14
NO. 24

S - work No 24

  • Upload
    trajan3

  • View
    228

  • Download
    5

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: S - work No 24

NO. 24

Page 2: S - work No 24

„ОД НАС ЗА НАС“СЛАВИ 50-ТО ИЗДАНИЕ!Горди сме што стигнавме до педсеттиот број на изданието „Од нас за нас ”, месечник кој неколку години наназад е препознаен од заедницата како алатка за информирање , едуцирање и забава од областа на сексуалната работа. Педесет изданија кои пренесуваа пораки и едуцираа сексуални работници не само во Скопје туку и низ цела Македонија и сме среќни за секој еден весник кој стигнал во рацете на сексуален работник, за секоја една статија прочитана од вас.Приказната започнува во октомври 2008 година кога и всушност е излезен првиот број на „Од нас за нас“, како идеја за зближување едни со други, споделување искуства, едукација, настани и стории од областа на сексуалната работа.Од нас за нас во годините наназад полека прерасна во бренд помеѓу сексуланите работници, а секој од вас допринел за крајниот лик и содржина на овој наш заеднички продукт!

Секогаш се раѓаа нови идеи, дури и тогаш кога сексуален работник посака да се најде насловна страна на весникот. Така започнавме со редовни интервјуа на лица од нашата заедница. Подоцна некој посака да има рецепти за готвење, така започнавме со рубриката за готвење. Во месеците наназад беа присутни и критиките, но тоа нас посебно не радуваше како показател дека весникот стигнува до вас и е читан, тоа е она што нас не прави среќни.

Од нас за нас и понатаму ќе продолжи да биде информатор за целата заедница на сексуални работници, како во Скопје така и во Македонија, отворен за промени со основна цел - преку забава да стигнеме до едукација и информирање на секој од вас!!!

Page 3: S - work No 24
Page 4: S - work No 24

ФОТО: ТРАНССЕКСУАЛКАТА ЏИНА РОСЕРО ЗА GLAMOURПовеќе години Џина Росеро работи како модел, но до неодамна криеше една голема тајна. Пред неколку месеци, за време на говор на TED конференција, 30-годишната Филипинка за првпат јавно призна дека е родена како момче.Коментирајќи го својот говор, во интервју за Glamour таа рекла: „Се чувствував како да се ослободувам себеси... Без враќање назад“.Со одобрување од мајка си, Џина направила операција за промена на полот на 19 годишна возраст.

Во моментот кога Џина ја сподели својата тајна, голем дел од нејзините пријатели и колеги не знаеле за промената на полот. Дури и нејзиниот агент од агенцијата Next Management не знаел за минатото на Џина. Сепак, наместо осуда и негативни коментари, таа добила огромна поддршка.Сега Росеро огромен дел од своето време и енергија вложува во Gender Proud, организација која им помага на транссексуалните лица.

Page 5: S - work No 24
Page 6: S - work No 24
Page 7: S - work No 24

QUEER VS MAINSTREAM КОНЧИТА НА РЕВИЈАТА НА ЖАН ПОЛ ГОТЈЕ ВО ПАРИЗКончита Вурст ги живее своите „пет минути“. По победата на Евровизија, музичката ѕвезда стигна и до високата мода. Вурст ја затвори ревијата на Жан Пол Готје во Париз.Влегувајќи во улога на мрачна „невеста“, 25-годишната австриска ѕвезда, чие вистинско име е Томас Том Нојвирт, дефилираше во црна креација со златни и црвени детали.62-годишниот Готје дури и клекна на пистата како знак на благодарност.„Маж со брада... мажественост, но со огромна женственост. Тоа е неверојатен микс. Знак на храброст и убавина е што го живее својот живот како што сака“ – изјавил славниот дизајнер.Готје обожава на своите ревии да кани лица кои „танцуваат“ помеѓу половите. Пред три години Андреј Пејиќ беше „невестата“ на Готје.

Page 8: S - work No 24
Page 9: S - work No 24

Agender: серија интимни портрети на трансродови лица

Откако американскиот средношколец Саша Флајшман, кој не се идентификува ниту како машко нити како женско, станал жртва на насилство од омраза, фотографката Клои Афтел почнала да го документира животот на младите луѓе кои не се изјаснуваат за својот пол.Флајшман заспал во училишен автобус и се разбудил во пламен. Овој 18-годишник на себе имал машка кошула и здолниште. Очигледно тоа на некого му пречело, па фрлил запалка врз него.Суровиот напад предизвикал изгореници од трет степен, па морале да бидат извршени повеќе операции. Клои Афтел го фотографирала Флајшман за едно списание од Сан Франциско само неколку недели откако е пуштен од болница.Оваа фотографка ја продолжила својата работа на оваа тема и настанатата серија фотографии ја нарекла Agender. Серијата претставува збирка составена од интимни портрети на млади луѓе; еден обид за визуелизирање на проблемите со кои се среќаваат лицата кои во своето тело се чувствуваат сосема различно отколку што би се претпоставило според надворешниот изглед.„Мислам дека многу луѓе сакаат да гледаат на родот како скала помеѓу розовата и сината боја. Никогаш не се идентификував со ниту една од тие страни, ниту пак бев помеѓу розовата и сината. Работата е многу посложена - мојот идентитет варира толку многу на дневна база. Понекогаш им велам на луѓето дека сум златна, или така нешто“, вели еден од моделите фотографирани во серијата Agender.

Page 10: S - work No 24
Page 11: S - work No 24
Page 12: S - work No 24
Page 13: S - work No 24
Page 14: S - work No 24