4
НАСТАВНИ ЛИСТОВИ –ЛЕКТИРА ИТАР ПЕЈО Секој од ученик да работи според барањата на наставниот лист. А потоа заеднички ги презентираме согледувањата и одговорите кои ги дадоа водени од доживувањата на Итар Пејо и расказите од книгата. 1.Расказот ОБЛОГ ги прикажува надмудрувањата помеѓу Пејо и бежињата. а) За што се обложиле Пејо и бежињата? б) Како бежињата го надмудриле Пејо? в) На кој начин Пејо им вратил на Бежињата? Направи си план и скратено одговори на прашањата а потоа усно ќе се презентира со помош на планот. 2.Во Расказот ПЕЈО И ГОСТИЛНИЧАРОТ опиши како Пејо го надмудрил гостилничарот! 3.Им враќал Пејо на своите мариовци мило за драго и кога тие му се потсмевале и го исмејувале. Опиши како Пејо ги надитрил Мариовците во расказот ИТАР ПЕЈО МАРИОВЦИТЕ И ДОЖДОТ. 4.МАРИОВЦИ КРШОБОРЦИ- Зошто Мариовци се наречени кршоборци? (одговорот е поврзан со расказот Мариовци Кршоборци) Како Пејо ги советува свиоте соселани да наберат борина без секира? Објасни на кратко. 5.Во расказот ИТАР ПЕЈО МАРИОВЦИТЕ И МАГЛАТА е преставена наивноста и лакомоста на луѓето. Опиши го овој настан. 6. ИТАР ПЕЈО И СЕЛАНИТЕ РИБОЛОВЦИ (магаре јавај магаре брај) Скратено раскажи како Пејо им помогнал на своите соселани но истовремено и се пожегувал со нив.

Н Л Лектира 1

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Н Л Лектира 1

НАСТАВНИ ЛИСТОВИ –ЛЕКТИРА ИТАР ПЕЈО

Секој од ученик да работи според барањата на наставниот лист. А потоа заеднички ги презентираме согледувањата и одговорите кои ги дадоа водени од доживувањата на Итар Пејо и расказите од книгата.

1.Расказот ОБЛОГ ги прикажува надмудрувањата помеѓу Пејо и бежињата.а) За што се обложиле Пејо и бежињата?б) Како бежињата го надмудриле Пејо?в) На кој начин Пејо им вратил на Бежињата?

Направи си план и скратено одговори на прашањата а потоа усно ќе се презентира со помош на планот.

2.Во Расказот ПЕЈО И ГОСТИЛНИЧАРОТ опиши како Пејо го надмудрил гостилничарот!

3.Им враќал Пејо на своите мариовци мило за драго и кога тие му се потсмевале и го исмејувале. Опиши како Пејо ги надитрил Мариовците во расказот ИТАР ПЕЈО МАРИОВЦИТЕ И ДОЖДОТ.

4.МАРИОВЦИ КРШОБОРЦИ- Зошто Мариовци се наречени кршоборци? (одговорот е поврзан со расказот Мариовци Кршоборци) Како Пејо ги советува свиоте соселани да наберат борина без секира? Објасни на кратко.

5.Во расказот ИТАР ПЕЈО МАРИОВЦИТЕ И МАГЛАТА е преставена наивноста и лакомоста на луѓето. Опиши го овој настан.

6. ИТАР ПЕЈО И СЕЛАНИТЕ РИБОЛОВЦИ (магаре јавај магаре брај) Скратено раскажи како Пејо им помогнал на своите соселани но истовремено и се пожегувал со нив.

7.Како Пејо ја изеде алвата на попот без да биде казнет?

8.Секој човек има гордост. Зошто Пејо му се налутил начорбаџијата во расказот ПЕЈО СО ТУЃИ ЧИЗМИ НА ОРО?

9. ПЕЈО НЕ ГЛЕДА НОЌЕ. Како Пејо успеал да добие отсуство во војската?Умеат ли луѓето да ја ценат итрината на Пејо?

Page 2: Н Л Лектира 1

10.Од расказот- ИТАР ПЕЈО ВО БЕРБЕРНИЦА.- Зошто пејо му се налутил на берберот и другитечорбаџии.- Како Пејо ги надмудрил чорбаџиите со грнињата со маст и мед?

11. Ум царува , ум робува, ум гуски чува. - Од кој расказ е поговорката?- Одговори Како Пејо успева да го надмудри „Горниот“?

12.- Добро утро цар на веков. - Добро утро слуга на веков. - Добро утро резил на веков.Објасни ги збировите на ПЕЈО ОД РАСКАЗОТ ИТАР ПЕЈО И ГОРДЕЛИВИОТ БОГАТАШКИ СИН.

Page 3: Н Л Лектира 1

Расказот ИТАР ПЕЈО МУ ВАДИ ЗАБ НА СЕЛАНЕЦ е изрежен по делови. Подредете ги правилно деловите за да добиете целина и залепете ги на лист од блок. Немојте да ѕиркате во книгата! Кога ќе завршете побарајте го другиот комплет делови. Потоа отворете ја книгата и проверете па другиот комплет делови залепете го како што е во книгата . Направете споредба.

ИТАР ПЕЈО МУ ВАДИ ЗАБ НА СЕЛАНЕЦ

Еден од Пејовите селани го заболел заб.

Кај ќе оди да го вади ако не кај Пеја?!

Отишол и го прашал:

-Знаеш ли Пејо да вадиш заб?

-Знам, како да не знам –одговорил Пејо.-Од тоа полесно што има?

Само ти седни на столчево и биди мирен-и му го подаде смрековото столче со три нозе на кое беше провртена на средината дупка да си ги закачуваат жените вртешките кога вијат основа или јаток.

Седна селанецот , а Пејо се засука да работи.

Наостри еден кол и го забоде во земјата пред селанецот.

Потоа исука еден дебел конец и го врза едниот крај за колот, а другиот за забот на селанецот.

Се заврте зад него и си зеде една игла бабушка та полека-полека го боцна од дупката од столот, а забот остана на колецот.

Фаќајќи се селанецот за боцнатото месо почна да вика :

-Т-и-и-и! Колкав корен имал овој заб, дури долу ме заболе –си отиде задоволен од Пејовиотмајсторлак,уверен дека коренот од забот бил долг дури до дебелото месо и дека болките од иглата се болки од извадениот заб.