40
број 105 јули 2014 50 ден www.ffrm.org.mk КоМБАЈН ЗА ЗелКА 41 хектар органско јаболко Во иста година садиш и береш одгледување на вишна Како се прави правилна берба и чување Како да се справите со бактериите

Moja zemja juli 2014

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: Moja zemja juli 2014

број 105јули 201450 денwww.ffrm.org.mk

КоМБАЈН ЗА ЗелКА

41 хектар органско јаболко

Во иста година садиш и береш

одгледување на вишна

Како се прави правилна берба и чување

Како да се справите со бактериите

Page 2: Moja zemja juli 2014

КОМПЛЕТНА ФИНАНСИСКА ПОДДШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Page 3: Moja zemja juli 2014

Поч‌‌итувани‌ч‌‌итатели,‌сите‌сугестии,‌забелеш‌‌ки,‌праш‌‌ања‌и‌критики,‌Ве‌молиме,‌да‌ги‌испраќ‌‌‌‌‌‌‌‌ате‌на‌маил‌адресите‌наведени‌во‌импресумот.‌Со‌тоа‌ќ‌‌‌‌‌‌‌‌‌е‌влијаете‌на‌квалитетот‌на‌содрж‌‌ината‌и‌ќ‌‌‌‌‌‌‌‌е‌добиете‌информации‌за‌Ваш‌‌е‌подобро‌и‌поквалитетно‌земјоделско‌производство‌или‌развој‌на‌средината.‌Затоа,‌редакцијата‌Ве‌охрабрува‌да‌ни‌пиш‌‌увате.

УРЕДНИЧКИ‌ЗБОР

Крајот‌ на‌ јуни‌ секогаш‌ се‌ ак‌ту‌ел‌ни‌ лет‌ни‌те‌го‌рештини,‌кои‌најмногу‌асоцираат‌на‌по‌че­токот‌на‌жетвата‌на‌пченицата.‌Но,‌да‌не‌за­бо‌равиме‌дека‌ тие‌асоцираат‌и‌на‌жешката‌си‌туа‌ција,‌која‌секогаш‌се‌јавува‌околу‌де‌фи­ни‌рањето‌на‌цената‌на‌пченицата.

Оваа‌година‌се‌поставуваат‌три‌прашања:

Да‌ли‌земјоделците‌и‌откупувачите‌ќе‌се‌до­го‌ворат‌ за‌ откупната‌ цена?‌ (традиционално‌пра‌шање)

Да‌ли‌ ќе‌има‌доволна‌количина‌на‌пченица,‌ко‌г‌а‌ ќе‌ се‌ земе‌ во‌ предвид‌ фактот‌ дека‌ во‌Ср‌бија‌имаше‌поплави?

Ќе‌ се‌ почитуваат‌ договорите‌ и‌ законските‌об‌‌врс‌‌ки?

Она‌што‌се‌има‌како‌сознание‌е‌тоа‌дека‌во‌Ср‌бија‌има‌доволно‌количини‌на‌пченица‌за‌извоз,‌додека‌другите‌две‌прашања‌се‌от‌во­рени‌и‌треба‌да‌се‌седне‌на‌маса‌за‌да‌се‌по­стиг‌не‌договор.

Ток‌му‌на‌тоа‌треба‌да‌се‌работи‌за‌по‌доб‌ру­вање‌на‌дијалогот‌и‌почитувањето‌на‌пра‌ви­ла‌та.

Ко‌га‌тоа‌ќе‌се‌постигне,‌може‌да‌се‌каже‌де­ка‌ќе‌имаме‌напредок.

Но,‌ сепак‌ останува‌ отворено‌ пра­ша‌ње‌то,‌кое‌заслужува‌одговор.

Со‌почит

м­р‌Билјана‌Петровска­Митревска

СОДРЖИНА

Прашање и одговор

5

8

26

29

33

ФФРМ: ИнсталИРање на соФтвеР на 100 ФаРМИ

ГрадинарствоспРавување со

топлотнИте бРановИ

сточарствосоја И сточен ГРашок -

обРок за стоката

поледелствокако да се сузбИе жолтата тРева

ЦвеќарствоЦвеќе познато за МакедонскИте ГРадИнИ

Моја земја, јули 2014 Издавач :ФФРМ Медијаул. Гиго Михаловски бр. 3,1000 скопјеуправител: благојче најдовскител/Факс: 02 3099042e-mail: [email protected]број на ж иро сметка:380-1-645333 001-46, прокредит банка

Главен и одговорен уредникбилјана петровска Митревска[email protected]печати: пропоинтул.скупи-20 бр.3 1000 скопјепечатен на 03.07.2014 Tираж 2500 примероци.Mаркетинг и дистрибуцијаблагојче најдовски 070/[email protected]

Фото вест - насловнаблагојч е најдовскилекторверица неделкоска

соработниктоме тимов стручни соработниципроф. д-р драги танески, асс. д-р звезда богеска, асс. д-р Маргарита давитковска, Раде каранфиловски, стојан Глигоров, благојче димитриев, благој шоповски, соња николова, јелица бешлиќ, Горан Миневски, лазо папучкоски, ванчо захариев, живко туфекчиев

дизајн: бригада дизајн [brigada.mk]

Списанието „Моја земја” из ле гу­ва месеч но и е во соп ст веност на Федерација та на фармери те на Репуб ли ка Ма кедонија. Првиот број из лезе како орга ни зациски бил тен на ФФРМ во април 2003 година, а од декември 2006 се ди с т ри бу ира како ме сеч но спе­ци јализирано спи са ние за зем ­јо делство и ру ра лен раз вој.

Page 4: Moja zemja juli 2014

45 системи „капка по капка“ за пченка во Полог, североисточен и вардарски дел

Потпретседателите на ФФРМ, Мемет Синани и Љупче Станковски, присуству-ваа на средбите за проширување на иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ кои се организираа во рамките на Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси во Полог, Североисточна и Вардарска Македонија. Амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс, све-чено вклучи два од новите 30 системи за наводнување капка по капка во северо-источен и вардарски дел на Македонија.

„Минатата година бевме сведоци на неверојатни резултати во Полог и Пе-лагонија каде што земјоделците кои го користеа системот успеаја да ги зголе-мат приносите за повеќе од 50%“, рече амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс. „Овој пристап кон земјоделство-то е економски и еколошки разумен. Сис-темите капка по капка ја користат водата до 60% поефикасно од традиционалното наводнување и ги спречуваат ѓубривата

од протекување во подземните води пре-ку почвата“.

Директорот на УСАИД/Македонија, Џејмс Стаин, исто така, свечено вклучи два од новите 15 системи капка по кап-ка во Полог и тоа на полето со пченка на Назуф Џеладини во близина на гости-варското село Тумчевиште и на полето на Билјана Савеска во близина на тетовско-то село Јанчиште.

„Го почнавме овој процес во Полог и Пелагонија во 2013 со донација на 40 системи капка по капка на мали произво-дители на пченка како дел од иницијати-вата на УСАИД „Да одгледуваме повеќе пченка“, рече Џејмс Стаин, директорот на УСАИД/Македонија“. Ако нашето ис-куство од минатата година е некаков по-казател, сигурен сум дека комбинацијата од системите капка по капка и добрите земјоделски практики ќе има огромен ефект врз приносите на пченка“.

ФФРМ и списанието „Моја земја“ ја

поддржуваат оваа кампања. Федерација-та со активности е, исто така, вклучена во рамките на проектот со цел ваквите иновативни техники да станат навика и практика во нашето земјоделство, би-дејќи го зголемуваат производството.

На настаните присуствуваа претста-вници од владини и невладини инсти-туции, компании, експерти и земјоделци.

Во 2013 година Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси успеа да ги зголеми приносите на земјоделците кои учествуваа во иницијативата „Да одгле-дуваме повеќе пченка“ за повеќе од 50%. Бидејќи пченката во Македонија најчесто се користи за сточна храна, зголемените приноси им овозможуваат на сточарите да нахранат четири пати повеќе крави со истата површина на пченка. Овој пристап на одгледување пченка ќе им овозможи на малите земјоделски бизниси во Маке-донија да станат поконкурентни, попро-фитабилни и поодржливи. l

ФФРМ

ФФРМ присуствуваше на првата средба со министерот Цветков

Првиот човек на ФФРМ, Никола Стаменов, присуствуваше на првата средба со новиот министер Михаил Цветков, на којашто се разговараше за актуелните проблеми и предизвиците во земјоделството. Посебен акцент беше ставен на ово-годишниот откуп на пченицата, кој започнува во овој период.

Од страна на Федерацијата на фармерите на РМ беа истакнато дека во иднина посебно внимание треба да се пос-ветува на договорното производство, на заштитата од климатските промени, спроведувањето заеднички активности за осигурување на посевите, како и на заедничкото влијание за добивање на поволни земјоделски кредити. l

Дијалогот важен за договор на цената

Никола Стаменов, претседател на ФФРМ, учествуваше на првиот состанок за откупот на пченицата кој се одржа во Свети Николе. На сред-бата присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и во-достопанство, Михаил Цветков, кој оцени дека годинава лебното зрно ќе биде поквалитетно во споредба со лани, а земјоделците ќе имаат и побогат род. На средбата присуству-ваа земјоделци и мелничари. Ста-менов истакна дека ФФРМ како ор-

ганизација ги штити земјоделците и очекува дека оваа година откупот ќе помине без никакви проблеми со уценување и манипулации кон фармерите и доколку такви работи се повторуваат, ФФРМ ќе реагира. Тој истакна дека ФФРМ и понатаму ќе работи на развој на договорно-то производство и подобрување на дијалогот помеѓу откупувачите и земјоделците. На средбата се наја-ви дека и во идниот период ќе има интензивни состаноци со земјодел-ците и мелничарите за минималната цена на лебното жито, но во наред-ниот период ќе се договараат да се почитуваат правилата и законите од двете страни. l

4 | МОЈА ЗЕМЈА

Page 5: Moja zemja juli 2014

Конференција за развој на рурален туризам

Жените фармери имаат голем број услови за развој на пре-тприемништво за рурален туризам, но сепак се соочуваат со бариери како што се немање стимулативни мерки, голема миг-рација село-град, доминација на традиционални закони за на-следување, патријархални семејства, мал број регистрирани жени како земјоделци, голем број семејни обврски за жената, недоволна информираност за започнување бизнис.

Ова се клучните работи што ги посочи Љубица Џониќ, ко-ординатор на Мрежата на жени – фармери во ФФРМ во својата презентација на Конференцијата за  развој  на  руралниот  тури-зам на Балканот која се одржа во Големата сала на Општина Гази Баба во организација на Централна европската иницијатива и Центарот за жени – претприемачи. Целта на Конференцијата е развој  на регионалниот  рурален  туризам  преку создавање на Балкански регионален бренд и Стратегија за заеднички настап и меѓусебна поддршка.

- Руралниот туризам е клучното решение за локален економ-ски развој. Фокусот треба да се стави на типичното, традицио-нално производство кое најмногу го негуваат  жените. Затоа и нивната улога е многу битна - истакна Алберто Погорелц, висок советник од Италија.

Според Виолета Манчевска-Николова, целта е да се понуди туризам на различности преку уникатен пристап за секоја земја и регион на Балканот, да креираме свесност за она што го имаме како понуда, да се поврземе и на туристи од трети земји, како Јапонија или Западна Европа, да им понудиме патување низ по-веќе, претходно мапирани тури. Притоа е важно да се почувству-ва спецификата на руралните подрачја, храната и традицијата во секоја од државите.

- Сакаме да ги искористиме нивните потенцијали и капаци-тети, да спречиме миграција село-град, да им помогнеме еко-номски да зајакнат, да отворат сопствен бизнис во областите што најдобро ги работат, да останат дома и да заработуваат“, истакна Манчевска.

Според претседателот на ФФРМ, Никола Стаменов, во идни-на треба да се работи на инфраструктурата и на спроведување на проекти за враќање на младите на селата.

„Без нив, реално кажано, не може да го вратиме животот на селата. А тоа може да се направи ако се урбанизираат селата од аспект на добра инфраструктура, отворање на едукативни, здравствени објекти, давање на поволни кредити, зголемување на можностите за локално вработување“, истакна Стаменов.

На конференцијата учествуваа претставници од Македо-нија, Албанија, Бугарија, Србија, Хрватска, БиХ, Унгарија и Ита-лија и во завршниот дел се потпиша меморандум за соработка. l

ФФРМ

Веб-платформа за следење на цените на овошјето и зеленчукотФФРМ во соработка со консултантската куќа „Епицен-

тар“ организира средби на фокус-групите за зеленчук и овошје во рамките на проектот „Б2Б Форум – Работиме за-едно за подобрување на синџирот за вредности за овошје и зеленчук“, на коишто се претстави веб-платформата и се дефинираа производите, сортите и изворите на пода-тоци. Целта на фокус-групите е да се употребуваат алат-ки за собирање информации, подобрување на дијалогот преку развој на функционален модел помеѓу сите засег-нати страни, што ќе помогне за подобрување на секторот зеленчук.

„Овие податоци ќе овозможат анализа на движењата на пазарните цени за одбрани производи на целата те-риторија на РМ. Во исто време ќе се изврши и следење на цените за сорти и квалитет“, истакнува Димовски од

„Епицентар“.Според Љубица Џониќ, координатор на Мрежата на

жени фармери во ФФРМ и градинар, оваа платформа е посебно значајна бидејќи со неа ќе се овозможи доби-вање на цени на производи и сите потребни информации кои се неопходни, како што е производство, пласман, увоз, извоз.

„На ваков начин ние ќе добиеме земјоделска берза која е неопходна за развој на градинарството како значај-на земјоделска гранка. Без следење на цените и ваквите податоци не може да имаме успешно договорно произ-водство, туку само имаме манипулации и проблеми“, по-тенцира Џониќ.

Средбите на фокус-групите се одржаа во Струмица и Битола, а во јули ќе се одржи средба на двете фокус-групи во Ресен.

Имено, Проектот „Б2Б Форум – Работиме заедно за подобрување на синџирот за вредности за овошје и зе-ленчук“ се реализира од консултантската куќа „ЕПИЦЕН-ТАР“ во соработка со Федерацијата на фармерите на РМ, а е поддржан од СИППО (Швајцарска програма за промо-ција на извоз на Switzerland Global Enterprise). l

ЈУЛИ 2014 | 5

Page 6: Moja zemja juli 2014

Федерацијата на фармерите на РМ, Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството и словенечката компанија „Дата-

лаб“ потпишаа меморандум за соработка за реализација на проектот за воведу-вање на добри земјоделски пракси– ком-понента сметководство на фарма и еви-денција на агротехнички мерки - преку информатичко комуникациски техно-логии. Со потпишувањето на овој Ме-морандум се започнува со поинтензив-но спроведување на активностите што значи дека од наесен ќе бидат вклучени дополнителни 100 фарми во примерокот на фармери кои ќе користат модерни ин-форматичко-комуникациски технологии за потребите на водење сметководство на фарма и евиденција на агротехнички мерки, што претставува компонента на добрите земјоделски пракси.

Станува збор за напредно управу-вање со фарма преку водење сметковод-ство, добри земјоделски практики и еви-денција на агротехнички мерки.

- Со воведувањето софтверски реше-нија, практично, се поставуваат темелите на модерното, интензивно земјоделство во Македонија. Ќе покажеме дека наши-

от аграр е европски и дека, покрај др-жавната финансиска поддршка, во него инвестираме многу преку различни про-екти - истакна директорот на Агенцијата, Игор Златков.

Тој, исто така, нагласи дека многу ва-жна компонента од ИТ менаџирањето на фармите е можноста да се знае каков е начинот на работење, дали има и кои се евентуалните пропусти, како и тоа колка-ва е цената на чинење на производот.

Како што истакна, Андреј Мертељ, директор на „Даталаб“, крајно време е информатиката да му помогне на земјо-делството.

- Целта ни е многу едноставна. Двојно да се намалат бирократските трошоци и времето потребно за административните процедури, да се подобри квалитетот на храната и количеството на производство. Особено е битно што ќе се намали зага-дувањето, внесувањето нитрати и потро-шувачката на нафта - посочи Мертељ.

Според претседателот на Федера-цијата, Никола Стаменов, сметководстве-ниот софтвер значително ќе им ја олесни работата на производителите и ќе ги на-мали манипулациите со нив.

- Менаџирањето на фармите преку

компјутер е пракса во европските држа-ви. Тоа сакаме да се применува и тука за да им овозможи на нашите земјоделци благовремен увид во посевите, да знаат како и што се случува со нив и навреме да реагираат ако е потребно. Сето ова се прави со единствена цел, производство на здрава и квалитетна храна - напомена Стаменов.

Системот овозможува следење на целото производство со цел да се утврдат пропустите и навремено да се реагира.

„На тој начин земјоделците сами ќе си го подобрат работењето и ќе увидат дека системот е корисен. Овоштари-те ќе имаат можност базна станица да ги алармира дека опаѓа температурата. Кај нив во зима за една ноќ може да се уништи цело производство. Кај нас, во Повардарието, една ноќ годинава беше ниска температурата и нема кајсии го-динава. Ако ова го знаеме пред време, може да преземеме мерки“, рече Љупче Станковски, потпретседател на ФФРМ. За да станат дел од проектот, земјоделци-те треба да се членови на Федерацијата на фармери и да се занимаваат со земјо-делство односно да функционираат како мали или средни претпријатија. l

Инсталирање на софтвер за следење на производството на 100 фарми

15 фармери од ФФРМ го инсталираа софтверот

Оваа активност е во склоп на една поширока активност на којашто работат ФФРМ и „Даталаб“ во изминатите две години. Во моментот веќе се инсталираат на 15 фарми во рамките на компле-ментарниот проект со наслов „Агро ИТ“. Преку овој проект се воспоставува платформа во не-колку земји од ЕУ која треба да обединува клуч-ни апликации, технологии и услуги, софтверски и мобилни апликации за менаџирање на фарма овозможувајќи управување на фарма преку ко-ристење современи ИКТ технологии.

ФФРМ

Page 7: Moja zemja juli 2014

Прекрасната природа и произ-водството на белото овчо си-рење се основните предиспо-зиции за развој на руралниот

туризам на полошкиот регион. Ова беше потенцирано при посетата на бачилото на овчарот Шабан Нануди на планината Бистра и дегустацијата на овчо сирење во ресторанот „Срна“ во с. Маврово.

Настанот е организиран од страна на Федерацијата на фармерите на РМ во рамките на проектот „Почувствувај го здравиот рурален живот“.

Присутните имаа можност да се за-познаат со начинот на чување овци во полошкиот регион и традиционалниот начин на производство на сирење во мандра, лоцирана во прекрасна рурал-на средина на планината Бистра. Токму овој начин на производство Шабан На-нуди им го објасни на посетителите.

Потоа се дегустираше бело овчо си-рење кое се разликува по вкус и мирис кај секој производител.

Со ваквите настани ФФРМ сака да го поттикне развојот на овчарството.

„И покрај квалитетното производство на сирење и јагнешко месо, загрижуваат статистичките податоци за овој сектор,

кои покажуваат тенденција на намалу-вање на бројот на овците во последни-те години и тоа од 778.000 во 2010 на 730.000 во 2013 година. Некогаш оваа бројка изнесувала и повеќе од 2 мили-они овци. Поради изумирањето на оваа традиционална земјоделска гранка, са-кам да ги охрабриме и мотивираме мла-дите генерации, преку обезбедување на подобри услови за сточарење, да започнат да се занимаваат со чување на овци и производство на овчо сирење како многу благородна дејност. Да не дозволиме младите и понатаму да бара-ат начини како да се оддалечат од оваа гранка и воопшто од земјоделството и да заминат некаде во странство каде што ќе трагаат по други огништа на живе-ење“, истакна Никола Стаменов, претсе-дател на ФФРМ.

Мартин Клауке, од Делегација на ЕУ во РМ потенцира дека овој проект е насочен за развој на руралниот туризам, бидејќи и самиот регион има голем по-тенцијал за тоа.

„Имаме доста традиционални произ-води како што е сирењето. Туризмот е поврзан со брендирањето и привлеку-вањето на туристи преку различни ат-

ракции . Имајќи го тоа во предвид, ние сакаме со овој проект да го промовира-ме она што е квалитетно за да се при-влечат повеќе туристи“, нагласи Клауке.

Градоначалникот на општина Мав-рово-Ростуше, Мукрем Мехмеди, потсе-ти дека во овој регион пред неполн век се одгледувале над сто илјади овци и додаде оти сега сточарството може да придонесе за развој на овој крај.

На средбата присуствуваа и биз-нисмени од Италија кои започнуваат бизниси во РМ со џипови за возење на непроодни планински предели и орга-низирање на вакви тури. Имено, овој настан се организира во рамките на проектот „Почувствувај го здравиот ру-рален живот“ кој е финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработ-ка со Албанија 2007-2013, спроведуван од страна на Федерацијата на фармери (ФФРМ) како водечки партнер и Ал-банскиот земјоделски совет (КАШ) и се имплементира во пограничниот регион (поконкретно, регионите Полог и Пела-гонија од македонска страна и региони-те Дибра и Елбасан од албанска страна. Настанот е поддржан и од „Здравје Ра-дово“ и „Грозд“. l

Соња Србиновска: Мора да се посвети внимание на производството, заштитата и стандардизацијата

Македонија изобилува со карак-теристични сирења кои се одликуваат со специфичен вкус, карактеристич-на арома, а некои од нив се со долга традиција на производство. И поради тоа, ако сакаме да ја зачуваме нашата традиционална кујна и нашите кул-турни навики, идентитет и традиција и воедно рамноправно да се бориме на домашниот и на странските пазари, ние мора да посветиме внимание на производството, стандардизацијата и заштитата на нашите домашни сирења со што корист би имале производите-лите, потрошувачите и локалните за-едници и тоа преку:• Зголемeна вредност на производот• Олеснет влез на пазарот• Зачувување на традиционалниот на-

чин на производство • Зачувување на природните ресурси

Полошкото сирење - бренд кој треба да се зачува

ФФРМ

ЈУЛИ 2014 | 7

Page 8: Moja zemja juli 2014

8 | МОЈА ЗЕМЈА

За да не дојде до преголеми несакани последици, треба превентивно да се дејствува, редовно да се согледуваат состојбите на теренот, да се даваат превентивни насоки кон земјоделскиот производител, и тоа насоки по култури каде што последиците ќе бидат намалени. Посебно внимание треба да се посвети на изборот на семенски материјал, на наводнувањето и прихраната

Справување со високите температури

АПРЗ – ГРАДИНАРСТВО

Пишува: дипл. агр. Стојан Глигоров

Евидентно е дека во изминати-те неколку години климатски-те промени постепено стану-ваат видливи и тоа посебно

високите температури во текот на денот, кои достигнуваат дури и над 40°С. Во последно време се чувству-ва голема разлика помеѓу дневните и ноќните температури, каде што ноќната температура опаѓа до 10°С, а дневната достигнува до 40°С на отворено, додека во пластениците температурата достигнува и до 60°С. Ваквите температурни амплитуди мора да се сфатат доста сериоз-

но и постепено да се спроведуваат стратегии за деловно избегнување на опасностите и последиците од превисоките температури. Од друга страна, пак, се среќаваме со доста ретки или, пак, краткотрајни врнежи, но поројни. Од таквите врнежи нема никаков ефект и повторно доаѓа до негативни последици врз градинар-ското производство кое се одгледува посебно на отворено.

За да не дојде до преголеми неса-кани последици, треба превентивно да се дејствува, редовно да се со-гледуваат состојбите на теренот, да се даваат превентивни насоки кон земјоделскиот производител и тоа

насоки по култури каде што последи-ците ќе бидат намалени. Земјодел-скиот производител треба да биде директно вклучен во овој процес, бидејќи тој управува со површините и посевите, каде што таквите наса-ди ќе бидат дадени, но и од негова страна спроведени за подобар ефект и за увид на добиените позитивни резултати.

Пред сè, постепено треба да се пристапува кон препораки за набав-ка на семенски материјал, на при-мер, кај доматите, семе кое ќе биде отпорно на високи температури.

Голема улога игра и наводну-вањето и одржувањето на водниот

Користење на мрежи за засенчувањееден од најдобрите начини за заштита од високите температури е употребата на специјална мрежа за засенчување за да се заштити растението и плодот од преголемата сончева радијација или преголемиот интензитет од сончевото зрачење.

со таквата примена на мрежа за засенчување се создава поволна микроклима, а со тоа се олеснува и примањето хранливи елементи од почвата, растението нема изгореници по листот и по плодовите, а со самото тоа и нема појава на целосно угинување и пропаѓање на плодовите и растението.

секој земјоделски производител, доколку е во можност, треба да го применува тој начин на засенчување во соработка со стручно лице, бидејќи ефектите се доста повисоки. станува збор за доста ефикасен начин на засенчување, како на отворено, така и во заштитен простор, а го заштитува посевот и на отворено и од врнежи од град.

Page 9: Moja zemja juli 2014

ЈУЛИ 2014 | 9

режим потребен од страна на рас-тението бидејќи со зголемени тем-ператури се зголемува и транспи-рацијата, испарувањето од самото растение, како што е и зголеменото испарување од површината.

Се препорачува површинска об-работка на почвата поради спречу-вање на капиларното испарување.

Правилната исхрана на расте-нијата, како во заштитен простор, така и на отворено, со претходно из-вршена агрохемиска анализа и на база на препораките од анализата треба да се врши прихранување или ѓубрење на растенијата. Со правил-ното одржување на влажноста и ис-храната на растенијата се намалува стресната состојба кај растението и тоа е доста поотпорно на суша и на високите температури.

Ѓубрењето со арско ѓубре придоне-сува за постепено снабдување на рас-тенијата со вода и хранливи материи.

Се препорачува засејување на култури кои понатаму ја збогатуваат почвата со хранливи материи, како со макро така и со микроелементи.

На пример, со употреба на специјал-ни мулч-фолии се овозможува одр-жување на влажноста на почвата и се намалува испарувањето на водата од почвата.

Кај нас во практиката често се употребува течна вар за заштита од високи температури на растенијата под пластеници којашто се напрс-

кува делумно по целата површина на пластеникот при што се овозмо-жува и делумно засенчување. Тре-ба да се внимава засенчувањето да не биде преголемо бидејќи доаѓа до исциглување на самото расте-ние и тоа станува неотпорно кон какви било промени што ќе следу-ваат понатаму. l

ПРИДОбИВКИ ОД КВИнОјАТАСемето од квинојата не содржи глутени од тие причини е значајно од здравствен аспект во исхраната на луѓето кои имаат глутенска алергија.Семето се одликува со добри нутритивни вредности (13-16%) сурови протеини, 5% масти 60% БЕМ, 4% сурови влакна). и претставува здрава алкалана храна. Содржината на есенцијалните аминокиселини е исто така висока и разновидна (лизин, леуцин, изолеуцин, фенилаланина, тирозин, триптофани и др.) lСпоред Статутот на ФФРМ, постојат

два типа на членови во ФФРМ:Групни членови - регистрирана и опе-ративно и финансиски активна група на фармери - земјоделски здруженија, регионални и национални сојузи, земјоделски задруги и/или трговски друштва формирани од земјоделски здруженијаИндивидуални членови - Секој жител на Македонија, инволвиран или за-интересиран за земјоделството кој го исполнува основниот критериум - да е евидентиран фармер во Единствениот Регистар за земјоделци на МЗШВ, или е член на земјоделско стопанство. Индивидуалниот член може да одлучи дали ќе членува во некоја од социјал-ните мрежи на ФФРМ.Членарината за групните членови во зависност од бројот на членови изнесува од 6000 до 12000 денари , а за индивидуалните членови изнесува 920 денари.Покрај редовните членови ФФРМ воведува и статус на придружни чле-нови, тоа се правни и физички лица кои можат да ги користат услугите на организацијата, но немаат право на глас.Контакт: Главна Канцеларијаул „Христо Смирненски“ бр 15, 1000 СкопјеТел/факс: 389-02-3099-042

Како да станам член во ФФРМ

Page 10: Moja zemja juli 2014

10 | МОЈА ЗЕМЈА

Пишува: Томе Тимов

Производството на лута пи-перка за есенска берба за-почнува во летниот период. Оваа култура кај нас најмногу

се произведува во пелагонискиот ре-гион и струмичкиот регион.Ристо Ристов од струмичкото село Нова Мала е производител на лута пиперка од сортата „хортес“ за втора култура. Тој со оваа дејност се зани-мава три години и покрај одгледу-вањето пиперки, се занимава и со одгледување на млад компир под пластеници, како и краставици и лу-беница.

Тој за оваа година очекува принос од 4 тони и, како што потенцира, многу е важна примената на правилни техни-ки на одгледување во земјоделството.Ристов употребува и нови техноло-гии, односно воведе систем капка по капка и вели дека со овој систем се дуплира производството.

„Болести кои најчесто се јавуваат кај лутата пиперка се пепелницата и пла-меницата. Затоа е потребно навреме-но третирање“, посочува Ристов.Според него, посетата на саеми, со-вети од стручни лица од областа на земјоделството, следење на новите техники и технологии во производ-ството се клучен фактор за успешна земјоделска приказна. l

Ристо Ристов од струмичкото село Нова Мала е производител на лута пиперка од сортата „хортес“ за втора култура. Тој со оваа дејност се занимава три години, а покрај одгледувањето пиперки, се занимава и со одгледување на млад компир под пластеници, како и краставици и лубеница.

„Капка по капка“ го зголемува производството

Производство на лути пиперки за есенска бербаГРАДИНАРСТВО

Page 11: Moja zemja juli 2014
Page 12: Moja zemja juli 2014

12 | МОЈА ЗЕМЈА

Пишуваат: асс. д-р Звезда Богевска, асс. д-р Маргарита Давитковска

Како кај сите градинарски култури, така и кај кро-мидот е важна бербата и чувањето. Она на што

треба да внимаваат земјоделците е бербата на кромидот да биде при суво време, затоа што ако таа е по врнежи или кога влажноста е ви-сока, се зголемува подложноста на постбербени заболувања. За време на бербата, луковиците мораат да бидат цврсти, со созреан затворен врат и обвивни лушпи и со соодвет-на димензија (големина). Уште при самата берба, дефектните луковици (оштетени од инсекти, со прегори, незрелите и повредените) треба да се отфрлат.

Според едни истражувања, до-колку процентот на полегнати лажни стебла изнесува 20-50%, се нама-лува проникнувањето за време на чувањето, но затоа пак се намалува вкупниот принос за 15% во според-ба со бербата кога процентот на по-легнати лажни стебла изнесува 80%. Резултатите на други истражувања, пак, покажале дека со бербата може да се одложи до 100% зрелоста без да се зголемат маркетиншките за-губи за време на чувањето или, пак, да се намали или падне квалите-тот за време на shelf life. Сепак, во праксата е прифатено бербата да се изведува кога 50-80% од надземната маса ќе полегне.

Кромидот се бере рачно и меха-низирано. Рачно се бере со корнење, додека механизирано најчесто во две фази (најнапред се вади кроми-

Засушувањето е најважна операција во постбербена-та технологија на кроми-дот. Со тоа се намалуваат постбербените загуби и загубите на влага бидејќи се отстранува вишокот влага од надворешните обвивни суви лушпи и вратот на свежо собраниот кромид до ниво коешто ќе ја сведе на минимум загу-бата и набрчкувањето од внатрешноста и ќе доведе до намалување на микро-биолошката инфекција. Доколку сушењето се из-ведува на поле, температу-рата не би требало да биде пониска од 24ºС. Покрај природното, се практикува и форсирано – воздушно сушење. Најдобри резул-тати се постигнуваат на температура од околу 38ºС

Како се прави правилнабЕРбА И чУВАњЕ

Одгледување на кромидГРАДИНАРСТВО

Правилно чувањеУслови на чување. Оптималната температура е 0-2ºС, а

релативна влажност 65-70% (опсег 65-80%).

брзо ладење не е потребно. Доколку се сака да се чува кромидот подолго време, тогаш е неопходно брзо намалу-вање на температурата на потребното ниво.

Должина на чување. Во услови на оптимална температу-ра и влажност, кромидот може успешно да се чува од 1 до 8 месеци во зависност од сортата.

Точка на смрзнување: -0,8ºС

Контролирана атмосфера. Кај сортите кои се одлику-ваат со долг потенцијал за чување не е забележана некоја корист од примената на контролирана атмосфера. Луко-вицата може да биде оштетена доколку во атмосферата на чување содржината на кислородот е под 1%, а содржината на јаглероден IV оксид е над 10%. Комерцијална употреба на контролирана атмосфера од 3% О2 и 5-7% СО2 се пре-порачува за чување на слатки сорти кромид со низок по-тенцијал на чување.

Page 13: Moja zemja juli 2014

ЈУЛИ 2014 | 13

дот и се остава во ленти да се засу-ши 5-10 дена, а потоа се прибира и носи во складишта).

Засушувањето е најважна опера-ција во постбербената технологија на кромидот. Со тоа се намалуваат постбербените загуби и загубите на влага бидејќи се отстранува вишо-кот влага од надворешните обвив-ни суви лушпи и вратот на свежо собраниот кромид до ниво коешто ќе ја сведе на минимум загубата и набрчкувањето од внатрешноста и ќе доведе до намалување на мик-робиолошката инфекција. Доколку сушењето се изведува на поле, тем-пературата не би требало да биде пониска од 24ºС. Покрај природното,

се практикува и форсирано – воз-душно сушење. Најдобри резултати се постигнуваат на температура од околу 38ºС и релативна влажност не повисока од 80% за период од околу една недела.

Со сушењето се намалува масата на луковиците и бидејќи тие најмно-гу се продаваат врз основа на нив-ната маса, постигнувањето на поса-куваното ниво на дехидратација е критично. Загубите во маса од 3 до 5% се нормални во амбиентални ус-лови на сушење и до 10% при веш-тачко (принудно) сушење.

Во Англија, уште од 1975 година се применува струење на воздухот

на 26-28ºС за досушување на луко-виците. Потребно е да се отстрани вишокот влага за три дена. Потоа кромидот се чува на 25ºС во вре-метраење од 3 до 4 недели, со вен-тилација 2-4 часа дневно, сè додека не се засуши вратот. Потоа темпера-турата се намалува и се одржува на 0ºС во ладилниците. Современите системи за досушување се со капа-цитет од 2000 т.

Должината на фазата на мирување зависи од сортата, а тоа значи дека успехот на чување зависи од сортата. Најдобро се чуваат сорти со поголем број затворени сочни листови, пого-лем број суви листови, со повеќе од 14% на сува материја (лути сорти) и дисахариди. Сортите со краток пери-од на мирување пократко се чуваат и имаат содржина на суви материи под 10% (слатки сорти) и водат потекло од јужните географски широчини.

Мирисот на кромидот често го примаат останатите производи во опкружувањето, па затоа е пожелно да се чува одвоено, освен со некои сродни култури како лукот.

Крoмидот пред чувањето се чисти од вишокот суви листови и задолжи-телно се отсекува вратот во должина од 2 см. l

Како се прави правилнабЕРбА И чУВАњЕ

Нарушувања за време на чувањето

Проникнувањето е најголем проблем за време на чувањето и предизвикува најголеми загуби. Со примена на усло-ви кои се препорачуваат, проблемите т.е загубите за време на чувањето се намалуваат. За време на чувањето може да се појави физиолошко нару-шување - воденикави лушпи, што за прв пат се појавило во северна Евро-па. Самиот процес на настанување на воденикавите лушпи се нарекува тео-рија на задушувањето. Доцните берби, високите температури на засушување или лекување, како и подолготрајното засушување се причина за појава на воденикави лушпи.

За да се избегнат вакви физиолошки нарушувања, се препорачува:

• рана берба (не подоцна од 50 до 80% на полегнување на надземната маса);

• внимателно ракување со луковици-те;

• да се избегнуваат берби при влажно време;

• засушувањето да се изведува во ку-тии, а не во високи купови за да се избегнат притисоците;

• температурата на засушување да биде < 25ºC (вакви високи темпера-тури се препорачуваат за потемно обојување на обвивните суви лушпи).

Page 14: Moja zemja juli 2014

14 | МОЈА ЗЕМЈА

Пишува: дипл. инж. Александра Алексоска - Државна фитосанитарна лабораторија

Едни од најчестите причини за намалување на приносите и појава на болести се бактерии-те. Болестите предизвикани од

бактерии се нарекуваат бактериози.

Повеќето бактерии најдобро се раз-виваат при зголемена влажност, од-носно бактериска инфекција речиси е невозможна без капка вода. Фито-патогените бактерии ја губат својата виталност под влијание на директна сончева светлина. Бактериите ја вр-шат заразата преку природни отвори и рани. На површината на растенијата се појавуваат во форма на бактериски

ескудат (капки или слуз). Бактериски симптоми се влажното гниење, пега-вост, пламеница, венење, израстоци и тумури.Од поактуелните бактериски заболу-вања на кои во моментот им се при-дава поголемо значење се: кафеаво гниење на компирот, прстенесто гни-ење на компир, бактериска пламени-ца и бактериски рак по виновата лоза.

ВлажНо гНИење – симптом кој најчесто се сретнува на меките ор-гани, коренот, луковиците, плодо-вите односно меки ткива богати со вода и хранливи материи. (Erwinia carotovora pv. carotovora) – влажно гниење на многу растителни видо-ви. Од оштетените клетки излегува

„вода“ во форма на капки и зафате-ното ткиво се претвора во каша.

ПегаВост И НеКРоза – најчест тип на симптоми кај бактериските бо-лести. Пегите на почеток се водени, проѕирни, кафеави за подоцна по-ради пукање на заразеното ткиво да добијат изглед на красти.

ПлаМеНИЦа – нападнатиот (зара-зениот) орган или дел од растение нагло покафенува или поцрнува и се суши. Типична бактериоза е (Erwinia amylovora), многу опасна болест по јаболката и крушите каде што мла-дите израстоци на домаќинот одед-наш поцрнуваат и изумираат како да се запалени.

ВеНеење – фитопатогени бактерии кои ги напаѓа-ат спроводните системи во растението (главно ги за-фаќаат трахеите од спровод-ниот систем, па затоа уште се нарекуваат и „трахеобак-териози“) кои предизвику-ваат симптоми на венеење на одредени делови или на цели растенија.

ИзРастоЦИ И туМоРИ – под влија-ние на бактериите доаѓа до забрзана клеточна делба (хиперплазија) и до зголемување на обемот (хипертро-фија) со што се формираат различни израстоци, булбуси и туморни израс-тоци. Најпознат и најраширен е бак-терискиот рак кој е предизвикан од Agrobacterium tumefaciens.

Како да се СПРАВИТе СО бАКТЕРИИТЕ

БаКтеРИсКИ РаК По ВИНоВата лозаБактерискиот рак кај овош-ните видови се јавува иск-лучиво на кореновиот врат, а кај виновата лоза ги за-фаќа скоро сите надземни органи. По облик се сферич-ни. Во почетниот стадиум ту-морите се меки и бледожол-ти, а во подоцниот стадиум зацврстуваат и потемнуваат.

БактериозиЗАшТИТА

Page 15: Moja zemja juli 2014

КаФеаВо гНИење По КоМПИРотПрви промени се забележуваат на листот – жолта боја и венеење на врв-ните листови во најтоплиот дел од денот. Во текот на ноќта венеењето се губи за во утринските часови пов-торно да се појави и сè така до изуми-рање на растението. Кај младите рас-тенија венее и стеблото. Заболеното растение не формира кртоли, но ако болеста е зафатена по формирањето на кртолите, заболуваат и тие.

ПРстеНесто гНИење По КоМПИРотБолеста на нива тешко се воочува затоа што паразитот зафаќа само еден дел од спроводните садови и разорувањето на паренхимското ткиво се одвива многу бавно. Типични симптоми се забележу-ваат во текот на август кога растението е во поодмината фаза. Првите симптоми се на долните листови во основата на стеблото и тоа прво на одредени листо-ви, а потоа на поголем број односно на целата зелена маса. Заболените листо-ви пројавуваат хлороза и жолтеникаво до портокалово обојување во меѓужи-лениот простор. Симптомите на повр-шината на кртолата тешко се воочуваат затоа што сè се случува под покожицата. Во подоцна фаза од развитокот на бо-леста настанува некроза.

сузБИВање И КоНтРола• Официјални и превентивни фитосанитарни мерки за спречување на поја-

вата на фитопатогени бактерии на нашата територија• Основна мерка – дезинфекција и упoтреба на здраво семе и саден мате-

ријал придружени со фитосанитарен пасош;• Користење на отпорни сорти;• Плодоред, уништување на заболените растителни остатоци и плевелите;• Внимателно да се прегледуваат посевите за време на вегетацијата;• При сеење на кртоли од компир, задолжителна дезинфекција на ножеви-

те (со еден заразен нож може да се заразат 20-30 наредни клубени);• Од насадите треба да се отстранат сите искршени гранки бидејќи таму

често презимуваат заразни болести и штетници;• Во случај на сомневање дека постои зараза, веднаш да се донесат при-

мероци во Државната фитосанитарна лабораторија или да се контактира регионалниот инспeктор.

БаКтеРИсКа ПлаМеНИЦаШироко е распространета во приро-дата и предизвикува промени од ти-пот на венеење, рак - рани, пегавост на листовите и плодовите, влажно гниење и губење на бојата на кси-лемот и изумирање кај јаболката, крушата, дуњата и останати видови од фамилијата Rosaceae. Паразитот ги напаѓа сите делови на овошките: цвет, плод, леторастите, скелетните гранки, стеблото, па дури и коренот. Симптомите се појавуваат доста рано уште во раната пролет во првите 2-3 недели од отворањето на цветовите. Од цветовите низ цветната дршка се проширува на леторастите и листови-те. Заболените делови добиваат црна боја како зафатени од оган и затоа го добила и другото име „Fire blight“.

ЈУЛИ 2014 | 15

Page 16: Moja zemja juli 2014

16 | МОЈА ЗЕМЈА

УнИшТУВАчИ на бактерии и

микроорганизми во ладилник

Како да се одржи подолго вре-ме набраниот производ во свежа состојба? Како да се пости правилното чување на

овошје и зеленчук во ладилник, а при тоа да не се изгуби квалитетот на самиот производ? Ова се прашањата на кои треба посебно внимание да се посветува.

Правилно чување на овошје и зе-ленчук не преставува само контроли-рање на температурата и влажноста на воздухот, туку и елиминирање на патогените бактерии и отстранување на етиленот од воздухот во прос-торијата каде што се чуваат произ-водите. За отстранување на овие причинители кои го скратуваат жи-вотниот век на самиот плод постојат

повеќе начини. Кај нас, во пракса, се употребуваат хемиски средства и употреба на озонатори. Сите од овие споменати методи имаат свои пред-ности и недостатоци. На пример упо-требата на озонатори во ладилникот е многу штетно за човекот и неговото здравје, така што може да дојде до рак на кожата од преголема концен-трација.

Компанијата Miatechе по потекло е од САД и истата има развиено сис-тем за уништување на сите штетни микроорганизми, бактерии кои се наоѓаат во воздухот и истовремено го елиминира етиленот, кој се испушта од самите производи. Тие го имаат создадено БИО – ТУРБО кој се одви-ва без примени на хемиски средства.

ПРоЦесот се оДВИВа Во 4 ФазИ:Прва фаза – воздухот поминува

низ првиот филтер кој ја собира це-лата прашина и нечистотија од него

Втора фаза – воздухот поминува низ вториот филтер, во кој се задр-жуваат сите штетни бактерии, мувла и слично.

трета фаза – се наоѓа озон фил-терот каде што кислородот го пре-твора во озон и озонот го елиминира етиленот.

Четвртата фаза – кислородот кој веќе е претворен во озон поминува низ филтер, каде што повторно се враќа како чист кислород.

бИО – ТУРбО е многу лесен за работа и е многу поефтина варијан-та за разлика од останатите. Тој се поставува на горната површина на просторијата за чување на произво-дите и се контролира со далечински управувач. Доколку работи преку целата година, филтрите се мену-ваат еднаш годишно, но доколку се користи само сезонски тие се мену-ваат на 18 месеци. Постојат повеќе модели на Био-турбо кои се базира-ни на тоа колку метри кубни воздух може да се преработи за 24 часа. Со овој производ ќе се најде решението на секој земјоделец за пост - бербе-ниот период. Инвестицијата за овој производ е многу мала и се враќа повеќекратно. l

ПРЕДнОСТИПредности на овој систем е тоа

што многу лесно се монтира, не за-фаќа простор, нема употреба на хе-микалии, не е штетен за човекот, ниту за производите кои се чуваат во самиот простор. био-турбо се употре-бува за разни намени, како за чување на овошје и зеленчук, така и за цвеќе и истите остануваат подолго време во свежа состојба.

Во овој систем количеството на озон кое што се употребува за отстра-нување на етиленот е многу големо и штетно за човекот, но, предноста е тоа што целиот тој процес се одвива во самата единица на био-турбо.

Био – турбо – најлесен и најпрактично начин на чувањеПОСТБеРБеНИ-АКТИВНОСТИ

Page 17: Moja zemja juli 2014

Сузбивање на ПЕПЕЛнИцАТА

Совет „Хемомак“ ЛОЗАРСТВО

ЈУЛИ 2014| 17

Пишува:

Пепелницата е многу штет-на болест која од својата појава до денес редовно се јавува. За зголемената

опасност од пепелницата постојат по-веќе причини помеѓу кои: изменетите климатски услови, интензивниот начин на одгледување на културите, осетлив сортимент, појава на толерантност на габата кон системичните фунгициди и др. Паразитот ги напаѓа сите зелени делови од растението: лисјата, ластари-те , цветовите и плодовите. На лисјата, најчесто на лицето, се забележуваат прво поединечни зарази со присуство на бел мицелиум, што брзо се развива и ги зафаќа целите лиски. Од заразените цветни пупки се развиваат слабо разви-ени цветови, со деформирани ливчиња, кои не се отвораат наполно и се прекри-ени од мицелиум на габата. Најважно за оваа болест е тоа што не ги поштедува плодовите. Уште во почетокот на раз-војот, мицелиумот го образува својот репродуктивен облик – конидискиот стадиум. На мицелиумот прицврстен за површината на растенијата се разви-ваат посебни израстоци, кои заземаат вертикална положба. Од овие израсто-ци се формираат конидиофори со кони-дии. Подоцна се формираат пократки или подолги низи од конидии кои се познати како оидии. Тие претставуваат облици за размножување на габата и во текот на вегетацијата се развиваат по-масовно при поголема релативна влаж-ност на воздухот. Оваа габа презимува

во вид на клеистотеции или во вид на мицелиум, а може и на двата начина.

Штетното дејство на пепелницата се манифестира на различни начини: на-малена фотосинтеза поради присуство-то на мицелиум по зелените растителни делови, зголемена е транспирацијата поради оштетените епидермални клет-ки, намален квалитетот на плодовите поради оштетување на епидермисот и др.

Со оглед на биолошките каракте-ристики на паразитот, невозможна е прогноза како кај пламеницата. Според тоа, заштитата на лозата од пепелница се изведува главно со хемиски сред-ства. Широката палета на „Хемомак Пестициди“ ниту комплетна заштита за сузбивање на пепелницата. Vivando SC е фунгицид со превентивно и кура-тивно дејство со висока отпорност на измивање од дожд. Се користи во доза од 0,2 л/ха. Collis претставува системи-чен и квазисистемичен фунгицид со превентивно и куративно дејство. За сузбивање на пепелницата се користи во доза 0,4-0,5 л/ха. Postalon 90 SC е системичен фунгицид за сузбивање на пепелницата во виновата лоза кој се користи во доза од 1 л/ха. Како контак-тен фунгицид се користи Kumulus DF во доза од 3 кг/ха, кој претставува сулфу-рен фунгицид со превентивно и кура-тивно дејство. Cabrio Top се користи за сузбивање на пепелница и пламеница во доза од 2 кг/ха. Има одлично кура-тивно и квазисистемично дејство изра-зито заштитно, ерадикативно и транс-ламинарно дејство. l

Page 18: Moja zemja juli 2014

18 | МОЈА ЗЕМЈА

Пишува: дипл. инж. агр. Лазо Папучкоски

Во Македонија оревот се одгледува стихијно со користење на сеанци и селектирани ореви кои

даваат многу низок принос. Калеме-ните ореви се употребуваат во мали насади и сè уште немаме поголеми плантажи засадени со калемени ореви. Ова се должи на недостигот на знаење во делот на употребата на современи технологии во производ-ството на садниот материјал за орев. Калемените оплеменети ореови сад-ници даваат многу поголем принос за разлика од некалемените. Од по-вршина од еден хектар, петгодишни калемени ореви даваат од 1500 до 2800 кг на хектар, во зависност од густината на садење која се движи

од 200 до 320 садници на еден хек-тар. Калемените сорти, исто така, се многу поотпорни на измрзнување. За нашите простори најпогодна е сортата „чендлер“.

Во науката се појавуваат најраз-лични нови методи на калемење. Една од нив е на турскиот експерт Вели Ердоган од универзитетот во Анкара, која за разлика од класич-ните калемења, дава подобри ре-зултати и целиот процес се забрзува неколкукратно. Процесот трае само една година, од ’ртење до питомка. Овој калемен орев веќе во втората или третата година почнува да дава плодови, за разлика од некалеме-ните ореви кои почнуваат да раѓаат од осмата до триесеттата година од садењето.

Неговиот процес го прикажуваме низ слики, етапно, според фазите низ како се одвива со слики.

(Сл. 3.1а) Со цел да се омекне оре-овата лушпа, плодови се ставаат во сад со вода на собна температура на период од 48 часа и додека трае овој процес, шупливите ореви што излегу-ваат на површината на водата се от-странуваат.

(Сл. 3.1б) Потоа оревите се ставаат во садови наполнети со влажен перлит за да се изврши стратификација. Тоа се прави околу 20 јануари. Температу-ра треба да биде од 1 до 4 Целзиусо-ви степени, а процесот трае од 50 до 55 дена во ладна просторија со ладен воздух и влажност од 85%.

(Сл. 3.2) Се ставаат во пластеник на ’ртење на температура од 23 до 27 Цел-зиусови степени и десет дена по заса-дувањето (Сл. 32б) насадените ореви на длабочина на 7 до 8 сантиметри во влажниот перлит или супстратот прор-туваат и им израснува коренова сржна жила со должина 3-5 сантиметри.

Калемените оплеменети ореови садници даваат многу поголем принос за разлика од некалемените. Од површина од еден хектар, петгодишни калемени ореви даваат од 1.500 до 2.800 кг/ха, во зависност од густината на садење која се движи од 200 до 320 садници на еден хектар. Калемените сорти, исто така, се многу поотпорни на измрзнување. За нашите простори најпогодна е сортата „чендлер“.

Калемење на оревОВОшТAРСТВО

Во иста година САДИш И БеРеш

Page 19: Moja zemja juli 2014

ЈУЛИ 2014| 19

(Сл. 33а) Врвот на сржната жила се скратува 3 до 5 милиметри за да се соз-дадат странични корења за подобро раз-гранување на коренот. Вака изртениот орев со скратена коренова сржна жила се пресадува во полиетиленски ќесиња или пластични контејнери кои претходно се перфорирани за дренирање на вишо-кот вода. Ќесињата се со големина од 13 до 20 сантиметри, наполнети со меша-вина на стерилизиран тресет и перлит во однос 2 спрема 1. Овие ќесиња се редат во тацни и се покриваат со пластична фолија со цел да се задржи влажноста на 80 до 85%, но и потребната температура во пластеникот за да раснат.

(Сл. 34) Процесот на култивирање на младите растенија на оревот трае сè додека не пораснат на височина од 20 до 30 сантиметри. Секој ден се подига фолијата во времетраење од 2 до 3 часа за вентилација, за да не се појават тру-лежни габи.

(Сл. 34 б) Во Садот во којшто е за-садено младото растеније на оревот од котиледонот до епикотилот е око-лу 2 сантиметри и истиот се наоѓа на вратот на коренот на растението и се вика епикотилно растение. (Сл. 35а) За да може младите растенија да се користат како подлоги за котиледонско калемење, епикотилот се сече 2 санти-метри над котиледонот во кореновиот врат со остар нож како што е прикажа-но на (Сл. 3.5б).

(Сл. 3.6а) Епикотилот се разделува на средината со остар нож или скалпел во длабочина до 1 сантиметар.

(Сл. 3.6 б) Се прави питомка (калем-гранка) во форма на клин. По можност, и двете треба да бидат со иста дебели-на – подолгата со калем гранката која се зема од саканата сорта или хибрид на орев.

(Сл. 3.7а) Потоа калем-гранката се спојува со подлогата.

(Сл. 3.7б) Споените места се пре-мачкуваат со парафин за зацврсту-вање на калемката и за сочувување на влажноста. На врвот на калем-гранка-та се става парафин.

(Сл. 3.8) Садот со епикотилната пи-томка се дополнува со перлит до виси-на на врвот каде што се оставаат две пупки за да почне растението да расте.

(Сл. 3.9а) Калемката со зафатен ка-лус.

(Сл. 3.9б) Раст од пупка до млада питомка.

(Сл. 3.10) За да по два месеца рас-тението постигне добар резултат на младата питомка, треба да се врши прихрана со течно ѓубриво во количе-ство од 1 грам на литар макро и мик-ро елементи со 19% азот, 19% фосфор, 19% калциум, 0,01% железо, 0,05% манган, 0,2% бор, 0,01% бакар, 0,05% цинк, 0,007% молидбен. l

Калемење на орев ОВОшТAРСТВО

3.1 а

3.3 а

3.5 а

3.7 а 3.7 б 3.9 а

3.9 б3.8 3.10

3.5 б 3.6 а 3.6 б

3.3 б 3.4 а 3.4 б

3.1 б 3.2 а 3.2 б

Page 20: Moja zemja juli 2014

20‌|‌МОЈА‌ЗЕМЈА

Во склоп на овошните насади изграден е ладилник со капацитет од 250 тони со сопствен калибратор. Се употребува најсовремена механизација, почнувајќи од овоштарски трактор „ферари“, мулчери, машина за кроење и сето она што е потребно за модерно производство. Засаден е богат сортимент на јаболка: гала, црвен делишес, грени смит, сириус, орион, луна, топаз. Садниот материјал е набавен од Јужен Тирол во Италија, каде што платиле по 5 евра за двегодишни садници со предвремени родни гранки

41 хектар органско јаболкоГерманска инвестиција во богданциовоштаРство

пишува: билјана петровска-Митревска

Фотографија: благојче најдовски Производството‌ на‌ летно‌ ја‌бол‌ко‌ во‌ РМ‌ било‌ традиција‌ко‌ја‌ постепено‌ изумирала.‌ Поз‌натите‌ „петровки“‌ веќе‌не‌ се‌ произведуваат‌ во‌ големи‌ ко‌ли‌чества.‌ Сепак‌ ова‌производство‌е‌ба‌рано‌на‌европските‌пазари‌и‌тоа‌би­

ло‌поттик‌за‌започнување‌бизнис‌на‌„Таурус‌фармс“‌од‌Богданци,‌кои‌на‌45‌хектари‌започнаа‌со‌од‌гле‌дување‌на‌органски‌јаболка,‌поч‌ну‌вај‌ќи‌од‌рани‌сорти‌кои‌се‌берат‌во‌сре‌дината‌на‌јули.

„Таурус‌ фармс“‌ е‌ 100%‌ германска‌ грин‌‌филд‌ инвестиција‌ и‌досега‌ин‌‌вестиравме‌над‌ 6‌милиони‌ев‌‌ра.‌Овие‌насади‌ се‌нај­го‌‌лем‌ сертифициран‌ ор‌ган‌‌ски‌ овошен‌ насад‌ на‌ Балканот‌ и‌по‌‌широко.‌ Со‌ ог‌‌лед‌ на‌ тоа‌ дека‌ ста‌ну‌‌‌ва‌ збор‌ за‌ германска‌инвестиција,‌немаме‌проблем‌со‌пласманот‌кој‌е‌100%‌за‌извоз‌во‌Европската‌унија.‌Најпрво‌купивме‌градежно‌земјиште‌ка‌де‌што‌го‌из‌градивме‌објектот‌во‌чии‌рамки‌има‌калибратор‌и‌ладилник.‌Во‌меѓувреме‌под‌концесија‌добивме‌365‌хектари‌површини‌на‌неколку‌ло‌кации‌во‌Богданци‌и‌Прдејци‌од‌кои‌41‌хектар‌се‌под‌јаболкови‌насади,‌ 4‌ хектари‌под‌ круши‌и‌ ос‌та‌на‌тите‌ површини‌под‌ насади‌ со‌ винова‌ лоза“,‌ по‌јасни‌ управителката‌ на‌ „Tаурус‌фармс“,‌Билјана‌Чучанова.‌

Инаку,‌цената‌за‌подигање‌на‌насадот‌на‌еден‌хектар‌површина‌над‌ми‌ну‌ва‌ 45.000‌ евра.‌ На‌ еден‌ хектар‌ имаат‌ насадено‌ 3.300‌садници,‌тука‌е‌и‌ин‌сталирањето‌на‌системот‌капка‌по‌капка,‌но‌и‌потребната‌механизација‌и‌приклучни‌машини.

сИстеМот „кИпИнГ тач“ е нов И ИноватИвен начИн на одГледување јаболковИ насадИ РазвИен во јужен тИРол.

Page 21: Moja zemja juli 2014

ЈУлИ‌2014‌|‌21‌‌

41 хектар органско јаболкоВо‌склоп‌на‌овошните‌насади‌е‌изграден‌

ладилник‌ со‌ капацитет‌ од‌ 250‌ тони‌ со‌сопствен‌калибратор‌и‌магацински‌простор‌од‌ 300‌ m2.‌ Се‌ употребува‌ нај‌со‌вре‌мена‌механизација‌ почнувајки‌ од‌ овоштарски‌трак‌тор‌ „ферари“,‌ мулчери,‌ ма‌ши‌на‌ за‌кроење‌и‌сето‌она‌што‌е‌потребно‌за‌мо‌дер­но‌производство.‌Засаден‌е‌богат‌сортимент‌на‌ јаболка:‌ гала,‌ црвен‌ де‌лишес,‌ грени‌смит,‌ сириус,‌ орион,‌ лун‌‌а,‌ топаз.‌ Садниот‌материјал‌ е‌ набавен‌ од‌ Јужен‌ Тирол‌ во‌Италија,‌ каде‌ што‌ пла‌тиле‌ по‌ 5‌ евра‌ за‌две‌го‌д‌ишни‌ садници‌ со‌ предвремени‌родни‌ гранки.‌ Самиот‌ ово‌ш‌тар‌ник‌ го‌ кон­тролираат‌и‌италијански‌експерти.

‌„За‌нас‌беше‌предизвик‌да‌направиме‌насад‌во‌регион‌каде‌што‌нема‌ис‌куст‌во‌со‌ваков‌вид‌производство‌и‌понатаму‌сакаме‌да‌ги‌зголемуваме‌по‌вршините‌под‌овошни‌насади.‌Наесен‌планираме‌да‌подигнат‌100‌хаи‌ уште‌ 100‌ ха‌ идната‌ го‌дина“,‌ додава‌управителката‌Чучунова.

Агротехниката‌ за‌ органското‌ јаболко‌ е‌предизвик‌ за‌ секој‌ агроном,‌ вели‌ Крсте‌Де‌лев,‌ кој‌ е‌ задолжен‌ за‌ технологијата‌на‌ производство.‌ Насадите‌ со‌ јаболка‌ се‌сер‌тифицирани‌ органски‌ насад‌ при‌ што‌заштитата‌е‌согласно‌протоколите‌за‌ор‌ган­ско‌производство.

„Можете‌ да‌ применувате‌ средства‌ кои‌се‌дозволени‌во‌органското‌производство.‌Ние‌ користиме‌ методи‌ за‌ природно‌

привлекување‌ на‌ корисни‌ инсекти‌ така‌што,‌на‌пример,‌се‌мулчира‌секој‌втор‌ред‌во‌ заштитата‌ на‌ органските‌ јаболка,‌ се‌користат‌заштитни‌препарати‌биопестициди‌кои‌се‌на‌база‌на‌екстракти‌на‌растенија‌и‌употреба‌на‌габи‌и‌бактерии“,‌објасни‌Крсте‌Делев.‌

Насадот‌ е‌ подигнат‌ во‌ 2012‌ година‌ и‌ова‌ е‌ прва‌ година‌ на‌ род.‌ Во‌ полн‌ род‌приносите‌ се‌ движат‌ од‌ 50‌ до‌ 60‌ тони‌ по‌хектар.‌ Насадот‌ е‌ покриен‌ со‌ мрежи‌ кои,‌покрај‌ заштитата‌ од‌ град,‌ заштитуваат‌ и‌од‌ инсекти,‌ а‌ инсталиран‌ е‌ и‌ систем‌ за‌наводнување‌капка‌по‌капка,‌преку‌којшто‌се‌аплицираат‌органски‌ѓубрива.‌

„Применуваме‌ и‌ агротехничка‌ мерка‌зелено‌ ѓубрење‌ со‌ косење‌меѓу‌ редовите.‌Системот‌ со‌ мрежи‌ се‌ вика‌ „keep‌ in‌ toch“‌кој‌ се‌ користи‌во‌ Јужен‌Тирол‌во‌Италија.‌За‌разлика‌од‌кровниот‌систем‌на‌употреба‌на‌ мрежи,‌ системот‌ „keep‌ in‌ toch“‌ врши‌заштита‌ и‌ од‌ инсекти,‌ а‌ овошките‌ по‌опрашувањето‌се‌прекриваат‌со‌мрежа‌и‌на‌тој‌начин‌може‌да‌направите‌проредување‌на‌плодовите“,‌потенцира‌Делев.

Во‌ фаза‌ се‌ на‌ нова‌ инвестиција‌ и‌ во‌следните‌ три‌ години‌ планираат‌ да‌ го‌зголемат‌ насадот‌ на‌ 500‌ хектари‌ и‌ да‌започнат‌ со‌изградба‌на‌ административна‌зграда‌ и‌ нов‌ ладилник‌ со‌ ‌ капацитет‌ од‌45‌ 000‌ тони‌ и‌ контролирана‌ атмосфера‌ со‌капацитет‌од‌11.000‌тони.‌l

во фаза на реализација е изградбата на погон за производство на јаболков сок каде што за почеток суровина ќе се набавува од преспа, но и од сопствено производство на 500 хектари сопствени површини.

сИстеМот „кИпИнГ тач“ е нов И ИноватИвен начИн на одГледување јаболковИ насадИ РазвИен во јужен тИРол.

Page 22: Moja zemja juli 2014

22 | МОЈА ЗЕМЈА

Пишува: Томе Тимов

Производството на вишна е една од нашите традиционални земјоделски гранки. За жал, површините со вишна од година во година се намалуваат. Спо-ред производителите, најчеста причина е откупната цена, немањето соодветни простории, односно ладилници за чу-вање за да може да се продаваат кога цената е поволна.

Според Саше Ангелов, кој е еден од одгледувачите на вишна во Струмичко, покрај цената, и примената на нови технологии влијае на производството на вишна.

„Доколку се покачи це-ната и се воведе систем капка по капка, ќе имаме и подобри услови и зголеме-но производство“, истакнува Ангелов.

Во струмичкото село Нова Мала, меѓу повеќето земјоделски дејности, една од главните е и производството на вишни. Еден од производителите на вишни е Саше Ангелов кој со оваа дејност се занимава веќе 4 години и на површина од 85 декари одгледува

„облачинска“, која е една од традицио-налните сорти на вишна. Болести кои се јавуваат како проблем кај вишната се живогризецот и монилијата.

„Со примена на агроте-хнички мерки, приносите

на вишната кај мене се во просек 8 кг од корен“, раскажува Ангелов, кој вишната ја одгледува на отворено и врши култи-вирање, прскање, рачно

кроење.„Бербата на вишна-

та е во јуни. За разлика од претходната година, откупна-

та цена е пониска и се движи до 20 денари од килограм“, вели Саше. Според него, треба да се работи на подобрување на дијалогот со отку-пувачите и поголемо здружување на земјоделците.

Саше Ангелов истакнува дека до-колку се подобри откупната цена на вишната, ќе го зголеми нејзиното производство и ќе воведе систем за наводнување капка по капка. l

Добра цена ќе го зголеми

производството

Одгледување на вишнаОВОшТАРСТВО

Секој нов претплатник добива комплет од претходно објавените изданија на списанието.

Едноставен и брз начин на претплата

1. Пополнување на уплатница и плаќање во банка

2. По уплатата контактирајте ја редакцијата на списанието „Моја земја” на телефонот 070 937 132.

Контакт лице Благојче Најдовски сè со цел да се ажурира вашата адреса за домашна достава на списанието.Уште побрзо и едноствноПретплатување во петте регионални канцеларии на ФФРМ во Скопје, Прилеп, Гостивар, Кочани и Струмица.Може да уплатите за > шестмесечна претплaта- 300 денари> годишна претплата-550 денари

Претплата на „Моја земја”

Доколку сакате да добивате „Моја земја’’, единствено списание за земјоделство и рурален развој може да се претплатите и да станете дел

од актуелните збидувања во аграрот.

Во струмичкото село Нова Мала, меѓу повеќето земјоделски дејности, една од главните е и производството на вишни. Еден од производителите на вишни е Саше Ангелов кој со оваа дејност се занимава веќе 4 години и на површина од 85 декари

одгледува „облачинска“, која е една од традиционалните сорти на вишна

Page 23: Moja zemja juli 2014
Page 24: Moja zemja juli 2014

24 | МОЈА ЗЕМЈА

За да може да го дадат макси-малниот принос и квалитет, овошните садници бараат со-одветни почвени услови, но и

соодветно ѓубрење. Испитувањето на почвата е важно да се направи пред садењето на овошните дрвца за да се оценат почетните услови на површината и да се преземат мер-ки за нивно подобрување. Од друга страна, земање на почвени проби на одреден времески интервал се прави за да се види дали почвени-те услови се менуваат и да се даде соодветна и правилна програма за ѓубрење на овоштарникот. Кога се зема почвена проба од површината којашто е планирана за овоштарник, пред да бидат засадени садниците, се земаат 15 до 20 поединечни по-чвени проби на хектар на длабочина 0-30 см, од местата каде што ќе би-дат засадени овошните садници по цик-цак линија или случаен избор на местата од каде што се зема почвена проба. Од поединечните проби зе-мени од еден хектар се прави една унифицирана проба за агрохемиска

Испитувањето на почвата е важно да се направи пред садењето на овошните дрвца за да се оценат почетните услови на површината и да се преземат мерки за нивно подобрување

ПРАВИЛНО ЗЕМАњЕ нА ПОчВЕнА ПРОбА

Агрохемиска анализаОВОшТАРСТВО

Page 25: Moja zemja juli 2014

ЈУЛИ 2014 | 25

Дел околу дрвото каде внатрешно од него се ѓубри и наводнува

Дел од каде се земаат почвени проби

Место на земање почвена проба

Лозов ред

анализа на почвата. За следење на состојбата со хранливите материи во почвата кај веќе оформен овоштар-ник агрохемиска анализа на почвата од овоштарникот се врши на секои три години. За таа цел се одбираат 6 добро развиени и 6 послабо раз-виени овошки на хектар. Посебните почвени проби се земаат одделно од добро развиените и послабо разви-ените дрвја на декар површина. Од еден хектар овоштарник се прави една унифицирана почвена проба од добро развиените овошни дрвја и една унифицирана почвена проба од послабо развиените овошни дрвја.

Кога сите посебни проби се со-брани во пластична кофа, грутки-те се раскршуваат, се отстрануваат крупните растителни остатоци и камења. Најлонското ќесе со конеч-ната унифицирана проба се става во друго најлонско ќесе и во него се става хартиено ливче на кое со мо-лив се запишани податоците за про-бата (име на земјоделецот, парцела од која е земена пробата, датум на земање). l

АгРОхЕМИСКА АнАЛИЗА нА ЛОЗОВ нАСАД Лозјето е повеќегодишен насад кој бара соодветни почвени услови, како за успешно поставување, така и соодветно ѓубрење за да може правилно да се развива и да даде максимален принос и квалитет. За да се оценат почет-ните услови на површината и да се преземат мерки за нивно подобрување, агрохемиската анализа најдобро е да се изврши пред садење. Од друга страна, земање на почвени проби на одреден временски интервал се прави за да се види дали почвените услови се менуваат и да се даде соодветна и правилна програма за ѓубрење на лозовиот насад. Пред да се засадат кале-мите, треба да се направи агрохемиска анализа на површината планирана за лозов насад. Од местата каде што ќе бидат засадени калемите (слика 3), движејќи се во цик-цак линија, од длабочина 0-30 см се земаат 15 до 20 поединечни почвени проби на хектар. Од поединечните проби земени од еден хектар површина се прави една унифицирана проба. Заради проверка на состојбата на хранливи материи најдобро е прво со раскопување да се провери на која длабочина се наоѓаат корењата на чокотите. Кај лозов на-сад со инсталиран систем за наводнување капка по капка почвените проби се земаат од горните 30 см од почвата (во редот на лозата), околу 20 см од местото каде што е поставена капалката. Доколку лозјето се наводнува со распрскувачи или по бразда, посебните проби се земаат на истиот начин помеѓу редовите на лозјето. Се земаат 15 до 20 посебни проби од хектар лозје од кои се прави една унифицирана почвена проба. Посебните про-би се земаат по цик-цак линија, х или W модел. Кога сите посебни проби се собрани во пластична кофа, грутките се раскршуваат и се отстрануваат крупните растителни остатоци и камења. Посебните почвени проби внима-телно и убаво се измешуваат за да дадат една конечна унифицирана проба.

Слика: Земање почвени проби од лозов насад

по X - модел

Слика: Земање на почвена проба од поединечно дрво

во овоштарникот за следење на состојбата на хранливите

материи во почвата

Page 26: Moja zemja juli 2014

Како да се сузбие жолтата трева

26 | МОЈА ЗЕМЈА

Болести кај луцеркатаПОЛјОДеЛСТВО

Пишува: дипл. агр. Ванчо Захариев

Луцерката е една од најваж-ните култури за исхрана на стоката кај нас и во многу други земји. Но, како и дру-

гите културни растенија, страда од мно-гу болести, штетници и паразити. Во наши производни услови, покрај одре-дени болести и штетници, таа е напаѓа-на и од паразитното растение познато кај нас под името жолта трева - свила или некои го имаат прифатено нејзино-то латинско име кускута (Cuskuta sp.).

Од овој род има три вида кои ја на-паѓаат луцерката, детелината и други култури од таа фамилија. За нас од по-големо значење се луцеркината жолта трева - свила (Cuscuta epithymum) и американската крупнозренеста жолта

трева - свила (Cuscuta pentagona).Жолтата трева - свила е растение

паразит кое во природата опстојува со помош на семе кое има голема жи-вотоспособност, бидејќи доколку не е заровено повеќе од 6 см длабочина, 'ртливоста ја задржува до 12 години, неповредено минува низ системот за варење на храната кај животните и во шталско ѓубре може да престои до 4 ме-сеци со запазена 'ртливост.

Исто така, поголем дел никнува уште првата година, а еден дел од се-мето останува развлечено да никне до 12 години.

Науката дала солидно решение за сузбивање на овој паразит, наоѓајќи начин на одвојување на семето на жол-тата трева - свила од луцеркиното со посебна постапка и преку посебни ма-

шини, така што сите што сеат со купено семе кое го поминало овој третман во голема мера не се среќаваат со овој проблем. Овој проблем е многу изразен кај одгледувачите на чии површини се употребува семе од домашно произ-водство бидејќи не може да се изврши таков третман во домашни услови и таму каде што не постои плодоред и не се спроведуваат агротехнички мерки.

Како и да е, како проблем постои и е причина за стално преорување на површините кои се нападнати уште во првата или во наредните години на одгледувањето. l

неопходни мерки за сузбивање • Ако е меркантилно семето, да се исплакне (потопи и про-

меша) во вода и да се исуши пред употреба. Да се вклучи во плодоред во кој ќе преовладуваат житните и мешун-кастите култури бидејќи нив не ги напаѓа;

• Да се ограничи разнесувањето на нејзиното семе преку животински измет (испаша на стока) и поливни води;

• Да се употребува арско ѓубре кое е чувано во набиена со-стојба без присуство на воздух и постаро од 4 месеци.

• Уништувањето да отпочне што порано, додека има зафа-тено помали делови од парцелата и додека нема форми-рано семе;

• Зафатениот дел да се окоси и внимателно да се изне-

се од парцелата и таму да се исуши и запали.

• Потоа местото да се испрска со 10% раствор на ѓу-бре шалитра (NH4NO3) односно 1 кг шалитра на 10 л вода со испрскување од растворот по 1 литар на квадрат. Иста-та работа може да се изврши и со 5% раствор од син ка-мен (Cu2SO4) x 5H2O односно 500 грама на 10 литра вода и испрскување од растворот по 1 литар на квадрат.

• Доколку, пак, жолтата трева - свилата веќе цветала и формирала семе, местото кое е зафатено се окосува со уште еден метар од незафатеното, се суши, се покрива со слама и се запалува. Потоа тоа место треба да се преврти со лопатка во правец од периферијата кон центарот така што она што било површински слој да се вметне на длабо-чина поголема од 6 см.

• Може да се употребат и хемиски средства или препарати за нејзино сузбивање кои се употребуваат во мали дози и во одредени моменти од развојот на жолтата трева и луцерката. Ќе наведеме некои од нив: ѓубре шалитра (NH4NO3) 15% раствор односно 1,5 кг шалитра на 10 ли-три вода со кој се третира зафатениот дел испрскувајќи 1-5 литри на квадрат од нападнатата површина. Raundap, Herbacor, Boom-Efekt и Glypfogan-48 SL со кои се третира 3-7 дена по косењето пред да започне бујниот растеж (8-10 см висина на луцерката).

Page 27: Moja zemja juli 2014
Page 28: Moja zemja juli 2014

28 | МОЈА ЗЕМЈА

Пишува: Соња Николова

Високите температурите во лето како и компликуваната метабо-личка динамика кај прежива-чите, придонесуваат за голем

топлински стрес кај кравите. Освен што имаат негативни последици во произ-водството и репродукцијата, се појаву-ваат и здравствени проблеми често со долготрајни последици заради намалу-вање на имунитетот. Карактеристики и симптоми на топлинскиот стрес се:

- зголемена телесна температура;- намалена потрошувачка на сува ма-

терија – со намалениот апетит од 8-12% (1,8-2,7 kg сува материја) се намалува производството на млеко за 3,6-5,4 ли-три млеко (во добри одгледувалишта и до 25%);

- смалено производство на млеко (квантитативно и квалитативно - белко-вини, млечна маст и лактоза);

- намалена плодност и до 50%;- намалена имунолошка способност

(почеста појава на маститиси).

Способноста за губење на топли-на кај молзните крави е мала бидејќи имаат мал број на потни жлезди (90% помалку во однос со човечкиот орга-низам), па затоа фармерите треба да ги подобрат условите со кои штетните влијанија ќе се сведат на минимум.

Според поднебјето и времен-ските услови, треба да се осигураат адекватни објекти и да се овозмо-жат оптимални зоохигиенски услови. Објектите треба да бидат прозрачни

и удобни, со испусти кои ќе имаат и дел под ладовина, со доволен број на поилки. Исто така потребно е и се-којдневно четкање на кравите како и да се заштитат од муви. При тоа треба да се води сметка за:

1. Потребите за вода - за време на летните горештини повеќекратно се зголемуваат. Водата мора да биде чиста и свежа и да има доволен број на поил-ки во објектот.

2. Вентилацијата и разладувањето во објектите – вентилацијата е еден од предусловите за да се смали процентот на влага во воздухот. Брзината на стру-ење на воздухот е 10km/час. Најдобар начин на разладување на кравите е комбинација на вода и воздух.

3. Исхраната – оброците да се на-прават според производните особини на кравите (треба да бидат волуминозни лесносварливи збогатени со минерали и витамини). l

справување со топлинскиот стрес

дгледување на кравиСТОЧАРСТВО

Крави Потрошувачка на сува материја во kg Потрошувачка на вода во литриво почетокот и до половина на засушување 7,2-9,9 38-53

непосредно пред телење 10,8-14,9 57-76

во лактација 20,3-27,0 132-189

Page 29: Moja zemja juli 2014

ЈУЛИ 2014| 29

Балансирана исхрана СТОЧАРСТВО

Пишува: Дипл. агр. јелица Бешлиќ

Интензивното производство бара и квалитетна и изба-лансирана исхрана на жи-вотните, што подразбира

да се направи добра комбинација на внесување доволно количество енер-гија и протеини во оброкот, како и до-волно количество минерали и витами-ни. Сојата и сточниот грашок спаѓаат во фамилијата на легуминози и се ко-ристат во исхраната на добитокот како протеински крмива.

Сојата во исхраната може да се користи во вид на соина сачма и пога-чи, кои се нус-производи на прехран-бената индустрија. Зрното од соја на овој начин е обезмастено за потребите на индустријата, а крајниот производ содржи 30-40% протеини со исклучи-телен квалитет и аминокиселински состав. За да може зрното од соја да се користи како сточна храна, потребно е термички да се обработи – екст-рудира (препржи, тостира или свари) на најмалку 107ºC за време од 10 минути, за да се уништат инхибиторите - ензими кои го блокираат варењето на храната осо-бено кај непреживарите и младите преживари. Кај молзни крави може да се употреби и свежо зрно од соја, но најмногу до 10% од

вкупната дажба (максимум до 2 кг си-рово зрно дневно), со што се намалува-ат трошоците за протеински крмива, со оглед на тоа што може да се произведе на сопственото стопанство. Недоста-ток е тешкото мелење на сојата поради лепењето за ѕидовите од мелниците и краткиот рок на чување (4-5 дена), за-тоа што поради високиот процент на масти може да ужегне. Примената на сурова соја не смее да се користи ако во оброкот е вклучена и уреа, затоа што сојата ја разградува уреата до амонијак кој доведува до надувување на грлата. Тостираната соја е одлично крмиво за тов на бројлери во количество од 25%, дава доволно енергија потребна за таа категорија, а исто така маслото што го содржи ја замастува сточната храна со што се намалува прашината, а со тоа се намалува надразнувањето на слузни-цата од носот кај бројлерите.

Сточниот грашок е едно од најбо-гатите крмива со протеини. Неговата употреба има многу предности: не бара доработка пред употреба, едноставен е и лесно се одгледува, рано доспева што овозможува уште еден посев истата година и ја остава почвата оплемената со азот. Сточниот грашок и на нашите простори дава сигурен принос, може да се произведе на сопствената нива, со што се намалуваат трошоците во сто-чарското производство. Зависно од сор-тата, грашокот содржи 20-28% проте-ини со добар аминокиселински состав. Енергетскиот дел од зрното најмногу го сочинува скробот, а помалку шеќерот кој варира од времето на жетвата. Погоден е за исхрана на стоката во сите фази од развојот. Во зелена состојба за исхрана на молзни крави, во млечно-восочна фаза на зрелост на зрното за сенажа (се силира целото растение), сувото зрно како прекрупа во состав на крмните смески и, на крај, и сламата која доби-

токот радо ја јаде. Поради високо-то ниво на лизин, а ниско ниво

на метионин и цистин, од-лични резултати дава кога

се комбинира со сончог-ледова сачма, која има обратен состав. Пора-ди сето ова, сточниот грашок е култура која сосема оправдано би

требало да биде засеана на нивите на сточарските

производители. l

Сојата и сточниот грашок спаѓаат во фамилијата на легуминози и се користат во исхраната на добитокот како протеински крмива

СОјА И СТОчЕн гРАшОК оброк за стоката

Page 30: Moja zemja juli 2014

30 | МОЈА ЗЕМЈА

КАКО ДО ПОВЕЌЕ МЕД

ПЧеЛАРСТВО

Пишува: Раде Каранфиловски – „Апицентар“ – Битола

Веќе е јули, а кошници-те ни се празни, не само во медиштата, туку и во плодиштата. За да ја уб-

лажиме оваа состојба, ќе се обидам да напишам нешто за тоа како да го подобриме медоберот, односно да се потсетиме на некои работи ако сме ги подзаборавиле. Ваквото подобрување уште повеќе вреди, секако, кога вре-менските услови се подобри за медо-бер.

1. Пашата – таа е основниот фактор од кој зависи животот и развитокот на пчелното семејство. Карактерот на пашата се одредува од карактерот на флоропокривањето. Некои растенија лачат многу некар, а некои помалку. Тие што лачат многу нектар ги нареку-ваме главни паши. Такви се багремот, маслените репи, сончогледот и др. Растенијата кои лачат помалку нектар ја формираат поддржувачката паша. Колку и да лачат помалку нектар, тие ја одржуваат кондицијата на друштво-то. Па, според тоа, имаат исклучителна важност.

2. техНологИјата На оДглеДу-Вање На ПЧелИте – таа секогаш треба да биде усогласена со главната паша. Интензивниот развој на пчел-ното друштво треба да започне 51 ден пред започнувањето на главната паша, а да заврши 35 дена пред крајот на па-шата. Тоа значи, пчелите од сите сне-сени јајца да земаат учество во глав-ната паша.

3. тИПот На КошНИЦата – лан-стротовите и фороравите кошници се подобри за медобер бидејќи се по-добри за комбинирање (поработни) од ДБ која е поинертна. Кога сме кај кошниците, може да кажеме една из-

река: „Секоја пушка е добра во рацете на добар јунак“. Различните типови кошници бараат различни техники на пчеларење.

4. МетеоРолошКИте услоВИ – тие треба да бидат добри. Пчеларот не може многу да влијае на нив, а во последно време, со глобалното за-топлување, тие станаа многу непред-видливи. За добар медобер секако дека во околината мора да има добри

медоносни растенија. Честопати, при исти услови, од две навидум исти по роеви кошници добиваме различен принос. Овде пчеларот може да влијае ако заради растителноста која во од-делен период ќе дава медособир од-носно да го продолжува медособирот со наводнување и сеење на култури во повеќе наврати.

5. ВРеМетРаење На НеКтаРола-Чењето – продолжителноста на вре-мето на цветање, односно лачењето на нектар, зависи и од видот на рас-тението и од опрашувањето. Некта-ролачењето завршува веднаш штом ќе се оплоди цветот. Ова кажува дека нектаролачењето ќе биде подолго ако има помалку пчели во реонот. Ветро-витото време, исто така, ги оплодува растенијата и го скратува времето на лачење на нектар. Во реоните во кои има слабо нектаролачење, исто така би требало да има и помалку пчели.

6. оДДалеЧеНост На Пашата – ова е многу важно бидејќи станува збор за транспортни расходи кај пче-лите. Колку пашите се подалеку, толку транспортните трошоци (потрошувач-ката на мед) се поголеми. Медот служи како гориво. Покрај потрошувачката на мед за одење до пашата и враќање, тој е потребен и при собирањето (летање од цвет на цвет). Пасиштата подолги од 2,5 км се нерентабилни, односно по-веќе ќе се потроши отколку што ќе се

Page 31: Moja zemja juli 2014

ЈУЛИ 2014 | 31

донесе. Пчелите најчесто ги користат пашите до 800 метри кои им се најрен-табилни. Најдобро е ако пчелите се однесат до пасиштето. Тука важи изре-ката „Медот се раѓа на тркала“. Во ова спаѓаат и транспортните трошоци за собирање полен и прополис. Водата, исто така, треба да биде што поблиску.

7. Расата И ИзМелезеНоста има-ат голема важност за собирањето на нектарот. Измелезените пчели имаат ограничена нектарособирачка способ-ност. Најмногу собираат автохтоните пчели за тој регион.

8. јаЧИНата На ПЧелНото ДРуштВо – го определува бројот на пчели во друштвото. Бројноста на пче-лите во друштвото зависи од квалите-тот на матицата (крупноста) и на нејзи-ното јајце. За добро друштво матицата треба да несе од 1500 до 3000 јајца во едно деноноќие. Продуктивно пчелар-ство со многу матици со лош квалитет не може да опстане. Добрите матици со своето несење го развиваат друштвото до максимум. Овде би го цитирал по-знатиот американски пчелар Дулитл, кој рекол: „Дајте ми добра матица, а јас ќе Ви направам многу мед“.

9. ВлИјаНИето На леглото – за добар медособир потребно е да има што помалку отворено легло, а што по-веќе легло пред испчелување и многу млади пчели.

10. сооДНос ПоМеѓу соБИРаЧ-КИте И ПРИМаЧКИте На НеКтаР – ова е многу битно во медоберот. Соби-рачките се пчели кои летаат по нектар и го носат во кошницата, а примач-ките се пчели кои го примаат медот од собирачките. Примачките се нор-мално околу 45-50%, а собирачките 55-60%. На една собирачка во кошни-цата ѝ припаѓаат 2-6 примачки кои го преземаат нектарот, му додаваат ен-зими и го вентилираат да се намали водата на 17-22%. Често во главните паши дел од примачките влегуваат во собирачки и го зголемуваат бројот на 60-70%. Собирачките го собираат по-ленот.

11. оБезБеДуВање со хРаНа – за добра работа на друштвата и испиту-вање на витални пчели кои ќе го зго-лемат медособирот е потребна довол-но храна преку зимата, а тоа е 16-20 кг мед. Доколку резервите на храна се мали, се испилуваат помали и понек-валитетни пчели.

12. КВалИтет На хРаНата – за зимното исхранување потребно е ме-дот да не е шумски или шеќерен. Лоша храна носи слаб медособир.

13. ЦВетеН ПРаВ – неговата обил-ност е многу битна за создавање на квалитетни пчели кои се доста крупни и со подолг животен век. Должината на животниот век е доста важна. За-мислете друштво со шеесет илјади пчели на кои сме им го продолжиле животниот век за 1 ден. Ова значи дека сме добиле вишок шеесет илјади работни денови на пчелите.

14. ПРоДуКтИВНо ПЧелаРстВо е кога не е нарушен соодносот помеѓу нектарособирачките и нектаропри-мачките од една страна и хранителки-те на леглото од друга страна. Големи-от број хранителки – дадилки на легло го прави пчелното друштво непродук-тивно.

Пчеларите треба подетално да ги проучат и да ги практикуваат горес-поменатите работи. Придржувањето кон нив го прави пчеларењето про-дуктивно. Сите елементи се важни, но еден е сепак најважен, а тоа е пашата и нејзината искористеност. Овде би напоменал дека при избо-рот на место за пчеларење, секогаш треба добро да се проанализира рас-тителноста на тој терен и можностите за подобрување на нектаролачење-то. Пчеларите кои своите пчели ги позајмуваат за опрашување, треба дел од овие услови да ги бараат од сопственикот на културите кои се оп-рашуваат меѓу кои за наводнување и добри патишта до самата средина на културите. Да се дефинира употреба-та на хербициди и пестициди додека се пчелите на теренот и некое време пред тоа, во зависност од каренцата на средствата за заштита. l

Page 32: Moja zemja juli 2014
Page 33: Moja zemja juli 2014

Одгледување на џунџуле ЦВеќАРСТВО

КАРАКТЕРИСТИКИ

Видовите од родот Tagetes фор-мираат густо разгрането стебло, со перести и длабоко засечени листови. цветовите по форма се цевчести и јазичести, собрани во главичести соцветија, обоени во жолта, портокалова или црвено-кафена боја. цветањето е дол-готрајно во текот не летото, сè до настапувањето на есенските мразеви. Во цвеќарството нај-големо значење имаат видовите Tagetes erecta L., Tagetes patula L. и Tagetes signata Bartl. Од нив, има бројни сорти кои се разлику-ваат по висината на растенијата (од 20 до 100 см), како и по голе-мината и бојата на соцветијата.

Цвеќе познато за македонските

градини

Пишува: Доц. д-р Маргарита ДавитковскаАсс. д-р Звезда Богевска

Џунџулето е познато како едно од најзастапените цвеќиња во македонските градини. Буди пријатни чувства при

сеќавањата од детството и игрите во преубавите градини на нашите баби со жолти и портокалови џунџулиња.

Латинското име на џунџулето е Tagetes sp. Видовите од родот Tagetes потекнуваат од тропските области на Америка, а во Европа се донесени во 16. век. Родот Tagetes припаѓа на фа-милијата Asteraceae.

Размножувањето на џунџулето е со семе. Производството на расад се одвива во студени леи кон крајот на март или почетокот на април. Расадот е чувствителен на ниски температури и затоа расадувањето на отворено се врши во мај, кога нема опасност од сла-на. Растенијата се садат на растојание од 20 до 60 см, во зависност од виси-ната на стеблото. Цветањето започнува 60 до 70 дена по сеидбата.

Џунџулињата се лесни за одгле-дување затоа што поднесуваат суша и висок интензитет на сончева светлина. Но, може да се одгледуваат и во полу-сенка. Квалитетот им се зголемува со дополнителна прихрана и редовно за-левање.

Џунџулето има широка примена. Ниските сорти се користат за правење на цветни бордури, средновисоките се користат за формирање на цветни леи, а високите за формирање на цветни групи и како режен цвет. Примена на-оѓаат и како балконски цвеќиња. l

Tage

tes

erec

ta L

.Ta

gete

s pa

tula

L.

Tage

tes

sign

ata

Bar

tl.

ЈУЛИ 2014 | 33

Page 34: Moja zemja juli 2014

е светски признат бренд на концернот AGCO.

НАЈГОЛЕМИОТ СВЕТСКИПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТРАКТОРИ

Палета на тракториод 20 - 400 KS

250.000 произведенитрактори годишно

Првиот самооден комбајнна пазарот

Палета на комбајниод 176 - 500 KS

TЕЛ. 00 385 99 22 98 415w w w . a u s t r o d i e s e l . a tMassey Ferguson дистрибутери под:

НОВОAUSTRO DIESEL

КAКO ГЕНЕРАЛЕН УВОЗНИК

MASSEY FERGUSON и AUSTRO DIESEL32 години успешна соработка

(Австрија, Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија, Хрватска,Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора)

50.000 сервисирани MF трактори2.000 сервисирани MF комбајни

Најголема компетентност за резервни делови

Одговорни за 10 земји од централна Европа

Page 35: Moja zemja juli 2014

ЈУлИ‌2014‌|‌35‌‌

Моќно,економично и комфорно

трактори за лозарство МеХанИзаЦИја

Популарната‌ серија‌Masses‌ Ferguson‌ 3600‌ зазема‌важно‌место‌во‌категоријата‌трактори‌со‌моќност‌помеѓу‌ 69‌ и‌ 102‌ КС.‌ Стандардните‌ и‌ специјални‌трактори‌MF‌3600‌импресионираат‌ со‌поволниот‌

однос‌ на‌ моќност‌ и‌ тежина,‌ висок‌ комфор‌ и‌ најдобра‌манипулативност‌во‌оваа‌бранша.‌

­‌VSF‌модели:‌MF‌3640‌како‌V,‌S,‌F‌или‌GE‌верзија‌/‌MF‌3650‌и‌MF‌3660‌како‌S,‌F‌или‌GE‌верзија‌ ­‌ASP‌Common‌Rail‌мотори‌­‌менувач‌со‌24/12‌брзини‌со‌PowerShuttle‌и‌ComfortControl‌како‌и‌Speedshift‌за‌MF‌3600‌стандардни‌и‌специјални‌трактори.‌

Овие‌ специјални‌ трактори‌ за‌ лозарство‌ се‌ опремени‌со‌ AGCO‌ SISU‌ POWER‌ мотори‌ кои‌ имаат‌ електронско‌вбризгување‌ под‌ висок‌ притисок‌ со‌ CommonRail‌технологија.‌ Во‌ комбинација‌ со‌ новите‌ мотори‌ воведен‌е‌ и‌ нов‌ електронски‌ рачен‌ гас‌ кој‌ сериски‌ располага‌ со‌меморија‌на‌бројот‌на‌вртежите‌на‌моторот.‌Со‌24‌брзини‌за‌ движење‌ напред‌ и‌ 12‌ брзини‌ за‌ движење‌ наназад,‌на‌ располагање‌ е‌ прецизен‌ менувач‌ кој‌ е‌ развиен‌ за‌специјални‌работи‌во‌овој‌сегмент‌на‌моќност‌на‌трактори‌на‌пазарот.‌Менувачите‌се‌за‌сите‌модели,‌со‌исклучок‌на‌В­верзијата,‌конципирани‌на‌40‌км/ч‌при‌номинален‌број‌вртежи‌на‌моторот.

Преглед на предности: > Широка палета на избор на специјални трактори > Нов MF распоред на кабина, модерен и

ергономски, за уште поголем комфор > AGCO Sisu Power Common Rail мотори за поголема

моќност, поголем вртежен момент, помала потрошувачка на гориво и поголема удобност при возење.

> Електронска регулација на бројот на вртежи на моторот со меморија на бројот на вртежи за поедноставно ракување и работа без никаков замор.

> 24 х 12 брзини PowerShuttle и Speedshift за модели MF 3600 А и MF 3640, MF 3650 и MF 3660 Spezial

> PowerShuttle и Speedshift во комбинација - за поголем комфор

> Функција на куплунгот и промена на степенот на оптоварување под притисок преку копче на рачката од менувачот - едноставно и ергономско управување

> Свртување без куплунг - идеално за брзи маневри на вртење меѓу тесни редови и при користење инсталиран преден натоварувач.

е светски признат бренд на концернот AGCO.

НАЈГОЛЕМИОТ СВЕТСКИПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТРАКТОРИ

Палета на тракториод 20 - 400 KS

250.000 произведенитрактори годишно

Првиот самооден комбајнна пазарот

Палета на комбајниод 176 - 500 KS

TЕЛ. 00 385 99 22 98 415w w w . a u s t r o d i e s e l . a tMassey Ferguson дистрибутери под:

НОВОAUSTRO DIESEL

КAКO ГЕНЕРАЛЕН УВОЗНИК

MASSEY FERGUSON и AUSTRO DIESEL32 години успешна соработка

(Австрија, Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија, Хрватска,Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора)

50.000 сервисирани MF трактори2.000 сервисирани MF комбајни

Најголема компетентност за резервни делови

Одговорни за 10 земји од централна Европа

Page 36: Moja zemja juli 2014

36 | МОЈА ЗЕМЈА

Писува: Проф. д-р Драги Таневски

Зелката може да се бере рачно, полумеханизирано и механи-зирано. При рачната берба се ангажира работна сила која из-

несува 150 - 170 работни ч/ха. Ако се применува полумеханизирана берба, се намалува ангажирањето на рачна-та работна сила за 60-70%.

За механизирана берба на зелка-та треба да се исполни барем еден од условите:

- поголеми површини посеани со зелка и

- уедначени и збиени глави.Неопходно е да се познаваат фи-

зичко-механичките особини, а осо-бено димензиите, обликот и зафат-

нинската маса на главата на зелката, бидејќи врз основа на овие параме-три се одредуваат димензиите на ма-шината.

За берба на зелката одговараат доцни сорти кои рамномерно созре-ваат и по големина се уедначени. За време на механизираната берба посебен проблем претставува отсе-кувањето на коренот на зелката со рамен исечок и откинување на први-те листови од главата. Приносот на зелката се движи од 40 до 80 т/ха и повеќе. Бербата на зелката може да се олесни со употреба на платформи или конвеери. Овој систем го нама-лува учеството на работната сила за околу 50%. Во последно време се применуваат транспортни ленти со специјални приколки.

Првите машини за потполно ме-ханизирана берба на зелката се упо-требувани во САД (конструкција на Cornell University), потоа во Герма-нија, Русија, Холандија и Полска.

Основни делови на комбајнот за берба на зелка се: рамка, апарат за от-секување, приемен транспортер, уред за одделување на листовите, лента за контрола, транспортер за растова-рање, уред за закачување и тркала.

Механизација во градинарствотоМеХАНИЗАЦИјА

МАшИнИ ЗА бЕРбА нА ЗЕЛКА

Page 37: Moja zemja juli 2014

ЈУЛИ 2014 | 37

Уредот за отсекување е основен работен дел. Тој е наменет за отсеку-вање на главата на зелката и нејзино предавање на приемниот транспор-тер. Се состои од рамка, две израмну-вачки спирали со редуктор, два дис-кови ножа со редуктор, механизам за задвижување на апаратот и притисен транспортер.

Уредот за одделување на лис-товите е наменет за одделување на слободните покривачки листови на зелката. Се состои од уред за задви-жување и четири спирали. На повр-шината има поставено гумено јаже. Спиралите се задвижуваат со два синџира. Рамката е поставена на главната рамка од комбајнот, а делот за растоварање за рамката на лентата за контрола. Лентата за контрола слу-жи за преглед и контрола на очисте-ните глави и за нивна дополнителна обработка. Транспортерот за растова-рање служи за товарање на зелката во транспортното средство.

За испорака на зелката во свежа состојба и за складирање, листови-те треба да останат како заштита од повреди при транспорт. Според тоа, пресекот треба да се наоѓа под нај-долните листови на кочанот.

Спротивно, за индустриска пре-работка треба да се оставаат два до три листа. Овде пресекот треба да се извршува непосредно над долниот лист и тоа хоризонтално. Косиот пре-сек води кон тоа листовите да се от-фрлат само на една страна и поради тоа чистењето е неопходно. При ниско

сечење, листовите воопшто не се от-странуваат ниту се чистат во уредот за кинење листови. Превисокото сечење значи загуба во маса.

Ако зелката се користи за прера-ботка во фабриките, пред нејзиното

ситнење треба да се извади внатре-шниот кочан. Оваа работа се врши со помош на полуавтоматски дупчалки. Дупчалката која се движи горе-долу во одредени интервали врши отстра-нување на внатрешниот кочан. l

Врз основа на принципот на работата, машините може да се поделат во две групи:

- машини кои вршат сечење на главата од коренот и- машини кои ги кубат растенијата и дополнително го сечат коренот.Постојат две технологии за берба на зелката. Врз основа на нив се констру-

ирани соодветни машини.Кај првата варијанта зелката од неколку реда се бере со машини и се остава

на крајот на парцелата. Зелката потоа се собира и товара во транспортно средство со друга машина.

Кај втората варијанта зелката се сече и се товара во транспортно средство со една машина. Постојат едноредни и дворедни влечени или полуносени машини, кои вршат берба на зелката, ги чистат надворешните листови и ги товараат зел-ките во транспортно средство кое се движи паралелно со комбајнот.

Комбајн за берба на зелка

Page 38: Moja zemja juli 2014

38 | МОЈА ЗЕМЈА

Побрзо примање на хранливи материи

Фолијарна прихрана на тутунотЃУБРеЊе

Пишува: Дипл. инж. агроном Благој шоповски

Ѓубрењето на тутунот има повеќекратно значење, за-тоа што се одгледува на си-ромашни почви. При пра-

вилно ѓубрење, тутунот не само што се развива подобро туку се зголему-

ва приносот и се подобрува квалите-тот, станува отпорен на неповолните услови на надворешната средина, болестите и штетниците. Ѓубрењето на тутунот треба да се заснова пр-венствено на направена анализа на почвата на која се одгледува тутунот. Покрај содржината на азот, фос-фор, калиум, треба да се одредат и другите важни агротехнички мерки.

Количеството азот за ѓубрење за-виси од примена на агротехничките мерки. Таа може да биде поголема ако се изведува интензивно ѓубрење со фосфор. Тутунот се ѓубри со ми-нерални и органски ѓубрива. Покрај тоа се пременуваат и фолијарни ѓу-брива, а за отстранување на кисело-ста на почвата се користат калциу-мови ѓубрива. l

ФолИјаРНо ѓуБРењеЃубрењето се изведува преку листот, на

брз начин се обезбедуваат макро, а посеб-но микроелементи, бидејќи тие се наоѓаат во лесно достапни форми за растението. на ваков начин значително се зголемува степенот на искористување и се извршува побрзо апсорбирање на основните хран-ливи материи. Овој начин на ѓубрење се изведува од садење до бутонизација, што покажува позитивно влијание на приносот, рандманот на класа и вредноста на произ-водот.

Сеидбата на семето во леите се изве-дува во текот на март, а расадувањето во мај, така што периодот на производство на расад изнесува 45-60 дена. Во текот на производство на расад се применуваат следниве мерки на нега: заливање, при-хранување, проветрување, плевење и про-

редување, подрезување и калење.За прихранување се користат ѓубрива

кои се лесно достапни на младите расте-нија. на два дена пред прихранување раса-дот не треба да се залива, за растворот на ѓубривата побрзо да дојде до кореновиот систем. Првото прихранување се изведува кога расадот има развиени први листови.

Второто прихранување следува за 7-10 дена. Во леа од 10 м2 се користи раствор од AGROSAL AMONIUM NITRAT 50%.

Во текот на вегетацијата ориенталните типови тутун кои најмногу се застапени во Македонија поединечно изнесуваат азот од почвата 20-50 кг/ха, фосфор 4-10 кг/ха и калиум 60-80 кг/ха од почвата. За обезбе-дување на овие количества, покрај основ-ното ѓубрење, се применуваат и течните ѓубрива.

Page 39: Moja zemja juli 2014
Page 40: Moja zemja juli 2014