16
NO.18

S-Work No.18

  • Upload
    trajan3

  • View
    219

  • Download
    3

Embed Size (px)

DESCRIPTION

STAR-STAR Association For Support Of Marginalized Workers (SW) Skopje, Macedonia

Citation preview

Page 1: S-Work No.18

NO.18

Page 2: S-Work No.18

СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ – ПОРТРЕТИ

Сексуалните работници во портрети кои прогонуваат откривајќи ја силната реалност на животот во борделите низ Невада. Впечатливите портрети на жени се дел од новата книга на британскиот фотограф Јан Хилтон.Освен карактеристичните фотографии , содржината на приказната има и детали од животите на овие жени.Сексуалната работа во Невада е легална од средината на 19-ти век и државата сега е дом на 28 лиценцирани бордели.Најстариот бордел датира од 1902. Сите бордели се вклучени во документарецот на Хилтон Љубов на продажба.

Page 3: S-Work No.18
Page 4: S-Work No.18

ЕСКОРТ СЕРВИСОТ ВО СРБИЈА ВО ПОДЕМНа некои од српските форуми се дебатираше дека во Србија се случува поплава од машки сексуални работници кои заработуваат повеќе од своите колешки. Неофицијалните бројки кажуваат дека циркулираат околу 1000 машки сексуални работници, но се верува дека има и повеќе кои најчесто работаат во Косово со странски војници меѓу кои има и геј мажи. Овие сексуални работници се набилдани дечки облечени во брендирана гардероба и облиени со скапи парфеми. Овие момчиња се шармантни ловци и нивните клиенти се ситуирани службеници од амбасади и воени аташеа. Дел од ескортите во своите понуди немаат само класични секс услуги, тие пред се се придружници на странските посетители и за оваа работа најчесто добиваат скапи подароци во зависност од тоа колку ќе заслужат и кого ке уловат, а онаа малку готовина што ја добиваат им е за секојдневните трошоци. Војниците, дипломатите и претставниците на странски компании, машките сексуални работници најчесто ги наоѓаат на сајтовите за запознавање каде што се склучува договор за цената и услугата што клиентот ја бара за во кревет, како и за местото каде ќе се сретнат. Машките сексуални работници за 3 месеци во некоја од западноевропските земји со мала среќа добиваат огромни богатства и големи заработувачки. Цената за орален и анален секс се движи околу 50-100 евра.

Еротски геј масажи чинат од 1000 до 3000 динари. А специјализираните услуги како што е улогата на садо-мазо господар, кои не вклучуваат секс туку камшикувања, тортура, понижување и други BDSM игри се наплатуваат од 300 до 500 евра, но овие услуги се скапи затоа што вклучуваат и скапа опрема како кафези, кожни ремени, камшици и сл.

Page 5: S-Work No.18

ОЛИВИЕ ВАЛСЕЧИ Оливие Валсечи (Olivier Valsecchi) е роден во Франција 1979 година.Со серијата фотографии Прашина (Dust), Оливие го истражува концептот на издигнување од пепелта.Ние преку работата на Оливие и овие негови фотографии ја пренесуваме пораката Мое тело, моја приказна што е приказна на многу сексуални работници.

Page 6: S-Work No.18
Page 7: S-Work No.18
Page 8: S-Work No.18

МАМА ЏОЈС ОД ЏАКАРТА

И покрај постојаните малтретирања, членовите на заедницата на транс-сексуалните работници во Џакарта се борат за нивните права во Модерна Индонезија.Светлата на Плаза Џакарта, со своите модерни хотели, големите трговски центри и фонтаните во опкружувањето се само неколкуте околни блокови во еден од најчудните квартови во Џакарта. Штом дојде полноќ улиците во овој кварт се исполнуваат со млади убавици со уметнички имиња како Тиара, Марша или Венера.Во Индонезија популарен термин за трансродовите луѓе е Waria, што преставува кованица од зборовите за жена (wanita) и маж (pria) од официјалниот јазик на земјата.За повеќето транс-сексуални работници од Индонезија да излезат на улица е избор, но обично тоа е резултат на немањето други алтернативи за заработувачка. Оние кои не се одлучуваат за сексуалната работа често се вработуваат во козметички салони или тезги за евтина храна, но сепак со тие примања едвај го преживуваат месецот. Ова објаснува зошто хормонската терапија, зголемувањето на градите или скапата операција за промена на полот се скоро недостижни.Земјата со своите 245 милиони луѓе има најголема муслиманска популација во светот, а исламистичките традиции и сфаќања заедно со хинду традицијата се прилично тврдокорни. Базирајќи се на овие религиски вредности, популацијата негува силна дискриминација кон трансродовите лица, така што во повеќето случаи тие се исфрлени од своите семејства.

Page 9: S-Work No.18

„Мама” Џојс е најпозната транс-сексуална работничка во делот околу Судирман станицата. Кога таа се движи по улицата сите ја поздравуваат. Џојс има 50 години, својот машки изглед го прикрива со кратка руса коса и облекуваајќи се како жена секоја вечер. Мама Џојс е сопственик на еден од борделите чии дрвени подови заживуваат навечер. Сексуалните работници изнајмуваат соби за работа во овој бордел каде нема ништо повеќе од еден прашлив душек и евтин телевизор за 40 или 50 долари месечно, што е приближно еднакво на работа за три ноќи.

Сексуалните работници од овој бордел се како семејство, нив ги поврзуваат многу нешта, но за сите нив бробата против дискриминацијата и насилството е она што најсилно ги поврзува. Најмладиот од нив има 18, најстариот 32 години, а сите имаат искуства поврзани со ХИВ/СИДА, со смртни случаи на нивни блиски пријатели и колеги. Студија изработена во 2007 година покажува дека една третина од транс луѓето во Џакарта се заразени со ХИВ вирусот. Мама Џојс постојано се труди да разговара со девојките во нејзинот бордел на теми поврзани со ХИВ/СИДА и има мисија да им укаже на овие 20-ина девојки да не ги прават истите грешки како нивните пријатели кои заболеле

Page 10: S-Work No.18

од вирусот. Таа прави вежби со девојките за правилна употреба на кондоми и ги подучува како да работат само со богати клиенти од кои добиваат и по три пати повеќе од нормалната тарифа за услуга. Теренските активисти се недоволни за ХИВ превенција помеѓу транс-сексуалните работници, затоа Џојс инститира девојките да одат на тестирање и здравствени прегледи на секои три месеци.- Јас сум како мајка, тука сум да ги заштитам моите ранливи деца - признава таа седеејќи под постерот од Мерлин Монро на нејзиниот леопард кревет.

Page 11: S-Work No.18

СЕКСУАЛНАТА РАБОТА ВО ХРВАТСКА

Истражувачкиот национален тим според Државниот завод за статистика открива дека во Хрватска на годишно ниво за проституција се трошат околу 300 милиони евра за разни сексуални услуги. Исто така со овој најстар занает се занимаваат околу 2000 сексуални работници.Клиентите со подлабок џеб во ноќните клубови низ Загреб како што се Колумбиа, Круге48 и Винер Кабаре, за една ноќ забава успеваат да добијат цена од 2000 куни, што вклучува сексуални задоволства со една личност или 600 куни на час.Познати судии, политичари и деловни луѓе секогаш во Загреб го избираат борделот ДАНИЕЛ. Иако е најскапиот бордел, нивните секс услуги се секогаш на највисоко ниво, затоа што во цената се вклучени сауни, бањи, џакузи и слично. Главните простории на овој бордел се наоѓаат во центарот на градот односно спроти полициската станица во Загреб. Кога станува збор за сексуалната работа во хотелите, девојките најчесто ги избираат ЛАГУНА и ФЕНИКС при што работата ја работат во соработка со такси возачи кои се во улога на посредници. Уличната проституција во Загреб е во голем подем и главна област е познатата Гајева улица. Дел од овие девојки работата ја работат самостојно, а дел со нивните макроа и нивната цена е пониска и добиваат до 300 куни.

Page 12: S-Work No.18
Page 13: S-Work No.18

ПЕТИЦИЈА ПРОТИВ ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА КРИМИНАЛИЗАЦИЈА НА КЛИЕНТИ

Европскиот Парламент на 27-ми февруари 2014 година ќе гласа за или против извештајот насолвен ‘„Проституцијата и сексуалната експлоатација и нивното влијание врз родовата еднаквост‘‘ поднесен од Комитетот за „женски права и родова еднаквост при ЕП (FEMM).

NSWP (the Global Network of Sex Work Projects ) силно ја осудува препораката да се криминализираат клиентите на сексуалните работници! Предлозите да се криминализираат клиентите на сексуалните работници се базираат на лошо осмислени политики, а ваквите политики во досегашните искуства се покажаа како нереални со лоши последици кои придонесуваат за зголемување на стигмата и дискриминацијата против сексуалните работници во земјите каде што се воведени слични политики.

Page 14: S-Work No.18

Доколку препораката се усвои од Европскиот парламент истата нема да биде обврзувачка за земјите членки на ЕУ, но ќе биде силно охрабрување за законско усвојување на овој модел не само во земјите кои се членки во ЕУ, туку и за оние земји кои го имаат започнато процесот за приклучување кон унијата. Исто така, усвојувањето на препораката би имало огромно влијание на глобалано ниво.Нацрт извештајот изобилува со погрешни факти за и околу сексуалните работници. Покрај тоа, овој извештај очигледно ги исклучува машките и трансродовите сексуални работници, а не вклучува никакви консултации со сексуалните работници кои секако треба да бидат вклучени во политичките дискусии кои директно ги засегаат нивните животи.Многу организации и мрежи за поддршка на сексуални работници го кренаа гласот против овој предлог доставен до Европскиот парламент кој дава препорака за криминализација на клиентите на сексуалните работници.Се потпишуваше и петиција која во знак на солидарност се споделуваше и од други организиации и здруженија на граѓани кои застапуваат и се борат за почитување на човековите права.

Page 15: S-Work No.18

ВО ИЗДАНИЕ НА

ДИЗАЈН

ЃОРЃИ ЈАНЕВСКИ

Page 16: S-Work No.18