16
Семинарска работа по предметот "Екологија и одржлив развој" на тема: Заштита на водите во Р.М. Изработила: Ментор:

Zastita Na Vodi Vo RM

  • Upload
    anaboko

  • View
    1.437

  • Download
    7

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Zastita Na Vodi Vo RM

Семинарска работа по предметот "Екологија и

одржлив развој" на тема:

Заштита на водите во Р.М.

Изработила:

Ментор:

Ана Цветаноска Проф. Др. Зоран Шапуриќ

Page 2: Zastita Na Vodi Vo RM

Скопје 2009

1. Вовед

Животот на Планетата Земја е дирекно зависен од водата. Всушност, водата

опфаќа 71% од површината на земјата и го сочинува поголемиот дел од нашето тело.

Во глобални рамки, помалку од 1% од светските води се слатки води, а само мал дел од

нив се протечни води, односно реки и потоци. Често се поставува прашањето дали се

уште има доволни количества вода за потребите на човекот? На светско ниво- да. Во

моментов се користат 20% од водите во светските реки. Но, состојбата значително

варира помеѓу регионите, така што во некои подрачја веќе се употеребуваат и до 95%

од достапните количества вода.

Загадувањето на водните ресуси е во пораст, закануваќи се на здравјето и на

опстанокот. Водата, исцрплив вреден ресурс, станува скудна поради растечката

побарувачка за производство на храна и поради моделите на неодржливо користење на

водата.

Република Македонија спаѓа во групата земји кои немаат доволно количество

водени ресурси, а нивниот недостаток особено се чуствува во одредени периоди од

годината. Проблемот кој е споменат како глобален претставува главна карактеристика

и на водните ресурси во Република Македонија: нерамномерна распределба во време,

простор и квалитет. Така, најголемите водени ресурси се распределени во западните

делови на земјата, додека источниот дел се соочува со постојан недостаток на вода,

како количество воопшто и и количество на соодветен квалитет на постојаните ресурси

да се користат за снабдување со вода за пиење и наводнување. Недостатокот на вода во

одпределени периоди од годината, особено во летните месеци, е присутен на целата

територија на земјата.

Состојбата со квалитетот на водите во Р.М. укажува дека природната рамнотежа

во водотеците е веќе нарушена пореди загадување на реките со органски материи,

тешки метали и со некои специфични загадувачи ( пестициди, токсични и органски

соединенија).

Овие податоци налагаат преземање итни мерки за подобрување на квалитетот

на водите во нашата земја, вклучувќи го и донесувањето на законските норми и

Page 3: Zastita Na Vodi Vo RM

правилници за еколошка заштита на водите, како и редовно следење ипроценување на

настаната состојба .1

1 http://www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/godisen2003-web-voda.pdf

Page 4: Zastita Na Vodi Vo RM

2. Водите во Република Македонија

Водата има посебно место во на нашата планета. Таа го дава животот и

овозможува негов развиток и создавање на нов. Таа е дел од секое живо суштество.

Водата е животна енергија на земјата. Околу 2% од територијата на Македонија се

под водена површина.

Има околу 35 реки и 53 природни и вештачки езера. Според количините

на водени ресурси Македонија спаѓа во подрачје со задоволителни водни ресурси, но

со доста голема нивна нерамномерна распределба. Реките припаѓаат на 6 сливни

подрачја: на реката Вардар 20.535км2, на реката Црн Дрим 3.350км2, на реката

Струмица 1.535км2, на Дојранското Езеро 120км2, на реката Лебничка 129км2 и

на реката Биначка Морава 44км22. За екологијата доста значајно е префрлањето на

води од еден во друг слив. Досега вакво префрлање има од сливот на река Радика во

сливот на река Вардар (преку Мавровските ХЕЦ) и од сливот на река Брегалница во

сливот на река Струмица (од акумулацијата Мантово). А за иднина се планираат и

други префрлања како на пример: од сливот на река Вардар во сливот на река

Треска, од сливот на река Пчиња во Овчо поле и други). Слив: Се подразбира дел од

територијата на која водите од атмосферски врнежи, од подземни води и извори се

сливаат во еден водотек преку кој се влеваат во некое море. Во Македонија се:

Егејски , Црноморски и Јадрански слив. Само мал дел од територијата на соседните

земји (10%) припаѓа на овие сливови. Егејскиот слив опфаќа 87% од водите во

република Македонија. Водите во нашата земја се поделени во следните категории:

Подземни води од сите нивоа Речни текови Природни и вештачки езера Потреби за

корисници на вода: Вода за населението и за комунални потреби Вода за

индустријата Вода за земјоделието Реките припаѓаат на три сливни подрачја: Егејски,

Јадрански и Црноморски слив. Егејскиот речен слив е најголем и зафаќа 87% од

вкупната територија на РМ и позначајни реки од овој слив се реките: Вардар и

Струмица. Јадранскиот слив опфаќа околу 13% од територијата на РМ и најзначајна

река е Црн Дрим. Црноморското сливно подрачје е доста мало и река во овој слив е

Биначка Морава. Тие се доста нерамномерно распространети така што западниот дел

има поголеми количини на вода. Просечно вкупната количина на вода во РМ се

6.63 милијарди м3 вода, која се влива во сливовите на следните реки: Вардар (4.77

2 http://mk.wikipedia.org/wiki/Хидрографија_на_Републлика_Македонија

Page 5: Zastita Na Vodi Vo RM

милијарди м3), Струмица (0.18 милијарди м3) и Црн Дрим (1.68 милијарди м3).

Реките имат висок водостој во пролетните и есенските месеци а низок летно време.

Во овие сливови има повеќе од 30 извори со проток поголем од 100 л/сек кои

претставуваат главен извор на вода за пиење. Распоредот на искористувањето на

водените ресурси е следно: за наводнување се користат 34%, за индустријата 11% и

на населението 10% а останатиот дел е за биолошки минимум. Но планот за

искористување на водите е стар и неефикасен така како проблеми може да се

спомнат: не добро определен биолошки минимум кој не обезбедува услови за да

преживеат рибите во нив и расправии околу некои корисници во источниот дел на

Македонија околу користењето на водите. Хидрометеоролошкиот завод кој е

задолжен за следење на водените ресурси во РМ, преку согледување на резултатите

добиени од повеќе мониториг станици, заклучува дека во последните години има

намалување на врнежите. Поради тоа се јавува недостаток на вода во одредени

делови и низок водостој на реките. Овој низок водостој доведува до сушни периоди

и до зголемена загаденост на реките.

Загадувањето е особено големо низводно од градовите, за што во голема мерка

придонесува и индустријата лоцирана во нив, со своите одпадни води. Нешто помало е

загадувањето на оние делници кој поминуваат низ помалку населени подрачја меѓутоа

и тука е можно загадувањето да е поголемо од она што е пропишано со пзитивните

законски прописи.

2.1. Следење на квалитетот на водата

Следењето на квалитетот на состојбите со заштита и унапредување на

животната средина и природата се врши во рамки на Македонскиот информативен

центар за животна средина во која е воспоставена база на релевантни податоци,

сепфатни, точни, јавно достапни информации за состојбата и квалитетот на водата како

медиум на животната средина. Базата на податоци се формира врз основа на соодветна

обработка, складирање и искористување на мерењата и следењата на состојбата на

водите од страна на други институции и организации.

За воспоставувањето на базата на податоци од доменот на водените ресурси

Р.М., македонскиот информативен центар прибира податоци од Управата за хидро

термолошки работи, Хидробиолошкиот завод од Охрид, Републичкиот завод за

Page 6: Zastita Na Vodi Vo RM

здравствена заштита, Централната лабараторија за животна средина, како и сите

субјекти кои се инволвирани во мониторирање на водата , а кои се обврзани да

доставуваат податоци до македонскиот информативен центар за животна средина.

ЈЗУ Републички завод за здравствена заштита - Скопје континуирано ја следи

санитарно-хигиенската состојба во снабдувањето со безбедна вода за пиење,

безбедноста на природните минерални води, хигиенскиот квалитет на површинските

води кои се користат за капење и рекреација и отпадните води, како и нивото на

санитација на животната средина на територијата на Република Македонија.

Активностите на ЈЗУ РЗЗЗ се дел од Програмата за превентивна здравствена заштита

во Република Македонија (санитарно-хигиенски дел). Лабораторискиот сегмент на

овие активности комплетно се реализира во лабораториите на Секторот за хигиена и

заштита на човековата околина и делумно во Секторот за микробиологија и

епидемиологија при ЈЗУ Републички завод за здравствена заштита.

Во склоп на својата дејност, Одделението за хигиена на води и комунална

хигиена при Секторот за хигиена, стручно-методолошки ја координира и насочува

работата на санитарно-хигиенските служби во Заводите за здравствена заштита на

подрачјето на Република Македонија од областа на комуналната хигиена и

здравствената екологија.

Одделението за хигиена на води и комунална хигиена активно соработува со

Министерството за животна средина и просторно планирање во процесот на

апроксимација на законодавстото на Република Македонија со легислативата на ЕУ.

Од вкупно испитаните 514 примероци на вода за пиење, неисправни биле

114 примероци на вода (22,2%) и тоа: на ниво на испитување - основен преглед на

водата за пиење 12,6% се неисправни во однос на физичко-хемиските параметри,

односно заради зголемени вредности на нитрити и нитрати или содржина на манган

и железо и 26,5% од водите не одговараат на Правилникот за безбедност на водата,

Службен весник на РМ бр.46/2008, заради микробиолошка контаминација; 33,2%

неисправни води за пиење при ниво на иследување на периодична физичко-хемиска

анализа на водата за пиење од што најголемиот број води се должи на испитани води

при истражно-студиски работи каде нема обработка на водата за пиење. Всушност

најголем број од испитаните примероци се води за пиење во фаза на истражување.

Испитани се 33 примероци на површински води во однос на различни

параметри кои се вршат во лабораториите на Републичкиот завод за здравствена

Page 7: Zastita Na Vodi Vo RM

заштита (комплетна физичко-хемиска анализа, анализа на резидуи од пестициди,

радиолошка и паразитолошка анализа). 54,5% од испитаните примероци вода биле

неисправни. Изготвена е Информација за актуелната состојба со квалитетот на водата

во природните езера во Република Македонија - Охридско, Преспанско и Дојранско

пред почетокот на летната туристичка сезона.

Во текот на 2008 година вршени се испитувања на периодична физичко-

хемиска анализа на примероци вода од Охридско езеро според месечна динамика.

Согласно резултатите може да се забележи дека врз основа на анализата на

хемискиот состав и тешки метали водите од Охридското езеро биле во континуитет

во I класа.

Од вкупно испитаните 27 примероци на природни минерални води,

неисправни се вкупно 15 (55,5%). Во однос на проширена физичко-хемиска

анализа на природни минерални води, од испитаните 20 примероци неисправни се

12 (60%), но треба да се напомене дека овие примероци вода се анализираат во

фаза на студиско-истражни работи, односно тие води се уште не се пуштени во

промет. Радиолошката анализа покажа дека 6 примероци (35,3%) имаат зголемена

радиоактивност од вкупно испитани 17. Поголем дел од испитаните примероци се

однесува на природни минерални води донесени од извори од Косово, кои не

подлежат понатаму на наш надзор. За сите неисправни наоди редовно бил известуван

Државниот инспекторат за храна при Министерството за здравство.

Испитани се 17 примероци отпадни води во однос на различни параметри кои

се вршат во лабораториите на Републичкиот завод за здравствена заштита (комплетна

физичко-хемиска анализа, анализа на резидуи од пестициди, радиолошка и

паразитолошка анализа). 17,6% од испитаните примероци отпадни води биле

неисправни.

Во текот на 2008 година вршен е месечен мониторинг на водите од р.

Вардар, низводно од Гевгелија за процена на потенцијално трансгранично загадување

Според Програмата во текот на 2008 година Републичкиот завод за

здравствена заштита-Скопје вршеше прегледи секој месец со исклучок на јануари на

водите од река Вардар, низводно од Гевгелија, непосредно покрај брегот, на

длабочина од 50 см под нивото на водата. Според податоците од лабораториските

мерења, според киселоста, потрошувачката на КМнО4, електролитната

спроводливост, азотната тријада, испитаните анјони и катјони р.Вардар е

Page 8: Zastita Na Vodi Vo RM

класифицирана во 1-2 класа. Во однос на тешки метали - во однос на железото спаѓа

во 5-та класа и манганот-1-2 класа. Останатите тешки метали се регистрирани во

трагови. Според горе наведеното може да се заклучи дека не постои евидентно

трансгранично загадување со токсични тешки метали од интерес.3

За хидролошката и квалитативната состојба на водотеците на Република Македонија

се добиваат податоци од Управата за хидрометеоролошки работи, и тоа:

a) хидролошката состојба на водотеците се обработуваат податоци за:

- Проток на реките;

- Водостој на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро;

- Водостој и количина на вештачките езера - акумулации.

б) За следење на квалитативната состојба на водотеците од RIMSYS проектот

се обработуваат следните групи на индикатори:

- Хидролошки параметри;

- Физички и органолептички индикатори;

- Минерализација;

- Кислородни/Оксигенски индикатори;

- Показатели на еутрофикација;

- Штетни и опасни материи.

За квалитативната состојба на Охридското и Преспанското Езеро се добиваат

податоци од Хидробиолошкиот завод од Охрид, и тоа:

- физичко-хемиски мониторинг;

- биолошки мониторинг.

Од Централната лабораторија за животна средина се добиваат податоци од мерења

на отпадната вода од индустриски комплекси.

Од индустриски комплекси кои вршат самостојно мониторинг се добиваат податоци

за квалитет на отпадната вода и тоа:

- “ОКТА” – квалитет на пречистителна отпадна вод;

3 Институт за јавно здравје

Page 9: Zastita Na Vodi Vo RM

- “Алкалоид” – квалитет на отпадна вода во следните погони:

Фармација, Хемија, Билкарство и Премази;

- “Враништа” – физичко-хемиска анализа во станица за

пречистување на отпадна вода во Ложани.

Од Републичкиот завод за здравствена заштита се добиваат податоци за санитарна

исправност на водата.

3. Законска заштита на водите во Р.М.

Уставот и законодавството на Република Македонија го определува правниот

режим на водите во неколку правни рамки. Уставот во член 56 определува дека сите

природни богатства на Републиката, растителниот и животинскиот свет, добрата во

општа употреба како и предметите и објектите од посебно културно и историско

значење, определени со закон, се добра од општ интерес за Републиката и уживаат

посебна заштита. Со закон се уредуваат начинот и условите под кои определени добра

од општ интерес за Републиката можат да се отстапат на користење. Бидејќи водите се

природно богатство, исто како рудите, шумите и слично, тие, во согласност со оваа

уставна одредба, се добро од општ интерес, па нивното управување и користење се

уредува со закон. Законот за водите на РМ од 1998 година во член 2 определува дека

водите, водотеците и езерата, како добра од општ интерес, уживаат посебна заштита

утврдена со овој закон и се во државна сопственост.

Со Законот за водите (член 10) е определен приоритетниот ред на користење

на изворските, протечните, неисчистените и подземните води и тоа како што

следува: (1) за водоснабдување на населението, здравството, одбраната,

прехранбената индустрија и за напојување на добитокот; (2) за наводнување на

земјоделското земјиште; (3) за водоснабдување на индустријата; (4) за наводнување

на површини под паркови и (5) за хидроенергетскипотреби.

Законот за водите ја регулира и концесијата за користење на водите (чл. 152-257).

Водата од водотеците и езерата може да се даде на користење со концесија

(одобрение) на определено време на домашно и  на странско правно и  физичко лице

на начин и услови определени со овој закон и со Законот за концесија. Водата како

природно богатство се дава на користење со концесија за вршење на следниве

Page 10: Zastita Na Vodi Vo RM

дејности: производство на електроенергија, за одгледување риби во рибници и во

кафези, езерски сообраќај и туристички услуги. Со Законот се определени  и 

негативните услови за давање концесија, меѓу кои спаѓа и заштита на стекнатите

права на корисниците. За вршење на дејноста врз основа на концесија, водата се дава

на концесија по пат на јавен конкурс. Времетраењето на концесијата се утврдува во

договорот за давање на водата на водата на користење. Концесионерот за користење

на водата плаќа надоместок. Висината на надоместокот и начинот на плаќањето за

концесијата се определува со договорот за концесија.

Согласно постојната законска регулатива:

Според чл. 8 од Законот за заштита и унапредување на животната средина

(“Сл. весник на РМ” бр. 51/00) Македонскиот информативен центар за

животна средина се грижи во обезбедување и воспоставување на базата на

податоци за состојбата и квалитетот на медиумите на животната средина;

Условите и начинот на употреба и користење на водите, заштита на водите

од исцрпување и загадување се регулира со Закон за водите (“Сл. весник

на РМ” бр. 4/98);

Со Уредбата за класификација на водите (“Сл. весник на РМ” бр. 18/99)

се врши класификација на површинските води (водотеци, езера и

акумулации) и според намената и степенот на чистота се распоредуваат во

5 класи;

Со Уредбата за категоризација на водотеците, езерата, акумулациите и

подземните води (“Сл. весник на РМ” бр. 18/99) природните и

вештачките водотеци, делниците на водотеците, езерата, акумулациите и

подземните води се делат на 5 категории;

ISO стандарди - се користат при обработка на податоци за квалитет на

отпадна вода од Алкалоид:

- Погон Билкарство, анализа на отпадна вода по ISE - 3006/7056 -

002 за 1000 мл.

- Погон Хемија - анализа на отпадна вода по ISE - 3006/705103-002,

за 1000 мл вода.

- Погон Фармација - отпадна вода споредена по ISE - 3006/7051 -

002, количина на анализа 1000 мл.

Page 11: Zastita Na Vodi Vo RM

- Премази - анализа на отпадна вода по ISE - 3006/7057 - 002, за

1000 мл.4

4 Министерство за животна средина и просторно планирање

Page 12: Zastita Na Vodi Vo RM

4. Заклучок

Пристапот до безбедна вода и адекватна санитација е најважниот прв чекор за

заштита на човековото здравје, но и основно човеково право.

Недостигот на безбедна вода за пиење како и лошата санитација сеуште

претставуваат закана за здравјето на милиони луѓе. Додека поголемиот дел од 877

милиони луѓе во Европскиот регион на СЗО имаат пристап до чиста вода, сепак многу

луѓе сеуште имаат недостиг на редовно снабдување со безбедна вода за пиење. Според

Заедничкиот мониторинг програм на СЗО/УНИЦЕФ од 2002 година, речиси 140

милиони луѓе (16%) воопшто немаат приклучок во своите домаќинства за вода за

пиење, 85 милиони (10%) немаат подобрена санитација додека 41 милион луѓе немаат

воопшто пристап до безбедна вода за пиење.

Република Македонија ги превзема сите потребни мерки за подобрување на

квалитетот на водите, со донесување на законски норми и правилници за еколошка

заштита на водите, како и редовно следење и проценување на моменталната состојба.

Page 13: Zastita Na Vodi Vo RM

Користена литература:

http://www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/godisen2003-web-voda.pdf;

http://mk.wikipedia.org/wiki/Хидрографија_на_Републлика_Македонија;

Институт за јавно здравје;

Министерство за животна средина и просторно планирање.