22
Univerzitet “Sv. Климент Охридски”- Битола ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ - КИЧЕВО Дисперзирани студии: Битола Предмет: Криминологија Seminarska rabota: МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈА Predmeten profesor: Izrabotil:

maloletnicka delikvencija

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Универзитет “Св. Климент Охридски”- БитолаПРАВЕН ФАКУЛТЕТ - КИЧЕВОДисперзирани студии: БитолаПредмет: КриминологијаSeminarska rabota:МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈАPredmeten profesor: Izrabotil:Битола, 2011ВоведОсновна категорија врз која ја одредуваме малолетничката деликвенција е малолетноста, односно возраста на малолетните лица што ја детерминирала како нивната личност така и нивното однесување во правец на прекршување на правните и моралните норми што во крајна линија го одредува

Citation preview

Page 1: maloletnicka delikvencija

Univerzitet “Sv. Климент Охридски”- БитолаПРАВЕН ФАКУЛТЕТ - КИЧЕВО

Дисперзирани студии: Битола

Предмет: Криминологија

Seminarska rabota:

МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈА

Predmeten profesor: Izrabotil:

Битола, 2011

Page 2: maloletnicka delikvencija

Вовед

Основна категорија врз која ја одредуваме малолетничката деликвенција е

малолетноста, односно возраста на малолетните лица што ја детерминирала како

нивната личност така и нивното однесување во правец на прекршување на

правните и моралните норми што во крајна линија го одредува и ставот на

опшеството кон нив. Респектот кон малотниците се огледа во фактот што тогаш

кога се јавуваат како носители на инкриминирани поведенија, нивниот статус во

кривичното право и кривичната постапка, како и третманот во однос на примената

и извршувањето на кривичните санкции е посебен. Според Мертоновата

класификација на девијантни однесувања за младите по се изгледа е

најкарактеристична иновација (кражбата) како начин на прилагодување на

аномијата во општеството зошто на некој начин младите ги прифаќаат културните

цели и вредностите во опшеството но истовремено ги отфрлаат легалните и се

служат со недозволени (нелегални) средства за да ги остварат своите цели.

Малолетничката деликвенција, како дел од општитот криминал, најчесто се

дефинира како негативно и неприфатливо однесување на малолетните лица кое

се изразува низ конкретни инкриминирани дејствија на тие лица со кои ги

пречекоруваат општествените стандарди, вредности и норми на однесување.

Спрема видот на нормите што се кршат и спрема степенот на општествената

опасност сите форми на престапништво Јашовиќ ги дели на три групи и тоа:

1. Престапи со кои се кршат кривичноправните норми

2. Престапи со кои се кршат прекршочните норми

3. Престапи со кои се кршат моралните норми.

Меѓутоа најчести термини се малолетничката деликвенција и воспитната

запуштеност. За воспитната запуштеност се смета дека во суштина претставува

само лишување на младите од воспитно делување и грижење за нив, односно

отсуство на свесно планско и целисходно влијание на нивниот развој и

формирање со терминот на малолетничката деликвенција најчесто се употербува

за означување на најтешкиот степен на воспитна запуштеност. Субјект на таквото

1

Page 3: maloletnicka delikvencija

однесување се малолетните лица. Одредувањето на старосните граници на

полнолетноста треба да го одразува пораното или подоцнежното созревање на

младите што живеат во различни социокултурни, климатски и други едукативни

услови. На овие услови делуваат и фактори од криминално политички и фактори

од традиционално историски карактер. Малолетникот е личност што е во фаза на

формирање и созревање. Кривичната постапка кај нас се покренува против оние

лица што се сметаат за кривично одговорни а тоа се лица над 14 години, а оние

што се под 14 години се “деца” и не се кривично одговорни. Оние лица што се од

14-16 години, се сметаат за помлади малолетници, оние од 16-18 години постари

малолетници, а оние од 18-21 година старост се нарекуваат помлади

полнолетници.

Причини за појава на малолетничка деликвенција

1. Општествено –економската криза во Државата

Осиромашувањето на општеството ,невработеноста, оневозможувањето да

се задоволат основните потреби на граѓаните, одредени воени состојби во

Државата, прилив на избеглици, миграции и др.  се причини кои доведуваат до

зголемување на социопатолошките појави, асоцијалното и криминогеното

однесување на младите.

2. Социо-економскиот статус

Криминолозите оценуваат дека и припадноста на определен општествен

слој влијае врз криминалитетот воопшто, а врз криминалитетот на младите

посебно. Не е без значење дали малолетникот живее во сиромаштија,

изобилство, каков му е општествениот статус на неговите родители, кои услови

како социјално-економски категории учествуваат во неговото формирање. Ваквите

услови и статусот на семејството како што може да дејствуваат криминогено, исто

така може и да го преопределат видот на казнивите дела.

Значи и кримино-етиолошкото значење на социјално-економскиот статус

има свое влијание на појавата и формите на криминалитетот, земени како

комплексна материја во интеракција со другите фактори.

2

Page 4: maloletnicka delikvencija

3. Семејството

Преставува е нужна и прва општествена средина која го формира човекот,

а која средина тој не може да ја бира. Во таа средина (по правило) детето и

малолетникот за прв пат сознаваат што е добро, а што е зло, што е дозволено, а

што не, го градат својот морален лик, создаваат идеали, цена на вредностите и

сл. Сигурно дека до колку влијанието на семејството е делотворно, хумано, со

прикажување на правите и вистинските вредности во животот – ќе влијаат врз

формирањето социјална личност, отколку ако тоа влијание е со криминални,

алкохолни, насилнички и други асоцијални примери.

Од тие причини, на влијанието на семејството врз развојот на личноста му

се посветува големо внимание при што е потребен мултикаузален пристап, зошто

ниту еден семеен фактор сам за себе не создава криминогена личност и ниту

еден фактор не дејствува исто кај секоја личност.

И покрај тоа што некои статистики покажуваат дека не мал број на деца кои

живеат во криминогени семејства не стануваат ниту асоцијални ниту деликвенти,

или пак од децата кои живеат во исто семејство едното се оддава на

деликвенција, а другото не доаѓа во судир со казнените закони, сепак семејството

и воспитувањето во него се едни од основните фактори за ваков или онаков

развој на личноста.

4. Станбени прилики

Станбените прилики за живеење, во заедништво со други услови, но и

самостојно имаат свое значење во формирањето на личноста на човекот, а

особено на малолетникот и можат интеракциски или самостојно да дејствуваат на

појавата на криминалитетот.

Дали личноста ќе се развива во доволен и адекватен станбен простор или

во пренатрупана средина влијае врз меѓусебните односи на членовите на

семејството и истите особено погодуваат на полабилните личности за бегство од

тој простор и препуштање на неконтролираната надворешна средина. Нормално,

тоа зависи и од потребите и сфаќањата на луѓето, нивниот степен на развој и

3

Page 5: maloletnicka delikvencija

други околности. Сигурно дека жителите на една рурална средина тоа полесно ќе

го поднесат, отколку други во урбана средина.

5. Карактеристики на личноста:

Тешкотии во емоционално и социјално созревање, преживеани стресови,

недостаток на самопочитта, негативна идентификација ( искривен модел ),

негативно влијание на врсници и сл., депресија, намалена комуникативност,

недоверба кон непознати, желба за доминација, пасивност, ограничени интереси,

несигурност, некритичност, недоверливост, садистичко-перверзни стремежи,

намалена контрола на полов нагон, отсуство на вина и срам, непочитување на

авторитети.

6. Средина фактор

Средина-фактор која опфаќа влијанија на средината на малолетникот,

лошото друштво, улицата, како и неорганизирано користење на слободното

време,т.е. нивно подого и почесто престојување  во просториите за забава и

угостителските објекти каде се изложени на голем број негативни влијанија кои

допринесуваат за девијантно однесување, на што сме свидетели особено во

задно време. Во услови на недоволно воспитување, насочување и укажување на

вистинските вредности на човекот, а во отсуство на адекватното ангажирање на

младите во слободното време, постојат реални предуслови тие полесно да станат

престапници. Влијанието на мас–медиумите, е секако за одбележување, истите за

комерцијални цели емитуваат ТВ и радио емисии од етички аспект со штетни

содржини за младите. Исто така недоволната ангажираност на училиштата и

другите воспитно образовни институции, т.е. запоставената воспитна компонента

е битен фактор кој секако има свој допринос во зголемувањето на асоцијалното

однесување на младите.

7. Школо

Школата, покрај семејството, во формирањето на личноста на

малолетникот е исто така важна општествена група, чие влијание доаѓа до израз

во идното однесување на малолетникот. Тука малолетникот ги усогласува

семејните со општествените вредности, при што особено треба да се води сметка

на нивното усогласување и надоградување. Нормално дека детето и

4

Page 6: maloletnicka delikvencija

малолетникот во повеќе случаи ќе се судри со вредносните ставови што му ги

нуди едната, односно другата средина, со разни неформални социјализирани и

криминогени групи. Школата е таа која треба да ги усогласи тие ставови и да

влијае врз формирањето на личноста.

Општ е заклучокот дека деликвентите се послабо адаптирани во школото,

покажуваат послаб успех, имаат мали или никакви работни навики, покажуваат

голема емоционална нестабилност, бегаат од училиште, го повторуваат класот.

Тоа особено се однесува на оние кои вршеле кривични дела и пред 14 годишна

возраст.

Приликите и состојбите кои постојат во едно општество сериозно влијаат на

целокупната популација, а особено на адолесцентите во создавањето на нивните

вредносни судови. Чуствата на безперспективност повеќе ги потикнува

негативните од позитивните активности. Слабата материјална состојба, немањето

визија за иднината, вработувањето и друга сигурност, младите ги тера на други

асоцијални активности.

Карактеристики на малолетничката деликвенција

Во квалитативна смисла, малолетничката деликвенција од година во година

покажува карактеристики на поголема агресивност. Агресијата како модел и стил

на однесување е присутен кај младите кои често се анксиозни, фрустрирани и со

многу низок степен на толеранција што се одразува и во зголемен број на физички

напади меѓу средношколската младина од различна етничка припадност. Во

минатиот период зголемен е бројот  на малолетниците кои се јавуваат  како

сторители на кривични дела со елементи на насилство-разбојништва.

Карактеристика на малолетничката деликвенција е намалување на возраста

кон помладите години што е евидентно во изминатиот период, бидејќи има

зголемен број на учество на деца како сторители на кривични дела. Ангажираност

и присуство на децата и малолетниците во вооружени судири е карактеристика на

младите во настаните во последните години за што сме сведоци.

5

Page 7: maloletnicka delikvencija

Ако се спореди малолетничката со полнолетната деликвенција, доаѓаме до

заклучок дека, во повеќе случаи малолетниците чинат кривични дела во заедница,

отколку сами. Причината за ваква криминална активност криминолизите ја наоѓаат

ви менталитетот на малолетникот, желбата за заеднички авантуристички

доживувања, покажување сила и доминација во средината во која живеат итн.

Чуството да не биде претставен како “издајник” и “кукавица”не ректо е причина за

вклучување во криминалната авантура во определена група.

Од друга страна, во заедништвото, макар тоа била и определена

криминална група, пубертетскиот развој на малолетникот наоѓа замена за својата

индивидуална несигурност, надомест за непружената топлина во семејството,

дополнување на слабиот резултат во училиште и слично.

Малолетниците најчесто ги вршат кривичните дела во заедница со свои

врсници, но исто така и кога се вклучени во криминална група на полнолетни

лица, тие го покажуваат својот “надстатус” над своите врсници и се трудат да

остават впечаток кај истите.

Степенот на интегрираност на малолетникот во групата со девијантно или

делинквентно однесување обично е поголем колку што малолетникот е помалку

поврзан со семејството, колку што е послабо интегриран во воспитно-образовниот

процес или ако не е во работен однос, односно работно ангажиран. До колку

интегрираноста во групата е врз принципите на определени правила и хиерархија,

станува збор за малолетничка банда.

Главна карактеристика на малолетничкиот криминалитет е повторништвото.

Еден дел од малолетните деликвенти кои еднаш се јавиле како извршители,

повторно вршат кривични дела и во наредните години или пак може да се

констатира дека криминогеното однесување го прифаќаат како животна

определба. Посебно загрижува податокот што повторништвото е најзастапено кај

малолетните деликвенти, односно малолетниците. Процентуално  малолетниците

учествуваат од 85 до 94% во вкупниот број сторители – повторници . За 2002 г

процентот е ( 87,7 % ), овој факт треба да не загрижи и наметне потреба за негово

неопходно и итно решавање. Малолетниците повторници најчесто произлегуваат

од несредени семејства, во кои често  еден од родителите е деликвент,

6

Page 8: maloletnicka delikvencija

нарушител на јавниот ред и мир, алкохоличар,  живее во лоши материјални

услови или во дисфункционални  семејства.

За малолетничкиот криминалитет карактеристично е нивната

организираност т.е. групно вршење на деликти. Групите најчесто се состојат од

малолетници на приближно иста возраст, често се формираат случајно и по

извршувањето на делата се растураат. Меѓутоа, има и групи кои дејствуваат

подолго време, извршувајки серија кривични дела, така што по нивното

откривање, односно при работа со малолетниците истовремено се расчистуваат и

значителен број кривични дела извршени во подолг временски период. Децата,

како почетници при првичното извршување на деликтите тргнуваат од полесен

вид на кривични дела и  учествуваат во групи со постарите врсници а потоа се

осамостојуваат и вклучуваат во извршување на кривични дела во група со

врсници и извршуваат се потешки видови на кривични дела. Поврзаност помеѓу

малолетничка деликвенција и социопатолошките појави е видно зголемена,

особено наркоманијата, алкохолизмот, скитништвото, проституцијата и сл. Од

вкупниот број на кривични дела што ги извршиле малолетници, 98% припаѓаат на

кривични дела од областа на класичниот криминалитет  или 93 % се од областа

на имотните деликти т.е. 65 % се во делот за тешки кражби, што упатува на факт

дека нивната цел е здобивање на извесна материјална корист. Учеството на

малолетниците во  другите области  на криминалитетот е незначително.

Мерки за заштита превземени од страна на МВР

Во интерес на унапредување на службата во мај 2003 г. во МВР КП СОК

формирано е Одделение за малолетничка деликвенција и социопатолошки појави

во рамките на кое ке функционираат три негови отсеци :

репресивен, превентивен и едукативен и истите ќе функционираат одделно но ќе

се надополнуваат и ќе бидат во тесна меѓусобна корелација.

Отсекот за репресијата

7

Page 9: maloletnicka delikvencija

Би ги третирал малолетниците во судир со законот. Тој би ја остварувал

репресивната функција на МВР и би бил носител на сите активности во Службата

во однос на малолетничката деликвенција и социопатолошките појави. Од него би

произлегле бројни иницијативи, идеи и методологии за намалување на

малолетничката деликвенција, како и нови можности за разрешување на случаи,

водење на разговори со кривично одговорни малолетници. Би биле презентирани

начини на следење на активните малолтеници, сторители на кривични дела,

состојбите на учеството во нарушувањата на малолетниците на ЈРМ, како и мерки

и активности за намалување на истите, како и следењето на социо-патолошките

појави што би бил основен делокруг на дејствување на овој отсек.

Отсекот превенција

Или превентивно делување т.е. навремено давање на заштита и помош со

вршење надзор, развивање на лична одговорност кај децата и малолетниците,

организирано делување на воспитно-запуштената категорија деца и ученици и

преземање на други мерки со мобилно присуство на најзагрозените места по

претходно изготвени планови и конкретна проценка на облици и степен на

склоност за деликвентно однесување имајќи ги во предвид личните својства на

малолетниците. Отсекот превенција би се занимавал со примарна превенција

односно влијание за ангажирање на заедницата преку програми за намалување

на појава на деликвенција, преку МАС-медии, предавање во училишта се со цел

да се издигне јавната свест за оваа проблематика. Секундарната превенција или

стратегија со која ќе се намалуваат можностите за појава или рана

идентификација на ризички фактори или деца под ризик, како и терцијална

превенција која би опфаќала третман и рехабилитација на регистрирани случаи

на деца сторители на кривични дела. Во отсекот превенција би биле третирани

малолетници и деца жртви на сексуална злоупотреба и секаков вид на насилство

и експлоатација, деца во ризик, како и деца без родители и родителска грижа и

деца на кои им претстои опасност од физичко и психичко насилство и сл.

Превенцијата во малолетничката деликвенција е една од најбитните активности

8

Page 10: maloletnicka delikvencija

која не смее да биде запоставена давајќи и предност на репресијата во тековното

работење. Превенцијата мора да го завземе вистинското место во нашето

секојдневно работење, а таму каде што нема ефекти од превенција ќе настапи

репресивното работење во рамките на овластувањата. За превенција на

малолетничката деликвенција се застапуваат и правила на ОН за спречување на

малолетничка деликвенција (Ријадски правила). Спречувањето на

малолетничката деликвенција е суштински дел од спречувањето на криминалот

во општеството. Успешното спречување на малолетничката деликвенција бара

ангажман на целото општество да обезбеди хармоничен развој на децата и

адолесцентите, и пред се почит кон нивната личност.

Малолетниците треба да имаат активна улога и партнерство во рамките на

општеството. Да се стави акцент на превенцијата која овозможува успешна

социјализација и интеграција на сите деца и млади преку семејства, заедницата,

врсниците, училиштето и сл. Со должна почит кон правилниот личен развој на

децата кои треба да се прифаќаат како еднакви партнери во процесот на

социјализација и интеграција, треба да се остварува превенција на

малолетничката  деликвенција.

Отсекот едукација

Би ги следел сите трендови на оваа проблематика и по пат на едукација би

ги надополнувал знаењата и умеењата за успешна работа на кадрите вклучувајќи

ги новите методи и техники во работењето.

Би развивал специјални програми за зголемување на чувствителност на

општеството и на средината кон малолетничката деликвенција, насилството меѓу

младите, како и семејно насилство. Би развивал програми кои ќе им овозможат на

семејствата да научат повеќе за родителската улога и обврска во однос на

развојот и грижата за деца, како и сугерирање на начини како да се влијае на

позитивното развивање на односот родител-дете и сл.

Со цел што поуспешно да ги исполнуваат своите работни задачи

инспекторите за малолетничка деликвенција треба да бидат специјално

9

Page 11: maloletnicka delikvencija

квалификувани и обучени и обуката да ја добиваат во континуитет со цел

совладување на соодветни умеења, вештини и искуства за подобрување на

превенцијата и контролата на малолетничката деликвенција и подобрување на

постапките со деликвенти. Едукациите се потребни со цел да се воспостави

потребно професионално ниво на компетентност за што особено ќе се ангажира

Одделението.

Воспитни мерки кои се изрекуваат против малолетните сторители на

кривични дела се:

Дисциплински мерки :

-  укор или упатување во дисциплински центар за малолетници.

- мерки за засилен надзор од страна на родител, посвоител или    старател, во

друго семејство или од страна на социјален орган

- заводски мерки : упатување во воспитна установа

Македонските тинејџери склони кон употреба на дрога, со висок процент за

конзумирање алкохол, пушење цигари, сексуални односи, дури размислуваат и на

самоубиства, покажуваат резултатите од извршеното Глобално истражување за

здравјето на адолесцентите во државава во 2007/2008 година. Истражувањето е

спроведено од Републичкиот завод за здравствена заштита со финансиска

поддршка на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија и Шведската асоцијација

за меѓународен развој, а студијата се реализира во функција на стратегијата за

адолесцентно здравје. Истражувањето покажува дека речиси девет отсто од

учениците сериозно размислувале да извршат самоубиство во текот на

изминатите 12 месеци, 1,8 отсто од нив на возраст од 13 до 15 години употребиле

дрога еднаш или повеќе пати во текот на животот, 39,4 отсто консумирале

алкохолен пијалок во текот на еден или повеќе денови изминатите 30 дена, 14,1

отсто пушеле цигари во текот на еден или повеќе денови, а 11,9 отсто имале

сексуални односи. Во истражувањето е употребен двостадиумен дизајн на

примерокот со цел да се добие репрезентативен примерок од ученици во седмо и

осмо одделение од основното образование и прва и втора година од гимназиското

образование. Истражувањето е спроведено во 30 училишта каде што беа

пополнети 2.114 прашалници кои содржеа 74 прашања. Раководителот на

10

Page 12: maloletnicka delikvencija

Секторот за социјална медицина при РЗЗЗ, Фимка Тозија потенцира дека 37,3

отсто од учениците, според резултатите од истражувањето, се изјасниле дека

нивните родители или старатели никогаш или ретко ги проверувале во текот на

изминатите 30 дена дали ги завршиле домашните задачи, а 19,8 отсто се

изјасниле дека нивните родители или старатели никогаш или ретко знаеле што

прават нивните деца во слободното време.

Над 31 отсто од учениците биле сериозно повредени еднаш или повеќе

пати во текот на изминатите 12 месеци, четири отсто од нив никогаш не

употребиле или ретко употребиле сапун при миење на рацете во последниот

месец, 14 отсто се изложени на ризик од прекумерна телесна маса, а 15,7 отсто

од учениците биле физички активни во текот на сите седум дена во изминатите

седум дена во времетраење од барем 60 минути дневно, посочува Тозија. Таа

смета дека резултатите укажуваат оти многу работи треба да се реализираат за

подобрување на информираноста и подобрување на здравите животни навики врз

основа на промените во однесувањето. Најпрво, треба да се развијат и

промовираат цели за адолесцентно здравје со заеднички активности од

здравствените установи, семејствата, училиштата и институциите во заедницата.

Постојаниот претставник на Канцеларијата на УНИЦЕФ за Македонија,

Шелдон Јет истакнува дека употребата на алкохолот во државата е повисока во

однос на другите земји. Според него, спречувањето на купувањето алкохол не е

доволна мерка и важна е едукацијата од страна на родителите кои во најголем

број не знаат што прават нивните деца.

Постојано се нагласува дека развојот, усвојувањето и имплементацијата на

Националната стратегија за адолесцентно здравје 2008-2015 е исто така важна.

Стратегијата која наскоро треба да биде усвоена има за цел да го подобри и

промовира здравјето и развојот на адолесцентното здравје преку акцентирање на

зајакнувањето на системот за собирање податоци за адолесцентното здравје,

намалувањето на смртноста, морбидитетот и онеспособеноста преку посочување

на причините, промоцијата на здрави животни навики кај адолесцентите,

подобрувањето на капацитетите на Министерството за здравство, РЗЗЗ и други

11

Page 13: maloletnicka delikvencija

релевантни институции во Македонија за координација и менаџмент на

здравствени програми за адолесценти.

Постои потреба да се прошират училишните едукативни програми за

здравје за да се прошири знаењето на учениците за храната, исхраната,

хигиената, насилството и ненамерните повреди, менталното здравје, пушењето,

употребата на алкохол и други дроги, сексуалното однесување кое придонесува

за инфекција со ХИВ и други сексуално преносливи болести, како и несакана

бременост, физичката активност и заштитните фактори за промена на ризичното

однесување.

Следствено на тоа, како еден пример може да се посочи предупредувањето

од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Прилеп дека малолетничката

деликвенција е во пораст. Директорката на Центарот Снежана Јованоска

информира дека минатата година во Прилеп имало 77 барања од Јавното

обвинителство за подготвителна постапка за случаи на криминал кај

малолетниците. За 17 малолетници се одредени мерки на засилен надзор од

родителите, а за 16 – од старателите, а 10 малолетници се сместени во

институции.

Социјалните работници предупредуваат дека децата се повеќе се оставени

на себе. Ова тие го посочуваат како една од главните причини за се поголемиот

број случаи кога младите ја избираат темната страна на животот.

Малолетничката деликвенција, за жал, е во подем. Се помалку време сите

имаат да го следат развојот на младите. Кога е јасно дека потклекнале на

искушенијата, тешко се ресоцијализираат и делата често се повторуваат, истакна

Јованоска. Според социјалните работници, мора да зајакне координацијата со

училиштата, младите будно да се следат. Тие сметаат дека улогата на

родителите е една од пресудните и тие мора да најдат повеќе време за своите

деца.

Сепак, Лина Ќостарова – Унковска, директор на Центарот за психосоцијална

и кризна акција тврди дека децата од Македонија се на долниот крај на табелата

по речиси сите ризични однесувања, во споредба со децата во ЕУ. Децата во

Европа, според неа, повеќе пијат, пушат и сексуално се поактивни од децата во

12

Page 14: maloletnicka delikvencija

Македонија. Таа нагласува дека податоците презентирани од РЗЗЗ се искривени,

односно дека состојбата со адолесцентите во Македонија и нивното здравје е

сосема поинаква од онаа што се пласира.

Децата од македонската етничка заедница на 15 години пијат алкохол и се

опиваат, момчињата повеќе од девојчињата. Тоа не е случај и со децата од

албанската етничка заедница во Македонија. Обратно е со носењето оружје и со

сексуалната активност, особено меѓу момчињата од албанска националност,

појаснува Унковска. Најсилен заштитен фактор на адолесцентите во Македонија е

социјалната мрежа – родителите, училиштето и врсниците. Децата во Македонија

се највисоко рангирани меѓу европските земји и по тоа колку го сакаат училиштето

и колку време поминуваат со другарите по часовите.

Статистичките податоци покажуваат дека први на листата на деца кои

барем еднаш неделно пијат алкохол на возраст од 13 години, се Украинците. По

нив се Малта и Бугарија, а Хрватите се на деветто место. Децата од Македонија

на оваа листа се на 26 – то претпоследно место, по нив се само Норвежаните.

Петнаесетгодишните деца од Канда се на прво место по користење марихуана. По

нив, според статистиката се децата од Швајцарија и од Велс. Македонија се наоѓа

повторно на претпоследното место, пред Романците. Најмногу секс на 15 години

имаат децата во Гренланд. Според истражувањата, на второ место се Бугарите, а

на трето се децата од Данска. Македонија се наоѓа на 30 – то место односно 35

проценти од машките на 15 годишна возраст рекле дека имаат сексуално

искуство, а истото го рекле само пет проценти од девојчињата.

13

Page 15: maloletnicka delikvencija

Заклучок

Основна категорија врз која ја одредуваме малолетничката деликвенција е

малолетноста, односно возраста на малоплетните лица што ја детерминирала

како нивната личност така и нивното однесување во правец на прекршување на

правните и моралните норми што во крајна линија го одредува и ставот на

опшеството кон нив. Респектот кон малотниците се огледа во фактот што тогаш

кога се јавуваат како носители на инкриминирани поведенија, нивниот статус во

кривичното право и кривичната постапка, како и третманот во однос на примената

и извршувањето на кривичните санкции е посебен. Осиромашувањето на

општеството ,невработеноста, оневозможувањето да се задоволат основните

потреби на граѓаните, одредени воени состојби во Државата, прилив на

избеглици, миграции и др.  се причини кои доведуваат до зголемување на

социопатолошките појави, асоцијалното и криминогеното однесување на младите.

Во квалитативна смисла, малолетничката деликвенција од година во година

покажува карактеристики на поголема агресивност. Агресијата како модел и стил

на однесување е присутен кај младите кои често се анксиозни, фрустрирани и со

многу низок степен на толеранција што се одразува и во зголемен број на физички

напади меѓу средношколската младина од различна етничка припадност. Во

интерес на унапредување на службата во мај 2003 г. во МВР КП СОК формирано

е Одделение за малолетничка деликвенција и социопатолошки појави во рамките

на кое ќе функционираат три негови отсеци: репресивен, превентивен и

едукативен.

“Батериите на животот” се најповеќе наполнети кај младите. Сите тие сили

во младата генерација, општеството треба да ги насочи да се трошат на

општествено дозволен, прифатлив и корисен начин. Колку што е потребно да се

изградат домови уште е попотребно да се изградат спортски терени, забавни

паркови, работно ангажирање и сл. Последиците кои ни се јавуваат во младата

генерација се плод на причините кои ги создаде општеството, бидејќи ниту една

последица не постои без причина во која недвојбено спаѓа и криминалитетот.

14

Page 16: maloletnicka delikvencija

KОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Проф. Д-р Стеван Алексоски, Криминологија

2. Проф.Д-р Миладин Крстановски, Криминалитет и детекција

3. http://www.mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=556&mid=734&tabid=65&parent=22&tabindex=2

15