Upload
-
View
99
Download
3
Embed Size (px)
Citation preview
Глава V СМЕТКОВОДСТВЕНО ПЛАНИРАЊЕ
Сметководственото планирање претставува комплекс на активности со кои се квантифицираат обично за една година, однапред, речиси сите сметководствени резултати. Поодделните финансиски планови се споредуваат со фактичките сметководствени резултати. За сметководственото планирање е карактеристичен билансниот принцип на планирање (планирањето почнува со билансот на состојба, планираниот биланс на успехот и план на паричните текови).Сметководственото планирање се идентификува со поимот буџетирање.Сметководственото планирање овозможува:- благовремено ослободување од непредвидени потешкотии,- перманентно стимулирање на економичноста по пат на систематско споредување на фактичките со планираните активности,- непречено одвивање на активностите во врска со оперативното функционирање на претпријатието и сл.
Целиот комплекс на сметководствено планирање се протега на две главни подрачја: а) на подрачјето на оперативното одлучување и б) на подрачјето на финансиското одлучување.
МЕНАЏЕР
РАБОТЕЊЕ
(дејствување врз основа на план)
РЕЗУЛТАТИ ОД РАБОТЕЊЕТО
повратна спрега
Планирање и работење врз основа на користење на
кванифицирани плански задачи
Анализирање на извештаите за планските и фактичките показатели
Шематски приказ на функционирање на сметководственото планирање
Оперативното одлучување е сконцентрирано на користењето на ограничените ресурси и други производствени фактори.
Финансиското одлучување е сконцентрирано на обезбедувањето средства за стекнување на производствените фактори.
Поединечните планови во сметководственото планирање се делат во две групи: а) оперативни планови и б) финансиски планови.
План на реализација
План на крајни залихи на готови
производи
План на производство
План на директни
плати
План на директни
материјали
План на општитрошоци на
производството
План на трошоци содржани во
продадени готовипроизводи
План на трошоци на маркетингот
План на трошоци на администрација
Планиран биланс
на успех
План на парични средства
План на инвестиции
Планиран биланс насостојба
План на паричните
текови
Оперативни планови
Финансиски планови
Видови на сметководствени планови
Пример за изготвување на целосен сметководствен план
Претпријатието “Мик“ – Кавадарци произведува делови за повеќе видовина тракторски приколки. Ова претпријатие ги направило сите подготовки заовој план и пред да пристапи кон изготвувањето на одделните поединечнипланови ги имало на располагање следните податоци:
Директни материјали:
Материјал “XZ“ Ден. 20 по кг.
Материјал “ XP“ Ден. 30 по кг.
Директни плати Ден. 60 по 1 час
За општите трошоци на производството постои само една стапка и сераспоредуваат врз база на бројот на директни часови.
Производи
Готовите производи содржат
Производ А Производ Б
Директен материјал XZ 30 кг 30 кг
Директен материјал XP 20 кг 25 кг
Директни часови 5 часа 6 часа
Директни материјали
Материјал XZ Материјал XP
Почетни залихи во кг. 20.000 18.000
Планирани крајни залихи во кг. 25.000 6.000
Производи
Производ А Производ Б
Очекувано количество за продажба на готови производи
15.000 кг 3.000 кг
Продажна цена по еден килограм 2.000 ден. 2.500 ден
Планирани крајни залихи во килограми
3.000 кг 150 кг
Почетни залихи во килограми 300 кг 150 кг
Почетни залихи во вредност - денари 499.500 ден 286.050 ден
Општи трошоци на производство
Помошни материјали 270.000
Индиректни плати 600.000
Други лични издатоци 900.000
Потрошена енергија – варијабилен дел 270.000
Потрошена енергија - фиксен дел 60.000
Одржување – варијабилен дел 200.000
Одржување – фиксен дел 60.000
Амортизација 660.000
Данок на имот 150.000
Осигурување 30.000
Трошоци за контрола 300.000
Вкупно ден. 3.500.000
Маркетинг и административни трошоци
Трошоци за трговски патници 600.000
Трошоци за реклама 150.000
Трошоци за сервисирање 300.000
Патни трошоци 270.000
Плати на администрација 300.000
Канцелариски материјали 30.000
Плати на раководители 700.000
Други трошоци 150.000
Вкупно ден. 2.500.000
Воедно во текот на годината претпријатието планира:
• Да изврши наплата на побарувањата од купувачите во износ од 31.932.500 денари.
• Да изврши исплата на обврските по наколку основи и тоа: спрема добавувачите на директните материјали во износ од 16.300.000 ден; спрема вработените за плати во износ од 7.000.000 денари; за набавената машина биле исплатени 800.000 ден; спрема државата за даноци во износ од 4.497.500 ден; и за другите општи трошоци на производството биле исплатени 3.200.000 денари.
• Претпријатието за ликвидносни потреби на почетокот на годината планира да подигне едногодишен кредит од 1.015.000 ден, кој што на крајот на годината го отплатува со камата од 118.500 денари.
• Претпријатието пресметува ист данок на добивка во износ од 3.300.000, како и минатата година.
На почетокот на годината 01.01 претпријатието ги има следниве вредности на
останатите позиции:
Парични средства 90.000
Побарување од купувачи 4.000.000
Земјиште 2.500.000
Градежни објекти и опрема 15.000.000
Исправка на вредност на градежни објекти и опрема 5.000.000
Обврски спрема добавувачите 4.500.000
Обврски за даноци 1.500.000
Обични акции 3.000.000
Акумулирана добивка ?
Врз основа на дадените податоци да се сочини: план на продажба, план на производство во количество, план на потрошувачка и набавка на директни материјали, план на директни плати, план на општи трошоци на производството, план на залихите на крајот на периодот, план на трошоците на продажните и административните активности, план на цена на чинење по единица производ, план на цената на чинење на реализираните готови производи, план на парични приливи и одливи, планиран биланс на состојба, планиран биланс на успех
1. План на продажба
План на продажба на 31.12.2002
Количество Продажна цена Вкупна продажба
Производ А 15.000 2.000 30.000.000
Производ Б 3.000 2.500 7.500.000
Вкупно: 37.500.000
2. План на производство
План на производство во количество на 31.12.2002
Производство
Производ А Производ Б
Планирана продажба 15.000 3.000
Плус: Планирани крајни залихи 3.000 150
Вкупни потреби 18.000 3.150
Минус: почетни залихи 300 150
Количество што треба да се произведе 17.700 3.000
3.а. План на потрошувачка на директни материјали
План на потрошувачка на директни материјали
Материјали
Материјал XZ
Материјал XP
Вкупно
Производ А 17.700 х 30 кг. 531.000 кг.
17.700 х 20 кг. 354.000 кг.
Производ Б 3.000 х 30 кг. 90.000 кг.
3000 х 25 кг. 75.000 кг.
Вкупно количински потрошок на директен материјал 621.000 кг. 429.000 кг.
Помножено со цени за 1 кг. 20 ден. 30 ден.
Вкупни трошоци за директен материјал 12.420.000 12.870.000 25.290.000
3.б. План на набавка на директен материјал во текот на годината
План на набавка на директен материјал во текот на годината
Материјали
Материјал XZ
Материјал XP
Вкупно
Планирана потрошувачка на материјали во кг. 621.000 429.000
Плус: Планирано количество на директни материјали на крајот на годината 25.000 6.000
Вкупни потреби: 646.000 435.000
Минус: Почетни залихи на дир. мат. 20.000 18.000
Вкупно потребна набавка во кг. 626.000 417.000
Цена по килограм 20 30
Набавна вредност на количес. кое треба да се набави 12.520.000 12.510.000 25.030.000
4. План на директни плати
План на директни плати на 31.12.2002
Произведено количество (Преглед 2)
Директни часови по единица производ
Вкупно часови
Вкупно директни плати (60 ден./1час)
Производ А 17.700 5 88.500 5.310.000
Производ Б 3.000 6 18.000 1.080.000
106.500 6.390.000
5. План на општи трошоци на производство
Општи трошоци на производството за планиран обем од 106.500
директни часа
Помошни материјали 270.000
Индиректни плати 600.000
Други лични издатоци 900.000
Потрошена енергија – варијабилен дел 270.000
Одржување – варијабилен дел 200.000
Вкупно варијабилни општи трошоци на производство 2.240.000
Амортизација 660.000
Даноци на имот 150.000
Осигурување на имот 30.000
Трошоци на контрола 300.000
Потрошена енергија – фиксен дел 60.000
Одржување – фиксен дел 60.000
Вкупно фиксни општи трошоци на производството 1.260.000
Вкупно општи трошоци на производството
(3.500.000 : 106.500 директни часа = 32,86 ден. по еден директен час) 3.500.000
6. План на цената на чинењето по единица производ
Производи
Цена по 1 кг. или по час на работа Производ А Производ Б
Материјал XZ 20 30 600 30 600
Материјал XP 30 20 600 25 750
Директни плати 60 5 300 6 360
Општи трошоци на производството 32,86 5 165 6 198
Вкупно денари 1.665 1.908
7. План на залихите на крајот на годината
План на залихи на 31.12.2002
Директни материјали Количество во кг.
Цена по 1 кг.
Вкупно по единици Вкупно
Материјал XZ 25.000 20 500.000
Материјал XP 6.000 30 180.000 680.000
Планирани залихи на готови производи
Количество Цена на чинење
Производ А 3.000 1.665 4.995.000
Производ Б 150 1.908 286.200 5.281.200
Вкупно денари 5.961.200
8. План на трошоците на продажните активности и на административните трошоци
План на трошоците на продажните активности (маркетинг) и административните трошоци на 31.12.2002
Трошоци за трговски патници 600.000
Трошоци за реклама 150.000
Трошоци за сервисирање 300.000
Патни трошоци 270.000
Вкупни трошоци на маркетинг 1.320.000
Плати на администрацијата 300.000
Канцелариски материјал 30.000
Плати на раководителите 700.000
Други трошоци 150.000
Вкупно административни трошоци 1.180.000
Вкупно трошоци на продажните активности и административни трошоци 2.500.000
9. План на цена на чинењето на реализираните готови производи
План на цена на чинењето на реализираните готови производи на 31.12.2002
Почетни залихи на 31.12.2001 785.700
Потрошувачка на директен материјал 25.290.000
Директни плати 6.390.000
Општи трошоци на производството 3.500.000
Плус: Трошоци на довршени готови производи
35.180.000
Трошоци на готови производи расположливи за продажба 35.965.700
Минус: Крајни залихи на 31.12.2002 5.281.200
Трошоци содржани во реализирани готови производи 30.684.500
Биланс на состојба 01.01Средства
Тековни средства 5.815.550
Парични средства 90.000
Побарувања од купувачите 4.000.000
Залиха на материјали (20.000x20)+(18.000x30) 940.000
Залиха на готови производи 785.550
Постојани средства 12.500.000
Земјиште 2.500.000
Градежни објекти и опрема 15.000.000
Исправка на вредност (5.000.000)
Вкупно средства 18.315.550
Извори на средства
Капитал 12.315.550
Акционерски капитал – обични акции 3.000.000
Акумулирана добивка 9.315.550
Обврски 6.000.000
Обврски спрема добавувачите 4.500.000
Обврски за даноци 1.500.000
Вкупно извори на средства 18.315.550
10. План на приливи и одливи на парични средства
Почетно салдо на паричните средства 90.000
Плус парични примања:
Наплати од купувачите 31.932.500
А) Вкупно расположливи средства за покривање на потребите 32.022.500
Минус издатоци:
За директни материјали 16.300.000
За плати 7.000.000
За други трошоци 3.200.000
За даноци на приход 4.497.750
За набавка на машини 800.000
Б) Вкупно исплати (31.797.750)
Вишок (недостаток) на парични срества А - Б 224.750
Финансирање:
Кредит (во почетокот на годината) 1.015.000
Отплата на крајот (1.015.000)
Камата (118.500)
Г) Вкупни ефекти од финансирањето (118.500)
Салдо на паричните средства на крајот на годината (А-Б-Г) 106.250
10. Планиран биланс на успехот 31.12
Реализација 37.500.000
Трошоци содржани во реализираните готови производи
30.684.500
Бруто добивка 6.815.500
Трошоци на продажните и административните активности
2.500.000
Оперативна добивка 4.315.500
Камати (118.500)
Добивка пред оданочување 4.197.000
Данок на добивка 3.300.000
Нето добивка 897.000
10. Планиран биланс на состојба 31.12
Средства
Тековни средства 15.634.800
Парични средства 106.250
Побарувања од купувачите (1) 9.567.500
Залиха на материјали (2) 680.000
Залиха на готови производи 5.281.050
Постојани средства 12.640.000
Земјиште 2.500.000
Градежни објекти и опрема (3) 15.800.000
Исправка на вредност (4) (5.660.000)
Вкупно средства 28.274.800
1) 4.000.000 почетна состојба + 37.500.000 реализација за годината – 31.932.500 извршени наплати во годината = 9.567.500 крајна состојба на побарувања2) (25.000 кг. крајна залиха производ А x 20 ден) + (6.000 кг.крајна залиха производ Б x 30 ден) = 680.000 денари крајна состојба залиха на материјали3) 15.000.000 почетна состојба + 800.000 ново набавена машина = 15.800.000 ден.крајна состојба градежни објекти и опрема 4) 5.000.000 почетна состојба + 660.000 годишна амортизација = 5.660.000 ден. крајна состојба исправка на вредноста на градежни објекти и опрема
Извори на средства
Капитал 13.212.550
Акционерски капитал – обични акции 3.000.000
Акумулирана добивка (7) 10.212.550
Обврски 15.062.250
Обврски спрема добавувачите (5) 14.760.000
Обврски за даноци (6) 302.250
Вкупно извори на средства 28.274.800
5) 4.500.000 ден. почетна состојба + 25.030.000 ден. набавени материјали + 6.390.000 ден. обврски за плати + 2.840.000 ден. обврски за општи трошоци за производството (намалени за амортизацијата) + 2.500.000 ден. обврски за продажни и административни расходи – 16.300.000 ден. исплатени обврски за набавени материјали – 7.000.000 ден. исплатени обврски за директни плати – 3.200.000 ден. исплатени општи трошоци на производство = 14.760.000 ден крајна состојба обврски спрема добавувачите6) 1.500.000 почетна состојба + 3.300.000 тековна обврска за данок на добивка – 4.497.750 = 302.250 ден. крајна состојба обврски за даноци7) 9.315.550 почетна состојба + 897.000 нето добивка за годината = 10.212.550 ден. крајна состојба акумулирана добивка