6
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“-ШТИП Факултет: Педагошки факултет Насока: Предучилишно воспитание ЕСЕЈ: ВЛИЈАНИЕТО НА ИСТОЧНАТА И ЗАПАДНАТА КУЛТУРА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Ментор: Кандидат: Катерина Спасова

Esej - pedagogija

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Esej

Citation preview

Page 1: Esej - pedagogija

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“-ШТИП

Факултет: Педагошки факултет

Насока: Предучилишно воспитание

ЕСЕЈ:

ВЛИЈАНИЕТО НА ИСТОЧНАТА И ЗАПАДНАТА КУЛТУРА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Ментор: Кандидат:

Катерина Спасова

Професор/Доктор редовен студент

Штип, Декември,2012 година

Page 2: Esej - pedagogija

Има еден непобитен историски факт што го потврдуваат сите

историчари, според кој, кога се појавила писменоста и кога културата се

поделила на источна и западна, истокот секогаш бил поразвиен во однос на

западот. Бидејки не сум историчар не би навлегувал подлабоко во овој дел, но

лесно е да се констатира дека оваа поделба трае до ден денес и се уште

влијае. Ниту Македонија не е имуна на тој развој.

Источната култура се пренесува на западот во континуитет, во различни

периоди на историјата се развиле меѓусебните врски во секој поглед, па меѓу

другото почнале да се пренесуваат и музичките инструменти. Зурлата,

раванаструмот, тапанот, хидрауличните оргули, кемането... Зурлата е дувачки

инструмент, раванаструмот и кемането жичени, тапанот ударен, а

хидрауличните оргули се инструментите што подоцна ќе станат главен

инструмент во западната црква, се разбира со друг систем на создавање на

тонот.

Музичките инструменти пренесени од истокот, во западниот свет

доживуваат свој развој, па оттука од зурлата настанала западно-

европската обоа, од раванаструмот и кемането денешните гудачки

инструменти (виолина, виола, виолончело и контрабас), од тапанот

симфониските тимпани, но и денешните модерно наречени ,,бубњеви,,.

Но, разликата меѓу западниот и источниот дел од планетата се состои во

тоа што на западот нештата се развиваат, додека на истокот тие до ден денес

се употребуваат во својата изворна форма. Ова посебно важи за музиката, па

на западот врз основа на традицијата создаваат ново, додека на истокот таа

се провлекува низ вековите во истата форма и истите музички инструменти.

Сигурно ќе се запрашате каква врска има сето ова со ,,турбо-фолкот„?

Токму тоа сакам и во наредните редови да го објаснам без емоции и без некој

да биде повреден во професионална смисла на зборот или да навредам нечиј

музички вкус.

Page 3: Esej - pedagogija

Балканските земји и Македонија во средината од 14 век потпаѓаат под

власта на Отоманската империја. Што носи таа со себе? Се разбира, источна

култура која со сите сили им се наметнувала на поробените народи. Тоа

траело цели пет векови. Од реални причини, нашата музичка и фолклорна

традиција и творештво примиле многу од таа култура и тука нема бегање.

Воедно, Македонија како дел од регионот  не можела да се исклучи и од

западно-европските влијанија, посебно во 19 век, кога многу нашинци одат на

печалба, па враќајќи се во родниот крај носат со себе и дел од таа култура.

Ако направиме едно музичко скенирање на денешната состојба во

Македонија, денес имаме многу млади личности кои се би слушале освен

македонска, традиционална музика, музиката на нивните баби и дедовци.

За жал таа музика ја чувствуваат како демоде, заостаната, незабавна и

неинтересна и ред други нешта кои јас не можам ниту да ги изговорам, а

не пак да ги чувстувам за мојата македонска народна музика, музиката со

која моите предци живееле и умирале, задржувајќи го и македонското име

со тоа.

Овие млади луѓе се поделени во два табора, едните ја слушаат и

идеализираат западно-европската модерна музика (поп, рок, хард рок, рап,

метал, техно, транс и др.), додека вторите источната модерна музика (турски,

арапски, индиски, пакистански, туниски и други источни фолкори).

Во текот на 20 и 21 век, брзите врски меѓу народите ја создаваат

светската глобализација, па овие две култури си влијаат една на друга. За

волја на вистината западната повеќе врз источната, отколку обратно. Но, се

поставува прашањето, што всушност источните фолклори позајмија од западот

? Тоа е ритмичката основа што е карактеристична за модерната западна

музика, па затоа сега имаме вакви кованици. Ритам карактеристичен за

сфаќањата на западната култура (рокерски, раперски, металски, тахнаџиски

или поп-ритам), врз кој се одвива мелодија, пеење, свирење, музички

Page 4: Esej - pedagogija

инструменти, аранжман, карактеристичен на фолклорите што ги набројав во

источната култура.

Некаде во втората половина од 20-от век група музичари од северниот

сосед доаѓаат до ,,генијална,, идеја, се разбира раководена исклучиво од

профит, на Балканот да промовира уште малку источна музичка култура со

турски и арапски ритми, небаре малку беа пет векови под таа духовна музичка

тортура. Турско-ирански песни беа преку ноќ препејувани најчесто на српски

јазик. Оваа практика заедно со соодветните телевизиски машинерии доби

силен тренд, силна медиумска пропаганда и го измислија многу соодветното

име за оваа кованица – турбо фолк. Инаку, поимот „турбо„ терминологија на

западниот ритам, додека поимот „фолк„ е една од народните музики на

источната култура. Станува збор за перфиден процес кој им се наметна на

балканските народи, посебно на оние што беа под турско ропство, меѓу кои и

Македонија. Во екот на војните и транзицијата низ деведесетите години на

минатиот век, на јавноста и на изнемоштените народи најлесно беше да им се

наметне ефтина забава за да го оттргнат вниманието од крвта и страдањата,

За жал во Македонија исто така поминува т.н. турбо-фолк, но за

среќа не на македонски јазик. Кој највеќе трпи штета од оваа практика ?

Се разбира автентичните балкански фолклори, а јас како Македонец сум

сериозно загрижен за нашиот автентичен фолклор.

Ние моментно доживуваме културна инвазија и од западот, а уште

повеќе од истокот и не од било кој, туку од наши изведувачи (пејачи, свирачи,

тв куќи, разни менаџери), кои тоа го правдаат со ,,модерното,, во нашата

народна музика, а всушност бесмилосно ја загадуваат истата.

Би завршил со двете лоши работи што ги прават овие квази изведувачи. Прво,

станува збор за класични арамии кои крадат песни од источната култура и ги

претставуваат како свои, што е многу неморално, но и казниво  со закон, кој за

жал не функционира во овој дел на светот.  второ, создаваат впечаток и

Page 5: Esej - pedagogija

работат на проектот, македонската музика да се движи во тој правец, губејќи ги

сите нејзини карактеристики.

Јас велам дека Македонец не си само ако зборуваш на македонски,

туку и ако се однесуваш македонски, размислуваш на македонски. Се

додека поинаку размислуваме, се дотогаш ќе тонеме во сопствените

девијации и деструкции.