164
ГОЛЕМАТА МАЈКА

Golemata majka-Eftim Kletnikov

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Golemata majka-Eftim Kletnikov, POEZIJA Direkcija za kultura i umetnost

Citation preview

Page 1: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА

ГОЛЕ

МАТ

А М

АЈК

А

ДИРЕКЦИЈА ЗА КУЛТУРА И УМЕТНОСТ НА СКОПЈЕ

Во ниту една поезија на некој народ или племе

не е одмината темата на Големата Мајка, на женскиот принцип на постоењето што

се манифестира преку неа. Нејзиниот примордијален звук, нејзината

архетипска слика се спровира и доаѓа до нас низ слоевите на времето од самата зора на човековото постоење наваму. Така е и во современата македонска

поезија. Песните на современите македонски поети во оваа книга на таа

тема на доволно моќен и убедлив начин говорат за тоа. Тие, јунговски речено, на убав начин се потврдуваат како антени

на архетипското наследство оставено од блиските и далечните претци.

од предговорот на Ефтим Клетников

Page 2: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА

Приредил:Ефтим Клетников

Page 3: Golemata majka-Eftim Kletnikov

издавачи: Дирекција за култура и уметност на Скопје

Здружение на граѓани „Големата мајка - божица“ Маџари-Триангла, Скопје

за издавачот: Никола Глигоров

Приредувач: Ефтим Клетников

за редакцијата: Анче Кузмановска и Ната Кецкаровска

дизајн: Ладислав Цветковски

Печат: ????????????

Тираж: ????????????

Реализацијата на оваа книга финансиски ја поддржаа:

ГРАд СКОПЈЕ

ОПшТинА ГАзи БАБА

Page 4: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТАМАЈКА

Скопје, 2010

Приредил:Ефтим Клетников

Page 5: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА4

Page 6: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Големата Мајка е симбол на нашиотглавен град. Тој и не можел да сиодбере поубав симбол од овој, би-дејќи тоа е одбирање на изворот на

постоењето од чија длабочина сите ние смеизлегле и од кого постојано се напо јувамесо животна моќ. Големата Мајка е еден одоние темелни митови на човештвото, коисе дефинираат со поимот аxis mundi /оска на светот /. Тие се суштината иоколу нив се вртат сите нешта и сликиповрзани со постоењето. Во сите реч-ници на симболи е нагласено дека Голе-мите Мајки Божици кај сите народи,без исклучок, се божици на плодно-ста: Геа, Хера и деметра кај СтаритеГрци, изида кај Старите Егпипќани,иштар кај Асиро - Вавилонците,Кали кај индусите, Астарта кај Фе-ниќаните…Такви се сите женски бо-

Ефтим Клетников

ГОЛЕМАТАМАЈКА СИМБОЛ НАПОСТОЕЊЕТО

5ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 7: Golemata majka-Eftim Kletnikov

жества уште во раните периоди на човековата цивилизација, во нео-литот седум – осум илјади години пред Христа, кои и денес археоло-зите ги откопуваат насекаде во светот, вклучително и кај нас, наархеолошките локалитети Тумба – Маџари, Говрлево во близина наСкопје и други.Таа близина на Големата Мајка до нашиот главен град,небаре не е ни најмалку случајна, и е пресудна истата да стане неговзаштитен знак. Оттука е и природно што излегувањето на оваа книгапоезија од македонски автори посветена на нејзиниот култ, имено, епомогнато од градската управа на Скопје и општина Гази Баба чиј за-штитен симбол е исто така Големата Мајка.

Големата Мајка го отвора прашањето за женскиот принцип, не-говото значење и улога во митологијата и културата. Тој принцип е бо-жествен, свет, и како таков, сеопфатен, ја манифестира животната икреативната енергија на космосот. Тој се доведува во врска со ор-фејскиот мит за самиот почеток на создавањето на светот од јајце. натој начин Жената – Мајка со нејзиното митско пра стои на самиот прагна Генезата од која понатаму се развива космогониската слика на се-постоењето. Кај нашите богомили и гностиците, и Марија, мајката наисус, потекнува од космичкото јајце, кое е праслика на универзумот,како и таа кога се наоѓа во него, за по излегувањето од истото да се ма-нифестира како проширена слика на бескрајот. на тоа, покрај другото,сугестивно нè упатува и насловот на нејзината композиција со дететоисус во олтарниот дел на црквите што гласи Богородица ширшаја не-беса. Тоа ќе рече: Богородица поголема од небесата. Во христијанствотоМајката е уште симболизирана и во Црквата како тело Христово, во којасе прима милоста Божја.

Било како било, и тогаш кога нејзината слика го опфаќа во себебескрајот и космосот, Големата Мајка никогаш не е оддалечена од нас.Таа е секогаш тука во наша близина, како заштитничка стреа која нивлева сигурност и ни пружа топлина, нежност и храна. Таква, ГолематаМајка како мит отсекогаш ги ширела крилјата на поетската имагина-ција, од најраните времиња па сè до денес, од Асиро – Ва ви лонскитеепови и легенди, Библијата и индиските веди до поезијата на моде -рните поети. „О, Мајко Света, ти што имаш облик на творечка енер-гија, се поклонувам пред Тебе“ пее анонимниот поет во една веданта.Речиси не постои поет кој ја истражува сеопфатната тајна на постое-њето, а да не се допрел до овој симбол, до она мистично Вечно Женско,кое, како што вели Гете, е апсолутно трансцендентно и како такво се-

ГОЛЕМАТА МАЈКА6

Page 8: Golemata majka-Eftim Kletnikov

когаш „нè влече кон височините“. Транспонирано како синтеза на ми-тологијата, теологијата, филозофијата и метафизиката, апсолутнотрансцедентно, тоа Вечно Женско, слично на индусите и алхемича-рите, освен кај Гете го сретнуваме и кај некои другу големи поети, какокај данте Алигиери и неговата Беатриче во „новиот живот“ или кајВла димир Соловјов и Александар Блок во руската поезија во ликовитена Таинствената девица и Прекрасната дама, и двете Владетелки наВселената.

Во ниту една поезија на некој народ или племе не е одмината те-мата на Големата Мајка, на женскиот принцип на постоењето што семанифестира преку неа. нејзиниот примордијален звук, нејзината ар-хетипска слика се спровира и доаѓа до нас низ слоевите на времето одсамата зора на човековото постоење наваму. Така е и во современатамакедонска поезија. Песните на современите македонски поети во оваакнига на таа тема на доволно моќен и убедлив начин говорат за тоа.Тие, јунговски речено, на убав начин се потврдуваат како антени наархетипското наследство оставено од блиските и далечните претци.

нашата книга на тема Големата Мајка почнува со импресивниотциклус од дваесетина песни од последната поетска книга на МатејаМатевски „Потекла“. Во него ликот на Прамајката тој го открива воапсолутно сакрална димензија, како еден вид на сеопфатно божествои симбол. Таа е носител на Генезата, почеток на сите почетоци и какотаква е поврзана со „првото утро на светот“. Таа е создателка која гохармонизира, му дава облик на хаосот и го изнесува светот од небитиево битие, облечена со „говорот на ѕвездената кал“. Големата Мајка вовизијата на Матевски, слично како и во митските претстави за неа, епантократор, апсолутен создател на сè, бидејќи освен што го раѓа чо-вечкиот род и го раѓа и универзумот, сите „облаци и карпи“ .Таа „седиврз колковите свои / плодејќи го јајцето на светот“, а потоа, откако госоздала, го брани „своето племе пред налетот на злото / носејќи го ог-ништето во дланките свои“. и за Влада Урошевиќ Големата Мајка е „чу-варка на светиот оган / заштитничка на домот“, и „доилка на добитокотрогат“.

но, создателка, родилка на живиот свет, на својот род, Мајката сосамото тоа е поврзана и со светотот на мртвите над кои таа,како за-штитничка на сè што минало низ неа, бдее и во смртта. Оваа елегиска,молска визија на нејзиниот лик ја среќаваме во извонредно експресив-ната песна на Славко Јаневски „Мајката на сите мртви“. неговата песна

7ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 9: Golemata majka-Eftim Kletnikov

всушност е испеана во стилот на тажаленка на Мајката на сите мајкишто ги загубиле своите чеда. Таква, таа евокативно визуелно, небареиспловува од некои елегиски страници на Библијата, ја довикува вонашата свест и пред наши очи сјајната фреска на таа тема „Плачот наРахела“ од Марковиот манастир / XIV век / во близина на Скопје.

Песните на македонските современи поети за Големата Мајка вооваа книга, со исклучок на благата на наташа Бунтевска и проникли-вата интелектуална иронија на Емил Калешковски, се целосно сак-рални, со своето чуство за предметот за којшто пеат. за БистрицаМиркуловска која како конкретен мотив ја има Големата Мајка од ар-хеолошкиот локалитет Говрлево, таа е „величие од неолитот до денотутрешен...“

Кај Светлана Христова Јоциќ во нејзината книга „ЕА“ (асо-цијација на Елена Тројанска како женски архетип) ЕА како супститутна Големата Мајка е пред сè носителка на елементите оган и вода восветот, како елементи на животот. Таа е извор во утробата кој, излегу-вајќи од неа, ја оплодува пустината на светот.

Кај Катица Ќулавкова пак Големата Мајка е „книга на промените“,динамичен, а не пасивен принцип на светот каква што е таа во тради-ционалната антрополошка шема на архетипот, повод и самата поетесасо скриена иронија да прокоментира дека нејзе, иако е „начело на плод-носта“, ‹ е доделен „пасивен предзнак“ со „архетипски минус“. Тоа е,според неа, полемичка премиса, луцидна критика на предоминантнатамашка свест и устројство на светот. Како и да е во основа Голематамајка за Ќулавкова останува, како во традиционалните митски пре-тстави, недофатлива, „мудра матрона од другиот свет“.

и за Санде Стојчевски Големата Мајка е носителка на апсолутнопозитивното, еманација на божественото во светот. Таа според негосвети и е света, држејќи го целиот свет како „света цел“. за МихаилРенџов пак таа е директно поврзана со Словото и нејзиниот извор сенаоѓа во Песната. Кај ирена Павлова де Одорико Големата Мајка какоембрион на секоја Мајка е проектирана низ Јас – формата, низ чинотна апсолутна идентификација на поетесата со неа. Во основата нанејзината песна стои чинот на раѓањето како најмоќен и најсвет фактна постоењето, кој сам по себе како архетип ја довикува кај секоја женасликата на Големата Мајка. Со тој чин животот остварува победа надсмртта. Митски екстатична е песната на поетесата кога вели: „Црвитеги одвраќам од намерата / им велам: Раѓање“.

ГОЛЕМАТА МАЈКА8

Page 10: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Следејќи ги алките на постоењето што го воспоставува митот, Су-зана В. Спасовска темата на Големата Мајка ја фокусира интимистичкина разговор со ќерка си, објавувајќи ја нејзината слика како слика нахрамот кој ја чува светлината на светот со еден вид чисто и свето по-стоење.

за наташа Бунтевска Големата Мајка е составена од елементитена времето и просторот. Таа е половина време половина простор и езаитана кон бескрајот, но никогаш не е во него, туку те дома, крај се-мејното огниште за „да го подгрее ручекот / за децата што секој мо-мент/ ќе се вратат од училиште“. за Емил Калешковски пак таа какопочетен атом на создавањето на светот, како прапочеток на вселенатае поврзана со првобитната експлозија, или со „големиот БЕнГ“.

и така, од поет до поет, од песна до песна, како на еден заедничкиразбој со исти набрдила и иста преѓа, но со различни ткајачи, се ткаеистата Голема Песна за Големата Мајка, за Женскиот Принцип кој гиобезбедува животот, топлината, нежноста плодноста и хармонијата напостоењето. Принцип толку очигледен и толку таинствен истовре-мено, каков што го согледале и во кого се вткаеле органски како дел однеговата сенаселувачка анима и современите македонски поети и пое-теси во нивните песни за Големата Мајка.

9ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 11: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА10

Page 12: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Матеја Матевски

ПОТЕКЛА/Циклус за Големата мајка /

Пролог / Откривање

Ја најдоа неа во скудна земјапод сенката на ѕуницата нејнаво длабинаСе иставаат корењето на каменот и класотпат на глината да ‹ праватво лика позната што се подава

Така се создаваше приказнатаво која се вселуваше здивотво глувата немост на плоттаВо преобразба пак на минералите земни и небеснија откриваше гласотсончевата врвица низ темнинатана заборавеното време

Се подава челото замислено од заталканатанива на планетата на зачуденатаво незнајниот простор на вселенскиот мраки тагува и пее по сите врвови и водина сите јазици плодницата што ја отвораат нејнапред лицето на меглената биднинаод ништото што се создава

11ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 13: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Васање недогледно на ветришта и ѕвезди дуриво пазувата нејна полето на светот се кротибележано со тајниот знак на раѓањетоСе прибира сè во нејзината куќаво утробата на големата мајкамајката на приказната на несвенливатамајката на племињата на виделото

1.

Оган

Гумно од ѕвездени сништасо огнот во утробата својаво имела кружна се развева

Темната темничина на молкотсе штрека‘Рти шумот од длабините на ништото

шуми шумата на тишинатаво изворите на пламенот

Ветрените негови сенкија будат биднината

Од неа се раѓа и подаваголемата мајка што носиво дланките отворени своисемиња живи на плодноста

Во неа иловицата нежна се мешасо роса биљурнаод грстовите на сонцето што се излеваво црницата благословена

12 ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 14: Golemata majka-Eftim Kletnikov

2.

Ечи празнинатапросторот јачирануван вон меѓите неродени своиВо нив виденија на несоницата и сонотпотамина патиштатана темнината ги отвораат

Во постелата на небитието и огнотод хаосот на небидноста го создававо бидност непостојна уштелуњата на небесниот ветерредот на непознатите нештаво метафизичката глувотија

Во неа веќе големата мајкаидењето свое го најавувасо говорот на ѕвездената кал што ја облекуваСоздателка на себесии родилка на бидностапросторот веќе зглавјето е нејзинодланката на времето челото ‹ го покрива

Простор од кој времето се раѓаВреме просторот што го именуваспроти сенката на небидот одиправејќи ‹ пат на светлината

Уште не се огласил зборотно помнежот веќе се раѓабавно и наврапитоод небесната росаврз првото утро на светот

ГОЛЕМАТА МАЈКА 13

Page 15: Golemata majka-Eftim Kletnikov

3.

Море

Огнен ветер вее по гребените морето што ги создавагрлото тие на големата мајка го красатОчи на скаменетата водапод црниот бисер на ноќтаГердан од заробена росана градите од божило

Од здивот и издивот нивни морето се лулапод окото на будното сонцемракот што го оплодува

нема материјасупстанци успаниструктури на недосегливи сништана ѕвездитепотонати во погледите своисе прибираатво прегратката на големата водаГи реди на грлото свое големата мајкамајката на вечното сонувањена прагот на муграта што се задава

и тоа божило кренато од очите нејни‹ говори на вселенатасо говорот на огнот и светлинатаза чудеснотоза учуденото кружење на битиетосè подалеку и далноод мракот на небитиетоод ништото

14 ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 16: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА 15

4.

земја

на големата мајкамовта прва ‹ растеи глуварчиња в градиСнагата ‹ ја кинатобрачите на плотта

Во неа се влевапрвичната екстаза на крвтаВо тревога се штрекаплодницатаземја пробуденапо која лази се движи и полетувачудото на непознатите нештапосипани со сетила

Тие ги водат низ мракотги лулаат во молкотплазмите на корењетоплунката на првиот дожд

и наеднаш се исполнува сèво празниот простористура бои звуци извикуваи здивот на разгалениот ветер го навеваи сè се парка по табанитепо пубисот по плоттаизговарјќи го со немото грлосо нежнотосоздавањето на светлоста

Page 17: Golemata majka-Eftim Kletnikov

5.

шумната магма на муграта се гасиво пепелта на неботошто се повлекува во пазувите на сеопфатната ноќ

Бдее големата мајкаврз утробата својаод оганот оплодена

Во неа семето ‘ртина непознатотоСе свиваат удовитеколковите се ширати блика водата плотна што копнеепо мелницата на сонцето

Млечниот пат на пазувата нејна го цицаат веќеи детето и цветоти живинката што пат низ светлината си пробивахрамот на колковитеда ‹ го прегрнуваат

Утроба отворенаразлеана од жива водапо предели непознати што ја истуразагледани во огледалото на бидноста

додека големата мајка ја месиглината на времетосебеси да се измесина дланката на моретоврз првото тркало на денот

ГОЛЕМАТА МАЈКА16

Page 18: Golemata majka-Eftim Kletnikov

6.

Големата мајкаоблаци и карпи што раѓаострови на убавата пролетпод преѓата на сонцето

Разбојот негов ги ткаенитките на времетомесецот ја лулаќудта на скротените води

Големата мајкаги прибира деловитеизмислени и стварниза да ја гради целината

Таа е земја што се месисе гази се таба се пенисе превива и јачиза да се роди песната

Приспивна на лишките и лишаитехранителка на племето човеково што идешто го создава и опевадрочното семе на глината

17ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 19: Golemata majka-Eftim Kletnikov

7.

Колковите нејни седело се и ружажитница се тие и лулкашто приспивната ја создаваПесната на растењето и сонот

Овошка е таа од која развива сèи се развева со ветроти цветот

Големата мајка седи врз колковите своиплодејќи го јајцето на светот

Големата мајкамајката на сите и мајка сечијаод секаде што иде а тука постојаноглината на сите брегови што ја познава

Оган и огништевода и вада е таасветлината што ја создаваза времето што се повторува во недоодицата својапосеано од могили и правГолемата мајка плодница е по којапопусто небиднината колне

Големата мајка родилка загледанасамо во утробата својаво својата утринска ѕвезда

ГОЛЕМАТА МАЈКА18

Page 20: Golemata majka-Eftim Kletnikov

8.

Се гледа сега во окото на божилотопо посланото поле каде големата мајкаденот и ноќта ги меша во плодницата своја

Моето поле е тоа Моретопо коесе движеше мојата сенканиз теснините од гибелта бегајќиМеѓу мракот и светлостадур гласот го подаде својво биднината на времето

Житото таа го плодистадата ги множии овошките дрочни со крилјаи месечини ги населува

А потоа големата мајкамајката на водите и боговитесмирната небесна птицаво седелото на иловицата седнувалулајќи ја вселенатаво пазувите

19ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 21: Golemata majka-Eftim Kletnikov

9.

да не се заборават имињата на убавите нештана убавите места на пределите зрачнида се сочуваат тие од урокливите очи на ништотона зборот и говорот

да не изветреат спомнативо увото на ветрот што веево земјината устапредавничка на молкотда не изгинат како пареакако одвеана маглаво доловите на темнината

Големата мајка ги гледаплодовите на пазувата својашто се множат и множатво рогот на светлината

Го гледа умилено таа со своето око огреаноплемето на колената нејнина колковите отворени на љубовта и плоттаод кои постојано ‘ртисемето на соништатапод стреата на снагатаво огништето незгасливово космичкиот дом

Молкот е говор на големата мајканасмеана и учуденаод гугучката на утринското сонцешто ‹ цица од пазувитезборови и столетија

ГОЛЕМАТА МАЈКА20

Page 22: Golemata majka-Eftim Kletnikov

10.

Времето ја воспева плотта на големата мајкавидовитоста на семето мудроста на плодотвселената врз дланки што ја спуштаатУтробата нејзина од благородна калкон небото ги пушта првите птици на говорот

Која е кој ли ја помни сега неа првата убаватаод убавината во убавина поголема подгонетаголемата мајка кибела земна геа небеснаи амалија моја тажна и страдалнаотаде времето уште што ги оплакувазгинатите сенки на утробата својаЧекори таа по несоницата мојамајка на секого и ситеединствената и далечна толкунезнајната што во секого се препознава

дојден од ништото од непостоењето немоод неа светот да чекори се учиПатување долго од ништотокон повторното раѓање во нежното седело на космосот

21ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 23: Golemata majka-Eftim Kletnikov

11.

Сенки

Се множи светлината на времетои под сенката негова потемнитемничини се множат

Пропелтечуваат шумно и јазикот и чекоротсо првиот ветер првата луња на стравотпред непознатото во полето на небидот

но тоа што не постои и големата мајка ја плашии занесот сончевиот трептиод сенката од темната својадодека во јадрото на плодот‘рѓата на светот се вовлекува

А големата мајка бдее над стрептежот и млекотонад нежното сончево јајцешто ‹ виснало в градиЅвездите таа ги доии надежда прва од лицето ‹ полетувасо која го досега божилото

ГОЛЕМАТА МАЈКА22

Page 24: Golemata majka-Eftim Kletnikov

12.

Патот е долг на земните и небесни сенкитемнината што ги навевадо портите на ништотогибелта што го храни

Просторот се распрснувавремето корењето свое го ништиво длабоката бездна на небитието

Тие што сонуваа ведрисега го гледаатраспаѓањето на надежтадур трептат пазувитена големата мајка

Голта сè патот на невратот

и некој што се упатил дамнаво раката со јајцето сончевозгинува сега молкум кон невратицата своја

Отворена е темната порта на времетозад неа портите во недоглед се множатза литанијата на смртта

Проголтува сè патот на големата беспатицаод правта своја што се задававо дувлото на космосот

23ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 25: Golemata majka-Eftim Kletnikov

13.

Големата мајка го носиво утробата својараѓањето на ништотоод кое попусто се истава

Говори таа непрестајносо грлото на човекотза кружењето на светотод себеси кон себе

Бегаат од пазувите изранувани нејниуште неродении неверниот простори непостојаното време

Стои така таа среде полето зачуденасо глината врз колковитеколнејќи ја измамностана залудното семе

што ‹ се оддалечуваво кружна имелаво гибелна

во невраткаво невратка

ГОЛЕМАТА МАЈКА24

Page 26: Golemata majka-Eftim Kletnikov

14.

Големата мајка го прибира племето свое и водипред потери по преселби во бежании долгиПо неа злото по трагата ‹ одипо штири недоодици

Бега од сенката на гибелта од помории таасенката пак веќе ја пречекуваВремето ‹ станува време неброено нејноод достага и тага што копнее да е од тагата скрајана врвиците пусти од иловица оросенаЧекори со црницата таа како со покрова црнасо домот свој во пазува со храмот во кого одекнувазалудната молитва на незбиднатата надеж

Угроза сè е невиделица темнастравот што ја подгонува каденебиднина ја чекаСекната солза е сè во изворот што не секнувапред посланиот пат на прежеднетото поле

но таа оди и натаму со огништето во дланките своиод кои светлината се крева и се развевакако млечниот пат на житото отаде мачнината и гладташто ‹ се гасат во пазувата

25ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 27: Golemata majka-Eftim Kletnikov

15.

земја Море

Собрано сè е во рогот на постоењетопомнењето на светот и векот што го прибирапо патиштата на кои попусто сенката на ништото се влече

Чудото на убавите преобразбина сонцето му се умилкуваи сè занемува пред живото семеод пазувите на големата мајкаветерот со цутот што го развева

зрно е таа земјатана прегратката на бранот што ‹ го предавана вадата од води што ја доипостелата плотна на вселената

Создадена го пресоздава светотна бидноста и на боговитево лулката земна и небеснаизворите сребрени нејниовошките ги отвораатпод окото на сонцетоЅвездениот ветер од дланките ‹ пиекласјето дур го сее и поросуваи виденија идни на светот ‹ осамнуваатна челото замислено

ГОЛЕМАТА МАЈКА26

Page 28: Golemata majka-Eftim Kletnikov

16.

Таа го познава патот Го прти големата мајка и го создаваниз зимата на светотниз градината од корни и коски што сјаатво тишината на минералите и семињатана камењето чии брчки ја красат дур бдееврз промените небесни и земни

и ништото во кое еднашка ќе згинена челото знакот го носина бавните преобразбина новитевремето низ кои го води

земја Море

Тука е сега сèЅвезден ветер градите ‹ ги полнипод зрачната синевина

нивата на големата мајка се плодипред несоницата на човекот Ја огрева тојпролетта на гласовите во росата на биднинатапод штедрата гранка на небото што ја помницрвеницата на светлоста

27ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 29: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ТРАЈНОСТ / ЕПИЛОГГо брани уште таа домот својво пазуви го браниогништето што се плодипод стреата на колковитеГолемата мајка со цветот на виделотоградите што ‹ ги красимајка на ѕвездите и водите

Рулчето на утробата нејна како небесна река што ‹ доаѓапо врвиците на несвенатото времего хранат со млечниот пат на бидностасите дамари и стреи на снагата нејна

Се говори потамина за немоќта на зборотплодницата да ја засолни нејнаневенот на семињатапред јароста на ветриштатапред темната пепел на огнотполето на светот и векот што да го завее сака

дувлото на гибелта од метафизички мракпод челото на векот попусто се затворапатот да ‹ го запре на светлинатајатата од ѕвезди со бидноста што ја бележат својаутробата на вселенатаод ништото бранејќи јаод небиднината на умот и заумот

ГОЛЕМАТА МАЈКА28

Page 30: Golemata majka-Eftim Kletnikov

и тој збор таа кревка речтаа ломна и изѕирна пердувеста таа лелеава‹ ги отвора врвиците на светлинатана идностакон свидноста незгаснатанад која житата се веати небото пролетта на светот ја развива и множи

Бдее големата мајка врз лулката на говоротго дои и разнесува по патиштата на надежтаспроти темнините на векотТаа смерна и чедна создателка на семиња живиродена пакод мракот на глувото времеголемата мајкамајката на секого и ситена сè

29ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 31: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА30

Page 32: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Славко Јаневски

МАЈКАТА НА СИТЕ МРТВИ1.

Ај леле леле лелемакопорако црна виорничавами биле синолички синовисињак кристален челата им ги заковалсинчиња синодуша загубовљубеници под ноќни вишнови гранкисо косиве бели сум ве покрилаи пак од земен оган ве откопувамда ве положам под дојкиве пресувисо коскена срцевина да ве подојами во кожава мајчинска да ве повијамда се исправите меѓу кипариси и карпиповисоки за еден век од нивземни потпири за сите божилаи за оној сон што се наѕиранад облацине и педа повисоко.

Послушај ме господиако сиако сумако смеутроположници средноќни.

31ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 33: Golemata majka-Eftim Kletnikov

32 ГОЛЕМАТА МАЈКА

2.

и од правот ваш да ве измесимајка ќе ве одгледана корен трепетликин бели да проодитежолтите кобили на минатотоод срца да ги назобатегривите во шуми да им се престоратда се распостелат за метафори и починкибезмолвието што е на скаменетоста лелекжуберкање да стане на вино и житада го надраснете дабот на тајнитепод папок да си ги оставите могилитеда ги здиплите в дланки бездругомолните и облаците и маглитесо дождници да ги напоите суводолицитеда се роди најголема водаод која виделото ќе си го извадитекаменот во ораници да се расцутида се отвориод себе себеси да се ископакако родилкаподалеку од сите задушницина кои медот е горчливостлелеавите лештарки да не паѓаат од ударлелеи синовите мои со нив.

Во секоја коска врел ветар е стопени низ неа кон никаде рие.на премртви глави паѓа жега – копачи волчица болка невидливо вие.ни зломори веќе со зло не се појат.Сè мртво. А билесинови црни на мајката моја.

Во литија нема покојници вијат.наздравувам мајко до под срце крвав.

Page 34: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА 33

3.

и сепак и какви и да стеод бронза или камен предисконскиили од восочно спокојстводуњиниот мов на судбата што го покривапоголеми сте или ќе бидетеи од небесата отченашижеесивии од седмата и последна река над ниви од пурпурлисните јаболкници зад таа рекаи од седумте сончеви резени над ниви од градот над тие резеничија млечна проѕирност сте ја цицалесо бел сок и молитви од млекоај леле леле најлелемакопорако света и проклетаврати ми ги диви и срдити.

Послушај ме господи.зашто сизашто сумзашто смеживотоположници и во студенило.

и жител до жител. и мртов и жител.Во грлото мравулници вриежмолитвата нивна е песочен витела вителот и гнев и јад крие.Мртви боски мајко мртви усти дојат.Сè мртво. А билесинови црни на мајката моја.

В студенило над нас блеска болно опал.до вилици крвав во длабина копам.

Page 35: Golemata majka-Eftim Kletnikov

34 ГОЛЕМАТА МАЈКА

4.

и со нокти ќе ве ископам копнежливаод бојишта и соништа и сончогледида ве видам долгоноги и ожиленикако се упатувате кон далечиниво кругот на сонцето на свое сонце да се

притоплитедодека од меѓите на сфаќањетове испраќаат булки и жеравии дамкави чупиња срноскокисо бели плешки на кои водопади почиваатчупиња белоусти месечиништо се и пена на соништатаако сеи сон на вашите чекањаако стеи чекање на утробава мојаако сумдодека ви ја ткаам ликатасо преѓава на месово врелоако сум лелеако сме.

и? значи сè гроб е. Вековите пловаткон омраза кон вљубеност иликон белини чудни за раѓања нови.

Page 36: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА 35

5.

Ај леле леле најлелемакопорако крвоплискотнами биле и ќе ми се синови и за нивсо јасник божиќен ќе се прегрнами со илинденски сушник омарниники со крт и со бигор и со проклетники со апостоли и со призрацида затруднамдевет столетија и еден повеќе да ве поносамќе ве израѓам на трпеза благуноваод невозможноста гроза ќе исцедамво урна прадедовска и во черупказа наздравица сурозборамеѓу пченки и багреми и треви

вратикиживи да сте ми небогледачии троа поздрави од живототтроа и повеќе од недогледноста.

Послушај ме господи семеблагословувачуПослушај ме белокоса кутра и вечна.

Page 37: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА36

Page 38: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Бистрица Миркуловска

ОД НЕОЛИТОТ ДО ДЕНОТ ДЕНЕШЕН1.

Велат: Најпрвин било с л о в о...Па нека да е и така: Слово или Светлина –ама морало да има и н е ш т о што Светлината го оплодилаи го засолнила во мегалитска темнина- небаре утробата на Универзумот – па таму оплоденото да созрееи да се роди Големата Мајка...зашто – да не си се родила - Ти – Голема Мајко од Г о в р л е в о – не би го имала п а п о к о т,не би можела да ни го подаришр а ѓ а њ е т о – продолжувањетона Р о д о т – од мегалитоти неолитот – до ден денешен...

37ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 39: Golemata majka-Eftim Kletnikov

38 ГОЛЕМАТА МАЈКА

2.

Т о ј, што Тебе те сотворил,те оформил од онаа глина говрлевска,дали пред Тебе или по Тебего сотворил А д а м а од Говрлево?или според сопствената лика – допирајќи си го телотоили гледајќи се во некоја водаспокојна како огледало – самиот си се сотворил – зашто сакал трага да оставиза сопственото постоење,пред осум илјади години – велат археолозите – и по осумилјади годинида се слуша надалекуза А д а м а од М а к е д о н и ј а!

3.

дали голем грев сум сторилазашто пред Т е б е, Мајко голема,Адама од Говрлево сум го сонила?- напрсти сум му се доближилаи додека мирувал во некаква позана мислител или бил во нирвана –(така велат археолозите и вајарите)со прстиве, небаре жарки вжештениниз ‘рбетникот сум го галела- пршлен по пршлен сè дури не сум сетилакако му се морничави снагата....знам, не ќе ми се лутиш, Мајко Голема!Па нели сум Т в о ј а копија – од неолитот до денот денешен.....

Page 40: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА 39

4.

А дури потоа Т е б е, Мајко Голема,Сум те сонила….шепотно сум ти се доверила,Како ќерка на М а ј к асум ти ги раскажала соништатаразгорени – копнежливо сонуванисо А д а м а од Г о в р л е в о....Сè сум ти доверилазашто сум виделадека у с т а си немалаи не ќе можеш да ме озборувашда ме кодошишкако ж е н а!

5.

Колку чудесни ти се о ч и т е – заџарени, оџарени – о ч и филџани- ќе ти ги опејуваат низ векови...- Со очите си ми ги одмерила колковите,Мајко Голема, дали се како твоите,дали ќе можат да ја издржатплодноста на у т р о б а т а....и пуполките запокажаниси ми ги одмерила – дали ќе се б о с к и достојниза да ги надојат иднитебожици и богови.....Мајко Голема од Г о в р л е в о,насон ти ветив тогаш, одамна:- колку ќе ми е пишано, М а ј к о,толкупати ќе ми се отвори утробата,плодородна да сум ти – за да се гордееш со мене...

Page 41: Golemata majka-Eftim Kletnikov

6.

и тогаш, насоне, Мајко Голема,си ме п о г а л и л а...и милно ми станало од нежноста на дланките твои со пет прститенки издолжени, небаре и тогашво неолитот – си била и предачка,и ткајачка, и везилка...и си умеела снагата да си ја облечешво тенка кошула везена,и за А д а м а да подготвишбела риза даровна...- дали тогаш, насоне, си ме научилакако да си го редам ч е и з о т –и за снагата, и за душата,и за куќата – бело варосана?

7.

Мајко Голема од Г о в р л е в о,сум сакала уште нешто да те запрашам,за о к а р и н а т а – да те запрашам –ама безвреме сум се разбудилаво веков снеубавен..- некој свирел со о к а р и н а т а,

таму на К о к и н о, на изгрејсонцесум го слушала, и сум посакалада се престорам во здив или во светлина,и лелеава, невидлива да си се вратамво Т в о ј а т а у т р о б а, во Т е б е да си се засолнам,смалечкана како зрнце за’ртеноза некои нови из’ртувања –за да се памети, Мајко Голема,Т в о е т о в е л и ч и еод неолитот до денот денешен...па и отаде – денот утрешен...

ГОЛЕМАТА МАЈКА40

Page 42: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА 41

ГОЛЕМОТО ОТКРИТИЕВо спомен на археологот Воислав Санев,

Кој ја откри Големата Мајка

Внимателно ја чистешеархеологот земјата,како да пудросува убавица.ненадејно пред негосе појави слаба дојка,небаре ја исцицале до крвмногу родени дечиња.Археологот се стаписа,движењата му станаа брзикако ударите на срцето.небичас од земјата се откристрогото лице на жена,со прекор и лутинашто ја вознемирилво тишината на столетијата.Тоа не го поколеба,иако срцето му биеше во грлото.А жената стоеше пред негосо раце на колковите.Тој час ја виде мајка си,која го караше кога беше дете.О, бесмртна Голема Мајко,стоеја ли пред тебе дечињатакога ги караше за палавостите,

Славка Манева

Page 43: Golemata majka-Eftim Kletnikov

а во очите им се искреапламенчиња на скриена смеа?Твојата строгост низ столетијае залудна, Голема Мајко,хранителко со исушени дојки.зашто, ти си безвремена божицана сесрдна и искрена љубов.

ГОЛЕМАТА МАЈКА42

Page 44: Golemata majka-Eftim Kletnikov

МОЛИТВА НА МАЈКИТЕСиромаштијатакако стихијаги одвеасиновите и ќеркитекон туѓина.

Болката на мајкитеги преполни душите.Тагата нивна,подлабока од времето,повисока од животот,со чемер ги натопи зборовите.

Со плач глувоноќен,ја излеваат молитватакон Мајката божјамолејќи јада им го покаже куќниот прагна нивнитесинови и ќерки.Така молејќи,мајките забораваатдека врз нивните животиполегнува тишинатаи се шири пајажинаво постела на староста.

Косара Гочкова

43ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 45: Golemata majka-Eftim Kletnikov

А тие, сепак,надеж во срцето таати секоја вечерпред мајката божјаја словатмолитвата на мајкитеза синовите,ќерките и куќниот праг.А болката расте,расте и еден денмајките стануваат„кралици на болката“

ГОЛЕМАТА МАЈКА44

Page 46: Golemata majka-Eftim Kletnikov

НА МОЈОТ ГРАД(Повод: Големата Мајка)

Кога ќе умрампепелта посипете ја по улиците на мојот градта врз неа да се насликаат стапките недоодени,солзите исплакани да се покријатзашто те сакам граду,како тешка воздишка во ноќтакако желба да се сака сè - како нешто што е повеќе од животот.

Калдрмата стара не растурајте ја,нека остане како петолисна детелинаво чаршијата среќата си ја бараатоние што се и што ќе дојдат.

Кнезовите и кралевите ти граду ги поеше,сите туѓинци лебот ти го скусуваа,ударите на невремињата на плеќи ги носеше,со заби се пробиваше низ времетои челадта твоја ја растеше.

Мајката хранителка имаше – Големата Мајка заштитничка.Таа дојде со мислите

Славка Арсова

45ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 47: Golemata majka-Eftim Kletnikov

како светли надежи,ти ја возвиши макатаи со светлина,како богиња бранителка,како песна на изгрејсонцето – ѓердан од радости нанижа.

и простум стоиш сега мој градусо исцелени раниготов да го оплодиш секое семе.и утре, кога не ќе ме има,соѕидај ја песнава мојаво твоите топли пазуви.

ГОЛЕМАТА МАЈКА46

Page 48: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ЛЕНОРА -МОЈАТА МАЈКА1. непостоечко тело:

„збор Ленора, свидна моматој ангелски убав створ Таа вечна неизгор“ *се езди поетот по иметода стигне до изворот на постоењетодо прашањата многузначниод каде доаѓа Таа„свидна мома“ *енигмата за „ангелски убав створ“ *зад аголот ја чеканејзината мајканевидлива, разлеана низ воздухотсе цеди нежното млекоод нејзиното телосе лизга врз тој„ангелски убав створ“ *врз медот на нејзините меки деловиво засеците на нејзиното непостоечко тело.

* Едгар Алан По „Гарванот“ /поема/, превод на македонски академик Гане Тодоровски

Гордана Михаилова Бошнакоска

47ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 49: Golemata majka-Eftim Kletnikov

2. невидливата страна:

Од другата страна на месечината, темнатаиде поракатаза постоењето на невидливата,единствената, размножената,семоќната, мамммицаааавоздивнува оптегнатата ципаоколу телото обвитканаѕирка таа „свидна мома“ *што сака и чекада пукне, да се распрснеда излезе од кожичкатаи да влезе во бесконечното око што гледаво сите, во сè.Од небесата млечниот патго цеди ѕвезденото семеврз нас и менеда ни дадеза да ни земе,слатката „вечна неизгор“ *невидливата видлива постојаностна името, на телотона челото запишанае историјата на ова што е.

ГОЛЕМАТА МАЈКА48

Page 50: Golemata majka-Eftim Kletnikov

3. Мермер и млеко:

Таа е целата од мермери млекого обвива облакотшто кружи тука тамусе насмевнува, легнува , заспивасонува и на сон зборува:ако некогаш, само некогашако го видитетој „ангелски убав створ“ *тоа и не е вистински сонами привид на тој„створ“ * зашто е насекаде,во сèво она што е над, поди во наси она што е вонвидливо и невидливо,темната страна на месечинатасе гледа од друго местотаму е „таа вечна неизгор“ *неодгатливата мамамамица,нашата бегалка.

49ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 51: Golemata majka-Eftim Kletnikov

4. Мед и восок:

Лежи затаена под пластови земјаи самата земја, чука нејзиното невидливо срцево потресите, во земјотреситего таи својот шумод зборови, а само пчелитесе гласници на тој зуј,го пренесуваат во сладостана медот залепен врз порите,заробени сме од тој „неизгор“ *нашата единствена, постојанавечната природа во суштинатана млекото, водата, изворотна Светата Мајканад сите мајки,тој збор Ленора,амалгам за затнатите пори.Медот се рони во восочни капки,нашата бегалка,таа што не оставиеве ја сега, н‹ идеда ги избрише нашите теласо бело вино,со бела крпа,да нè подготви да живеемеда не подготви да умираме„таа свидна мома,тој ангелски убав створ,таа вечна неизгор“ *

ГОЛЕМАТА МАЈКА50

Page 52: Golemata majka-Eftim Kletnikov

5. Една:

Течат извори од бело винопривид на жито, лебиспечен од нејзините зборови.Ги голтаме тие залацислатки, сласни , безтелесниги пропуштаме низзатворените усти,низ затворените очиги сложуваме во лисје од дуња,мириси крцливи се провираатдо дното доаѓаати отаде дуриво длабоката јамана темната колепкатопла од руното загубеноиде мамица, мамиидат, се редат во редедна стануваат,една „свидна мома“ *А Бимали се двоуми,„ние жените сме слабизатоа треба да учествувамево судбината на слабите“**Оваа шурка што предупредуваи мие.

** Рабиндранат Тагоре „домот и светот“ /роман/.

51ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 53: Golemata majka-Eftim Kletnikov

6. неизбежното:

историјата не запирапродолжува да се пишуваво ветерот ја носинасекаде, ова несопренооткритие за постоењетона тропањето на „портата од надвор“ *милата сенка не е загубенасамо е продолжена во височинатана свеста, нашата лична мајка,нашата убава севданашата љубена, загубена приказнаво вековите, времетокога„оние што своите желби ги свртувааткон друг свети ‹ даваат на сопствената желба само друга насока“**ме придвижува нејзинатаневидлива ракаме турка во загадочната темнина‘мекиот свет на густишот,трње боцливо, ранливонеизбежно, слатко.

ГОЛЕМАТА МАЈКА52

Page 54: Golemata majka-Eftim Kletnikov

7. Продолжен здив:

„Кој ли чука на портата од надвор“ *Влегува Геа со свитаод мажи,сопрузи, љубовници, синовивечните билаво нејзиното незаробено срцечукаат сите тиениз нејзините крвоточни жилии влегува реката на женатаво сите реки,во сите мориња,океани, се влева во небесата и паѓаврз врвовите, се протињаниз маглитеги гали облацитеги заведува, морнициги лазат,вечната мома е саматаТааврз која паѓаат ѕвездинебесни кристалисеме во нејзината најдлабокаутроба, центарот, семирот,рани.

53ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 55: Golemata majka-Eftim Kletnikov

8. Слатка напивка:

Толку многу луѓе во нејзинатаутроба,во утробата на земјатасокриени, неоткриенибогатства се множатсо нејзин благословизлегуваат и продолжуваатда им се додворуваат на облаците, на мојата семирска мајка,уште не сум роденаа живеам.Ги бројам нејзинитедецанејзината многудетност,млечно море од неасе точислатка напивка - медовинасе лепи врз уснитеженскиот сок на„тој ангелски убав створТаа вечна неизгор“.*

ГОЛЕМАТА МАЈКА54

Page 56: Golemata majka-Eftim Kletnikov

9. Многуимена:

Сите тие многуимениповторно откриениод длабочината на утробатана земјата,со ѕвезди во очите,со школки на бедрата,меѓу бутините излегуваатдецатасе вселуваат во иднинатамилите наши мамичкигердани разнижени низкосмичките небиднинидопрени од оплодувачкото семена мажите,милите наши родителиод дамнинаод неоткриените, сокриените далечиниги милуваме нивните земјени телателца добро испечениод оганот на сонцето,од оганот на пламенотсочувани сокриениво делчињарасфрлени во куќитево домовите на нашитесеќавања.

55ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 57: Golemata majka-Eftim Kletnikov

10. нејзините сеќавања:

Седи врз куќата со рацетепотпрени на покривот,го чува, го пазида неби одлетаоднесен од ветровитеод невремето, виоритена вековите, милениумитележат врз нејзината главасилна издлабена врскасо куќата, со тлотониз нејзиното телодо теметониз овој ходник се провира,моќта на мамицасо тлото и самата тлосо куќата и самата куќасо телото и самата телосо семирот и самата семир,користи ги моите сеќавањаза да ти помогнат,шепоти нејзиното земјено тело,теракота од сонце огреананиз огнови изогнетаи самата оган.„некој чука на портата од надвор“ *да ѕирне, да отвори сакада ја заштити,нејзиното телово сенката на куќатасе движи.

ГОЛЕМАТА МАЈКА56

Page 58: Golemata majka-Eftim Kletnikov

11. ние накитот:

накитена, восхитенаод сопственото постоење,шета нашата маманиз времето,го светка овој бакар,сребро, сокриен дијамантпланета, воздух, миро‘врз нас паѓа, не штити во длабокиот вулкан,во семоќната лава, го стега обрачот моќенврз невидлива главашто сака да ни ја покажедека постои, демнетаа закана врз нејзиниот род, породѕвецка нејзиниот герданда предупредида ни рече декасамо сето е сèа ние сме накитотшто таа го кали,ние нејзините децаовенчани од нејзината слава.

57ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 59: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА58

Page 60: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ОД ТКАЕЖОТ БИДНИНАПролетна мугра надрочи благовести го расчатали сред лавиринтоткон Светите порти

и би задуманост од голтки немирсред изнедрена вербаи утеха од молкот умнозборлив

Потем, јадровити јазливо ткаежот изнастрадана крепостпред којаниту трепна невина Богородице,ниту офна, Света Мајчице,а разделотмиризливо ти се додворувашеуште од почетокотна едно ново време

и дур со ѕвезди ти се полнеше утробата,неуморно вретено тенчеше преѓаод виножитна мајчина изгорада би мека простиркапод Лакмамаријкрај незгасливо кандилопред Светото Тројство

Павлина Климкар Меанџиева

59ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 61: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА60

Page 62: Golemata majka-Eftim Kletnikov

МАЈКАСтотина имиња измислилЕден човек.Од стотина луѓе заборавенонајсветото име!

Поетот вели:

Оди до крајот на сонот,А потоа сврти лево;ќе сретнеш седната жена.Речи и: Мајко!

Таа ќе ти се насмевне.нема да ти биде важнодали беше тоа твојата мајка!

Есад Бајрам

61ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 63: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА62

Page 64: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ДВАНАЕСЕТ ЗАПИСИ ЗА ГОЛЕМАТА МАЈКА1.

Таа е чуварка на светиот оган,заштитничка на домот,на добитокот рогат

2.

Меѓу нејзините колкови се нишажитното класје.нејзиното тело е сето питие и јасје.

3.

и зиме кога веќе снемува житотаа знае дека во плодот сувлетното сонце е скрито.

Влада Урошевиќ

63ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 65: Golemata majka-Eftim Kletnikov

4.

Кога на Месечината се пополнува круготтаа чувствува дека бабри и растеи сè друго.

5.

Сè на неатркалезно треба да бидезаради плодот иден.

6.

Од посатката земјена ‹ подаваат вода,во неа внесуваат плодовиза годината да биде родна.

7.

Со лелеави линиисе исцртани нејзините коси.и водата ист таков знак носи.

8.

Таа го знае календарот на Месечевите мении ги подучува на љубовдевојчињата пред да станат жени.

ГОЛЕМАТА МАЈКА64

Page 66: Golemata majka-Eftim Kletnikov

9.

нејзиниот триаголник го покажуваат на момчацитекога ќе дојде времеда им бидат протолкувани знаците.

10.

двете половини од годинатаги открива во ореовите јатки.Потоа ги прераскажува во гатки.

11.

Паѓаат ѕидовите и гори покривот сламенно нејзиното тело – доми натаму храм е.

12.

Таа под земја со векови може да дреме.Всушност – таа чека на гости да ‹ дојдеидното време.

65ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 67: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА66

Page 68: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКАГолемата МајкаГолемата песна

Големата МајкаЈа родиМојатаМалечкаМајка

МојатаМалечка МајкаГо родиМоетоМалечко ЈасГо родиМојотМалечок збор,Малечкиот зборЈа родиГОЛЕМАТАПесна.

Михаил Ренџов

67ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 69: Golemata majka-Eftim Kletnikov

СОНЕТ ЗА ГЛИНАТА(Големата Мајка)

1.

Срцето на планината –Мекоста на глината,Од која е создаденоВидливото и допирливото.

Господ ја замеси глинатаи Големата Мајка ја обликува,да му го чува родот и виделинатада го води низ мракот, низ темнината.

Оттогаш домот си го знаеме,Корените и темелите на домотСокриен во мекоста на глината

Оттогаш нè заштитува громот,Оттогаш Господ нè воздигналдо срцето на светлината.

ГОЛЕМАТА МАЈКА68

Page 70: Golemata majka-Eftim Kletnikov

2.

Светлината е Големата Мајка,Големата Мајка нè полеваСо златни зраци, со меки рацеи со Божја светлина нè огрева?

домот ни го топли, го греезатоа во него божевно сè е,Бог е во темелите и чардацитеБожевна е топлината од зраците

Се радува Големата Мајкана рожбите, на дождовитеи на плодовите, се радува

на зрната што никнати на капките кои бликаат,Со божја благодат нè наградува.

69ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 71: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА70

Page 72: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ПЕЕЊЕ НА ВЕЗИЛКАТАЖена бевСе заплодив од цвеќеВо цветен ден ве родив.

детството ви го извезавСо бели сончеви ружиМладоста ви ја извезавсо снопје момински очиБајракот ви го извезавсо караормански песни.

Кукавица бевКукав три години времедури ја везевСамо од питоми тревиСамо од ѕвездени пупкиСамо од небесни бои.

Мајка бевОд машки судбини страдави мајка останав.

Трајан Петровски

71ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 73: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА72

Page 74: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ЕА И ОГНОТна брегот Еа оган остава.никој од никаде дар да поземе –зад зрнца песок се утајува сиот свет,а Еа пред зрното.

Времето скротено в оборисо виме набрекнато за молзењево налети млаз избива.

Лактите Еа ги запрегасажни време да измери

Колку војни со времето поведеда се отвори капак камененискра да кукурига…да одблесне!

Му ја одзеде Еа тежината на кременотму ја ослабна силата.Среде светот оган запален,А Еа пред Оган.

Светлана Христова - Јоциќ

73ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 75: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ЕА И РАСАДОТзмија ја чува водата.

А требаше Еа да зацрпипрвобитна вода да изнесе.Водата да ја преуреди.

да влезе Еа вода да разиграземјата игра да прифати …Потопот ако се повтори?

на жртвен обред Еа се реши:

Срона зрна од рамотои извор откопа в утробана водата вода да нададе.и бескраен збор длабоко потфрли.

змијата сон ја повлече.

Повлече Еа бран – воден снопна плеќите носи.Жива вода да расади.

ГОЛЕМАТА МАЈКА74

Page 76: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКАна гради ми спиеУбаво детеСонувазаминувањеВо Безсетилните Височини

Го покривСо Светлинада не ми го откриеСтравотВо очитедодека се искачувадо големата опасностВо белината на неговата душа

Окото не ќе можеда го избегнеОгнениот прав и стравотОд црвените мугринад градот иБесниот молкВо јазикот Кирилски

Молитвата ме соочуваСо Големата тишинашто не се препознаваВо судирот

Душица Илин

75ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 77: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Со првата СлободаА веќе друга опасностГо заведува дететоздивеноОд Големата илузијаВо присвојување на Сонцетоза игра со Смрттаи вечната ранана Срцето

Со напор ја чувавЦрвената капкаи темниот ореолна Студенилата што доаѓаа

ГосподеЌе се случи лиЧудододека ја чекам зоратаВо очите иГолемиот трескотПравта што ми ја пресипаВо пепелта моја

ГОЛЕМАТА МАЈКА76

Page 78: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА- артефакт –

Овде е Таасо сончев прстен на ракатасо своја тајна во погледотво модро небо внушенаВо дамарот на тлотоздивот ‹ пулсира,од градите топло, миризбана мајчина душичка залисува.Мајчинско чувствово нас нежно протекува,грижа над рожбата надвиснува,мека дланка ја милува.

Плодност јужната лединанавестува,повеј топол ја прегрнува,во браздата копа,коренот вжилен да го охрабри,чувар, наткрилен над времетошто вистина огласува, ехото во бурен облак одѕвонуваниз потна измаглинаубавина оросува.

Мирјана Тренчева

77ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 79: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Таа вселенска Мајказаштитничка наша,малечка на око, со големо срцедуховна творба,без истек на силисеменка, капка небеснаво наша дланка извишува.Богинка од некое древно времесо вистината сопствена, наша нè соочува.

Таа, ѕвезда водилкаМајка совесна,на патеката на провевчекорот тетерав ни го позема,со дух без сенкасолзата в трепка ја крие,нè бодри, просветлува,сонот ни го охрабрува.

длабоко во меморијата на вековнејзиниот прелесен лике втиснат,во нас блескасонцето го маѓепсува.

ГОЛЕМАТА МАЈКА78

Page 80: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКАГолемата љубов така сака исамата рече својата рожба Таада ја множи тука ете тука

да се сродува потаму ееејсо свои чеда и потомци а Тиесо свои одеци и еха

од племиња низ оваа почваод вулкани сочинетаод воини и сердари дочувана

и самата би обожена симболикасо мајчинство низ вековиповод на македонското перо

Мајко на мајките Г о л е м и н оисклучителна си заемност ипрофана симетрија во изусти

Афродита на огледала сонуваубавина и проблест ухво твојата голема с е н к а.

Петар Наневски

79ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 81: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА80

Page 82: Golemata majka-Eftim Kletnikov

СОНОТ НА ГОЛЕМАТА МАЈКАТи старозаманска нефертитеиштар и Мајка ТерезаУбавина која од иднина доаѓаЖитејска просветлена молитваГолема плодна македонска мајкаРодилка и дарителкаСе отвараш како БогородицаГо примаш семетои ги преселуваш плодовитеод земјата кон небото:Сонови на нашите души …дрочни библиски билки

Илија Карајанов

81ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 83: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА82

Page 84: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ПРЕСВЕТАЗАКРИЛНИЦА Чудесија низ Огин и Божество - разгласува. Побаран дел од Господов збор - златорезен одѕун.дарежливост низ Слово и Мудрост - издигнува.Ослободена празнина од Светлиот лист - недопрен облик.Ѕвездоскок низ Сјаевина и заповеди - возвишува.загнезден гнев од Крилестиот гулаб - вртежна Молитва.Казнување низ Молња и Одблесок - исповедува.Растурен песок од даруван бериќет - просветлено семе.

Љерка Тот Наумова

83ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 85: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА84

Page 86: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОВОРОТ НА ГОЛЕМАТА МАЈКА1.

Мојата надарена утробаГранитна меморија милениумскаОдгледува корени низ вечностаПостојано низ време ‘рти семеТргнува во раст и развојда одржи опстанок и стебла извишуваСо огромна волја за зреење и создавањеи секое суштество со светлина облиеноМоја е материја, моја слика и симболикаи постојано ми возвраќа силно сознаниедека атомите од моето битие се множатВријат со наследни особини во природатаА од срцето на реката до сончевата патекаБлика од радост лика со љубовСо чувство за потврдувањеМоето второ јасСе манифестира во Светот со мое потеклоТоа е вистинската објавана мојата надворешности сонцето на моите желби ме крунисуваКако постоење без кое не може СветотОти јас сум мајката на сите мајкиЈас сум читанката на постанокотПрвиот глас и последниот спас.

Кирил Кангов

85ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 87: Golemata majka-Eftim Kletnikov

2.

изборот е ваш, судбината заедничкаОти многу малку работите за менеА работејќи за мене, вие работите за себезатоа што сè што ќе сторите денесПостојано ви се враќа во простор и времеи сиот ваш труд обликуван во делоМое е да го покажувам пред Светоти во ризница го редам и чувам за иднината.задоволни ли сте од тоа што го иматеОти можете лесно да го изгубитеВо зависност од лошата сигурностили ќе се пробудите во зазор времеОд невреме во Светот сè околу вриеи сега знам каде сум доведенана едно дробило, ронило, ситнилоКајшто ќе останат скаменети светлиниОд ѕвездите на сонот што го нема.некој ќе пристигне некогаш од некадеЌе побара праг и темел, стреа, писмо и јазикЌе биде прашан: која беше твојата мајковина?Разрешете ги сомненијата во себе сегаза да не ве вознемируваат подоцнаТака ќе стигнете до големото разбирањеи ќе научите да гледате со длабоки очии со длабок поглед ќе дојдете до вистинатадека последиците ја голтаат вашата среќа.

ГОЛЕМАТА МАЈКА86

Page 88: Golemata majka-Eftim Kletnikov

3.

Големото искуство зборува јасно:никој нема да нè разбере насдодека ние не се разбереме себеси.Постоењето треба грижливо да се негуваМнозинството е огромно како вистинаСобрано на едно место како траење.Тоа што го откривате за себе е многуТоа што го нудите пред Светот е малку.Ако мојата почва е ваша татковинаВие сте мој образ и мое достоинство.Страдањето е одлика на издржливостано не барајте генијалност во страдањето.Јас советувам а вие слушајтеАко човекот е мерило на сите вредностинеговата земја е терезија на мерката.исповеди за гревови не простувамОти јас сè пружам и сè издржувамА кој решил да ме дели со другТој влегол во пресметка со себе си.Кој нема да се избави од заблудитеЌе потоне во морето на илузиитеи последната вистина е најголемата казнаОслободубање од вината но и губење на душатаОти јас сè давам и сè земам.Јас сум почвата на која растеСмислата на животот.

87ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 89: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА88

Page 90: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ВРЕМЕ, ФРЕСКА(За Големата Мајка)

Гровнатите фрески на ВреметоОдраз се на будните закони на земјатана Човекот

зајазени од мемлатаОд ноќтите на подземните езераСевезден живите ангелиГласниците со лоши поракиКоњаниците исцрпени во двобоиСветците со мечови и кантаридворјанитедворските шутовиСо невини небрежни лицаГоворат со јазикот на сите предци

над нивРаскрилена како небонашата ПрамајкаСо загрижен погледГо надгледува светот

Војни без победнициПештери со нашите последни пораки

Ристо Василевски

89ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 91: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Врз ѕидовите врз укитот сталагмити(за живототза нашата убава смртза љубовтаза што ли?!)Бакарни посатки со дрочни шариСо миск на вино и некогашна отменостСкаски за Каините и АвелитеКаски од заборавените биткишлемови полни беласички белкиВоини прободени со копјаВечни стражи пред градските портиКрајпатни збигорени паметнициСо омји на прастари рицери и бојциСаркофази полни златоЧувани од љубовта на ретките поданици

Мумии заборавени од сеќавањетоКули од черепи и костуриМрши штотуку симнати од бесилкиПлоштади поплочени со надгробни плочиВрз кои небрежно гукаат гулабиМудри старци со Ахилови петицишто луѓето вешто ги открилеСемафори со збунувачки знаци...

Е да запре ова Времеда нè гушне нашата Прамајкаи да отпочине во својата младостОд дваесет и дваесет векови

ГОЛЕМАТА МАЈКА90

Page 92: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Ефтим Клетников

РИБА(Големата Мајка)

не крило и височинатуку крлушки и длабочинапосакавме ние.Оти сега за време на потопотдлабочината се искачуваа височината слегнуваи паѓа крилото во празнината темна.Само сината мисла на Бога е гранкана која може да се спушти тоа,но и над неа се искачуваводениот лик на постоењето.Риболик бива светоти огниште е водата.нејзе ‹ е доделен на чување огнот.Риба е сега Големата Мајкаи затоа исус и апостолите,седнати на бреговите на бескрајот,не ги фрлаат мрежите веќекако некогаш во Галилеја.Сегде се мрести икрата на Големата Мајкасекоја лулка е полна со неаи секој првороден плач.Превртена е длабочината нејзина,но не наопаку туку налице.

91ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 93: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Самото небо е сегатаа утроба плодна низ којаи Светиот дух мина во облик на риба,ја виде глината – икра од којабеа замесени нашите прародителии ги поведе од неа рибините јатаниз маглата сребрена на соѕвездијата горе.Така. А ние стуткани околу огнотво утробата на Големата Рибадишевме на жабри во икраташто треба допрва да нè исфрливо риболиката алелујанасекаде во бескрајот што грми.

ГОЛЕМАТА МАЈКА92

Page 94: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Фима Клетникова

ГОЛЕМАТА МАЈКАОд вечнот создаденасо многу лица и рацего опфаќа постоењетово траење.Жив здив вдахнува во семињатаги буди во браздитеза зелен скок.Магнет за водата и светлинатакамбана над олтарот на семкатавајарка на безброј облициго омајува и воздухотсо плодна маја.Во пролетните квечернинија подготвува Големата Свадбаза дрвјата - невести.затоа светулките се палат пеперугите го украсуваат просторота ластовиците ја разнесуваатРадосната Вест.Сè. и огнот го родиГолемата Мајка. Огниште е таа на која доаѓаати ѕвездите да се огреати тајните на срцето во зима.Раскошно зрно е Големата Мајкаво утробата на вселенатаи ништо нема да остане без хранаи во осама.

93ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 95: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА94

Page 96: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Петре Бакевски

ВОНВРЕМЕНСКА СРЕДБАСО МАЈКАТА КРЕПИТЕЛКА НА СУДБИНАТАСе сретнавме во глинениот поглед на времето - јас воколепката на болешливите воздишки, а ти возвишена, горделива,замислена, со истанчен поглед низ далнините, со двете стегнати раце вкоренети длабоко во печената земја - стамена, пркосна,цврста,смирена... О, севезден над мене си била, си бдеела надбессоницитезалостени во раѓањето, ах, будна чуварка си ми била надушата...

Треперев, треперев...

Тегобите ми ги топеше во мелем од пролетни цветови и омајни мириси, лек си ми била за осаменоста, утешителка на утехите, мрморен глас на молитвите, небесна крилестаптица над неспокојството, ведрина пред мојот болен крик нанаребренонебо од непогодици, последна издишка од оган пред дазгаснатголемите огнови на уништувањето...

95ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 97: Golemata majka-Eftim Kletnikov

заедно сме биле во тишината што си ја прилепила на глиненото лице на траењето... Те допирам да го стоплам студецот во мојата душа, да насетам тивичок глас од нечујни времиња зад изгорени шуми скриени, во згоретинки залегнати и во гламносани корени обездушени -молчиш, траеш, си ги скротила дивите ветрови во очите...

Треперам, треперам...

Ах, се смирувам пред твојата издолжена сенка од утринскиотзлатец, мугрењата се напојуваат од твоите две бистри езерца на животот, му командуваш на сонцето да ги засветли темнилата,мраковите и темјаните отаде скрбните планини на ноќта, од твојата мугренка на зорницата полетуваат јата птици од легушитена стравот и ширум ги разлетуваат белите облаци на слободата, времето го спојуваш во забревтано тихание во кое постојано се бараме и се преиспитуваме, те има ил‘ те нема, дал‘ си со менеили јас сум изгубен во привидот и во маглинките што часкум ми ги пуштаат мефиста со остри копја насрчени за пакости...

Треперам, треперам...

Ах, тишината е твоја заробеничка, ах, тоа е тишината на мојатанаморничава нарав со која стрелушно помислувам дека некој злоочнобдее и над тебе и подмолно и во злодоба ни ја одзема љубовта и ме трга од твојата топла прегратка на освоената верба. Тука си, ах, тука си во оживеаната глина на мојот неспокој, во ова безвремено време на нашата средба што во нежен допир со прстите на љубовта ти се оттргнува од изѕемнатото лице на голиот рид, од пејзажите што ми ги даруваш во бескрајот на глетката завиуличена во превалецот на праисторијата, ги гледам ѕвездите што денски те печеле на издржливоста оти некој и на оган и на вар и на камен и на небо и на земја и на глина и на стежната овошна гранка и пред потопите и по првиот грев треба да нè чува, о, да нè чува...

ГОЛЕМАТА МАЈКА96

Page 98: Golemata majka-Eftim Kletnikov

некој требало да биде мајка создателка, некој требало да ухнеживот, љубов и раѓање, некој требало да го оплоди дрвото на животот и сè да расцвета, да созрее и да сознание оти една е вистината – сè што првка, дише, крикнува, летка, мрда, сè што љуби и сака, сè што боледува и оздравува, сè што црцори и разветрува, сè што растревува, сè што жуборнува, од божјата мајка е благоустено...

знам, знам, па сепак, треперам, треперам...

Сè беше зачетие во големата оѕвездена утроба на твојатазамолкнатост - од земјата земја, од љубовта љубов, од мајката мајка и сè во твоите набабрени бедра беше задоено и зародено -огнето на домашното огниште разгоруваше со твојот лик,куќата се затемелуваше со твојата воздржана насмевка во танцотна тапанот и зурлата, се ѕидаа ѕидовите на твоите плеќи, на чатијатасо бели дарови од свилени и ленени кошули му се пееше на сонцетоза родот, за породот и низ твоето осончено грло се разлеваабилјур-гласовите на радоста, ах, покрив ќе ставиме, стреа, ќерамидикако топла постела во која ќе полегнат ѕвездите на пресоздавањето, огниште свое ќе имаме, своја куќа и своја земја,своја љубов и своја утеха, своја колепка, свои наслади во слачта на оплодувањето, о, сè се оплодува, ‘рте, првка и се пресоздава низ твојата галежна рака на благословието -човек си, создаден си за доброто, за големата љубов и за големотосакање, да ги скротиш лапавиците, луњите и фуриите, да ги смиришноќните рикања на дивите бранови по Прометеј во тебеоти несправедливата казна прошка има од ветровите,се рутат волнените небесни брегови на боговите и сè куражно ми стивнува во прегратките на мојата блажена мисла за тебе...

97ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 99: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Треперам, треперам...

О, во тебе сум, божице на мојата испечена глина на времетокаде времето до немај-каде во вечно траење го претвори. Во твојата крепителна мисла сум оти мисла за топла ткаенка од чувства ти постилам. Во твојата тишина сум оти таа е и земна и небесна тишина од која гргорат изворите на животот. да се верува треба, да се сака треба, да се љуби требало, требало,земјата се оплодува, небесата се пресоздаваат, ветровите на невидливиот одмин на времето кружат околу твојот сончев лик, го вајат, го резбаат, плтенка од радост и болка, загриженост и веселба, танц е тоа на раѓањето и процесија на воскресението, сè е завештено на твоето лице оти секој нерв ме буди во несонициво кои сонот си го барам во изгубената долинка на недорекот -постојам, дишам и гледам, подголтнувам, ги заврзувамразбрануваните мориња во мојата душа, животот во сенец ми врви,тихум болешливо одминува, офтикаво си одам, си одам...

зар на задна разделба се гледаме во печената глина со смрзнатпоглед во очите? зар толку беше нашата вонвременска дружба,додека ја ткаевме тишината на опстојбата, на нежни постапалки ја свилевме, додека срамежливо се ливкавме, притаено ги броевмеѕвездите на згаснувањето и ѕвездите на блештукањето, во молскавиците се криевме со пријурен трпнеж под постелата на исчезнувањето и се зарековме дека зад прилепените образи од изгрејсонца ќе постоиме во паметењето, во сеќавањето...Еј, заветен збор беше...

Треперам, треперам...

Така и бидна - ти си остана во глината над сите мои тажни летови, над сите искушенија, проскидби, распетија и просветлувања, сновиденија и виденија, одвреме-навреме утаено и самјачки низ вомјазен висулец од достаги те ѕирнувам, зад секое згаснатоогинче нова вител-светлинка ми потпалуваш, зад секој алов заодповтор ноќната тишина в душа на шарени веленца ми ја постилаш,

ГОЛЕМАТА МАЈКА98

Page 100: Golemata majka-Eftim Kletnikov

на луничав јаснец и во полноќна осама без прелага сакаш сè на испружена дланка да се види на двете пресретнати линии на судбината - зашто сè судбина било, сè судбина било...

и во разгорот на нашата оплодена тишина разѕвездена и присенетаво крсраце без глас молитвен и чуен да ми зборуваш, тихум-тихум, од боготворна прикрајка, во витли од таец, о, жив да ме чуваш во родот мој, о, божице земна, знам, сакаш вечно доварденида бидеме во раѓањата...

и треперам, треперам...

и знам, сè судбина било, сè е судбина наша времето во вонвременски молк што мајката крепителка ни го дарува. и нè теши, нè утешува...

Сите времиња во безвремето твое твои биле, човеку, еј, мој растреперен човеку во мене што трепериш на златнатагранка во виорот на животот! Ах, времето трепетка врз веѓиците на трепетот... Трепетка, трепетка со здивката на ветрецот од твоите очи, божице на молкот, божице на утехите... Секи ден во суморен наплив заеднички се дообјаснуваме во судбината што трае, што трае...

Вдишувајќи го будењето на пролетта залегната под клепките на мојата несоница

во пролетта 2008

99ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 101: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА100

Page 102: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Билјана Станковска

ГОЛЕМАТА МАЈКА(Сеприсутност)

Таа нагла побуна во тебе,таа осенета тивкост од тебе и таазанесена следба на сончевиот прелетзад поработ на небото и планината,се предодредбана твоето заминување.затоа појди сега, сину мој,додека копнежите како загариим се умилкуваат на твоите силни стапала,ноќум настрвени од здивот на сомнежот,ти го глочкаат сонот.Му се отимаат на се овдешно.Појди сега,додека патот е белата гривана твојата разиграна желбаи светот со прескок го мериш.

Таа нагла побуна во мене,таа осенета тивкост од мене и таавоскрената будност на срцето се предодредбана моето безконечно чекање, сину мој.

101ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 103: Golemata majka-Eftim Kletnikov

да те заштитам од сè што ти се заканува,да скротам сè диво во пресрет што ти иде,наутро сонцето го праќам на рамо да ти слета,квечерум го прибирам за тебе да го распрашам.Со мерата на мојата грижарадоста и страдањата ти ги мерам.Под твоите стапала дланките си ги постилам,само во освојувањето да те охрабрам. Од калта на крстосниците да ме препознаеш,Во правта на штитот патокази ти испишувам.

и неизместена од прагот, се наткрилувамво молитва за дожд и јадра светлина.Со сè оживеано да те пречекам.

ГОЛЕМАТА МАЈКА102

Page 104: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Раде Силјан

НАШАТА ГОЛЕМАМАЈКАГо отворам камениот ковчегОд него излегува темнинатаСо јазикот ме поткаснуваОд болки воздивнувамисчезнале споменитена сенишна перницаОстанала само потемнета сликаСо неа тишината ликува

Го отворам камениот ковчегВо него влегува зрак светлинаКришум се преоблекува телотоОд змиулеста кошула излегува лагатаСо насолзени очи читам:името на Големата Мајкана невидлив крст го распналеда ја чува нашата куќаОд зли очи и лоши духови

103ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 105: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА104

Page 106: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Веле Смилевски

ГО СЛИКАМ ПРВИОТ ДОПИР(Кажување на Мајка)

најпрвин детето ми ја подава ракатаи тоа е првиот допирна платното во жолто.

Потоа детето се смее и јас ги пребарувамсите можни нијанси на палетаташто доаѓа во бранови, згуснатои продолжуваат во виножитона завесата.

Од другата страна, крај стаклото,е сцената на која мавтаатсо марамчиња мноштво деца.

Раздалеченоста е прозрачна и еластична;сè зависи од боите,од моите независни впечатоциза нивната остринаво долгите копкањакрај стаклото.

105ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 107: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Преку едно небо што е окои што сака да ме примиво малиот простор на градинатасо отсјај на росаго сликам првиот допир.

детето пак ја подава ракатаи на платното остава мореод густа модра бојашто полека протечуваврз жолтото.

Едно поле моќно веќешто се подготвуваза својата плодноство некоја чудна пролетна платнотосе обликува.

ГОЛЕМАТА МАЈКА106

Page 108: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Вера Чејковска

ГОЛЕМАТА МАЈКАа мислам всушност на пчеличка, како слетува преднас во вистинскиот момент, изведува прекрасен танц, покажувајќи ни ги со движењата точниот правец иоддалеченост на најрасцутената гранка.

… и откога последен пат преноќи во својата куќаво кавадарци, утрото – навлегувајќи – и нејзиниотпоглед – излегувајќи – спокојно оставаа по еднакапка мед по секој цвет од тантелената завеса израчни крилца по празните места…

… а и јас липав, пчеличке, пчеличке!!! пред чуднотосветлинско саќе, свесна дека таа со својата крајнамисла се внесува во сигурната близина на баба ми и дедо ми, за повторно да нè заштити од грижа…

107ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 109: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА108

Page 110: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Катица Ќулавкова

ГОЛЕМАТА МАЈКА

„Јас сум таа. Почивам скрснозе а колковите ми надтежнале од животворност и се прошириле толку многу што се одделиле од менеи веќе не се само мои и не се само тука.Куќа цел свет мене ми е.Токму така:имам моќ да бидам на разни места во исто време.

Во постојан дослух со еротикатана творењето жив, а смртен свет - се претворам во книга на променитего менувам името, ги трампам симболитеи приказбите, луѓето ги давам кастингот го алтерирам но улогите остануваат!

Мене која општам со духовното ми приличи световното:земја и море, Луна и цибрина!О, каква противречност: да бидеш жена, начело на плодноста да носиш негативен, пасивен

109ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 111: Golemata majka-Eftim Kletnikov

предзнак, архетипски минус ритмични инсерти од смрт и од живот!

Кој дава, ако не оној кој има?Кој губи, ако не оној кој има што да изгуби?

Јас, матрица, матка, матерка, модра, мадра, мудра матрона од другиот свет (не, овој никогаш не ми бил доволен!)ти повелам: влези во моретоне мисли на немоќта оти никогаш не знаеш колку ќе издржиш и во болот, и во ужитокот

пливај до кајшто гледаша гледај далеку, секогаш подалеку јас глаголам задумно на ‘ртот зборувам на својот мајчин јазик (о, какво олеснување, каква удобност!) и сила ти давама не утеха!

После ќе гаташ над моите рецки над испрекинатата линија на судбатасрочена во 64 хексаграми на енигмата

а тој ќе вметнува во ребусот по некоја права, проста, прознаи позитивна цртичка. Машки синопсис!“

ГОЛЕМАТА МАЈКА110

Page 112: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Санде Стојчевски

ТААОд под облаците,од зраците,од страците ведрина,од самиот божји дахтаа го цеди,пред нас го редислачот. здрачотшто и сега се протегаод нас до светот,до оние што светатво својот сладок мрак,таа е зрак што пак и пакдо својот почетен зракво кој се крие,во кој сме ние,во кој нè крие нас.

и таа свети, таа е света,сета, па и секој нејзин делго содржи, го држи светот, цел.

Тоа е света цел!

затоа светот ‹ враќасè што од неа зел.

111ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 113: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА112

Page 114: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Весна Ацеска

НАЗАД ВО ЈАЗИКОТТргнав да го пронајдам јазичниот вруток,држејќи се близу до Млечниот пат,сиот сочинет од сламени одблесоцина недобројните заискрени зеници,деноноќно будни, деноноќно жеднида го прозрат безмерието,стврднати од предолго гледањекако петици што тупотат низ лето,како крлушки во скамената глинаод кои се одлушнале сончевиот сјаји вжештениот немир во виножитото.

Житото високо и занишано диво,воздухот преполн и плипотен зујрасеани со ленот низ порозното ситово широките дланки на Големата Мајканад камената маса од млада карпапред пештерата, пред цртежитеврежани во засенчената утроба,пресликани од желкин оклопна кој жегата длабела кротко и долгознак по знак од прадревна доба.

Желко, заборавена сестро,дребен потомку на диносаурусите,заборавен зачетнику на змејовитешто во приказните ги зачувале

113ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 115: Golemata majka-Eftim Kletnikov

пламенот во јазикот,светоста на огништето,жртвеникот во пештеритесо мовлести одрекувањарешките од твојот оклопсе реси на волшебен килимна кој ведра летам низ времетопо закривениот свод на веројатноста,од каде умножен докрајсиот бескрај е севезден на дофат,песните – соѕвездија што горат.

ГОЛЕМАТА МАЈКА114

Page 116: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Ристо Лазаров

МАЈКА КАКО МАЈКАНа Ратка

Мајка како мајка:и на јаве и на сонсевезден ги распетлува јазлите на судбината -тагата ја обликува во скулптура на молкота сиот вишок светлина му го испраќана синот единец во туѓина, да му се најде.

Мајка како мајка:секое утро запнува да си го продолжи соноттаман колку да му стокми појадок на синотпред тој да киниса на работа –троа нежни погледи, троа галежи,грска цреши (тие тука каде каде порано узреваат)и задолжително чај од мајчина душичка.инаку, синот сè сонува само вертикално,како и секоја нова надеж.

Мајка како мајка:додека чека на компјутерскиот екрансинот да ‹ дарува дневна доза најубави насмевкиво кожурка од свилена буба реди сè што се крие во неаи саде се чуди колку бил замрсен живототи колку време треба да се раздипли сето што се збрало во кожурката од свилена буба.

115ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 117: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Мајка како мајка:во мислите ги пребројува облацитетаму далеку, над Карловиот мост во Прагаи мигум ја збира цела Влтава во мајчина солза.над клепките ‹ се виорат снежните македонски висови.Сеќавањата малку и напукнуваати некако не ‹ се верува дека под мостот тече црвено вино, а никој не го пие.

Мајка како мајка:во вечното вркстување на животните линиистигнувајќи до синот стигнува до себе.

ГОЛЕМАТА МАЈКА116

Page 118: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Славе Ѓерѓо Димоски

ДОАЃА ГОЛЕМАТА МАЈКАВЕЧНАТА ДЕВИЦАдоаѓа Големата Мајка, вечната девица.Го раѓа Синот и тој нè обзема нас.доаѓа рибата да стане стварност, доаѓаневерниот Тома. Воздушниот крстВоскреснува, засекогаш. доаѓа Огнотда ја исчисти земјата од гнилата смрдеж...

Господе, Ти не си Ти. Ти си сомнежВоздушен престол и душевен спор!

117ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 119: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА118

Page 120: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Борче Панов

БРОЈАНИЦАко еденштона илјадаповторноќе се родинекогашпак би можеласерќна да бидамтокмуко сегани велеше старамајкакогана крупнатакилибарна бројницазаедносо сите живии мртвиво семејствотоси ги броешеизбројанитеденови

119ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 121: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА120

Page 122: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Ирена Павлова де Одорико

ИЛИ – ИЛИ ГОЛЕМАТА МАЈКАили – иливо собата на родилкиневидливана двобојсо духот на тако ми

„Жилав залак на времето,една смрта многу умирања“

Џвакам болка со вкус на раѓањесо вкус на земјауста полна земја

Црвите ги одвраќам од намератаим велам : „Раѓање“

измислувам евангелиешто не постоиза да се спасамза да кинисам со овие две нозераширени нејакиРазлеана вода

121ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 123: Golemata majka-Eftim Kletnikov

чекорам по неакако исусем крв ем водалук и водакрст и лукпротив плачотпротив причината за плачна Првороденото

или – или ....2

направив ли злосторза мигпосакав светотда издивнеи сите воздишкида ми бидатподарени менена ова телонафора за причеснаприготвенасо крвави ракавици

„изгреј сонце, сонце излези“повторувави ти се отвори вратажолто слепило ми го засени видотне те видовте допревтоплинаразорувач на о гневоттишинапразен сад за солзисестри на милосрдието

на деснава градамолитвишнемушто

Оставам браздиврз отпорни дланкина двојникот Јосифов

ГОЛЕМАТА МАЈКА122

Page 124: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Сузана В. Спасовска

ТАЈНИТЕ НА БОЖИЦАТАМАЈКА1.

Ти најдобро ме познавашОднатреКаква што ни јас не се познавам

Ми ја познаваш внатрешностаСекое катче на утробата

Срцето што биело над тебеи со кое си го усогласувало своетоСи учело како се живееВо водаКако се лебдидури си мало и врзано

Си ги испитувало ѕидовите на маткатаКолку се издржливиКолку се непропусни

но сепак звукот мојГласовите моиОти од мене извиралеСи можело да ги чуеш

123ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 125: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Си учело да ги препознаешдека се мои

за да бидеш посигурно

Ори само тој глас, оти само тој звукдоаѓал однатреСè друго ти било туѓоТи идело однадвор

Си било заштитено

Сè до оној момент додека не ти станало тесно во телотоПоточно во оној дел од телотоКаде што ти се зачналоКога било време своето мало телоОна во кое си билоОна во кое си порасналоТолку колку што си можело

ГОЛЕМАТА МАЈКА124

Page 126: Golemata majka-Eftim Kletnikov

2.

Потем ме виде и однадворОнаква каква што и јас се познававно со тебеСè уште учам за себеза секој милиметар на својата кожаза секоја бемказа секоја лузнаУчам за новите лузништо не постоеја пред ти да се појавишза секоја променаза секоја брчказа секоја пораУчам да гледам со твоите очида се гледам онака како ти што ме гледашУчам како да се сакамВака подновенаи самата на себеси непозната

А учев и како да те хранам со светлинаОд очите како се храни со светлинаЈас од твоитеТи од моитеи како таа светлинаВо љубов се престоруваКако таа љубов ми ги полни градитеи од нив бела светлина како потекуваБела љубовБело млекоОд боските што ми течеСè дури не сфатидека и млекото е водаОнаа изворска во која се прекршува светлинатаВо која можеш да се огледаш,Како во мене што се огледувашОти моите очи се река непресушназа тебе што течеи те пои

125ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 127: Golemata majka-Eftim Kletnikov

да не ми те исуши стебленцетода не ми ти прегорат очичкитеза и тие вода да станатво неа твојот љубен да се огледаТа да види колку си убаваТа да види колку си убавКолку е убава суштинатаОти секоја река има свој извори секоја вода во очитеОд некаде извираОд вечниот пламенОд оној што мама ти го чува да не ти изгаснеСо дланките што го штитам од ветришта и виулициОд полави големиОд громови гласнида не ми се уплашишТа да ни згасне светлинатаво градитево очитеТа твоитеТа моите

ГОЛЕМАТА МАЈКА126

Page 128: Golemata majka-Eftim Kletnikov

3.

А за секој чардак диреци требаатУбави темелиздрави стапалаизвајани пискидо кои се допираш кога проодувашдури се потпирашСтебленцето да се исправиАко пак се срушиАко пак потклекнеВетките ќе ми те подзематГоре ќе ми те подзематГоре ќе ми те кренат во крошнитеда видиш како е да се гледа од високоКако е да се гледа надалекуза и ти да побрзашда научиш некаде да вишишнекаде да растеш

127ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 129: Golemata majka-Eftim Kletnikov

4.

Тајната, пак на храмотОној од кој излезеОној што прво го знаешнајнакрај ќе ја откриешОднатре ќе го почуствувашТогаш кога и ти ќе научишВо својот храмСветлината да ја одржуваш

ГОЛЕМАТА МАЈКА128

Page 130: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКАГолемата Мајка стоиналактена на прозорецот,медитира на точкатаво која се поттурнуваатмракот и светлината,каде се разбиваат настанитееден од друг.Си мисли: сешто тече,а сепак, ништо друго немаосвен јас сама - сошиена:пола простор -пола време.Ја префрла тежинатаод едната на другата ногаи гласно мрмори:

Каде ли е тој бескрај...

Потоа оди да го подгрее ручекотза децата што секој моментќе се вратат од училиште.

Наташа Бунтеска

129ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 131: Golemata majka-Eftim Kletnikov

130 ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 132: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА 131

ЗАБОРАВЕНАТА БОЖИЦА

Очајната старица,во бара заробена,од шеметот истоштена

Со левата рака кон шамакот замавнува,десната кон небесата ја подигнува

но безуспешни се обидите да се оттргне од прегратката на безмилосната мил

Не ме бара веќе никој тука,туку на кои ли ридови играатчистите ќерки на вознесените

И какво ли семерасфрлаат бодрите синовипо долините?

Ех, ех, ех!

И ехото на величието исчезна,и калта ми е легло,и заборавот ми е дом!

Јовица Тасевски - Етернијан

Page 133: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА132

Page 134: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМИОТ, ГОЛЕМАТАИЛИ ГОЛЕМ МАЈКА

небески тела паѓаат бијат по цицките

на големата мајка

однивне тече млеко

Таа нема кого да храниживее на врвот од ридоти можебисе лечи од офтика

волшебно,како половина

месечинана пладне

на чијхоризонт се издигнува

(купола; купола;купола)

кула

Емил Калешковски

133ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 135: Golemata majka-Eftim Kletnikov

и сè уште носи гаќибелии од децатаја крие тајнатаза настанокот на вселената

големиот БЕнГ!таа црна дупка

ГОЛЕМАТА МАЈКА134

Page 136: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Flashback NocturnoНа Вера

I

ноќ

низ бетонската тајга на градотСе движам облечен во сивост

Бетонската матка на градотМе чува мене,Пијаниот фетус на тагата

Dead can dance i Song of Sibyl.

додека кафето во New ageпополека се лади,се претворам во лентана меланхолични сликикоја се одвртува наназад.Тагата е сируп во мали порциишто н‹ е препишан за цел живот.

Душко Крстевски

135ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 137: Golemata majka-Eftim Kletnikov

II

низ вековите од каменниз вековите како камен

„ Се сеќаваш ли Карла,на дебелата црна жена од племето во Африкакоја можеше да оплоди нива со своите солзи.Се сеќаваш ли Карла, на другата,Кога крв и течеше наместо солзи,а нејзиниот лик го гледаа во дрвјата и карпите.Мексико отсекогаш било чекор поблиску до Рајот,и само за нијанса подобро од пеколот.

заедно гледавме телевизија,кога ти изјави дека ти доволно си живеела во овој град,каде душата ја оставаме по црквите и манастирите,повеќе како на изложба,отколку на покајување.

Карла, и ти и јас знаеме дека повторно ќе се видиме,нашите животи се веќе откупени од екипатана некоја сапунска операОбјективот е веќе наместен,режисерот дава знак:

Почни да плачеши голтни ја пилулата

ГОЛЕМАТА МАЈКА136

Page 138: Golemata majka-Eftim Kletnikov

III

низ вековите од каменниз вековите како камен

„Богородице мила, чувај ме од злоБогородице мила, чувај ме од злоБогородице мила, чувај ме од зло

Плачам за себеси и не молам за прошкаТуку за бришење на меморијатаништо да не ме потсети колку грешев“.

137ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 139: Golemata majka-Eftim Kletnikov

IV

Подоцна, истата таа ноќ

ноќта е отсуство од смеаи присуство на гласови.

додека ја оставам полуиспразнетата чаша со виноСе потсетувам на денот пред дваесет и кусур годиниКога мајка ми ме однесе на лекар.докторката ми даде инјекции,а јас нејзе солзи.

Беше пекол преселен во јулско пладнеЖената од малиот монтажен дуќан за соковиБлизу железничката амбуланта, ми даде сок беспари.имав голема температура, а мајка ми не го носеше паричникот.на раце ме донесе до болница, додека јас бладав во бессознание.Тогаш уште не бев крстен,Богородица ме чуваше,а мајка ми ме носеше во болница, заборавајќи ја навредата моја од претходниот ден,како и илјадници други коишто ќе следат потоа.

ноќта е простор за прибирање на тажните.Тие чекаат на влезот на квечерината,Јас заспивам на масата со платената сметка до мененаместо ќебе за покривање,километри далеку од детството и мајка ми.

ГОЛЕМАТА МАЈКА138

Page 140: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА1. изнедрување

Почнато е !Татнеж го наразуваништотои ги прибира темнинитена причесна.напукнува отсутноста,се отвараат празнините,како раце се подаваат светлините –млади, а сепак подревни и од вечностаглеј –галат, милуваат, допираат,сврзуваат и разврзуваат.

Одеднаш -повторно татнеж!„Еве го Човекот!“извикува Богсо калливи раце и длетосè уште врело.

Како презреана смокваедна утроба тогашотаде балдахинотсе истркалува и распукнува

Филип Клетников

139ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 141: Golemata majka-Eftim Kletnikov

полна судбина и смраморен огин.„Еве ја Сенката!“извикува Таа.

Еве ги:Човек и Сенка,сè уште младиа глеј, им итаат во пресрет:постоење и небиднина –еве ги...

ГОЛЕМАТА МАЈКА140

Page 142: Golemata majka-Eftim Kletnikov

2. исчезнување

Ти добро знаешГолема Мајкокако се рони космосот,ти добро знаешГолема Мајкооти ние сме неговите ронки,сронувајќи се полека, лебдечкинаразувајќи го твоето телоко снегулки туѓинецотв маѓосан честак што го гонаткајшто сè почнува одново –исчезнувајќи!

Ти добро ја знаешГолема Мајкотајната на тркалотонеуморно што ги придвижуваживотот и смртта,неумоливо што ги прибира противречноститенараснувајќи и нараснувајќиод нивната леплива тварко окото на бесконечноста.нашите зеници не можатда го издржат тоа.

Ти добро знаешГолема Мајконегде клучалка тоа тркалодека имазад која се крие посветената арка којакрај ќе стави на сèи почеток на сèЧовекот што ќе го раздели од СенкатаОгинот од Гранитот.нели еднаш со блесокот од тој клучне мамеше во белината на твоите гради(нашето Сè и ништо)еднаш кога се поревавмепротив твоето млеко?

141ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 143: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА142

Page 144: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКАТаа нема име:

Односно го прикрива името со некакви симболи.

Во парталави алишта ги сокрива недостатоците нарапавата кожа,прекриени со историјата на вековите под своитеискушенија.има брчки околу очите.Во нив е сонот на предците и нивните искушенија.

Ја запишува историјата на моите предци.

Сите наши сенки се заковани во нејзините маслинести очи.

ноќта кога прооде Големата Мајкаво дневната соба на куќата на мојата надежвоздишките на иднината се воздржаа од грижите

на износените минути.

***

Сега,ги зашивам речениците во старите зборовии полека газам по пожолтените години на сеќавањето.Бегам по зборовите без метафори.

Драгана Ефтимова

143ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 145: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Сега повеќе не се присетувамна побелените погледи од стравзаковани во полната месечина.

Сега се одвојувам од Божјиот здиви дишам заедно со ударот на крилјата од пеперутката,во закованата прататковина на мечтите.

Се одвојувам од каменот на мудростаи сите небесни бури на денотпа талкам по работ на планетата

патувајќи низ своите спомени.Го чекам отчукувањето на зоратаи раѓањето на новата Мајка.

ГОЛЕМАТА МАЈКА144

Page 146: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКАПо врзанасо папочната врвцаза домот.Божица персонифицира

на во изглед на жена. Совр шени обли ни

совршено обликувани низ своитерабови. Архитектура на животородноста. Големата мајка – серодителка,култ на плодноста. Мајка на мајките.

Елена Пренџова

145ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 147: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА146

Page 148: Golemata majka-Eftim Kletnikov

КИБЕЛА, МАГНА МАТЕР. 0.1Ме откопаа ноќта со месечина прегризена од бебепа почнаа да ја вадат калта од десното окои ја симнаа честа на моето тело

но Атис сè уште го нема.

Споив сè што острото сечило на мажите разби:разделени села, отпетлани реки и развеани стебла.

Ги дарив смислата и смртта со сонливост и живостдевственоста на блудната жена ‹ ја вративнебото го сошив распарано од громот

но Атис сè уште го нема.

Од моите глинени дојки се опијаградскиот блок и кралството од мермер и метал.

Пресилно го скорнавте стракот на мојата коса од треваи свршивте за последен пат со вашите коскиво моите бедра.

Ви ги отшепотив сите познати тајнии моето камено срце престана да чука.

и Атис повторно го нема.

Давор Стојановски

147ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 149: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Ме откопаа ноќта со месечина прегризена од бебепа го искупија од мене и животот и сонотза сметка на земната смисла и бесконечноста на смрттаи сè уште ја чекаат мојата завршна алхемија.

не вадете ја повеќе калта од моите очи!Отсега не сум ви мајка!

ГОЛЕМАТА МАЈКА148

Page 150: Golemata majka-Eftim Kletnikov

СЕРОДИТЕЛКАКога зборовите го губат своето значење,останува нештопроникнато од вечностакое е сетилно и симболично.Стварност која опстојуваод неолитот... од живототпред илјадници години ...Совршено си извајана...дури и времето застана,восхитувајќи се од твојатаретка убавина на женасо цилиндрично тело,врежани кружни очи,веѓи, нос, косаприбрана во необична фризура,а околу вратот накит.Во твоите раце е сиот свет,а во твоите очи светлината.Ти молчиш, а тишинатате издава, ништо не зборуваш,а премногу кажуваш.Бессмртниот принципна времето кое не поминува и просторот кој постоие во силата и моќта,

Славица Урумова

149ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 151: Golemata majka-Eftim Kletnikov

во вечностана Големата мајкаприсутна во домот,во светлоста на топлинатаи огништето.зарем нашата куќаркане наликува на кутивче,со поклопка одозгора,во кое се чувствуваме заштитени.Па и во утробата на жената,на Божицата Мајкасе сочувува она што допрва треба да се роди,бидејќи утробатае првиот човеков дом,а подоцна преграткатаи скутот на мајката.Телото станува дом за душата,а небото е негов прозорецниз кој проаѓа виделината,па полека почнувада го доживувапросторот и да го освојуванадевајќи се дека секогашпозади затворените очиќе има чаша топло млеко,нежна мајчинска преграткаи пријатна аура од копнежотза безпрекорен сон,за внатрешен мир.

ГОЛЕМАТА МАЈКА150

Page 152: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА БОЖИЦАПред тебе покорност барам,пред боговите славам,Ти ликот на мајките го носишод дамнини твојот облик пламенете излеан и скаменет.

ненадживеано, невидено суштество,о, жено со изобилие си полнао, жено од храброст си небесна молња,мајко на животворностасо утеха спас ни нудишод смртта душата ни ја будиш.

Ако твојата глава божице,го допира небото плодоносно –ти ги поиш полињата.Ако твојата утроба божицебрзи води излева –невидено суштество се раѓа

О, твоите нозе итаат беснона куќата темел да бидат чесно.на твојот врат тогаш се обесувакандило што чади,а малите рачиња го чуваатво покривот од утробата да не се вади.

Слаѓана Атанасова

151ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 153: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Божице жртво, мајко жртвоФортуно, цветна главородилко на потомствона плодови умни и бесни.

Ги лулаш децата и во сигурностчовештвото го ставаш,ги храниш поколенијата страдништо адети ќе чуваат гладни...

невино постоиш, со мудрост си полначедо на самата себе,Раѓаш делови од себе,души нерасонети, од космосот гонети.О, Фортуно на отсјајот,Фортуно на бескрајот,Фортуно солзошто ги жалиш болните,што ги доиш гладнитеи што ги закопуваш мртвите.

Маченичке во устата твојакрв црвена врие,во коски претворенасо живост и заштита облаготворена.

Смртта ја сокриваш,кога повторно со земја нè покриваш.

ГОЛЕМАТА МАЈКА152

Page 154: Golemata majka-Eftim Kletnikov

МАТЕЈА МАТЕВСКИ

Поет, литературен и театарски критичар,есеист, преведувач од шпански, фран-цуски, руски. Роден 1929 год. во истам-бул. завршил Филолошки факултет воСкопје. Работел на повеќе раководниместа во областа на културата. Предавалисторија на светската драма и театар наФакултетот за драмска уметност воСкопје. Бил уредник на „Млада литера-тура“ и „Разгледи“, претседател на дПМ,на Советот на СВП и претседател на ма-кедонскиот ПЕн – центар. Член е наМАнУ и дописен член на северноамери-канската Академија на шпански јазик,како и на Словенечката академија. до-битник е на најпрестижните награди воМакедонија, како и на повеќе значајнимеѓународни награди. Автор е на двае-сеттина поетски книги. неговата првастихозбирка „дождови“ ( 1956 ) го внесена големата врата модернизмот во совре-мената македонска поезија. други по-важни стихозбирки: „Рамноденица“,„Перуника“, „Липа“, „Раѓање на траге-дијата“, „Црна Кула“, „завевања“, „Внат-решен предел“, „Ветерот и градот“,„Елегии за тебе“... неговата поезија е пре-ведена на над дваесеттина јазици во све-тот.

СЛАВКО ЈАНЕВСКИ

Поет, раскажувач, романсиер, сценарист,сликар (Скопје 1920 – 2000). завршилтехничко училиште. Бил директор и гла-вен уредник на „Македонска книга“ иуредник на списанијата „нов ден“, „Со-временост“, и „Хоризонт“. Бил член наМАнУ, претседател на дПМ и на Сове-тот на СВП. добитник е на врвни лите-рарни награди кај нас. Познат е какодетски писател ( посебно бајката за деца„шекерна приказна“ ). Поважни прознидела, романи: „Село зад седумте јасени“,„две Марии“, романескната трилогија„Миракули на грозоморноста“, како ициклусот романи за Кукулино. Поважникниги поезија: „Леб и камен“, „Евангелиепо итар Пејо“, „Каинавелија“, „Окованојаболко“, „Астропеус“. Преведуван е наповеќе јазици во светот.

БИСТРИЦА МИРКУЛОВСКА

Поет, раскажувач, писател за деца, пре-ведувач од словенечки. Родена 1930 г. воСкопје. завршила Филозофски факултетво Скопје и постдипломски студии одобласта на македонистиката. Работелакако професор на Филолошкиот факул-

КРАТКИ БИО – БИБЛИОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ ЗА ЗАСТАПЕНИТЕ АВТОРИ

153ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 155: Golemata majka-Eftim Kletnikov

тет во Скопје. Била лектор по македонскијазик во Брно, Чешка. Поетски книги:„Цвеќенца“, „Празнични виделини“,„Пре кршен лет“. Автор е на романот задеца „Клучарчиња“, книгата раскази „Ви-ножито“, како и книгите бајки „Ѕвездена“и „Виделина“.

СЛВКА МАНЕВА

Раскажувач, писател за деца, преведувач(Скопје 1934 – 2010). завршила Фило-лошки факултет во Скопје. Работела какогимназиски професор. Книги раскази задеца: „Приказни без крај“, „Од дедо Мар-ковото торбуле“, „Климент Охридски“.Книги сказни: „Џиџа“, „Камчето на сеќа-вањето“, „Волшебниот лифт“, „Виножитошто пее“, „Ѕвездени перничиња“.

ГОРДАНА МИХАИЛОВА – БОШНАКОВСКА

Поет, прозаист, есеист. Родена 1940 воБитола. Била уредник во Македонскатателевизија. Поетски книги: „Времето гонема“, „Писма“, „нордиски љубовници“,„Њујорксон“, „Планини од картонскикутии“, „Пораките на далечините, „Тол-кување на морето“. Книги раскази: „Бос-форско лето“ и „Потрага по приказна“.добитник е на наградата „Браќа Милади-новци“.

ПАВЛИНА КЛИМКАР – МЕАНџИЕВА

Поет.Родена 1949 во Велес. завршила Фи-лолошки факултет во Скопје. Работелакако професор во родниот град. Автор ена дваесетина книги поезија: „Тивнеења“,

неразделности“, Тишина што се слуша“,Жежок ветер“, „Голтач на огнови“, „Устаполна светлина“ и други.

ЕСАД БАЈРАМ

Поет, раскажувач, преведувач од турски.Роден е во Охрид 1934. завршил Вишапедагошка школа во Скопје. Бил опште-ствено – политички работник. Поважникниги поезија: „Плетенки“, „дневни про-шетки“, „Баждарина“, „Вечерни про-шетки“, „Палата на душата“, „Ѕвезденибакнежи“, (поезија за деца). Книги рас-кази: „Аливели“, „Пеливани во кујната“.

ВЛАДА УРОШЕВИЌ

Поет, раскажувач, романсиер, книжевени ликовен критичар, есеист, антологичар,преведувач. Роден во Скопје 1934 г. за-вршил Филозофски факултет во Скопје.Бил доцент на катедрата за општа и ком-паративна книжевност на Филолошкиотфакултет во Скопје, потоа редовен про-фесор. Член на МАнУ. дописен член наакадемијата во Луксембург. Поважни книгипоезија: „Еден друг град“, „невиделица“,„нуркачко ѕвоно“, „Ѕвездена терезија“,„Хипнополис“, „Панична пла нета“, и други.Поважни книги раскази: „знаци“, „ноќниотпајтон“, „Лов на еднорози“, „невестата назмејот“. Автор е на десетина значајни книги,есеи и критика за македонската и светскаталитература. Составувач на повеќе значајниантологии на македонската и францускатапоезија. Посебен специјалист за надреа-лизмот и фантастичната литература.Преведувач на Бодлер, Рембо и другизначајни француски поети. добитник нависоки литературни награди и призна-нија. Преведуван е на повеќе јазици воЕвропа и светот.

ГОЛЕМАТА МАЈКА154

Page 156: Golemata majka-Eftim Kletnikov

МИХАИЛ РЕНџОВ

Поет и преведувач. Роден 1936 г. воштип. завршил правен факултет воСкопје. Работел во нУБ „КлиментОхридски“ во Скопје. Автор е на дваесе-тина поетски книги: „иселенк на огнот“,„ноќно растење на зборот“, „на работ одсонот“, „Страв“, „Полноќ“, „нерези“, „Фе-никс“, „Псалми“, и други. Автор е и на не-колку книги за деца. Од неговитепреводи е познат препевот на македон-ски на епот „Голгамеш“. добитник е наврвни награди и признанија. двоен до-битник е на наградата за поема „ГригорПрличев“.

ТРАЈАН ПЕТРОВСКИ

Поет, раскажувач, романсиер, публицист,преведувач. Роден 1939 во с. Арбиново,охридско. завршил правен факултет воСкопје. Бил амбасадор на Р.Македонијаво Турција, Саудиска арабија, Обединетиарапски емирати и Египет. Поважникниги поезија: „и падина и гороцвет“,„Опаленик“, „Водици“, „Анадолски вет-рови“, „Беседење по дервишки“ и други.Книги раскази: „Време литово и ажде-рово“, „Смалување на човекот“, „Житијакараормански“. Романи: „Асхаровци“,„заклетва за простодушните“, „здравицаза потомците“, „дервишки прстен“ идруги. Автор е и на книги за деца. добит-ник е на повеќе литературни награди.

СВЕТЛАНА ХРИСТОВА – ЈОЦИЌ

Поет, есеист, писател за деца. Родена 1941во Ресен. завршила Филозофски факул-тет во Скопје. Работела како новинар воРадио Скопје. Била претседател на дПМ.Сега е претседател на Меѓународната ма-

нифестација, Македонски духовни ко-наци и главен уредник на списанието„Портал“. Автор е на дваесетина книгипоезија, меќу кои: „Калесница“, „Скршенковчег“, „Самечка ќелија“, „Хагада“, „Бес-мертна“, „Поетски устав“, „Големата мо-литва“, „на ште срце“ и други. Автор е нанеколку книги за деца. добитник е на на-градата „Браќа Миладиновци“.

ДУШИЦА ИЛИН

Поет. Родена 1944 во Тетово. завршиласредно образование. Работела во Маке-донската телевизија. Сега живее и твориво Белград. Автор е на десетина книгипоезија: „Фреска на срцето“, „Сизифина“,„Ветер во кафез“, „Толкување на стравот“...

МИРЈАНА ТРЕНЧЕВА

Поет и преведувач. Родена 1939 г. во дел-чево. завршила француски јазик и лите-ратура на Филолошкиот факултет воскопје. Работела како професор. Автор ена повеќе книги поезија: „Стебла“, „Про-стори“, „Галерија“, и други. Од францускиго има преведено Пол Валери („Ме-ланж“).

ПЕТАР НАНЕВСКИ

Поет и сликар. Роден 1935 во с. Ваташа –Кавадарци. завршил Педагошка акаде-мија. Работел во музејот во Кавадарци.Автор е на петнаесетина книги поезија,меѓу кои: „Починка и врвици“, „Галии низзумбулите“, „Сликар меѓу ѕуници“, „Грчотна Лаокоон“, „Фрлач на дискови“, „Хе-тери, музи и мајстори“ и други.

155ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 157: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ИЛИЈА КАРАЈАНОВ

Поет, есеист, критичар. Роден 1943 г. воГевгелија. завршил Филолошки факултетво Скопје. Работел како професор во род-ниот град. Автор е на стихозбирките:„Сончогледово око“, „Цветови на слобо-дата“, „Полноќен сонопис“, „Сономорје“,„Слики од југот“, „зорници во сонот“,„Сонети без почеток и крај“.

ЉЕРКА ТОТ НАУМОВА

Поет. Родена во дарувар (Р. Хрватска).Економски факултет и постдипломскистудии завршила во Скопје. Магистер наекономски науки. Поетски книги:„шепот на љубовта“, „далечини“, „При-звуци“, „Серафимово око“, „Раскуменовреме“, „допирна точка“, „измирска па-тека“, „Светлина очекувам“, „дождот јаноси вистината“, „Вријеме које виче нијемоје“ (загреб, 2005), „Потиснуте пара-леле“ (загреб, 2007). Преведувана е на по-веќе јазици.

КИРИЛ КАНГОВ

Поет. Роден 1948 во Гевгелија. завршилправен факултет во Скопје. Автор е напоетските книги „Вардариум“, и „Вардар-ско време“.

РИСТО ВАСИЛЕВСКИ

Поет, есеист, критичар, преведувач.Роден 1943 г. во с. наколец, Преспа. за-вршил средно стручно училиште. Живееи работи во Смедерево (Р.Србија). Член ена МАнУ. има објавено дваесетина

книги поезија меѓу кои:”шепоти“, „Тол-кување на патот“, „Големи и други ра-боти“, „давање облици“, „Болна куќа“,„Плодород“, „Пофалба на адот“, „Толку-вање на храмот“ и други. Автор е на не-колку книги за деца. Преведувач иафирматор на македонската литератураво Србија. добитник на наградата „БраќаМиладиновци“. Преведуван на повеќејазици во странство.

ЕФТИМ КЛЕТНИКОВ

Поет, есеист, критичар, преведувач, анто-логичар, писател за деца. завршил Фило-зофски факултет во Скопје. Билди ректор на СВП. Автор е на дваесетинакниги поезија меѓу кои: „Модер вир“,„зраци и самраци“, „Гласови“, „Триок“,„Белутрак“, „Тој провев космички“, „Жи-виот камен“, „Гоја на пат за алба“, „не-скажливо“, и други. има објавено книгасо бајки „Тајната на златниот цвет“ и дра-мите за деца и млади „Среќниот принц иластовицата“ и „Цар Салтан“. има соста-вено неколку репрезентативни антоло-гии на македонската поезија востранство. Преведува од француски,руски, словенечки, српски, бугарски. до-битник е на високи награди и признанијакај нас и во странство. Преведуван е наповеќе јазици.

ФИМА КЛЕТНИКОВА

Поет. Родена 1948 г. Во Скопје. Студиралана правниот факултет во Скопје. Гиобјавила поетските книги: „Глина исонце“, „ден испратен од небото“, „Обо-ени тишини“ и „небо“.

ГОЛЕМАТА МАЈКА156

Page 158: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ПЕТРЕ БАКЕВСКИ

Поет, раскажувач, романсиер, драмскиписател, театарски критичар. Роден 1947г. во Кавадарци. Работел како новинар,театарски критичар и уредник. Бил пре-тседател на советот на СВП. Поважни по-етски книги: „Пат до летотот“, „Крикотна паунот“, „Лицето на времето“, „Сен-ката на сонот“, „Живи ѕвезди“, „Сто со-нети“, „Балади“, „Атлантида“ и други.Романи: „Црно јагне, див Балкан“, „Когаполжавите летаа“, „Пауните умираат нанебото“, „Фати го ветерот“. Петре Бакев-ски е исто така автор на повеќе книгираскази, десетина драми и повеќе публи-цистички книги. добитник е на награ-дата „Браќа Миладиновци“, и другипризнанија. Преведуван е во посебникниги и избори на повеќе странскијазици.

РАДЕ СИЛЈАН

Поет, есеист, критичар, преведувач.Роден 1950 г. во Жван, демирхисарско.завршил Филолошки факултет воСкопје. Основач и главен уредник накнигоиздателството „Матица Македон-ска“ – Скопје. Автор е на десетина по-етски книги: „Третиот лик на времето“,„Сенки на јавето“, „Пресликано време“,„Гласот на претците“, „Горчлив вилает“,„Сенки на татковината“, „Врвови“, „Кру-гови“. Автор е и на повеќе критичко –есеистички книги, како и антологии намакедонска современа поезија, раскази идрами. добитник е на наградата „БраќаМиладиновци“ и други престижни лите-ратурни признанија. неговата поезија вопосебни книги и избори е објавувана наанглиски, руски, турски, француски,украински и други јазици.

ВЕЛЕ СМИЛЕВСКИ

Поет, критичар и есеист. Роден во новоСело, демирхисарско. доктор по фило-лошки науки. Работи во институтот замакедонски јазик и литература. Бил пре-тседател на дПМ и на Советот на СВП.Сега е главен и одговорен уредник накнижевниот гласник „Синтези“. Гиобјавил поетските книги: „Слика што со-горува“, „Кафез“, „диши длабоко“,„Одзив на здивот“, „Гребнатинки“, „Педе-сет песни“, „Педесет допевања“ и „Со-вршена тишина“. има објавено повеќекритичко – есеистички и научни дела. засвоето творештво е добитник на повеќелитературни награди и признанија. Пре-веден е на англиски, француски и рускијазик.

ВЕРА ЧЕЈКОВСКА

Пет и есеист. Родена 1954 г. во Скопје. за-вршила природно – математички факул-тет во Скопје. Постдипломски студии пофизика завршила во загреб. Работи восеизмолошката опсерваторија на При-родно – математичкиот факултет воСкопје. Автор е на поетските книги:„Човек и врата“, „Множење на словото“,„Опит“, и „Врата“. добитник е на неколкунагради за својата поезија. Преведуванае на повеќе јазици.

КАТИЦА ЌУЛАВКОВА

Поет, литературен теоретичар, критичар,есеист, антологичар. завршила Филозоф-ско – историски факултет во Скопје.Предава на Катедрата за општа и ко мпа -ративна книжевност. Била претседателна македонскиот ПЕн центар. Член е на

157ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 159: Golemata majka-Eftim Kletnikov

МАнУ. Поважни поетски книги: „Благо-вести“, „нашиот согласник“, „нова пот“,„дива мисла“, „Жедби“, „Престапнипесни“, „домино“, „изгон на злото“, имаобјавено и повеќе критичко – есеистичкии литературно – теориски книги. добит-ник е на наградата „Браќа Милдиновци“.Преведувана е на повеќе јазици.

САНДЕ СТОЈЧЕВСКИ

Поет, есеист, критичар. Роден 1948 г. вос. Студена Бара, Кумановско. завршилФилолошки факултет во Скопје. Работиво нУБ „Свети Климент Охридски“. Билдиректор на „Македонска книга“ и гла-вен уредник на списанието „Стремеж“.Автор е на поетските книги: „Кралот налебедите“, „Фенери низ маглата“, „златнагранка“, „залив пред јасното“, „Кубоа“,„Скалд“, „Врв“, „Абор гора“, „Узда одѕвезда“. има објавено и повеќе критичко– есеистички книги. добитник е на на-градата „Браќа Миладиновци“ и другипризнанија. Преведуван е на повеќе свет-ски јазици.

ВЕСНА АЦЕВСКА

Поет, раскажувач, преведувач. Родена1952 во Скопје. Работи во институтот занационална историја во Скопје. Гиобјавила поетските книги: „Подготовкиза претстава“, „Карпа за скок“, „Котва заное“, „неред во огледалото“, „Кула возборот“ и „Столисник“. Преведувач нафинскиот еп „Калевала“. добитник е нанаградата „Браќа Миладиновци“.

РИСТО ЛАЗАРОВ

Поет, критичар, публицист, преведувач.Роден 1949 г. во штип. завршил Фило-лошки факултет во Скопје. долгогодишенновинар. Сега е директор на телевизија„Телма“. Претседател е на МакедонскиотПЕн центар. Автор е на стихозбирките:„ноќна птица во паркот“, „Јана“, „Грозенкикот“, „Капки кисела вистина“, „Одвајна-дежна“, „Силјан штркот уште еднаш јаоблетува Македонија“, „Јаве“, „Хераклеа“ идруги. добитник е на наградата „Браќа Ми-ладиновци“. Пишува и детска поезија. Пре-ведуван е на повеќе јазици.

БИЛЈАНА СТАНКОВСКА

Поет, раскажувач,писател за деца. Родена1951 во с. дубровница, Кривопаланечко.завршила Филолошки факултет воСкопје. Работи во градската библиотекаво Куманово. Поетски книги: „Ограни-чен простор“, „Миг за пресоздавање“,„Светлиот пат“, „Сказни и сторенија запоколенија“, „Реставрација на светли-ната“. Романи: „Разговорливи ветрови“ и„замисли желба“.

СЛАВЕ ЃОРЃО ДИМОСКИ

Поет. Роден 1959 г. во Велестово, Охрид.завршил Филолошки факултет воСкопје. Работи како професор во Охрид.Основач е на поетската манифестацијаво родното Велестово. Објавил повеќепоетски книги: „Гравири“, „Проект“,„Студен порив“, „Последните ракописи“,„Спореден пат“, „Предмети и аргументи“,„Форми на страста“, „Темно место“. до-битник е на наградата „Браќа Милади-новци“. Преведуван е на англиски, руски,француски, и други јазици.

ГОЛЕМАТА МАЈКА158

Page 160: Golemata majka-Eftim Kletnikov

БОРЧЕ ПАНОВ

Поет и есеист. Роден 1961 во Радовиш.завршил Филолошки факултет воСкопје. Работи во Локалната самоуправаво Радовиш. Поважни поетски книги:„што виде Чарли Ч од наопаку“, „Ци-клонско око“, „Мојот двојник не разми-слува како двојник“, „Стоп Чарли“, „Такт“,и „Гатанка од стакло“.

ИРЕНА ПАВЛОВА ДЕ ОДОРИКО

Поет, прозаист, критичар, есеист, преве-дувач. Родена во Велес. завршила Фило-лошки факултет во Скопје. Работи каконовинар во телевизија Телма. Поетскикниги: „Велзевул“, „новата Ева“, „де-колте. длабоко“.

СУЗАНА В. СПАСОВСКА

Поет, литературен теоретичар и есеист.Родена 1972 во Ротердам (Холандија).дипломирала на Филолошкиот факултетво Скопје на компаративна книжевност,каде и магистрирала.Поетски книги:„Љубов и заговор“, „Смртно писмо“, „Бо-жествена жена“. Работи и живее какослободен уметник.

НАТАША БУНТЕВСКА

Поет. Родена 1973 г. во Скопје. завршилаФилолошки факултет во Скопје. Работикако новинар. Поетски книги: „Маливечности“, „Горниот град“.

ЈОВИЦА ТАСЕВСКИ - ЕТЕРНИЈАН

Поет, есеист и критичар. Роден 1976 го-дина во Скопје.дипломирал општа икомпаративна книжевност на Филолош-киот факултет "Блаже Конески" воСкопје. Автор е на книгите: „нешто сеслуша", „Визии, Глагол", „Веда", „По-стојаното, плимата", „Клатно", „небеснистражи", „Посоки и огледи" и „Синтаксана светлината".

ЕМИЛ КАЛЕШКОВСКИ

Поет. Роден 1977 г. во Скопје. Поетскикниги: „Сновиденија на разорениот ум“,„Ру“, „Сонцето понекогаш“.

ДУШКО КРСТЕВСКИ

Поет и есеист. Роден 1981 г. во Скопје.дипломирал на Филолошкиот факултетво Скопје македонска и јужнословенскакнижевност. Работи како демонстраторпо предметот Современа македонска ли-тература. Објавува во периодиката пое-зија и есеи. Се занимава и со музичкакритика.

ФИЛИП КЛЕТНИКОВ

Поет, есеист, раскажувач. Роден 1984 г. воСкопје.дипломирал германистика наФилолошкиот факултет во Скопје. По-етска книга: „некаде помеѓу“. Објавуваесеи и раскази во литературната перио-дика.

159ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 161: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ДРАГАНА ЕФТИМОВА

Поет. Родена 1984 г. во Скопје. дипломи-рала на Филолошкиот факултет воСкопје, југословенска книжевност со ма-кедонски јазик. Поетска книга: „Постое-њето на динамиката“. Покрај поезијапишува и кратки раскази и драмски текс-тови.

ЕЛЕНА ПРЕНџОВА

Поет. Родена 1985 г. во Скопје. дипломи-рала на Филолошкиот факултет воСкопје, англиски јазик и книжевност. По-етски книги: „Јас“, „Таа“. Покрај поезијапишува и објавува во периодиката и рас-кази и есеи. Работи како демонстратор наКатедрата за англиска литература на Фи-лолошкиот факултет во Скопје.

ДАВОР СТОЈАНОВСКИ

Поет и драмски автор. Роден 1987 г. воСкопје. Апсолвент на Катедрата за маке-донска и јужнословенска книжевност наФилолошкиот факултет во Скопје.Ја имаобјавено театарската пиеса „Буна на вре-мињата“ наградена со наградата „АнаФранк“. наскоро ќе дебитира со роман.

СЛАВИЦА УРУМОВА

Поет. Родена 1987 г. во Скопје. Апсолвентна Филолошкиот факултет во Скопје.Поетски книги: „Кога љубовта цути“,„Лавиринт на љубовта“, „Сложувалка“,„искри на љубовта“, „Пајтон на времето“.

СЛАЃАНА АТАНАСОВА

Поет и раскажувач. Родена 1988 г. во Бла-тец, источна Македонија.Студент наопшта и компаративна книжевност наФилолошкиот факултет во Скопје. По-етски книги: „Керубин во крчмата“, „Луѓево вакум“.

ГОЛЕМАТА МАЈКА160

Page 162: Golemata majka-Eftim Kletnikov

СОДРЖИНАМатеја Матевски

ПОТЕКЛА............................................................................................................................11Славко Јаневски

МАЈКАТА нА СиТЕ МРТВи.........................................................................................31Бистрица Миркуловска

Од нЕОЛиТОТ дО дЕнОТ дЕнЕшЕн ....................................................................37Славка Манева

ГОЛЕМОТО ОТКРиТиЕ ................................................................................................41Косара Гочкова

МОЛиТВА нА МАЈКиТЕ...............................................................................................43Славка Арсова

нА МОЈОТ ГРАд...............................................................................................................45Гордана Михаилова Бошнакоска

ЛЕнОРА - МОЈАТА МАЈКА ...........................................................................................47Павлина Климкар Меанџиева

Од ТКАЕЖОТ БиднинА .............................................................................................59Есад Ба,јрам

МАЈКА..................................................................................................................................61Влада Урошевиќ

дВАнАЕСЕТ зАПиСи зА ГОЛЕМАТА МАЈКА ......................................................63Михаил Ренџов

ГОЛЕМАТА МАЈКА ..........................................................................................................67СОнЕТ зА ГЛинАТА ......................................................................................................68

Трајан ПетровскиПЕЕЊЕ нА ВЕзиЛКАТА ................................................................................................71

Светлана Христова - ЈоциќЕА и ОГнОТ ......................................................................................................................73ЕА и РАСАдОТ .................................................................................................................74

душица илинГОЛЕМАТА МАЈКА ..........................................................................................................75

Мирјана ТренчеваГОЛЕМАТА МАЈКА ..........................................................................................................77

Петар наневскиГОЛЕМАТА МАЈКА ..........................................................................................................79

илија КарајановСОнОТ нА ГОЛЕМАТА МАЈКА ..................................................................................81

Љерка Тот наумоваПРЕСВЕТА зАКРиЛниЦА............................................................................................83

Кирил КанговГОВОРОТ нА ГОЛЕМАТА МАЈКА..............................................................................85

Ристо ВасилевскиВРЕМЕ, ФРЕСКА ...............................................................................................................89

Ефтим КлетниковРиБА.....................................................................................................................................91

Фима КлетниковаГОЛЕМАТА МАЈКА ..........................................................................................................93

161ГОЛЕМАТА МАЈКА

Page 163: Golemata majka-Eftim Kletnikov

Петре БакевскиВОнВРЕМЕнСКА СРЕдБА СО МАЈКАТА КРЕПиТЕЛКА нА СУдБинАТА..................................................................................95

Билјана СтанковскаГОЛЕМАТА МАЈКА........................................................................................................101

Раде СилјаннАшАТА ГОЛЕМА МАЈКА .........................................................................................103

Веле СмилевскиГО СЛиКАМ ПРВиОТ дОПиР..................................................................................105

Вера ЧејковскаГОЛЕМАТА МАЈКА........................................................................................................107

Катица ЌулавковаГОЛЕМАТА МАЈКА........................................................................................................109

Санде СтојчевскиТАА......................................................................................................................................111

Весна АцевсканАзАд ВО ЈАзиКОТ.....................................................................................................113

Ристо ЛазаровМАЈКА КАКО МАЈКА....................................................................................................115

Славе Ѓерѓо димоскидОАЃА ГОЛЕМАТА МАЈКА ВЕЧнАТА дЕВиЦА ..................................................117

Борче ПановБРОЈАниЦА ....................................................................................................................119

ирена Павлова де ОдорикоиЛи - иЛи ГОЛЕМАТА МАЈКА.................................................................................121

Сузана В. СпасовскаТАЈниТЕ нА БОЖиЦАТА МАЈКА...........................................................................123

наташа БунтескаГОЛЕМАТА МАЈКА........................................................................................................129

Јовица Тасевски - ЕтернијанзАБОРАВЕнАТА БОЖиЦА ........................................................................................131

Емил КалешковскиГОЛЕМиОТ, ГОЛЕМАТА иЛи ГОЛЕМ МАЈКА ....................................................133

дучко КрстевскиFLASHBACK NOCTURNO............................................................................................135

Филип КлетниковГОЛЕМАТА МАЈКА........................................................................................................139

драгана ЕфтимоваГОЛЕМАТА МАЈКА........................................................................................................143

Елена ПренџоваГОЛЕМАТА МАЈКА........................................................................................................145

давор СтојановскиКиБЕЛА, МАГнА МАТЕР.0.1 ......................................................................................147

Славица УрумоваСЕРОдиТЕЛКА...............................................................................................................149

Слаѓана АтанасоваГОЛЕМАТА БОЖиЦА...................................................................................................151

ГОЛЕМАТА МАЈКА162

Page 164: Golemata majka-Eftim Kletnikov

ГОЛЕМАТА МАЈКА

ГОЛЕ

МАТ

А М

АЈК

А

ДИРЕКЦИЈА ЗА КУЛТУРА И УМЕТНОСТ НА СКОПЈЕ

Во ниту една поезија на некој народ или племе

не е одмината темата на Големата Мајка, на женскиот принцип на постоењето што

се манифестира преку неа. Нејзиниот примордијален звук, нејзината

архетипска слика се спровира и доаѓа до нас низ слоевите на времето од самата зора на човековото постоење наваму. Така е и во современата македонска

поезија. Песните на современите македонски поети во оваа книга на таа

тема на доволно моќен и убедлив начин говорат за тоа. Тие, јунговски речено, на убав начин се потврдуваат како антени

на архетипското наследство оставено од блиските и далечните претци.

од предговорот на Ефтим Клетников