29
План за час по англиски јазик Одделение петто одделение Наставна тема Тема бр.5- Здрава исхрана, здрав живот! Наставна единица 1. Усвојување на нов вокабулар- видови овошје Датум 21.02.2012 Цели на часот Ученикот да може: да усвои нов вокабулар со кој се именуваат некои видови овошје да разликува здрава храна и нездрава храна Фази на часот Активности Воведен дел (5 мин) Наставникот ги прашува учениците дали знаат што е здрава храна и што се спаѓа во здрава храна. Потоа ги прашува дали некогаш биле на пазар и што се продава на пазар. Наставникот ги прашува учениците да му набројат неколку видови овошје и зеленчук. Главен дел (25 мин) Наставникот го насочува вниманието на сликите од вежба бр.1/стр.30 и од учениците бара да му објаснат што гледаат на сликите. Со употреба на постер, наставникот ги поучува новите зборови со кои се именуваат некои видови овошје. Учениците ги повторуваат зборовите повеќе пати. Наставникот ги поучува и зборовите со кои се именува некој вид пакување. Потоа, го пушта аудиозаписот од вежба бр.1 за учениците да го слушнат и да ги повторат слушнатите зборови притоа покажувајќи кон соодветната слика во учебникот. Наставникот ги запишува новите зборови на таблата, а учениците ги запишуваат истите во нивните тетратки. Завршен дел (10мин) Наставникот бара од учениците да ги затворат нивните учебници и проверува колку тие ги запаметиле новите зборови. Наставникот запишува неколку зборови на кои им недостасуваат букви и од учениците бара да се обидат да ги дополнат Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

дневни подготовки-5то одд.-тема 5

Embed Size (px)

Citation preview

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.5- Здрава исхрана, здрав живот!Наставна единица 1. Усвојување на нов вокабулар- видови овошјеДатум 21.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да усвои нов вокабулар со кој се именуваат некои видови овошје

да разликува здрава храна и нездрава храна

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Наставникот ги прашува учениците дали знаат што е здрава храна и

што се спаѓа во здрава храна. Потоа ги прашува дали некогаш биле на пазар и што се продава на пазар. Наставникот ги прашува учениците да му набројат неколку видови овошје и зеленчук.

Главен дел (25 мин) Наставникот го насочува вниманието на сликите од вежба бр.1/стр.30 и од учениците бара да му објаснат што гледаат на сликите. Со употреба на постер, наставникот ги поучува новите зборови со кои се именуваат некои видови овошје. Учениците ги повторуваат зборовите повеќе пати. Наставникот ги поучува и зборовите со кои се именува некој вид пакување. Потоа, го пушта аудиозаписот од вежба бр.1 за учениците да го слушнат и да ги повторат слушнатите зборови притоа покажувајќи кон соодветната слика во учебникот.Наставникот ги запишува новите зборови на таблата, а учениците ги запишуваат истите во нивните тетратки.

Завршен дел (10мин) Наставникот бара од учениците да ги затворат нивните учебници и проверува колку тие ги запаметиле новите зборови. Наставникот запишува неколку зборови на кои им недостасуваат букви и од учениците бара да се обидат да ги дополнат буквите. Тие ги запишуваат зборчињата и во група се обидуваат колку што можат побрзо да ги дополнат. Победник е групата која ќе има најмногу точни одговори.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, училишен прибор, тетратки, табла, креда, флеш карти, CD, CD плеер, постер со видови овошје и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, аудио-визуелен метод, аудио-лингвален метод, комуникативен метод, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Додатна активност Учениците го увежбуваат вокабуларот преку интерактивни игри на Интернет (http://enjoyenglish.free.fr/english/primaire/concentration/fruit/fruit_.html , http://enjoyenglish.free.fr/english/primaire/concentration/fruit/fruit.htm , http://enjoyenglish.free.fr/english/primaire/concentration/fruit/hgm1.htm

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (меморирање на зборови, вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците именуваат неколку видови овошје и разликуваат здрава и нездрава храна.

Рефлексија на часот

Целите на часот беа постигнати- учениците ги усвоија зборовите со кои се именуваат некои видови овошје и разликуваат здрава и нездрава храна. Не беа забележани потешкотии во текот на овој час иако кај мал дел од учениците треба повеќе време за да ги усвојат новите зборови. Најинтересна активност им беше играта во групи и интерактивните вежби од Интернет. Кога повторно би го одржала истиот час не би менувала ништо бидејќи мислам дека часот беше интересен и учениците можеа преку игри да го увежбаат новиот вокабулар.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.5- Здрава исхрана, здрав живот!Наставна единица 2. Читање со разбирање на даден текстДатум 23.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на вокабуларот со кој се именуваат некои видови овошје

да го увежба читањето на даден текст

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Со употреба на постер наставникот ги потсетува учениците на зборовите со кои се именуваат некои видови овошје. Учениците ги именуваат видовите овошје кои ги гледаат на сликите.

Главен дел (20 мин) Наставникот го пушта аудиозаписот од вежба бр.2/стр.30 за учениците да го слушнат и да се обидат да го разберат без да гледаат во нивните учебници. Потоа, треба да ги обележат зборовите кои ги имаат слушнато од аудиозаписот, а се дадени во вежба бр. 2. Наставникот се движи низ училницата и ги проверува нивните одговори.Потоа, наставникот повторно го пушта аудиозапсиот за учениците да го слушнат, да го прочитаат и да го повторат слушнатиот текст реченица по реченица. Наставникот бара од учениците еден по еден да се обидат да го прочитаат дадениот текст. Тој им помага доколку има потреба од тоа.

Завршен дел (10мин) Учениците гласаат и одбираат ученик кој најдобро го прочитал дадениот текст. Потоа, наставникот поставува прашања поврзани со текстот, а тие одговараат на истите (на пр. Why are the children making a list? What is Oscar buying? What is Cindy buying? What is Eddy buying? How much are the three packets of peas? Who made the mistake?)Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, училишен прибор, тетратки, табла, креда, флеш карти, CD, CD плеер, постер со видови овошје и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на работа со текст, аудио-визуелен метод, аудио-лингвален метод, комуникативен метод, работа во заедница, индивидуална работа

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите)

Додатна активност Учениците се обидуваат да го преведат текстот на македонски јазик. Тие работат со партнер и преведуваат по две сцени, а потоа ги читаат нивните преводи за останатите од одделението

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (меморирање на зборови, читање, превод), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, сооценување на учениците и сл.

Очекуван исход Учениците именуваат неколку видови овошје и го читаат и преведуваат дадениот текст.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на зборовите кои беа поучувани во текот на претходниот час и го увежбаа читањето на текстот. На двајца ученици им беше потребна поголема помош при читањето. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересна активност им беше читањето на текстот и сооценувањето кое беше доста објективно. Кога би го повторила истиот час би можела да прикажам краток видеозапис со веќе познатиот вокабулар- видови овошје. (http://www.youtube.com/watch?v=fd0AbwBztQQ&feature=related )

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.5- Здрава исхрана, здрав живот!Наставна единица 3. Вежби- бројни и небројни именкиДатум 28.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да разликува бројни и небројни именки да ја усвои и увежба употребата на неопределениот член

“a/an” со бројни именки во еднина и на прилогот за количина “some” со небројни именки

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот бара од учениците да набројат неколку бројни и неколку небројни именки. Наставникот ги потсетува учениците дека небројните именки немаат форма во множина.

Главен дел (20 мин) Наставникот ја поучува употребата на неопределениот член “a/an” со бројни именки во еднина и на прилогот за количина “some” со небројни именки.Вежба бр.4/стр.31. Наставникот го чита примерот за првата слика, а потоа учениците составуваат прашања за останатите слики следејќи го дадениот пример.Вежба бр.5. Учениците ја пополнуваат вежбата со зборови кои означуваат некој вид пакување. Потоа, во парови прашуваат и одговараат за цените на дадените производи на сликите од оваа вежба.

Завршен дел (10мин) Вежби бр.6 и 7. Учениците го слушаат аудиозаписот и соодветно ги обојуваат производите на сликата. Потоа, го слушаат и повторувааат дијалогот од вежба бр.7. Во парови, учениците составуваат слични дијалози за останатите производи од сликите.

Наставни средства и помагала

Учебници, училишен прибор, тетратки, табла, креда, флеш карти, CD, CD плеер, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на практична работа, аудио-визуелен метод, аудио-лингвален метод, комуникативен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Учениците решаваат интерактивни вежби од Интернет

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

(http://web2.uvcs.uvic.ca/courses/elc/studyzone/330/grammar/count1.htm

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците разликуваат бројни и небројни именки и правилно го употребуваат неопределениот член “a/an” и прилогот за количина “some”.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците разликуваат бројни и небројни именки и соодветно ги употребуваат неопределениот член “a/an” со бројни именки во еднина и прилогот за количина “some” со небројни именки. На неколку ученици им беше потребна помош при решавањето на вежбите. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересна активност им беше вежбата од Интернет. Кога повторно би го одржала истиот час би можела да применам наставно ливче.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.5- Здрава исхрана, здрав живот!Наставна единица 4. Усвојување на нов вокабуларДатум 28.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на вокабуларот од претходните часови да ги усвои и увежба новите зборови со кои се именува

прибор за јадењеФази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот запишува неколку зборови со измешан редослед на

нивните букви. Учениците работат во групи и се обидуваат колку што можат побрзо да ги откријат зборовите и да ги запишат правилно. Онаа група која прва ќе ги открие зборовите и ке ги запише правилно е победник во оваа игра.

Главен дел (20 мин) Наставникот го насочува вниманието на сликите од вежба бр.1 на страница бр.32 и од учениците бара да му кажат што гледаат на сликите и дали некој од дадените поими им е веќе познат.Наставникот ги поучува новите зборови еден по еден, а учениците го повторуваат секој збор повеќе пати. Потоа, ги слушаат зборовите од аудиозаписот и го увежбуваат нивниот изговор притоа покажувајќи кон соодветните слики во учебникот.Наставникот ги запишува новите зборови на таблата, а учениците ги запишуваат истите во нивните тетратки.

Завршен дел (10мин) Наставникот пушта краток видеозапис на кој е претставен прибор за јадење. Учениците го гледаат видеото и го именуваат приборот за јадење. (http://www.youtube.com/watch?v=WzCt3ZcweFk )Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, училишен прибор, тетратки, табла, креда, флеш карти, CD, CD плеер, компјутер, Интернет, проектор, екран и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, аудио-визуелен метод, аудио-лингвален метод, комуникативен метод, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Учениците ја играат играта Hangman користејќи ги зборовите со кои се именува прибор за јадење.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на

Постојано следење на активноста на ученикот (усвоеност на вокабулар, вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

работата на ученицитеОчекуван исход Учениците усвоија нови зборови со кои се именува прибор за

јадење.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на зборовите од оваа тема кои беа претходно поучувани и ги усвоија новите зборови со кои се именува прибор за јадење. Не беа забележани некои потешкотии во текот на овој час и сите ученици учествуваа во предвидените активности. Најинтересна активност на учениците им беше играта и краткиот видеозапис. Кога би го одржала повторно овој час не би менувала ништо бидејќи мислам дека целите беа постигнати на еден интересен и забавен начин за учениците.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.5- Здрава исхрана, здрав живот!Наставна единица 5. Читање со разбирање на даден текстДатум 01.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на вокабуларот од претходниот час со кој се именува прибор за јадење

да го увежба читањето на дадениот текст со познати зборови

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Со употреба на флеш карти наставникот ги потсетува учениците на зборовите кои им се веќе познати на учениците, а со кои се именува прибор за јадење. Наставникот дистрибуира наставно ливче со приборот за јадење. Учениците ги поврзуваат сликите со дадените зборови.

Главен дел (20 мин) Наставникот бара од учениците да ги затворат нивните учебници. Потоа го пушта дијалогот од вежба бр.2/стр.32 за учениците да го слушнат. Потоа, наставникот поставува прашања поврзани со слушнатиот дијалог, а учениците со кревање рака одговараат на истите. Наставникот го пушта дијалогот повторно за учениците да го слушнат, да го прочитаат и да го повторат истиот реченица по реченица. Потоа, без да гледат во текстот се обидуваат да погодат кој лик ги кажува речениците дадени во вежба бр.3.

Завршен дел (10мин) Во мали групи, учениците го читаат дијалогот поделени по улоги и се обидуваат да го драматизираат истиот. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, училишен прибор, тетратки, табла, креда, флеш карти, CD, CD плеер, наставно ливче и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на работа со текст, аудио-визуелен метод, аудио-лингвален метод, комуникативен метод, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Во парови, учениците се обидуваат да го преведат текстот.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (усвоеност на вокабулар, читање, превод, слушање со разбирање), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, наставно ливче и сл.

Очекуван исход Учениците се потсетија на зборовите со кои се именува прибор за јадење и го увежбаа читањето на текстот.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците го увежбаа читањето на текстот и се потсетија на зборовите од претходниот час со кои се именува прибор за јадење. Неколку ученици имаа потреба од помош при читањето на текстот, но со повеќе вежбање ќе се постигнат подобри резултати. Сите ученици учествуваа во активностите предвидени за овој час и сите активности им беа подеднакво интересни. Кога повторно би го одржала истиот час би можела да применам некоја игра или квиз на меморија.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.5- Здрава исхрана, здрав живот!Наставна единица 6. Вежби- множина кај именкитеДатум 06.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети и да ги увежба формите на именките во множина

да ги увежба именките кои имаат неправилна множина

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот го поучува комуникативниот модел “What would you like? I’d like…”, а потоа наставникот го чита примерот за првата слика од вежба бр.4/стр.33. Учениците следејќи го примерот составуваат реченици и за останатите слики од оваа вежба.

Главен дел (20 мин) Вежба бр.5. Наставникот го чита дадениот пример и дава објаснување за решавањето на вежбата. Учениците ги дополнуваат речениците со именките во множина, а ученици-доброволци ги запишуваат речениците на табла.Вежба бр.6. Учениците го читаат текстот и ги менуваат именките од еднина во множина. Неколку ученици ги запишуваат нивните одговори на таблата за останатите од одделението.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.7. Учениците го разгледуваат понуденото мени. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат и да го повторат дијалогот. Потоа, во парови учениците составуваат слични дијалози одбирајќи од понудените артикли на сликата.

Наставни средства и помагала

Учебници, училишен прибор, тетратки, табла, креда, флеш карти, CD, CD плеер, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на практична работа, аудио-лингвален метод, комуникативен метод, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Наставникот запишува именки во еднина на таблата, а учениците ги запишуваат истите во множина.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

работата на ученицитеОчекуван исход Учениците разликуваат еднина и множина кај именките и усвоија

неколку именки кои имаат неправилна множина.

Рефлексија на часот Учениците го увежбаа комуникативниот модел искажувајќи желби. Тие разликуваат именки во еднина и во множина и усвоија неколку именки кои имаат неправилна множина. На двајца ученици им беше потребна мала помош при решавањето на вежбите. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересна активност им беше увежбувањето на комуникативниот модел во парови. Кога би го одржала истиот час повторно би можела да применам некоја игра или квиз.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.5- Здрава исхрана, здрав живот!Наставна единица 7. Искажување здрави навики и зачувување на природатаДатум 06.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да усвои нови зборови поврзани со природата и нејзиното зачувување

да искаже здрави навики и да се стекне со информации за зачувување на природата

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ги прашува учениците дали знаат зошто треба да ја

чуваме природата и на кој начин таа се чува. Потоа, ги прашува дали знаат кога сите ние заедно одделуваме барем еден ден и ѝ го посветуваме на природата (Ден на gрвото). Наставникот го насочува вниманието на ѕидот во училницата на кој се дадени мотиви од природата и го чита натписот “Save the planet Earth!” прашувајќи ги потоа учениците дали би можеле да погодат што значи овој натпис.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги поучува новите зборови поврзани со природата и нејзиното зачувување (nature, wastebasket, pollution, greenhouse, save, away,..) како и неколку слогани за зачувување на нашата планета и на природата (Stop pollution! Save the planet Earth! Keep the nature green!). Наставникот ги прашува учениците дали сакаат да јадат овошје и зеленчук и кои им се омилени. Тој ги прашува учениците зошто е важно овие видови храна да бидат составен дел од нашата исхрана и ја поучува изреката “An apple a day keeps a doctor away!” . Наставникот пушта краток анимиран филм за глобалното затоплување (http://www.youtube.com/watch?v=21IXyy43LYA&feature=related )и кратко објаснување што е всушност глобално затоплување (http://www.youtube.com/watch?v=CxUK2TizQ4g&feature=related) . Учениците го гледаат видеозаписот а потоа ги искажуваат нивните размислувања.

Завршен дел (10мин) Наставникот пушта кратко видео со 10 начини како да ја зачуваме нашата планета http://www.youtube.com/watch?v=kS6JN67DWtc&feature=related и кратка песничка со здрава храна (http://www.youtube.com/watch?v=UaqISEs_uj0 ). Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, училишен прибор, тетратки, табла, креда, компјутер, Интернет, проектор, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Наставни методи и форми на работа

Метод на презентација, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)со природни науки

Додатна активност Наставникот бара од учениците да илустрираат начин на зачувување на природата.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (искажување на здрави навики и начини на зачувување на природата), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците искажуваат здрави навики и начини на зачувување на природата.

Рефлексија на часот Целите на часот се постигнати- учениците научија нешто повеќе за начинот на зачувување на природата и кои здрави навики треба да ги практикуваме. Сите ученици учествуваа во активностите предвидени за овој час, а најинтересна активност им беа кратките видеозаписи. Кога повторно би го одржала овој час не би менувала ништо бидејќи часот беше поучен за учениците и мислам дека им беше интересен.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.5- Здрава исхрана, здрав живот!Наставна единица 8. Слушање со разбирање на даден текстДатум 08.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да го разбере слушнатиот текст и да го увежба читањето на истиот

да ги увежба “wh”-прашањата и “да/не” прашањата

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Со употреба на флеш карти наставникотги потсетува учениците на клучните зборови од оваа тема со кои се именуваа некои видови овошје, видови пакување и прибор за јадење.

Главен дел (20 мин) Наставникот го пушта аудиозаписот од вежба бр.1/стр.34 за учениците да го слушнат и да одговорат на прашањата од наставникот поврзани со слушнатиот текст. Потоа, учениците ги отвараат учебниците и повторно го слушаат текстот и ги заокружуваат соодветните зборови. Тие го читаат текстот индивидуално.Вежба бр.2. Учениците ги читаат прашањата и ги одговараат истите.Вежба бр.3. Учениците ги разгледуваат сликите, а потоа одговараат на прашањата. Ученици-доброволци ги запишуваат нивните одговори на таблата.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.4. Учениците ги разгледуваат прашањата од оваа вежба и ги одговараат во нивните тетратки. Потоа, во парови, прашуваат и одговараат на истите прашања.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, училишен прибор, тетратки, табла, креда, CD, CD плеер, флеш карти и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на работа со текст, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Вежба бр.5. Следејќи го дадениот модел од вежба бр.1 учениците пишуваат краток текст- покана за нивниот училишен базар.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (слушање со разбирање, читање, вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците разбираат слушнат исказ од аудиозапис и го читаат дадениот текст. Тие одговараат на “wh” и “да/не” прашања.

Рефлексија на часот Учениците го разбраа слушнатиот исказ што може да се заклучи од нивните одговори на поставените прашања од наставникот. Тие го читаа текстот, а на мал дел од нив им беше потребна помош при читањето и решавањето на вежбите. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересна активност им беше вежба бр.4. Кога би го повторила овој час би можела да применам интерактивна игра или квиз за увежбување на вокабуларот и граматичките структури од оваа тема.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.5- Здрава исхрана, здрав живот!Наставна единица 9. Игра и песничка (Let’s go to the market!)Датум 13.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да го увежба вокабуларот и граматичките структури преку игра и песничка

да соработува со соучениците при групни активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Ученици-доброволци ги презентираат нивните цртежи со некој од начините како да се зачува природата.

Главен дел (20 мин) Наставникот го пушта аудиозаписот од вежба бр.6/стр.35 за учениците да ја слушнат реченицата и да го увежбаат изговорот на зборовите во кои се среќаваат гласовите /ʃ/ (fish) и /tʃ/ (child). Учениците се обидуваат да ја изговорат реченицата се побрзо и побрзо.Игра. Наставникот го насочува вниманието на сликата од вежба бр.7 и дава инструкции за начинот на играње на играта. Учениците го читаат дадениот пример, а потоа поделени во групи ја играат играта.Вежба бр. 8. Наставникот ја пушта песничката повеќе пати за учениците да ја слушнат.

Завршен дел (10мин) Учениците ја слушаат песничката повеќе пати и се обидуваат да ја пеат. Откако ќе ја увежбаат добро, учениците ја изведуваат песничката поделени во групи. Потоа, тие ја оценуваат изведбата на песничката на останатите две групи на тој начин што даваат поени. Победник е групата со најмногу поени.

Наставни средства и помагала

Учебници, училишен прибор, тетратки, табла, креда, CD, CD плеер, флеш карти и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на игра, аудио-визуелен метод, аудио-лингвален метод, метод на песна, комуникативен метод, работа во заедница, работа во групи

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)со музичко образование (пеење песничка)

Додатна активност Учениците поделени во групи ја играат играта “Нangman” со зборовите кои беа поучувани во склоп на оваа тема.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (учество во игра и во изведба на песничката, усвоеност на вокабуларот и граматичките структури), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, сооценување на учениците во групи и сл.

Очекуван исход Учениците соодветно ги применуваат вокабуларот и граматичките структури од оваа тема преку учество во игра и изведба на песничка.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците се потсетија на зборовите кои беа поучувани во склоп на оваа тема и на граматичките структури преку нивна практична примена во едноставни искази при играње на играта и пеењето на песничката. Сите ученици учествуваа во предвидените активности за овој час, а најинтересна активност им беше токму играта. Тие објективно ја оценија изведбата на песничката. Кога повторно би го одржала истиот час би можела да применам песничка за рециклирањето како начин за зачувување на природата. (http://www.youtube.com/watch?v=6xhAneY5WbI&feature=related ).

План за час по англиски јазикНаставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.5- Здрава исхрана, здрав живот!Наставна единица 10. Потсетување на содржините од тема бр.5Датум 13.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да го увежба вокабуларот и граматичките структури од оваа тема

да го оцени своето познавање на содржините од оваа тема

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин)

Наставникот ја пушта песничката за зачувување на природата и бара од учениците внимателно да го гледаат видеозаписот. Потоа, наставникот ги прашува учениците кои начини на зачувување на природата беа прикажани во краткото видео кое го погледнаа. Наставникот го пушта видеозаписот со песничката уште еднаш (http://www.youtube.com/watch?v=7xGeXyZYusQ ).

Главен дел (20 мин)

Наставникот ги потсетува учениците на видовите пакување кои се среќаваа во оваа тема. Тој запишува неколку реченици на таблата и од учениците бара да ги дополнат истите со “a/an” или “some”. Наставникот се движи низ училницата ппроверувајќи ги одговорите на учениците, а неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите од одделението.Наставникот запишува реченици на таблата во кои учениците треба да ги вметнат соодветните безлични форми “there is” или “there are”. Ученици доброволци излегуваат на таблата за да ги запишат нивните одговори.Наставникот дистрибуира наставно ливче- Венов дијаграм и од учениците бара да го пополнат истото со дадените именки. На пр. Множество од именки кои имаат неправилна множина и множество од именки кои започнуваат на “m”.

Завршен дел (10мин)

Наставникот дистрибуира листа за самооценување на ученикот со содржините од тема бр.5. Учениците се самооценуваат следејќи ги инструкциите од наставникот за како да го направат истото.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, училишен прибор, тетратки, табла, креда, компјутер, Интернет, проектор, екран, флеш карти и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на практична работа, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, техника на учење-Венов дијаграм, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)со музичко образование (песничка)со природни науки (зачувување на природата)

Додатна активност

Учениците решаваат интерактивни вежби

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

http://www.juntadeandalucia.es/averroes/torredelprado/ingles/there_is0.htm

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (усвоеност на вокабуларот и граматичките структури преку нивна практична примена во едноставни реченици), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, самооценување на учениците и сл.

Очекуван исход Учениците соодветно ги применуваат вокабуларот и граматичките структури од оваа тема преку нивна практична примена во едноставни реченици.

Рефлексија на часот

Учениците ги решаваа вежбите предвидени за овој час, а на двајца ученици им беше потребна помош. Кај нив беше констатирана слаба усвоеност на вокабуларот и на граматичките структури кои се среќаваа во оваа тема. Сите ученици учествуваа во предвидените активности и објективно го оценија своето познавање на содржините од оваа целина. Најинтересна активност на учениците им беше видеозаписот, а кога би го одржала истиот час повторно би можела повеќе време да одвојам за интерактивни вежби кои исто така се интересни за учениците.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.5- Здрава исхрана, здрав живот!Наставна единица 11. Утврдување на содржините од тема бр.5Датум 15.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да го утврди своето познавање на содржините од тема бр.5 да се потсети на вокабуларот и на граматичките структури од

оваа тема

Фази на часот АктивностиВоведен дел (8 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Во кратки црти, наставникот ги потсетува учениците на содржините кои беа поучувани во склоп на оваа тема, односно на вокабуларот и на граматичките структури.

Главен дел (30 мин) Наставникот дистрибуира тестови изработени во две групи и бара од учениците да ги разгледаат вежбите. Наставникот ги појаснува критериумите за оценување на вежбите од тестот. Потоа, наставникот дава објаснување за начинот на решавање на секоја од дадените вежби и доколку има некои прашања од учениците поврзани со тестот, наставникот одговара на истите. Учениците ги решаваат тестовите, а наставникот ги потсетува дека треба самостојно да ги решаваат вежбите.

Завршен дел (2мин) Учениците ги враќаат тестовите со решените вежби назад кај наставникот за тој да ги провери нивните одговори.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, училишен прибор, табла, креда, тестови и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на тест, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Поправка на вежбите од тестот.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (усвоеност на вокабуларот и граматичките структури), усни одговори на прашања од наставникот, писмена повратна информација, бодовна скала, тест и сл.

Очекуван исход Учениците ги решаваат вежбите од тестот на тој начин утврдувајќи го нивното познавање на содржините од оваа целина.

Рефлексија на часот Учениците ги решаваа вежбите од тестот. Од направената анализа на тестот може да се заклучи дека усвоеноста на содржините од оваа

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

тема е добра.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово