13
Вовед Пневматика е дел од технологијата која се занимава со проучување и примена на притисок на гас за производство на механички движење.Пневматски системи се користат многу во индустрија и фабрики се најчесто водоводна со компримиран воздух или компримиран инертни гасови. Сигналите и управувачките елементи, со кои се дефинира работниот циклус на извршните елементи од пневматскиот систем, се наречени вентили. Со помош на вентилите се регулираат основните функции за

proektna - Pnevmatski ventili

Embed Size (px)

DESCRIPTION

ventili

Citation preview

Page 1: proektna - Pnevmatski ventili

ВоведПневматика е дел од технологијата која се занимава со проучување и примена на

притисок на гас за производство на механички движење.Пневматски системи се користат

многу во индустрија и фабрики се најчесто водоводна со компримиран воздух или

компримиран инертни гасови.

Сигналите и управувачките елементи, со кои се дефинира работниот циклус на извршните

елементи од пневматскиот систем, се наречени вентили. Со помош на вентилите се

регулираат основните функции за работа: стартување, запирање и правецот на струење на

компримираниот воздух. Со помош на вентилите, исто така, се регулираат големината на

работниот притисок и проток низ пневматски систем.

Page 2: proektna - Pnevmatski ventili

Дефиниција на вентилот е изведена според ДИН 24.300, односно ИСО/Р 1219 од 1970

година. Општо име – вентили, ги опфаќа сите различни видови елементи за управување.

Поделба на пневматските вентили

Според функцијата, тие се поделеи на пет главни групи:

1. Разводници,

2. Неповратни вентили,

3. Вентили за притисок,

4. Проточни вентили и

5. Славини.

Page 3: proektna - Pnevmatski ventili

Пневматски разводници Разводниците претставуваат пневматски уреди кој имаат задача да го разведуваат

односно насочуваат компримираниот воздух кон извршните елементина системот .

Со оглед на големиот број на разводници тие се поделени на следниве критериуми :

а) Според бројот на работните положби

- со две работни положби

- со три

- со четири или со повеќе

б) според бројот на конструктивни изведби

- клипни

- плочест

- вентилски

в) според бројот на работни приклучоци

- со два

- со три

- со четири или повеќе работни приклучоци

г) според начинот на дејствување

- со директно дејствување

- со индиректно дејствување

д) според начинот на активирање

- рачно или ножно

- механичко

- електромагнетно

- хидраулично-пневматсо ( директно и индиректно)

Page 4: proektna - Pnevmatski ventili

Сл.1 разводници кои најчесто се среќаваат во шемите за управување

Како и кај хидрауликата, првиот број, преттавува број на приклучоци, а именителот број

на положби на разводникот. За да се обезбеди правилно вградување на разводниците,

приклучните канали а симболите се обележани со броеви кои го имаат следното значење:

- Работен приклучок,[a(A),4(B),6(C)…]

- Приклучок за компримиран воздух, [1(P)]

- Одвод кон атмосферата[3(R),5(S),7(T)….]

- Водови за довод на компромиран воздух за управување[12(Z),14(Y),16(X)…]

Page 5: proektna - Pnevmatski ventili

Според новите стандарди, одбележувањето на приклучните канали треба да се врши

исклучително со броеви. Симболите за вентилите и разводниците се прикажани во

прилог, а начинот на активирање се избира според намената и може да биде механички,

електрично, хидраулично, пневматски или комбинирано.

Неповратни вентили Тие вентили во пневматскиот систем дозволуваат струењето на компроминираниот

воздух да се одвива само во една насока. Во спротивна насока, струењето не е можно,

бидејќи подвижниот елемент од вентилот го затвара спроводниот канал.

Сл.2 неповратен вентил

Подвижниот елемент се изведува со конусна или топчеста форма или пак, во вид на

плочка или мембрана. Вентилот може да биде затворен во една насока на два начина:

1. Со дејствување на силата на притисокот од компимираниот воздух врз

подвижиниот елемент,

2. Со противпритисок врз подвижниот елемент , вентилот ќе биде затворен се додека

големината на работниот притисок не ја совлада силата на пружината.

Во групата неповратни вентили се употребуваат и следните изведби:

Page 6: proektna - Pnevmatski ventili

- Наизменично неповратен вентил – имаат два доводни и еден одводен канал,

составните на вентилот се: I - тело на вентилот и q – работен елемент со топчеста

форма.

Сл.3 Наизменично неповратен вентил

- Придушно неповратен вентил – составни делови на вентилот се: I – тело, q –

завртка за регулирање на протокот, m – неповратен вентил. Со помош на q се

менува напречниот пресек на спроводниот канал.на тој начин се контролира

големината на протокот, односно брзината на струење на компромираниот воздух,

преку големината на придушувањето. Придушно неповратните вентили уште се

познати и како вентили за регулирање на брзината на движење кај пневматските

цилиндри.

Page 7: proektna - Pnevmatski ventili

Сл.4 придушно неповратен вентил

- Вентил за условно насочување – се употребуваат за управување со елементите од

пневматскиот систем кои вршат негово осигурување. Од левата и десната страна се

влезните канали I и m низ кои од разводникот се доведува воздух со притисок р1 и

р2. Од горната страна се наоѓа излезниот канал 2 , кој се поврзува со извршниот

елемент за контрола или осигурување. Сите три канали се меѓусебно поврзани со

работна комора која се наоѓа во телото на вентилот. Во комората се наоѓа

слободно поставен клип кој под дејство на работниот притисок може да се движи

лево десно низ комората.

Сл.5 Вентил за условно насочување

- Брзоиспусен вентил – се специјални вентили , бидејќи се употребуваат во случај

кога употребениот компромиран воздух треба за кусо време да се испушти надвор

од системот т.е. да се испразни системот. Обично се монтираат непосредно до

Page 8: proektna - Pnevmatski ventili

извршниот елемент – пневматски мотор или цилиндар.

Сл.6 брзоиспусен вентил

Компримираниот воздух под дејство на работниот притисок ја совладува силата на

пружината(3) и го поместува работниот елемент(2) од седиштето. На тој начин

обезбедува зјај низ кој струи компримиран воздух кон излезниот канал. Ако во

системот, по вентилот се зголеми работниот притисок, тој, потпомогнат од силата на

пружината, го враќа работниот елемент во седиштето и не дозволува компримираниот

воздух да се врати во спротивна насока. Затоа, овие вентили се наречени и неповратни

вентили.

Вентили за притисокВентилите за притисок се елементи за управување во пневматските системи, бидејќи со

нивна помош се регулира олемината на работниот притисок. Според задачата што ја

извршуваат ќе бидат анализирани следните видови:

Page 9: proektna - Pnevmatski ventili

1. Вентил за регулирање на притисок – уште се вика и регулатор за притисок, бидејќи

ја регулира големината на работниот притисок на излезот од вентилот. Работниот

притисок во системот секогаш треба да биде со приблиќно константна вредност,

независно од големината на влезниот притисок во вентилот и потрошувачката на

работен флуид во системот.

Сл. 7 вентил за регулирање на притисок

1- Тело, 2- работен елемент, 3- пружина, 4- завртка за регулирање на силата на

пружината,5-клипен лост и 6-мембрана

Работниот притисок на излезот од вентилот се регулира со положбата на работниот

елемент кој преку лостот е поврзан со еластична мембрана. Притисокот на

компримираниот воздух од влезниот канал дејствува врз плочката (2) поместувајќи ја кон

десно, со што се регулира големината на напречниот пресек на влезниот канал.

Големината на влезниот притисок е во рамнотежа со силата на пружината која од една

страна ја притиска завртката а од другата налегнува врз носачот на мембраната.

2. Вентилот за ограничување на притисок има за задача на заштитник на сите

елементи од пневматски систем. Тој вентил го спречува зголемувањето на

работниот притисок над максимално дозволената вредност. На следната слика е

претставен вентил за ограничување на притисок со составни делови : а – тело

навентилот, б- работен елемент, ц-пружина и д-завртка за регулирање. Кога

работниот притисок во потисниот вод на системот не ја надмине дозволената

Page 10: proektna - Pnevmatski ventili

максимална вредност, се совладува силата на пружината и работниот елемент се

поместува кон десно. На тој начин се поврзува потисниот канал со атмосферата

преку каналот за растоварување на инсталацијата и вишокот на возудх излегува од

системот. Со нормализирање на големината на притисокот во системот, работниот

елемент полека се враќа во лево под дејство од силата на пружината , затварајќи

го излезот на компримиран воздух кон атмосферата.

3. Редоследниот вентил – служи за вклучување на дел од системот, кога ќе се

постигне пред утврдена големина на работниот притисок. На сликата е прикажан

редоследен вентил кој има иста конструкција и принцип на работа како вентилот

за ограничување на притисокот

Проточни вентилиПроточните вентили се употребуваат за регулирање на протокот. Големината на протокот

се регулира со строга контрола на напречниот пресек на спроводните канали. Од сите

досега анализирани вентили можеме да констатираме дека само со придушните вентили

се контролира големината на проток. Кај тие вентили се намалува големината на

напречниот пресек во спроводниот канал со што се намалува и големината на протокот.

Во практиката почесто се употребуваат проточни вентили со променлив напречен пресек.

Промената на напречниот пресек се врши механички , со помош на завртка која најчесто

има конусен врв. Придушувањето на протокот може да биде во една или двете насоки на

струење.

Заклучок:

Пневматика е дел од технологијата која се занимава со проучување и примена на

притисок на гас за производство на механички движење.Пневматски системи се користат

Page 11: proektna - Pnevmatski ventili

многу во индустрија и фабрики се најчесто водоводна со компримиран воздух или

компримиран инертни гасови. Разводниците претставуваат пневматски уреди кој имаат

задача да го разведуваат односно насочуваат компримираниот воздух кон извршните

елементина системот . Вентилите за притисок се елементи за управување во

пневматските системи, бидејќи со нивна помош се регулира олемината на работниот

притисок.

:Користена литератураХидропневматкса техника – Петар Јанев – Скопје 2010год