20
Повик до компаниите и локалните самоуправи за учество во Програмата на ЕУ – ЦИП Интелигентна енергија 2013 БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 121 www.mchamber.mk 31.01.2013 ISO 9001 Quality Management bsi. FS 549642 НА РАСПОЛАГАЊЕ СЕ 65 МИЛИОНИ ЕВРА, РОКОТ ЗА ПРОЕКТИ ИСТЕКУВА НА 8 МАЈ ГОДИНАВА!

Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

БИЗНИС ИНФО

Повик до компаниите и локалните самоуправи за учество во Програмата на ЕУ – ЦИП Интелигентна енергија 2013

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 121 www.mchamber.mk 31.01.2013

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

НА РАСПОЛАГАЊЕ СЕ 65 МИЛИОНИ ЕВРА, РОКОТ ЗА ПРОЕКТИ ИСТЕКУВА

НА 8 МАЈ ГОДИНАВА!

Page 2: Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

БИЗНИС ИНФО

дос тапни насек аде . . .

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

ПОКРОВИТЕЛИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

INDUSTRIES

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

СТАНДАРД Покровители СИЛВЕР Покровители

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK

Page 3: Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 31 јануари 2013, Бр. 121

ПОДВЛЕЧЕНО

Тоа е проект стар повеќе од 100 години за кој прво од наша страна треба да се проучи дали е оправдан и со таа цел српската

влада потпиша протокол со кинеска компанија што ќе изработи струдија на изведливост. После тоа, доколу има интерес и се покаже дека тоа е оправдано, ќе работиме на реализиација, иако сме свесни дека е тоа голем проект кој ќе бара голем износ на средства и сигурно ќе претставува еден од најголемите проекти кои би се граделе во Европа во овие години. Тоа е засега само идеја и ќе видиме дали е тоа воопшто можно.

(Ивица Дачиќ., претседател на Владата на Република Србија)

Ја истакнав поддршката на македонската Влада за идејата за разработка и

анализа на проектот инициран од страна на Србија за пловен канал Дунав – Морава - Вардар – Солун. Проектот содржи голем економски потенцијал, но оти најпрво треба да се утврди неговата исплатливост.

(М-р Никола Груевски, претседател на Владата

на Република Македонија)

Ние планираме само за глобалните туристи. Не доаѓаме во Македонија со толку голем проект само за локалните луѓе, не единствено за нив. Мора да доаѓаат луѓе од целиот свет. Тоа бара правилен маркетинг-план. Тоа не е ништо хај-тек. На пример, веќе им реков на моите луѓе да направат филм за

оваа земја. Сите добри поенти ќе треба да ги ставиме и во една добра книга - брошура. Но, пред тоа мораме да развиеме нешто. Нема да се рекламираме во оваа фаза. Прво мора да го развиваме проектот. Потоа, тие материјали ќе ги пратиме насекаде низ светот, до сите луѓе од туристичкиот бизнис. Мора да им ги пратиме и да им кажеме ова е само почетокот. Потоа имаме план да привлечеме снимање на филмови во Македонија. Го бираме местото за тоа и ќе направиме студија. Многу сум сигурен дека ова ќе ги привлече Боливуд и Холивуд и верувајте ми дека било кој град или земја, ако имаат континуирано снимање на големи филмови, се појавуваат на светската мапа. Со гламур! Се случува, се има случено насекаде. Сум видел многу такви примери. Затоа им реков на луѓето од владата, видете, ќе дојдеме со голем проект, но пред тоа мора да и додадеме гламур на оваа земја.

(Субрата Рој, индиски мултимилијардер)

Во наредниот период ќе следува објава за реализирање неколку инвестициски проекти. Покрај обврските во странство и големиот број на состаноци кои континуирано ги остварувам во мојот кабинет, со мојот тим работиме и на длабоки бизнис-анализи на компании, како и нивните стратегии

во однос на странски инвестиции пред да се воспостави директна комуникација со нивните менаџерски тимови. Покрај привлекувањето компании кои се заинтересирани да инвестираат во технолошко-индустриските развојни зони, со мојот тим работиме и на реализирање инвестициски проекти во помалку развиените региони на Македонија со цел нивно заживување и економско закрепнување.

(Бил Павлески, министер за привлекување странски инвестиции)

Додека бевме во Италија, добивме информации дека Фереро ги произведува Киндер-јајцата надвор од Италија, во источниот блок, Романија, Унгарија, па рековме, а зошто не и во Македонија? Направивме проект, им презентиравме што нуди Македонија, кои се можностите, кои се условите. Меѓутоа, Македонија тогаш беше во период по конфликтот, па Фереро се држеше малку на растојание, во стилот „не` интересира, но ќе видиме”. Во големи

корпорации не донесуваат одлуки така лесно. По нашата презентација поминаа добри пет години. Во 2006 година добив повик, ме викнаа на состанок и ми кажаа дека се посериозно заинтересирани. Во октомври истата година дојдовме заедно во Македонија, да видат што е и како е. По 10 дена ни побараа локација со нивни предуслови. Го обезбедивме и тоа. Ни дадоа специјален водич по кој мораме да се држиме, нивни стандарди, правила на игра. Сепак, ова се третира како исхрана, затоа што „жолчките” после доаѓаат во директен контакт со чоколадото. Конечно, на крајот на октомври ни дадоа „зелено“ светло да почнеме со доопремување на објектот по нивни стандарди. Тоа го завршивме за нешто повеќе од еден месец. На 14 декември 2006 година стартувавме со првите парчиња играчки. Првата задача што ни ја дадоа беше за Нова година да им испорачаме еден камион. Во рок од една недела примивме 100 луѓе за работа. Мораше се` да се изработи беспрекорно, сепак првата пратка

ќе биде „под радар”. Беше доста напорно, затоа што имавме краток рок, се соочувавме со нешто ново што до тогаш не сме го работеле, но успеавме, на 26 декември го испорачавме првиот камион. До март не` држеа во неизвесност, но потоа потпишавме и до ден денес напредуваме во работата.

(Русе Иљоски, извршен директор на „Мактоис“)

ПОДРШКА НА ИДЕЈАТА „ДУНАВ – МОРАВА - ВАРДАР – СОЛУН“

МАРКЕТИНГ-ПЛАН ЗА ГЛОБАЛНИ ТУРИСТИ

ИНВЕСТИЦИСКИ ПРОЕКТИ ВО ПОМАЛКУ РАЗВИЕНИТЕ РЕГИОНИ

ПРЕТПРИЕМАЧКА АВАНТУРА СО „ХЕПИ ЕНД“

Page 4: Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

БИЗНИС ИНФО4

МОЖНОСТИ

Во рамки на Програмата за конкурентност и иновативност – ЦИП – Интелигентна енергија 2013 година објавен е повик за поднесување проектни апликации со буџет за 2013 година од 65 милиони евра и се очекува да бидат одобрени 55-60 проекти со следните приоритети по потпрограми:

• Енергетска ефикасност и рационална употреба на ресурси- потпрограма (SAVE); • ОИЕ (Обновливи Извори на Енергија) - потпрограма (ALTENAR); • Енергија во транспорт потпрограма - потпрограма (STEER);

• Заеднички иницијативи.

Цел на приоритетите: - Програмата SAVE има за цел да поддржи рационална употреба на енергија, енергетска ефикасност, особено во сектор на згради (станбени, административни, јавни и бизнис) и во индустриските сектори (за 2013 година буџетот е 15,6 милиони евра). - Програмата ALTENAR се однесува на Алтернативни енергии или ОИЕ (Обновливи Извори на Енергија). ALTENAR опфаќа: промоција на нови и обновливи извори на енергија за централизирано или децентрализирано производство на електрична енергија, топлинска енергија и енергија за ладење; интегрирање на енергијата добиена од ОИЕ на локално ниво и во енергетските системи; поддршка во правење на легислатива за ЕЕ и ОИЕ (за 2013 година буџетот е 12,6 милиони евра). - Програмата STEER се однесува на промовирање ЕЕ и ОИЕ во транспортниот систем. STEER вклучува: диверзификација на горивата и ЕЕ во транспортот (за 2013 година буџетот е 9,6 милиони евра).

- Интегрирани иницијативи : комбинација на SAVE, ALTENAR & STEER. Буџетот на оваа програма за 2013 година е околу 65 милиони евра и е наменет за следниве типови на проекти:

• за креирање политики и пазарни услови за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија;

Повик до компаниите и локалните самоуправи за учество во Програмата на ЕУ – ЦИП Интелигентна

енергија 2013

НА РАСПОЛАГАЊЕ СЕ 65 МИЛИОНИ ЕВРА, РОКОТ ЗА ПРОЕКТИ ИСТЕКУВА НА 8 МАЈ ГОДИНАВА!

четврток, 31 јануари 2013, Бр. 121

Page 5: Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 31 јануари 2013, Бр. 121

МОЖНОСТИ

• промоција на енергетска ефикасност и рационална употреба на енергијата; • зголемување на употребата на алтернативни извори на енергија; • поддршка за внесување најнови технологии;• размена на искуства меѓу различни фактори во процесот;• финансирани проекти – поддршка и промоција на Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија (се

покрива дури 75% од буџетот на проектот); • ЕЛЕНА - финансии за градови и региони. - ЕЛЕНА (Европска локална енергетска поддршка) – наменски проекти

за градови кои имаат проекти за одржлива енергија. ЕЛЕНА покрива трошоци за техничка поддршка неопходни за подготовка на студии, инвестициони програми, физибилити-студии, бизнис-планови, енергетска проценка и подготовка на тендерски процедури. ЕЛЕНА е водена од ЕИБ и KfW Group и е исклучиво наменета за локални, регионални власти и општини.

Приоритетите зададени во Програмата ИЕЕ за 2013 година се во согласност со стратешките цели на Стратегијата 2020 на Европската унија: 20% да се намалат стакленички гасовите, 20% заштеда на енергија, 20% учество на ОИЕ до 2020 година и креирање на „зелени“ работни места („зелена“ економија).

Согласно приоритетите како клучен приоритет од страна на Европската комисија за 2013 година е делување во градежниот сектор, кој е оценет како најголем потрошувач на енергија и тоа:

- Приоритет 1: Реновирање на постојни згради и објекти за граѓани;

- Приоритет 2: Индустрија и (Nearly zero energy buildings) - изградба на згради со многу мала потрошувачка на енергија;

- Приоритет 3: Континуиран развој на професионалци во градежниот сектор.

Согласно административните процедури на Програмата Интелигентна енергија 2013 како дел од Програмата за конкурентност и иновативност, право на учество имаат и сите компании и институции од Република Македонија. Според правилата, проектна апликација поднесува конзорциум од минимум тројца партнери од 3 различни земји кои се членки на ИЕЕ. Апликациите се поднесуваат исклучиво електронски од страна на координаторот на проектот. Секоја проектна идеја пред развивање на апликацијата може да се консултира со ЕАКИ – Агенцијата за конкурентност и иновативност на ЕК за подеталени согледувања дали проектот соодветствува со приоритетите на програмата.

Јадранка Аризанковска

Page 6: Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

БИЗНИС ИНФО

ПОДРЖАНА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА НОРМИ-РАЊЕ НА ВИШОКОТ НА КАЛО И РАСТУР

БИТЕН ЕЛЕМЕНТ ЗА КОНКУРЕНТСКА ПРЕДНОСТ

Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите на седницата одржана на 29.01.2013 година, расправаше по заклучокот на Владата за предлагање на нормативи за кало и растур во градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, што беше поздравеа

и поддржана. Во обемната расправа, во присуство на Зорица Смилевска, преставник од Министерството за економија, беше истакнато дека, донесувањето на нормативите ќе преставуваат регулирање на вишокот растур и крш што се јавува во текот на самото производство, како пред државните органи, посебно пред УЈП, така и пред инвеститорите. Предлозите кои беа дадени за разгледување и расправа, а се земени од државите од поранешните ју простори, се добра основа за формирање на македонски нормативи кои ќе соодвестуваат со производството и технологијата. Конкретни проценти на вишок на растур и крш, поединечно по производи, фирмите треба да ги достават до петок (1 февруари 2013 година) до Комората, со кратко образложение.

Марија Петроска

Центарот за едукација при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Академијата за банкарство и финансии од Република Србија, на 25 јануари 2013 година, во Стопанската комора на Македонија, организираше советување на тема: „Управување со човечките ресурси за менаџери”.

Tргнувајќи од фактот дека инвестирањето во човечките ресурси претставува една од најзначајните инвестиции во компаниите, во таа насока, управувањето е посебно значајно од аспект на развојот и конкурентската позиција на компаниите Стопанската комора уште еднаш, со цел да им излезе во пресрет на своите членки и заинтересирани учесници, а се` со цел за подетално запознавање со техниките на управување со човечките ресурси, го одржа овој еднодневен едукативен настан. Претставник на Академијата за банкарство и финансии од Република Србија, а воедно и предавач на ова советување беше Драгана Томиќ Пилиповиќ, магистер по економија, а исто така и магистер на темата: „Локален развој на Балканот” на Универзитетот во Тренто, Италија. На ова еднодневно советување главно беше ставен акцент на основната функција на управување со човечките ресурси, планирање на кадарот, вработување, ориентација, обука и развој на вработените, обука на вработените, развој на вработените, ориентација, управување со учинокот, процес на управување со учинокот, мониторинг на учинокот на вработените, проценка на учинокот на вработените, развој и управување со тимови, мотивирање и инспирирање на соработниците, тимски улоги и односи, ефикасно управување, лидерство, успешно водење на состаноци, развој на проактивна организациската култура. На советувањето менаџерите, односно раководителите во компаниите, се запознаа со процесот на управување со човечките ресурси, управување со ефектот и развојот на вработените, како и ефикасно водење на тимови и развојот на проактивна организациска култура. Драгана Томиќ Пилиповиќ од Академијата за банкарство и финансии од Република Србија го реализира овој настан во духот на интеракција, непосредност и комуникација меѓу учесниците со развивање на дебата меѓу присутните, решавање на практични проблеми и сослушување на нивните ставови. На учесниците им беа доделени сертификати за стекнатите вештини и знаења.

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите

Советување за управување со

човечките ресурси за менаџери

6 четврток, 31 јануари 2013, Бр. 121

Page 7: Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

БИЗНИС ИНФО

ОТВОРАЊЕТО ФИЛИЈАЛА НА „ХАЛК БАНКА“ ВО КИЧЕВО ЌЕ ЈА ПОТТИКНЕ СОРАБОТКАТА СО ТУРЦИЈА

На 24.01.2013 година Регионалната комора со седиште во Кичево, во соработка со локалната самоуправа од општина Кичево, оствари бизнис-средба со Шенол

Туркилмаз, трговско аташе од Амбасадата на Република Турција во Македонија, како и Турхан Адеми, директор на дирекција на Халк банка. Средбата ја водеше претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколески, кој ги претстави стопанскиот регион, условите за развој и структурата на фирмите кои опстојуваат, како и нивниот потенцијал за развој и соработка со фирми од Турција. Во регионот на Кичево и во другите шест општини поголем е бројот на фирми кои се од микро карактер, а останатите се големи фирми кои функционираат добро. Оваа е моја прва посета на Регионалната комора со седиште во Кичево, - изјави Шенол Туркилмаз, изразувајќи голема благодарност за топлиот амбиент кој е многу сличен со Турција. Турција и Македонија имаат историски и културен допир, со оваа средба се овозможува турските бизнисмени кои покажуваат интерес од Сикташ, Џевхаир, Тика и други градови да им се даде добра визија и насока за инвестици за да се дејствува, - дополни Шенол Туркилмаз.

Градоначалникот на Кичево, Благоја Деспотоски, пред Делегацијата ги презентираше ТИРС-индустриските зони, приоритетите на регионот за економски развој, со цел натамошна соработка и развој. Турхан Адеми од „Халк Банка“, најави отворање на филијала на ХАЛК БАНКА во Кичево, со што се надеваат дека со нивното доаѓање во Кичево ќе се привлечат повеќе инвестиции. Во рамките на оваа средба се посетија фабриката за прехрана „ДРА-ГО“ и новиот покон за преработка и производство на производи од костен во с. Карбуница, општина Вранештица, како и фабриката за минерална вода „МСС-95“ во с. Преглово, Општина Пласница. На бизнис-средбата присуствуваа претставници од општините Осломеј, Пласница, Вранештица и фирми-членки на Комората.

Дијана Лазороска

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Бизнис-средба во Регионалната комора со седиште во Кичево

со трговското аташе на Република Турција во

Македонија

четврток, 31 јануари 2013, Бр. 121 7

Page 8: Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

БИЗНИС ИНФО

„Технометал-Вардар“ годинава планира обрт од 4 милиони евра

ПРОФИТ ОД 20.000 ЕВРА ЗАРАДИ ВИСОКИТЕ ТРОШОЦИ И НАМАЛЕНАТА КУПОВНА МОЌ НА ГРАЃАНИТЕ Компанијата за увоз-извоз, „Технометал-Вардар“ годинава очекува да направи промет од 4 милиони евра. Управниот Одбор на компанијата вкупните приходи ги проектира на 1,92 милиони евра, додека расходите на 1,90 милиони евра, при што очекува 2013 година компанијата да ја заврши со добивка од 20.000 евра. Проекциите за работењето на Технометал-Вардар и годинава зависат од макроекономските движења, велат од компанијата. -Во делот на слабостите и проблемите со кои се соочува Друштвото влегува намалениот обем на работење во делот на услугите, со намален број на корисници во Дисконтниот центар поради намалената економска и куповна моќ. Во делот на расходите преземени се низа мерки за намалување на редовните оперативни расходи на компанијата, но се уште е присутен проблемот на високата цена на финасискиот капитал и високите каматни стапки на краткорочните и долгорочните кредити на друштвото, што значајно ги зголемуваат расходите и влијаат на профитабилноста, - велат од Управниот одрбор на „Технометал-Вардар“. Од компанијата очекуваат дека годинава ќе ги зголемат приходите од продажба на домашниот и странските пазари, а најавуваат и можни инвестициски зафати и нови проекти во соработка со производните капацитети во земјава и регионот.

Најуспешни компании за 2012 година во Куманово

НАЈМНОГУ ЕЛЕКТРОНСКИ ГЛАСОВИ ОСВОИ „ЕКСТРА МЕИН“, СЛЕДАТ „МЕГА“ И „ЕУРО КОЛЕЏ“ Фирмата „Екстра Меин“ е најуспешна компанија за 2012 година во Куманово.Оваа фирма освои најголем број гласови на електронското гласање што го организираа одделението за локален економски развој и за информатичка технологија од општина Куманово. За оваа фирма гласаа 470 кумановци, второрангирана е фирмата „Мега“, додека приватната високообразовна институција „Еуро Колеџ“ е треторангирана. Градоначалникот на општина Куманово на свеченост им подели плакети на најуспешните комании за 2012-тата година. - На гласањето учествуваа преку 3.500 кумановци кои можеа да одбеарт за која фирма ќе гласаат. Фирмите беа поделени според дејноста со која се занимаваат, вели Андријана Вукановска Цветковска од одделението за информатичка технологија од општина Куманово. Гласањето за најуспешната компанија беше дел од проектот кој опфати издавање каталог, избор на најуспешна фирма и промоција на бизнис заедницата од општината. Општината го промовираше и каталогот „Топ 101 компанија“ - Фирмите кои се опфатени во каталогот мора да имаат најмалку десет вработени лица, да бидат извозно ориентирани и да се препознатливи на локалниот пазар, вели Зоран Павловски од секторот за администрирање на приходи и стратешко планирање при општина Куманово. Каталогот со 101 најуспешна фирма, локалната администрација веќе гопромовира и при посетите на збратимените градови и при посетата на домашните и странските делегации на Куманово.

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

8 четврток, 31 јануари 2013, Бр. 121

За зголемена безбедност и следејќи ги потребите

на клиентите, од почетокот на годинава „Комерцијална банка“ започна да издава дебитни и кредитни картички од програмата на MasterCard, Maestro и Visa со вградена најсовремена чип технологија. Имплементирањето на чип технологијата овозможува дополнителна сигурност при користењето на платежните картички, при што новите дебитни и кредитни картички со чип на „Комерцијална банка“ можат да се користат за купување без провизија на повеќе од 22 милиони продажни места во повеќе од 210 земји во светот. Замената на постоечките картички ќе се прави сукцесивно при обновување на истите, а сите клиенти кои сакаат предвремена замена, истата ќе можат да ја направат веднаш по личен избор со претходна најава во „Комерцијална банка,“ АД Скопје.

КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ СО ВГРАДЕНА НАЈСОВРЕМЕНА ЧИП ТЕХНОЛОГИЈА

Клиентите на „Комерцијална

банка“ со зголемена

безбедност

Page 9: Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

БИЗНИС ИНФО

СПРАВУВУВАЊЕТО СО КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ РАБОТА БРОЈ ЕДЕН ЗА РЕГИОНАЛНИТЕ ВЛАДИ

Климатските промени предизвикаа големи штети во регионалното земјоделство и во економиите, а експертите ги повикуваат владите да вклучат и нови мерки да им се помогне на фармерите полесно да ги надминат загубите од жетвите и во приходите. - Минатата година беше една од најтоплите во изминатите 100 години, а прогнозите за годинава се слични... Климатските промени ќе продолжат да им прават проблеми на фармерите. Ќе има суша за време на летото и повеќе врнежи во зима, кои ќе предизвикаат поплави, вели Небојша Кустриновиќ, член на Комисијата за климатски промеи од Босна и Херцеговинја за СЕТајмс. Екпертите предвидуваат дека житородните региони на Војводина во Србија, Славонија во Хрватска, Пелагонија во Македонија и источна БиХ, ќе бидат најсилно погодени и дека мора да се преземат специфични акции за да се спречи катастрофа. - Речиси една четвртина од економијата на Хрватска е базирана на сектори кои се подложни на климатскте промени, меѓу кои се земјоделството и туризмот. Меѓу 2000 и 2007, екстремните временски услови... предизвикаа штети во земјоделството во висина од 176 милиони евра, стои во извештајот кој го подготвија Завиша Симац од хрватскиот Совет за заштита и спасување, Ксенија Витале од Медицинскиот факултет во Загреб и други експерти. Извештајот нуди серија препораки, меѓу кои се промена на модели на производство, вклучувајќи и житарици отпорни на суши и садење на растенија порано во сезоната. - Во меѓувреме, експертите по земјоделство мораат да работат на унапредување посточеките врсти на растенија да бидат поадаптибилни на новите временски услови, рече Михајло Марковиќ, директор на Земјоделскиот институт на Република Српска за СЕТајмс. Само 0,86 проценти од обработливото земјиште во Хрватска е покриено со постоечкиот систем за наводнување. Покрај ова, фармерите велат дека е невозможно да се собере вода во сегашните каналски системи за време на есенскиот дождовен период. Но наводнувањето не е доволно, а властите изгледа не се свесни за длабочината на проблемот, вели Дарко Знаор, консултант за земјоделство и екологија од Загреб. - Владата мора да го прошири системот за наводнување и да спроведе мерки земјата да ја задржи водата, рече Знаор за СЕТајмс. Примената на овие мерки може да го измени трендот на загуби во производството и на значајни приходи, вели Милош Нозниќ, кој работи во Институтот за земјоделство на Република Српска. Пченката расте на 400.000 хектари во Хрватска, на 1,5 милиони хектари во Србија, и на 200.000 хектари во БиХ. - Со цената од 0,25 евра по килограм пченка, ова е катастрофа ако сушата ги намали приносите од жетвата на само еден тон од хектар. Но ако фармерите сеат пченка отпорна на суша и го зголемат производството на еден тон по хектар, тоа значајно ќе помогне во приходите на фармерите и на државата, рече Нозниќ за СЕТајмс. Иако владите го зголемија буџетите за земјоделство за годинава, тоа можеби нема да биде доволно да им се помогне на фармерите во тешкотиите. - Годинава, мораме да инсистираме на фер дистрибуција на буџетот. Во поинаков случај, фармерите ќе искусат уште поголеми проблеми со климатските промени, рече Мирослав Киш, претседател на српската Асоцијација на фармери за СЕТајмс..

(СЕТајмс)

ПРЕНЕСЕНО Екпертите предвидуваат дека

житородните региони на Војводина во Србија, Славонија во Хрватска,

Пелагонија во Македонија и источна БиХ ќе бидат најсилно погодени

четврток, 31 јануари 2013, Бр. 121 9

Page 10: Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

БИЗНИС ИНФО

Обука

„ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА УПРАВУВАЊЕ И/ИЛИ

ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД”6 февруари – 3 април 2013 година, 10:00-15:00 часот

(6,13,20,27 февруари, 6,13,20,27 март и 3 април 2013 година)Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Кои компании се задолжени да назначат управител со отпад? Согласно член 21 од Законот за управување со отпад компаниите кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад, должни се да назначат најмалку едно стручно оспособено лице - управител за отпад. Иако обуката за управител со отпад не е законска обврска за компаниите кои складираат, третираат или преработуваат отпад, може да биде корисна и за нив и за вистинско функционирање на целиот систем за управување со отпад.

Кои се задачите на управителот со отпад?

• Да ја следи тековната состојба во управувањето со отпад и да се грижи за правилното постапување со отпад;

• да води евиденција и да изготвува извештаи;• да ја спроведува годишната програма на својата компанија;• да го контролира видот и количеството на отпадот што се

создава, преработува и отстранува и да презема мерки за намалување и отстранување на создадениот отпад;

• да ги информира раководните органи на својата компанија за можното загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето што е резултат на производството, третманот, преработката и отстранувањето на отпадот и да предлага конкретни решенија.

Што треба да поседува управителот со отпад? • Потврда за стручна оспособеност и • Уверение за положен стручен испит за вршење на

управување со отпад. Управителот со отпад треба да поседува Уверение за положен стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање.

За да се стекне со Уверение, потребно е да положи стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад. Но, за да се пријави за полагање на стручен испит, кандидатот задолжително треба да посетува обука, на која се стекнува со Потврда за стручна оспособеност за управување и /или постапување со отпад.

Кој може да стане управител со отпад? Услов за полагање на стручниот испит е кандидатот да има високо образование со тригодишно работно искуство или вишо образование со петгодишно работно искуство во постапувањето со отпад и /или животната средина.

Што опфаќа наставата? Програмата за обуката за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад се реализира во вкупно траење од 50 часа. Во рамките на обуката ќе бидат

детално разработени Законот за управување со отпад, Законот за пакување и отпад од пакување, Законот

за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за управување со

електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и сите правилници што произлегуваат од истите. Ќе биде опфатен и Законот за животна средина, посебно во делот на ИСКЗ дозволите. Сето ова ќе биде придружено со практични примери релевантни за

кандидатите, а посебен акцент ќе биде ставен на пополнувањето на обрасците и

изготвувањето на програмата.

Кој ја спроведува обуката? Стопанската комора на Македонија е овластено правно

лице за спроведување на обуката. Обучувачи на семинарот ќе бидат докажани домашни експерти во областа на животната средина и особено во одржливото управување со отпад. Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават најдоцна до 4 февруари 2013 година. Времетраење на обуката: 9 работни средби, вкупно 50 часа. Учесниците на обуката ќе добијат сеопфатен материјал за подготовка на стручниот испит и Потврда за учество во обуката за стручно оспособување за управување и/или постапување со отпад. Пријавниот лист и Агендата може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Mакедонија: www.mchamber.mk

Даниела Михајловска тел: 02 32 44 021

факс: 02 32 44 088 [email protected];

М-р Анита Митровска тел: 02 32 44 057

факс: 02 32 44 [email protected];

Семинар

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

10 четврток, 31 јануари 2013, Бр. 121

Page 11: Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

БИЗНИС ИНФО

„ОБВРСКИ НА ОПШТИНИТЕ ПО ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВОТО”

15 февруари 2013 година, 9:00-16:00 часотСтопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат

Семинарот кој ќе се одржи на 15 февруари во Стопанската комора на Македонија ќе претставува иницијално запознавање и едукација, како и подготовка на локалната власт во Република Македонија да одговори на законските барања во врска со обврските на општините по прописите од областа на здравството и тоа во делот на спроведувањето на превентивните мерки за заштита од појавата и ширењето на заразните болести (дезинфекција, дезинсекција и дератизација) на населените места и другите јавни површини, правата на пациентите, правата на пациентите со ментална болест, и други области. Обврските на општините кои произлегуваат од прописите од областа на здравството, претставуваат работи од јавен интерес, кои општините во согласност со закон имаат право да ги вршат на своето подрачје и се одговорни за нивното извршување. Надзор над законитоста на работата на органите на општините вршат органите на државната управа. Надзорот над спроведувањето на прописите од областа на здравството од страна на општините го врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

ПРОГРАМА• Обврските на општините согласно Законот за заштита на населението од заразни

болести, со посебен осврт на превентивната дезинсекција и дератизација;• Извештај по извршениот инспекциски надзор над спроведена

превентивна дезинсекција и дератизација за 2011/12г.;• Законска регулатива за заштитата на правата на

пациентите;• Извештај за инспекциски надзор согласно Законот за

заштита на правата на пациентите;• Законот за ментално здравје и состојбата со психијатриските

болници во Република Македонија.

Семинарот е наменет за претставници н а единиците на локалната самоуправа, општините, членови на советите на општините, членови на комисиите формирани на ниво на општините од наведените области и други заинтересирани лица.

Предавачи: д-р Весна Николоска Димитровска, раководител на одделение во ДСЗИ, Министерство за здравство;

д-р Оливера Стојковска, раководител на оддление во ДСЗИ, Министерство за здравство;

д-р Вера Менковска, раководител на сектор во ДСЗИ, Министерство за здравство.

Пријавање до 13-ти февруари 2013 година. Пријавниот лист може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

М-р Анита Митровска тел: 02 32 44 057

факс: 02 32 44 [email protected];

Ленче Зиковател: 02 32 44 054

факс: 02 32 44 [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ четврток, 31 јануари 2013, Бр. 121 11

Page 12: Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Oд 20 до 22 феврyaри 2013 година во Република Турција

„MODEX 2013“ ВО БУРСА Од 20 до 22 феврyaри 2013 година, во Бурса, Република Турција, ќе се одржи Првиот меѓународен саем за готов мебел, декорација и украси „MODEX 2013“. Се очекува тоа да биде една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски компании. Саемот се промовира во многу држави: Авганистан, Германија, Албанија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Словенија, Белорусија, Русија, Италија, Шпанија, Катар, Канада, Шведска, Швајцарија, Романија, Укранија, Јордан, Грција и др. Изложбата ќе се одржи на површина од 45.000 м2 во 6 хали. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да ги видат производите што турските компании ќе ги пласираат од областа на:

- модерен мебел за дневни соби; - спални;- трпезарии, маси, столици; - класичен мебел, софи, фотелји; - ткаенини за мебел; - украси за мебел; - постелнини; - осветлување; - дизајнери; - здруженија за мебел; - детски соби и за тинејџери со стандард кревети; - медицински / ортопедски кревети и др.

На Саемот ќе учествуваат ексклузивни, меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании од Турција, кои ќе се престават со своите најдобри производи. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 20 до 22 феврyaри 2013 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Обезбедени се :

- бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и - бесплатни влезници за Саемот.

Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице , а 5.900 денари за нечленки по лице, на Комората). Стопанската комора на Македонија и „Адонис Груп“ ги поканува заинтересираните македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 8.02.2013 година. Подетални информации можат да се добијат на веб-страната: www.bursamodeks.com.tr или контактирајте не`.

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064

Моб 070/295-439Факс:++ 389 2 [email protected]

Контакт: Ванчо Спасески Тел: ++ 389 2 32440095Факс:++ 389 2 [email protected]

12 четврток, 31 јануари 2013, Бр. 121

Page 13: Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

БИЗНИС ИНФО

Oд 20 до 23 февруари 2013 година во Република Турција

MЕЃУНАРОДНИ САЕМИ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ ВО

АНТАЛИЈА Стопанската комора на Македонија и „Anfas Fair Management & Invesment Inc“ како долгогодишни партнери организираат заедничка посетана на Саемот за храна и Саемот за Пијалоци. Меѓународниот саем за храна ја продолжува својата богата 19-годишна традиција, организирајќи го 20-от по ред Саем за прехранбени производи со излагачи од Турција и 38 земји од Блискиот Исток, Азија и Европа, кои на посетителите ќе им претстават илјадници трговски марки. Според видот и типот на излагачите, оваа меѓународна изложба е место каде што може да се создаде огромна и ефикасна соработка меѓу пазарите во Европа, Азија и Блискиот Исток. Цел за 2013 година за овој настан е поставување на 35.000 м2 изложбен простор, 450 компании - излагачи и 80.000 професионални посетители. Посетителите на Саемот за храна ќе имаат можност да ги видат производите што турските и странските компании ќе ги пласираат од областа на:

• здрава храна, житни култури, зачини и масла за јадење;• месо и месни производи;• пекарски производи;• адитиви;• чоколадо, вафли и сладолед;• млеко и млечни производи;• чај, кафе и опрема;• трговија на големо и дистрибуција на храна;• производи од риба и морска храна;• производи за хотелиерството;• опрема за ладење;• замрзната храна;• свежи земјоделски производи и опрема;• лаборатории за храна, хигиена, консалтинг;• сува, сушена храна;• конзервирана храна;• списанија и др.

Во истиот период, од 20 - 23 февруари 2013 година се одржува и 2. Меѓународен саем на пијалаци. Изложба на која ќе заземат учество производители кои сакаат да го освојат турскиот пазар од Турција, Русија, Украина, Бангладеш, Бугарија и Белгија, кои ќе ги презентираат своите производи. Покрај индивидуалните посетители, ќе има и бизнис делегации, кои се состојат од истиот професионален бизнис сектор, од Узбекистан, Русија, Израел, Германија, Саудиска Арабија и Египет .

Посетителите на Саемот ќе имаат можност да ги видат производите што турските и странските компании ќе ги пласираат:

• алхохолни пијалаци;• безалкохолни пијалаци;• чај и кафе;• вода, полнење на вода и најнови технологии;• енергетски пијалаци;• концентрати за пијалаци и овошни сокови;• сода вода и минерална вода;• опрема и технологии за пакување на пијалаци и напитоци;• коктел-сосови;• вино; • секторски публикации и едукативни настани.

На Саемот ќе учествуваат ексклузивни, меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании , кои ќе се претстават со своите најдобри производи и услуги. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Anfas Fair Management & Invesment Inc“ – Анталија, организира посета на македонски компании на овие две саемски манифестации од 20 - 23 февруари 2013 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија.

Обезбедени се:- бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во

реномиран хотел со 5*); - локален трансфер и - бесплатни влезници за Саемот.

Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице). Стопанската комора на Македонија ги покануваат сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 01.02.2013 година.Пријавниот лист може да се превземе од сајтот на Комората: www.mchamber.mk

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064

Моб 070/295-439Факс:++ 389 2 [email protected]

Контакт: Васко РистовскиТел: ++ 389 2 32440014Факс:++ 389 2 [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ четврток, 31 јануари 2013, Бр. 121 13

Page 14: Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 21 до 24 февруари Меѓународен саем за градежништво, изолација, врати и прозорци, санитарна опрема и технологија во Република Грција

„INFACOMA 2013 – 30.“ ВО СОЛУН

Стопанската комора на Македонија организира посета на саемската манифестација INFACOMA, една од најзначајните изложби на HELEXPO, која годинава го слави своето 30-годишно постоење. INFACOMA останува лидер на меѓународни изложби за градежни материјали, како во Грција, така и во поширокиот европски пазар. INFACOMA нуди најсовремени методи за раст и развој во полето на градежништвото со нови технологии, нови апликации и материјали за згради и надградба, заштеда на енергија, како и модерна архитектура. Станува збор за една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации за градежништво од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани грчки и странски компании.

Посетителите на Саемот ќе имаат можност да видат:• изградба и материјали за изолација; • декорација и украсни производи и елементи; • инсталациона опрема и материјали; • рамки за прозорци и врати; • безбедносни системи; • железарија и производи од железо; • водовод; • електрични производи; • панел материјали и опрема; • санитарна опрема; • опрема за бањи; • машини; • алатки за рамки за прозорци и врати и за сечење

алуминиум; • железни конструкции;• организации, агенции; • технологија, машини и опрема за ресторани (индустриски).

Заедно со INFACOMA ќе се одвива паралелно и 5. EN-ERGY TECH под мотото: „Пријател со животната средина”, настан за енергетика, со што се потенцираат уште еднаш очекувањата за успешена саемска манифестација. Тука ќе можат да се видат:

• алтернативни и обновливи извори на енергија;• палети, дрво, природен гас;• сончева енергија - фотоволтаични системи - геотермални

системи;• греење – ладење, котли - горелки – греалки;• технологија и опрема;• еколошка зграда;

• био-климатски дизајн на згради и др. На Саемот ќе учествуваат ексклузивни, меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании од целиот свет, кои ќе се претстават со своите најдобри производи и услуги пред посетителите од градежните индустрии, увозници и извозници на машини и материјали, архитекти, градежни инженери, технички и градежни компании, програмери на имот, дизајнери, професионалци, студенти, јавни институции и други.

Обезбедени се:- 1 бесплатно ноќевање- локален транфер- организиран автобуски превоз и- бесплатни влезници за Саемот.

Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон организаторот - Комората (1.500 денари за членка по лице, а 2.500 денари за нечленка на Комората по лице). Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 10.02.2013 година. Пријавниот лист за посета на Саемот може да го превземете од сајтот www.mchamber.mk Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088Е-адреса: [email protected]

14 четврток, 31 јануари 2013, Бр. 121

Page 15: Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

БИЗНИС ИНФО

Од 21 до 24 февруари 2013 година Меѓународниот саем за туризам во Србија

БИЗНИС-СРЕДБИ ВО БЕЛГРАД Здружението на угостителството и туризмот и Enter-prise Europe Network при Стопанската комора на Македонија ве покануваат да учествувате на 2. Меѓународни бизнис-средби на компаниите од областа на туризмот, што ќе се одржат на 22 февруари 2013 година, во Белградскиот саем, во рамките на Меѓународниот саем за туризам од 21-24 февруари 2013 година. Целта на средбите е вмрежување и воспоставување бизнис-соработка меѓу претпријатијата од туристичката индустрија. Ова е единствена можност за воспоставување песплатни контакти и бизнис-релации со тур-опертори, туристички агенции, организатори, хотели, ресторани, хостели, ски-ресорти, спа-центри и други туристички работници од Регионот и од Европа. Бизнис-средбите ви обезбедуваат прилика за директни средби со потенцијални партнери, да најдете информации за новитетите и трендовите во туризмот, да го промовирате вашиот бизнис и да ги споделите искуствата. Меѓународните бизнис-средби се билатерални разговори меѓу учесниците, претставници на компаниите, до 20 минути овозможени за взаемно презентирање на посакуваната соработка. Директориумот со бизнис-профилите на сите учесници ќе биде достапен на сите заинтересирани страни. Главни целни групи: хотели, тур-оператори, туристички организации, туристички агенции, консултанти и ресторани.

Агенда:8 февруари 2013 година - Регистрација и поднесување

профил за соработка15 февруари 2013 година - Селекција за Б2Б состаноци22 февруари 2013 година - Билатерални средби

Интернет-страна за регистрација : http://www.b2match.eu/bitbe2013

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија ќе учествува на повеќе настани што ќе се одржат во рамките на Белградскиот саем за туризам од 21-24 февруари 2013 година:

• ќе учествува на заедничкиот штанд на стопанските комори од Југоисточна Европа во текот на сите денови од саемската манифестација со проспектни материјали и презентации;

• ќе учествува на Конференцијата за печат, што е закажана за 22.02.2013 година и

• ќе учествува на Тркалезната маса со тема: ,,Југоисточниот регион - Европски чекор, со цел создавање заедничка програма и за настап на трет пазар и формирање на заеднички туристички производ.

Белградскиот саем за туризам е најголемата туристичка манифестација во Југоисточна Европа. Повеќе од 30 години ги исполнува светските стандарди на работењето, со излагачите гради партнерски односи, а со квалитетната понуда и големиот број настани, секоја година привлекува се` поголем број посетители. Во рамките на Саемот за туризам, се одржуваат и Саемот за угостителска опрема и Меѓународниот саем за вино. Претходната година на Саемот за туризам со свои понуди се претставија 880 излагачи, а бројот на посетители надмина 58 илјади. Меѓународниот карактер на оваа манифестација го потврдија повеќе од 250 странски излагачи од 43 земји.

Контакт:

Лазо АнгелевскиТел: (02) [email protected]

Софче ЈовановскаТел: (02) [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ четврток, 31 јануари 2013, Бр. 121 15

Page 16: Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

БИЗНИС ИНФО

Од 1 до 4 март саем во Италија

“OLIO CAPITALE “ ВО ТРСТ Седмиот по ред саем “Olio Capitale - екстра девственото маслиново масло со врвен квалитет “ ќе се одржи во период од 1 до 4 март во Трст, Италија. Изложбата за промоција на екстра девственото маслиново масло со врвен квалитет е организирана од страна АРИЕС ТРИЕСТЕ Стопанската комора, и на истата ќе бидат присутни повеќе од 200 производители. На манифестацијата освен изложбен дел, ќе бидат организирани и сесии за дегустација, програми за купувачите, курсеви за готвење базирани на маслиново масло, семинари и ток-шоуа.

Лице за контакт:Васко Ристовски, тел: ++ 389 2 3244 014, факс: ++ 389 2 3244 088, e-mail: [email protected]

0д 5-9 март Бизнис-средби CeBIT во Германија

НАТПРЕВАР НА ИДНИНАТА 2013 Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија организираат посета и учество на бизнис-средбите CeBIT - Натпревар на иднината 2013 во Хановер СР. Германија CeBIT е најголемиот светски компјутерски саем во Хановер, а оваа година е 15-то издание на една од најголемите и најуспешните меѓународни брокерски настани во Enterprise Europe Network. Од 1999 година на Натпреварот на иднината е овозможено излагачи и посетители на Саемот да најдат партнери за соработка, на пример, за развој на производи, истражување и развој, заеднички вложувања, производство, маркетинг и / или договори за лиценци. Над 390 компании и истражувачки организации од 39 земји учествуваа на Натпреварот на иднината во 2012 година и реализираа над 1.500 билатерални средби. За подетални информации и пријавување, посетете ја веб-страната: http://www.b2match.eu/futurematch. Партиципацијата за Саемот е 110,00 евра и вклучува слободен влез за сите дена на Саемот, за 2 лица. Краен рок за регистрација е 18 февруари 2013 година. Зошто да учествувате?

* За да ги добиете последните информации за ИКТ-трендовите и иновациите;* за да ги промовирате вашите производи, технилогии и знаења;* за да најдете комерцијални и технолошки партнери;* за да разговарате за нови проектни идеи.

Во рамките на класичниот брокерски настан има широк спектар на дополнителни услуги, како тури и советодавни услуги за финансирање и интелектуална сопственост, кои ќе Ви бидат понудени во рамките на манифестацијата. Ново: клиентите од други сектори, кои бараат ИТ-прилагодени решенија или партнери за меѓусекторски проекти, можат да се регистрираат бесплатно по електронски пат и да испратат свои барања. Затоа, ИТ-експерти ќе презентираат соодветни технологии и производи на Натпреварот на иднината. Индустриски сектори: ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА.

Лазо Ангелевски тел. (02) 3244-090

[email protected]

Софче Јовановскател. (02) 3244-060

[email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

16 четврток, 31 јануари 2013, Бр. 121

Page 17: Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

БИЗНИС ИНФО

Од 13 до 15 март 2013 година ве водиме во Република Турција на три саемски манифестации по исклучително поволни услови

WINDOW, DOOREXPO И GLAS-SEXPO ISTANBUL 2013

Во периодот од 13 до 15 март 2013 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржат 14. Меѓународен саем за прозорци, профили, технологија за производство и машини, опрема, суровини и помошни средства - ISTANBUL WINDOW 2013, 5. Меѓународен саем за врати, блиндирани врати, панел, системи и помошни средства за врати - DOOREXPO ISTANBUL 2013 и Саемот за производи од стакло, технологија и машини за стакло, помошни производи и хемикалии - GLASSEXPO ISTAN-BUL 2013. Станува збор за поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на коишто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Во делот на прозорци:

- алумински профили, дрвени профили, механизми за прозорци, ПВЦ-механизми за прозорци, механизми за алумински и дрвени прозорци, рачки и шарки за прозорци, безбедносни системи, брави;

- пневматски системи, хидраулични, електро и рачни алати, ролетни, вентилација за прозорци, безбедносни системи, завртки, фасадни системи, ПВЦ-стакло, изолација за топлина, звук, пожар;

- машини за преработка на алуминиумски прозорци, механизам за алуминиумски прозорци и др.

Во делот на врати:- ПВЦ-врати, челични, стаклени, дрвени, гаражни, вртечки,

панел-врати, врати од ковано железо, индустриски врати, секциски врати, надворешни и внатрешни врати за куќи, безбедносни врати, врати отпорни на оган, врати за болници, изолациони врати, лизгачки врати, врати за возила;

- рачки, рамки, шарки за врати, клучни системи за врати, автоматски врати, технологија за преработка на врати, електронски системи за врати, врати за градина, аларм за врати, блиндирани врати и др.

Во делот на стакло:- производи од стакло, рамно стакло, повеќеслојно, калено,

изолационо стакло, стакло за автомобили, стакло за мебел, стакло отпорно на оган, витраж, матирано и заштитно стакло, лабораториско стакло, кристал, рачно изработено стакло, оптичко стакло, непробојно стакло, огледало, конкавно стакло;

- машини за миење стакло, машини за сечење, машини за

келење, машини за заварување и полирање на стакло;- изолационен материјал, пескарење, дихтунзи, завртки,

резервни делови;- лепливи производи, хемикалии за чистење стакло,

молекуларни сита, стаклени бои, течно стакло и др.

Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 13 до 15 март 2013 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија.

Обезбедени се:- бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во

реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и - бесплатни влезници за Саемот.

Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија и „Адонис Груп“ ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 25.02.2013 година.

Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064Моб 070/295-439Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ четврток, 31 јануари 2013, Бр. 121 17

Page 18: Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

БИЗНИС ИНФО

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновскител: : (02) 3244036, [email protected]

Стопанска комора на Македонијаул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје

тел: : (02) 3244000, факс: (02) [email protected]

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

Page 19: Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

БИЗНИС ИНФО

Компанија од Германија бара соработка со македонски компании во областа на планирање, вградување и сервисирање на соларни системи.Валидност дo: 15.4.2013 година

Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на мерни трансформатори.Валидност дo: 15.4.2013 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е за соработка со производители на столбови за осветлување и трговци со електроматеријали во Република Македонија.Валидност дo: 15.4.2013 година

Компанија од Грција бара соработка со производители на кујнски дрвени елементи, гардеробери, внатрешни и сигурносни врати во Република Македонија.Валидност дo: 15.4.2013 година

Компанија од Швајцарија заинтересира е да соработува со македонски компании во областа на енергетиката.Валидност дo: 16.5.2013 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за плaсман на ткаенини од памук, вискоза и полиестер.Валидност дo: 16.5.2013 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е да соработува со производители на шајки во Република Македонија.Валидност дo: 16.5.2013 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

машини за одржување зеленило.Валидност дo: 16.4.2013 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ласерски лампи и разни ласерски резервни делови наменети за воздухопловната, автомобилската индустрија, во салони за убавина, мода, медицина, микроелектроника. Валидност дo: 16.4.2013 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на производи од биопластика.Валидност дo: 16.5.2013 година

Компанија од Германија бара партнери за соработка во Република Македонија во областа на соларна енергија.Валидност дo: 17.5.2013 година

Компанија од Белгија заинтересирана е да пласира радари за раскрсници во Република Македонија.Валидност дo: 17.5.2013 година

Реномирана компанија од Р. Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на Coca-Cola, Pepsi Cola, со капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 – 50 литри, со две статични цистерни и

една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора (бунари) на вода и со сопствена концесија за земјиштето. Цена по договор. Локацијата на објектот е во околината на Битола, до границата со Грција.Валидност дo: 5.10.2013 година

Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на акумулатори, батерии за примена во железници, батерии за примена во телекомуникации и др.Валидност дo: 17.5.2013 година

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Mакедонија за пласман на печатена, режана, перфорирана и вакуум фолија за конфекционирање на производи во прехранбената индустрија.Валидност дo: 17.4.2013 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на модерни системи за пластични цевки за греење, водовод и климатизација.Валидност дo: 17.5.2013 година

Компанија од Словенија бара соработка со архитекти, театри и радио и ТВ институции во Република Македонија за пласман на театарска и сценска техника.Валидност дo: 22.5.2013 година

Компанија од Унгарија заинтересирана е да откупуваат до 50 тони бобинки од смрека во Република Македонија.Валидност дo: 22.5.2013 година

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКАчетврток, 31 јануари 2013, Бр. 121 19

Контакт:Мирјана КоцеваE- адреса: [email protected]Тел: 3244-035; Факс: 3244-088

Page 20: Бизнис ИНФО број 121 од 30 Јануари 2013

БИЗНИС ИНФОВо период од 22 до 25 април 2013 година во Доха, Катар,

се одржува 8. Светски конгрес на стопански комори

Можност за одлична интеракција со над 12.000 стопански комори од светот

Бизнис-форуми за промовирање на активностите и можностите во вашиот регион и претставување

на вашите производи и услуги .

Oваа меѓународна манифеставија ќе има интерактивна програма во која се планирани

пленарни и работни сесии, коишто претставуваат одлична можност за вмрежување меѓу компании

од целиот свет.

Зошто не треба да ја пропуштите можноста да бидете дел од ICC CCF

8th World chambers congress?

-Tаргетирани се милиони бизниси од целиот свет преку меѓународната коморска мрежа;-стопанските комори се синоним за гласот

на малите и средните претпријатија;-создавање на нови партнерства и

можност за вмрежување со лидерите на стопанските комори кои ќе работат со вас за

привлекување на нови клиенти;-претставување на вашиот бренд пред повеќе од 1.500 лидери на стопански

комори од повеќе од 100 земји од светот;-презентирање на вашите производи и

услуги и промовирање на можностите за инвестирање во вашата земја, регион или

бизнис-заедница.

Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани за посета на оваа меѓународна манифестација да се пријават најдоцна до 1 февруари 2013 година.

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

Контакт:Ирена МојсовскаТел (02) 3244009Факс (02) 3244088Е-адреса: [email protected]