25
Зависности кај младите - алкохолизам Андреа Грујоска СУГС Гимназија „Панче Арсовски“ - Скопје Проектна активност на тема: „Зависности кај младите – алкохолизам“ Ментор: Студент: Вера Гаревска Андреа Грујоска I 4 1

Zavisnosti Kaj Mladite - Alkoholizam

  • Upload
    -

  • View
    515

  • Download
    7

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Zavisnosti Kaj Mladite - Alkoholizam

Зависности кај младите - алкохолизам Андреа Грујоска

СУГС Гимназија „Панче Арсовски“ - Скопје

Проектна активност на тема:

„Зависности кај младите – алкохолизам“

Ментор: Студент: Вера Гаревска Андреа Грујоска I4

Скопје, јуни 2011

1

Page 2: Zavisnosti Kaj Mladite - Alkoholizam

Зависности кај младите - алкохолизам Андреа Грујоска

Содржина:

1. Вовед – стр. 3

2. Злоупотреба на алкохол – стр. 4

3. Причини кои кои ги предизвикуваат болестите на зависност кај младата популација и потребата од комбинирана употреба на психоактивни – стр 6

4. Соматски, телесни компликации кај младите кои злоупотребуваат алкохол – стр. 8

5. Психички последици до кои води алкохолизмот – стр. 9

6. Мотивација за лекување на младите - зависници од алкохол – стр. 10

7. Младите и спортувањето како превенција за употреба и злоупотреба на алкохолот – стр. 11

8. Заклочок – стр. 15

9. Користена литература – стр. 17

2

Page 3: Zavisnosti Kaj Mladite - Alkoholizam

Зависности кај младите - алкохолизам Андреа Грујоска

Вовед (Зависности и видови на зависности)

Денес живееме во такво општество во кое што постојано сме изложени на штетните

влијанија кои што се наоѓаат насекаде околу нас и постојано не демнат, со цел да не

грабнат со своите канџи и да не однесат во погрешен правец или насока, каде што оние

кои што подклекнале на негативните влијанија, се соочуваат со огромна тешкотија при

изнаоѓањето на патот за назад и напор при повторното враќање кон сопствениот

нормале живот.

Всушност, станува збор, за оние зависности, кои имаат разорно дејство, зависности кои

уништуваат, кои постепено ја деградираат човековата личност, не дозволувајќи и да се

однесува нормално и зрело во реално време и во реален простор, која ја прави личноста

неодговорна единка која ги отфрла своите обврски и желби, со единствена цел, само да

си ги задоволи себично своите зависнички страсти. Како што одминува времето,

зависниците стануваат заробеници на својата болна страст, односно заробеници на на

дејството кое го имаат, цигарите, дрогата и алкохолот. Тие, заробувајќи ја волјата на

единката, ја заробуваат и затвораат нејзината личност, нејзината слобода и

достоинство.

Секоја зависност е негативна, без разлика дали станува збор за цигари, дрога или

алкохол, но сеедно за која зависност говориме, се работи за доста и крајно сериозен

проблем, затоа што последиците се катастрофални, индивидуата се деградира што

едноставно станува збор за едно разбивање на психо-физичкото единство, или со други

зборови интерпретирано, на една единка и страдаат и душата и телото. Одовде, можеме

да заклучиме и дека секој зависник, го живее својот живот со една единствена цел, а

тоа е задоволувањето на својата страст, која што е проследена со лоши последици и

долги страдања.

Зависноста и дава илузија на личноста дека го прави она што го сака и дека таа му

овозможува некој вид на уживање, односно единствено што таа илузија пружа е едно

лажно задоволство кое што оневозможува слободно и широко дејствување на

индивидуата која што веќе е заробена во таквите смртоносни канџи. Токму тие канџи,

не демнеат нас, младите, триејќи ги во очекување дека можеби токму „ти“ ќе бидеш

нивната следна жртва или пак токму оној кој моментално е до тебе.

3

Page 4: Zavisnosti Kaj Mladite - Alkoholizam

Зависности кај младите - алкохолизам Андреа Грујоска

Она што исто така не треба да биде изоставено е тоа дека во овие тешки случаи, не

страда само зависникот, туку страдаат и оние кои се во негова или нејзина непоследна

близина, најблиските, семејството, соочувајќи се со истите страдања и тешкотии со кои

се соочува и самиот зависник. Значи овде не станува збор само за една жртва, туку

говориме за поголем број на жртви кои невино страдаат, уништувајќи ја својата среќа и

живот.

Токму поради овие тешки последици, потребно е да бидат превземени соодветни

мерки за отстранување на оваа зависност, или доколку тоа не е можно да биде

остварено, потребно е истата да биде намалена. Исто така се јавува и потребата од

отварање на соодветни институции, каде што на младите, а и воопшто на сите

индивидуи, преку соодветни програми ќе им биде презентирана опасноста со која се

соочува денешното општество, а самат реализација на ова, може да биде овозможена

со воведување на моралното воспитание и образование кое на некој начин ќе ги

доближи и ќе им даде на знаењед на индивидуите, какви се последици можат да бидат

предизвикани.

Злоупотреба на алкохол

Потребата од актуализирање на проблемот од употреба на алкохол кај младите и

поместувањето на границата на пиење уште во основното образование, развивање на

проблеми во однесувањето и развивање на зависност од алкохол. Злоупотребата на

aлкохол во свeтот и кај нас е најраспространета токсикоманија. Заради својата

димензија и последици претставува сериозен медицински и социјален проблем.

Негативните последици од злоупотребата на алкохол се одразуваат не само на лицето

кое пие, туку и на неговото семејство, училиштата, работната средина и т.н. Всушност

не постои сегмент од човековото живеење кој не е засегнат од оваа проблематика.

Оттука, алкохолизмот не е само индивидуален, но е и тежок општествен проблем.

Заради тоа, Светската здраствена организација го има ставено на врвот од своите

приоритети, особено превенцијата кај младата популација. Според општо прифатените

светски проценти, застапеноста на алкохолизмот во однос на целокупната популација,

се движи меѓу 2 и 3%. По својата зачестеност, во светот е прифатена како “трета

болест” и е рангирана веднаш по срцевите и малигните заболувања.

4

Page 5: Zavisnosti Kaj Mladite - Alkoholizam

Зависности кај младите - алкохолизам Андреа Грујоска

Се цени дека во Република Македонија бројот на лица кои се зависни од алкохол

(алкохоличари) е околу 60 - 80 000, а само во градот Скопје ги има околу 20 - 25 000

граѓани. Бројот пак на жители кои консумираат алкохол во социјално прифатливи

количини, или го злоупотребуваат, а се извор на идни зависници, е значително

поголем. Соодносот помеѓу мажите и жените според разни извори е различен, но

прифатено е дека е некаде помеѓу 5-8 : 1. односно 5 - 8 мажи на 1 жена. Во последно

време изразена е тенденцијата за намалување на овој сооднос. Освен тоа, бројот на

млади кои уште во основните училишта започнуваат да консумираат алкохол е со

тенденција на изедначување помеѓу половите.

Се повеќе млади пијат алкохол со што возраста при првите искуства со алкохол се

намалува, а количините на испиен алкохол се зголемува и се почести се случаеви на

тешки пијанства и труења со алкохол кај младите лица. „Специјални поводи“ за

конзумирање на алкохол не се бираат туку се пие при секое дружење и сл. Исто така

младите лесно стануваат жртви на агресивните имплицитни реклами за „убавината“ на

разновидни алкохолни пијалоци, кои за жал се промовирани од нивните идоли.

Во Македонија луѓето консумираат алкохол традиционално, како дел од секојдневниот

живот и во разни пригоди. Пиењето впрочем е и дел од фолклорот. За дел од

популацијата земањето на алкохол е поврзано со желбата за одбегнување или

намалување на психичките и социјални тензии, но за жал, подоцна голем дел од нив

стануваат зависници. Алкохолот, покрај агресивното влијание врз психофизичкото

здравје и заради хроничноста, негативно делува и врз семејниот живот водејќи кон

потполно осиромашување, закочување во развојот, а на крај начесто завршува и со

распад. Семејната атмосфера станува изразито лоша, мачна, оптоварена со постојани и

бескрајни малтретирања и конфликти. Алкохолизираниот човек е со изменето

однесување, а со тек на време ако тоа се повторува и членовите на неговото семејство

се менуваат, стануваат емоционално и физички истрошени, ”скршени” и неспособни

адекватно да се грижат за семејството, постојано следејки го однесувањето на членот

кој пие и се опива. Ваквата состојба најповеќе ги погодува децата кои често се

занемарени и отфрлени од родителот кој пие, а неретко и од другиот. Основните

потреби на детето за љубов, сигурност и подршка се незадоволени. Тие се длабоко

несреќни, со психосоматски потешкотии, со впечатливи проблеми на психички план во

5

Page 6: Zavisnosti Kaj Mladite - Alkoholizam

Зависности кај младите - алкохолизам Андреа Грујоска

правец на изнаоѓање на личниот идентитет, емоционална лабилност, несигурност,

пасивност, па се до воспитна запуштеност и деликвенција.

Имајќи ги предвид сите компликации кои ги прави ексцесивното алкохолизирање, се

доаѓа до констатација дека тоа е болест на целото семејство, но и на целото општество

со низа последици во локалните средини. Мора да се нагласи и криминогениот ефект

на алкохолот врз општеството каде доминира асоцијалното однесување, повредите

во училиштата, повредите на работа, сообраќајни незгоди и т.н.

Причини кои кои ги предизвикуваат болестите на зависност кај младата

популација и потребата од комбинирана употреба на психоактивни

Д-р Љиљана Димитровска, Специјалист по медицинска психологија истакнува дека

причините кои ги предизвикуваат болестите на зависност се мултифакторијални. Нив

можеме да ги поделиме во три категории и тоа:

1. Личност

2. Средина

3. Психоактивни супстанци

Кога е во прашање личноста на младиот човек кој има предиспозиција или веќе развил

зависност од никотинизам, алкохол, дрога, таблети не може а да не се посвети

внимание на биолошкиот и социјалниот аспект на сите можни фактори кои влијаат врз

развојот на личноста. Проблематичното однесување во семејството директно е врзано

за адикција (пиење во семејството, проблем со алкохолот, зависнички образец на

функционирање, неконтролирано земање на таблети).

Однесувањето во семејството на индиректен начин подготвува адекватна клима за

развивање на зависност.

Битни причинители се:

- Емоционална дистанца помеѓу членовите во семејството;

- Патолошкиот начин на комуникација најчесто низ агресија и отфрлање;

- Нарушена хиерархија и граници.

6

Page 7: Zavisnosti Kaj Mladite - Alkoholizam

Зависности кај младите - алкохолизам Андреа Грујоска

Родителите можат да влијаат во формирањето ставови за алкохолот и дрогата кај

децата, посебно доколку се блиску до нив во фазата на пубертет, тинејџерски и

адолесцентниот период. Адолесценцијата е најважен период во животот на човекот.

Во овој период се формира личниот и полниот идентитет, се воспоставува

хетеросексуална релација, изборот на професија, сепарација од родителите. Во овој

период младите се уште чувствителни посебно кон своите врсници, тие се

сугестибилни и често ги менуваат своите ставови. Кај дел од младите кај кои

настанала конфузија на идентитетот овој период им е неподнослив. Во неможноста да

се справат со притисоците посегнуваат најчесто кон алкохол, потоа дрога и други

психоактивни супстанци а потоа развиваат и зависност.

Најчесто испитот на зрелоста не го положуваат младите кои имаат проблем со

прифаќање на авторитет (родителите, професорите). Оние млади кои

експериментираат, кои ризикуваат, не сакаат да учат од искуството на постарите, тие

сакаат сами да донесуваат заклучоци, да доживуваат силни емоции, имаат поголеми

предиспозиции на патот кон зависностите, кон деликвенцијата и промискуитетот. Овој

период не е лесно да се одживее. Иако желбите, мислите, чувствата на некој начин се

исти како и тежнението кон оригиналност, важност, слобода, осетливо, пркосно и

бунтовно однесување, сепак секој млад човек поминува на свој начин низ овој развоен

период.

На зовриеното нежно, лесно ранливо суштество алкохолот, дрогата, никотинот,

таблетите доаѓаат како “мелем за душа„. Овие супстанци имаат моќ да донесат лажна,

привремена сигурност, храброст, слобода од досада и осаменост. Желбата да се остане

во што е можно подолг период во вакво рамновесие ги поттикнува младите кон

употреба на комбинирани алкохолни пијалаци. Ако на младите им е оневозможен

приодот кон главното средство кое тие го употребуваат многу често прифаќаат други

психоактивно средство кое им е на дофат. Комбинацијата од различни средства може

да биде поради:

- Постигнување на појако дејство;

- Намалување на напнатоста од недостаток на главното средство кое го

употребуваат;

7

Page 8: Zavisnosti Kaj Mladite - Alkoholizam

Зависности кај младите - алкохолизам Андреа Грујоска

- Поради високата цена или недостапноста во моментот.

Со тек на време се развива зависност од сите користени супстанци. Користените

комбинации може да задоволат повеќе потреби на пример, да се смират, да се разбудат

или развеселат. Дел од младите кои се вовлечени во овој проблем се добро

информирани односно им се познати индикации и контраиндикациите на супстанците

кои ги примаат што им дава за право самите на своја рака да прават одредени

комбинации на супстанци. Најчести комбинации кои ги прават младите се:

- Алкохол и цигари;

- Алкохол и канабис;

- Алкохол и кокаин;

- Опијати со кокаин за зголемување на еуфорија;

- Седативи и барбитурати.

Во случај опијатите да бидат недостапни за нив, младите применуваат седативи,

алкохол и психостимулативни средства. Ако постои комбинирана зависност од

опијати, седативи и алкохол, апстиненцијалните кризи можат да бидат многу повеќе

изразени, а интоксикацијата најчесто е смртоносна. Ваквата зависност доведува до

поголемо оштетување на организмот, постои поголем ризик од предозирање и

поголема тенденција кон самоубиство. Кај младите алкохолот, дрогата, таблетите

стануваат диктатор што од младиот човек прават марионета, роб, човек без личност,

без морал и карактер.

Соматски, телесни компликации кај младите кои злоупотребуваат алкохол

Надворешен изглед - доста карактеристичен и сам по себе оддава дека се работи за

алкохолизирано лице. Често пати постои неуредност, здив на алкохол (halitus), кој се

обидува да го маскира со разни средства - парфеми, мастики за џвакање и сл. Посебно

е упадливо лицето (facies alcoholicas) со нагласен капиларен цртеж на образите,

подуеност, закрвавени очни белки, отечени долни капаци на очите.

Кожата е сува, во некои случаи со карактеристични промени по лицето и

екстремитетите кои настануваат поради недостаток на витамини од групата Б, т.н.

8

Page 9: Zavisnosti Kaj Mladite - Alkoholizam

Зависности кај младите - алкохолизам Андреа Грујоска

пелагроидни промени. Тие се одликуваат со зголемена пигментација и ранливост на

кожниот епидерм.

Дигестивен тракт - алкохолот се внесува во организмот преку дигестивниот систем, па

природно е што тој е најмногу погоден. Забите се често пати запуштени, а слузокожата

на устата, ждрелото и хранопроводот трпи последици од иритирачкото дејство на

алкохолот и реагира со воспалителни промени. Тие се причина за утринските мачнини

и повраќања кај алкохоличарите. Во долниот дел на хранопроводот, заради

притисокот кој на крвните садови го врши зголемениот црн дроб, доаѓа до

проширување на венските сплетови (varices oesophagi) и крварења кои се многу

сериозни, дури и смртоносни, па се повод за итни хируршки интервенции.

Често пати се јавува воспаление на слузокожата на желудецот (gastritis), кое го

објаснува отсуството на чувство на глад и губитокот на апетит, што допринесува да се

забрза телесното пропаѓање. Со тек на време може да се развие чир на желудецот или

на дванаесетпалечното црево. Слични воспалителни промени се јавуваат и на цревата.

Поради тоа е отежната апсорпцијата на витамините и хранливите супстанци и доаѓа до

заболувања поврзани со недостаток на истите, особено на витамините од групата Б.

Психички последици до кои води алкохолизмот

Долгогодишната злоупотреба на алкохол води до низа промени односно бројни

нарушувања на сите психички функции: се намалуваат концентранијата и помнењето,

мислењето е отежани и забавено, се намалува интелектуалната ефикасност,

карактеристични се емоционалните промени на расположението, често се присутни

напнатост, страв, равнодушност, раздразливост или незаинтересираност. Волјата и

нагоните исто така се смалуваат. Алкохолизмот води до промена на карактерот на

личноста и појава на алкохоличарско однесување. Алкохоличарите најчесто го

минимализираат или негираат проблемот, се обидуваат да најдат оправдување за себе и

своето неодговорно однесување и многу често вината за сопствените проблеми ја

префрлаат на другите. Најтешките психички компликации на алкохолизмот

представуваат алкохолните психози, од нив најчест и најтежок е елкохолниот

делириум.

9

Page 10: Zavisnosti Kaj Mladite - Alkoholizam

Зависности кај младите - алкохолизам Андреа Грујоска

Мотивација за лекување на младите - зависници од алкохол

Во последно време се регистрира пораст на алкохолизмот кај младите, што ја

наметнува потребата од посериозен пристап на раното дијагностицирање на

алкохолизмот и поттикнување на младите да отпочнат со лекување. Развојниот период

сам по себе има свои специфичности, кои сигурно имаат влијание на започнувањето со

пиење и формирањето на зависност од алкохол. Не препознавањето на проблемот од

страна на околината, овозможува развивање на комплетна зависност кај младите. Тоа е

условено и од изразито толерантниот став на околината во однос на земањето на

алкохол. Со консумирањето на алкохол во адолесцентниот период се нарушува

нормалниот развој на личноста и однесуањето под дејство на алкохол и се усвојува

како општ образец на однесување.

Мотивацијата на младите да се лекуваат е сериозен проблем, особено ако сѐ уште нема

драстични социјални, професионални или други последици. Кај оваа категорија на

пациенти од големо значење е примарно-превентивната работа преку организирање

предавања од област на алкохолизам, а со цел младите да бидат што по информирани

за алкохолот и неговите штетни дејства како и за алкохолизмот како зависност.

Мотивацијата за лекување не можеме да ја опсервираме статично, по принцип на се

или ништо, односно пациентите да се делат на мотивирани и немотивирани. Познато е

дека доброволното лекување е многу ретко и дека младиот алкохоличар бара помош

под притисок на натрупани проблеми. Поради тоа наместо да се прашуваме дали некој

е мотивиран за лекување или не, треба да обрнеме внимание на тоа со што младиот

човек е мотивиран и што недостасува во мотивацијата.

Мотивацијата осцилира под влијание на голем број надворешни и внатрешни фактори,

таа е динамичен процес, се развива континуирано во сите фази од лекувањето и зависи

од активноста и ангажираноста на сите учесници во терапискиот процес. Терапевтот

мора постојано почетната, обично слаба, мотивација за лекување да ја зголемува

пронаоѓајќи нови извори на мотивација специфични за секој случај посебно.

Во смисол на мотивација на младите и припрема за лекување битно е да се вклучи

семејството како целина затоа што на младиот зависник, неопходна му е подршката од

семејството за да воспостави апстиненција и успешно да ја оддржи. Семејството пред

се треба да се конфронтира со проблемот, односно да ја прифати зависноста на 10

Page 11: Zavisnosti Kaj Mladite - Alkoholizam

Зависности кај младите - алкохолизам Андреа Грујоска

младиот член, за да се отпочне со лекување. Покрај соочувањето со веќе настанатите

последици терапеутот треба со едукација и други облици на делување да му овозможи

на семејството согледување на можните последици доколку се продолжи со пиење.

Ваквиот пристап на семејството, на кое што припаѓа младиот зависник од алкохол, се

реализира преку советувалиштето за зависници од алкохол. Се инсистира на тоа во

советувалиштето младите да доаѓаат со нивните семејства. Семејството се усмерува во

наоѓање конкретни решенија преку одредени задачи и улоги на сите присутни и

вклучени во терапискиот процес. Тоа значи промена на дотогашното реагирање на

ситуациите кои ги диктира алкохоличарот. За секоја постапка која се препознава како

поддршка на консумирањето на алкохол од страна на младите се наоѓа алтернативно

решение.

Се очекува семејството да го поттикнува да го стимулира, а по потреба и да врши

притисок врз младиот зависник за да отпочне со лекување. Улогата на терапевтот во

процесот на мотивацијата на младите секако дека е од огромно значење. Познато е

дека теоретските знаења и искуството се неопходен предуслов за работа со

алкохоличари, меѓутоа исто така битно е терапеутот да биде отворен за разбирање на

индивидуалните карактеристики и потреби на секој поединец.

На крај можеме да истакнеме дека работата со младите зависници од алкохол е многу

сложена, бидејќи и поред стручноста во работата мора да постои и ентузијазам.

Терапеутот мора и емотивно да се ангажира, да биде позитивен пример за младиот

човек и модел на ново однесување и нови односи. Начинот на разбирање и

терминологијата на младите мора да му бидат блиски. Мотивацијата е најбитен

елемент во терапискиот процес, особено кај младите, затоа што крајната цел е да се

научат да живеат без алкохол, полесно да се справуваат со развојните проблеми и да се

изградат како интегрирани личности.

Младите и спортувањето како превенција за употреба и злоупотреба на алкохолот

Употребата на алкохолни пијалоци е присутна уште пред неколку илјади години пред

нашата ера. Пијат мажите и жените, а во поново време впечатлив е бројот и на млади

кои пијат. Раниот адолесцентен период го карактеризираат бурни промени во развојот

како и изразената нестабилност. Во овој период младиот човек сѐ уште се однесува

11

Page 12: Zavisnosti Kaj Mladite - Alkoholizam

Зависности кај младите - алкохолизам Андреа Грујоска

како дете, а бара да биде третиран како возрасен, додека истовремено се чувствува

неспремен за обврските кои ги носи зрелоста.

Нерамномерноста и промените кои се чувствуваат во физичкиот, емоционалниот и

социјалниот развој на адолесценцијата ја нарушуваат рамнотежата, која постои во

периодот на латенција и тој е распнат помеѓу многуте противречности и конфликти.

Ваквите состојби и превирања во кои се наоѓа адолесцентот го прават посебно

наклонет кон алкохолот. Од една страна алкохолот му дава сила, моќ, самодоверба,

сигурност, одлучност, а од друга страна уште повеќе ги потенцира сите потешкотии,

така што тој не е во можност преку слободни креации, само изразување и нови избори

да го пронајде правиот пат за решавање на конфликтите, а со тоа да порасне и созрее.

Сите досегашни истражувања укажуваат на некои од можните извори на алкохолизмот

кај младите. Тоа се идентификацијата со возрасните во поглед на пиењето, лош однос

со родителите и наставниците, групна идентификација помеѓу врсниците,

незадоволство со изборот на професијата и не прифаќање на кодексот на однесување

кој го нуди училиштето.

Од квалитетот на личноста ќе зависи дали ќе тргне по патот на трезвеноста или по

патот на пијанството. Како ќе реагира една личност зависи пред сѐ од нејзините

интереси, а интересите се определуваат со воспитанието на човекот. Ако при

разгледување на предходно наведената анализа на побуда на младите да пијат, лесно

може да се докаже дека физичката култура е можен природен начин и средство за

превентива и лекување. Во современата формулација на физичката култура изразито се

нагласени две компоненти од античко време: телесна и духовна „Во здраво тело, здрав

дух“.

Современата дефиниција за здравје која ја има дадено Светската здраствена

организација се темели на телесно, духовно и социјално, а тоа значи дека човекот не е

здрав ако е здрав со духот и телото, важно е да се здрави и неговите односи во

општеството. Тој за да е задоволен со својата положба во социјалната средина, да се

чувствува корисен, да биде ценет и уважуван. Сите три елементи на телесно. душевно

и социјално здравје се во меѓусебна зависност. Пореметувањето на една од нив

предизвикива пореметување на другите сфери на здравјето. Целта е да се утврди

можното дејство на физичката култура во превенцијата на злоупотреба на алкохол. За

12

Page 13: Zavisnosti Kaj Mladite - Alkoholizam

Зависности кај младите - алкохолизам Андреа Грујоска

алкохолот нема место таму каде се остварува големото начело на физичката култура:

„Во здраво тело здрав дух“. Алкохолот и физичката култура взаемно во потполност се

исклучуваат, бидејќи самото земање на алкохолни пијалоци води кон патот на

заболување, а тоа укажува на болест на духот и телото. Физичката култура е симбол на

здравје на духот и телото. Физичката култура е извонредно средство за превенција на

алкохолизмот бидејќи има силно дејство на младите, посебно во периодот на

создавање навики.

Физичката култура е општ поим кој ги опфаќа сите физички активности и вежбања

заради стекнување на телесни и духовни вредности. Спортот е оној дел од физичката

култура кој е строго регулиран со правила и нужно вклучува надпреварување.

Рекреацијата е обнова на снагата, а релаксација е опуштање на духот и телото. Човекот

ги спроведува физичките активности заради здравје, забава и духовно освежување.

Тежнението на младите за самопотврдување е условено со желбата за физичка

афирмација. Младите пред и по адолесценцијата подеднакво сакаат да бидат силни,

брзи, добри играчи, пливачи, скијачи, врвни спортисти. Тие сакаат да бидат поубави и

нивниот поим за убавина подразбира спортски здрав изглед, убавина на манифестна

телесна снага. Систематскиот спортски тренинг кај младите треба секогаш да содржи

натпреварувачки елементи. Таква форма на тренинг овозможува самопотврдување,

запознавање на своите особини, калење, корекција и компензација на недостатоците.

Часот по физичка култура на тренерот му дава увид во карактерот на младата личност.

Во современата педагогија важи правилото; „За два часа спортско натпреварување ќе

го запознаеш младиот човек подобро одошто за илјада часа математика“. Мотивацијата

за спортски тренинг и натпревар кај младите е најизразена помеѓу десеттата и двесет и

четвртата година од животот, а тоа е периодот во кој се формира целокупната личност.

Може да се смета дека млад човек кој по пат на спорт го стекнува физичкото здравје и

спортската култура, како и хигиенските навики на животот, никогаш нема да стане роб

на алкохолот, ниту пак негов умерен потрошувач. Младите кои нормално учат, ја

работат својата редовна работа, при тоа три до четири пати неделно тренираат, водат

здрав живот, живеат во поволна психолошка клима, ја исклучуваат дури и помислата

за алкохол. Нивната друштвеност е природна и не е потребен никаков стимуланс за

надминување на отуѓеноста и модерните фрустрации. Меѓу спортистите се е природно.

Кај мотивот, имитација на возрасните од страна на младите, работата е многу по

13

Page 14: Zavisnosti Kaj Mladite - Alkoholizam

Зависности кај младите - алкохолизам Андреа Грујоска

сложена. Прашањето суштински се сведува на тоа дали едно општество со

демократски насочен напор ќе успее како пример за идентификација да ги исфрли од

центарот на младинското внимание боемите, алкохоличарите, во животот поразени

негативни јунаци, или ќе го истакне моделот на човек кој и покрај сите драматични

дилеми и искушенија на своето време ќе ја однесе победата на хуманизам. Без тој

хуманизам чие средство може и мора да биде физичката култура нема иднина во

слободата и демократијата

Заклучок

14

Page 15: Zavisnosti Kaj Mladite - Alkoholizam

Зависности кај младите - алкохолизам Андреа Грујоска

Секој алкохоличар потсвесно знае, дека во неговиот живот ништо не е добро, дека

многу работи треба да ги промени. А да го измени човек може само тоа што е

исклучиво во негова власт, да се измени себе си. Но, за да може да се измени,

алкохоличарот пред се треба да признае дека самиот тој не е добар, дека страдањата на

неговите најмили се исклучиво негова вина. За жал, тоа речиси никој алкохоличар

искрено не сака да го направи, уште помалку сака да го прифати како нешто што е

лошо и што треба што побрзо да го промени. Алкохоличарот целото свое внимание му

го посветува не на тоа што е во негова власт, туку на надворешните влијанија, кои не

се во негова власт и чија измена воопшто или многу малку можат да ја поправат

неговата бедна положба, како што претурањето од еден сад во друг, не може да ги

поправи особините на расипано млеко. И, тогаш почнува, во почетокот наивно, а потоа

со сосема груба активност - изменување на карактерите на своите блиски по сопствена

волја.

Бог, кој со својата мудрост го создал целиот свет, на секој од нас ни доделил посебна

улога. Ако Бог одредил некој човек да биде просјак, принц или работник, нека секој

човек што подобро ја одигра улогата што му е доделена на оваа Божја сцена – наречена

свет. Алкохоличарот секогаш смета дека целиот свет е против него. Никогаш или

многу ретко може да го забележи злото кое го нанесува над себе си, уште повеќе, да го

согледа злото што го нанесува над своите најблиски, никогаш или многу ретко

посакува да го остави алкохолот, својата и среќата на своите блиски да ја гради

трезвено, со бистар ум, никогаш или многу ретко одлучува да побара помош за да ја

надмини алкохолната болест. Тој не ја гледа неморалноста на своите постапки и на

својот живот во целина. Понекогаш забележува дека луѓето го презираат, го

одбегнуваат, но никако не може да сфати заради што го презираат, за што треба да се

покае и во што треба да се поправи.

Искуствата на членовите на Клубовите на лекувани алкохоличари говорат дека е многу

тешко да се биде добар со лош човек, со лажго, со алкохоличар, особено ако е

возгордеан, арогантен, па уште и ако не навредува. Но, со таков, токму со таков човек

треба да бидеме добри – и заради него, и заради себе. Добар човек е оној кој ги сака

сите и им прави добро на сите луѓе, не прашувајќи дали се добри или зли. Никако не

смееме да претпоставиме дека и најнеморалниот човек не би можел да биде морално,

15

Page 16: Zavisnosti Kaj Mladite - Alkoholizam

Зависности кај младите - алкохолизам Андреа Грујоска

слободно човеково битие, дека таквите луѓе не ги заслужуваат нашата љубов и

добрина, не го заслужуваат нашето внимание.

Во реалноста се случува нешто сосем спротивно. Кога човекот, болен од пијанството,

затапен и зашеметен после бурно поминатите ноќи, ќе направи некоја глупост,

институциите, кои се платени да се грижат за доброто на сите луѓе, не само што нема

да навлезат подлабоко за да барем го разгледаат неговиот вистински проблем, не само

што нема да се погрижат да ги уништат причините што го довеле човекот до неговата

несреќна состојба, туку целата работа ја поправаат само со тоа што го казнуваат

човекот. Со казната или заканата никогаш не се постигнуваат вистински резултати. Со

нив можеме само да го заплашиме човекот, на час да го држиме подалеку од можноста

да направи зло, но на тој начин никогаш човекот не може да се поправи. Осудувањето

на другиот секогаш е неправедно, затоа што никој никогаш не може да знае што се

случувало и што се случува во душата на оној кој го осудуваме. Човекот станал тоа

што е – алкохоличар, само затоа што се наоѓа во такви услови, што создаваат такви

луѓе. И затоа, сосема е јасно дека, за да нема такви луѓе, треба да се погрижиме и да ги

уништиме оние услови, во кои се создаваат такви несреќни луѓе.

Користена литература:

16

Page 17: Zavisnosti Kaj Mladite - Alkoholizam

Зависности кај младите - алкохолизам Андреа Грујоска

1. Зошто младите не треба да консумираат алкохол? – здружение на клубови на

лекувани алкохоличари во Република Македонија – Автори: Др. Сашко

Попоски – психијатар; Светлана Стефанова - дипломирана мед. Сестра; Љиљана

Димитровска - спец. по мед. Психологија; Прим. Др. Вилма Лазарова –

невропсихијатар; Др. Кристина Василевска; Љубица Јаневска - спец. по

социјална работа; Др. Марина Владимирова – невропсихијатар; Билјана

Симеонова - социјален работник; Лилјана Матевска - спец. по мед. Психологија;

Владимир Ивановски - Терапевт за физичка култура

2. psihobrlog.wordpress.com/tag/alkohol/

3. Študentské noci I. - Závisť - Dana Lennerová

4. Прирачник за анти антиалкохоличари – Игор Џамбазов

17