Едноставно вие немате контрола врз во-дичите.»Слично размислува и Сте-

фан Каневче претседател на Здружението на туристички водичи од Охрид :„Водич не смее да води во туѓа земја, освен во ав-тобус.Закон постои и во Македонија одамна , како и во секоја држава, ама тешко се спроведуват.Дивите води-чи најмногу ги има во текот на празниците и викендите, а тогаш за жал инспекцијата не работи .» Здружението е формирано пред околу пет години во него членуваат 60 водичи.Но проблемот не е само кај странските водичи .И маке-донските во борбата за про-фит ги кршат не само прави-лата туку ги искривуваат и фактите,вели Каневче:„Некои македонски водичи им се додворуваат на стран-

ците и на нивните водичи.Ние се бориме и против нив.Се додворуваат за пак да би-дат повикани да водат нова група. Тие се додворуваат и ги искривуваат фактите.Ин-спекторите ќе треба да де-луваат и на тој план .Треба да ги слушаат, да ги снимат што зборуваат. За потоа да се казни и да им се одземе лиценцата.»Закон постои , ама тој не се применува доследно.Во Охрид има само еден ин-спектор по туризам. Тој може да пишува само ман-датна казна од 100 и глоба од 700 евра,додава претсе-дателот на здружението на туристички водичи Стефан Каневче:„Курбиново кога се оди или Свети Јован Бигорски,

пак одат со свои водичи.Сега за сега с т р а н ц и т е земаат наши водичи само за разглед на стариот дел на Охрид, додека и за Свети Наум и за Струга повеќе никој не зема».На единстев-ниот инспек-тор по тури-зам Ѓорѓи С о ш а н с к и деновиве ќе му се при-дружат уште двајца. Тој од своето иску-ство за да се ублажи овој

проблем предлага :„ Или да се формира тури-стичка полиција, која што ќе има право да приведу-ва како во другите земји на Запад, или проблемот да се реши уште на граница при влегувањето на тој тури-стички водич или придруж-ник.»Ем што ни ја крадат историјата, па дури и сегаш-носта велат водичите . Сега нашите странски колеги со нестручност ни го собира-ат и профитот.Ние и натаму ги гледаме немоќни.Чекаме државата да изнајде механи-зам да и се стави крај на вак-вата состојба.

Милчо Јованоски

СТРАНСКИ ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧИ ГО ПРИСВОЈУВААТ ОХРИД

НЕЛЕГАЛНИ ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧИ ОД БУГАРИЈА, СРБИЈА,АЛБАНИЈА И ГРЦИЈА СЕ ПОЧЕСТО СРЕДЕ МАКЕДОНИЈА ГО НЕГИРААТ НЕЈЗИНИОТ ИДЕНТИТЕТ,ЈАЗИК И КУЛТУРА.ВО ОХРИД ДОМАШНИТЕ ВОДИЧИ БАРААТ ЗАШТИТА НА ПРОФЕСИЈАТА ОД НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА, ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА И ВОВЕДУВАЊЕ ТУРИСТИЧКА ПОЛИЦИЈА КОЈА БИ ТРЕБАЛО ДА СТАВИ РЕД ВО ХАОСОТ.

Page 15: АМАК ПРЕС 110
Page 16: АМАК ПРЕС 110

16 AMAK PRES

KULTURA

По успешниот традициона-лен Велигденски концерт и по уште поуспешната турнеја во

Турција Ансамблот за народни игри и песни МАКЕДОНКА се подготвува да биде домаќин на три фестивали.„Од 21 до 26 мај паралелно на две ло-кации во Охрид и Скопје ќе се одржи

Детскиот фолклорен фестивал „Св. Кирил и Методиј».Покрај МАКЕДОН-КА како организатор се појавува и КУД „Кочо Рацин « од Скопје а голема под-дршка имаме и од Локалната сампу-права од Охрид», вели Илија Лотески , директорот на Ансамблот МАКЕДОН-КА.

На овој фестивал ќе има око-лу 300 учесници од Полска, Србија, Бугарија,Словачка, Босна и Херцеговина,Албанија и Македонија.Според програмата на 23 мај тие ќе имаат заеднички концерт во Центарот за култура во Охрид, а ден потоа во Универзална сала во Скопје.Можно е играорците да имаат заеднички наста-пи и пред ученците во охридските учи-лишта.Од 25 до 29 јуни Охрид ќе биде домаќин на уште еден фестивал „Раз-играно оро» .За него според организа-торот Ансамблот „Македонка» веќе се пријавени преку 1000 учесници .„Македонка» и „Кочо Рацин « заедно го подготвуваат и фестивалот „Охрид-ско сонце» .Минатата година тој беше посебна летна атракција.Терминот е од 21 до 31 август.На овој начин раководството на „Маке-донка « помага и во развојот на туриз-мот во Охрид, посебно во пред и по се-зоната кога секој гостин е добредојден.

АНСАМБЛОТ „МАКЕДОНКА“ ПОДГОТВУВА ТРИ ФЕСТИВАЛИ

Page 17: АМАК ПРЕС 110

www.amakpres.com.mk 17

ОСКАРОВЕЦОТ ЕНИО МОРИКОНЕ ЌЕ ГО ОТВОРИ ОХРИДСКО ЛЕТО

Годинешниот настап на легендарниот творец на филмска музика Морико-

не, ќе му даде впечатлив белег на фестивалот по кој најновото издание најверојатно ќе оста-не забележано во фестивалската историја како едно од најдобрите до сега. На сцената на Античкиот теа-тар, големиот маестро, музич-киот великан Мориконе ќе дири-гира со 200 уметници, сто орке-странти и со исто толку хористи. Преговорите за негово гостување со дирекцијата на фестивалот и музичкиот селектор на Охрид-ско лето, Гордана Јосифовска -Неделкова, траеле две години.

„Проектот на Мориконе со кој на-стапува по светските сцени лани беше прогласен за најуспешен во светот. Сакавме да го имаме на сцената во Охрид. Го гледав не-говиот концерт во Љубљана лани, кога околу 3 илјади луѓе останаа без влез-ници. Тоа беше импресивен концерт. А Охридско лето, нашиот најголем фести-вал, заслужува да го има најдоброто од светот“ - вели Јосифовска-Неделкова. Понудата за гостување во Македонија Мориконе ја прифател со радост за-што слушнал за величината на фести-валот. Тој бил среќен што ќе дојде во Македонија. Знаел за Охридско лето, а особено за убавините на Охрид.

“ Мориконе беше импресиониран од Античкиот театар и можноста не-говиот концерт да се одржи ток-му таму, зашто го смета за идеален простор“истакннува Јосифовска-Неделкова, која посочува дека Мори-коне е голем уметник, но многу скро-мен човек, кој немал никакви посебни барања за својот престој.

Мориконе во Охрид ќе допатува со ор-кестар во чиј состав има над 100 позна-

ти музичари - свирачи на класична му-зика. По инсистирање на дирекцијата на Охридско лето, договорено е хорот од стотина уметници да биде од Маке-донската опера и балет. Ќе ги подгот-вува асистентот на Мориконе, кој во Македонија ќе дојде порано, со тех-ничката екипа. Мориконе со сопругата ќе дојде во Охрид на 10 јули и ќе биде сместен во хотелот „ Инекс -Горица“.

“Со учеството на хорот на МОБ прак-тично имаме копродукциски проект. Тој се согласи да настапат нашите хо-ристи заедно со неговиот оркестар от-како претходно му испративме неколку дивидија со нивните настапи, па може-ше да го слушне квалитетот на извед-бите на македонските хористи“, додава Јосифовска- Неделкова. Концертот ќе биде финансиски поддржан од Мини-стерството за култура. Дирекцијата на фестивалот очекува повеќе пари да би-дат собрани и од продажба на влезни-ци за концертот. Автор на музика за 570 филмаЕнио Мориконе е италијански компо-

зитор на филмска музика со светска слава. Направил музика за 570 игра-ни филма и телевизиски серии. По-знат е по музиката во филмовите „До-бриот, лошиот и грдиот“, „За грст до-лари“, „Беше еднаш на Дивиот Запад“, „Мисија“, „Синема Парадизо“, „На линијата на огнот“ и други. Роден е на 10 ноември 1928, во Рим. Неговиот ран опус ги опфаќа симфониската и камер-ната музика, а угледот го градел првен-ствено пишуваајќи музика за филм, но и за театар и за телевизија. Во 2007 го-дина доби „Оскар“ за животно дело.

Почесниот „Оскар“ одборот на Академијата за филмска уметност и наука му го додели „за огромниот број филмски мелодии што ги напишал Мо-риконе, како и поради фактот што мно-гу од нив се популарни и сакани ремек-дела“. Лани францускиот претседател Никола Саркози го одликувал со Легија на честа. Ангела Белевска

СО ГОЛЕМ КОНЦЕРТ НА ФИЛМСКА МУЗИКА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТИОТ КОМПОЗИТОР ЕНИО МОРИКОНЕ НА 12 ЈУЛИ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНА НАЈПОЗНАТАТА МУЗИЧКО СЦЕНСКА МАНИФЕСТАЦИЈА ВО ЗЕМЈАВА, ФЕСТИВАЛОТ ОХРИДСКО ЛЕТО.

Page 18: АМАК ПРЕС 110

18 AMAK PRES

KULTURA

ЗАПОЧНУВА ЛЕТНАТА УМЕТНИЧКА СЕЗОНА ВО ОХРИДНа 18 мај, денот на

музејските работни-ци во куќата на Ро-

бевци, ќе биде поставена традиционалната изложба со што официјално ќе започне летната сезона на уметнич-ки излагања во Охрид.Традиционалната излож-ба во градов се организира по 19- ти пат во неа ќе би-дат изложени уметнички дела, сопственост на Завод

и Музеј, потоа на секои две недели во куќата на Робевци ќе бидат поставувани нови изложби.“Оваа година ќе има-ме измени во излагачка-та концепција, ако до лани настојувавме да донесеме реномирани- познати сли-кари, годинава низ цела-та сезона ќе настојуваме пред охриѓани и гостите да претставиме нови уметни-

ци кои неодамна дипломи-рале на Академијата за Ли-ковна Уметност. Со оваа из-мена настојуваме да при-влечеме повеќе гости сека-ко млади зошто и самите ав-тори немаат повеќе од 27 го-дини“, вели кустосот од За-вод и Музеј, Никола Нико-ловски.Во летниот период во Охрид, свои изложби ќе имаат умет-ниците: Ванчо Димоски,

Софија Гарабулоска, Сте-фан Хаџи Николов, Татјана Миљоска, и Климентина Јаулеска. Овие млади сли-кари своите дела ќе ги из-ложат до крајот на месец ав-густ, потоа ќе бидат отворе-ни уште неколку други из-ложби кои ќе бидат презе-мени од другите галерии во земјава. Ангела Белевска

БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР СО РЕДОВНИ ПРЕТСТАВИ ВО ОХРИД

Битолскиот народен те-атар од октомври со почетокот на новата

театарска сезона почесто ќе гостува во Охрид.Она што актерите ќе го играат на ма-тичната сцена во Битола ќе

го „преселат « и во Охрид како своја работна задача.Ова ексклузивно за ОХРИД-МАГАЗИН - страницата за КУЛТУРА го соопшти ди-ректорот на „Охридско лето « Тони Симоноски. Всуш-

ност тој е инцијаторот на оваа идеја .Фестивалот да го анимира театарскиот живот на градот и во преостанати-от дел од годината, а не само во лето. Идејата со задвол-ство ја прифатиле мини-

стерката за култура Елиза-бета Канчевска - Милевска, а и директорот на Битолски-от театар Сашо Огненовски.Тројцата се договориле овој проект да заживее во Охрид уште оваа есен.Сличен проект со гостувања на БНТ во Охрид охриѓани паметат уште во почетокот на 90 години сега во мина-тиот век. Таа идеја започна и згасна брзо. Главна причина беа финансиските проблеми на театрот и тогаш незагре-ваната сала на Центарот за култура „ Григор Прличев» . БНТ во Охрид играше пре-тежно камерни престави и монодрами кои беа голема сценографија и голем број актери.Авторот на текстов се сеќава на редица успеш-ни изведби на битолските актери .Нивните гостувања во Охрид беа посебен праз-ник за охриѓани.Браво за идејата !

М.Јованоски

Page 19: АМАК ПРЕС 110
Page 20: АМАК ПРЕС 110